МИЦКОСКИ

mickoski-filipce

Можеби со странски финансиски извори е финансирана ВМРО-ДПМНЕ, вели Филипче праша: „Зошто Мицкоски комуницирал со следени групи?“

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју за Слободен печат, укажа дека можеби една од причините поради кои власта се противи на декласификација на документацијата поврзана со случајот во Агенцијата за национална безбедност е стравот да не излезат на виделина информации за сомнителни странски финансиски извори поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.„Имаше сомнителни извори на унгарскиот кредит, дали се тоа кинески или руски пари, никој не знае. Гледате каков е сојузот помеѓу Русија и Кина на светско ниво. Дел од сознанијата во врска со финансии коишто доаѓаа за време на нашето владеење кон некои структури – исто така. Можеби е тоа една од темите коишто ќе излезат ако се декласифицираат овие податоци сега од АНБ. Мислам дека власта нема да го направи, поради тоа што сметам дека ќе избега од таа тема“, рече Филипче.Во интервјуто, Филипче повторно повика на декласификација на документацијата, велејќи дека тоа е единствениот начин за расчистување на аферата, без потреба од судски одлуки.„Во законот јасно пишува дека дека одговорен за декласификација на документите, доколку постои сомнеж за криминал или злоупотреба, е самата институција, односно АНБ Значи, од Агенцијата за национална безбедност и од директорот зависи дали тие материјали ќе се декласифицираат или не. Ние бараме да се декласифицираат, да видиме кои луѓе биле пратени, кои групации и зошто, да видиме дали имало прекршување од било кој – ако треба некој да понесе одговорност“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, постои едно специфично прашање, а тоа е дали со тие групи кои што биле пратени и биле обработувани материјали согласно капацитетот и ингеренциите на Агенцијата за национална безбедност, комуницирал и премиерот и зошто комуницирал.„Дали тој бил директно пратен или комуницирал со некој кои што биле пратени заради сомнителни активности? И тоа е исклучително прашање. Апелирам да во што пократок рок тие документи се декласифицираат и јавноста да знае за што станува збор“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

kocevski1111

Кој го прислушкувал Мицкоски и по чија наредба?, прашува ВМРО-ДПМНЕ и бара истрага

ВМРО-ДПМНЕ побара итна истрага за, како што го нарекуваат, најголемиот скандал со прислушкување и следење на претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Од партијата обвинуваат дека Јавното обвинителство и неговиот прв човек Љупчо Коцевски со денови молчат и не преземаат ништо по објавените информации.„Јавното обвинителство досега веќе требаше да отвори истрага за да ги истражи сите наводи за скандалозното следење на Мицкоски, новинари и бизнисмени од страна на безбедносните служби во времето на владеење на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според опозициската партија, молкот на обвинителството и на Коцевски отвора сомнежи дека тој знаел за активностите, бидејќи во истиот период бил задолжен за следење на издавањето на посебни истражни мерки.„СДС ги вплетка не само службите, туку и јавното обвинителство во својата шема за опстанок на власт. Потребна е итна истражна постапка која ќе ја открие вистината и ќе ги идентификува сите инволвирани – од извршителите и помагачите, до оние кои ја дале наредбата“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека одговорност мора да има и за извршителите и за наредбодавците.

Македонија | пред 4 месеци

unnamed-2

Прислушувањето на АНБ не е удар врз мене и новинарите, туку врз демократијата, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на состанокот посветен на партнерството за отворена власт порача дека најновите информации за незаконско прислушување не се личен напад врз него, туку директен удар врз демократијата и правото на слобода.„Јас лично, тогаш како претседател на опозицијата, а денеска како премиер, заедно со новинари, медиуми, бизнисмени и јавни личности сме биле жртва на системот кој ги следел своите граѓани. Ова не е напад само врз мене, туку врз демократијата, врз правото на слобода, врз темелите на државата“, изјави Мицкоски.Тој истакна дека злоупотребата на безбедносните служби нема да остане без одговорност и најави правна разрешница. „Нема да има селективна правда. Ќе има одговорност. Ќе има правна разрешница. Времето на недопирливи заврши“, порача премиерот.Мицкоски додаде дека партнерството за отворена власт е најсилниот одговор на ваквите злоупотреби, бидејќи, како што рече, „каде што има светлина, нема простор за сенки“.„Нашата визија е да изградиме држава со силни институции, модерна администрација и економија што расте, со општество што верува во демократијата. Македонија стои цврсто на патот на реформите, на европската интеграција и на борбата против корупцијата. И од тој пат назад нема“, нагласи премиерот.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-30-at-13.27.05

Мицкоски за предлогот на Филипче: Донесоа декларации дека нема да менуваат име и нема да прифаќаат ултиматуми - па прифатија сѐ

Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува со предлогот на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче за донесување на нова декларација во Собранието со „црвени линии“ во контекст на евроинтеграциите, за ако има ново вето, да се стави крај на преговорите. Според Мицкоски, тоа е само нова „итроштина“.„Мислам дека СДСМ и ДУИ го потценуваат народот и граѓаните и играат на картата на кратка меморија. Јас ќе ги потсетам дека тие имаа таква декларација во Собранието, да не прифаќаат ултиматуми од Софија, па прифатија сѐ. Имаше и една декларација во Парламентот дека нема да има промена на името, па знаете што правеше СДСМ. Исто така ќе ве потсетам дека ќе ги почитуваа резултатите од референдумот, а потоа не ги почитуваа кога беше неуспешен“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

bujar-osmani

Османи: ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали испраќа пораки за затоплување на односите со ДУИ

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денеска изјави дека од ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали стигнуваат пораки за затоплување на односите меѓу двете партии, и тоа во насока на можен влез на ДУИ во Владата.Изјавата следи по коментар на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој од Битола порача дека опозицијата ќе загуби на локалните избори во сите општини и повика ДУИ да биде конструктивна опозиција, особено околу измените на Изборниот законик и обезбедувањето на Бадентеровото мнозинство.„Премиерот во јавноста дава такви пораки сметајќи дека така ќе им помогне на коалициските партнери, но не пушта такви пораки преку приватните канали. Други пораки се праќаат до ДУИ за да се затоплат односите. Меѓутоа, нашиот став е јасен: ДУИ нема да прави пазар за влегување во Влада – излези еден, влези друг“, изјави Османи.Тој додаде дека Албанците нема да дозволат да бидат третирани како „аморфна маса“ и дека самите преку избори ќе одлучат кој ќе ги претставува во Владата. Османи направи споредба со 1990-тите години на Косово, кога, како што потсети, „Милошевиќ од Белград носеше претседател на Косово, а Албанците создадоа паралелни институции за да покажат дека нема да прифатат наметнати претставници“.Османи истакна и дека анкетите покажуваат водство на Националната алијанса за интеграција, преименуваниот „Европски фронт“, во однос на коалицијата ВЛЕН, со сооднос од три спрема еден.На новинарско прашање дали има постојана комуникација меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Османи одговори потврдно, нагласувајќи дека не може повеќе да се премолчуваат разликите меѓу јавните и приватните ставови. На дополнително прашање дали под затоплување на односите се подразбира идно коалицирање и влез во Владата, Османи кусо рече: „Да“.

Македонија | пред 5 месеци

mickoski-za-dui

Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, како и подобрување на условите за работа.„Станува збор за потпишување на колективен договор во историска смисла на зборот за вработените во социјалните установи и центрите за социјални работи ширум државата. Со тоа ќе имаме значително зголемување на платата, започнувајќи од платата за месец август. Во периодот којшто следи Министерството за социјална политика, демографија и млади прави би рекол историски чекор во таа насока, но не е само зголемувањето на платите коешто треба да биде 20тина%, туку станува збор и за услови коишто ќе го подобрат амбиентот на работа на вработените во тие установи и ќе значат дополнителна енергија во рамките на социјалната политика во Македонија како држава.“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

mickoski-rek-bitola

Мицкоски: Честит Голема Богородица, благодарност до рударите во РЕК Битола

Премиерот Христијан Мицкоски, од РЕК Битола упати честитка по повод големиот православен празник Голема Богородица и го одбележа денот на рударите. Тој им посака здравје, среќа и љубов на сите граѓани, истакнувајќи дека празниците се моменти за обединување и духовна сила, кои помагаат да се надминат секојдневните предизвици.Мицкоски со посебна почит се обрати до рударите, кои ги нарече „јунаци“ поради нивната пожртвувана и макотрпна работа во РЕК Битола. „Благодарение на нивната енергија и секојдневен труд, ние имаме енергетска стабилност, а тоа значи и стабилен економски раст на Македонија и на македонското стопанство,“ рече тој.Во своето обраќање додаде дека е убеден оти мотивацијата и желбата на рударите нема да изостанат и дека во иднина ќе следуваат уште подобри резултати за македонскиот енергетски систем, рударството и економијата во целина. На крајот упати честитка до сите православни верници по повод празникот Голема Богородица и на рударите им го честиташе празникот со традиционалниот поздрав „Среќно“.

Македонија | пред 5 месеци

Venko-SDSM-1

Филипче: Неспособноста на Мицкоски да испорача резултати го турка повторно во старите измислени сценарија за хаос

Премиерот Христијан Мицковски повторно покажува целосна неспособност и менаџирање на државата. И денеска и една година наназад за политичкиот неуспех на Мицковски криви се СДСМ и ДУИ, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во изјава за Телма телевизија. Филипче обвинувањата на премиерот Мицковски дека СДСМ и ДУИ имаат тајни планови за хаос и политички малверзации за изборите ја оценува како резултат на немањето капацитет да се води државата.„Иако пред повеќе месеци Уставниот суд ја донесе одлуката и го укина телото од изборниот закон од процентот на потребни потписи да се кандидираат независните листи власта чекаше до последниот момент да даде предлог на закон откако изборите беа распишани. За жал не направија ништо ниту да се обидат тој закон за помине во Парламентот, не дојдоа сите пратеници од коалицијата од ВЛЕН од дел од националностите. Не се ни обидоа да го обезбедат бадентеровото мнозинство иако ние како СДСМ дадовме поддршка за тој процес. Излеговме во пресрет и ја подржавме и го поддржавме и предлогот да се намали цензусот на 0,5% во интерес на тоа да граѓаните ја изразат својата волја преку независните листи да може во еден јасно структуриран процес тие да се кандидираат и да ги дадат своите кандидати. За жал власта целосно потфрли“, рече ФилипчеЦелосно одговорен за оваа работа Филипче го смета премиерот Мицковски и владејачката коалиција кои дозволија отворање можности да се злоупотребат изборите во нивна корист, да го скријат очигледното губење огромен број на гласови.

Македонија | пред 5 месеци

mickoski

Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна, кога беа на власт имаше само многу криминал

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на самиот почеток ги отфрли сите обвинувања за етничка нееднаквост од страна на ДУИ и истакна дека ДУИ означува криминал, неспособност и корупција, како и дека тезите се неконструктивни со што приложи докази за финансиската поддршка од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кон општините кои ги предводат градоначалници токму од ДУИ.„Нивната улога во Владата значи многу криминал, многу неработа, многу неспособност, многу корупција, и сега тие ставаат знак на еднаквост помеѓу сите овие епитети коишто го има нивното учество во Владата и етничката поларизација, доколку тие не се тогаш тоа било етничка поларизација, мислам дека таа теза им е погрешна. Еве на пример да речеме ако ги гледаме бројките ќе го споменам Кичево. Кичево градоначалник е Фатмир Дехари од ДУИ, во првиот повик скоро 56 милиони денари, проекти финансирани од оваа Влада, во вториот повик скоро 330 милиони денари, или вкупно 385 милиони денари за 16 проекти, тоа е повеќе од 6 милиони евра. Струга на пример, градоначалник е од ДУИ господинот Рамиз Мерко којшто е на листата на санкции на САД, во првиот повик има еден проект којшто е околу 135 милиони денари, вториот повик има 5 проекти вредни 307 милиони денари или вкупно 443 милиони денари. Сарај, во вториот повик имаме 5 проекти од близу 320 милиони денари, коишто оваа Влада ги обезбедила за општина во којашто градоначалник е од редовите на ДУИ“, објасни претседателот Мицкоски.Мицкоски исто така направи јасна дистинкција за време на владеењето на СДС и ДУИ кои не финансирале ниту еден проект во општините каде што се градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.„Доколку одиме назад и доколку ги анализираме првите три години на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ дали некој од нив ќе се сети на проект којшто е финансиран од владата на СДС и ДУИ, одговорот е ни еден. Повеќе од 40 општини не добија буквално ниту еден проект којшто го финансираше таа влада. Јас навистина ги отфрлам како неконструктивни и пораки коишто припаѓаат на минатиот век, навистина жалам што нереформираното, криминално и коруптивно ДУИ сè уште живее во тие години, и уште мисли дека со таков тип на пораки ќе придобие симпатии во јавноста мислејќи дека ако се радикализира, мислам дека грешат и тоа ќе го видат на локалните избори коишто ќе се случат за помалку од два месеци“, дециден е претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

vlada

Мицкоски најави реконструкција на Владата, ќе се менуваат министри

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека веднаш по локалните избори ќе следи реконструкција на Владата и отворање на партијата за нови кадри, со цел да се обезбеди „повеќе динамика и поголем капацитет“ за реформите.„И затоа веднаш после овие избори ќе ги отвориме вратите на партијата за нови смени и за нови луѓе, и во Владата ќе има реконструкција и подобрување и поголема динамика на капацитетите. Веќе добро знаеме како може уште посилно и похрабро со зголемени потенцијали. Тоа не значи дека луѓето кои ќе бидат заменети биле лоши или немарни, но на Владата секогаш ѝ треба подинамичен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме“, рече Мицкоски.Тој додаде дека Македонија е на „патот на промените и заедничките успеси“ и дека резултатите веќе се гледаат во макроекономските показатели. „Имаме зголемен извоз, зголемен БДП, раздвижена економија, раст на стопанството, а времето на реално чувствување на овие резултати кај реалниот човек доаѓа“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.„Не сум човек кој ги гледа работите од дистанца, и затоа промените во Владата ќе значат уште посилно темпо и уште поголеми заеднички успеси кои ќе оделотворат дека сме на правиот пат и граѓаните го направиле вистинскиот избор“, додаде тој.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-23-at-12.25.41

„Со фантомски листи сакаат да ја изиграат демократијата, но народот нема да се прелаже“, вели Мицкоски

„Со фантомски листи сакаат да ја изиграат демократијата, но народот нема да се прелаже“Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини дека СДСМ и ДУИ преку „инфлација од независни кандидатури и фантомски листи“ се обидуваат да го заматат изборниот процес и да ја прикријат, како што рече, „сликата на историскиот пораз кој им претстои“.„Зад оваа игра не стојат само партиските штабови, туку и длабоката држава на СДС и ДУИ, нивните луѓе распределени во судството и ДИК. Денес тие се во коалиција за да го спречат поразот кој ќе им го донесе ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на локалните избори“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека владејачките партии продолжуваат со „матрицата на манипулации и подметнување“. „Не само што не се променети СДС и ДУИ, туку тие сакаат да докажат дека и непроменети ќе го прелажат народот. Но народот е мудар. За бадлија им е, тоа сакам јавно да им порачам. Вие сте гробари на демократијата и слуги на криминалот. Колку повеќе магла создавате, толку посилна ќе биде светлината на победата“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.„ВМРО-ДПМНЕ е гаранција дека овој народ ќе ја закопа токму таа длабока држава што 30 години ја гуши државата“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

unnamed-4

Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде целосно функционален и оперативен

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека хидросистемот Ѓавато е во процес на санација и дека во најскоро време ќе биде целосно функционален и оперативен. Тој нагласи дека заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, на лице место ги утврдиле проблемите што со години наназад го попречувале системот да работи со полн капацитет. Мицкоски посочи дека голем дел од цевководите биле оштетени и нефункционални, што предизвикувало значителни загуби на вода.Премиерот истакна дека благодарение на општествено одговорна компанија веќе се пристапило кон санација на цевките и дека се очекува во наредните денови тие да бидат целосно санирани, што ќе овозможи зголемување на количината вода која се носи до резервоарот и понатаму во Дојранското Езеро. Дополнително, тој нагласи дека од предвидениот капацитет на хидросистемот од 1.000 литри во секунда, моментално функционираат само две бунарски пумпи со капацитет од по 100 литри во секунда, додека останатите не се во функција. Планот на Владата е најскоро време да се оспособат уште четири пумпи, а потоа и дополнителни две, со што ќе се достигне целосниот капацитет на системот.„Со тоа не само што ќе се подобри состојбата со Дојранското Езеро, туку ќе се помогне и на земјоделците и на граѓаните во регионот кои во одредени периоди од годината зависат од овој водовод,“ рече Мицкоски. Тој додаде дека Владата ќе донесе одлука фабриката за опрема и делови при склоп на РЕК Битола да ги демонтира и санира потребните пумпи во рок од десет дена.Мицкоски најави и поставување на соларни панели и батериски системи со вкупна моќност од околу 2 мегавати, со што ќе се намалат огромните месечни трошоци за електрична енергија, кои сега изнесуваат околу 200.000 евра. Според него, ова ќе значи заштеда од приближно 2,5 милиони евра годишно, пари кои ќе се користат за одржување на хидросистемот.„Пристапуваме системски, со цел Ѓавато да стане целосно оперативен и функционален во најскоро време,“ истакна премиерот, додавајќи дека години наназад апелите на вработените не биле слушнати од претходните власти.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-21-at-09.43.32

(Видео) Мицкоски на гробишта во Кочани, родители се пожалија на притисоци и заплашување

Родителите на дел од загинатите деца во дискотеката „Пулс“, се сретнаа со премиерот Христијан Мицкоски, кој при посетата на Кочани, беше да запали свеќи на градските гробишта. Тие му ги кажале проблемите со кои се соочуваат, се пожалиле на притисоци. Имале забелешки и на постапувањето на институциите.„Само што ќе се објави нешто од наша страна, од родителите, веднаш од сите страни почнуваат со клевети, навреди и сето тоа ни е дополнителен стрес“, рече мајка на загинато дете, а Мицкоски возврати: „Ова е слободна држава, сѐ што мислите да правите, да кажете, да објавите, сѐ што мислите, од мене имате поддршка“.На ова мајката возврати: „Од вас можеби имаме поддршка, но на претходниот Марш имаше луѓе што сакаа да дојдат од Штип, од Виница, но кај 'Национал' се сопрени, претресни и е правено претрес. Тие не се убијци, атентатори...“„Секој кој што сака да се прилучи и да даде поддршка, ја има мојата поддршка, секој, еве јавно кажувам, пред камера овде. И никој нема право ниту да ве претресувани ниту да ве легитимира, надвор од законот“, рече Мицкоски.На гробиштата, Мицкоски беше придружуван од пратеникот Миле Лефков, кој досега, не се приклучи на ниту еден Марш на родителите, иако беше повикуван. Тој е единствениот пратеник во македонскиот парламент кој доаѓа од Кочани.

Македонија | пред 5 месеци

sela-2

Алијанса за Албанците – крилото на Зијадин Села: Мицкоски со изјавата за УЧК ги провоцира Албанците

Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за Националноослободителната армија се скандалозни и претставуваат отворена провокација кон националните чувства на Албанците“, соопшти Алијансата за Албанците – крилото на Зијадин Села.Од партијата обвинуваат дека Мицкоски се обидува да негира и забрани „славен дел од историјата“, и додаваат дека досега премиерот „поништил многу права и достигнувања“.„Она што нè загрижува уште повеќе е молчењето на Албанците во Владата, кои очигледно сакаат да го поминат ова со релативизации, па можеби дури и со напади врз Албанците како што правеа досега“, велат од Алијансата.Тие предупредуваат дека ваквите изјави се опасни за стабилноста, меѓуетничките односи и европската перспектива на земјата.

Македонија | пред 5 месеци

Mickoski-Carina

Мицкоски: Илинден е жив идентитет и обврска за иднината

„Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност, жива вистина за Македонија која живее“, порача премиерот Христијан Мицкоски по повод 2 Август – Илинден. Тој подвлече дека овој ден не е само историски спомен, туку постојан потсетник на стремежот за слобода, правда и државна самостојност.„На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ја започнаа нашата борба за достоинство. Тој стремеж денес е остварен, но не и завршен“, рече Мицкоски, нагласувајќи дека Илинден е и обврска – особено за институциите, кои мора да работат чесно и одговорно.Тој посочи дека Владата е свесна за довербата што граѓаните ѝ ја дале и за обврската таа да се оправда со резултати.„Ќе ја направиме Македонија држава на можности – праведна, безбедна и просперитетна, со силни институции на страната на граѓаните“, рече Мицкоски, додавајќи дека оваа генерација политичари има должност да покаже дека може подобро – и ќе покаже.Во пораката премиерот подвлече дека Илинден обединува и повикува на надминување на поделбите: „Да извлечеме сила од историјата и да ја претвориме во иднина. Да ја продолжиме борбата, но со знаење, визија и одговорност.“

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања