Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

КОЧАНИ

semejstva-kocan

(Видео) Семејствата неутешни: Солзи низ кочанските улици, се бара одговорност од сите инволвирани за загинатите деца: Имате ли доблест да признаете вина?

На пороен дожд, семејствата на загинатите и кочанчани излегоа да бараат правда за загинатите. Се обратија до сите институции, бараат само правда. Тие се револтирани, сметаат дека институциите пофрлиле, а Македонија само глуми држава во моменти кога граѓаните не се заштитени.Пред Општина Кочани, тие ги прашаа инспекторите, дали столчето им е толку удобно, па не работат на терен?„Инспектори, дали ви е потребна обука од наша страна за ова што е од ваша надлежност. Или пак ќе излезете со полни торби гардероба од споредна врата, ќе ве носат на ручеци? На секој од нас ни било барано мито. Дали тоа вреди повеќе од животот на нашите деца?“, ги прашаа семејствата.Порака имаше и до полициските службеници.„Имате ли доблест да си ја признаете вината за таа кобна ноќ или тоа не ве учеле? Секоја недела нашиот марш е уредно пријавен во МВР. Дали концертот на ДНК, монструмот го пријавил до надлежните институции, дали вие требаше да бидете таму по службена должност, бидејќи имало реклами, а децата поради тоа беа присутни таму?“, праша родител.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-19-at-12.11.15

Денеска семејствата на загинатите во Пулс излегуваат на улиците во Кочани

В сабота, 26 април со почеток од 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи четврти протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 62 млади лица и близу 200 повредени.„Собирно место на маршот е Градскиот парк во Кочани истиот ќе продолжи кон Трговскиот центар во Кочани. Толпата од луѓе ќе застане во Трговскиот Центар како знак дека местото на покојните им е во Трговскиот Центар , за да потоа продолжи кон Општина Кочани заради изразување на револт кон институционалното работење, ќе продолжи кон МВР за да им посочиме дека задоцнија со реакција во секоја смисла на зборот и ќе продолжи пред Основен суд Кочани барајќи отчет за сработеното и неселективна правда“, соопштија организаторите.На маршот може да се приклучат сите граѓани на Македонија кои сакаат да изразат поддршка на родителите на покојните и почит спрема покојните.Протестниот марш е четврти по ред, откако претходните саботи голем број кочанчани излегоа на улиците да дадат поддршка на семејствата на настраданите и побараа правда за случајот.

Македонија | пред 10 месеци

492498158_1112844217554001_4330422571887449820_n

Собранието не ги почитува ни загинатите ни живите во Кочани, реагира в.д. градоначалникот на општината

Скандалозна е изјавата на собранискиот спикер со која се обидува да ја оправда непочитта на настраданите во трагедијата во Кочани и неработата на македонскиот законодавен дом по немилиот настан, смета в.д. градоначалникот на општината, Венко Крстевски.„Наместо да се прекинат лошите практики од минатото, парламентарците во нив наоѓаат изговор за да не организираат комеморација за жртвите на корупцијата. На овој начин се покажува елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани. Со ова, првиот меѓу еднаквите народни избраници докажа дека токму тие се показател на општествената летаргија во која е потоната Македонија“, реагира Венко Крстевски, в. д. градоначалник на Општина Кочани.Крстевски смета дека Собранието на Македонија со ништо не му помогна на Кочани во најтешките денови и упати повторен повик државните институции да не заборават дека на Кочани му е потребна итна рехабилитација.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-07.18.36

Системот што нѐ уби не е само политика, тоа сме ние кога премолчуваме неправда, став на ФБ групата Кочани

ФБ групата Кочани упати апел одново да го изградат Кочани. Одново со почит и љубов кон сите загинати и повредени. Тоа велат, им го должиме.Еве ја објавата:„Децении наназад не учеа да молчиме. Да слушаме. Да веруваме. Не во себе, туку во партиите. Ни зборуваа дека тие знаат што е најдобро за нас. Ни ветија иднина, па ни ја одзедоа сегашноста. И додека тие се менуваа на функциите, ние останувавме исти разделени, апатични, разочарани. А најстрашно од сѐ: почнавме да веруваме дека така треба да биде.Системот што не уби не е само политика. Тоа е начинот на кој живееме, начинот на кој прифаќаме, начинот на кој молчиме. Тоа сме ние кога премолчуваме неправда, кога гледаме само партија, а не човек, кога прифаќаме дека на функција треба да биде 'некој наш', наместо некој способен. Овој трул систем живее преку нас. И само ние можеме да го срушиме.Не постојат добри партии. Постојат добри луѓе. А добрите луѓе мора конечно да престанат да чекаат. Зашто колку повеќе молчиме, толку повеќе умира Кочани.Трагедијата што ни ги одзеде 62 млади животи не направи разлика меѓу 'нашите' и 'нивните'. Смртта не праша кој за кого гласал. Злото не го познава партискиот билтен. И токму затоа, оваа болка мора да не обедини. Ако не сега кога?Овие деца беа нашите деца. На градот. На улиците низ кои оделе, парковите во кои се смееле, училиштата во кои сонуваа. И сега, наш е долгот да не дозволиме да бидат заборавени. Љубовта кон нив и споменот за нив треба да го негуваме сите заеднички. Со дела. Со грижа за нивната генерација, за секое дете што расте во овој град. Да им создадеме безбедна и вредна иднина затоа што така се чува спомен, така се враќа достоинство.Кочани нема да го спаси ниту еден градоначалник сам. Но имаме можност првпат по долго време со човек кој не е залепен за никаква политичка позадина, со млад и борбен независен градоначалник кој искрено сака подобро. Тоа е шанса. Но ни тој не може сам. Му треба нашата поддршка не со слепа послушност, туку со активна, искрена, граѓанска енергија. Да му помогнеме, не затоа што ни кажала партијата, туку затоа што го чувствуваме како еден од нас. Затоа што Кочани му припаѓа на граѓаните, а не на партиските штабови.И мора веднаш да почнеме. Секоја зграда, секое маало може да стане пример. Да се поврземе меѓу себе не за политика, туку за дела. Да се создадат иницијативи по маала, да се организираат заеднички акции: чистење на запуштени површини, обновување на клупи, детски игралишта, средување на трошни ѕидови со мурали од надеж и сеќавање. Можеме да поставиме корпи за отпад каде што недостасуваат, да иницираме поставување лежечки полицајци кај што е опасно, да обезбедиме видливост на пешачките премини. Малку по малку, чекор по чекор да си го земеме градот назад.Да, ќе речат има институции за тоа. И точно е, треба да има. Но не смееме да се лажеме моментално, тие институции се нефункционални или бавно реагираат. Затоа, наместо да чекаме, ајде сите заедно да се погрижиме за она што можеме: за чистотата, за отпадот, за редот во нашите маала, улици, паркови. Тоа не бара политичка моќ, туку совест и волја. А градоначалникот, кој е независен и искрено посветен, нека ја води борбата за крупните проекти но со наша поддршка. Секој со својот дел. Така се гради град со заедништво.Да се покренат граѓански собири на отворено, каде секој ќе може да предложи идеја. Да се создадат мрежи на маалски координатори што ќе комуницираат со општината. Ако институциите не се движат доволно брзо ние ќе ги турнеме напред.Да се активираат средношколци и млади за волонтерски акции за солидарност, за почит, за живот. Да се создаде колективна свест дека градот е наш и од нас зависи. Да не чекаме да дојде некој да ни ги реши проблем. Ние сме тие. Ние сме промената.Да изградиме култура на грижа. Да се откажеме од навиките што не чинат. Да престанеме да фрламе ѓубре, да паркираме по тротоари, да се однесуваме како градот да е туѓ. Не е туѓ. Наш е. И ќе биде таков каков што ќе го направиме.Партиите нема да ни го вратат достоинството. Ни треба нова политичка култура, нова свест, нова енергија. Онаа што ќе не научи да мислиме, да делуваме, да не се плашиме. Зашто вистинскиот систем сме ние. И од нас почнува крајот на старата приказна и почетокот на новата.Наш став и наше видувања на реалните случувања во Кочани“.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Крстевски: Хаос во Кочани , школите и претпријатијата тонат во долгови, намалени плати на медицинарите кои кобната ноќ спасуваа животи

В.Д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, кој беше избран по оставката на дотогашниот Папазов кој по трагедијата во дискотеката Пулс даде оставка и е дел од истрагата, на ФБ дава одговор на прашањето кое му го поставувале: Знаеш ли на што си се нафатил?”Еве го неговиот одговор:   „Општина Кочани еден месец БЕЗ Градоначалник и Секретар, општинските инспектори под мерки за претпазливост, финансиските служби под тотално непотребна репресија, лоша клима за работа.КЈП Водовод Кочани две недели БЕЗ Директор и три месеци БЕЗ Технички, ДОЛГ над ТРИ милиони евра, дефицитарен кадар во делот на оперативци и општ хаос создаван со децении.Школите тонат во долгови, над 200 деца во предучилишна возраст чекаат ред за запишување во градинка.Територијалната противпожарна единица со број на вработени НА ПОЛОВИНА од ЗАКОНСКИОТ МИНИМУМ, опрема лимитирана, возен парк дотрајан во лоша кондиција и просечна старосна граница од 46 години.Полициска станица Кочани поради сите настани, суспензии, истраги, реално не е ниту на 20% од капацитетите.ЈЗУ Општа Болница Кочани нема елементарни услови во делот со опрема, а ИМА страшно нарушени меѓучовечки односи поради разместувања во рамките на самата институција, намалена плата на неколку лица кои беа на првите борбени редови во кобната ноќ и спасија стотина животи (поради користење на боловање).Ќе си дозволам да цитирам еден голем идеолог ‘Јас имам сон!’.Ве повикувам и охрабрувам да дадете придонес за остварување на овој сон, кој верувам дека е желба на сите млади и возрасни жители на Кочани.Споделете го овој статус сите кои можете, за да дознае цела јавност.”

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-19-at-12.11.15

(Видео) Со фотографии од загинатите чеда, родителите и семејствата маршираа и бараа правда за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

„Пулс од 2012 до 2025, истрага од 2025 до 2038, судење од 2038 до ???“, ова беше транспарентот со кој се предводеше протестот на родителите и семејствата чии блиски загинаа во дискотеката на смртта во Кочани. Тие маршираа низ градот, а пораките ги испратија преку транспарентите.„Стоп за селективна правда“, пишуваше на еден од нив, а на друг пак се додава: „Коруптивниот систем ни ги уби децата“.Претходно, вчера:

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Алармантно е по однос на дивоградбите, вели в.д. градоначалникот на Кочани

В.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, рече дека состојбата во општината е хаотична. Според него, оставени се проекти без целосна документација, не знаат дали имаат директор во Комуналното претпријатие или валидна му е оставката, а катастрофална е состојбата и во Противпожарната бригада.„Долгот на Комуналното претпријатие е 3 милиони евра, најмногу за елетрична енергија. Алармантно е по однос на дивоградбите, со тоа е нарушена и безбедноста во градот. Најавувам сериозна борба со дивоградбите, најавувам кривични пријави за секој затечен со дивоградби. Нема да има толеранција ни отстапки“, рече Крстевски.Тој побара помош од градоначалниците од другите општини, за да им дадат инспектори.Најави и состанок со Министерството за животна средина, за затворање на депонијата во Кочани, која треба да биде регионална.За опасните објекти, Крстевски за првпат зборуваше и во „Претрес“.?t=3797

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-15-at-19.02.27

(Видео) Пратениците се состанаа за надзорна расправа за Кочани, па двајца се испокараа

Не успеа обидот на ДУИ да се изгласа организирање на надзорна расправа за трагедијата во Кочани, бидејќи влајачкото мнозинство смета дека е рано за тоа. На говорницата предлогот го бранеше Блерим Беџети од ДУИ, кој се скара со претседателот на Комисијата и пратеник, Љупчо Пренџов.„Очекував да ми се извините“, рече Пренџов, а Беџети со кренат крст му мавташе и реплицираше: „Ти да се извиниш“. По ова Пренџов му рече да си ја собере раката, а Беџети му врати: „И устата таму“.Пред ова, имаше неколку остри реплики.„Ова е сведоштво на продолжувањата на ‘мојот закон’ и ‘ќе ве влечеме за уши’. Ова е отсуство на сведоштво и сите тие кои се одговорни и се оди на ретроактивност да се направи една толку голема магла“ рече Беџети.Му врати Пренџов: „Не само за Кочани ќе се разговара и за „кабелот е крив“ кога „живи луѓе ни гореа“, ќе се разговара и за Ласкарци, ќе се разговара и за сообраќајката во Бугарија каде „живи луѓе гореа“. Ова парламентарно мнозинство нема да стави ништо под тепих.Од ДУИ најавија дека нивни 15 пратеници во писмена форма ќе побараат од претседателот на Собранието да се одржи расправата.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Венко Крстевски е в.д. градоначалник на Кочани

Независниот советник Венко Крстевски е избран за вршител на должноста Градоначалник на Кочани.За Крстевски гласаа девет од присутните советници, додека еден советник беше воздржан.Тој е избран во вториот круг на поединечно изјаснување на советниците, откако во првиот круг ниту еден од двајцата кандидати не освоија мнозинство од вкупниот број советници.Во вториот круг, повеќе гласови освои Венко Крстевски, 9 гласови наспроти Гоце Марков од ВМРО-ДПМНЕ кој освои 8 гласови.Новиот градоначалник ќе ја води општината до локалните изборите во месец октомври. По трагедијата во дискотеката „Пулс“, Љупчо Папазов во која загинаа 61 лице и многу беа повредени, си поднесе оставка.

Македонија | пред 11 месец

sovetnicka-1170x696-1

(Видео) Низ солзи советничка од ВМРО-ДПМНЕ поднесе оставка од Советот во Кочани

Советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Кристина Атанасова-Арсова, низ солзи поднесе оставка од функцијата советник.„Ќе побарам прошка и извинување на сите граѓани кои дадоа глас за мене како дел од советничката листа, затоа што не успеав да реализирам многу работи бидејќи тие работи не беа приоритет за градоначалникот и раководството. Истите водени од своите суети, понесени од моќта на функциите, се грижеа само за своите интереси, истакна советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.„Јас во иднина ќе се посветам на моето дете кое е повредено и на сите деца кои се повредени. Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете, истакна советничката Атанасова-Арсовска.Советот на Кочани денеска бира в.д градоначалник за што има двајца кандидати. Едниот е независниот Венко Крстевски, а другиот е предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ – Гоце Марков.Независниот кандидат Венко Крстевски од говорницата порача дека подава рака на обединување.Советникот Мирче Стојков од ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше Крстевски, забележувајќи му дека немал високо образование.Ивица Лазаров, советник од редовите на СДСМ, рече дека Кочани е мртов, сите сме мртви, а во салата овде се почнало со политика.„Со кое лице барате градоначалник, ние сега бараме техничко лице”, рече советникот од СДСМ, залагајќи се да се обезбедат средства за помош на семејствата и повредените.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-13-at-12.04.54

(Видео) Се бараат четири притвори, седум куќни притвори, еден од новите осомничени не е во Македонија: нови детали за пожарот во Кочани

Тринаесет обвинили работат на предметот за пожарот во „Пулс“ во Кочани. Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, рече дека за пожарот под истрага се сопственици, менаџери, корисниците на пиротехниката, обезбедувачите. За континуираните пропусти кои допринеле клубот да работи без да исполнува услови, осомничени се ексминистри, поранешни и сегашни директори, инспектори, поранешни градоначалници. Коцевски рече дека барале мерки за обезбедување за 19-те новоосомничени лица.„За четворица се бара притвор, за седум мерка куќен притвор во комбинација со забрана за остварување на комуникација, а за уште седум лица се бараат мерки на претпазливост, а еден осомничен не е ни во Македонија. Се испитуваа повеќе линии на одговорнсот“, рече Коцевски.„Покрај тројцата градоначалници, основани сомненија има за пропусти и кај тројца градежни инспектори (од општина Кочани) кои не извршиле никаква инспекциска контрола на објектот, кој незаконски бил пренаменет во угостителски објект“, рече Коцевски.Од Дирекцијата за заштита и спасување, осомничени се три лица, бидејќи низ годините ниту еднаш не спровеле мерки на набљудување, следење и инспекциски надзор, рече Коцевски.„Со своето неизвршување на должностите, спротивно на јавниот интерес, граѓаните ги изложиле на опасност по нивното здравје и живот“, додаде Коцевски.Коцевски посочи дека осомничени се двајца државни секретари, министер за економија и три службени лица кои работеле во сектор за угостителство и туризам кои работеле во Министерството за економија.„Овозможиле „Пулс“ да добие лиценци и незаконски да продолжи да врши угостителска дејност“, додаде Коцевски и рече: „Актуелниот министер за економија не е опфатен оти сопственикот не иницирал постапка за лиценца“.Четири инспектори од Пазарна инспекција се исто така осомничени.„Претходно, осомничени се и други три службени лица-инспектори. Проверките за директорите на Пазарната инспекција продолжуваат, бидејќи во нивни мандат работел клубот со фалсификувана лиценца, како и други лиценци кои се проверуваат“, додаде Коцевски.Се води истрага 47 лица, и три правни лица.„Истрага се води и против седум полициски службеници. Се преземаат истражни дејствија“, додаде Коцевски.

Македонија | пред 11 месец

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Нови 19 осомничени за пожарот во Кочани, меѓу нив инспектори, министри, скеретари, директори

Основното јавно обвинителство Кочани денеска донесе Наредба со која ја прошири истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на нови 19 лица. Сите тие се осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.„Станува збор за службени лица, кои во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имот од големи размери. Меѓу новите осомничени се овластени градежни инспектори во Општина Кочани, директори и генерален инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, министри за економија, државни секретари и други службени лица од тоа министерство, како и инспектори од Државниот пазарен инспекторат.Постојат сомненија дека нивните незаконити дејствија и пропусти во континуитет довеле до тоа кабаре КЛУБ ПУЛС во Кочани од самиот почеток во подолг временски период па се до настанување на пожарот да продолжи да врши угостителска дејност без воопшто да исполнува законски услови за тоа и со нарушување на сите безбедносни правила по животот на лицата кои го посетувале објектот. Како резултат на тоа, при користење на пиротехнички средства на 16.03.2025 година за време на настапот на музичката група ДНК, бил предизвикан пожар во кој настапила смрт на 61 лице меѓу кои 6 деца, а биле повредени уште 197 лица од кои 25 деца.До крајот на денов, Основното јавно обвинителство Кочани до Основниот суд во Кочани ќе достави предлози за определување соодветни мерки за обезбедување на присуството на секој од новоосомничените.Со ова, до овој момент, кочанското обвинителство во врска со пожарот поведе истрага против вкупно 45 физички и три правни лица. Еден од нив, по отворањето на истрагата почина како последица на повредите здобиени во пожарот и од тие причини, по целосно прибавување на медицинската документација, постапката за него ќе биде запрена“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Венко Крстевски ќе биде кандидат за в.д. градоначалник на Кочани: Стојам зад секој даден збор

Советот на Општина Кочани треба да бира в.д. градоначалник кој ќе раководи со градот до изборите. Независниот советник, Венко Крстевски, најави кандидатура.„Кандидат за В.Д. Градоначалник! Оваа недела стана јасно дека советниците на власта со максимални напори се трудат да го избегнат изборот на В.Д. Градоначалник во Кочани. Дали се неспособни, плашливи, партиски послушници, оценете вие сами. Јас, Венко Крстевски, како советник имам над 1000 дискусии, над 200 советнички прашања, многу младински иницијативи, над 50 предлози (дел од нив се прифатени/реализирани). Најавувам дека храбро сам ќе се пријавам во овие најтешки времиња за Кочани да ја извршувам функцијата В.Д. Градоначалник за следните 6 месеци, иако очекувам многу опструкции.Неспособноста на локалната владејачка партија доведе до тоа да треба да се избере СЕДМИ директор на КЈП Водовод Кочани во само три години“, напиша тој.Додава: Јас, Венко Крстевски, секогаш сум бил на страната на народот во Кочани, народот тоа многу добро го знае. Имам изглегувано на сите протести и штрајкови и се имам спортиставувано на сите политики кои не се за доброто на кочанчани, без разлика кој и да е бил на власт. Во овој состав на Совет на Општина Кочани, советниците од владејачката партија немаат дадено ниту еден предлог и немаат никаков допринос за подобрување на амбиентот на живеење на кочанчани. Свесен сум дека јас сум само еден независен советник во советот, но верувам дека некои од советниците ќе го препознаат мојот квалитет и искрена желба за создавање на подобри услови за живеење на кочанчани и нивните деца. Јас стојам зад секој мој даден збор, секое мое ветување и идно ветување ќе го остварам. Кочанчани размислете каков градоначалник сакате да добиете. Картата е купена, доаѓам!!!“.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-05-at-13.09.50

Мајка на маршот во Кочани: Едно прашање, кој го уби мојот ангел, кој го уби мојот херој, кој ги пеплоса тие ангелски лица?

По еден час молк, марширање, солзи и лелек, мајка на загината девојка од пред судот во Кочани постави прашање. Таа упати порака до правосудните институции, дека ќе чека одговор, кој и го скрати животот на нејзината ќерка која не успеа да се спаси од дискотеката „Пулс“, каде загинаа 60 лица, а почина и возач на Итната медицинска помош по 30-пати возење и разнесување на повредени.„Едно прашање, кој го уби мојот ангел, кој го уби мојот херој, кој ги пеплоса тие ангелски лица?“, рече мајка на загината девојка.Река од граѓани, облечени во црно, ги оплакуваат нивните согрѓани, роднини, пријатели.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-05-at-12.14.33

(Видео) Молк, плач, пораки: семејствата на загинатите порачаа дека коруптивниот систем им ги уби децата

Со фотографии од загинатите, семејствата и роднините, со молчење и плачење тргнаа на марш за 60-те загинати во дискотеката „Пулс“. Тие порачаа дека е време да запре селективната правда, а на властите им порачаа дека коруптивниот систем ги уби нивните деца.Без да кажат збор, нивните пораки ги испратија преку транспаренти на кои пишува: „Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Марш за 59-те ангели“.Од плоштадот во Кочани тие поминаа покрај кафулето на сопственикот на дискотеката „Пулс“ таму застанаа и молчеа во чест на загинатите. Оттука, одат кон Општина Кочани, седиштето на МВР во градот, како и Основниот суд.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања