МИЦКОСКИ

media-librarygjkk3vu7f4kteUCv0nw

Османи: Во Чаир има општонароден отпор кон Мицкоски, по изборите ќе преговараме за заедничко владеење

Кандидатот за градпначалник на Чаир, Бујар Османи, самиот најави преговори за влез на ДУИ во Влада, иако власта е децидна дека за нив нема место на „Илинденска“. Османи го нападна премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека испраќал пораки преку посредници, а друго зборел во јавност, но и дека Албанците имале општонароден отпор кон него.„Веднаш по изборите, победниците кај Албанците ќе седнат да преговараат, никој нема да ги земе. Ќе седнеме да преогвараме за заедничко владеење, за да се откочат преговорите со ЕУ...“, рече Османи.Тој посочи дека гледал фрустрации кај Албанците, нагласувајќи дека Мицкоски им допира по нервите.„Ја слушнав изјавата на владините претставници кои рекоа дека нема да има парламентарни избори. Тоа е знак на страв и паника, обид да се плашат луѓето со 'еве остануваме во Влада, ќе имате проблеми ако не гласате за нас'. Премиерот знае дека соодносот е 3:1, ги правем анкетите. Меѓутоа тоа што ми пречи е што премиерот продолжува да дава двојни пораки, едни за јавност, други преку посредници. Со порака до нас, дека по изборите треба Владата да се реконфигурира. Ние враќаме и јавно и преку посредниците дека ја поминува црвената линија. Нема поголема навреда од тоа да му кажете на албанскиот народ 'едни ќе земам, други ќе оставам'. Не знам дали тоа го прави свесно или не е свесен кој нерв го допира кај Албанците. Таква навреда дека премиерот ќе земе некои Албанци, ќе извади некои Албанци, има допрено до сржта на достинството. Јас ја гледам фрустрацијата. Во Чаир има општонароден отпор кон него“, рече Бујар Османи.„Сме му кажале дека веднаш по изборите, победниците кај Албанците ќе седнат и ќе преговараат, никој нема да ги земе. Ова не е ничија држава и Влада, за некој да ги земе, а некој да ги извади Албанците“, додаде тојк

Македонија | пред 4 месеци

media-library9v6m4fsqtp84bz1f4Ut

(Фото) Премиерот со кандидатите за нов мандат во природа

Премиерот Христијан Мицкоски утрово заедно со дел од градоначалниците кои се кандидати за нов мандат во скопските општини учествуваше во планинарска тура на Скопска Црна Гора.„Спортско-рекреативна тура на Скопска Црна Гора. Уживавме во убавините на природата“, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Гази Баба и кандидат за уште еден мандат, Бобан Стефковски, споделувајќи фотографии од настанот.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarymu6ul7vl28072Q3VktU

Неизвесност се уставните измени за внесување на Бугарите

Владата посветено работи на спроведување на Реформската агенда и Планот за раст на Европската Унија, со цел Македонија да нема незавршена „домашна работа“ надвор од политичкото прашање со Бугарија. Ова беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите што го одржаа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.За имплементацијата на агендата номинирани се претставници од сите институции, со цел реформите да продолжат без застој и за време на локалните избори. Владата го смета процесот за клучен бидејќи е усогласен со европската регулатива, што треба да овозможи побрзо затворање на кластерите во преговорите.Сепак, останува неизвесност за политичкиот дел – уставните измени. Премиерот Мицкоски повтори дека бара гаранции од Брисел и Софија дека тоа ќе биде последното условување на патот кон членството во Унијата.„Потребна е малку поробустна акција од друг центар на моќ. Разговарав со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по неговата посета во Софија. Со право бараме гаранции по сè што направивме во минатото. Очекувам некаков тип на приближување со почетокот на следната година. Исто така, имав разговор со уште еден премиер од водечките земји на ЕУ, и од таму очекувам поробустна акција во насока на решавање на ова прашање“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhvacng72okancOgBmnI

Премиерот против зголемување на платите на судиите: „И сегашните би им ги намалил“

Владата работи на усогласување на законите со Реформската агенда и Планот за раст на ЕУ, но нема да ги прифати сите препораки од Брисел. Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите порача дека нема да се дозволи либерализација на цената на струјата, бидејќи тоа би значело драстично поскапување за граѓаните во следните години.Како особено спорно тој го наведе и барањето за зголемување на платите на судиите и обвинителите, за што според пресметките би биле потребни околу 100 милиони долари годишно – двојно повеќе од сегашните трошоци. „Тие и сега имаат превисоки плати, а довербата кај граѓаните е само 2%. Лично и сегашните плати би им ги намалил,“ изјави Мицкоски.Владата најави компаративна анализа на платите во пет земји членки на ЕУ (меѓу кои Германија и Хрватска), по што ќе се утврди конечниот став. Слична постапка ќе се применува и за други закони – сите предлози најпрво ќе се праќаат во Европската комисија, а дури потоа во Собранието, за да се избегне нивно повторно менување.ЕУ во своите документи бара Македонија да го зголеми буџетот за судството и обвинителството на најмалку 0,8% од БДП, бидејќи сегашното издвојување (околу 0,3%) е далеку под законскиот минимум. Според Брисел, зголеменото финансирање е предуслов за независност и функционалност на правосудството.Освен правосудството, Мицкоски најави и други „црвени линии“ кон Брисел – нема да се менува даночната политика, а измените на Кривичниот законик во делот за злоупотреба на службена положба ќе се разгледуваат преку компаративни анализи.И покрај резервите, вицепремиерот за европски прашања Орхан Муртезани остана оптимист дека до крајот на годината Македонија може да биде лидер во регионот по исполнување на Реформската агенда, иако моменталната реализација е околу 40%.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryq9lt4ptuhfu38MQ4Np6

Мицкоски: Има основани сомненија за инспираторите за пожарите, има и приведени, одговорност ќе има, граѓаните да бидат спокојни, државата е стабилна и напредува

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Алсат говорејќи за последните случувања со пожарите истакна дека постојат индиции кој може да биде инспиратор за сето тоа, веќе има поголема група на осомничени, и потенцираше дека институциите брзо се справија со предизвикот, ситуацијата е нормализирана, а одговорност ќе има за сите тие кои не сакаат да имаме стабилна и држава која напредува.„Има индиции, имаме основано сомневање кој може да биде инспиратор за сето ова што се случуваше, но можам да кажам дека сум исклучително задоволен што за многу кратко време институциите во една координирана акција успеаја да го совладаат предизвикот и денеска можам да кажам дека состојбата и во Дрисла, и Вардариште, и во Трубарево е нормализирана и нема ни чадење“, потенцираше премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски нагласи дека се ова што го зборува е врз основа на информациите со кои располага, но она кое е најважно е дека состојбата е под контрола, граѓаните да бидат мирни и спокој и институциите кога се пред предизвик се организираат и екстремно брзо реагираат.„Веќе имаме една група од дваесетина лица која е под мониторинг за која постои основано сомневање дека девијантно се однесувала во изминатиов период и оставам органите на прогон да си ја завршат својата работа. Многу лесно можете да дојдете до тоа кои се тие центри на моќ, тоа се тие кои не сакаат Македонија да биде успешна земја, кои не сакаат да имаме стабилна Македонија која ќе се развива, ќе ниже успеси, ќе расте ќе владее правото, ќе нема корупција и криминал, тие сакаат да ја видат таа Македонија од претходните 7 години понижена, ограбена, засрамена, со политичари со свиткани кичми. Многу лесно граѓаните ќе дојдат до одговорот“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски посочи дека од почетокот на сезоната на пожари до денеска има повеќе од 30 лица приведени за кои постојат основани сомненија, но и докази дека учествувале подметнување на пожари.„Ќе се сетите од случувањата во јуни кога наеднаш во околината на Скопје на неколку локации се случија неколку пожари, неколку лица беа приведени, за некои постоеше основано сомневање дека учествувале во подметнување, а во текот на летото исто така, и сега во Вардариште имаше акција, МВР приведе неколку лица и е одредена мерка притвор, исто и во Трубарево и Дрисла. Сите овие пожари кои се случуваат, можеби има кои не се од човечки фактор, но најголемиот дел од нив се предизвикани од човечки фактор“, додаде премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски истакна дека тоа што минатата влада седум години го уништуваше системот, ги клекнаа институциите на колена и го направи најголемиот грабеж во историјата не може да се поправи за 15 месеци, но оваа влада досега успеа да поправи многу, а уште многу останува да се направи.„Дали ние за 15 месеци можеме да поправиме се што е уништувано тие седум години, не. Ние направивме многу, а уште повеќе останува да се направи. Ние сме единствената влада која привела министер од сопствените редови, тоа не се случило никому, а знаеме дека голем е бројот на министри кои учествувале во такви девијантни однесувања во минатото“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

pozar-crna-gora

Мицкоски: СДСМ се занимава со некрофилија и лаги, состојбата со пожарите е под контрола

„Јас тоа веќе еднаш го коментирав, дури и да е сето тоа точно тие што го кажуваат, а ништо не е точно, тогаш се поставува вистинското прашање: „Што прават тие за да помогнат во процесот“? Тие не прават ништо. Тие се занимаваат со некрофилија, со конструкции и лаги“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од страна на опозициската СДСМ за справувањето со пожарите.Премиерот истакна дека за разлика од СДСМ, Владата има јас визија и стратегија како да работи чесно и посветено.„Но тие ќе продолжат бидејќи немаат програма, немаат визија, немаат идеја. Ние имаме јасна програма, јасна стратегија како треба понатаму да работиме чесно, одговорно, посветено. Ќе се бориме и како што кажав многу пати до сега, ќе победиме на крај“, дециден е Мицкоски.Мицкоски нагласи дека под контрола се ставени пожарите во Трубарево и Вардариште.„Што се однесува со состојбата со пожарите, оној во Трубарево и Вардариште се целосно под контрола. Ги добив резултатите од Институтот за јавно здравје, сите параметри се во рамките на дозволеното. Во Дрисла е при крај, денеска завршува затрупувањето со земја на малиот дел кој димеше иако повеќе од 90% уште во понеделникот беше завршена таа активност. Состојбата е под контрола“, порача премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

bogdanka-SDSM

СДСМ: Мицкоски да одговара за ширење страв и паника по признанието на Тошковски

Социјалдемократскиот сојуз денеска реагираше на интервјуто на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „360 степени“, во кое тој изјави дека нема докази за постоење на домашни или странски центри на моќ кои стојат зад неодамнешните пожари, меѓу кои и оној во Трубарево.Од СДСМ велат дека ова признание директно ги демантира претходните тврдења на премиерот Христијан Мицкоски дека во позадина на пожарите стојат организирани структури. Според партијата, со тоа се потврдува дека јавноста била доведена во заблуда и дека биле ширени неосновани стравови.„Со своите изјави, Мицкоски без факти и докази ја злоупотребил безбедносната состојба во државата и намерно предизвикал страв и паника кај граѓаните,“ наведуваат од СДСМ, додавајќи дека премиерот треба да сноси одговорност.Во реакцијата се посочува и дека „ваква злоупотреба на институциите и нивно користење за политички поени претставува закана по граѓаните и по државата во целина“.Мицкоски досега не се има јавно произнесено по последните изјави на министерот Тошковски.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-14.06.21

Мицкоски: Пожарите се резултат на подметнувања и диверзии од центри на моќ, ќе има и во идниот период

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сите лица кои се наоѓаат во близина на пожарот треба да ги следат препораките на надлежните институции и да бидат евакуирани.„Сите кои се на периметар од 100 метри треба да се евакуираат. Иако мерењата покажуваат дека нема вонредно големо загадување – ако вчера беше помеѓу 8 и 9, денеска е меѓу 5 и 6,“ рече Мицкоски.Тој додаде дека вакви пожари ќе продолжат да се случуваат бидејќи, како што нагласи, постојат центри на моќ во земјава и надвор од неа кои не сакаат Владата да успее.„Тие ќе продолжат да подметнуваат, тие ќе продолжат да лешинарат, а ние ќе работиме и ќе победиме,“ изјави премиерот, додавајќи дека имаат информации од каде доаѓаат потпалувањата – и од домашни и од странски извори.Во врска со лиценците за работењето на депониите, Мицкоски потсети дека актуелната важи од 2021 до 2031 година и дека компаниите декларирале дека ги исполнуваат условите. „Ако мене ме прашувате, тоа не се услови под кои треба да работат. Сите хибридни напади ќе ги таргетираат овие слаби страни,“ додаде тој.Мицкоски истакна и дека доколку државата имала функционални беспилотни летала, вакви ситуации ќе можеле да се спречат.

Скопје | пред 4 месеци

mickoski-dokumenti

Мицковски контра обвинувањата на Апасиев: Свиркачи доставиле документи - Апасиев и Мециновиќ си земале пари од партиската каса

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за опозициски прашања покажа документи и списоци за коишто рече дека ги добиле од свиркачи во врска со партискиот објект на Левица и од кои исто така, како што кажа, се гледа дека претседателот на Левица Димитар Апасиев и кандидатот за градоначалник на Скопје на оваа партија си префрлувале пари од сметката на Левица.Мицкоски прочита извадок од записник во кој, наводно, Апасиев информира партиски членови за купувањето на објектот на поранешниот хотел „Опера хаус“ за 250.000 евра, оти се работи за четири нивоа и дека два – три месеци се преговарало со Унибанка.– Демантиравте дека имавте врска со ова еднаш кога ја отворив оваа тема и тогаш велевте не е тоа така, ова е скромно местенце, толку квадрати итн, итн… а овде гледам дека сте полн со себе па во јавноста веќе кога се обидувавте да шпекулирате и да лажете. Треба да ѝ дадете одговор на јавноста кога бевте Димитар Апасиев кој ја зборуваше вистината, тогаш, или кога излезе овој записник пред вашите во ЦК – рече Мицкоски.Кога сме кај злоупотребите во Левица, рече премиерот, свиркач до нив исто така доставил список на трансакции во кој, како што кажа од собраниската говорница, има стотици трансакции на пари префрлани од политичката партија Левица на трансакциска сметка на Апасиев.Мицкоски ова го кажа контра обвинувањата на Апасиев за поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со агенцијата Рубикон и нејзиниот сопственик, која го обезбедувала објектот на дискотеката „Пулс“ во Кочани во која во пожар починаа 63 лица, а околу 250 се повредени. Апасиев, кој од говорницата покажуваше фотографии, го праша Мицкоски дали ќе си поднесе оставка, повикувајќи се на изјава на премиерот.Претседателот на Владата Мицкоски рече дека Апасиев се служи со лаги, невистини и клевети и оти и тој има слика со него додавајќи дека можеби требаше и тие да ги објави.фото: Собрание/Принт скрин

Македонија | пред 4 месеци

Mickoski-Carina

Шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини - ова се очекувањата на премиерот пред локалните избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, изјави дека во претстојната кампања за локалните избори очекува опозицијата да настапи со шпекулации и невистини, но нагласи дека владејачката партија има конкретни резултати да им ги претстави на граѓаните.„Очекувам кампања во која ќе изобилуваат шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини од страна на опозицијата и малкумината поддржувачи. Ние имаме со што да излеземе пред граѓаните – што сме направиле во изминативе четири години во општините и во изминативе 15 месеци во Владата. Ете тоа би било на кратко“, рече Мицкоски од партиската говорница.

Македонија | пред 4 месеци

mickoski-drisla

Чудно е како во претпријатија каде раководи ДУИ се распламтуваат пожари, вели Мицкоски за пожарот во Дрисла

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата презема конкретни мерки за справување со пожарите на депониите Вардариште и Дрисла.„Како Влада ги преземаме сите мерки. Да немате дилема. За Вардариште знаете дека имаме приведени и осомничени лица кои ја користеле илегалната депонија Вардариште која постои повеќе од неколку децении, на повеќе од 20 хектари. Од вчера има приватна агенција за обезбедување, здружено ангажирана од неколку општини. Обезбедивме градежна механизација која ќе биде во полн состав таму“, рече Мицкоски.Тој се сомнева зошто пожари избувнувал во Дрисла, каде според него, раководи кадар на ДУИ.„Дрисла останува. Таа беше вчера речиси санирана. На крајот од денот повторно се распламти. Денес ќе се погрижи за тоа МВР. Имав разговор со министерот. Очекувам денес-утре да биде санирано. Тоа што со децении не било санирано, сега ќе се обидеме да го санираме за неколку дена. Чудно е како во одредени јавни претпријатија каде свои кадри има ДУИ се случуваат вакви работи. Тоа ќе го истражиме и ќе обезбедиме докази, како е можно пожар кој беше речиси смирен, наеднаш да се распламти“, додава Мицкоски.Најави и одговорност.„Но и како по справувањето со пожарите, сега да се случува ова пред локалните избори.. вистинското прашање е кому сето ова му одговара. Но сега ќе се заминаваме со решавање на проблемот, а потоа сите виновници ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, додаде Мицкоски.

Скопје | пред 4 месеци

drisla1

Мицкоски: Дрисла е децениски проблем, интензивно работиме на решавање на проблемот

„Ако мислите на ова што се случува на депониите и палењето на истите, можам да кажам дека после успешно завршената сезона на пожари, споредено со другите држави во регионот, каде што имаше жртви, големи населени места беа евакуирани, имаше голема штета во имотот, ние такви случаи немавме, поради добрата организација и навременото постапување“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање.Премиерот Мицкоски потенцираше дека проблемот со Вардариште и Дрисла е проблем со децении, но никој до сега не го решил, ниту пак се зафатил со решавање, но како што нагласи веќе работат со министерот за транспорт на општествено одговорни градежни компании со кои што ќе донесеме механизација и во двете депонии.„Е сега очигледно на некој тоа му пречеше и периодот на предизборие го користи за да создаде паника и негодување. И го следиме тоа многу внимателно, тоа е проблем создаден со децении, никој до сега не го решил, ниту пак се зафатил со решавање. Ќе ве потсетам кога го имавме проблемот со сметот во Скопје, кога скопските градоначалници се обидоа да го решат проблемот со сметот бидејќи тогаш ЈП Комунална хигиена не работеше, од тогаш за нив познати причини, и да го одложат истото во Дрисла наидоа на затворена порта, а потоа добија и кривични пријави. Тоа беше реалноста“, изјави Мицкоски и додаде:„Ние и овој случај нема да го оставиме вака, веќе работиме со министерот за транспорт на општествено одговорни градежни компании со кои што ќе донесеме механизација и во Вардариште и во Дрисла, и ќе можеме да дејствуваме внатре се со цел да не се случува ова континуирано. Ќе ве потсетам МВР неодамна имаше акција во дивата депонија Вардариште, замислете дивата депонија Вардариште каде има илјадни милиони килограми смет, не пречела никому, се било тоа со години создавано, но ние ќе го решиме. Впрочем треба да ги решаваме проблемите, а не да очајуваме и во насока на тоа прво имаше акција од МВР, каде што три лица се приведени бидејќи имале нелегални отпади таму, гореле кабли за да добијат бакар, кој што претходно го сечеле и краделе за да можат да го продаваат, и не само бакар туку и друг тип на метали. Исто така пред општествено одговорни градежни компании ќе имаме интервенција во смисла на градежно решавање на овој незаконски, див отпад и ЈП Дрисла. Се надевам дека ќе имаме простор да влеземе внатре. Така што тоа што државата треба да го направи, државата ќе го направи. Но исто така и сторителите ќе бидат откриени и санкционирани. Морам исто така да кажам како човек кој е професор, а не претседател на Влада, како резултат на таа хемиска реакција се создава метан кој е лесно запалива материја, и тука човек не мора да е креативен со еден обичен отпушок може да се случи тоа што се случува изминатите денови.“Мицкоски порача дека како и многу други работи, така и овој проблем ќе го реши, а се надева дека со новиот градоначалник и трајно ќе се реши ова прашање.„Така што да сумирам, како и многу други работи кои што ги решивме овие 15 месеци и ова ќе го решиме. А со новиот градоначалник во Скопје јас сум убеден дека и трајно ќе се реши овој проблем, бидејќи тука ни треба фабрика за отпад, тука ни треба производна единица која што ќе го користи метанот за производство на електрична енергија. Така што имаме планови кои што ќе ги имплементираме за трајно решение на овој проблем, не само во Скопје, туку и на цела територија на Македонија“, дециден е Мицкоски.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-22-at-12.02.42

Мицкоски со Фетаи комуницира на англиски јазик! „Зборува течно четри јазици, а сега посветено учи македонски“

На промоцијата на новите регистарски таблички, заменик-премиерот за добро владеење Арбен Фетаи одговори на новинарско прашање на албански јазик, иако прашањето беше поставено на македонски. На укажувањето од новинарите, кусо возврати: „Знам, али јас на албански ако може.“Премиерот Христјан Мицкоски реагираше на случајот, потенцирајќи ја биографијата и високото образование на Фетаи. Тој објасни дека комуницира со него на англиски, затоа што Фетаи заминал од Македонија на шестгодишна возраст.Мицкоски нагласи дека Фетаи зборува четири јазици и последниве месеци вложува голема енергија за да го совлада македонскиот.„Знам дека не му е намерата како што некои политички центри се обидуваат да ја дефокусираат јавноста. Единствената грешка беше тоа што ако одлучи да одговори на албански, требаше да обезбеди преведувач. Им се извинувам на новинарите и сум сигурен дека тоа нема да се повтори,“ изјави премиерот.

Македонија | пред 4 месеци

mickoski

Мицкоски: Ќе нè биде – го давам секој атом од енергијата за иднината на државата

Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод Денот на независноста порача дека правдата е неизбежна и ќе стигне до сите кои нечесно се стекнале со богатство.„Народот има впечаток дека тие кои нечесно заработуваат, не одговараат, но јас ви ветувам – нема милост за никој. Сега или малку подоцна, правдата е неизбежна и ќе ги стигне“, рече Мицкоски.Тој истакна дека граѓаните со години се разочарани од системот поради примери што ги даваа политичките елити, неправедните политики и криминалот кој, како што рече, ја разјадувал државата. „Правдата не смее да прави разлика кој од каде е, на која политичка страна припаѓа или колку пари има, туку само дали прекршил закон или не“, додаде премиерот.Мицкоски порача дека Македонија мора да се движи напред со заеднички напори: „Залудна е мојата лична среќа ако мојот сосед е несреќен. Или ќе нè биде, сега и овде, или немаме шанси повеќе. А јас ви велам – ќе нè биде! Мора да нè биде. За таа цел го давам секој атом од енергијата“.Тој нагласи дека не ја презел функцијата за лична корист, туку за да остави трага и иднина за граѓаните. „Нашата татковина има иднина и сите ние мораме да придонесеме. Јасно да зборуваме за работите кои се закана за нашето општество“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

Mickoski1

„Ајде разбирам јас, ама децата?“ Мицкоски за прислушуваните материјали

Премиерот Христијан Мицкоски, се осврна и на скандалот со прислушувањето, нагласувајќи дека од 90-тите години постои иста структура и исти луѓе блиски до мината власт кои го злоупотребуваат системот.„Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, по уставниот поредок, а последиците не само што уништуваат генерации луѓе, туку ја доведуваат во опасност целата држава“, рече Мицкоски, додавајќи дека ваквите практики уништуваат човечки судбини измислувајќи ситуации и контакти кои во суштина не постојат.Тој нагласи дека не е суштинско прашање дали материјалите ќе бидат декласифицирани, туку како да се спречат злоупотребите и тие повеќе да не се повторат. „За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот поврзан со мене, а богами и со моето семејство. Ајде разбирам јас, ама децата?!“, изјави премиерот.Мицкоски истакна дека сите материјали и сознанија за незаконското следење се предадени на обвинителството и дека случајот внимателно ќе се следи. „Одговорност мора да има. Ова е прашање на опстојување на државата, и во периодот што следи ќе се одмотува овој гордиев јазол“, порача тој.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања