Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

КОЧАНИ

124

Кочани пуштено низ вода: алармира независниот советник Крстевски

Венко Крстевски кој е независен советник во општина Кочани во два мандати, се огласи преку социјалните мрежи со барање веднаш да се избере ВД градоначалник. По оставката на Љупчо Папазов ден по катастрофалната трагедија, можна е блокада на институциите.Еве што напиша Крстевски:„КОЧАНИ ПУШТЕНО НИЗ ВОДА!Пред скоро три недели градоначалникот Љупчо Папазов поднесе оставка. Во секоја нормална држава кога првиот човек на градот поднесе оставка, алармите треба да се вклучат, посебно после ваква епохална катастрофа што го снајде Кочани.Бидејќи е таква ситуацијата може да се очекува наскоро блокади на институциите во нормалното функционирање, затоа што нема да има плата за пожарникарите, градинките, школите, библиотеката, нема трансфер на средства за КЈП Водовод по основ на програми, нема исплата на обврски спрема добавувачи, нема исплата кон спортски друштва и здруженија на граѓани.Заглавени се сите процедури и документи како уверение за социјална помош, оставинска постапка, купопродажни договори, договори за поклон, одобренија за градба итн. Нелегални објекти кои се безбедносна опасност продолжуваат да работат непречено.Имаше најави за СЕРИОЗНА дополнителна ФИНАНСИСКА ПОМОШ на Кочани од Централната власт, до сега со ОДЛУКА на Влада тие ПАРИ МОРАШЕ да бидат ОДОБРЕНИ, истите ветувања спласнуваат. Дали ќе биде ,,секое чудо за три дена” па така ќе се заборави и со овие ветувања?!Закочени се сите тековни проекти, а камо ли да се работи на реализација на нови, кои се повеќе од потребни.И посебен АПЕЛ до Владата, освен со поддршка на Општината по однос на проекти од унгарскиот кредит, НАЈИТНО да се пренаменат ФИНАНСИИ за Центар за рехабилитација со геотермални води, (иаме изгласно ДУП и соодветна маркица за објект до градскиот базент), да се одобрат финансиски средства за изградба на Пензионерскиот дом (имаме готов проект и документација (парите беа укинати од претходната власт)), да се изгради прифатилиште за уличните кучиња (за што имаме готов проект), задолжително регионално прскање против комарци (за да биде ефективно) и сериозна студија по истото прашање. Има уште многу идеи и проекти, но овие можат да се реализираат за неколку месеци.Јас сум моментално во Виена (Австрија), потребен ми е психолошки одмор, но сум само еден и независен советник во Општината, не одлучувам за изборот на В.Д. Градоначалник (кои сметам дека треба да е со широк консензус) и затоа ги повикувам Власта и најголемата опозиција (нивните лидери вчера имаа состанок во Владата) да помогнат на Кочани во најбрз рок да се избере градоначалник и да се помогне градот финансиски со проекти.“

Македонија | пред 11 месец

dnk-andrej

(Фото) Пријател на Андреј од ДНК: Фалиш, болиш, немам солзи да те исплачам, нема сила да издржам

Антонио Наумоски, близок пријател на Андреј од ДНК, е скршен од болка по трагедијата во Кочани. Ги истетовира стиховите од хитот на бендот, во кои стои „Ако утре ме нема еј, немој да ме жалите“ и датумот на трагедијата 16.03.2025 година.„Брате мој.. Ова е само еден почеток на многу работи што следуваат… ќе дадам се од себе да го продолжам твојот пат што те правеше најсреќен а тоа е хуманоста! Нема да застанам!!! Болиш! Фалиш! Немам солзи да те исплачам! Немам сила да издржам! Те сакам брате мој Андреј“, стои во објавата.Тој најави и хуманитарен настан.„Сакам да ви го најавам хуманитарниот настан на 26ти Април во @break_time.skopje со почеток од 12:00 до 21:00.1. Со секоја купена маичка донирате 500 денари за настраданите.2. Забрането е секакво давање на пари на поединци!3. Ќе има кутија на самиот настан и ќе го запазите редот односно прво донирате 500денари во кутија па добивате маичка.4. Секој оној кој сака да донира дополнително пари за маички може да го направи истото до 06 Април. (Ќе си добие сметка од фирмата за уплата на маици)5. На самиот настан ќе имаме и дел од повредените од Кочани како специјални гости.6. Сите собрани средства ќе бидат предадени на @supportkocani7. По завршување на настанот секоја фирма ќе потполни изјава за собраните средства и дополнително и транспарентно ќе се објави.8. Сакам да изразам голема благодарност до сите фирми кои ми помогнаа.9. Сакам да изразам и посебна благодарност до неговата сопруга што го поддржа овој настан.10. Поради големата заинтересираност до моментов има нарачано 800маици“, стои во објавата.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-01-at-11.30.38

(Видео) „Прекината младост“ - ХРТ направи документарец за Кочани и праша: Дали Македонија има сила да се ослободи од оковите на корупцијата што ја заробија земјата и доведоа до невидена трагедија?

Екипата на Лабиринта од ХРТ беше на местото по една од најстрашните трагедии што ја погоди Македонија, кога во ноќниот клуб во Кочани загинаа 59 млади луѓе на возраст од 14 до 26 години, а повеќе од 150 беа повредени.„Растргнати меѓу страшната тага, болка и страв, Кочани ги оплакуваат членовите на семејството, пријателите и соселаните. Наместо да ја живеат својата младост, оние чии животи во град во кој сите се познаваат, испреплетени во текот на животот, а сега во смртта, го најдоа своето последно почивалиште на локалните гробишта. Дали Македонија има сила да се ослободи од оковите на корупцијата што ја заробија земјата и доведоа до невидена трагедија во која загинаа една генерација млади луѓе? За системот кој ја хранеше корупцијата и доведе до страшна несреќа, ненадоместливи загуби и гревот на неработењето, погледнете ја емисијата Кочани-прекината младост“, објави Лабиринта.

Македонија | пред 11 месец

taravari-1

Сто повредени од дискотеката во Кочани и натаму на лекување, тројца се критични

Од 193 лица повредени во дискотеката „Пулс“ во Кочани, остануваат само 100 на лекување во домашните и странските болници. 80 пациенти се лекуваат надвор од државата, а двајца се враќаат денес.Министерот за здравство, Арбен Таравари, посочи дека тројца од повредените се во критична состојба, што значи дека едно лице е во подобра состојба.„Еден од критичните пациенти е многу подобар. Кај некои од пациентите има флуктуација во здравствената состојба“, посочи Таравари.Таравари кажа дека очекуваат враќање на повеќе пациенти од странските болници во текот на неделата. Денеска пак, се враќаат двајца пациенти - од болниците во Полска и Шведска.„Очекуваме да се вратат полесните пациенти оваа недела“, рече Таравари.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-31-at-11.32.51

Крстевски не разговарал за градоначалничката функција во Кочани: Владата прво треба да каже дали ќе има избори

Венко Крстевски, кој втор мандат е независен советник во Општина Кочани, вели дека нема со никого разговарано за да биде кандидат или в.д. градоначалник. Тој посочува дека за информацијата дека тој се споменува како можен кандидат, ја дознал од медиумите.„Нема ништо официјално, утре има седница на Влада и од таму треба да кажат прво дали ќе има избори или ќе се бира од редот на советниците. Инаку со никого немам разговарано“, вели Крстевски за „Скопје1“.Инаку, Крстевски е едно од лицата кое беше во дискотеката „Пулс“ кобната вечер. Тој за „Претрес со Ландов“ раскажа детали. Посочи дека стоел до сопственикот на објектот, па просведочи за тоа дека пожарот се гаснел и со погрешен ПП апарат, што направило дополнителна штета.?t=3006Тој во „Претрес“ раскажа и за дивоградбите кои ги има градот. Посочи дека станува збор за необезбедни објекти, кои според него се опасни и можат да допридонесат да се случи нова трагедија како во дискотеката. Според него, пицериите во центарот на градот, кои работат со плин, ако се запалат, може да изгорат цели згради во кои се сместени.?t=3798Според Законот за локална самоуправа, по оставката на градоначалникот, треба да се извести Министерството за локална самоуправа, а пак министерот да ја извести Владата во рок од 15 дена. Советот пак, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на одлуката на Владата за распишување на нови избори, ќе избере еден од членовите на советот кој ќе ја врши должноста на градоначалникот до изборот на нов градоначалник.

Македонија | пред 11 месец

jovan151

Со маса скршив прозорец, па прскав со вода внатре, потоа се намокрив и влегов во „Пулс“, младиот Јован од Виница за првпат раскажа за кобната вечер

„Од внатре, сè што можев да слушнам беа девојчиња како врескаат. Ја фатив масата, го скршив прозорецот и почнав да прскам вода внатре со цревото. Тие внатре врескаа, а ние ги прскавме со вода најмалку 2-3 минути.Ова го раскажува 19-годишниот Јован, кој стана еден од хероите на трагичната ноќ во дискотеката Пулс. Младиот човек ги опишува драматичните моменти во кои, ризикувајќи го сопствениот живот, се обидел да им помогне на настраданите.„Влегов низ прозорецот на билетарницата, каде што лежеа четири или пет лица. Вратата беше блокирана од натрупаните тела. Ја скршивме вратата и почнавме да ги вадиме еден по еден, прво оние одозгора. Сите врескаа од болки бидејќи имаа тешки изгореници. Некои веќе беа во несвест. Отпрвин, луѓето кои беа свесни излегоа побргу, а потоа паднаа само оние кои беа густи, а потоа паднаа се случи неколку пати“, вели Јован.По уште една спасувачка операција на младиот човек му се слошило.„Почнав да ми се врти и мачнина од глетката, од сите што врескаа и плачеа, и од оние кои беа целосно изгорени. Излегов надвор да земам воздух и паднав на колена. За среќа, во близина имаше луѓе кои ми помогнаа, ме испрскаа со вода и малку се опоравив“, продолжува тој.Јован и во тешка состојба не престана да помага.„Девојка лежеше на страна и се тресеше, а некој викаше дека го голтнала јазикот. Се обидов да и помогнам, и го извадив јазикот, иако никогаш претходно не го правев тоа. Набрзо дојдоа лекарите и ја одведоа.По сето ова Јован се качил во автомобил каде имало уште две повредени лица изгорени и онесвестени.“Главите им ги држев исправено за да не го голтнат јазикот. Лекарите веднаш ги однесоа во болница и им дадоа кислород. Но, таму беше вистински хаос”, го завршува своето драматично сведоштво 19-годишниот херој.

Македонија | пред 11 месец

puls-35-1

Влошена состојбата на двајца повредени од Кочани кои се во странство, пет се испишани од скопските болници, двајца се враќаат од странство

Пет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани заминуваат на домашно лекување, двајца пак, се враќаат од странство. Четворица пациенти се критични, од кои, кај двајца има влошување на состојбата. Ова го соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари.Таравари вели дека за пациентите кои се надвор од државата има кои се интубирани и во тешка, но не и живото загрозувачка состојба. Многу се префрлени на одделенија за понатамошен третман. За пациентите, пак, кои се веќе на домашно лекување, тимови од лекари ќе одат во Кочани за контрола и се што ќе им биде потребно.„Се уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и животнозагрижувачка состојба“, рече Таравари.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-28-at-17.30.24

Во дискотеката загина и ќерката на единствената жена пожарникар во Кочани; Колегите: Дадовме и повеќе од што можевме како помош

Ќерката на единствената жена пожарникар во Кочани, загина во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ивона Атова, имаше 21 година, не успеа да се спаси. Таа е нејзина ќерка единец.„Црна се чума зададе - Кочани по 16.03.2025 повеќе не е ист град и нема да биде. Со силен трепет, голем шок и длабока тага конечно собравме малку сили да ви се обратиме. Ова е најтешката и најтажната објава во историјата на ДПД Кочани која ја пишуваме со солзи во очите и грутка во градите. Како и многупати досега, така и на 16.03.2025 година иако опструирани и маргинализирани од повеќе страни во последен период, одново бевме на браникот на Кочани. И покрај се, кога е тешко и покрај сите околности од пиџами и буквално од кревет десетина наши членови со две возила на ДПД Кочани скокна во очи на огинот. Онака во наш стил, волонтерски, со чиста душа и силен адреналин да се помогне каде што може.Дадовме и повеќе од што можевме како помош за ТППЕ, МВР и Брзата помош кои со нивната оскудна опрема и лимитиран капацитет се бореа со МОНСТРУОЗНАТА ТРАГЕДИЈА од светски карактер која не задеси. Сцените кои ги затекнавме вечно ќе бидат врежани, а секој од нас загуби по некој близок, познаник, пријател, другар а нашите членови, сопружниците Тоше и Стојка го загубија најмилото – ќерката единец Ивона. Изразуваме искрено сочувство во ови болни и тешки моменти за сите жртви и оние кои се борат за живот. Вечна им слава!“, напишаа од Доброволното противпожарно друштво во Кочани.

Коментари | пред 11 месец

puls-29

Време е да сфатиме партиите не се државата, системот нема да се промени сам - ние сме системот, пишуваат кочанчани на ФБ

Кочанчани, кои ја администрираат страницата Кочани, а велат дека е создадена за да се обратат кога има проблем, алармираат на сите системски салбости. Притоа, посочуваат дека партиите не се државата, а граѓаните плаќаат даноци со што ги полнат буџетите од кои живеат политичарите. Советуваат, граѓаните да не се караат за тоа кој политичар е подобар, па апелирааат: „Системот нема да се промени сам ние сме системот“„Дојде време да бираме децата или партиите. Живееме во време кога луѓето повеќе веруваат во партиите отколку во самите себе. Ги бранат како да се нивно семејство, се караат со пријатели за нив, ги оправдуваат нивните грешки како да им должат нешто. Но, дали некогаш сте се запрашале што добивате за таа лојалност? Политичарите се менуваат, партиите доаѓаат и си одат, но нашите проблеми остануваат исти. Патиштата се распаѓаат, болниците се без основни услови, институциите не функционираат, а животот станува се потежок. И секогаш слушаме едно исто „Кога ќе дојдеме ние, ќе биде подобро“. Но, дали некогаш навистина стана подобро?Проблемите не се нови, но никој не ги решава. Зошто требаше да се случи трагедија за да се сети целата држава дека Кочани постои? Граѓаните пред само неколку месеци протестираа 19 дена без прекин, барајќи конечно решение за депонијата. Им беше ветено дека ќе се донесе одлука да не се носи отпад од други општини. Ветувањето беше дадено, беше изгласано но што се случи? На празникот Свети Никола, со полициска придружба, отпадот повторно беше фрлен на истата депонија.Министерот за животна средина не дојде да ги слушне граѓаните. Пратеникот од Кочани ниту еднаш не застанаа пред јавноста да бара решение за своите сограѓани. Истото се случува и со други проблеми се додека не дојде некоја трагедија, институциите се глуви.Додека граѓаните чекаат промени, политичарите си ги решаваат личните проблеми. Кога треба да се изгласа нов закон за привилегии, нов службен автомобил или покачување на платите нема поделби, нема кавги. Сите се сложни. Секогаш има пари за нивните потреби, но за основните барања на народот „нема буџет“. Во меѓувреме, здравството е пред колапс. Болниците со години не се реновирани, немаат доволно опрема, а условите се катастрофални. Брзата помош функционира со стари и дотраени возила, најчесто добиени преку донации. Противпожарните единици работат со застарени камиони и недоволен број луѓе. Патиштата во државата стануваат се поопасни, дупките не се крпат, а кога ќе се случи несреќа виновни се граѓаните, а не институциите кои не ја завршиле својата работа.Во Кочани, како и во многу други градови, се гради неконтролирано. Секој агол е претворен во градилиште, а никој не знае колку безбедно се градат тие згради. Трговскиот центар во Кочани е блокиран од доградби, а никој не поставува прашање што ако таму се случи несреќа? Кој ќе одговара?Граѓаните се тие што плаќаат даноци, што ги полнат буџетите од кои живеат политичарите. Но, додека народот се кара кој политичар е „подобар“, сите тие си седат во удобните фотелји и ги уживаат своите привилегии.Ако сакаме промена, треба да разбереме дека нема „наш“ и „нивни“ политичари сите се таму за да работат за нас, а не обратно. Кога последен пат сте виделе функционер да биде сменет затоа што не си ја завршил работата? Кога последен пат некој одговарал затоа што ветил, а не исполнил?Додека не почнеме да бараме одговорност, додека дозволуваме да не’ делат на „нивни“ и „наши“, ништо нема да се смени. Секогаш кога ќе гласаме за лични интереси, наместо за општо добро, ќе добиваме ист резултат.Системот нема да се промени сам ние сме системот. Ако почитуваме закони, ако не даваме мито, ако не прифаќаме празни ветувања тогаш нешто ќе се промени. Но, додека веруваме дека некоја партија е поважна од нашите сопствени права, тие ќе продолжат да не користат.Време е да се запрашаме дали сме подготвени да се промениме самите ние и да започнеме да се почитуваме меѓусебе или ќе бидеме само навивачи на партии кои никогаш нема да се грижат за нас?Никогаш не заборавајте дека нашите деца си заминаа поради партиите. Наместо да ги гушнете и да се борите за нив, вие ги избравте партиите што упорно ги гласате 33 години. И никогаш не си признавте заминаа затоа што немавте храброст да се спротивставите на партиите. Ова е став на админите на оваа страна. Ова е нашата последна објава на оваа страница“, пишува на страницата.

Коментари | пред 11 месец

15022025_MICKOSKI-3

Мицкоски: Ќе се зголемат средствата за капитални проекти, а ќе се донесат и странски инвестиции и ќе се отворат нови работни места во Кочани

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кои се плановите на Владата за поддршка на Кочани, освен помошта на семејствата на повредените и загинатите во големата трагедија, изјави:„Апсолутно да. Апсолутно да, Кочани ќе биде наш главен приоритет во периодот којшто следи, како што беше и во минатото исто така. Ќе бидат средствата зголемени во периодот што следи, во делот на инвестиции во Кочани, но ќе биде и приоритет во делот на обезбедување инвеститори и креирање на нови добро платени работни места во иднина. Веќе со две такви компании разговараме, преговараме, иако беа веќе утврдени местата на инвестиции, сега тие ќе се пренасочат во Кочани, во зоната таму. Но, исто така и ние како Влада преку овој проект за којшто денес зборуваме ќе одвоиме два до три пати повеќе средства за Кочани, во делот на инвестиција на инфраструктурните проекти.Истовремено продолжуваме да се грижиме за сите оние повредени лица. Можам да кажам дека поминаа оние два критични, можеби најкритични меѓника, тоа е 72 часа и 7 дена. Од тие речиси две стотини повредени коишто најголемиот дел имаат изгореници и повеќе од 50% до 80% и покрај тешката состојба, сите се во моментот стабилни, иако имаме 5 или 6 случаи коишто се критични, но се бориме и ќе продолжиме да се бориме.Ова беше прецизна, точна реакција, благодарност до медицинските тимови коишто ја дадоа онаа потребна прва помош и во Кочани и во Штип и во Скопје. Благодарност и до сите институции коишто помогнаа. Тој ден навистина сè функционираше, но и деновите потоа, беспрекорно. И ние сите должиме една огромна благодарност.Сите оние лица, а тоа се повеќе од стотина, се веќе надвор, згрижени, со двајца членови на нивните семејства. Како Влада, ние го обезбедивме и превозот и сместувањето таму и ќе продолжиме да се грижиме. Од информациите со кои располагам, од Министерството за здравство, дел од пациентите ќе почнат да се враќаат, дел коишто се хоспитализирани кај нас се отпишуваат, односно откако е пружена негата, одат во домашно лекување. Така што, со Господ напред, очекувам сè да биде добро, колку може да биде добро во оваа ситуација. Продолжуваме да се грижиме и за сите оние коишто, за жал, невини жртви, кои трагично го загубија животот, за нивните семејства и сè она за кои може Владата да помогне, во периодот којшто следи, ќе помага.“

Македонија | пред 11 месец

puls-35-1

Детали: Претреси и во Скопје, покрај тие во Кочани - се одземаат уреди, искази даваат и лица што имаат сознанија

Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија.Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица.

Македонија | пред 11 месец

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

Нови претреси во Кочани, истрагата за пожарот и работата на диското „Пулс“ се проширува

Истрагата по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се проширува, кажа премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали и во моментов се вршат претреси во простории кои се во сопственост на газдата на дискотеката и во канцелариите на подрачните служби на Државниот пазарен испекторат.Според Мицкоски, досега статус на осомничени добија 34 лица, а Мицкоски речe дека станува збор за поединци за кои има и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај.„Но ќе повторам, тука нема да застанеме, случајот ќе се проширува“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-24-at-20.27.12

(Видео) „Не се пакувај, бори се“, граѓаните во „лесно запалива држава“ бараат правда за жрвите во Кочани

На мирен марш граѓаните бараат одговорност за трагедијата во Кочани.Граѓаните вечерва се собраа на плоштадот Македонија во организација на движењето „Кој е следен?“. Бараат одговорност за најголемата трагедија во која минатата недела 59 лица ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Запалени свеќи, молк во спомен на жртвите.Пораките на плоштадот ги испратија преку транспаренти: „Вашиот систем уби една цела генерација”, ,,Жртви на корупција”, „Лесно запалива држава”. Тие беа поставени на фонтаната на плоштадот.Тргнаа од плоштадот, пред Собрание извикуваа „Уааа” за пратениците, пред болницата „Свети Наум Охридски“ изразија благодарност аплаудирајќи на здравствените работници и се упатија кон Влада извикувајќи и носејќи транспарент „Системот е следен”, бараат правда за жртвите.

Македонија | пред 11 месец

protest

(Видео) Медицинарите пред Градска поздравени со „вие сте херои!“ од граѓаните кои маршираат за жртвите во Кочани

На маршот преку кој се бара правда за жртвите и повредените во Кочани, докторите и сите медицинари беа поздравени со аплауз.Токму во моментот кога граѓаните поминуваа кај Градската болница, извинуваа „Вие сте херои, вие сте херои“.

Скопје | пред 11 месец

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Во стабилна состојба се повредените од Кочани кои се лекуваат во Бугарија

Состојбата на сите 15 повредени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија е стабилна, соопшти бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов за БТВ. Нивното лекување продолжува, а најголем проблем за повредените, како што посочи, е вдишувањето гасови за време на пожарот.Министерот Кирилов кажа дека во болниците во Софија, Варна и Пловдив се примени вкупно 15 лица, од кои само двајца се на возраст од 30 години, сите други се помлади, од кои пет се под 18 години.

Свет | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања