МИЦКОСКИ

IMG_6805

(Фото) Мицкоски разговараше со Орбан

Премиерот на македонската влада, Христијан Мицкоски во Охрид е домаќин на Виктор Орбан, претседател на Владата на Унгарија кој е во посета на Македонија со делегација од неговиот кабинет.Средбата, како што вели Мицкоски, била плодна и пријателска, а Македонија во Унгарија гледа партнер во европската сцена и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција.„Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Виктор Орбан. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“ по средбата со Орбан.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-15

Се изживуваат врз нас: Мицкоски за одвојувањето на Северна Македонија и Албанија од патот кон ЕУ

Се испраќа лоша порака кон македонските граѓани, ова е коментарот на премиерот Христијан Мицкоски по одлуката на Европската Унија за одвојувањето на патот на Албанија од Северна Македонија кон пристапувањето кон ЕУ.Ниту една држава, смета Мицковски не направила повеќе работи од нас во последните две и пол децении од почетокот на патот кон полноправно членство во ЕУ, а кои немаат врска со Копенхашките критериуми.Доста е, рече на прес конференцијата од двојни стандарди на грбот на оваа мала држава во срцето на Балканот.„Ова нема врска со европски вредности, само се изживуваат врз нас. Доста е. Подготвени сме, сакаме да влеземе, да преговараме. Преговори значат јакнење на институции, збогатување на капацитети, не значи членство. Што е толку тешко да се прифати овој наш предлог?“, додава премиерот за Доста е, додава тој, од двојни стандарди на „грбот на оваа мала држава во срцето на Балканот“.„Ова нема врска со европски вредности, само се изживуваат врз нас. Доста е. Подготвени сме, сакаме да влеземе, да преговараме. Преговори значат јакнење на институции, збогатување на капацитети, не значи членство. Што е толку тешко да се прифати овој наш предлог?“, додава премиерот за неговата понуда во Брисел амандманите на Уставот за внесување на Бугарите да биде со одложена примена, или конкретно кога Бугарија ќе го ратификува пристапниот протокол за нас во ЕУ.Мицковски посочи дека дека ако како Влада можеле да го испочитуваат Преспанскиот договор и покрај критиките од јавноста, и да ја користат додавката „Северна“ за надворешна употреба, тогаш и Брисел треба да го прифати Договорот за добрососедство со Бугарија, во кој, како што вели, никаде не стои дека услов мора да биде промена на Уставот.На Албанија ѝ посака успех и брзо завршување на преговарачкиот процес. Можеби, како што вели, еден ден патиштата на двете земји повторно ќе се сретнат по траекторијата кон полноправното членство во ЕУ.

Македонија | пред 1 година

mickoski-1

Мицкоски: Владата ќе работи спортските канали во најбрзо време да се емитуваат на македонски јазик, формирана е Комисија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, дали се презема нешто во врска со споменувањето на можноста, конечно да се стави ред во употребата на македонскиот јазик особено со емитувањето на странски, односно спортските арена канали во државата, информираше дека Владата веќе има формирано Комисија којашто има задача да направи напор да се користи македонскиот јазик, албанскиот и останатите јазици во државата.„Колку човек повеќе знае јазици тоа е богатство. Јас тоа секогаш го зборувам и тука нема нешто коешто би било лошо. Но, добро е да си го заштитите вашиот мајчин јазик и добро е кога економиски оператори остваруваат некаков профит овде да знаат барем да го почитуваат македонскиот јазик, и во рамките на тоа формиравме Комисија на Владата на седницата на Владата, во вторникот.Комисија којашто ќе има за задача да оние канали коишто преку кабелските оператори сѐ уште не го употребуваат македонскиот јазик да се направи еве, еден таков вид на напор, да видиме, да тоа унапредување почне и да може да се користи и македонскиот и албанскиот јазик исто како и сите останатите јазици коишто во моментов, сега се користат“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6293

Мицкоски: Лиценците за онлајн игрите на среќа се незаконски давани, без да бидат запазени процедурите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека на владина седница се донесе одлука за укинување на лиценците за онлајн игрите на среќа, бидејќи според правното мислење од Министерството за финансии, истите се давани незаконски без да бидат запазени процедурите.„Затоа што тие лиценци коишто се давани, се незаконски давани. И затоа што имаме начелно правно мислење од Министерството за финансии дека сето тоа што е дадено како лиценца е незаконски издадено. И Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција, но и другите институции ќе се погрижат да јавноста многу скоро ја дознае вистината за тоа како се давани, зошто се давани“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6798

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

,,Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што е она што тие како менаџмент го наследија од претходниот менаџмент на Фондот. Самите слушнавте дека станува збор за долг од отприлика 5 милијарди денари. Тоа е некаде околу 80-тина милиони евра и повеќе.Со едно домаќинско работење и со би рекол вешто реструктуирање на овој долг тој ќе се намали многу брзо за две милијарди, слушнавте и од самиот директор. Што значи дека ќе дојде на некое, би рекол подносливо ниво од 3 милијарди, но треба да се спушти уште повеќе и правиме план како Влада да во периодот што следи, можеби ете да речеме во текот на следната фискална година, уште повеќе да го намалиме тој долг. А очекуваме и со домаќинско, вредно, посветено работење на новиот менаџмент во болниците и во здравствените установи низ државата да дел од тие долгови бидат и по тој пат вратени назад.Јас можам да кажам дека како Влада врвен приоритет ни е здравјето на граѓаните. Како Влада ќе останеме посветени на поддршка и на Министерството за здравство и на Фондот за здравствено осигурување. Интересот на граѓаните е пред и над сѐ и јас лично со оваа моја денешна посета сакам само тоа да го потврдам и да честитам на Фондот, на менаџментот на Фондот, на Министерството за здравство што за вака кратко време успеаја да се консолидираат и да ги земат работите, што се вели народски, во свои раце и да вратат околу две милијарди денари, што е нешто коешто досега не се случило, ако се има предвид дека, како што кажа самиот директор, во првата половина од годината, тој долг е зголемен за цела една милијарда. Па сега вие можете да замислите со какви цели биле тие пари и каде биле употребувани.Така што еве посакувам уште многу убави вести, па до година да зборуваме за долг нула, на тој начин ќе обезбедиме и тековно сервисирање на обврските. Со тековно сервисирање на обврските и цените ќе паднат, ќе значи помалку расходи, повеќе приходи и на тој начин ќе можеме да на граѓаните им понудиме дополнителни услуги здравствени коишто тие ќе можат да ги користат. ”, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6783

Мицкоски по средбата со ИРИ: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

„Денеска на мое големо задоволство во организација на Меѓународниот Републикански Институт заедно со невладиниот сектор и дел од членовите на Владата имавме можност да поразговараме за една тема која што претставува акутен проблем за нас како држава, а тоа е високото ниво на криминал и корупција и борбата против ова високо ниво на криминал и корупција.А како дополнување зборувавме и за доброто владеење, нешто кое што исто така претставува императив за оваа Влада. Се надевам дека во периодот кој што следи сите овие разговори ќе имаат свој ефект врз работењето на Владата, да бидам по прецизен убеден сум, бидејќи од страна на Владата постои огромна желба, но истовремено и посветеност токму кон овие проблеми кои што се акутни во Македонија како држава.Дозволете ми уште еднаш да ја изразам својата голема благодарност до Меѓународниот Републикански Институт кој што го фасилитира овој процес.Уште еднаш да го појаснам односно да го изразам задоволството на Владата што може да присуствува и да разговара со невладиниот сектор, бидејќи борбата со криминал и корупција мора да биде одлучна, без да победиме во таа борба не можеме да имаме развиена држава, не можеме да имаме подобри услови и подобар стандард на граѓаните.А нас, како Влада цел ни е да направиме се што е во наша моќ да обезбедиме подобри услови за живот, но, и подобар стандард на нашите граѓани, бидејќи тоа е она кое што граѓаните од нас го очекуваат и тоа е она за кое што граѓаните гласаа неколку месеци и на претседателските и на парламентарните избори.Заедно со невладиниот сектор, заедно со Меѓународниот Републикански Институт убеден сум дека ќе направиме многу.“

Македонија | пред 1 година

IMG_6398

Мицкоски: Ќе ја направиме Македонија енергетски независна во делот на увоз на електрична енергија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со инвестициите во енергетиката и за тоа дали земјава може да стане енергетски независна, оцени дека Владата ќе ја направи Македонија енергетски независна од делот увоз на електрична енергија.„Апсолутно да. Ако се сеќавате добро, ние мандатот го започнавме со една таква инвестиција, инвестицијата на компанијата „Алказар“, каде што очекувам отприлика производство од обновлива енергија од еден терават-час, еден терават-час е отприлика колку што е 25 проценти од вкупното производство коешто го имаме како држава. И со овој еден терават-саат, ќе дојдеме до чекор до независност, а во периодот којшто следи со носење на новиот Закон за енергетика каде што ќе бидат предвидени и батериски системи и слично, мислам дека во следната 2025, почетокот на 2026 година можеме да зборуваме за портфолио на државата, увоз-извоз, нула. Што значи ќе ја направиме Македонија енергетски независна од делот увоз на електрична енергија“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6408

Мицкоски: Мерката на Владата за намалување на маржата на 10 проценти стартува денес, целта ни е да го олесниме животот на граѓаните

„Па да сè уште, точно е директорот од претходната Влада поставен, не брзаме во овие кадровски промени за да не бидеме под критика на јавноста дека ете партизираме и така натаму. Многу внимателно чекориме, сакаме да ги почитуваме сите закони за да немаме после тужби и илјадници би рекол милиони евра пари на народот да се слеваат во приватни џебови, затоа внимателно чекориме во овој процес, но мислам дека набргу, денеска и таа работа ќе биде завршена, ќе дојде ново раководство во Државниот пазарен инспекторат. Очекувам тоа што е договорено, тоа да биде и почитувано“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски на денешното новинарско прашање за разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат.Во однос на очекувањата за мерката за есенската кошничка тој додаде дека: „Тоа коешто беше мерка треба да стартува денеска, очекувам намалување на најмалку десетина проценти. Оваа мерка ќе трае некаде таму до крајот на октомври месец. Седумдесетина производи се практично производи коишто се како резултат на овој закон се со намалени цени. Во периодот што следи ќе продолжиме да ја ажурираме оваа листа, во зависност на потребите на граѓаните. Ќе потсетам производите не се резултат на шпекулативна мерка, туку се резултат на една анализа и теренски анкети водени со граѓаните кои производи се најкористени во овој период од годината. Така ќе биде можеби и пред новогодишните празници, така ќе биде на пролет и цело време така ќе функционираме. Целта ни е да го олесниме животот на граѓаните и да ја намалиме цената на производите.“Во врска со информациите дека дел од маркетите ги покачиле цените неколку денови пред усвојување на оваа есенска кошничка изјави дека секој кој се однесувал неморално и неетички ќе биде санкциониран.„Апсолутно, секој оној којшто се однесува шпекулативно и неморално и неетички ќе биде санкциониран“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-1

Мицкоски до Снопче: Нека му е со среќа, по најавите дека ВЛЕН би можела да ја напушти Владата поради Законот за бранители

Премиерот Христијан Мицкоски му порача „нека му е со среќа“ на пратеникот Халил Снопче откако вчера тој во дебатна емисија изјави дека доколку се изгласа Законот за бранители, коалицијата ВЛЕН ќе ја напушти Владата.Снопче синоќа изјави дека неговата коалиција ќе излезе од Владата доколку се укине Законот за употреба на јазиците и доколку биде изгласан Законот за бранители.„Поради руското влијание, доколку влезат во такви авантури и ние не го решиме проблемот навремено, тогаш за ВЛЕН нема место во Владата. Какво место во Владата.”, рекол Снопче во емисијата „Клик плус“.Мицкоски го даде истиот одговор и кога беше запрашан за најавите на протести на Али Ахмети поради укинувањето на балансерот.,,Исто така и на него можам да му порачам добро здравје и со среќа.”, рече претседателот на Владата.

Македонија | пред 1 година

IMG_6293

Мицкоски: За следната година предвиден е раст на платите во образованието и во други институции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, дали наредната година може да се очекуваат раст на платите во државната администрација изјави:„Па ќе има, предвидено е тоа во рамките на Буџетот, имаме една работна верзија којашто ја до средуваме. Оваа недела би требало да ја до средиме и почетокот на следната и очекувам веќе следната недела да се најде на владина седница предлог-верзија на Буџетот за следната година. Па потоа, нормално како што е редот и процедурите да се најде пред пратениците во македонското Собрание. Така што предвидени се раст на платите и во рамките на образованието и во рамките на некои други од институциите, во зависност од можностите. Очекувам консолидирањето да заврши до крајот на годината“.Премиерот Мицкоски истакна дека поголем дел од наследените долгови од претходната власт се враќаат, очекува следниот месец државата да влезе во позитивно салдо.„Веќе големиот дел од долговите полека, но сигурно се враќаат, полека сметката на Владата излегува од она негативно салдо коешто го наследивме. Ќе потсетам сметката на Владата, 24 јуни беше околу минус 12 милијарди денари, минус 200 милиони евра, сега сме тука некаде се приближуваме кон позитивна нула. Очекувам дека овој месец октомври, веќе ќе влеземе во плус. Дел од долговите се враќаат, заборавените обврски се исполнуваат. Морам да ви кажам, еве денеска пред да дојдам тука имав состанок со директорот на поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, таму долгувањата се некаде околу 5 милијарди денари. Некако оваа петка им станувала заштитен знак. Пет милијарди долгови за пензионерите, пет милијарди за Фондот за здравство, пет милијарди ЕСМ итн. итн. Од долгови, како да кажам се таложеле, пари се калапеле во приватни џебови, отприлика таа е реалноста којашто ја наследивме. Но, нема кукање, нема жалење, затоа ја добивме довербата од граѓаните жестоко да работиме и да излеземе од ова мочуриште коешто го наследивме и конечно да влеземе во процес на развој и на проекти“, подвлече премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6761

Мицкоски: За една година од мандатот инвестираме 21 милијарда денари во капитални проекти во општините

,,Можам да кажам дека повторно Македонија се гради после долгогодишен застој, конечно почнуваме да го надополнуваме тоа коешто годините позади нас беше запустено, заборавено, а ветувано, неисполнето.За разлика од минатото можам да кажам дека градоначалникот овде во Општина Ѓорче Петров заедно со дел од советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата, заедно со пратениците во Парламентот, со пратеникот тука од Општина Ѓорче Петров, заедно со Министерството за образование и наука, во периодот којшто следи ќе имаат голем број инвестиции овде, но и оваа инвестиција денеска овде којашто е од буџетот на Општината, покажува дека Македонија се гради и дека граѓаните ќе ги добијат оние услови коишто се потребни за поголем квалитет во нивниот живот.Јас само честитам за ваков тип на проекти, како Влада продолжуваме сето ова да го поддржуваме и во периодот којшто следи. Завршен е оној повик за аплицирање на проекти коишто ќе бидат финансирани од централниот буџет.Општина Ѓорче Петров достави такви проекти до Министерството за локална самоуправа. Очекувам веќе во следната недела да имаме список на проекти коишто ќе бидат финансирани и процесот сам по себе да започне некаде од првата недела или би рекол првата половина на октомври месец. До крајот на октомври да бидат завршени тендерските процедури и веќе првата половина на ноември месец офанзивата да продолжи. Доколку временските услови дозволат, во текот на зимата да имаме навистина огромна теренска активност и градба на нови проекти и веќе следната година дел од нив и да ги завршуваме и да ги пуштаме во употреба.А на почетокот на следната година ќе ве потсетам, повторно ќе имаме таков повик. Во првичната верзија од Буџетот којашто се прави за 2025 година предвидени се 15 милијарди денари за ваков тип на проекти и веќе општините ќе можат уште еднашка да аплицираат со проекти коишто ќе значат поквалитетен живот на нашите сограѓани.Оваа активност прв пат се случува, досега никогаш во независна Македонија ова не се случило. Само за една година ќе имаме повеќе 20-21 милијарда денари коишто ќе бидат инвестирани од централниот буџет за општините.Уште еднаш дозволете ми на крај да го изразам моето задоволство, прво на поканата, а второ и на реализацијата на ваков тип на проекти.Да му честитам на градоначалникот, на администрацијата, на советниците, пратениците, на Министерката и сите останати кои што придонесуваат во работата на оваа општинска администрација и да им посакам уште многу вакви проекти да бидат реализирани во периодот којшто следи.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

image_123650291-1

(Видео) Драматични промени кај казината: Затворање на онлајн коцкања, ново даночење и кочница во рекламирањето

Премиерот Христијан Мицкоски, во „Претрес со Ландов“ посочи дека ќе има големи промени во делот на казината. Тој посочи дека промените ќе бидат драматични.?t=8092„Онлајн кладењето и онлјан казината, веќе имаме автентично толкување кое помина во Парламентот и потребно е час поскоро, тоа да биде затворено. Имам информации дека и покрај одлуката на Парламентот, тие и натаму функционираат. Ги предупредувам дека прават кривично дело, и управителите на тие компании и самите компании“, рече Мицкоски во подкастот „Претрес со Ландов“.Голема промена ќе има во делот на даночната политика, но и во рекламирањето на онлјан казината.Неофицијално, првите одлуки ќе бидат донесени во вторник, на владина седница.

Македонија | пред 1 година

image_123650291-1-1

Мицкоски: Има разлика, сега платите растат реално и инфлацијата е 3 проценти, за разлика од порано кога беше над 20 проценти

„Апсолутно да очекувам“, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали очекува платите во јавниот сектор да растат во следниот период и додаде дека првите индикатори покажуваат позитива, односно раст на индустриското производство, преработувачката индустрија, растот на БДП, како и намалувањето на инфлацијата.„Првите индикатори во економијата со промената на Владата се навистина изненадувачки позитивни, во делот на раст на индустриското производство, преработувачката индустрија, растот на БДП, намалувањето на инфлацијата и слично, на платата на обврските од страна на институциите, Царината, УЈП, итн. Првите индикатори се добри и тоа охрабрува“, потенцираше тој и додаде:„Што се однесува до платите имаше една теза од поранешната Влада на СДСМ и ДУИ дека со нив платите растеле, а со ВМРО-ДПМНЕ и оваа Коалиција платите нема да растат. морам да кажам дека веднаш. Државниот завод за статистика со бројка која што ја објави за месец јули, не само што ги демантираше туку испорача две контра тези на нивната теза.“„Прво, видовме дека платите во јули месец кој што беше реално прв месец на оваа влада продолжија да растат со исто и забрзано темпо споредено со она кое што се случуваше изминатиот период. Поеднаков, дури и повеќе. но што е разликата“, рече Мицкоски.„Разликата е што тогаш кога се ограбуваше Буџетот на грбот на граѓаните, инфлацијата беше двоцифрена, и некогаш таа инфлација стигаше вредност повеќе до 20 проценти, па платата која што ја добиваа граѓаните беше обезвреднувана. Денеска платат повторно расте со иста динамика, па и забрзано, но инфлацијата е најниска во регионот во месец август, споредено со август минатата година, и таа е на ниво на 2,2 проценти, а од почетокот на годината заклучно до август е помала од 3,5 проценти. Тоа е разликата што платите растат со истата динамика, дури и забрзано, но нивото на инфлација е ниско“, кажа премиерот.Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека економијата заживува посочувајќи дека Централната банка донела одлука за намалување на референтната каматна стапка за 0,25 проценти, што покажува дека состојбите почнале да се стабилизираат.„Одлуката на Централната банка референтната каматна стапка ја намали за 0,25 проценти. Тао значи дека полека но сигурно во овие 2-3 месеца помалку од 100 дена нова Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ состојбата се стабилизира, надежта се враќа, и полека економијата заживува. а тоа ние најдобро го гледаме преку овие индикатори. дали така ќе продолжи јас очекувам да, бидејќи сега во Парламентот помина оној заем од 500тини милиони евра кои што како закон го донесовме веќе очекувам втора половина на октомври или прва половина на ноември да биде ставен во функција на македонската економија за да можат овој заем од 250 милиони евра да го користат“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-vlada-2

Мицкоски денот ќе го помине во Кавадарци, Владата ги објави активностите

Ве известуваме дека денеска 21.09.2024 (сабота) претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Кавадарци.Во 13:00 часот, претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на објект – Дом на култура со спортска сала во село Дреново, проект во вредност од 25.000.000 денари.Во 13:40 часот ќе изврши увид на градежни активности на објектот „Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост“.Во 14:15 часот ќе го посета ОВР Кавадарци и презентација на проектот Safe city.Safe city е инвестиција на општината со меморандум со Министерството за внатрешни работи со кои ќе се овозможи на МВР да ги гледаат вкупно 220 камери на општината.Проектот е почнат од 2019 година, направен со општински средства, а до сега се вложени 13.000.000 денари. Секоја година Safe city се дополнува со камери и софтвер.Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски по презентација на проектот Safe city.

Македонија | пред 1 година

MICKOSKI-SREDBA-05082024-3

Мицкоски: Работиме Штипската болница да биде изградена во најбрз рок

„Јас мандатот го почнав пред неполни три месеци токму од пред штипската Клиничка болница и тогаш реков во овој мандат таа ќе биде завршена. Работиме на модел. Медицинско-техничко-економски модел којшто е во фаза на, би рекол, развој и очекувам дека до крајот на оваа година сето тоа ќе биде завршено и веќе од почетокот на следната ќе почнеме со градење на Болницата“, одговори претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешното новинарско прашање при посетата на Штип, во однос на изградбата на Клиничката болница и додаде:„Проблемот е што пари нема. Парите ги украле или ги потрошиле за нешто што не требало. Требало за Болницата, но парите ги украле. За жал наследивме состојба таква каква што е, но тоа е што е, тука е, нѐ гласале граѓаните, да немаме оправдување, туку да работиме, да ја направиме работата подобра. Што е нашиот пристап? Нашиот пристап е да обезбедиме и финансирање, и допроектирање и опремување и изградба и пренос на објектот. Тоа во моментов Законот за јавни набавки не го дозволува. Ако е потребно ќе влеземе и чекор напред, ако треба мали нивелирања на Законот, само за да можеме да ги одглавиме многу проекти за коишто се почнати, парите се украдени и тие се сега споменици на едно време. Тоа правиме, иновираме, се трудиме да најдеме начин за сето ова го задвижиме и ќе успееме. Ќе успееме, јас сум оптимиста дека ќе успеам.“

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања