Димитриевски: На политичката сцена има нова сила, нова енергија, свежина олицетворена во Движењето ЗНАМ
Максим Димитриевски, кандидатот за Претседател на државата од ДвижењеЗНАМ – За наа Македонија во интервјуто за „Локално.мк“ одговори наповеќе прашања за претстојните избори, како и за повеќе актуелни теми.Запрашан каква кампања очекува на претседателските и парламентарнитеизбори, Димитриевски одговори дека овие избори можат да бидат историскидоколку граѓаните со својот глас излезат од системот аа едните илидругите и додаде:„Или како јас што го нарекувам црно-сивиот свет во Македонија. 30 годинисе гласа за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ и 20 години се гласа за ДУИ кајалбанскиот блок. И со секоја смена на власта ситуацијата во земјата е сеполоша. Дел од граѓаните верува дека истите оние што претходно не јаводеле државата како треба, односно не донеле економски просперитет, неја сузбиле корупцијата, ја партизирале државата по сите основи, јаубиле надежта дека може да е поинаку, и со тоа придонеле луѓето да сеиселуваат се повеќе, овој пат ќе бидат поинакви. Дел пак вели нема закого да гласа и си седи дома. Овој пат има за кого да се гласа. Наполитичката сцена во Македонија има нова сила, нова енергија, свежинаолицетворена во Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Јас верувам декаграѓаните овој пат ќе ја препознаат оваа опција и ќе ја дадат својатаподдршка за кандидатите на ЗНАМ.На прашањето дали кандидатите кои се на црната листа на САД треба да сеповлечат од изборите, Димитриевски рече дека тоа е одлука што самитетреба да ја донесат.„Се ова покажува дека, за жал, сликата за Македонија е поразителна. Немафункционални институции. Обвинителството едноставно не си ја вршиработата согласно законите, туку работи по налог. Немаме судска власткоја применувајќи ги законите ги штити интересите на државата и награѓаните во чие име, нели и ги носи пресудите. Но, сето ова по изборитеќе се смени. Следат реформи во таканаречената трета власт, или да бидамедноставен, чесните ќе опстанат“.Во однос на прашањето дали треба да се донесе Законот за рестриктивнимерки, Димитриевски потенцира дека ние Закон за рестриктивни мерки имамедонесено, некаде во 2017 година. Тој додаде дека сега се сака да сенаправат измени на тој закон, со кои, како што рече, се задира воуставниот поредок на државата, а Македонија покажува и докажува декаинституциите не функционираат, а особено Обвинителството.„Знаете, рече Димитриевски, - црните листи државите ги прават за своицели и интереси. Имаат некакви сознанија и сакаат да се заштитат, да гизаштитат своите граѓани, фирми. Ние како држава не треба да чекаме некојоднадвор да ни кажува дека има криминал во државата, односно дека некојфункционер, политичар прави криминал, за да реагираат институциите. Тиетреба да си ја вршат работата професионално, одговорно и во согласностсо законите. Но за жал тоа не е така. Секојдневно, со години, гледамедека најголемиот криминал проаѓа неказнето. По затворите најчесто лежатситните криминалци. Спрегите кои постојат помеѓу партиите,политичарите, бизнисот, судската власт си го прават своето иМакедонија е земја во која криминалот и корупцијата се на многу високониво. Според мене ние со измените на овој закон, покрај другото јапотврдуваме и озаконуваме констатацијата дека Обвинителството не си јаврши работата за која е основано, а особено она за организиран криминали некој, односно владата, треба да му каже дека во тој и тој случајтреба секако да постапи, односно да отвори предмет и да поднесе пријавадо надлежиот суд. Па за што постои Обвинителството? Во законот си имаодредба дека по допрен глас Обвинителството е должно да постапи. Нокога на сцена ги имате спрегите за кои претходно говорев,Обвинителството не постапува. Си молчи. Всушност постапува само поналог за одредени лица. И сега ќе донесеме измени на Законот и владатаќе му каже на Обвинителството дека задолжително треба да постапи. Вонајмала рака циркус. Токму затоа во мојата програма за претседателскитеизбори, насловена како „Манифест за Македонија“, во приоритетот број пете предвидено во првите 100 дена да предложиме Национална Стратегија заборба против корупцијата. Во таа насока изразувам подготвеност дадискутираме за правните модалитети за промена на Уставот во насока да сеспречи апсолутната застареност на кривични дела сторени од избрани иименувани функционери во законодавната, извршната и локалната власт.Сметам дека е неопходно, заради обезбедување на правна сигурност,еднаквост пред законите и неселективна правда, во следниотпарламентарен состав да се отвори прашањето за законски промени за изборна Јавен обвинител на Република Македонија. Наместо на предлог наВладата, истиот да се избира со двотретинско мнозинство на предлог наопозицијата, со мандат од шест години“.Запрашан каде тој ги гледа шансите на претседателските избори, а кадеЗНАМ на парламентарните, Димитриевски одговори:„Јас ги гледам моите шанси на претседателските избори кај граѓаните.Влегов во оваа борба, бидејќи претходно имавме анализи, сондажи и многусредби, отворени средби со граѓани, не само во Куманово, туку и во целаМакедонија. Пораките кои беа упатувани ме поттикнаа да се одважам и даго направам она што го направив во Куманово и на државно ниво. Знаете,кога имате успех во работата, кога гледате дека граѓаните се задоволни,дека сте ги обединиле за одредени прашања, дека ве поддржуваат, тоа едоказ дека можете и треба да се продолжи на тој пат. На Македонија итреба обединување. На Македонија и треба претседател кој ќе ги штитиинтересите на граѓаните и нема да потпишува закони со кои ќе сеамнестираат криминалот и корупцијата. Претседателот на државата имамеханизми со кои може да го насочи бродот да плови на вистинскиот пат.Тие треба да се искористат. Некој мора да биде коректив на изршната изаконодавната власт доколку застранат, доколку не работат согласнозаконите, Уставот,интересите на државата и граѓаните. Затоа јас соличен пример ќе мотивирам, поттикнувам и придонесувам секој граѓанин даго даде својот максимум. Само со максимум напори, макотрпна работа иостварување на целите, од сите нас заедно и секој поединечно, со ум исо разум, Македонија може да стане држава каква што посакуваме. Штосе однесува до партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија, сметам декашансата е во програмата што ја нудиме, во луѓето кои ги нудиме и воцврстата определба Македонија да стане подобро место за живеење и даизлезе од сивилото кое владее со децении“.Запрашан дали ќе може да биде во коалиција со партии од албанскиот блокДимитриевски отенцира дека Македонија е држава на македонскиотнарод,која пак е израз на неговиот вековен стремеж за своја држава.„Основните начела на кои почива се АСНОМ-ските принципи, како држава намакедонскиот народ и сите граѓани што живеат во неа со подеднакви права,но и обврски спрема државата. Има линии од кои Македонците не смеат даотстапат доколку сакаат да имаат држава и да си го зачуваат својотидентитет и достоинство. Тие се темелат на АСНОМ-ските документи. Неможе Македонците во сопствената држава да бидат граѓани од втор ред и дасе чувствуваат обесправени. И не само да се чувствуваат, туку де факто ида се, особено поради воведувањето на етничките клучеви во разни областина општественото живеење. Етничките заедници кои живеат во Македонија гиуживаат сите права, согласно меѓународните стандарди. Дури во некоисегменти тие права се и поголеми. Но недозволиво е да имаме ситуација,ситуации, во кои само поради тоа што некој е припадник на одреденазаедница, ќе биде примен на работа или да извршува некаква функција, ареално ги нема потребните познавања, знаења и не ги задоволувапотребните критериуми, а друг кандидат кој ги задоволува ситекритериуми, Македонец, нема да го добие местото. Еве ќе го дадампримерот со Академијата за судии и обвинители. Таму за Македонците имаедни критериуми, а за припадниците на заедниците други. Односно тие можеда влезат во Академијата со многу помалку освоени бодови на приемниоттест. Дискриминација пар екселанс.И после во судството и обвинителствотое ситуацијата каква што е. Партиска послушост и роднински-бизнис врски.Ако некој смета дека барањето секој да исполнува критериуми запозицијата каде што треба да е или е, и да го има потребното знаење, безразлика на националната припадност, е националистичко, тогаш тоа е така.Но јас сметам дека не е. Македонија мора да има квалитетни луѓе во ситесегменти и во сите институции без разлика на етничката или било каквадруга припадност. Но, да ви одговорам директно на прашањето. Нема даимаме проблем да бидеме во коалиција со било која партија одмоноетничкиот албански блок, доколку се за европски вредности икритериуми и не работат против интересите на македонската држава, вокоја живееме сите заедно.Диитриевски одговори и на прашањето кои се условите или „црвените линии“под кои би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ, особено кога победникот вомакедонскиот блок се знае, при што рече:„Победникот ќе биде јасен по завршувањето на изборите и пребројувањетона гласовите. Повеќе пати сме кажале дека нашата цел е да воспоставимевисоко ниво на морални вредности и да создадеме систем којшто ќефункционира во интерес на граѓаните и државата. Во зависност одизборните резултати и програмските определби, а пред се националнитеинтереси, ќе се донесе одлука од страна на органите на партијата заучество во идната влада. Сум кажал и претходно дека не ја исклучувамеможноста да делуваме и опозициски“.Запрашан дали е загрозена државноста на Македонија во изминативе , осумгодини владеење на актуелната гарнитура и дали работите се„неповратливи“, како што многумина велат Димитриевски одговори:„Државноста на Македонија е загрозена повеќе од осум години. Она што сеслучува во државата внатре е најголемиот загрозувач на државноста.Поделбата по сите основи. Фаворизирањето на партиските послушници, а нена квалитените луѓе и кадри, корупцијата, неказнивоста, нееднаквитеуслови за водење бизнис, различните аршини, се само дел од нештата коија разјадуваат силата на државата.. Тоа доведува на надворешен планМакедонија да покажува слабости кои за резултат ја имаат ситуацијата вокоја сме. Лично сметам дека секоја ситуација може да се промени содобро менаџирање, мудра политика. Нема вечно дадени нешта. Кога се сакаможе да се најде решение за секој проблем, колку и да изгледа голем. Вооднос на договорите. Би сакал да потенцирам дека секој договор има двестрани. Во мојата програма за претседателските ибори „Манифест заМакедонија“, нагласувам дека ќе ги рзвивам односите со сите соседнидржави и со државите од регионот, засновани на спроведување надоговорите на база на реципроцитет со добра воља од сите страни. Затоашто обврските во договорите се однесуваат на двете страни. Не можеедната страна да ги исполни сите услови, а другата не. Тоа мора да секаже, да се нагласи. Македонија не смее да дозволи да биде во подреденаположба. Реципроцитетот е нешто што треба да се применува во секојдоговор, секој однос. Само така можеме да стекнеме почит и да си гозачувме достоинството“.На прашањето како до ЕУ и доколку зависи од него, како би го придвижилевроинтегративниот процес напред, Димитриевски рече:„Во „Манифестот за Македонија“ се предвидени неколку чекори запридвижување на процесот на интеграција. Со приоритетот број еден вопрвите 100 дена, во интерес на побрза европска интеграција, епредвидено формирање специјален експертски ЕУ тим кој ќе започнепреговарачки процес за адаптација на преговарачката рамка во согласностсо реалните внатрешни општествени околности во врска со историскитепрашања кои ги оспорува нашиот источен сосед, а се директно поврзани согенезата на македонскиот национален идентитет. Во однос на уставнитеизмени на јавноста и е познт мојот став и тој сега е вграден и во мојатапрограма, поточно во третиот приоритет од „Манифестот за Македонија“.Таму многу јасно е наведено дека по преземањето на претседателскатафункција во интерес на зајакнување на меѓусебната доверба и унапредувањена билатералните односи со соседна Република Бугарија, во првите 200дена ќе предложиме уставни измени за внесување на Хрватите, Црногорцитеи Бугарите во преамбулата, со одложена правна важност, кои ќе стапат насила во истиот момент кога Република Северна Македонија ќе станеполноправна членка на Европската Унија. Тоа е неопходно, бидејќи какосега стојат работите ние можеме да бидеме уценувани и запирани на секојчекор. Во „Манифестот за Македонија“, во начелото број еден,Единствени во надворешната политика, меѓу другото, е наведено дека какоПретседател на државата, ќе придонесувам, низ дијалог и аргументи, запостигнување висока согласност за стратегија за надворешната политика.Во второт начело, Глас на разумот и обединувањето, стои дека какоПретсесдател на државата ќе поттикнувам и одржувам редовен,конструктивен и аргументиран дијалог со политичките субјекти за дапостигнеме разбирање и согласност за клучните цели на државата – вовнатрешната и надворешната политика. Само така обединнети, со разум имаксимум напори на сите нивоа чекор по чекор ќе можеме да ги сменименештата и водата да ја наведеме на нашата воденица. Тука секако ќе нибиде потребна и поддршката на нашите стратешки партнери да се остварицелта“.Запрашан дали членството во НАТО може да ја заштити Македонија одсегашната геополитичка ситауција. Димитриевски потенцира дека државатасо членството во НАТО си обезбеди голем степен на сигурност ибезбедност.„Но, додаде тој, - сметам дека е неопходно нашата армија да бидеподготвена да одговори на сите предизвици. Во „Манифестот за Македонија“начелото број три е посветено токму на оваа тема, односно нашата одбранаи безбедност. Како врховен командант на Армијата на Македонија, ќеработам на зајакнување на капацитетите на македонската армија.Истовремено ќе ги вложам сите напори за да се валоризира нашето членствово НАТО и да се унапредува нашата улога. Советот за безбедност под моераководство ќе биде активен субјект во одбраната и во превенирање назаканите кон безбедноста на државата“.
Македонија
|
пред 1 година