МИЦКОСКИ

17102024-Mickoski-3

Мицкоски: Треба половина милијарда евра да се потрошат за пруга која нема продолжување кај источниот сосед, ние не се откажуваме, но треба комплетен проект и од бугарска страна

„Нема да градиме се додека Бугарите не си го завршат, својот тунел, односно својата половина од тунелот и тие километри коишто недостасуваат од тунелот до приклучокот со националната железница на Бугарија, вака претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија одговори на прашањето зошто ставот на Владата е сега да не се гради тунелот кој треба да поврзува со Бугарија.Мицкоски додаде дека додека не се завршат обврските од другата страна на границата залудно е да се трошат половина милијарда евра за нешто што нема да биде функционално.„Моментално буџетот за реализација на тој проект е 550 милиони евра од коишто 350 милиони се кредит, а 200 милиони се грант. 350 милиони ние ќе ги враќаме. Со тоа што изведувачот има право на пенали и клејмови. Моето скромно инженерско искуство вели дека најмалку уште 200 милиони ќе бидат потребни. Така што од тие 350 ќе дојдеме до половина милијарда пари коишто ние ќе треба да ги платиме. И да 200 милиони евра коишто се грант и коишто ќе ги платат европските даночни обврзници. Да, и тоа е точно, но 500 милиони ние“, потенцираше Мицкоски.На прашање зошто мисли дека Бугарија не би го градела тунелот, Мицкоски одговори дека, таков сличен пример е и граничниот премин Клепало кој кај нас е готов а во Бугарија нема истурено ниту кубик песок.„Поради тоа што граничниот премин Клепало до ден-денеска нема еден кубик песок истурено, а кај нас е готов. Искуството вели дека ние си ја завршуваме домашната задача, ама од другава страна некако слабо иде завршувањето“, потенцираше Мицкоски и додаде:„Ние мислиме дека се додека не биде комплетен овој проект би било залудно трошењето на народните пари“.

Македонија | пред 1 година

mickoski-danela

Мицкоски: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти, беа доделени 10 милиони евра за изградба на булевар кој не е почна и за кој нема потрошено фенинг

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во Тема на денот во Централниот дневник на ТВ Сител, вели дека Данела Арсовска нема капацитет да реализира капитален проект за изградба на Булеварот „Хасан Приштина“, потенцирајќи дека иако веќе 2 години 10 милиони евра се префрлени на сметката на Град Скопје нема потрошени ниту фенинг од тие средства.„Е сега кога сме кај тоа. Да тоа е капитален проект. Треба да е комплетен, а второ треба да се потрошени оние 10 милиони евра кои што веќе се дадени за реализација на еден таков капитален проект како што е Булеварот „Хасан Приштина“ кој што не само што не е почнат две години, туку ниту фенинг не е потрошен“, рече тој.„Сега ако некој нема капацитет да реализира капитални инвестиции, како што е тој булевар, тој патен правец, иако морам да признам до мене стигаат многу информации дека се тргува со тие средства кој што ги има Градот Скопје на својата сметка од страна на државата префрлени, па се бараат градежни фирми кои што тоа ќе го изведуваат и итн., има институции со тоа што се занимава. Но, факт е дека тој проект не е почнат со реализација и сега кога вие ќе видите дека некои 10 милиони евра му стојат 2 години на сметка, а не инвестирал ниту фенинг од тие 10 милиони евра, тогаш логично е да го поставите прашањето зошто па и тие 10 милиони евра не си ги вратиме назад во буџетот и да ги искористиме за нешто кое што е потребно за граѓаните во некои општини кои што се по подготвени“, дециден е Мицкоски.

Скопје | пред 1 година

17102024-Mickoski-2

Мицкоски: Постигнавме историски договор за покачување на платите на наставниците за најмалку 46 проценти

„Ние постигнавме историски договор, кој што никој не го постигнал“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во вчерашното интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител за зголемување на платите на наставниците и професорите во основното и средно образование.Премиерот Мицкоски истакна дека до 2028 година платите во образованието ќе пораснат за 46 проценти споредено со сега.„Четиригодишен договор кој што за прв пат имаме начин на кој се нивелираат и се зголемуваат платите на наставниците во основното и професорите во средното образование, кои што минимум до крајот на овој договор а тоа е месец март 2028 година ќе пораснат 46 проценти споредено со сега“, посочи Мицкоски.„Сега ќе бидат 5 проценти за октомвриската плата, март следната година 7 проценти и ова се минималните бројки, март 2026 7 и пол проценти, март 2027 година 7 и пол проценти, и март 2028 година минимум 10 проценти, а доколку буџетот дозволи и 12 и пол проценти. Сето ова во процентуална прогресија дава вкупно нето зголемена плата од 46 проценти минимум“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

17102024_Mickoski-2

Мицкоски: Владата потврди 270 проекти во општините во кои ќе се вложат 4 милијарди денари

„Па да, на вчерашната владина седница беа потврдени повеќе од 270 проекти коишто се во речиси сите општини. Уште во самиот почеток кажав дека нема да бидат ова само проекти каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ или од Владината коалиција каде што има градоначалници коишто се дел од коалицијата ВРЕДИ или пак политичката партија ЗНАМ, туку и онаму каде што имаме градоначалници кои што доаѓаат од СДСМ, од Демократската унија за интеграција, градоначалници коишто се независни, затоа што ние се бориме за секој милиметар квадратен на целата територија на државата. Секое парче ни е земја важно, значајно и секаде сакаме да инвестираме. Овие 270, повеќе од 270 проекти веќе се потврдени, очекувам во следната недела да бидат потпишани договорите и да започне реализацијата на овие проекти, историска реализација.Повеќе од 4 милијарди денари во овој прв бран. На следната владина седница ќе има мало продолжување на рокот, бидејќи некои од проектите на некои од општините ќе им е потребно дел од документите коишто недостасуваат да ги обезбедат. Мислам дека рокот ќе биде разумен, 10-ти/15-ти ноември да ги доподнесат тие проекти и откако тоа како формалност ќе биде завршено, очекувам и тие да бидат вклучени во овој прв бран.И надвор од сето ова се оние проекти коишто исто така се во делот на патната инфраструктура, а коишто се финансираат преку Министерството за транспорт и врски, коишто се дел од овој проект. И тука имаме исто така десетина проекти така што онаа ветена сума од 6 милијарди очекуваме на крајот да биде испорачана, а веќе следната година летвичката ја креваме погоре одиме на 15 милијарди денари. Така што за помалку од една година од Централниот буџет, кон општините и кон граѓаните ќе бидат испорачани отприлика проекти во вредност од околу 21 милијарда денари. Често пати ми го поставуваат прашањето од каде пари, тие пари кои што порано завршувале кај политички моќници, во приватни џебови на разно разни начини, сега завршуваат кај народот“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање до каде е проектот за капитални инвестиции во општините.А по однос на прашањето за тоа кои општини не добија проекти, одговори дека:„Па мислам дека Општина Струмица не доби затоа што конкурираше со проект којшто веќе е почнат и проект којшто веќе има избран изведувач, којшто е во тек. И апелирам еве до раководството на Општина Струмица да ја искористи можноста до 15-ти ноември да поднесе нови проекти коишто би можеле да ги финансираме.Понатаму Општина Теарце којашто поднесе проекти преку приватна е-маил адреса. Еве го повикувам градоначалникот да постапи како и сите други 79 градоначалници, има начин како сето тоа се прави.Имаме некомплетна документација поднесено од Општина Сарај и очекувам до 10-ти, 15-ти ноември и ова да биде отстрането. Станува збор за патна инфраструктура во едно населено место, мислам дека е Ласкарци и плус водовод еден, но очекувам дека до 10-ти, 15-ти ноември и тоа ќе биде надминато. Така да од прилика тоа се“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски и додаде дека тука спаѓа и Град Скопје:„Град Скопје да, бидејќи конкурираа со проекти коишто се некомплетни, бараат автобуси, бараат средства кои се за одржување на хигиена на улиците, а истовремено имаат отприлика од Владата веќе пренесени околу 10 милиони евра, 600 милиони денари коишто стојат на сметката за реализација на една капитална инвестиција, тоа е Булеварот „Хасан Приштина“, веќе две години и за жал ништо не е направено по таа основа, така што очекувам да веќе во следниот период и таму се подобрат инвестициските перформанси“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

17102024_Mickoski-9

(Видео) Мицкоски: Брвеница се менува, продолжуваме да инвестираме во патната инфраструктура

„За мене претставува задоволство и чест, што денеска на покана на градоначалникот овде во Општина Брвеница имам можност да присуствувам на завршени проекти, во делот на патната инфраструктура коишто изминативе децении биле ветувани, се зборувало за нив, но за жал никогаш не биле завршени“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.„Еве сега овој градоначалник, заедно со оваа општинска администрација, со овој совет којшто ја поддржува работата на Јовица, може да биде горд затоа што децениските ветувања конечно се реализирани и конечно жителите во ова населено место во Општина Брвеница ќе имаат можност да тоа што го очекувале со децении го почувствуваат и видат и да може да уживаат во подобар комфор во својот живот.Останатото коешто го спомена градоначалникот се проекти коишто се реализирани или во периодот којшто следи ќе бидат реализирани, нешто што досега во Општина Брвеница не се случило во историјата.Исто така, тука се и проектите коишто ќе бидат финансирани од страна на државата, проекти коишто се во вредност од околу 37 милиони денари и тоа се за сите населени места во целата Општина Брвеница. Ќе повторам, задоволството е огромно кога знаете дека испорачувате нешто коешто им е потребно на граѓаните.Ја користам уште еднаш на крај оваа прилика да му честитам на градоначалникот, да се заблагодарам за сето тоа што го прави за жителите во Општина Брвеница, нему, на пратениците коишто доаѓаат од Полошкиот Регион, на советниците во Општина Брвеница и се разбира администрацијата којашто е поддршка на работата и на Советот и на градоначалникот и да посакам уште многу вакви проекти.Во овој прв ран којшто ќе ги финансираме од страна на државата, веќе напомена градоначалникот, за неколку проекти коишто ќе бидат финансирани во вредност вкупна од околу 37 милиони денари, веќе во јануари кога ќе биде објавен следниот повик имаме уште проекти за коишто Општина Брвеница е подготвена се разбира да ги реализира“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

16102024-Mickoski-1

(Видео) Мицкоски: Националната ИКТ стратегија која ја изработивме е клучниот документ за дигиталната трансформација, според кој ќе се мерат напредокот и достигнувањата

„Денес го означуваме почетокот на изработката на Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој – Националната ИКТ стратегија. Националната ИКТ стратегија е клучниот документ кој ќе ги води сите наши напори и активности во однос на дигиталната трансформација, според кој ќе се мерат напредокот и достигнувањата на ова поле“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Неопходно е да чекориме во ист ритам во свет кој напредува со огромна брзина, а пристапот до дигиталните технологии и нивно подведување во функција и интерес на човекот и нивното правилно искористување отвора нови хоризонти и перспективи за сите.Важно е да се разбере дека дигитализацијата не претставува една, монолитна работа, туку опфаќа низа комплексни, меѓусебно поврзани и комплементарни чекори.За да чекориме по вистински пат важно е да се знае од каде поаѓаме, како и каде се движиме. Внимателен, сеопфатен, стручен и структуриран пристап е клучен предуслов за дигитална трансформација и последователно, општествен развој во согласност со светските текови.Дигитална трансформација во служба на граѓаните, достапни и ефикасни услуги и борба против присутната корупција со искористување на дигитализацијата е еден од врвните приоритети на Владата.Денес ја отпочнуваме работата на Работната група за донесување на Националната стратегија која е една од првите активности на Националниот совет за дигитална трансформација, чијшто претседавач сум јас. Тоа ја покажува посветеноста на Владата во однос на дигиталната трансформација на општеството.Би сакал да ве уверам дека создавањето на модерна дигитална информациско-комуникациска инфраструктура претставува еден од нашите клучни, врвни приоритети.Нашиот пристап е совесен и одговорен. Размислуваме и делуваме долгорочно, плански и системски, не делуваме ad hoc, во соработка со стручната, научната заедница, граѓанскиот и бизнис сектор, како и со коморите. Во таа насока е и работата на оваа Работна група.Токму во таа насока беше и воспоставувањето на ново, наменско Министерство за дигитална трансформација кое е носител на дигиталните политики на Владата и кое работи на креирање на сеопфатни хоризонтални решенија и платформи. Создаваме систем во кој секој ќе добие можност да се вклучи, систем кој ќе го трасира патот кон рамномерна корист на сите, со оптимизирани ресурси, без преклопување на активности и проекти.Јас на дигитализацијата гледам како на клучна алатка во борбата против корупцијата, бидејќи автоматизацијата на процесите помага во намалувањето на надворешно влијание и субјективност.Кога од една страна секојдневниот живот е технолошки олеснет, кога продуктивноста, конкурентноста, иновациите се стимулираат и оптимизираат.Со намера да се отклучи овој потенцијал, денес учествуваме во една многу важна дискусија за предизвиците и можностите кои генерално ги отвораат дигиталните технологии.“, соопшти Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

15102024_MICKOSKI-1

Мицкоски и Хармс од Германија: Ќе отвориме преговори за можно инвестирање на уште странски компании на македонскиот пазар

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски имаше излагање во Стопанската комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft) каде ги презентираше економските планови и плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата и можностите за соработка и инвестиции на германските компании кои веќе се присутни на македонскиот пазар. Освен веќе присутните компании на домашниот пазар во државата, интерес да инвестираат кај нас пројавија и нови странски компании, премиерот најави дека многу скоро денеска ќе се отворат преговорите за можно нивно инвестирање.„Можам да кажам дека имавме многу отворен, искрен и продуктивен состанок со претставниците на германската Стопанска комора делот којшто е одговорен за инвестиции во источна и југоисточна Европа. Голем дел од компаниите коишто беа присутни на овој состанок се веќе присутни со свои производни погони кај нас. Имаше и такви компании коишто недвосмислено изразија желба да инвестираат кај нас да бидат присутни на македонскиот пазар. Нормално разменивме детали за понатамошен контакт и мислам дека многу скоро денеска ќе бидеме посетени ќе ги отвориме преговорите за можно нивно инвестирање. Наша цел како Влада уште од самиот почеток беше подобрување на инвестициската клима и зголемување на инвестициската активност на компаниите, не само домашните и странските исто така. Мислам дека ова во Германија е исклучителна доволна можност имајќи предвид дека нашата трговска размена надминува повеќе од пет милијарди евра, илјадници наши граѓани работат во компаниите каде што се сопственици германски инвеститори и ние како Влада имаме и обврска, но и одговорност да продолжиме со промоција во најголемата би рекол европска економска сила. Промоција на инвестициските можности и капацитети. Денеска тоа го направивме во неколку области како што се услугите, туризмот, енергетиката, производството итн. и мислам дека имавме исклучително позитивен состанок и мислам дека по овој состанок да бидам попрецизен, сигурен сум ќе имаме уште неколку нови инвеститори во периодот којшто следи“, изјави премиерот Мицкоски.Задоволство од целите на македонската Влада која е насочена во зголемување на инвестициските активности на странските компании на македонскиот пазар изрази и Мајкл кој посочи дека дискусијата била ефикасна.„Јас морам да кажам дека дискусијата беше многу ефикасна и надежна, за тоа имавме деклариран впечаток, бидејќи премиерот изјави дека оваа Влада е навистина бизнис ориентирана. Разговаравме за прашања поврзани особено со енергетиката и инфраструктурата, како и за фармацевтските производи и дигитализацијата.“, изјави Мајкл Хармс.Приоритет на Владата е економско стабилизирање на државата и да бидеме пријатели со бизнис заедниците. Важно е да се отворат што повеќе работни места да им се помогне на македонските граѓани да имаат добро платено работно место и подобар стандард со цел да останат дома, наместо да се селат надвор.

Македонија | пред 1 година

mickoski-Ekonomski-socijalen-sovet_6-1

Продолжува работната посета на претседателот на Владата Мицкоски во Берлин

Денес продолжува посетата која претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани ја имаат на Берлин, Сојузна Република Германија која е дел од таканаречениот Берлински процес.Денес Премиерот Мицкоски ќе има излагање во Стопанската комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft) каде ќе ги презентира економските планови и плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата и можностите за соработка и инвестиции на германските компании кои веќе се присутни на македонскиот пазар.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе оствари средба со Аналена Бербок, сојузен министер за надворешни работи при што ќе одржат и заедничка изјава за медиуми.Воедно ќе се оствари средба и со претставници од раководството на германската фондација Конрад Аденауер Штифтун. Ова е втор ден од посетата на Германија откако вчера премиерот Мицкоски оствари бројни средби со премиери на Влади и политички лидери вклучени во Берлинскиот процес. Тој оствари средба и со Германскиот канцелар Олаф Шолц при што беше потврдена германската поддршка за европските интеграции на државата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-15-083321

Мицкоски од Берлин: Шолц потврди дека Германија е наш силен сојузник, не водиме политика на свиткана кичма, заслужуваме да ги отвориме поглавјата кон ЕУ

На маргините од првиот ден на таканаречениот „Берлински процес" кој се одвива во Сојузна Република Германија премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервју за Македонската Телевизија ги истакна впечатоците од бројните средби со политичарите учесници на настанот.Тој средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц ја оцени за доста продуктивна и потврди дека Германија останува наш силен и активен поддржувач.Пораката која што овде во Берлин стигна до мене е дека Германија останува наш силен поддржувач, сојузник и партнер во процесот на евроинтеграциите, истакна Мицкоски кој додаде дека истата поддршка беше реафирмирана и од другите лидери на Влади и политички лидери кои учествуваат во процесот.Премиерот на македонската Влада од Берлин посочи дека пред присутните ги презентирал и приоритетите на владата.„Ова беше добра можност да ги преставиме нашите планови во делот на економијата и во делот на нашата амбиција да бидеме раскрсница на Балканот, во смисла на тоа да бидеме раскрсница на енергетските текови, патната инфраструктура и железничката инфраструктура, бидејќи и природно и географски, ние сме таа раскрсница на 2 важни европски коридори, коридорот 8 и коридорот 10.“, истакна Мицкоски.Во делот на енергетиката премиерот Мицкоски истакнал дека целта е да стане државата потполно енергетски независна.„Наша политичка, но и економска цел е до 2026та година да произведуваме онолку домашно количество на електрична енергија, колку што и ќе трошиме, односно да бидеме 0 увозници на електрична енергија, а до 2027година со реализирање на проектите на овој план и да бидеме извозници, изјави премиерот Мицкоски. Во разговорите на берлинскиот процес Мицкоски го отвори прашањето и за евроинтегративните процеси на државата.Во делот на евроинтегративните процеси уште еднаш ќе го потенцирав ставот на владата дека премногу имаме, и како народ и како држава во изминатите децении дадено и дека заслужуваме шанса да ги почнеме процесите безусловно, дека заслужуваме да ги отвораме поглавјата и да ги покажеме нашите капацитети за тоа колку бргу ќе ги затвораме.Притоа останувам подготвен да разговарам со било кого за да изнајдеме решение кое што ќе значи на долг рок вистинско решение со јасен крај, а крајот треба да биде членство на Македонија во рамките на Европската Унија.“, изјави од Берлин премиерот Христијан Мицкоски.За средбата со канцеларот Шолц, Мицкоски посочи дека таа беше исклучително корисна, пријателска и искрена.На средбата беа разменети позиции и ставови поврзани по овие, но и по останатите геостратешки прашања коишто се важни за македонските граѓани.„Ние, не водиме дипломатија на свиткана кичма, туку водиме дипломатија којшто се темели на аргументи. Не водиме дипломатија со која ќе прифаќаме се што ќе ни биде поставено на маса, туку водиме дипломатија во којашто ќе ги браниме интересите на нашите граѓани на нашата татковина, а истовремено и ќе работиме со нашите партнери.Германија е наш најголем поддржувач, наш партнер и убеден сум дека заедно ќе можеме да ги надминеме сите оние предизвици коишто се исправени пред нас и дека ќе се радуваме конечно на членството на нашата татковина во рамките на Европската Унија.“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-Ekonomski-socijalen-sovet_6-2

Мицкоски на состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес и утре се во посета на Берлин, Сојузна Република Германија каде ќе се одржи состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.Предвидено е учество и заедничка прес-конференција на Канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц и Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија и домаќин на следниот Самит.Учесници на состанокот традиционално се шесте земји од Западен Балкан, нивните земји-поддржувачи Австрија, Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Велика Британија, Полска, а од 2019 година и Грција и Бугарија, како и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Регионалната младинска канцеларија (RYCO).Предвидени се и повеќе билатерални средби на премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-9-vlada

Oваа година одбележуваме 83 години од пркоста и желбата за слободна Македонија, немаме втора шанса!, вели Мицкоски

„Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да Ви го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание“ вели премиерот Христијан Мицкоски.Тој додава: „Оваа година одбележуваме 83 години од пркоста и желбата за слободна Македонија.Македонците на тој 11 Октомври 1941 година се впишаа на мапата на слободарските народи, кои заедно со Сојузниците од Втората светска војна го поразија Нацизмот и Фашизмот.Народниот дух на пркост и непокор кој беше демонстриран на тој 11 Октомври трае и ден денес, тој е движечка сила за промени и подобро утро. Тоа е мислата која не влече напред, дека секогаш може и мора подобро.Ако нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, нашата цел е да ја развиеме Македонија.Почитувани сограѓани, иако се соочуваме со предизвици, ние зачекоривме во ера на економска трансформација и назад од тоа нема. Цврсто се обврзавме пред граѓаните дека посветено, чесно, одговорно ќе работиме за повторно да ја вратиме државата во рацете на граѓаните и работиме на тоа преку конкретни реформи, проекти и промени кои се клучни за рестарт на институциите и на системот.Ерата пред нас ќе биде одбележана со економски напредок и развој, правна сигурност на системот и владеење на правото што само по себе подразбира бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, иднина за сите граѓани, проекти за развој, надеж која носи позитивни промени, нови работни места, перспектива за младите и конечно обезбедување на подобар и поквалитетен животен стандард.Како генерација политичари, ние немаме втора шанса, и оваа шанса и доверба која ја ни ја дадовте мораме да ја зграпчиме и од истата извадиме најмногу што можеме, тоа им го должиме на сегашните, но и на идните генерации на кои мораме да им обезбедиме својата иднина да ја градат тука, зошто ни е аманет од тие пред нас.Само заедно сложни Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци можеме да градиме единство, иднина и просперитет.Продолжуваме посветено да чекориме по патот на борбата за создавање на држава на среќни и задоволни граѓани.Нека е честит 11 Октомври - Денот на народното востание.Со почит,

Македонија | пред 1 година

mickoski-Ekonomski-socijalen-sovet_6-2

Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка

За нас како Влада главна и стратешка определба претставува економијата, односно подобрување на перформансите на економијата, бидејќи ако немаме добра и стабилна економија, тогаш немаме ништо во државата, порача Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски на денешната прва конститутивна седница на Економскиот социјален совет.Претседателот Мицкоски вели дека за да има стабилна економија мора да има владеење на правото, нешто кое што изминатиот период за жал го нема, додавајќи дека во периодот кој што следи следува и подобрување, бидејќи како што рече никој од инвеститорите дали од Македонија или надвор не сака да ги инвестира своите средства во држава во која не владее правото.За да имаме добра и стабилна економија потребно е да имаме владеење на право, нешто кое за жал го немаме, и ќе се обидеме во периодот кој што следи да го подобриме и вистински да имаме владеење на правото, затоа што ако нема правна држава нема да имаме инвеститори кои што без разлика дали се од Македонија или се од надвор ќе сакаат да ги инвестираат своите средства. И во таа насока овие два параметри одат еден со друг, кажа тој.Мицкоски нагласи дека дијалогот помеѓу синдикатите и работодавачите и Владата е важен за да се создадат услови за функционирање во кој ќе започне процес кој ќе води во насока на одржлива економија и владеење на правото.Нормално тука е дијалогот помеѓу синдикатите и работодавачите во делот на креирање услови за да можеме да функционираме како што треба и мислам дека со оваа денешна конститутивна седница ќе започнеме еден таков процес кој што ќе не води во таа насока да имаме, најпрво одржлива економија, владеење на правото и квалитетен дијалог помеѓу овие три страни, синдикатите, работодавачите и Владата.Претседателот Мицкоски посочи дека наследил распаднати институции со огромни долгови и тоа само по однос на тековни расходи заклучно до 24 јуни во Буџетот недостасувале 30 милијарди денари.Имавме неплатени обврски кон приватниот сектор кој што сѐ уште се ажурираат од близу 200 милиони евра. Сега се и повеќе, како одминува времето така стигаат. Минус од отприлика 150 илјади евра во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, надвор од тековните обврски, за пензии за редовна исплата недостасуваат околу 5 милијарди денари. Недостасуваат од прилика 4,2 милијарди денари за редовна исплата на плати, во првичната верзија на Буџетот, дополнителни обврски по основ на јавни претпријатија кон меѓународни финансиски институции од 5,1 милијарда денари. Во Фондот за здравство недостасуваат од прилика 1,7 милијарди денари во првичната верзија на Буџетот, 800 милиони денари загарантиран минимален доход, 437 милиони денари за студентски оброк, 207 милиони денари за стипендии, околу 300 милиони денари за блок дотации, 1 милијарда денари за субвенции кон компаниите кои работат во ТИРЗ, итн. Списокот е долг, се на се заклучно со 24 јуни недостасуваа во буџетот 30 милијарди денари за тековни расходи.Жалам што Економско социјалниот совет претходно кога се креирал буџетот не бил така активен, како што поединци беа активни овие 100 дена. Но, таква е состојбата, изјави Мицкоски и додаде дека парите се обезбедени преку зголемување на наплатата во клучни сектори, а тоа се УЈП и Царинската управа потенцирајќи дека повеќе нема фиктивни компании кои измислуваат милионски суми за повраток на ДДВ и на тој начин ја крадат државата.На крај Премиерот Мицкоски укажа дека Владата е партнер во кој што синдикалните здруженија и работодавачите ќе имаа доверба и ќе соработуваат, а не како страна која што сака да се наметне како авторитет.

Македонија | пред 1 година

Mickoski-so-sinot-vo-SAD

Го обвинија Јован без да покажат ниту еден доказ, виновен беше само затоа што е мој син, вели Мицкоски

Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ. Го обвинија Јован, му судеа и го осудија без притоа да покажат ниту еден доказ, пишува премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.„Виновен беше само затоа што е мој син. Останува горчината за лагите на СДСМ и нивните мегафони, посебно што нападнаа тинејџер кој ќе живее, учи и се гради како личност во средина во која политичките лешинари не бираат средства и начин во политичката арена. И тогаш имате морален хазард, истите градат среќа врз туѓото инволвирање во политика, затоа што со реални факти и аргументи не можат. Но вистината победи.Во моето однесување никогаш не сум прекршил закон, тaка и ќе продолжам. А ти синко…, те молам да ми простиш, не си ти виновен што мора сето ова да го живееш. Заедно ќе живееме за да победиме за Македонија и никогаш повторно ова да не му се случува на ниту еден тинејџер во иднина“, вели Мицкоски.Синот на премиерот Христијан Мицкоски сам си ги платил авиобилетите и сместувањето во Њујорк и Вашингтон за време на самитот на НАТО во јули годинава и не бил дел од владината делегација е епилогот од случајот кој го отвори Антикорупциска по допрен глас.Јован Мицкоски не бил ни сместен во истиот хотел со владината делегација, туку изнајмил апартман.„Од приложените фактури се констатира дека ова лице не престојувало во хотелите каде била сместена владината делегација, туку во апартманско сместување и истите не се фактурирани на име на делегацијата на РСМ, како што е случајот со фактурите за хотелското сместување на владината делегација. Истите фактури гласат на име на физичко лице“, рече рече Зоран Богоевски, член на ДКСК.

Македонија | пред 1 година

07102024_MICKOSKI

Мицкоски: До сега во неколку случаи сум разочаран од делувањето на обвинителството и судството, им се трошат шансите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервјуто за Отворено студио по повод „100 дена Влада“ на МРТ, вели дека до сега е разочаран од делувањето на обвинителството и судството, односно иако имале шанса за работат согласно законите и Уставот, одредени обвинители и судии работат калкулантски односно како што рече постапуваат според навигација добиена од други центри, односно од тие центри кои што ги предложиле да бидат таму каде што се, и тоа не е добро.„Еве еден пример кој што не го знае јавност за кој што беше констатирана злоупотреба сериозна и штета на државниот буџет, во случајот општинскиот буџет за околу 70, 80 милиони денари. Од страна на судијата му беше одредена мерка на претпазливост, да се јавува еднаш во судот неделно. И сега ќе влеземе во еден процес кој што ќе трае можеби децении, од прилика така изгледа таа работа“, рече тој и додаде:„Но, не сакам ова да звучи како притисок врз обвинителите и судиите. Мене можеби најлесно како претседател на Владата, како што велите вие имате две третини да ги смениме сите овие, да им направиме интерпелација, и на нивните места да донесеме луѓе кои што ние ќе ги предложиме. И можеби ние тогаш ќе имаме робусна, жестока, јака битка. Ама тогаш ќе речат еве донесовте партиски кадри, се симнаа едните, дојдоа другите, и сето тоа ќе фрли дамка во процесот. Затоа ние велиме, имаме јавен обвинител кој што го избрал претходното мнозинство. Да имаме 80 пратеници, но велиме еве овој обвинител од претходното раководство од СДСМ и ДУИ нека обвинува согласно закон, онака како што треба.Ние не го менуваме, иако можеме утре да го смениме, и него и судски совет, и совет на јавни обвинители. Но, ние даваме шанса, да не биде дека ние партизираме. Но таа шанса нема да биде до недоглед. Таа шанса се ситни, се троши. И кога ќе видиме дека не го направил тогаш логично е да предложиме наши луѓе во кои веруваме дека ќе го испорачаат тоа кое што очекуваме ние и граѓаните да го испорачаат, тоа е битка против криминалот и корупцијата. Тоа е нашата стратегија.Еве даваме шанса, да не биде дека не сме дале, дека партизираме, еве повелете господа обвинувате и судите согласно закон и Устав. До сега сум разочаран во неколку случаи. Се постапува калкулантски и морам да кажам дека се постапува според навигација добиена од други центри, односно од тие центри кои што ги предложиле да бидат таму каде што се и тоа не е добро.“

Македонија | пред 1 година

mickoski-idadija-2

Мицкоски: Бугарија прави чекори со кои ги негира идентитетските обележја, имам проблем кога на Македонците во Бугарија не им даваат ниту невладина да регистрираат

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, говорејќи околу тоа зошто уставните измени се проблем да се донесат пред да се добијат јасни гаранции дека нема да има нови пречки од страна на Бугарија на патот кон ЕУ, истакна дека и ние имаме проблем со тоа што Бугарија не им дозволува на Македонците таму ниту невладина да регистрираат, а Европскиот суд за човекови права нема ниту една пресуда за нарушени права на Бугарите во Македонија, наспроти 14 во корист на Македонците во Бугарија.„Имам проблем сега, затоа што во овој момент го поставувам прашањето зошто сега. Еве кажете ми зошто сега. Правата нечии се нарушени, човекови? Ако се нарушени човековите права, кој е Бојко Борисов или Радев или Христијан или Петко, Трајко небитно, политичар да цени дали нечии права се нарушени? Има институција која се вика Суд за човекови права во Стразбур и тој вели 14 пресуди за Македонската заедница во Бугарија којашто не смее ни невладина да регистрира и нула за бугарската заедница во Македонија.“, истакна Мицкоски.Тој додаде дека има проблем со тоа што во Бугарија која е земја членка на ЕУ, потписник на Конвенцијата за заштита на човековите права на Македонците не им се дава ниту да регистрираат невладина.„Имам проблем затоа што моите таму сонародници не можат ни невладина да си организираат, а не па за Уставот. Еве не бил нивниот устав таков, во ред, дајте им на луѓево барем невладина. И замислете сега за да биде целата оваа хипокризија вака уште повеќе да кулминира, кога се предлагаше новата методологија за пристапување кон ЕУ, меѓу институциите коишто беа клучни во носењето одлука беа Венецијанската комисија и Европскиот суд за човекови права.“, истакна Мицкоски и додаде:„Земја членка на ЕУ, потписник на Конвенцијата за заштита на човековите права не сака тоа да го исполни. Од каде ми е мене гаранцијата дека за шест месеци нема да има ново вето за нешто друго“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања