МИЦКОСКИ

29102024_MICKOSKI-3

Мицкоски: Животната средина е наш приоритет, се реализираат проектите за пречистителните станици во Битола и скопската, ќе отпочне и проектот за Тетово

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, каков вид на проекти се предвидува со одлуката за проектите за капитални инвестиции за општините од сегментот на Министерството за животна средина и просторно планирање, бидејќи дел од обвинувањата се дека оваа област е запоставена, информираше дека Владата инвестира во проекти коишто дел се за заштитата на животната средина.Почнуваат да се реализираат проектите за пречистителните станици во Битола и скопската, а се очекува да отпочне и проектот за пречистителната станица во Тетово, за што се предвидени 680 милиони денари.„Да има, има и такви проекти. Се разбираат животната средина е наш приоритет и многу се вложува тука се работи на тоа, бидејќи тоа им е потребно на граѓаните. Има некаде околу 700 мислам дека е околу 680 милиони денари најточно, проекти коишто се дел од заштитата на животната средина и продолжуваме понатаму да инвестираме во животната средина во оние програми коишто веќе ги имаме од минатото.Добив информација дека почнува проектот постепено да се реализира за пречистителната станица во Битола. Слично нешто очекувам и за Тетово, скопската гледам почнува да се задвижува итн. сега сакам да кажам дека апсолутно ни се приоритет тие проекти“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-29-105027

Две работи се сигурни, сите ќе заминеме од овој свет и нема да има зголемување на платите на функционерите, кажа Мицкоски

„Две работи се сигурни. Првата е дека еден ден сите ќе заминеме од овој свет, а втората е дека нема да има зголемување на платите на функционерите“.Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, уште еднаш потврдувајќи дека е сигурно оти платите на функционерите нема да се зголемат во рамки на усогласувањето со минималната плата на почетокот на идната година.– Едно е сигурно. Покрај онаа работа дека еден ден сите ќе заминеме од овој свет, е дека од догодина нема да има зголемување на платите на функционерите – кажа премиерот пред почетокот на Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје насловена: „Back to business: Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“.Инаку, предвидено беше платите на функционерите повторно да се зголемат во јануари 2025 година, согласно растот на годишната просечната плата, која е основица за пресметување. Се очекуваше зголемување од околу 330 евра за највисоките функционерски плати за премиерот, претседателот и за спикерот, до околу 130 евра за најниските.Избраните и именувани функционери од април минатата година земаат плати повисоки за 78%, што предизвика незадоволство и протести кај разни групи работници и кај пензионерите.

Македонија | пред 1 година

mickoski-2

(Видео) Мицкоски: Ќе создадеме стратешки документ којшто ќе биде патоказ за сите идни Влади

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Националната развојна стратегија, која денес ја носи Собранието, чиј предлагач е Владата, а СДСМ не ја поддржа рече:„Па јас не очекувам од СДСМ да поддржува владини политики, мислат дека таа им е добра стратегија, јас не мислам дека е таа добра стратегија. И мислам дека тука новиот претседател на СДСМ има внатрешни проблеми на луѓе кои го носат во длабоко и се обидуваат што побргу да го удават, бидејќи имаат свои некои интереси внатрешно во партијата, но тоа е нивен проблем, не е наш проблем.Тоа се сосема два различни документи, овој со Македонската академија на науките и уметностите е стратешки документ којшто третира области коишто не се содржани во оваа Национална стратегија и така натаму. Нешто коешто е многу важно.Нешто коешто е многу важно и во име на тоа јас ги повикувам уште еднашка да размислат и да застанат позади оваа иницијатива, бидејќи сепак ете нашата цел е да ги собереме сите умови во државава за да можеме да создадеме документ којшто ќе биде патоказ за сите идни Влади, не само за оваа Влада, околу кој ќе се обединиме сите без разлика на нашите етнички и партиски различности“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

28102024_Mickoski_5

Мицкоски: Предвидени се 350 капитални проекти од општините, само во секторот транспорт

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска по извршениот надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани, одговарајќи на новинарско прашање колку проекти се предвидени од транспортот и инфраструктурата, при отпочнувањето на првата фаза за капитални проекти од општините, информираше дека вкупно 350 проекти се предвидени, вклучително со дополната којашто треба да се случи до средината на месец ноември. Средствата кои ќе бидат наменети само за секторот транспорт се повеќе од 2 милијарди денари.„Во тотал со оние проекти кои очекуваме да бидат дополнети до кај 15 ноември, ќе ја заминеме бројката 350. Минус една општина којашто за жал конкурираше со проект кој е во фаза на изградба на избран изведувач и тука ние не можеме ништо да направиме. Жалам што така одлучи раководството на таа општина, градоначалникот. Во секторот транспорт, мислам дека е повеќе од 2 милијарди денари. Мислам дека 2 милијарди и 400. Таму ќе има нови улици, водоводи, канализации, булевари навистина ќе биде нешто коешто досега не се случило. Епски проект, она коешто им е битно на граѓаните”, истакна премиерот Мицкоски.Премиерот подвлече дека фокусот на Владата е да работи за интересот на граѓаните, не како што работеше претходната Влада, којашто го гледаше својот интерес.„Наш интерес се граѓаните, ние работиме за нив. Не работиме како што работеше претходната разбојничка влада на СДСМ и ДУИ, да го гледаш својот интерес, па сега во опозиција ќе си пишуваме писменце, туку работиме за интересот на граѓаните. Тоа е она коешто е наш фокус ние не го губиме времето во пишување писменца, туку во работа и така и ќе продолжиме“, додаде премиерот.

Македонија | пред 1 година

mickoski_avtopatska-delnica-Gostivar-Bukojcani_10

Мицкоски: Модерна, современа, енергетски ефикасна градба, и добри курикулуми за настава ќе вложиме во кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, а ќе ги довршиме и ФИНКИ и ФФК

„Универзитетот „Мајка Тереза“ е последен би рекол, најмлад универзитет и е дел од образовната политика на оваа Влада. И се разбира дека треба да се поддржи и дека треба да се вложи, да се направи модерна, современа инфраструктура, и тоа не само инфраструктура, туку и добри курикулуми за настава, односно да излезат и добри студенти, затоа што само ние ќе имаме како општество бенефит од сето тоа. Но за сите оние душегрижници, да не се грижат ќе го изградиме и Универзитетот и кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, но и ќе ги завршиме двата недовршени факултети, Факултетот за информатички науки и компјутерска технологија, ФИНКИ практично, и Факултетот за физичка култура. И ќе ги довршиме сите објекти коишто долго време се споменици. Мораме тоа да го завршиме, затоа што тоа го очекуваат од нас граѓаните, бидејќи лошо делува центарот на главниот град. Мора тоа сѐ да се заврши за да имаме пристојно место за живеење, тоа го правиме. Ние нема да влегуваме во правци, во стилови на уметноста и така натаму. Сакаме да биде тоа современа, модерна градба и да завршиме конечно, енергетски ефикасна и така натаму“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.„Инаку тоа што е лошо на пример ако ги погледате зградите на Факултетот ФИНКИ и за физичка култура ќе видите дека и арматурата што е вградена во бетонот почнала да се сечи, така да ќе треба таму дополнително да се интервенира исто како што и зградата на Народната банка, тука имаме и законски интервенции за да се продолжи рокот за градење. Така што еве за овие четири месеци се задвижени сите работи и очекувам во следните четири месеци и таму да имаме веќе прогрес на теренот. Сакаме да вложуваме во образованието и ќе продолжиме да вложуваме“, додаде претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на одвојувањето на парични средства за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, со оглед на тоа дека има реакции за ФИНКИ и ФФК кои одамна чекаат доизградба.

Македонија | пред 1 година

28102024_avtopatska-delnica-Gostivar-Bukojcani_2

(Видео) Мицкоски: Како Влада продолжуваме посветено да работиме на реализација на Коридор 8 и 10

„Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи после две години, буквално после две години, ветувања и празни муабети денеска конечно може да се види нешто коешто треба да претставува дел од оној сон којшто го имаме како Влада, а тоа е како нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници. А тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска. Тоа е нашиот сон. Тоа е мојот личен сон и ќе сторам сѐ како претседател на Владата да стане и реалност“, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.„Ние сме земја којашто за жал не излегува на море и тоа некој може да го смета како недостаток, но ние треба да сме умни и тој недостаток да го направиме во наша предност, бидејќи сме природна крстосница на два многу значајни коридори, Коридорот 8 и Коридорот 10.Денеска сме овде на едно место коешто претставува дел од Коридорот 8, а во сабота, од тоа што до сега го разгледувавме со одговорните лица од компанијата „Бехтел“, односно конзорциумот „Бехтел и Енка“, ќе го посетиме и другото место каде што се гради, а тоа е делницата помеѓу Прилеп и Битола.Тоа е она коешто треба да претставува наш приоритет, а од работата изминативе четири месеци како Влада и три месеци како раководство во ЈПДП, можеме да забележиме дека се направено двојно, тројно повеќе работи споредено со две години претходно. И тоа се гледа. И сега веќе ова не е магија, не е илузија, ова е вистина. Ги гледаме работите на терен како се работат.Овие преговори заедно со раководството на компанијата „Бехтел“ започнаа уште при оние контакти во Вашингтон, кога бев на посета во Вашингтон, на Самитот на НАТО, продолжија тука и гледате еве кога ќе се постигне заеднички, кога ќе има дијалог, кога ќе се разговара, може да се постигне и напредок. Тој напредок сите можеме сега да го видиме и јас сум навистина горд што сме денеска овде и што во периодот којшто следи ќе имаме уште многу пријатни и убави вести за вас, за македонската јавност и македонските граѓани, најави дел и потпретседателот на Владата и министер за транспорт, господинот Александар Николовски.Така што, уште еднаш сакам на сите да им се заблагодарам за учеството, за придонесот во изминативе би рекол ефективни три месеци. Тоа се луѓето пред сѐ во Јавното претпријатие за државни патишта коишто го координираат целиот овој процес заедно со луѓето од конзорциумот „Бехтел и Енка“, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина, јас колку можам помагам нормално онаму каде што се бара и моја помош, Амбасадата се разбира на Соединетите Американски Држави“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-1

Мицкоски дојде на власт и смени лента, договорот со Бехтел и Енка беше „историски риминал“, а сега е супер, реагира СДСМ

„Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е историски криминал. „Договорот помеѓу владата и Бехтел и Енка отвори 10-тина дилеми за историски криминал“; „Таму се фатени буквално во сериозен криминал“;„Криминалот со Бехтел и Енка ќе го кријат со Закон“; „Ова е историска пљачка“. Вака говореше Мицкоски до пред само неколку месеци“, велат од СДСМ.„Дојде на власт, седна во премиерската фотелја и Мицкоски веднаш смени лента.Одеднаш се е различно, се е супер.Мицкоски и Николовски од денеска се фалат со истиот проект од Договор со Бехтел и Енка и велат дека резлизацијата ќе била добра за државата и за граѓаните.Вакво лажење на народот досега е невидено, се потврди дека историско е само политичко лицемерие и дволичност на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ!“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-mickoski

„Секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици за внатрешната кохезија и предвидливост“: Ахмети упати писмо до Мицкоски

ДУИ информира дека денеска, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, упати официјално писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата.Писмото, како што велат од ДУИ, е одговор на сериозните предизвици со кои се соочува Северна Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога секоја нова тензија може да има негативни последици врз меѓуетничките односи и внатрешниот развој. Ахмети истакнува дека одлуките за укинување на заштитните механизми за заедниците и измените на Законот за употреба на јазиците не само што се политички контроверзни, туку се опасни и штетни за напредокот и одржливоста на општеството.ДУИ апелира до политичките партии и институции за поголема одговорност и зрелост во овој критичен период, поттикнувајќи решенија кои ќе ја зајакнат соработката и заедништвото, а не поделбите. Писмото на Ахмети, кое е приложено во целост во ова соопштение, претставува повик за соработка, взаемна почит и конструктивен дијалог.ДУИ останува посветена на заштитата на меѓуетничкото разбирање и инклузивноста, кои се темели на напредокот на Северна Македонија и нејзината европска иднина.Писмото на Али Ахмети до Христијан МицкоскиПочитуван г. Христијан Мицкоски,Претседател на ВМРО-ДПМНЕ,Ви се обраќам во исклучително чувствителен период за нашата земја. Геополитичката состојба е поопасна од кога било од крајот на минатиот век, со ескалацијата на руската агресија во Украина, амбициите на Кина, сложената ситуација на Западен Балкан, нестабилноста во Босна и Херцеговина, тензиите меѓу Косово и Србија, како и континуираните блокади од страна на Бугарија. Во оваа комплицирана средина, секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици за внатрешната кохезија и предвидливост.Последните одлуки на Уставниот суд, кои изгледа дека се извршување на програмата на вашата партија за укинување на клучните механизми за заштита на заедниците, предизвикаа загриженост кај сите граѓани кои се посветени на градењето на подобро одржливи меѓуетнички односи во Северна Македонија.Охридскиот договор, кој донесе подобро меѓуетничко разбирање, не е само политичко прашање, туку е темел на нашата мултиетничка демократија, стабилност и демократски напредок. Секоја обид за негово доведување во прашање, особено во актуелниот контекст, е чекор кој може да ја влоши состојбата во земјата и регионот.Одлуките за измена или ревизија на Законот за употреба на јазиците, кој е клучен елемент на Охридскиот договор, не се само политички контроверзни, туку и штетни за напредокот и соработката меѓу заедниците. Ова е развој што може да ги поткопа придобивките стекнати со значителен труд и да ја врати земјата во периоди на несигурност.Затоа, ве повикувам да размислите со зрелост и одговорност за овие одлуки кои имаат потенцијал да ја нарушат мултиетничката кохезија во Северна Македонија. Иднината на нашата земја треба да се гради врз основа на соработка и взаемна почит, а не врз поделби. Секој чекор што ги нарушува овие основи е штетен за иднината на нашата земја и за сите нејзини граѓани, без разлика на етничката припадност.Со почит,Али АхметиПретседател на Демократската Унија за Интеграција

Македонија | пред 1 година

mickoski-lajen-3

(Видео) Мицкоски: Нашата визија е јасна, сакаме да бидеме дел од европското семејство

„Нашата средба беше од исклучителна важност за иднината на нашата држава и за натамошно динамизирање на европските интеграции кои се врвен стратешки интерес, приоритет и цел. Остануваме цврсто посветена како Влада на својот пат кон полноправно членство во Европската Унија“, кажа премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен.„Нашата визија е јасна, сакаме да бидеме дел од европското семејство, споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на правото и почитување на човековите права.Свесни сме дека пред нас стојат значајни предизвици. Реформите кои ги спроведуваме во областите на правосудството, борбата против корупцијата, економскиот развој и зајакнувањето на институциите се клучни за нашата иднина. Овие промени не се само услов за членство во ЕУ, туку се неопходни за подобрување на животниот стандард на сите граѓани.Владата високо ја цени заложбата на претседателката за проширувањето на Европската Унија во најскоро време.Во овие услови на променета геополитичка ситуација во светот, нашата земја останува стабилен, сигурен и посветен партнер на ЕУ. Но, очекуваме Европската Унија заедно со нас да помогне во изнаоѓањето на начини како да продолжи нашиот европски интегративен пат, истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите на кои што почива самата ЕУ.Очекуваме од Европската Унија да го препознае нашиот напредок и да продолжи да ни дава поддршка во овој процес, многу е важна поддршката. Веруваме во принципот на фер и заслуги и верувавме дека нашите континуирани напори ќе бидат соодветно вреднувани.Нашата цел е јасна, но патот до неа бара заеднички труд. Соработката, дијалогот и меѓусебното разбирање кои што се од суштинско значење. Убедени сме дека заедно можеме да ги надминеме сите пречки и да изградиме подобра иднина за нашите граѓани.На крајот, сакам уште еднаш да изразам благодарност до претседателката на Европската комисија за нејзината лична посветеност и поддршка.Со нетрпение очекуваме да продолжиме соработката и да го забрзаме нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-lajen-2

(Видео) Мицкоски ја пречека Фон дер Лајен пред Владата со највисоки државни и воени почести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред Владата ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со највисоки државни и воени почести.Таа е во посета на државава во рамки на нејзината турнеја низ шесте земји од Западен Балкан.Според протоколот, Мицкоски и Фон дер Лајен имаат тет-а-тет средба, по што ќе се одржи и билатерална средба меѓу двете делегации.По состанокот, во пре-центарот на Владата ќе се одржи и заедничка прес-конференција на премиерот и претседателката на ЕК.Предвидено е Фон дер Лајен да има средба и со претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова.Претходно, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Македонија | пред 1 година

21102024_Mickoski_Salzburg_4

Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања, рече Мицкоски од Салцбург

Претседателот на Владата Проф. д-р Христијан Мицкоски денеска обраќајќи се на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите, истакна дека државата е блокирана од еден нерационален и билатерален спор, посочувајќи дека премногу долго интеграцискиот процес трае за државата обременет со многу детали кои влијаат за зголемување на фрустрациите и незадоволството од водењето на целиот процес.„Кога станува збор за надворешната испорака на резултати, од странство како државата често добивавме само зборови, не дела. Резултатите недостигаат, имаме само обврски. И како минуваше времето, меѓу народот се зголемуваше фрустрацијата зошто сега повторно имаме повторен услов, повторно ограничување. И се прашуваме, во ред, треба да се исправиме како политичари. И сега, треба да застанам пред моите граѓани и да речам: видете, драги сограѓани, мои студенти, мора повторно да го промениме Уставот“, посочи премиерот Мицкоски.Тој истакна дека источниот сосед досега не почитува 14 пресуди од Судот за човековите права во Стразбур за регистрирање на здружение на Македонците кои живеат на тие простори, додека тие бараат внес на Бугарите во македонскиот Устав што покажува дека има отсуство на волја за приближување на работите.Претседателот на Владата Мицкоски нагласи дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за 6 месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.Ние како Влада сме посветени на изнаоѓање на решение и активен дијалог. Едно од решенијата секако е да се примени формулата веќе применета во Преспанскиот договор за одложено дејство, поточно во моментите кога ќе влеземе во Европската Унија, тогаш тие одлуки во Уставот да станат активни, што секако претставува заштитен механизам од подоцнежни условувања.

Македонија | пред 1 година

mickoski-obuka-1

Мицкоски на обуката со пратениците и фондацијата Конрад Аденауер имаше свое обраќање на тема Предизвици на парламентарната демократија

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Хрстијан Мицкоски учествуваше на обуката за пратениците во организација на фондацијата Конрад Аденауер што се одржува од 18 до 20 октомври 2024 година.Обуката за пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е на тема „Зајакнување на капацитетите ја пратениците: Предизвиците на парламентарната демократија“.Претседателот Мицкоски имаше свое обраќање пред пратениците во кое се осврна на значењето на Собранието и народните избраници во парламентарната демократија, како и предизвиците на парламентарната демократија воопшто.На обуката свое обраќање имаше и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Македонија | пред 1 година

18102024-Mickoski-2

Мицкоски: Владата врши редовна исплата на субвенциите и враќа наследени, заостанати долгови од претходната Влада на СДСМ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски при посета на ООУ „Крсте Мисирков“-Скопје, Општина Гази Баба одговарајќи на новинарско прашање за тоа каква е состојбата во земјоделието дали е катастрофална како што посочуваат од опозициската СДСМ и млекарите се пред банкрот, изјави дека и покрај наследените, заостанати субвенции, сега има редовна исплата на тековните субвенциите и враќање на стари долгови.„Во земјоделието наследивме исклучително тешка слика и големи долгови. Покрај редовната исплата на субвенциите имаме досега околу, близу или нешто над една милијарда денари стари долгови, вратени. Очекуваме во следниот буџет уште една, и веќе во 2026 година да се изедначиме со тековната исплата на субвенциите“, изјави премиерот.Премиерот подвлече дека пораките коишто доаѓаат од опозициската СДСМ се од незнаење, а тој е шокиран од истите.„Јас навистина повторно ќе кажам, шокиран сум од овие пораки коишто се темелат на незнаење, коишто доаѓаат од СДСМ, но повторно ќе кажам, тие одбрале таква политика да водат, на нив е. Нашата политика е оваа којашто е портретирана со дела, со проекти, со реформи, со развој“, истакна премиерот Мицкоски.Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство, затоа носиме мерки и проекти со кои ја враќаме надежта кај земјоделците.

Македонија | пред 1 година

18102024-Mickoski-1

Мицкоски: Претходната Влада на СДСМ и ДУИ ги ограбуваше граѓаните, ова Влада инвестира и реализира капитални проекти

„Јас не очекувам СДСМ да каже нешто паметно, но тоа што го кажуваат од СДСМ по мој совет е погрешно бидејќи граѓаните ова го гледаат, ние не можеме да земеме гумичка и да ја избришеме од колективната меморија на граѓаните. Сите овие проекти граѓаните ги гледаат како се реализираат, од ден на ден се фрлаат лопати како почеток на изградба на проект, се пресекува лента како завршување на некој проект“, одговори на новинарско прашање претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.Премиерот Мицкоски потенцираше дека политиката на оваа Влада е да ги инвестираат државните пари и да помогнат на граѓаните, не да ги ограбуваат како претходната Влада.„За жал тие продолжуваат да не ја говорат вистината, еве да се изразам според нивниот речник, не само што крадеа туку и лажат, мислам овие политички разбојници во минатото имаа можност да покажат карактер, имаа можност да покажат што можат и проекти, тие за жал единствено што успеаја да направат е да ја зголемат големината на нивниот личен паричник, а за жал граѓаните ги ограбија. Ние обратен процес имаме, ние сакаме се што може да се направи за доброто за граѓаните“, истакна премиерот.Претседателот на Владата подвлече дека преку одличната работа на институциите во оваа Влада ќе се продолжи трендот на реализацијата на проекти.„Од каде парите? Само 3 милијарди имаме и тоа можеби ништо не е, ама 3 милијарди имаме за 3 месеци повеќе наплата во царината, ако се спореди со претходната година денари, тоа е отприлика 50 милиони евра, така што тие ќе си продолжат да си зборуваат, ете тие одлучиле такви пораки да испраќаат во јавноста, ние ќе продолжиме со реализација на проекти и тоа е начинот на којшто ние мислиме дека треба да функционира политиката“, кажа премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

18102024-Mickoski-7

(Видео) Мицкоски: Започна изградба на ново основно училиште за 700 ученици во Гази Баба

„Задоволство за мене претставува секогаш кога ќе бидам дел од ваков настан, каков што е овој да отпочнеме со една нова градба на основно училиште, каде што од тоа што успеав да го дознам од градоначалникот повеќе од 700 дечиња ќе можат да се стекнуваат со знаење“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.„Му честитам на градоначалникот, на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на пратениците коишто доаѓаат од овде, од Општина Гази Баба, на администрацијата којашто е секогаш тука да помогне во реализација на вакви проекти.Ние заедно како Влада со Министерството за образование и наука ќе продолжиме да помагаме во ваков тип на објекти, капитални инвестиции. Образованието претставува наш фокус и образованието е основа за правилен раст и развој на децата, но истовремено и темел на којшто треба понатаму да се гради една држава.Така што уште еднаш дозволете ми еве да го искажам моето огромно задоволство што мислам градоначалникот рече во рок од максимум две години, овде ќе биде изградена една нова претставителна со европски квалитет зграда во којашто повеќе од 700 дечиња ќе можат да стекнуваат знаења, да се дружат и да ги поминуваат своите ученички денови во ова основно училиште“, изјави премиерот.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања