„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

КАРПОШ

pozar-stan-karpos-2

(Фото) Детали за пожарот во Карпош: Зафатен стан и автомобили

Денеска (19.01.) во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Разловечко востание“ во Скопје бил опожарен продажен објект – бутик, во сопственост на И.М.(54) од Скопје, лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, сопственост на М.Т. (36) од Скопје, потоа надворешна едниница на клима уред и дел од прозори на стан во сопственост на М.Ј.(79) од Скопје.Исто така, биле зафатени две патнички возила - „Шкода камик “, паркирано од М.Т.(48) од Скопје и „Форд фокус“ , сопственост на Љ.Р.(55) од Скопје.Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

zels-orce-1

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС е обединет, ќе посредуваме меѓу Карпош, Струмица и централната власт

ЗЕЛС не е тој што предизвикува кризи, ЗЕЛС ги надминува кризите – ова го изјави претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски после средбата со неговиот колега Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош, додека Костадин Костадинов, градоначалникот на општина Струмица не дојде на состанокот на кој беше поканет, иако беше најгласен против ЗЕЛС.Ѓорѓиевски додаде дека секогаш имало несогласувања помеѓу одреден градоначалник и министер, но логички е кога се работи да постојат и такви несогласувања.- Ние сме тие кои влегуваме во директна медијација на процесот и верувам дека ќе ги надминеме какви и да се разликите и колку и длабоки да се истите.ЗЕЛС останува обединет и понатаму. Во наредниот период ќе продолжиме со интензивна комуникација и со Струмица. Колегата Перо Костадинов кој е мој потпретседател и доаѓа од редовите на Социјалдемократскиот Сојуз, ќе се потруди во тој дел како колега, како припадници на иста политичка партија со Костадин Костадинов да седнеме заеднички на маса и верувам дека, како и Стевче што кажа дека нема да излезе од ЗЕЛС и остава простор на процесот да ги надминеме проблемите, истото ќе се случи и со општина Струмица - изјави претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски и додаде дека ќе застанат зад секој колега градоначалник без разлика од било која политичка партија да доаѓаат.Во текот на наредните неколку денови, ЗЕЛС ќе направи обиди за организирање средби помеѓу гореспоменатите градоначалници и претставниците на централната власт.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-at-13.10.41

Сведоштво од Карпош: Млада девојка која шеташе милениче ја нападна глутница кучиња, ја соборија на земја!

Жителка на Карпош, во понеделникот објави сведоштво, каде според неа, млада девојка била нападната го глутница кучиња. Ова доаѓа во период кога скопјани посочуваат дека постојано се сведоци на чопор кучиња, а на социјалните мрежи има и куп снимки.„Добро вечер, утринава бев сведок на многу непријатен, страшен настан, на улица Вич, во Карпош 4, веднаш до градинката, млада девојка додека си го шеташе миленичето ја нападнаа глутница кучиња. Девојката се обидуваше да се одбрани, но беа премногу кучиња околу неа, успеаа да ја соборат на земја, за среќа на помош и притрча маж и успеа да и помогне. Бидете внимателни кога излегувате со вашите миленичиња, а и кога се движите низ населбата. Премногу улични кучиња има =во школскиот двор на училиштето Петар Поп Арсов, спроти градинката, во паркот кај Трите убавици, (улица Вич број 24, 26 и 28) секоја вечер има глутници од најмалку десетина кучиња. Живеам на повисок кат и не успевам добро да ги снимам глутниците кои секоја вечер се во паркот, има и спроти Тинексот на Парапунов... Се јавив во Лајка, ми рекоа прати маил, тоа и ќе го направам, но не ми дадоа голема надеж дека нешто ќе се промени, направи....“, пишува во сведоштвото.На ова, жителката посочи и: „Мажот кој и помогна на девојката не живее во населбата, туку работи тука, на реновирање на некој од становите во низот. Носеше униформа и вадеше алати од службено возило. Ве молам не ширете дезинформации, и не го користетет постов да си израмните сметки со некој. Девојката ја нападна глутница кучиња, не едно и немаше никој околу неа, се додека човекот не се стрча да и помогне“.Дел од граѓаните одговорност не лоцираат во ЈП Лајка задолжена за третирање на бездомните кучиња, туку во неодговорните сопственици.„Кога ќе престанат сопствениците да си ги испуштаат кучињата кога ќе им здосадат, кога ќе има казни за неодговорно сопствеништво и тоа по 500 евра најмалку за нечипирано куче, кога ќе се воведе задолжителна стерилизација на сите миленици барем додека не се реши проблемот, ни Лајка ни Анима никој не може да помогне. 20 се ловат, истиот ден 15 нови се пуштаат. Да не зборувам за цели исфрлени легла“, пишува друга жителка.Поплаки и од Карпош 3.„Кога ќе престанат сопствениците да си ги испуштаат кучињата кога ќе им здосадат, кога ќе има казни за неодговорно сопствеништво и тоа по 500 евра најмалку за нечипирано куче, кога ќе се воведе задолжителна стерилизација на сите миленици барем додека не се реши проблемот, ни Лајка ни Анима никој не може да помогне. 20 се ловат, истиот ден 15 нови се пуштаат. Да не зборувам за цели исфрлени легла“, пишува жителка на оваа населба.Аеродром навечер. Незгрижените улични кучиња се надлежност на ЈП Лајка, кое е под Град Скопје. Тие пак според програмата ги третираат и враќаат на улица. Кучињата се групираат, а граѓаните реагираат дека тоа им предизвикува страв да се движат слободно по улица. Други пак, на социјалните мрежи ги бранат кучињата што лаат и трчаат по луѓе велејќи: „Бранат територија“. Сепак, проблемот - останува.Првотимецот на ракометниот клуб Вардар Вуко Борозан е искасан од куќиња и има 15-тина конци по рацете, нозете и телото и е неизвесен за утрешниот дуел на скопскиот клуб со Порто во Европската лига, изнформираше денеска тренерот на Вардар, Владо Недановски.-Не знам што се случува во градот. Нападнат е од кучиња скитници кои го имаат искасано. Си ги бранел децата на прошетка, рече Недановски за (не)спортската повреда на црногорскиот ас.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-192700

Јакимовски по кривичната пријава: Oва е политички притисок врз мене како градоначалник

„Постапката е законска, ова е политички притисок врз мене како градоначалник“, вели Стевчо Јакимовски и додава дека тениските терени во Карпош се со чиста документација.Тој заедно со уште пет вработени во општината добија кривични пријави дека ја злоупотребиле должноста и легализирале времени објекти, што според Јакимовски не е точно, бидејќи тие имале одобрение за градба уште пред 30 години, односно биле дадени од државата на сопствениците на трајно користење преку надоместок.„Со оваа кривична пријава која МВР помпезно ја најави во јавноста доведени сме во ситуација да објаснуваме дека „воздухот е безбоен“. Што има Фершпед? Го има Александар Палас, а Александар Палас има спортски терени кои ги користи 30 години. Што направила општина Карпош?Ги легализирала спортските игралишта кои ги користи Александар Палас. Што е важно во овој случај да се знае? Важно е дека законот вели „се легализира се она за што се издава одобрение за градба“. Спортските терени на Александар Палас имаат одобрение за градба уште од 1999 година од Влада на ВМРО-ДПМНЕ и истите се изградени по таа скица и за тоа се платени комуналии.Тоа што друго е важно, е што овие објекти се сопственост на Александар Палас, но во тој период не биле запишани во Катастар, па се воделе како „сопственост со незапишани права“. Бидејќи дозволата им била истечена, во 2016 година одлучиле да ги впишат во Катастар користејќи го Законот за легализација и покренале постапка за негова легализација. За легализацијата општината му наплаќа по втор пат комуналии, сега 170.000 евра“, вели Јакимовски.„Важно е да се знае дека земјиштето не е државно, туку е дадено на користење на Фершпед од страна на државата со надоместок. Повторно тоа го направила влада на ВМРО-ДПМНЕ. МВР тврди дека објектите се времени, а јас морам да им кажам дека слабо ја познаваат оваа материја. Ако објектите се времени, на документот треба да стои „Решение за поставување на времен објект“, а овие терени не се времени затоа што на нив се прави градба. Тоа е исто како кога градите куќа, паркингот што го правите надвор се води како вон етажен упис во Катастарот.Исто така многу е важно да се знае дека законодавецот смислил повеќе нивоа на одбрана од евентуална можна грешка при процесот на легализација. Прво, геодетот што го правел елаборатот не можел да отпочне со изработка на геодетски елаборат ако кај него во правилникот не стојат ваков тип на објекти. Второ, кога легализираните објекти ги предаваме во Катастар тогаш прво предметот го гледа геодет и гледа дали е се согласно закон, а потоа го гледа нивен правник. Ако предметот има било каков проблем со законитоста Катастар ќе го даде на поништување, на доработка, или ќе побара носење на нови документи.На крајот, Градот Скопје ги пресметува комуналиите. Ако има било каков проблем Градот ќе сигнализира. Јас и моите колеги одговорно тврдиме дека овде постапката е спроведена согласно законските прописи и дека нема никаков правен пропуст и дека ова е само еден обичен обид политички да се влијае пред локалните избори. Тука не се цел на напад моите пет колеги кои се наведуваат, туку јас како градоначалник. Во исто време сакам да кажам овие мои колеги што работат за 30.000 денари апсолутно е нечовечки да им се валкаат нивните имиња, да се вознемируваат нивните семејства, да им се прават стресови како што им ги направија“, кажа градоначалникот на Карпош.Тој го повика Обвинителството побрзо да се расчисти случајот.„Ние сакаме што е можно побрзо да седнеме со обвинителството и да го расчистиме овој случај, а колегите кои што работеле на сите овие предмети инсистираат дека нема повеќе да работат на предмети за легализација додека овој предмет доставен од МВР до обвинителството да се расчисти, односно додека не се докаже вистината.На крајот уште една работа. Нели е чудно од 83 општини во Македонија, само во Карпош да има проблем со легализација. Нема проблем во Охрид, родното место на министерот за транспорт и врски, Нема проблем во Велес, родното место на министерот за внатрешни работи. Нема никаков проблем во Тетово, Чаир, Гостивар, Струга... Никаде нема проблем, само во Карпош. А истите овие луѓе од Карпош се обучувачи за спроведување на Законот за легализација, од Карпош другите луѓе бараат мислење при решавање на комплицирани објекти. Јас одговорно тврдам дека овие луѓе се професионалци, кои одлично си ја познаваат својата работа, и не заслужуваат од било кого ваков третман.На крајот, сакам да кажам дека ова е управна постапка. Ако било кој сметал дека општината погрешила, можел да достави до нас мислење дека предметот е несоодветно решен и дека треба да се поништи. Ние во тој случај ќе го разгледаме предметот и ќе донесеме одлука. Ако сметаме дека сме во право, ќе го отфрлиме барањето, ако сметаме дека сме погрешиле ќе ја поништиме постапката и оштетената странка во тој случај ќе си го бара своето право во второстепена владина комисија и Управниот суд. Тие не постапиле вака. Наместо да прават циркузи со кривични постапки, ако биле сигурни зошто не дошле да побараат поништување на предметот и да видиме на Управен суд дали нашето решение ќе опстане или нивното политичко мислење“, додаде градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Скопје | пред 1 година

IMG_2022

(Видео) Пустош: Карпош и „Паркови“ на Град Скопје ненадлежни - тревата исушена, наоколу ѓубре

Претпријатието „Паркови и зеленило“ одбива да се грижи за тревата под зградите кои се наоѓаат на булеварите, а во голем дел, тоа не сакаат да го прават ниту општините. Пример за тоа е спрегата на релација Општина Карпош-Град Скопје, односно Стевчо Јакимовски-Данела Арсовска.Зелените површини под зградите во Карпош 4 се целосно пожолтени, бидејќи во текот на цело лето, не виделе ниту капка вода. „Скопје1“ побара од новиот директор на ЈП „Паркови и зеленило“ да објасни зошто не се наводнуваат тревниците.„Тоа што е низ булеварите, тревата на средина - се под наша надлежност. Парковите што се под зградите, се под надлежност на општините. Ние организираме акции за да се проверат сите булевари“, вели в.д. директорот Јетон Бучи кој доаѓа од ДУИ.Општина Карпош исто така „крена раце“ пред тревата во нивната општина. Тие сметаат дека не треба да водат грижа ниту за наводнување, ниту за отпадот – па истиот, ниту го чистат градските комуналци, ниту општинските. Па така, по невремето кое го зафати Скопје пред скоро два месеци, гранките од дрвата стоеа на улиците, па на паркинзите и на крај останаа на тревниците. Сепак, Карпош, реши да ги собере иако и натаму се правдаа дека ако не ги најдат паднати после првата улица од тревникот – не треба да мрднат со прст.Сепак, и покрај пребарувајќи на сите онлајн-сервиси, не најдовме правилник кој го уредува ова прашање. Останува отворено прашање дали „надлежноста“ е законски уредена или станува збор за џентламенски договор.Кога Стевчо Јакимовски дојде за градоначалник на Карпош, небитно му беше чија е тревната површина или надлежноста за чистење. Тој посочуваше дека сѐ мора да биде средено, бидејќи граѓаните него и општината го критикуваат.

Скопје | пред 1 година

pance-park

(Видео) Крај на забавниот парк кај „Борис Трајковски“ во Карпош: ноќеска влегла полиција и куп инспектори

Полиција влезе на просторот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде без никаква дозвола и оваа сезона е поставен забавен парк. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави отстранување на реквизитите поставени на диво, на приватен простор. На терен делувале и инспекторати.„Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош, поточно пред спортскиот центар Борис Трајковски без соодветни документи и потребни дозволи се поставени реквизити за забавен парк меѓу кои и панорамско тркало, на 20.05.2024г. Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со службени лица од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и градежен инспектор од Општина Карпош излезе на лице место и презема конкретни соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност и овластувања.Имено, од страна на инспекциските служби по преземените мерки и активности и констатираната фактичка состојба изготвени се Записници за констатирана состојба додека од страна на овластен градежен инспектор од Општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности, по што ке бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на истите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите“, вели Тошковск

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-05-18-at-10.37.03

(Видео) Насилно се мести панорамско тркало во Карпош од фирма регистрирана пред месец, алармира Град Скопје

„Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски“, велат од Град Скопје и додаваат: Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.Ги повикуваме надлежните институции и апелираме да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие.

Скопје | пред 1 година

ku

(Фото) Тешка сообраќајка во Карпош 4: автомобилот преполовен, има повредени

Мотор и автомобил се судрија во Карпош 4, во близина на „Сити мол“ односно на булеварот „Партизански одреди“. Според првичните информации има повредени лица, но детали не се познати.На помош притрчале случајни минувачи за возачите и патниците. Автомобилот од силината на ударот, се свртел во спротивна насока.Несреќата е случена на потегот од Партизански одреди каде има обележан пешачки премин, а истовремено, се вози над дозволената брзина и неретко има трки. На ова место пред неколку денови имаше и протест со барање да се стават семафори, бидејќи често има жртви.Засега не е позната причината за несреќата. Полицијата го обезбедува местото и се очекува да започне увид.Повеќе детали се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 1 година

voena

Карпош уште го нема поништено решението за 17-катницата кај Воена болница

Конзерваторското мислење со кое се дозволуваше изградба на 17-катница кај Воена болница стана обичен лист хартија, бидејќи како што најави министерката за култура, Бисер Костадиноска-Стојческа, истото е поништено оти е незаконски издадено, спротивно на правилниците. Истовремено, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, сега треба да ја поништи и дадената градежна дозвола. Поништеното мислење стигнало во Општината, но став досега, дали и кога ќе им се одобрение дозволата за градење на инвеститорите - нема.На локацијата и натаму има градежни машини кои работат и го подготвуваат теренот за изградба. Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во средината на јануари ја потпиша градежната дозвола за изградба на спорната 17-катница среде болничкиот комплекс на Воена болница во Скопје. Инвеститорот на градбата „ЗСФ Ком“ веќе го огради градилиштето и на терен почнуваат градежни работи за изградба на зградата.Парцелата на која треба да се гради зградата се наоѓа непосредно до болницата „8 Септември“ која има статус на споменик на архитектноско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. За добивање на градежна дозвола, според Законот за заштита на културно наследство, проектот мора да биде одобрен од Конзерваторскиот центар. Истиот центар, по едно негативно, даде позитивно мислење – кое сега треба да се укине.  

Скопје | пред 2 години

17-katnica-voena

Незаконско е конзерваторското мислење за 17-катница кај Воена болница - треба веднаш да се поништи, а без него нема зграда

Незаконски било издадено конзерваторското мислење кое овозможи изградба на 17-катница за 2.000 жители кај Воена болница, констатирала работната група во Министерството за култура. Според министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, побарано е негово итно поништување. Немаше конкретен одговор дали ова ќе значи и итно стопирање на градбата и рече дека другите институции, меѓу кои е Општина Карпош, ќе треба да постапат.„Извештајот го добивме, и во тој извештај стои дека издаденото конзерваторско мислење не е според правилникот за заштита на културното наследство, го вративме во првостепено одлучување и очекуваме да биде поништено уште денеска“, рече Костадиновска-Стојчевска.Со ова се потврдија наводите на невладините организации о активистите кои рекоа дека конзерваторското мислење е незаконско и го опишаа како мафијашко.„Повикана е инспекција да отиде во Конзерваторскиот центар и да извршат надзор во однос на Законот за културно наследство. Тие инспектори, не излегуваа на терен од непознати причини, дури вчера беа во Конзерваторски центар-Скопје. Што донеле како мислење – не знам. Тоа што беше во наш домен, ние се обративме до Конзерваторскиот центар и очекувам денес како првостепен орган, кој го издал, да го поништи“, додаде министерката.Според нејзе, и другите институции треба да преземат чекори по поништувањето на мислењето.Парцелата на која треба да се гради зградата се наоѓа непосредно до болницата „8 Септември“ која има статус на споменик на архитектноско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. За добивање на градежна дозвола, според Законот за заштита на културно наследство, проектот мора да биде одобрен од Конзерваторскиот центар. Истиот центар, по едно негативно, даде позитивно мислење – кое сега треба да се укине.Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во средината на јануари ја потпиша градежната дозвола за изградба на спорната 17-катница среде болничкиот комплекс на Воена болница во Скопје. Инвеститорот на градбата „ЗСФ Ком“ веќе го огради градилиштето и на терен почнуваат градежни работи за изградба на зградата.

Скопје | пред 2 години

352386112_636232121870607_6875662076610654692_n

Му сметало столпчето, па се паркирал врз него

Завчера службите на општина Карпош поставија столпчиња на паркингот во Лептокарија за да се овозможи простор за минување на пешаци. Вчера едно од столпчињата е урнато од несовесен возач. Сопственикот на возилото е пријавен во Пајак службата на Град Скопје.-Апелираме до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно и да не ја уништуваат урбаната опрема, објавија од Општина Карпош.

Скопје | пред 2 години

gumi-11

Непрописно одложен опасен отпад во Карпош

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје констатираше непрописно одлагање отпад од автомобилски гуми од страна на непознати сторители на улицата Никола Парапунов во скопската општина Карпош.„Автомобилските гуми спаѓаат во категоријата опасен отпад и нивното одлагање на јавни површини претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота. ЈП Комунална хигиена-Скопје нема надлежност засобирање и транспорт на овој тип на отпад. Апелираме до жителите на градот Скопје внимателно да ракуваат со опасниот отпад и да го одлагаат исклучиво кај колективните постапувачи, со што значително ќе придонесат за заштита на животната околина и јавното здравје.“ - истакна директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.Воедно, ЈП Комунална хигиена-Скопје учествуваше во координирана акција со градските јавни претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ за чистење на реонот на Милениумскиот крст на планината Водно.Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведоа метење и празнење на корпите за ситни отпадоци, како и подигнување на отпадот од Планинарскиот дом и околните угостителски објекти. Во рамките на акцијата беа собрани и транспортирани приближно три кубни метри мешан комунален отпад.

Скопје | пред 2 години

ustaven

Уставниот суд ја укина одлуката за ДУП-от во Карпош со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа

Уставниот суд на одлучи да ја укине одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за Градска Четврт 3 04, Блок 04.05 на Општина Карпош.Портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска, денеска на брифинг со медиумите информираше дека Судот од утврдената фактичка состојба и анализирана документација, утврдил дека ДУП-от е неусогласен со ГУП-от, бидејќи се предвидува изградба на бензинска станица, која е објект со класа на намена Е, на место кое што е планирано за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, односно објекти за домување и делумно комерцијални објекти.Поконкретно просторот каде се планира изградбата на бензинската пумпа е означен како коридор низ кој минува топловодна, гасоводна, фекална и водоводна инфраструктура.- Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на Општина Карпош, се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, кои што се предвидени во Уставот. Но, исто така, направена е и повреда од членот 4 од Законот за урбанистичко планирање, бидејќи донесениот ДУП не е во согласност со ГУП-от, изјави Беловска.Уставниот суд за ова прашање одлучуваше по поднесена иницијатива од Наташа Шурбановска на 3 април 2022 година.Во однос на прашањето за евентуална отштета зошто не е изградена бензинската пумпа, кој гради и што гради, Беловска рече дека таквите прашања и информации не се земени предвид со оглед на тоа што надлежност на Уставниот суд е да одлучува дали некој закон е во согласност со Уставот и дали некој пропис, како што е одлуката за ДУП-от е во согласност со Законот и Уставот.

Скопје | пред 2 години

21111

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) Среде Карпош со огнено оружје убиенo маалско куче

Активистката за заштита на животните Тина Мицковска објави тажна, но истовремено и шокантна вест и вознемирувачко фото!Мирното куче Тоби е убиено од огнено оружје среде Карпош.-Маалскиот миленик Тоби од Млечен, мирно куче кое сите таму го чуваа и хранеа, денеска за жал го пронајдоа УБИЕН И ПУКАН со ПУШКА спроти Сидро. Некој монструм се дрзнал насред Карпош да пука со пушка во најмирно куче НАСРЕД БЕЛ ДЕН, помеѓу 8:30 и 09:00 утрово. До кога ќе се дозволува вакви психопати да шетаат слободно? Пред некое време во близина беше пукано и во нашиот маалски миленик Џамбо и ништо чудно да се работи за истата будала што може утре да пука и во човек. Доколку некој има некакви информации, ве молам споделете да помогнеме на МВР побрзо да се пронајде, порача Мицковска.Извини Тоби што живееше во суров свет, трчкај слободно сега горе, порача во својата објава Тина.

Скопје | пред 3 години

kontejneri

(ВИДЕО) Пиромани палат контејнери низ Карпош, ги гасне пожарна

Вечерва на повеќе локации во Карпош се запалени контејнери за отпад.Скопје1 на три локации забележа како гори отпад, а сите во дело на Влае и Капош 4.Една од локациите на која се наоѓаат контјнерите е близу бензинска пумпа, а пожарот го пријавиле вработените со оглед на опасноста дека истиот може да се прошири.Со оглед дека контејнерите се пластични, изгорени се во целост.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања