ЛЕФКОВ

Lefkov-13.08

Лефков му одговори на Филипче: Со какви туѓи перја се китиме црни Венко, со перјата за запалената модуларна? Кажи со каква плата направи хациенда на Водно

„Едно јавно прашање до претседателот на заробената СДСМ. Со кои перја се китиме црни Венко? Со тие ли перја со кои го продадовте името, а за возврат добивме блокада, или со тие кога бевте министер што донесовте смрт за илјадници во короната поради крахирањето на здравствениот систем кој вие го водевте. Или можеби со перјата за запалената модуларна болница за која и денеска не убедувате и нас и јавноста дека кабелот е крив“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков одговарајќи на новинарско прашање.Тој продолжи и додаде:„За каква гордост зборите. За онаа со која Фрчковски не се знае како ги трошел парите од мисијата, или за онаа кога братот по криминал на Венко, Заев ја ставаше раката на срцето и го бараше семето изгубен низ времето. Кога Венко се фали дека СДС била мотор, треба да знае дека тие се далеку од било каков мотор, далеку и од пента, а не мотор на развој“, посочи Лефков.Тој продолжи и упати прашање до Венко Филипче.„И за крај Венко доста со високи политики, ајде малку прашање. Со каква плата ја направивте хациендата на Водно, а веднаш до тебе твојот директор на клинички?“, запраша Лефков.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Лефков: Македонија доби влада која што е од народот за народот

„Денес е значаен ден бидејќи денес е прв ден во кој што Македонија има влада предводена од Христијан Мицкоски една просперитетна и правична влада конечно Македонија доби влада од народот за народот, специфично за мене и оваа влада е што мандатарот започна со реализирање на ветувања уште пред нејзиното формирање. Уште на самиот ден може да видиме дека премиерот и тимот се излезени на терен и веќе работат и започнавме една кампања која што се нарекува почнуваме меѓутоа работата започна многу порано со измена на законот за организација на државната управа практично една реформа која што не е насочена кон граѓаните туку е насочена кон самата државна управа една многу значајна реформа затоа што после скоро 3 декади се менува начинот на кој што работи управата“ кажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во емисијата Заспиј ако Можеш на Алфа ТВ и додаде:„Премиерот храбро влезе во овој процес така што би рекол добивме една влада која што ги формализира поделбата на министерствата и она што беа заложби во минатото како дигитализација успеавме тоа да го материјализираме во вид на министерства нешто што успеа да го направи парламентарното мнозинство благодарение на заложбите на премиерот и се надевам дека тоа ги исполни сите предуслови да имаме една динамична влада која што ќе е подготвена да се соочи со новите предизвици“ кажа Лефков.Лефков додаде и дека за разлика од претходната власт сека Македонија доби влада од народот за народот кој ќе има многу тешка задача да ја реформира земјата.„Сега имаме една влада која што е од народот за народот но која ќе има тешка задача меѓутоа добро е што вака ја започнавме работата да ја реформираме државата. Ние уште кога влеговме во предизборие рековме дека мораме да ја вратиме надежта. Проблемите се решаваат и мораме да работиме“ истакна Лефков.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-16-at-11.24.39

Очигледно има струја во ДУИ која посакува крај на политичката кариера на Ахмети, единствени партии кои не поминаа длабоки реформи се СДС и ДУИ, вели Лефков

Очигледно има струја во ДУИ која најавува и посакува крај на политичката кариера на Ахмети. Ние нема да се противиме околу тоа, напротив единствената партија покрај СДС која нема длабоки реформи е токму ДУИ, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска беше прашан за коментар за изјавата на Крешник Бектеши за партиите да потпишат договор, кој ќе ги изгуби изборите да не се занимава веќе со политика.Лефков додаде дека на сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на претстојните избори, при што изрази надеж дека поразените ДУИ, после изборите, нема да се откажат од ова барање и ќе си заминат во политичка пензија.„Што се однесува до самата понуда, за ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека е наредниот победник благодарение на поддршката на граѓаните и желбата за промени. Се надеваме дека нема да се откажат од ова барање ДУИ, поразените, да се пензионираат од политика и за ова прашање ќе ги охрабруваме не само преку изјави, туку и преку дебата да го отворат во рамките на нивните органи и тела при што ќе дојдат до единствен став. Засега нејасно е дали изјавата на Крешник беше негов личен став и иницијатива или партиски став на ДУИ“, рече Лефков.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Лефков: Лично Ковачев го поздрави Пендаровски

„Стево Пендаровски ги сруши Македонските позиции и ја понижи нацијата кога кажа дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин.Стево Пендаровски беше поздравен и охрабрен за овој свој став лично од Андреј Ковачев. За разлика од поддршката за Пендаровски, Ковачев го нападна претседателот Мицкоски затоа што го повикал Стево да се повлече од тие негови ставови.И наместо да се срами од поддршката на Андреј Ковачев, Стево Пендаровски лично се пофали дека имал директна поддршка од Андреј Ковачев, како што тој самиот вели „евродепутатот од ГЕРБ". По што Андреј Ковачев уште еднаш го поздрави, пофали и охрабри.Ова покажува кој ги урниса македонските позиции, и зошто Македонија е понижена и блокирана.За разлика од Стево Пендаровски и СДС, ВМРО-ДПМНЕ е на линија на македонските национални интереси.Лично Стево Пендаровски и СДС истапија со тезите на најголемите бугарски шовинисти, тези кои никој во Бугарија не верувал дека ќе бидат прифатени од било кој македонски политичар, и кои се граничат со научна фантастика и до пред доаѓањето на Пендаровски и СДС им служеле само за домашен фолклор.Стево Пендаровски ја носи Македонија само во нови понижувања и мизерни ситуации. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, изјави Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Македонија | пред 1 година

grubi-4

Груби ќе го тужи Лефков: „Тој е многу гласен, ја заменува храброста со гласноста“

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на собраниска седница порача дека ќе го тужи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, поради, „клевета за изборот на надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10Д“.„Колегата Лефков е многу гласен, ја заменува гласноста со храброста, јас му упатив барање да се извини, вашата партија го прифати барањето, а тој кукавички избегнува. Поднесов веќе тужба да се видиме на суд за сето тоа што го клевети. Му недостига храброст да излезе од говорницата и да го клевети истото и ја користи говорницата на Собранието затоа што знае дека ќе се соочи со правни последици за тоа што го зборува, рече Груби.Вицепремиерот Груби се надева дека од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат конструктивни и ќе дадат придонес да го поддржат проектот и ќе имаат и тие дел во изградбата на автопатите.„Се надевам дека новите ветришта кои дуваат во ВМРО ДПМНЕ се конструктивни и ќе успееме заеднички да ја заокружиме приказната на европска Северна Македонија. Многу сум радосен за позитивната атмосфера која владее во нивната партија“, посочи тој.Левков претходно го обвини Груби за местење на тендер за коридорите и за тоа дека треба да се отвори истрага за надзорот вреден 22 милиони евра затоа што условите под кои се тендерирани се за фирма загубар да може да го добие тендерот.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања