„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ

Нема фотографија

Димитриевски: На овие избори настапувам заедно со граѓаните

,, На овие избори настапувам заедно со граѓанитеЗа локалните избори немав партиска логистика, бидејќи на последнителокални избори бев граѓански кандидат со собрани потписи, како и на овиеизбори. Настапувам заедно со граѓаните. Ние во движењето ЗНАМ сме малполитички субјект, дури имаме двојно повеќе потписи за граѓанскаподдршка на мојата кандидатура од вкупниот број на членови на партијата“рече кандидатот за Претседател на Македонија, Максим Димитриевски вогостувањето на Анализа на 24 Вести.Одговарајќи на прашањето зошто се вклучил во трката, кога анкетитепокажуваат дека најголема поддршка имаат големите партии, Димитриевскиодговори дека:„ Значи претходно видовме дека анкетите беа оспорени од власта, деканаводно опозицијата манипулира. И јас верувам дека со анкетите сериозносе манипулира на нашиот простор, затоа што истите служат за креирање најавното мнение, а не за анализирање и сондажа на јавното мнение. Ниеобјавивме пред неколку дена анкета од иста релевантна агенција, работенаво истиот период, како и последната лиферувана во јавноста. Не сесеќавам дека вашата телевизија истата ја објави. Одредени медиуми јаобјавија.Тоа е само доказ плус дека не сите анкети подеднакво се објавуваат. Тамурезултатот на Максим Димитриевски е најдобар. Но како и да е вистинскатаанкета ќе ја видиме на 24 по гласањето. Ние пулсот на граѓаните гочувствуваме секојдневно. Јас уште на самиот почеток реков дека во оваакампања влегов не да учествувам, туку да победам и да бидам Претседателна Македонија. Како тоа ќе се случи. Исто како што се случи во Куманово.СДСМ изгуби, бидејќи е катастрофално лош, предводен од ова раководство.ВМРО не победи.Тоа реално може да се случи и во Макаедонија.“Во однос на менувањето на Кривичниот закон и како тоа ќе го стори какоПретседател на државата, Димитриевски рече дека Претседателот и те какоима можност како и сите останати, согласно законот и Уставот да предлагазакони и дополнително Претседателот е институција во државата којаштопреговара и разговара со актуелната власт која и да е и дополни:„Со предлог закон. Претседателот е овластен да предложи закон. Ќепредложам закон дури сум подготвен тоа и со Устав да го ограничам,бидејќи недозволиво е еден функционер да не одговара за тоа што ќе гостори, а еден човек што е фатен на продажба на црно со одредени стоки,како што имавме случаи, значи за салати, краставици и така натамуодговараа луѓето. Тоа е неправедно општество. И тоа мора да се смени“.Запрашан како ќе го оствари ветувањето за 13 пензија, Димитриевскиобјасни:„ Јас не зборувам за 13 пензија, туку зборувам за 13 пензија во форма насубвенција. Како тоа може да се изведе. Секоја година во буџетотостануваат вишок нереализирани финансиски средства коишто потоа соребалансот на буџетот се прекројуваат и се даваат на одреденимнистерства коишто пак преку непродуктивни трошоци ги реализираат занабавка на разноразни непотребни работи. Едно ќе ви кажам градинките воМакедонија пред извесен период набавија филтери за воздух коишто чинатво јавната набавка четири пати поскапо отколку да погледнете на интернетсе истите модели и сето тоа. Имаме филтри за воздух, а ни течаткрововите. Тоа е тоа, перењето на пари. Тие пари наместо да се наменатнерподуктивно да се трошат, може да се пресметаат на крајот на годинатаво делот на капиталните расходи од буџетот колку тоа средстваостануваат и да се пренесат како субвенција во форма на 13 пензија насите пензионери и да бидат поделени и трансферирани кон пензионерите.Тоа би значело на годишно ниво дополнително покачување, индиректно, напензијата помеѓу седум и осум проценти, а да се следи и трендот наусогласување“.Во однос за ставот околу уставните измени и внесувањетто на Бугарите воУставот, Димитриевски рече дека може да се направат уставни измени, какошто е наведено и во неговата Програма, Манифест за Македонија, со тоашто тие амандмани ќе имаат важност откако Македонија ќе станеполноправна членка на европската унија.Во однос на менувањето на преговарачката рамка, тој нагласи дека:„Ние во овој случај имаме две преговарачки рамки, првата што ја потпишагосподинот Димитров и втората што ја потпиша господинот Бујар Османи. Идвете преговарачки рамки го потврдуваат текстот на декларацијата набугарскиот парламент за која многу малку се зборува во македонскатајавност. Каде што по ди фолт со таа декларација се негира македонскиотјазик, македонскиот идентитет, се инсистира дека Македонците постојат од44-45 година, а претходно според нив, сме биле Бугари и се навлегува вомакедонската самостојна историја. Зборуваме за преговарачката рамка декаможе и ќе ви потврдам дека може веднаш по изборите, доколку имаменационално единство, ако го видат Македонецот обединет на тие теми.Како, исто како што беше постигнато и во многу случаи во минатото илипоследните случаи со Црна Гора и Србија“.

Македонија | пред 1 година

maksim-dimitrievski-03-696x465

Димитриевски: Истакнувањето на обележје од т. н. голема Албанија е спротивно на Уставот и Законите, за ваков ли соживот се боревме

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски го осуди вчерашниот протокол и организацијата при пречекот на косовскиот премиер Албин Курти, како и одлуката за промена на името на улицата „Втора Македонска ударна бригада“.„Го осудувам јавно вчерашниот протокол и организацијата при пречекот на косовскиот Премиер Албин Курти во Општина Чаир, како и одлуката за промената на името на улицата Втора Македонска ударна бригада.- Неинтонирањето на државната химна, неистакнувањето на државното знаме, интонирањето на химната на друга држава и истакнувањето само на знамињата на заедницата и знамињата на туѓа држава е спротивно на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.Истакнувањето на обележје на јавен собир во Тетово од т. н. голема Албанија е спротивно на Уставот и Законите на државата.- Ги повикувам надлежните, во овој случај МВР и ОЈО да постапат согласно овластувањата и преземат постапки против одговорните и сторителите а надлежниот суд истите да ги санкционира доколку сеуште оваа власт има супрематија!?- Јавно прашање до раководството и моите довчерашни сопартијци:- За ваков ли соживот и взаемно почитување се боревме под паролата" Едно општество за сите"?!- Како се чувствувате денеска кога спомените на нашите паднати дедовци и баби, партизани, антифашисти од НОБ (од сите народи и народности од Македонија во тоа време) СЕ БРИШАТ и менуваат со имиња на борци за национални каузи?- Вие втор ден молчите а молкот во овој случај е повеќе и од срам“, вели Димитриевски.

Коментари | пред 2 години

345586042_3577338715831499_4562722230518583144_n

Димитриевски распали по полицијата: Со вашиот непрофесионализам, полуписменост и лукративност ги елиминиравте професионалците!

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, откако добил пријава од граѓанин за паркирано полициско возило на место каде што паркирањето е забрането, „распали“ по полицијата.„Најостро ги осудувам ваквите вандалски однесувања особено кога доаѓаат од страна на овластени службени лица во овој случај полициски службеници.- Класичен пример како не треба, за жал со оваа се потврдуваат многуте тврдења на локалната самоуправа дека тој кој што со закон е обврзан да го прави редот прв и во континуитет го крши.- Работите одамна избегаа од контрола, не ни очекувам било што да корегираат, освен да се фалат со безбедноста на хартија и на партизирани настани и да не замајуваат дека живееме во најбезбедна држава во која со калашникови како на филм се убиваат, но спас има и од вас како и од тие пред вас на ист начин, на избори, народот ќе ве смени.Возилово на МВР е паркирано преку травникот и живата ограда на тротоарот и велосипедската патека на влезот на градот на новиот кружен ток на бул. Трета МУБ на десет метри на спротивната страна од улицата има новоизграден паркинг простор кој во овој момент е полупразен. Навистина "убав пример за граѓаните" а подоцна ќе барате од општината да свикува совет за превенција преку кој наводно ќе ги едуцирате возачите на совесност, невидена хипокризија...Со вашиот непрофесионализам, полуписменост и лукративност ги елиминиравте професионалците, институциите станаа ваш заложник а ние секој ден се повеќе се срамиме од вашите институции кои ги приватизиравте.Благодарамнаграѓанинот кој совесно го пријави оваа до мене а јас во интересна јавноста го споделувам со Вас“, вели Димитриевски.

Коментари | пред 2 години

maksim-dimitrievski-03-696x465

Инвестицијата на „Лидл“ во Куманово пред блокада, вели Димитриевски

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 вели дека во моментот влезот на Лидл во овој град е блокиран од државната власт. Според Димитриевски „Врхушката од власта за тоа не знае, но го прават поединци коишто се добро поврзани на интерминистерско ниво помеѓу себе“-. Инвестицијата е блокирана, а всушност еве сега за таа работа да го прашате Ковачевски, самиот не знае. Во моментот го блокираше Министерството за транспорт и врски и времето ќе покаже кој стои позади оваа одлука, вели градоначалникот на Општина Куманово.Тој прашува зошто не дозволуваат да се вцрта и да се измени моменталниот урбанистичкиот план, да се спојат маркиците каде што ќе се дозволи на инвеститорот да гради еден голем објект со инвестиција од над 80 милиони евра. Според Димитриевски, зад блокадата на оваа странска инвестиција во Куманово стојат намерите ова земјиште да се купи за мала сума, а потоа да се препродава на трети лица кои ќе инвестираат во индустриската зона.- Ако е успешна инвестицијата, земјиштето ќе се продаде сигурно над 20-30 евра по метар квадратен на странскиот инвеститор по пат на лицитација. Но ако немате странска инвестиција таму, тоа земјиште ќе остане и ќе го купуваат како што го купуваа претходно некои инвеститори блиски и до нив и до ВМРО-ДПМНЕ за по едно и пол евро по метар квадратен. Првично земјиштето го купи фирма блиска до ДУИ, којашто понатаму ја препродаде на втори и трети лица и тие денеска инвестираат во индустриската зона, дополнува градоначалникот Димитриевски.

Македонија | пред 2 години

maksim-dimitrievski-91234

Димитриевски бара ЕУ да ја прeвоспита Бугарија

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски побара од Брисел да ја превоспита Бугарија и да најде начин како да го менаџира процесот на преговорите на Македонија со ЕУ. Вели дека доколку тој сега би бил пратеник не би гласал за уставните измени.„Јас не сум подготвен да си менувам јазик, да си менувам култура, да си менувам нација за да бидам член на Европската Унија. Македонија е можеби една од малкуте држави во светот којашто го менуваше својот Устав во последните 20-тина години како да е еден лист обична хартија. Мислам дека е недозволиво во овој момент, под вакви услови да поминат уставните измени и доколку би бил член на парламентот сигурно дека не би ги поддржал“, рече Димитриевски синоќа во гостувањето на Сител.Вели дека тој се чувствува како Европеец, местото на Македонија е во ЕУ, но секој кој ќе упати критики кон власта рече дека е етикетиран како русофил или поддржувач на Русија.Инаку, Димитриевски претходно на интервју во Софија, порача дека Бугарите мора да прифатат дека ние сме Македонци инаку нема да се разбереме. Тој во тоа интервју за натписите на спомениците на кои стои „бугарски фашистички окупатор“ кажа дека не може да ја менува историјата.

Македонија | пред 2 години

20230205080342

Димитриевски за бугарски медиум: Зошто бугарската држава повеќе од 40 години не решила да го закопа Гоце Делчев некаде во Бугарија

Гоце Делчев е синонимот на македонската борба, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за бугарски медиум.Димитриевски во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија изјави дека стигнал во Бугарија поради тоа што не навредувал полицајци, не бил агресивен и се однесувал културно и европски.„Секогаш ги слушаме изјавите на политичарите и велат сакаме да врвиме напред, всушност тие се главната причина зошто одиме назад. И секогаш пред избори, во предизборниот период особено тука во Бугарија името на Гоце Делчев и односите помеѓу Македонија и Бугарија се користат во предизборна кампања, се собираат политички поени. А, дали сакаме да одиме напред, да секако. Гоце Делчев е симболот на македонизмот, Гоце Делчев е Македонија и Македонија е Гоце Делчев. Ние го почитуваме и сакаме и тоа во секој кабинет во Македонија. Јас го почитувам ставот на господин Христов, но Гоце Делчев кажува за самиот себе што е и каков е“, изјави Димитриевски.Тој информираше дека за положување на цвеќе во Скопје чекал два часа, бил најавен во делегацијата и чекал затоа што такви биле мерките за безбедност.„Ние сме Македонци, вие сте Бугари. Гоце Делчев е синонимот на македонската борба, еден од современите македонски преродбеници. На крајот, каде почива? Во Скопје, тоа му била последната желба. Зошто не го решила бугарската држава повеќе од 40 години да го стави во саркофаг да го закопа некаде во Бугарија, бидејќи сакал да почива во независна Македонија“, рече Димитриевски.Кумановскиот градоначалник порача дека Бугарите мора да прифатат дека сме Македонци, инаку нема да се разбереме. Вчера денот беше тензичен, но немаше нереди. Чествувањето на херојот Гоце Делчев претходно беше оценето како настан од висок ризик.

Македонија | пред 3 години

maksim-dimitrievski-43

Димитриевски: Ако се отвори бугарски клуб со несоодветно име ќе бараме реакција од државата, ако не, никој нема да може да ги спречи кумановци

Во име на мојата општина, на 4 февруари полагам цвеќе на гробот на Гоце Делчев. И годинава сме пријавени и очекувам одобрување. Апелирам до граѓаните на достоинствен начин да го испочитуваме ликот и делото на Делчев. Исто така, апелирам до оние кои ќе дојдат од Бугарија да покажат достоинство оти доаѓаат да почитуваат еден голем ревелуционерен лик. Не смееме да забрануваме некој да влезе во земјата, но полицијата и безбедносните служби треба да ги детектира личностите кои сакаат да направат проблем и тоа да го решат со време, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово во емисијата студио 10 на ТВ24.-И Џамбаски и кој било друг што нема да ја почитува земјата, што ќе ја негира земјата, ако го сторат тоа сега треба да им се забрани понатамошен влез во Македонија, вели Димитриевски.Тоа што го кажа Османи во Бугарија повлекува барање за оставка, вели Димитриевски за изјавата на министерот за надворешни работи со која рече дека повеќе ѝ верува на една странка во случајот отколку на органите на законот и правдата.-Македонија е демонтирана држава, службите се демонтирани. Денес нема кој да соработува со службите во заштита на државата – а тоа не е срамно – затоа што луѓе беа лустрирани затоа што работеле за Македонија, вели Димитриевски додавајќи дека државата станува се послаба.Куманово е мултикултурен град на толерантни луѓе, вели Димитриевски за најавите за отворање уште еден бугарски клуб овојпат во Куманово. -Кај нас сите се добредојдени ако сте добронамерни. Ако не сте добронамерни и не негирате, Кумановчани од добронамерен народ стануваат пркосни и реагираат, вели Димитриевски додавајќи дека прагот на толеранција не смее да се премине.-Ако има обид да се отвори бугарски клуб со несоодветно име ќе ги повикаме официјалните, државните служби да реагираат. Ако тоа не се случи, никој не може да ги спречи кумановци да се самоорганизираат, вели Димитриевски.

Македонија | пред 3 години

maksim-dimitrievski0123

„Нека учи малку премиерот од соседна Бугарија или Србија како се менаџира енергетска криза“, вели Димитриевски

„Не можете вие во енергетска криза да влезете и да најавите енергетска криза, а да немате претходна комплетна стратегија. Еве, ќе ја земам Бугарија за пример. Односите се такви какви што се со Бугарија, но ние сакале или не еден ден мораме да бидеме партнер, бидејќи народот е океј - официјалната политика не е добра којашто доаѓа од Софија, но една Бугарија којашто е најсиромашна држава во Европската Унија наоѓа можност да го субвенционира стопанството со две третини од вкупниот износ на сметката на секој правен субјект. Тоа за нас е мисловна именка. Нека учи малку и премиерот и сите останати задолжени за оваа работа од соседна Бугарија. Да не зборувам за Вучиќ или Србија кадешто претседателот Вучиќ многу вешто игра во оваа состојба, цената на гасот кај нас е неколку пати поскапа. Всушност и последниот проект „Open Balkan“ што се промовира на голема врата е одлична идеја, па кога ќе отидете на граница чекате четири часа. Па, за каков „Open Balkan“ зборуваме?“, ова вечерва го потенцираше градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостувањето во емисијата „Аргумент плус“ на телевизија 24.Тој истакна дека ова е последниот момент за државата.„Сериозно сум загрижен и за државата, но и за граѓаните Ние сме денеска крај на месец септември, вообичаено на крајот на овој месец, пред секоја врата и домаќинство гореше ќумбе и се печеа пиперки. Зошто? Бидејќи е скапо да купите ајвар, а дома можете поевтино да си го направите. Колку куќи вие денеска видовте дека се пече ајвар? Многу помалку од минатата година“, рече Димитриевски.Во однос на граѓанското здружение „За наше Куманово“ и формирањето на движење, Димитриевски изјави дека основната определба е да се вратиме на асномските и крушевски корени на државата, бидејќи се избега многу далеку и се разнебитивме самите себеси поради погрешните, популистички и алчни политики на поединци.„Тоа мора да го сузбиеме. Македонецот е Македонец и од него друго не бива. Субјектот е и ќе биде по примерот на Куманово. Ние имаме советници и Срби, и Албанци, и секако во движењето имаме и Роми. Ќе биде мултиетнички, но, мора да се почитува вредноста и достоинството на Македонецот затоа ние со овие погрешни политики сме за жал од национален аспект загрозени“, посочи Димитриевски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања