МИЦКОСКИ

16102024-Mickoski-1

Мицкоски со нетрпение очекува подобра соработка со Америка, му честиташе на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи упати честитка до Доналд Трамп за неговата победа на изборите во САД.„Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот Donald J. Trump за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави.Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата.Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи.Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион.Честитки и најдобри желби до претседателот Трамп и до целиот американски народ!“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

05112024_Mickoski_Den-na-romskiot-jazik_1

Мицкоски: Денот на ромскиот јазик е и потсетник дека мораме да го зачуваме овој јазик, да го негуваме и да се погрижиме дека ќе продолжи да живее и да се развива

„Денес, се собравме заедно за да одбележиме еден важен ден за ромската заедница– Денот на ромскиот јазик, кој секоја година се прославува на 5 ноември. Овој ден претставува можност да се потсетиме на значењето на ромскиот јазик, како и на богатата култура и историја на ромскиот народ, кои се суштински дел од нашето општество“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Ромскиот јазик е многу повеќе од само средство за комуникација. Тој е симбол на идентификација, на култура и на единството на ромската заедница низ целиот свет. Преку него се пренесуваат приказни, обичаи, песни и танци, кои се одржуваат од генерација на генерација. Јазикот е она што ја врзува една заедница, што и дава чувство на припадност и ја одржува нејзината автентичност.Во последните неколку децении, се прават сериозни напори за заштита и унапредување на ромскиот јазик и култура. Сепак, се соочуваме со многу предизвици, бидејќи овој јазик е и понатаму под закана од губење поради асимилацијата и недостатокот на системска поддршка. Затоа, важно е да се потрудиме да ги охрабриме младите Роми да го зборуваат, учат и користат ромскиот јазик во нивните секојдневни животи. Образованието е од клучно значење. Образованието треба да биде достапно и инклузивно за сите, бидејќи само така ќе можеме да изградиме општество кое ги почитува сите култури и различности.Образованието не треба да биде привилегија – тоа треба да биде право достапно за секој млад човек, без разлика на неговото потекло, економската состојба или етничката припадност. Но, за жал, постојат предизвици што спречуваат многу млади да ја добијат оваа шанса. Некои од нив се економските бариери, недостатокот на ресурси и нееднакви можности. Овие предизвици мора да ги надминеме заедно. Наша задача е да изградиме систем кој ќе овозможи квалитетно и достапно образование за сите. Токму затоа, инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината. Со вложување во образованието, ние вложуваме во градење генерации кои ќе бидат подготвени да ги решат проблемите на иднината. Младите кои ќе создаваат иновации, ќе промовираат позитивни промени, практично градат посилно и поодговорно општество“, изјави Мицкоски.„Денот на ромскиот јазик е и потсетник дека мораме да го зачуваме овој јазик, да го негуваме и да се погрижиме дека ќе продолжи да живее и да се развива. Грижата за јазикот е и грижа за иднината на ромската култура и нејзините вредности. Со поддршката на образованието, културните манифестации и меѓународните иницијативи, можеме да бидеме сигурни дека ромскиот јазик ќе продолжи да биде дел од нашето културно богатство.Денес го одбележуваме денот на ромскиот јазик, но истовремено да се потсетиме и на потребата од заедничка работа за поголема инклузија и поддршка на ромската заедница. Сите ние, без разлика на етничката, религиозната или културната припадност, сме дел од една голема заедница – заедницата на човештвото. Само заедно, со меѓусебно почитување и разбирање, можеме да создадеме свет каде што секој јазик, култура и секоја приказна ќе имаат еднакво значење и ќе бидат слушнати и почитувани.Нека овој ден биде инспирација за сите нас да ги почитуваме различностите, да го негуваме јазикот и да се стремиме кон поголема солидарност. Нека ромскиот јазик продолжи да живее и да се развива, носејќи го со себе духот и мудроста на неговиот народ“, додаде премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-sindikat-zdravstveni-rabotnici-1

Мицкоски се сретна со Синдикатот на здравствени работници: Приоритет е подобрување на здравствената заштита на пациентите, но и враќање на достоинството на медицинската професија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со владин тим оствари средба со синдикатот на здравствените работници.Како што соопштуваат од Владата, на средбата отворено се разговарало за положбата на докторите и останатиот здравствен персонал. Стана збор за потребата за зголемување на платите но и зголемување на учинокот, како и поголема рамномерност во ангажирањето на здравствените кадри.Владата ја афирмираше заложбата за почитување на трудот на лекарите и сите здравствени работници, како и потребата за унапредување на условите за работа и поголема достапност на здравствените услуги за граѓаните на кои им е потребна лекарска грижа.Една од областите која беше наследена каде состојбите се најлоши е токму здравството каде граѓаните имаа бројни забелешки. Основната компонента за враќање на достоинството на медицинската професија е создавање на услови за задоволни лекари и здравствен персонал, и тоа ќе биде приоритет во овој дијалог, како и паралелно инвестирање во здравствени капацитети и опрема. Во тој поглед се реализира проектот за вработување на 600 специјализанти и млади лекари, продолжуваат инвестициите во Штипската болница, како и повеќе инвестициски процеси на повеќе болници од комплексот клиники Мајка Тереза, соопштуваат од Владата.Дијалогот меѓу Владата и синдикатот продолжува и во наредниот период.

Македонија | пред 1 година

SpasovskiPratenicki1-4

Спасовски до Мицкоски: Божиновска ја излажа јавноста за бугарското државјанство, ќе ја разрешите ли?

Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, потсети на лицемерниот однос на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот кога беше присутна претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен во однос на францускиот предлог, односно таканаречениот бугарски диктат и на променетиот став на власта денеска. Спасовски го праша Мицкоски дали ќе ја разреши министерката Сања Божиновска затоа што ја излажа јавноста за нејзиното бугарско државјанство.-Сега имаме состојба којашто веројатно е променета, а се однесува на носењето на одлуките при креирањето на владата. Впрочем изелога информации во јавноста дека во владата имаме министер кој се изјаснува дека е со бугарска самосвест, немам ништо против тоа е природно право и секој може тоа да го каже. Меѓутоа прашањето ми е дали при составот на владата, при разговорите што сте ги имале со кандидатите, бевте информирани за една ваква ситуација и можеби начелото: Прво Бугарите во Владата, па после во Уставот ќе вроди со плод и тоа е начинот на којшто ќе дојдете до промена на Уставот, нели новиот план што го претставивте и во изборната кампања и на изборите. Еднаш Божиновска велеше дека нема бугарско државајнство, потоа дека адвокати биле одговорни, за да излезе документ, потпишан од неа дека има бугарска самосвест. Еве го тој документ. Она што сега во јавноста кружи сакам да ве прашам дали ќе се побара одговорност од министерката Сања Божиновска?, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во прашањето упатено до премиерот Мицкоски.Пратеникот Спасовски му врачи примерок на Мицкоски од изјавата на Божиновска за бугарската самосвест.

Македонија | пред 1 година

spasovski-toskovski

Мицкоски ќе бара одговорност од Панче Тошковски, ако министерот не бара одговорност од Спасовски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе бара одговорност од Панче Тошковски, но само ако не бара одговорност од ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, особено за пасошите дадени на нарко картели. Според Мицкоски, жените (службеничките) кои понесоа одговорност, биле само жртва за Спасовски да не ја понесе.„Ќе барам одговорност од Панче Тошковски, ако не бара од вас одговорност за тоа што сте го правеле! Ваша работа е кога ќе дојде Пекер (н.з. дел од нарко клан) и ви побара пасош да го одбиете, а не да му давате во Драчево во 11 часот навечер“, рече МицкоскиТој додаде дека Спасовски не си ја работел својата работа, туку правел злоупотреби.„Ако вие сте постапувале, наместо да давате пасоши на лидери на белосветски нарко картели, ако сте се фокусирале да истражите кој носи јаглен, зошто ЕЛЕМ има најголем број договори во четири очи, тогаш и ќе ви станело јасно зошто имате 18 пратеници, а ако продолжите вака – прашање е дали ќе имате и двоцифрен број на следните избори.

Македонија | пред 1 година

sanja-bozinovska

Мицкоски застана во одбрана на министерката со бугарски документи: Сања е многу поголема Македонка од сите вас заедно

Премиерот Христијан Мицкоски застана во одбрана на министеркат за енергетика, Соња Божиновска, која кажа дека не се произнела како Бугарка, а бугарските медиуми објавија нејзина изјава дека токму на тој начин го добила државјнаството. Пратеникот Оливер Спасовски го праша Мицкоски дали ќе бара одговорност од Божиновска бидејќи таа излажала за детали од бугарското државјанство. Премиерот пак, одговори дека треба да е привилегија тоа што таа е дел од власта, а овој дел за него не е важен.„Да биде Сања Божиновска дел од македонската Влада треба да е привилегија. Тоа што таа го има на професионален план во енергетиката направено, не можете да го сонувате, а камо ли да го постигнете. Вие можевте барем да кажете - секоја чест за стручноста и личното портфолио. Сега се доведуваме во ситуација да е грев ако сме успешни, да зборуваме работи кои немаат никаква врска со тоа кое го води Сања“, рече Мицкоски.Тој додаде и: „Сања е многу поголема Македонка од сите вас заедно“.

Македонија | пред 1 година

filipce-dokazi

(Видео) Филипче извади документи: Христовски нема 5 години искуство за да биде директор на АНБ

Со поставување на Бојан Христовски за директор на АНБ, власта ги прекршила општите правила за назначување на прв човек на една од клучните безбедносни институции во државата. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во Собрание на пратенички прашања извади документи со кои покажа дека Христовски не го исполнува главниот услов за да биде директор на АНБ, односно нема 5 години стаж на раководна позиција како што налага законот.„Ова се документи доставени од нас од свиркачи. Изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување. Со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување а тоа е 5 години стаж на раководни позиции, согласно законските услови. Ни тој услов не го исполнува вашиот партиски кадар.Нели, господине Мицкоски, ветувавте поразличен начин на работа? Нели мерит систем некој најавувате? Вашето поимање за Мерит систем е по заслуга ама во партија. Кој најмногу заслужил кај лидерот на позиција“-рече Филипче на собраниската говорница.Претседателот на СДСМ, Филипче истакна дека професионализмот мора да се заштити и АНБ да биде во функција на државните интереси, а не на интересите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој побара Христовски да биде разрешен, да биде назначен нов директор на АНБ а надлежните институции целосно да го истражат случајот и да има одговорност.

Македонија | пред 1 година

31102024_Mickoski

Мицкоски кон Филипче: Вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизии

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес во Собранието на пленарната седница за пратенички прашања одговараше на прашањето на пратеникот Филипче за планот на Владата за европските интеграции. Претседателот на Владата истакна дека се работи и ќе се направи сè што е потребно Македонија да излезе на прав пат и да стане дел од Европската Унија каде што и е местото.„Додека вие коленичевте и ја распродававте Македонија за провизиите кои што ги добивавте во Сингапур и Дубаи да извадите златна виза преку компанијата Стабри, ние работиме и ќе направиме сè што е потребно Македонија да ја извадиме на прав пат и да ја внесеме таму каде што и е местото, а тоа е Европската Унија. Сето она кое што вие го уништивте, наша задача и обврска е да го коригираме и бидете сигурни дека ќе го коригираме. Планот за ЕУ, откако вие го исплукавте и го уништивте, ние ќе се обидеме повторно да го вратиме во живот“, рече Мицкоски и продолжи дека овие изминати 7 години никој нема да ги заборави и ќе има одговорност за сите оние кои што сториле криминал.„Денес Македонија е горда, исправена и секаде е дочекана онака како што доликува на една држава, а не со свиткана кичма и предмет за поткусурување, кога регионалните лидери си играа потсмев со водството на нашата држава, како што тоа беше напати во овие 7 години. Денес сме цврсти со јасен став и пркосиме и се бориме сето она што вие го уништивте да го вратиме во живот и да го исправиме и знам дека ќе ве разочарам со ова што ќе го кажам, ама на добар пат сме“, истакна премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски му порача на лидерот на СДСМ доколку сака да води лидерска политика да не дозволува луѓето околу него да го санкаат и „да го водат во длабоко“ преку лагите и клеветите.„Вие каде што одите јас одамна сум се вратил, ова ви го кажувам како пријателски совет. Најголем срам и понижување е тоа кога слушам дипломати во Брисел кои што ми велат дека тие, Германци, Французи, Белгијци се бореле за нас отколку нашето водство во државата. Не можам да го опишам срамот кој што јас го чувствувам во тие моменти, затоа што навистина не можам да се изначудам на лековерноста со која што тие наши политичари пристапувале кон решавање на едни вакви проблеми. Вака не се решаваат проблеми“, рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека тоа што денес се работи и во Вашингтон и во Брисел и во Виена претходната власт не можела ниту во сон да го замисли и од таа работа која денес се прави ќе има резултати.„Планот е еден, а тоа е Европската Унија и се надевам дека еднаш ќе излезете од вашата партиска матрица и ќе му се извините на македонскиот народ и на граѓаните за сè што направивте во овие 7 години, ќе се оградите од криминалните политики кои што ги водевте во овие 7 години, од срамните политики кои што ги водевте во овие 7 години. Сето она кое што му го нанесовте како болка, очекував од вас да ја искористите можноста овде денес пред говорницата и да се извините. Ја пропуштивте. Нема втора можност за прв впечаток, вашиот беше очаен“, му порача Мицкоски на Филипче и повика СДСМ и опозицијата да дадат поддршка во борбата за одбрана на стратешките интереси на Македонија.

Македонија | пред 1 година

mickoski1-1

(Видео) Мицкоски има СМС пораки во кои ДУИ се нуделе да бидат дел од Владата, со помалку функции од тоа што барале ВЛЕН

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од Блерим Беџети, му посочи дека има СМС пораки со понуди ДУИ да влезат во Владата со уште помалку раководни кадри.Мицкоски понуди да ги покаже пораките, но на ова Беџети не реплицираше.Ваквата понуда од Мицкоски дојде откако претходно Беџети рече дека Владата нема легитимитет кај Албанците. Мицкоски им посочи на ДУИ дека имаат четири години да се реформираат, па да пробаат да се вратат на власт.

Македонија | пред 1 година

filipce-sobranie3

(Видео) Филипче до Мицкоски: Потврдивте дека немате план за ЕУ

Премиере Мицкоски, како и што се очекуваше, потврдивте дека немате план за патот кон ЕУ, па затоа и не одговоривте на ова прашање, ниту пак кажавте дека воопшто имате некаков план, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денес во Собранието, на седницата за пратенички прашања.- Повторно кажувате дека нешто разговарате и дека нешто се случува во Брисел или Вашингтон, но не кажувате што е тоа, ниту пак дали имаме некаква временска рамка. Од ’91 година до сега, ниту една Влада во Македонија, немало, а да нè работи за Европа. Напротив, секоја влада во рамките на својот капаците и можности, го правела тоа и сега првпат, кога Европа е на дофат, Мицкоски и ДПМНЕ го запираат патот, којшто генерации наназад го чекаа и очекуваа, рече Филипче.Тој потенцираше дека Владата на ДПМНЕ го запираат патот кон ЕУ и побара од Мицкоски да биде искрен и да признае дека тој лично нема верба во Европа и европските вредности, а ниту план како да ја внесе државата во ЕУ.- Мицкоски нема никакво право да го запира патот кон ЕУ. Тој и владата го заглавија возот буквално во снег, и ако наместо по патот на ЕУ тргнат по друг пат, возот ќе отиде во провалија“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 година

mickoski1-2

Мицкоски: Власта на СДСМ и ДУИ незаконски, па и со дронови ја следела ВМРО-ДПМНЕ, ќе има одговорност за тие оперативно технички состојби, затоа сте уплашени

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, потенцираше дека кога СДСМ и ДУИ биле на власт незаконски ги следеле лично него и ВМРО-ДПМНЕ и тоа со дронови, но им порача дека за сите тие оперативно технички состојби ќе има одговорност и затоа е стравот сега кај истите кои следеле и нарачувале.„До поранешниот министер за внатрешни работи кој е тука, до него не допираше гласот, но затоа се дигаа дронови над мојата куќа, кога сум одел и на терен во Прилеп и тоа е се во белешките на службите кои треба да разузнаваат и контраразузнаваат. Го разузнавале претседателот на опозицијата со дронови оперативни и оперативно технички средства. Нормално е тоа? И сега се уплашени и од свиркачи добиваат информации, за сето тоа што мора да има одговорност“, изјави премиерот одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Венко Филипче.Премиерот Мицкоски потенцираше дека кога ќе дојде редот за одговорност, јавноста ќе дознае, но Владата нема да прави од тоа театар како што правеше претходната власт, од систем кој е од витално значење за државата.„Сето тоа ќе биде презентирано на затворена седница и сето тоа да се декласифицира. Вие го следевте лидерот на опозицијата со дронови, сега пишуваат анонимни писма, колку сакаат нека пишуваат нема спас, не им бега одговорност“, изјави Мицкоски.Премиерот Мицкоски што се однесува за сертификатот на директорот на АНБ Бојан Христовски, му порача на Филипче да си го смени тимот кој го брифира, затоа што не 5 години туку 9 има таков.„Има институции кои тоа треба да го проверат, вие сте решиле да правите политика од тоа, легитимно е, мислите дека на тој начин ќе добиете нешто. Не мислам дека добивате, но ако мислите вие терајте, но не добивате. Ќе ви дадам сличен сертификат од личноста која седи до вас. Знаете колку има такви сертификати? Сакате за директорите кои ги назначи СДСМ да ги видите сертификатите? Немојте на тоа да правите политика, има институции во државава кои треба да водат сметка, овие сертификати ќе ги дадам на министерот за внатрешни работи“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

filipce-pratenicki

(Видео) Филипче до Мицкоски: Го враќате ВМРО-МВРО со незаконско узурпирање на АНБ од партиски кадар

Еден од многуте скандали на оваа Власт е грубата и опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност, власта го враќа ВМРО-МВРО со узурпирање на безбедносната служба, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во пратеничко прашање до премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања.-Покрај тоа што поставувате криминалци за директори, осудени лица за директори на затвори и јавноста се смее, ова партизирање на АНБ воопшто не е за смеење. Напротив, ова многу загрижува и ја потврдува вашата намера да ги узурпирате клучните безбедносни институции. Вие господине Мицкоски изгледа заборавате дека заради овие ВМРО-МВРО диктаторски политики 100.000 луѓе маршираа по улиците, рече Филипче.Филипче презентираше докази дека станува збор за незаконско поставување на директор на Агенцијата за национална безбедност.-Ова се документи доставени од нас од свиркачи. Изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување. Со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување а тоа е 5 години стаж на раководни позиции, согласно законските услови. Ни тој услов не го исполнува вашиот партиски кадар. Медиуми од Македонија и Бугарија веќе покажаа дека Христовски нема ниту вистински документ за соодветно познавање на Англиски јазик. Документот што го приложил е од училиште во Пловдив Бугарија а во Пловдив воопшто нема TOEFL центар за тестирање. Значи за да стане директор свесно употребил фалсификуван документ и со тоа направил кривично дело. Нели, господине Мицкоски, ветувавте поразличен начин на работа? Нели мерит систем некој најавувате?, рече Филипче.Претседателот на СДСМ го праша Мицкоски дали ќе го разреши директорот на АНБ, Бојан Христовски после овие информации.-Професионализмот мора да се заштити и АНБ да биде во функција на државните интереси, а не на интересите на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа Христовски треба да биде разрешен, да биде назначен нов директор на АНБ а надлежните институции целосно да го истражат случајот и да има одговорност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

venko-sobranie

(Видео) Филипче до Мицкоски: Вашиот рбет се свитка, а вашите принципи паднаа

Владата во овие четири месеци се движи во целосно спротивен правец од ветувањата што ги дававте пред изборите, а вашата политика нема никаков ’рбет, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник Венко Филипче, на денешната собраниска седница во пратеничкото прашање упатено до премиерот Мицкоски.„Целиот ваш политички успех се базираше на противењето на Преспанскиот договор – договор за кој тврдевте дека е национално предавство. Вие реално и немате друга политика по која би ве паметеле освен носењето на маичките со големо НЕ за Преспанскиот договор. Но, откако седнавте во премиерската фотелја, истиот договор стана „ремек-дело на дипломатијата“.Го барате како пример за други договори и од неуморен противник, станавте најгласен поддржувач. Оваа дволичност и врвно политичко лицемерие треба да се изучува во книгите за манипулација со граѓаните“, рече Филипче.При тоа Филипче го повика Мицкоски да го врати мандатот како што тоа го ветуваше во предизборната кампања.„Велевте дека ќе го вратите мандатот ако некогаш кажете Северна. Па ајде премиере, еве сега е шанса, во Собранието да го вратите мандатот. Наместо тоа, вие и вашите министри на мала врата почнавте да го користите уставното име, а некои богами тоа и со гордосѕ го изговараат. Со ова покажавте дека вашата политика нема никаков ’рбет, но тоа го знаевме. Вие, премиере , го редефиниравте политичкото лицемерие и популизмот. Вашиот ’рбет се свитка, а вашите принципи паднаа“, порача претседателот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

30102024-Mickoski-19

Мицкоски: Предлог-Буџетот вчера помина на владина седница, очекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст следната година

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување камен темелник за изградба на нова детска градинка во населено место Ново Село во Општина Ѓорче Петров, по што одговарајќи на новинарско прашање, колкав раст предвидува Предлог-Буџетот што беше усвоен на вчерашната владина седница информираше дека, очекува 3,7 проценти да биде просечниот раст, следната година.„Да, на владината седница помина Буџетот би требало деновиве да се најде и пред пратениците. Очекувам 3,7 проценти да биде просечниот раст следната година. Очекувам во третиот квартал да се движиме меѓу 2,5 и 3 проценти. Очекувам во четвртиот квартал меѓу 3 и 3,5 проценти, а не би се изненадил ако првиот квартал до година, ако биде сѐ како што го проектираме и со инвестициите на компаниите и инвестициите на државата да дојдеме и до четворка. И не би се изненадил, ако следната година биде 3,7 повеќе, бидејќи такви се оние индикатори со коишто сега во моментот располагаме. Има уште некои работи коишто треба да отпочнат со функционирање, некои фабрики коишто сѐ уште не се отпочнати. Јас очекувам во период којшто следи да отпочнат. Така што оваа година сме т.е. проекцијата за следната година е на 3,7, но не би се изненадил ако тоа биде и повеќе“, изјави премиерот.Премиерот додаде и дека капиталните инвестиции се на ниво на 50 милијарди од кои 32 милијарди се од Буџетот, останатите 18 милијарди се од оние тековни програми„Капиталните инвестиции се некаде на ниво на 50 милијарди од кои 32 милијарди се од Буџетот, останатите 18 милијарди се од оние тековни програми, но и нови коишто ќе следат. Буџетскиот дефицит е околу 41-42 милијарди, така што очекувам имајќи ги предвид сите теренски активности коишто се забрзани и очекувам конечно силен комитмен од Бугарија за Коридорот 8 пругата да биде јасен во јавноста и тука да почнат да се движат работите. Така што не би се изненадил ако отидеме и ја видиме четворката следната година“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

30102024-Mickoski-1

Мицкоски: 18 милиони евра се предвидени за реновирање на студентски домови, 250 евра за дигитални уреди и поддршка за бизнис и многу други проекти за младите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска при посета на поставување камен темелник на изградба на нова детска градинка во Општина Ѓорче Петров, одговарајќи на новинарско прашање за што прави Владата за младите одговори дека младите се во фокусот на Владата како и сите останати граѓани на Македонија.„Младите се во фокусот на Владата, впрочем сите се во фокусот на владата, но и младите. Ќе ве потсетам дека во моментот интензивно се работи на реновирање на студентските домови, некаде околу 18 милиони евра има тука инвестиција, во буџетот се предвидени оние 250 евра за дигитални уреди коишто ќе ги користат сите студенти на сите универзитети коишто веќе се планирани во буџетот“, посочи премиерот.Претседателот на Владата Мицкоски додаде дека се планирани пари за поддршка на нови бизниси на младите и ги охрабри младите да се борат за да успеат.„Тука се планирани оние 10 милиони евра коишто треба да бидат во форма на грант за старт ап бизниси на младите и уште многу други проекти, млади специјализанти итн., нешто што досега беше незамисливо за претходните влади, ние тоа го правиме и го овозможуваме и ги охрабрувам младите да влезат во борба со животот затоа што само така можеме заеднички да успееме како општество, животот е борба, дневно се бориме за да успееме, секој ден е нов предизвик, секој ден тој предизвик треба да го совладаме, ништо не паѓа од небо готово за се мора да се бориме и да го заслужиме“, посочи премиерот Мицкоски и додаде дека се на што се работи сега ќе остане за младите во иднина.„Ние сме тука да помогнеме и да работиме да го оставиме тоа коешто го работиме на младите, бидејќи на нив останува иднината, а ние како Влада ќе сториме сешто можеме да им оставиме подостојна и попристојна иднина“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања