МАКРОН

media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Франција стои зад обидот за пуч во Буркина Фасо и активности во Сахара–Сахел, тврди Русија

Руската служба за надворешно разузнавање соопшти дека Франција планира и спроведува неоколонијални пучеви ширум Африка, наведувајќи дека Париз стои зад обидот за државен удар во Буркина Фасо и активно работи на дестабилизација на регионот Сахара–Сахел.Руската служба за надворешно разузнавање известила дека Франција планира неоколонијални пучеви во Африка.Како што се наведува во извештајот, Франција била вмешана во обидот за пуч во Буркина Фасо на 3 јануари, а Париз ќе продолжи да дестабилизира земји во регионот Сахара–Сахел, пренесува TASS. Службата наведува дека Франција „жешко бара можности за политичка одмазда“ во Африка и дека францускиот претседател Емануел Макрон овластил свои разузнавачки агенции да покренат план за елиминација на „непосакувани лидери“.Според наводите на Службата, Франција истражува опции за соборување на новиот претседател на Мадагаскар, а исто така преминала и на директна поддршка на терористи од различен вид, кои стануваат нејзини главни сојузници на африканскиот континент.

Свет | пред 1 седмица

makron

Макрон: Гренланд не е на продажба и нема да биде отуѓен

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска се обрати на гренландски и дански јазик за да ја изрази поддршката на островот по разговорите со данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, пренесуваат „Политика“ и „Фигаро“.„Гренланд не е на продажба и нема да биде отуѓен. Гренланѓаните ќе одлучат за својата иднина“, изјави Макрон на гренландски, додека на дански истакна дека „Франција ќе продолжи да стои покрај Кралството Данска“.Претседателот ја оцени како „стратешки повик за будење за цела Европа“ неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста Гренланд да стане дел од САД. Макрон додаде дека Франција „била вчера, е денес и ќе биде утре“ на страната на Данска и Гренланд.Премиерката Фредериксен му се заблагодари на Макрон за заштитата на заедничките вредности и го пофали „конкретниот придонес“ на Франција во зајакнувањето на безбедноста на Арктикот. Премиерот на Гренланд, Нилсен, истакна дека Франција била покрај Гренланд „во исклучително тешка ситуација“ и дека тоа нема да се заборави.

Свет | пред 1 седмица

media-library5hcfs60jsruodlaE65U

(Видео) Стармер се пошегува со Макрон поради очилата за сонце, со реплика од филмот Топ Ган

Британскиот премиер Кир Стармер се пошегува на сметка на францускиот претседател Емануел Макрон за време на еден комичен настап во Лондон.Стармер на сцената стави пилотски очила за сонце, кои станаа препознатлив симбол на Макрон откако ги носеше минатата недела во Давос поради проблем со окото.Настанот се одржа во театарот „Dushess“, во рамки на емисијата „The Political Party Live“, каде премиерот учествуваше во интервју пред публика.Стармер го сподели видеото на својот TikTok профил, при што го означи и самиот Макрон, со коментар „Talk to me, Goose“, позната реплика од филмот Top Gun, која го популаризира токму овој стил на очила за сонце.Потегот на британскиот премиер предизвика смеа кај публиката, а тој додаде дека дури би размислил за носење такви очила и на идни средби. Сепак, се пошегува дека му се потребни неговите обични очила, бидејќи без нив не би можел ништо да види во парламентот.Макрон минатата недела ја изненади јавноста појавувајќи се на Светскиот економски форум во Швајцарија со очила за сонце, а француските медиуми подоцна известија дека ги носел за да го прикрие црвенилото на окото предизвикано од пукање на капилари.

Свет | пред 1 седмица

SeKXr-

Франција заплени танкер со руска нафта

Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека француската морнарица запленила танкер со нафта кој пристигнувал од Русија.„Француската морнарица утрово се качи на танкер со нафта кој доаѓал од Русија, под меѓународни санкции и за кој постоеше сомневање дека пловел под лажно знаме. Операцијата беше спроведена во Средоземното Море“, напиша Макрон на социјалната мрежа Икс.Макрон нагласи дека операцијата е изведена со поддршка на неколку сојузници, во согласност со Конвенцијата на Обединетите нации за правото на морето, и порача дека Франција нема да толерира никакво прекршување на законот. По проверката на документацијата, потврдени биле сомневањата за невалидноста на знамето под кое пловел бродот.Јавниот обвинител во Марсеј добил извештај за случајот, а танкерот, под придружба, бил пренасочен кон сидриште за дополнителни проверки. Францускиот претседател ја опиша акцијата како дел од борбата против таканаречената „флота во сенка“, преку која Русија транспортира нафта и покрај западните санкции.Макрон изјави дека оваа флота придонесува за финансирање на војната во Украина, наведувајќи дека руските транспортни бродови обезбедуваат приходи од десетици милијарди евра, покривајќи околу 40 отсто од руските воени напори. Според неговата проценка, меѓу 600 и 1.000 бродови учествуваат во ваквиот начин на транспорт.Тој додаде дека Франција, заедно со другите западни земји, активно работи на сузбивање на оваа практика и на обезбедување ефикасна примена на санкциите.

Свет | пред 2 седмици

putin-2

Трамп за Путин: Тој е светски лидер, Макрон никому не му е потребен

Американскиот претседател Доналд Трамп објасни зошто го поканил рускиот претседател Владимир Путин да се приклучи на Советот за мир.„Тој е еден од луѓето, еден од светските лидери. Да“, изјави Трамп пред новинарите, одговарајќи на прашање дали може да го потврди повикот упатен до неговиот руски колега.Трамп се осврна и на информациите дека францускиот претседател Емануел Макрон размислува да го одбие повикот за приклучување кон Советот за мир. Американскиот лидер изјави дека Макрон „никому не му е потребен“ во таа структура и дека наскоро ќе ја напушти претседателската функција.„Емануел? Го сакам, но нема уште долго да биде таму“, рече Трамп.Тој и претходно говореше за формирањето на Советот за мир и упати покани до лидерите на повеќе држави да се приклучат кон иницијативата.Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, потврди дека Владимир Путин официјално го примил повикот.

Свет | пред 2 седмици

makron-tramp

Трамп: Го сакам Макрон, но нема да остане тука уште долго

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го одби повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да присуствува на состанокот на Г7 во Франција.На брифингот во Белата куќа, по повод годишнината од почетокот на неговиот втор претседателски мандат, Трамп беше прашан дали ќе отпатува на самитот, на што одговори негативно, пренесува француската телевизија БФМ.„Не, не би го направил тоа. Затоа што, знаете, Емануел нема да остане тука уште долго. Тој е еден од моите пријатели. Многу е симпатичен. Го сакам Макрон, но нема долго да се задржи, како што и вие знаете“, изјави Трамп.Претходно, Макрон јавно го обвини Вашингтон дека „се обидува да ја ослаби Европа“, по најавите за воведување нови царински давачки кон земјите што го поддржуваат Гренланд, како дел од политиките поврзани со администрацијата на Трамп.Во меѓувреме, Трамп објави снимки од екран на наводни приватни пораки што му ги испратил Макрон преку апликацијата „Сигнал“. Во пораките, францускиот претседател изразува недоразбирање околу потезите на Трамп поврзани со Гренланд и предлага одржување состанок во Париз, во формат на Г7, по завршувањето на форумот во Давос, со можност на маргините да бидат вклучени и претставници од Украина, Данска, Сирија и Русија.Според објавените снимки, Макрон го поканил Трамп и на вечера во Париз, но одговорот на американскиот претседател не е прикажан.

Свет | пред 2 седмици

media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Францускиот претседател смирено по „протекувањето“ на пораката: Моите ставови се исти, без разлика каде се изречени

Францускиот претседател Емануел Макрон реагираше откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно објави приватна порака што, како што тврди, му ја испратил Макрон, истакнувајќи дека останува целосно доследен во своите ставови, без разлика дали тие се изнесени јавно или во приватна комуникација.Трамп претходно на социјалните мрежи објави порака во која францускиот претседател изразува збунетост околу американските потези поврзани со Гренланд и предлага одржување состанок на земјите од Г7 во Париз на 22 јануари, со учество и на Украина, Русија, Данска и Сирија, како и заедничка вечера.Запрашан за „протекувањето“ на пораката на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Макрон изјави дека ја презема одговорноста за своите зборови и постапки, нагласувајќи дека неговиот пристап е секогаш ист. Тој посочи дека е навикнат да биде доследен во она што го говори во јавноста и во она што го комуницира приватно, додавајќи дека проценката дали објавувањето на пораката е непристојно им ја остава на другите.Францускиот претседател потврди и дека нема да се сретне со Трамп во Давос, појаснувајќи дека американскиот претседател ќе пристигне на форумот по неговото заминување. Сепак, не ја исклучи можноста за средба на самитот на Г7, оценувајќи дека тоа би можела да биде соодветна прилика за разговор.Макрон нагласи дека Европа мора да остане смирена и доследна на својот курс, особено на економски план, со цел да обезбеди посилен раст, да ги брани сопствените интереси кога правилата не се почитуваат и да ги поддржи партнерите кога се под притисок.Во својот говор на Светскиот економски форум, Макрон претходно ги обвини Соединетите Американски Држави дека се обидуваат да ја ослабат Европа и упати предупредување за можен одговор на Европската унија доколку бидат воведени американски царини, додека Трамп ја повика Европа фокусот да го стави на војната меѓу Русија и Украина, а не на прашањето за Гренланд.

Свет | пред 2 седмици

media-library634rcdgahauccpN90IX

(Видео) Објавена досега невидена снимка: Макрон го разбудил Трамп со вест за примирје

Објавена е досега невидена видеоснимка на која се гледа моментот кога францускиот претседател Емануел Макрон телефонски го контактира американскиот претседател Доналд Трамп за да му соопшти дека постои можност за прекин на огнот во Украина. Веста предизвикала видлива еуфорија кај Трамп, кој на тоа одговорил со зборовите: „О, супер, Нобелова награда за ова“.Снимката е направена за документарен филм на France Télévisions и го прикажува Макрон како се јавува од Киев во раните утрински часови на 10 мај. Францускиот претседател го информира Трамп дека украинскиот претседател Володимир Зеленски прифатил услови за 30-дневно примирје со Русија, под надзор на Соединетите Американски Држави и со поддршка од европските земји.„Доналде, знам дека кај тебе е многу рано. Извини што се јавувам во ова време“, вели Макрон во објавениот исечок, по што додава дека Киев се согласил со предложениот договор.„Ги прифати сите услови?“, прашува Трамп, а веднаш потоа додава: „О, супер. Нобелова награда за мир за ова“. Неколку моменти подоцна, Трамп го пофалува Макрон со зборовите: „Ти си најдобар“.Во друга секвенца, снимена само неколку минути подоцна, Макрон стои покрај Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер, полскиот премиер Доналд Туск и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека повторно го информираат Трамп дека новинари се присутни и ги повторуваат деталите од договорот постигнат со украинската страна.Сепак, надежите за примирје траеле многу кратко. Само неколку часа подоцна, рускиот претседател Владимир Путин го одбил предлогот за прекин на огнот и наместо тоа предложил „директни преговори“ со Украина, закажани за 16 мај.Тие разговори, на кои инсистираше Москва, се одржаа во Истанбул, но без присуство на претседателите. Руската страна беше претставена од Владимир Медински, понизок советник во хиерархијата. Подоцна беа организирани уште едни „директни“ разговори во Турција, на почетокот на јуни, но и тие завршија без конкретен резултат, со што уште еднаш беа урнати надежите за дипломатски пробив и трајно примирје.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

(ВИДЕО) Нова закана од Трамп: 200 отсто царини за Франција

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека има намера да воведе царини од 200 отсто на француските вина и шампањи, во рамки на поширока закана за воведување трговски мерки против европските земји кои се спротивставуваат на неговиот план поврзан со Гренланд.„Ќе воведам царини од 200 отсто за француските вина и шампањи, а Макрон, ќе се приклучи на мировниот совет“, изјави Трамп пред новинарите, пренесува Ројтерс.Францускиот претседател Макрон претходно порача дека Франција „во оваа фаза нема намера позитивно да одговори“ на понудата за учество во таканаречениот мировен совет. Тој оцени дека заканите со царини се неприфатливи и нагласи дека Франција и Европската унија нема да подлегнат на притисоци.Трамп во повеќе наврати изјави дека, според негово мислење, европските земји „нема да пружат сериозен отпор“ на неговиот план за преземање на Гренланд, што предизвика остри реакции од европските лидери.Како одговор, Макрон побара од Европската унија да го активира Инструментот против присила, познат како трговска „базука“, со цел заштита на европските економски интереси. Тој истакна дека Европа ќе одговори обединето и координирано и дека европскиот суверенитет мора да биде зачуван.

Свет | пред 3 седмици

makron

(ФОТО) Трамп јавно ги сподели пораките од Макрон

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави снимки од екранот од наводни пораки кои му ги испратил францускиот претседател Емануел Макрон преку апликацијата за размена на пораки „Сигнал“.Во пораките, како што пренесува францускиот весник „Фигаро“, Макрон му напишал на Трамп дека не разбира што прави во врска со Гренланд. Во исто време, францускиот претседател навестил можност за организирање состанок во Париз во четврток попладне, по завршувањето на форумот во Давос, во формат на Г7.Според содржината на пораките, Макрон предложил на маргините на состанокот да бидат поканети и претставници на Украина, Данска, Сирија и Русија, со цел разговори за пошироки меѓународни прашања.На истите снимки од екранот се гледа и покана од Макрон до Трамп за вечера во Париз во четврток. Одговорот на американскиот претседател не е прикажан во објавените пораки.Објавата на Трамп предизвика силни реакции во јавноста и повторно ги отвори прашањата за односите меѓу Вашингтон и Париз, како и за чувствителните теми поврзани со Гренланд и геополитичките тензии.

Свет | пред 3 седмици

makron-tramp

„Трамп, не благодарам“: Париз не се приклучува на новиот мировен одбор

Францускиот претседател Емануел Макрон не планира да го прифати повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за приклучување кон предложениот „Одбор за мир“, изјавил за „Блумберг“ извор близок до францускиот лидер.Според неименуваниот извор, Макрон смета дека нацрт-повелбата на одборот ги надминува прашањата поврзани со Газа и отвора сериозни дилеми, особено во однос на почитувањето на принципите и институционалната рамка на Обединетите нации, кои Франција ги смета за неприкосновени.Извори запознаени со ситуацијата наведуваат дека неколку европски земји исто така добиле покана да се приклучат на одборот, а Доналд Трамп има намера конечната повелба и мандатот на телото да бидат потпишани во Давос, во четврток.Сепак, одредени одредби во документот предизвикале сомнежи кај дел од поканетите држави околу тоа дали воопшто треба да го прифатат учеството. Дополнителна контроверзност предизвикува барањето на американската администрација земјите што сакаат постојано место во одборот да придонесат со најмалку една милијарда долари.Според нацрт-повелбата на предложената група, во која „Блумберг“ имал увид, Доналд Трамп би бил првиот претседавач на одборот и би располагал со овластувања самостојно да одлучува за членството.Критичарите предупредуваат дека со оваа иницијатива Трамп се обидува да изгради алтернативна меѓународна структура која би можела да стане ривал на Обединетите нации, организација што американскиот претседател со години јавно ја критикува.

Свет | пред 3 седмици

media-library0j96olh9324mbhRLlbi

Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Макрон

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за разговори со францускиот колега Емануел Макрон, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна новинска агенција РИА Новости, а кабинетот на францускиот претседател веднаш ја поздрави оваа изјава.Песков изјави дека Путин смета оти, доколку постои обострана политичка волја, разговорите меѓу нив двајцата можат да се гледаат само позитивно.Макрон го застапува европското вклучување во мировните преговориВо петок, по европскиот самит во Брисел, Макрон изјави дека повторен разговор со Путин би можел да биде корисен за Европа и Украина, за Европа директно да се вклучи во мировните преговори, наместо тие сами да ги водат Соединетите Американски Држави.„Во спротивно, ние преговараме само со преговарачи кои потоа разговараат со Русите, а тоа не е оптимално“, рече францускиот претседател.Минатата недела, во Берлин, Украинците, Американците и Европјаните разговараа за мировно решение за Украина, која Русија ја нападна пред скоро четири години.Разговорите во Мајами влегле во нов круг за време на викендот. Американските преговарачи планираат да ги пренесат резултатите од Берлин на руските претставници.Рускиот преговарач Кирил Дмитриев го оцени првиот круг на преговори како конструктивен.Елизејската палата ја поздравува Путиновата подготвеност за дијалогФранцуското претседателство ја поздрави објавата на рускиот претседател дека е „подготвен“ да разговара со Макрон, додавајќи дека „во наредните денови“ ќе се одлучи за најдобрите начини за реализација.„Добро е што Кремљ јавно ја одобри оваа иницијатива. Затоа, во наредните денови ќе одлучиме за најдобриот начин на кој тоа ќе го спроведеме“, соопшти Елизејската палата.Париз истакна дека сите разговори со Москва ќе се водат „целосно транспарентно“ во однос на украинскиот претседател Володимир Зеленски и другите Европјани, а нивната цел останува постигнување „цврст и траен мир“ за украинскиот народ.„Инвазијата на Украина и тврдоглавоста на претседателот Путин ги прекинаа сите можности за дијалог“ во последните три години, додава Елизејската палата.„Сега, кога изгледите за прекин на огнот и мировните преговори стануваат појасни, повторно е корисно да се разговара со Путин“, се додава во соопштението.Макрон и Путин последен пат разговарале телефонски на 1 јули, првпат по три години, но тогаш можеле само да ги констатираат разликите во ставовите.

Свет | пред 1 месец

media-libraryfi1se1deat04bXaq8Dx

(Видео) Рама се пошегува на сметка на Трамп, а снимката стана светска атракција

Албанскиот премиер Еди Рама стана тема на светските медиуми откако за време на Самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген се пошегува на сметка на американскиот претседател Доналд Трамп.Трамп, во повеќе наврати, погрешно тврдел дека помогнал во решавањето на „сукобот меѓу Азербејџан и Албанија“, мешајќи ја Албанија со Ерменија. Рама, алудирајќи на таа грешка, во друштво на францускиот претседател Емануел Макрон и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, на шеговит начин рече:„Треба да ни се извиниш што не ни честита за мировниот договор што претседателот Трамп го постигна со нас.“Макрон ја прифати шегата и веднаш одговори: „Жалам за тоа, момци“, што предизвика смеа кај тројцата лидери.По бројните медиумски извештаи, Рама се огласи на мрежата X, истакнувајќи дека неговата изјава била извадена од контекст.„Навистина е неверојатно како денес функционираат медиумите и како таканаречената ’виралност’ може лесно да ја искриви реалноста. Реченица кажана во добро расположение, во дух на пријателство, одеднаш стана светска атракција на целиот самит, додека вистинската суштина падна во втор план,“ напиша Рама.Тој додаде дека моментот бил „лесна забелешка, пријателски миг“ во друштво со Алиев и Макрон, и дека „не е проблем ако се прошири, но претворањето во политички отров е неправедно“.Интересно, Рама во продолжение истакна и дека има почит кон Трамп:„Вистина е дека претседателот Трамп се покажа како лидер кој ја врати зборот ’мир’ во речникот на Западот по многу години. И да, за исклучително кратко време постигна мир таму каде што други се обидоа, но не успеаја, и тој и понатаму истрајно го бара.“Рама заврши со став дека сè било „ништо повеќе од пријателска шега меѓу луѓе кои, всушност, се големи почитувачи на претседателот Трамп“.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-10.41.43

Дипломатски скандал: Салвини до Макрон – „Оди сам во Украина со шлем и пушка“

Дипломатски скандал ја потресе Европската унија по изјавата на лидерот на италијанската Лига, Матео Салвини, кој порача дека „Макрон сам треба да оди во Украина со шлем и пушка“. Изјавата ја даде за време на состанок во Милано, одговарајќи на прашање за можноста Италија да испрати војници во Украина, пренесува Corriere della Sera.Француските дипломатски извори веднаш реагираа, оценувајќи дека зборовите на Салвини се „спротивни на климата на доверба и историските односи меѓу двете земји“. Во последниот период, официјален Париз и Рим водеа билатерален дијалог околу поддршката за Украина, кој, според француската страна, покажал силна соработка меѓу Франција и Италија.Ова не е прв пат Салвини да упати остра критика кон францускиот претседател. Во март годинава го нарече „луд“ и го обвини дека ја „турка Европа во конфликт со Русија“.Франција и Велика Британија предводат иницијатива за формирање „коалиција на доброволци“ која е подготвена да испрати трупи во Украина како гаранција за безбедност по евентуален мировен договор. Од друга страна, италијанската премиерка Џорџа Мелони јасно се спротивставува на оваа идеја и се залага Италија да не биде дел од ваквата воена операција.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Макрон: Израелската офанзива врз Газа може да доведе до вистинска катастрофа

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предупреди дека планираната израелска воена офанзива врз Газа може да предизвика „вистинска катастрофа“ – и за Израелците и за Палестинците – со ризик целиот регион да биде втурнат во „постојана војна“.Макрон изјави дека разговарал со јорданскиот крал Абдула II и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, истакнувајќи дека тројцата лидери делат убедување оти единствено политички и хуманитарен пат може да стави крај на конфликтот.„Веруваме дека само следниот процес може да го прекине овој војна: воспоставување траен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, масовна достава на хуманитарна помош за народот во Газа и разоружување на Хамас, паралелно со зајакнување на Палестинската самоуправа во појасот Газа,“ напиша Макрон на социјалната мрежа X.Тој повика и на распоредување на меѓународна стабилизациска мисија во Газа, како и на работа на политичко решение кое ќе одговори на стремежите и на Палестинците и на Израелците.Макрон потсети дека Франција заедно со Саудиска Арабија ќе копретседава со меѓународната конференција за решението „две држави“ во септември во Њујорк.„Ова е единствениот кредибилен пат за семејствата на заложниците, за Израелците и за Палестинците,“ нагласи тој, додавајќи: „Не на војната – да за мир и безбедност за сите.“

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања