МИЦКОСКИ

filipce34

„Сценарија за опстанок – крај на СДСМ доаѓа“: Пораката на Мицкоски за тајните коалиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Спортскиот центар Јане Сандански се осврна на договорот под маса на Венко Филипче и неговиот ментор од Струмица со градоначалник на црна листа за корупција на скопска општина и истакна дека ваквите непринципиелни коалиции ќе бидат поразени.„Што се однесува до вториот договор под маса – тој на Венко, што го склучи со еден градоначалник што е на црната листа за криминал и корупција од една скопска општина дотолку се гледа тој таен договор за поддршка што се препознава од Месечината. Проформа, СДСМ извадија кандидат за градоначалник во Карпош, што ни самите не ја препознаваат, ниту ја поддржуваат ниту пак ја рекламираат. Да направат анкета – членовите на нивната партија ни името на жената не и го знаат. Ја пуштија низ вода, за да асот во Карпош на Венко мисли дека ќе победи. Истите луѓе, со истите вредности. Веднаш штом ја напушти коалицијата, Стевчо отрча да коленичи во Струмица да се разбере со тогашната влада на СДС и ДУИ, а со него е лесно да најде човек заеднички јазик. Кога станува збор за интерес тој прв е подготвен да склучи пакт. Ваквите непринципиелни коалиции нема да успеат и ќе бидат поразени Зошто? Зашто и првиот договор и вториот се рефлексија на безидејноста во која овие партии тонат. Не се реформираа. Останаа заглавени и верни на бизнисите и тендерите, и затоа се сојузуваат – за да ги спасат своите кариери. И овие сценарија се полесниот начин да избегаат од реалноста дека на овие избори ќе паднат уште повеќе и едвај ќе се држат на 120 до 130 илјади гласа поддршка. Некогаш големата и според нив државотворна СДСМ спадна на рамниште да прави пактови  под маса за да опстане. Но народот, овој пат – на овие избори – ќе им свири крај. Бидете сигурни“ истакна Мицкоски.Мицкоски посочи и на новото додворување на СДС и Филипче кон Бугарите на штета на Македонија.Втората работа што сакам да ја посочам е оној подарок на Венко за нашиот источен сосед – нов „бонбона-бизнис“. На времето, неговиот ментор, кога беше во прашање името, ни го спакува во метафората „да не му ја чепкаме жицата на гитарата“. Демек, тој многу се грижел за името, кое на бездушен начин ни го промени. Сега гитарата се вика „црвените линии“ на Венко, спакувани во еден документ кој што тој го нарече, резолуција. Сте се запрашале ли зошто зборува за црвени линии, кога тој самиот нè убедуваше дека францускиот предлог е најдобриот што постои и не може подобар да биде? Па сега вели дека тој документ наречен резолуција, бил „најпатриотскиот документ“ било кога направен. Дојде време ова СДСМ да збори за патриотизам – верувале или не. А што била опцијата? Ако не сме го сменеле Уставот како што сака Венко – да не сме преговарале веќе за ЕУ? Добро, во ред – но кое е решението што ни го дава Венко? Кому треба сега овој негов предлог да служи? Јасно е дека ова е некое ново додворување на СДС кон нашиот источен сосед, на штета на Македонија. Но сакам да им биде јасно и на нив и на оние од кај нашиот источен сосед, тоа јас нема да го дозволам, за мене и за оваа македонска влада, постојат само македонски црвени линии, треба тоа да ви е јасно. А тоа се македонските државни и национални интереси истакна Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

Mickoski1

Мицкоски: Очекуваме убедлива и голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, СДС од 0 до 6 општини

Ценам дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе има поголем број на градоначалници споредено со 2021та година. Нашите анализи се дека нема да бидеме изненадени ако имаме повеќе од 50 градоначалници, но очекуваната бројка е помеѓу 45 и 50, плус Градот Скопје, ако 2021 имавме 42 општини, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“.На прашањето дали СДСМ ќе освои некаде градоначалник според анализите на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Мицкоски рече дека според партиските анализи СДС се движи од нула до шест.Според нашите анализи СДС би се движеле од 0 до 6. А Левица не очекувам да освојат, бидејќи Левица таму каде што кандидира свои кандидати во најголем дел, а тоа се скопските општини, и во градовите Тетово, Гостивар и Струга, теоретски не може да добие поголем број на гласови од било кој друг кој што се натпреварува на тие избори. И јасна е нивната стратегија дека тие треба да бидат прокси за ДУИ, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3r08te71nhftclSMcYi

Мицкоски: „Правосудството е последната брана на неправдите – следуваат реформи, правдата веќе не може да чека“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање на денешниот митинг, со кој се започна кампањата за претстојните локални избори, и кој се одржа во Скопје во Спортскиот центар ,,Јане Сандански“. Тој порача дека промените се видливи во многу сектори, меѓутоа, правосудниот сектор и понатаму останува најголема пречка во земјава.  Мицкоски најави  дека по локалните избори годинава нема да има толеранција кон ваквите структури кои функционираат како длабока држава и го бранат криминалот, а и дека следуваат реформи, бидејќи правдата веќе не може да чека.,,Овие година и половина секаде започнавме со промени, со заздравување на атрофираниот и заболен систем во распаѓање, и секаде вложуваме труд, од образование, здравство, до економија и земјоделие. Промените се чувствуваат: некаде има повеќе резултати, некаде тие се со послабо од очекуваното темпо, но секаде правиме промени. Морам да признаам дека не сум задоволен од функционирањето на правосудниот систем, кој стана главното упориште на неправдите во државата, таму ќе ги најдете аргатите на системот кој го поразивме и  нивните заштитници. Последната брана за правдата во Македонија. И ќе бидам брутално искрен околу дебатата што ја наметнуваат, како сум можел да кажам дека платите на судиите и обвинителите не ги заслужувале.  Со чест на исклучоци, сметам дека не само што не ги заслужуваат, туку им се и преценети во однос на тоа колку испорачуваат правда“, рече Мицкоски.Мицкоски истакна дека по изборите нема да има ниту политичка коректност, ниту правна толеранција за структурите кои функционираат како длабока држава и кои го штитат криминалот, а додаде и дека следуваат реформи кои ќе обезбедат правична држава и држава на народот без поделби и паралелни системи.,,Клановската екипираност и нивните отворени релации ги направија да се ѕид на правдата и штит на криминалот на апаратот што го менуваме.  Сакам да најавам дека после локалните избори нема да има ниту политичка коректност, ниту правна толеранција кон структурите што функционираат како длабока држава во одбрана на криминалот. Следуваат реформи за кои знам дека некои платени мегафони ќе паѓаат во несвест, но овој пат мора да не биде. Не може веќе правдата да чека, ниту да функционираме во две паралелни, нееднакви Македонии. Доаѓа времето на правда, а Македонија ќе биде само една, таа на народот, таква каква што ја заслужува. Има само една Македонија. Македонија на народот “, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvuq7lmbtosu22k4ptAA

(Видео) Лапсус или порака? Мицкоски го нарече Апасиев „Димитар Заев“

Премиерот Христијан Мицкоски во денешната изјава порача дека пред граѓаните постојат само две политички опции за претстојните избори – коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица или коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој направи лапсус менувајќи му го презимето на лидерот на Левица од Апасиев во Заев, а потоа кажа дека тоа не е лапсус.„Едната опција е СДСМ, ДУИ и Левица, тоа е коалицијата Венко Филипче, Али Ахмети, Димитар За.. Апасиев. Па и да кажев да кажев Димитар Заев немаше многу да погрешам ако направам една кованица, бидејќи гуруто на оваа коалиција е тој. И тоа е патот кој седум години го гледавме. Пат на криминал, корупција, неиспорака, неработа“, рече Мицкоски.Тој истакна дека нема „трета опција“ и додаде:„Втората опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тоа е она што го работиме 16 месеци и ако граѓаните се задоволни, ги повикувам на 19 октомври да го дадат својот глас“.Мицкоски апелираше до граѓаните да излезат на гласање, бидејќи, како што рече, „со седење дома, се носи глас за противниците“.

Македонија | пред 4 месеци

IMG_5515

Премиерот: Секој вмешан во случајот со „Пулс“ мора да одговара пред правдата, од Обвинителстовто не сум задоволен

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско за вмешаност на даночни инспектори во случајот Кочани, а не биле опфатени во обвинението, изјави:„Јавниот државен обвинител Коцевски, таму видовте и вие, изминатиов период дванаесетина обвинители беа тие коишто работеа на овој случај. Ако е прашањето, дали сум задоволен од работата на обвинителството, мојот одговор ќе биде не сум задоволен. И токму тоа беше причината зошто поддржавме во Парламентот смена на Коцевски. А зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа смената на Коцевски, тоа е друго прашање. Така што треба, секој оној којшто, на каков било начин и во каква било форма има каква било поврзаност со тој случај да биде изведен пред лицето на правдата.“

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

Мицкоски: СДС се бори заедно со ДУИ да дојдат на власт и да продолжат со криминалот кој им го бранат нивни обвинители и судии

На денешниот настан во Штип на кој се одржа промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Социјалдемократскиот сојуз се бори заедно со ДУИ, и тоа е јасно како бел ден, за да дојдат повторно на власт и да продолжат со криминалот, кој им го бранат нивните обвинители.„Се борат заедно со Али Ахмети ДУИ и тоа е јасно како бел ден, и тоа ние го гледаме на секој чекор. Се борат за да се вратат на власт да продолжат по старо, се борат за да и помогнат на Бугарија да ја матира Македонија, се борат за да се допаднат на сите освен на својот народ. Се борат за да го заштитат криминалот преку нивните обвинители и судии кои не процесуираа ниту една кривична пријава нив. Тие се борат за нивните луксузи, тие се борат за нивните раскошни домови, нивните украдени пари и нивните заложени и уценети глави. Тоа е тоа за што тие се борат, за друго ништо“, рече Мицкоски.Мицкоски порача дека луѓето во ДУИ кои сеуште слепо го слушаат Али Ахмети, најмалку ги интересираат Албанците и останатите етнички заедници, туку дека за нив се интересираат само кога треба да  ги злоупотребат и кога треба да гласаат за нив, а потоа со своето неработење и корупција придонесуваат истите да се иселат од државата.Понатаму, Мицкоски ги повика граѓаните заедно да испратат јасна порака до оние кои што седум години ја пустошеа, понижуваа и засрамуваа државата и граѓаните, до оние кои живеат во национал-романтичните соништа од минатиот век и сеуште сонуваат дека можат да ја делат Македонија, како и до оние политичари коишто поради преголемата лична фрустрација и желба за власт заслепени од немоќта тоа да го реализираат, најчесто навредуваат, ги крадат сопствените членови а со тоа се гледа тие ќе се однесуваат и кон државата и кон ресурсите на државата.„Затоа ве молам заедно на овие три групи на луѓе да им испратиме една порака: Македонија ќе успее! Македонија ќе победи! И ќе ве победи! И нема назад! Ќе ги поразиме сите ваши интриги, сите ваши тажни обиди да не инволвирате во вашите предавства, сите ваши афери и апатијата која ја создадовте. Затоа што во нас чука срце, затоа што ние сме луѓе кои сакаме, живееме за идеја и мечтаеме, затоа што ние живееме со проблемите на луѓето и се бориме и ќе се бориме да ги подобриме животите на сите и покрај вашите опструкции планови и деструкција! Ќе ве победиме! Ви ветувам дека и на овие избори ќе ве победиме! Македонија ќе победи!“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-library7mfr2e42hmm44imXO3d

Мицкоски: Политиката е должност, а вистинскиот политичар е човек пред сè

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја отвори изборната кампања со порака дека ова не е време за празни ветувања, туку за одговорност, човечност и дела.„Кампањата не смее да биде театар на празни зборови, туку мост меѓу вистината и надежта. Народот очекува подобар живот, сигурност и достоинство. Вистински политичар е оној што знае да слуша, да разбере и да понесе товар што не е само негов“, изјави Мицкоски.Тој се обрати пред поддржувачите со отчет за реализираните проекти на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои над 770 километри изградени и реконструирани улици и булевари, 47 километри нови водоводи и 91 километар канализации. „Ова не се зборови, ова се дела“, нагласи Мицкоски.Во говорот испрати силна порака и до политичките противници: „Македонија ќе успее! Македонија ќе победи! И ќе ве победи! Ќе ги поразиме сите интриги, афери и предавства. Нема назад“.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Владата ќе се фокусира на две клучни теми – борба против корупцијата и подобрување на животниот стандард.„Или правда и ред, или нема држава. Или корумпираните политичари, или Македонија“, порача тој.Мицкоски истакна дека следниот период ќе биде време на длабоки мерки и проекти, од здравство и образование, до инфраструктура и дигитализација.„Првата година беше година на консолидација, наредните ќе бидат години на развој“, додаде тој.Говорот го заврши со слоганот на кампањата – „Вистинскиот избор“.„Твојот човек, твоето место, твојата иднина – сите три ги поврзува Вистинскиот избор. Направете го вистинскиот избор за Македонија“, повика Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryvfu9d11qimt4bwu6rYd

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ изгради 770 километри улици и патишта за време на власта на СДСМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на тоа што направија  градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за тие три години додека централна власт беше СДСМ.„Во изминативе 4 години, од кои цели три години беа со жесток отпор и кочница од централната власт, заедно градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, изградија и реконструира улици, булевари, патишта во вкупна должина од над 770 километри во вкупна вредност од околу 100 милиони евра. Направени се речиси 47 километри нови водоводи, изградени се канализации од должина од речиси од 91 километар. Изградени или во завршна фаза на градење се 7 пазари од затворен тип, 12 пречистителни станици“, соопшти Мицкоски.Мицкоски посочи дека во делот на образованието реконструирани и модернизирани се повеќе од  400 училишта и дека се потавени фотоволтаици на поголем број на училиштата.„За учениците обезбедена е бесплатна храна за децата од 1 до 5 одделение и обезбедено е бесплатно летување за децата од социјално загрозените семејства во голем број на општини, со доградба и реконструкција на училиштатата се воведе и еднодневна сменска настава. Реконструирани и модернизирани се повеќе 70 детски градинки, а новоизградени се неколку десетици градинки за оваа цел се инвестирани повеќе од една милијарда денари. Завршени или во завршна фаза се 274 спортски игралишта или детски рекреативни терени“, вели Мицкоски.Мицкоски заклучи дека претстои многу работа, многу труд, „но денес со чист образ стојам пред сите вас“.

Македонија | пред 4 месеци

mickoski-dokumenti

Мицкоски: Нема црвени линии во предлогот на Филипче, јас познавам и штитам македонски црвени линии

„Вчера дадов еден краток коментар, денес бидејќи ме прашувате ќе дадам одговор на вашето прашање и ќе го поделам одговорот во два дела,“ изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговиот став во однос на Резолуцијата и на решението да се донесат уставни измени до февруари поднесена од страна на претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче.„Првиот дел е дека, за жал и ова раководство на СДСМ ја продолжува практиката на претходните раководства на СДСМ да ги руши позициите на македонската Влада и на државата, да ги распродава идентитетските и националните приоритети, од за мене неразбирливи причини. Ако на времето тоа го правеа за да се одржат на власт, за да можат да ги злоупотребуваат институциите и ресурсите на државата, не го оправдував се разбира за тоа има одговорност, но и некако ги разбирав. Сега не ги разбирам од опозиција зошто мора да ги подриваат позициите на Владата којашто грчевито се бори тоа што тие го распродадоа, изминатите 7 години кога беа во влада, да го поправи. И на меѓународен и на домашен план,“ истакна Мицкоски и додаде:„Второ, Резолуцијата, таканаречена, којашто ја видов и текстот внатре ќе се разгледува после изборите, така го разбрав раководството на СДСМ. Трето, таму има историски фалсификати. Во годината кога славиме 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, тие не убедуваат во Резолуцијата дека тој во Обединетите нации бил прифатен во 19-тата година, мислам, не знам што да кажам. И вчера го кажав фактот дека во 2005-тата година, не доби Северна Македонија дата за почеток на преговори, туку доби Република Македонија. Тоа се историски фалсификати, јас не знам до кога овие луѓе ќе се служат со историски фалсификати“.„И конечно, нашата позиција е јасна. Ние не ги игнорираме обврските што таа влада ги прифатила, за жал. Но, исто така, не гледаме дека нашиот источен сосед прави нешто во насока на испорака на нивните обврски и очекуваме исто така, поробусна акција од страна на Европската комисија и Европската Унија и кај нашиот источен сосед, односно кај нивниот партнер во рамките на европското семејство. Затоа што сме виделе во минатото многу пати дека кога се сакало, се можело.  Ние имаме јасна позиција – гаранции, коишто ги спомена претседателот на Европскиот совет, бидејќи македонскиот народ и граѓаните во Македонија без разлика на етничката припадност, многу дадоа во името на таа европска иднина на државата, многу дадоа, како ниеден друг народ во Европа. Сакате да тргнеме од 18-ти, 19-ти век па наваму да анализираме. Сега веќе да не зборуваме, последниов. Без такви гаранции, на памет не ми паѓа да размислувам за било какви уставни измени,“ истакна премиерот Мицкоски. Тој е дециден дека никогаш нема да се откаже од македонскиот народ во соседството и насекаде во светот.„Второ, што со Македонците од другата страна на таа граница? Што со нив? Ќе се откажуваме ли секогаш како влади од македонскиот народ во соседството и насекаде во светот? Тоа јас нема да го направам. Никогаш. А треба само едноставно да се применат пресудите од Стразбур, ништо повеќе не треба да прават. Тоа е меѓународно право, Бугарија е потписник на тие конвенции. Само треба да го применат она коешто го донел Европскиот суд за човекови права во Стразбур, којшто е европска темелна вредност. Да може ОМО Илинден – Пирин да функционира како здружение на Македонците во Бугарија. И со тоа ќе се стекне ОМО Илинден – Пирин со право да претстави свој човек во Министерскиот совет за малцинства во Бугарија, како што имаат Евреите, Ерменците, Турците, Ромите итн. Заслужиле Македонците коишто, според пописот во 56-та година биле мнозинство во Западна Бугарија, а во 65-та магично 200 илјади исчезнуваат, во следниот попис да имаат свој претставник тамо. И јасно држење до Резолуцијата од јули 2022-та година којашто ја гласаше Парламентот заеднички со 95 гласа. Ништо друго не бараме. Ова е тоа што го бараме. Ова се се факти. Кога ќе видиме подготвеност од другата страна, и ние сме подготвени да седнеме и да разговараме. А за оваа Резолуција, тоа малку што имаме да го кажеме ќе го кажеме после изборите,“ рече Мицкоски.„На новинарското прашање дали ги прифаќа црвените линии на Филипче тој одговори дека не прифатиле негови црвени линии, прифаќа македонски црвени линии: „не би го коментирал тоа, можеме да растураме пердуви колку сакаме, ниту сме прифатиле црвени линии негови, јас прифаќам македонски црвени линии“.

Македонија | пред 4 месеци

Mickoski-Carina

Осум случаи под лупа – се испитуваат кардиохируршки интервенции без потреба

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сериозно ги прифаќа констатациите на академикот и кардиохирург д-р Сашко Кедев, кој пред јавноста алармираше дека во дел од приватните болници во земјава се правеле кардиохируршки интервенции без медицински основани причини.„Моето мислење за академикот Кедев и неговите констатации е дека тие се врвна индикација за веднаш да се преземат чекори и да се открие што е правено и дали е правено“, рече Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.Тој нагласи дека институциите нема да остават ништо на случајност:„Кога еден светски стручњак тоа го кажува, тука мора да има заднина и мора да ја откриеме. Секој што се богател на грбот на граѓаните и нивното здравје – ќе сноси одговорност“.Министерството за здравство веќе формира комисија која работи на осум случаи за кои постојат сомнежи за непотребни интервенции. Паралелно, Лекарската комора спроведува ад-хок проверки на пациентски досиеја, а конечни препораки ќе даде комисија од странски експерти.Министерот за здравство Азир Алиу, кој денеска беше заедно со премиерот, порача дека нема да се изнесуваат делумни информации, туку јавноста ќе добие целосен извештај откако ќе заврши експертизата. Според него, досега се завршени осум предмети, а во Фондот за здравство пристигнале уште пет нови случаи.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryseefj96vaosf5uMGF7e

„Кодошат низ Брисел, по локалните ќе добиеме обвинители и судии кои работат според закон“ – Мицкоски со жестоки критики

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека иницијативите во судството не се однесуваат на реформи, туку исклучиво на зголемување на буџетот за поголеми плати на судиите и обвинителите.„Сега веќе на целата јавност ѝ е јасно дека не зборуваме за реформи, туку за зголемување на буџет за зголемување на платите. Нека суди јавноста дали обвинителите и судиите ја заслужуваат и оваа плата што ја земаат. Ние зборуваме само за зголемување на платите, и тоа двапати повеќе од поразвиени земји членки во ЕУ“, рече Мицкоски.Тој додаде дека никој нема ништо против покачувањето на платите во администрацијата, но според него, проблемот е што „дел од судиите и обвинителите наместо да се борат против корупцијата, се генератор на истата“.„Има цел серијал на случаи како суделе некои судии и како обвинувале некои обвинители, а сега кодошат низ Брисел. Таму нека проценат дали овие луѓе заслужуваат поголеми плати“, истакна премиерот.Мицкоски нагласи дека „одредени политичари кои доаѓаат од Мала Речица и Бихакќа“ ги поставиле овие кадри и сега ги бранат „од страв дека нема да се спасат“.„Со неколкумина судии и обвинители кои ја бранат поранешната власт, правдата е невозможна. По локалните избори, без разлика на критиките, ќе ги најдеме правните механизми за да добиеме обвинители кои обвинуваат и судии кои судат според закон и Устав“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryue9bjbt9ngvg6Rc3kb0

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во изјава за медиуми, посочи дека единствени кои што се разочарани и незадоволни од неспроведувањето на никакви реформи во правосудството, се само граѓаните.Филипче нагласи дека премиерот Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството и неспороведувањето на потребните реформи.„Сметам дека е апсолутно недозволиво премиерот да се однесува како независен аналитичар и да ги коментира само состојбите во правосудството, кога тој е директно одговорен за спроведување на реформите.Досега не се спроведени ниту една од предвидените реформи, преку носење на реформски закони во правосудството согласно Планот за раст, рече Филипче.Во изјавата Филипче укажа дека од предвидените во Собранието не е поднесен ниту еден.„За оваа година беа предвидени 12 закони од коишто седум  требаше да се донесат до јуни 2025 година. Во Собранието не е поднесен ниту еден, и дополнителни 5 кои од јуни до декември 2025 година требаше да се донесат согласно Планот за раст - нешто за што е врзан одреден буџет од Европската Унија, којшто секако веќе еден дел сме изгубиле. Од тие 5 закони од Министерството за правда не е донесен ниту еден“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, Владата на ВМРО-ДПМНЕ има огромно мнозинство во Собранието, 58 пратеници ВМРО-ДПМНЕ скоро двотретинско мнозинство со владејачката коалиција, поради што нема ниту една причина за тоа што сега се случува со неспроведување на реформите во правосудниот систем.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhlbo3c48rsfc2KyZ7HG

Мицкоски по пресудата за Теодора: Се чувствувам мачно, судиите и обвинителите не ги заслужуваат ни овие плати

Премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше пресудата со која возачот Менсур Пајазити е осуден на две години затвор за сообраќајната несреќа во која животот го загуби младата Теодора Ристовска во Тетово.„Моите ставови за Обвинителството и судството се одамна кажани и разговарани. И секогаш кога ќе зборуваат зошто доцниме во процесот за реформи, сакам јавноста да знае дека станува збор за шест закони кои се однесуваат на зголемување на буџетот, односно нивните плати. А ова го бараат тие кои имаат само два проценти доверба. Јас чувствувам мачнина, бидејќи тие не ги заслужуваат ни овие плати поради ваквите пресуди. Суштинската реформа е токму тоа – законите се за зголемување на буџетот. Не е проблем, ќе го зголемиме и за трипати, ама прво нека заслужат“, изјави премиерот.

Македонија | пред 4 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Млечните производи скапи – Мицкоски очекува пад на цените наредните месеци

Млечните производи се скапи, се жалат граѓаните, а премиерот Христијан Мицкоски вели дека очекува во наредните месеци ќе има намалување.„Мерките се во тек, тоа што ние не правиме естрада од политиките кои ги водиме, не значи дека не се грижиме. Државниот пазарен инспекторат секој ден е на терен. Има покренати постапки. Имавме акција и за ученичката кошница. Очекувам во наредниот период намалување на инфлацијата. Ако ја споредите со дел од земјите на ЕУ, кај нас има тренд на намалување. И базичната инфлација, но и цените на прехрабните производи имаат негативен параметар, тоа значи дека се намалуваат“, вели Мицкоски.Тој посочи дека за следната година се очекува инфлација од 2 до 3 проценти.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryvi87rdrjfp6i0j4x5wT

Мицкоски: Победникот е јасен, правиме план за денот потоа

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека исходот од претстојните избори е веќе јасен и дека ВМРО-ДПМНЕ прави планови за периодот по нивното одржување.„Јасен е победникот на овие избори, правиме ние план за денот потоа. Размислуваме за денот после изборите,“ рече Мицкоски.Тој додаде дека е логично во изборниот процес да се појават искри на тензија во одредени општини низ државата, но дека по завршувањето ќе следи стабилност.„Избори се, логично е да има некоја искра во одредени општини низ Македонија. Денот потоа ќе значи силна Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и огромен број општини предводени од нас,“ изјави премиерот.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања