МИЦКОСКИ

IMG_6293

Мицкоски: Се ограничува маржата на 10 проценти, а опфатени се 100 продукти

„Во тек е онлајн вонредна седница на Владата и оваа одлука на Министерството за економија и труд е веќе помината на владина седница, министерот ќе има и прес-конференција. Ќе имаме вакви акции кои ќе траат по месец, месец и половина, два месеца во која што бруто профитот ќе биде ограничен, односно до ниво до 10 проценти за да не ни се случуваат удари по стандардот на граѓаните“, вели Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање.Претседателот Мицкоски посочи дека со оваа мерка се опфатени 100тина продукти се со цел да се подобри стандардот и да се олесни живејачката на граѓаните.„Има таму 100тина продукти кои ќе бидат опфатени и така континуирано ќе носиме мерки со кои што ќе се обидеме стандардот на граѓаните го подобриме и да ја олесниме живејачката која што е така е тешка“, рече тој.

Македонија | пред 1 година

IMG_6408

Мицкоски најави нова обиколница во Општина Штип следната година

,,Мене ми претставува чест и задоволство што на самиот почеток на овој преубав настан каде што, како што кажа и градоначалникот, очекуваме голема потрошувачка на штипскиот специјалитет надалеку познат, штипската пастрмајлија.Очекувам граѓаните да си поминат убаво. Сите оние коишто овој викенд имаат дилема како да го поминат, еве ги поканувам овде во Штип на уживање во штипскиот специјалитет, штипската пастрмајлија, на многу убава музика и се надевам дека ќе остане ова како една традиција и во годините коишто следат.Меѓу другото, денеска сме и на еден преубав настан, ова што денеска преставува шеталиште, еден проект којшто е финансиран целосно од страна на Општина Штип. Но, исто така, и градоначалникот, го најави проектот којшто ќе биде финансиран од централната Влада, тоа е обиколницата. Проект којшто во оваа фаза ќе биде со вредност нешто помала од 2 милиони евра, но затоа во почетокот од следната година повторно планираме сериозни инвестиции во општините и повторно ќе има јавен повик преку Министерството за локална самоуправа и тука очекувам дополнителни проекти за штипјани, коишто ќе произлезат од страна на Општината, а знам дека и градоначалникот и советниците и администрацијата и пратениците од овде од Штип работат многу, работат заеднички и знам дека такви проекти веќе се подготвени и чекаат практично на реализација.Така што, уште еднаш еве посакувам успешен настан овој викенд и посакувам да тие коишто ќе дојдат овдека во Штип навистина се забавуваат и си поминат убав викенд.”, вели премиерит Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6629

Мицкоски на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

,,Присуствував на ручекот организиран од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со лидерите на земјите од Западен Балкан. Во фокусот на агендата беше планот за развој на Европската Унија.Подвлеков дека регионот и државата е уморна од ставање на страна и пречки кои се билатерални, а не се дел од објективните критериуми за пристапување во Унијата и дека мора да се направат поголеми напори за внесување на доверба и кредибилност на целиот процес.Ја повторив нашата заложба за остварување на стратешката цел, членство во Унијата и напредок базиран на реални и одржливи критериуми.”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-1

Мицкоски: Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со реконструкцијата на државниот студентскиот дом „Стив Наумов“ изјави:„Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, но не само во Скопје туку и во другите градови, каде што имаме универзитетски кампуси и центри. 18 милиони евра ќе бидат вложени за двата студентски дома во Скопје, тоа се „Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“.Премиерот информираше дека ќе следи реконструкција и на другите студентски домови во државата како еден од главните приоритети на Владата. Реконструкцијата на државните студентски домови „Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“ е во тек, истата се очекува да биде завршена следниот период.„Тие два студентски дома ќе бидат реконструирани и таму е почната реконструкцијата. Во периодот кој што следи очекуваме таа да биде завршена. Мислам дека во моментов се изведуваат електричните инсталации, но исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата. Така што, тоа е и едно од оние ветувања кое што го ветивме за студентите и за младите“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski

Мицкоски: Многу набрзо од денеска започнува изградбата на спортската сала во Воената академија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека многу набрзо од денес започнува изградбата на спортската сала во Воената академија.„Преку Министерството за спорт, во склоп на Воената академија ќе отпочне реализацијата и на таа спортска сала, набргу. Тоа е еден од оние проекти коишто се дел од капиталните инвестиции, ние мораме да имаме повеќе капитални инвестиции со што ќе ја зголемиме економската активност на компаниите кај нас, а со тие капитални инвестиции ќе го зголемуваме бруто домашниот производ, така што и тоа е едно од оние ветувања што ќе отпочне со реализација бидејќи го помина владиниот филтер во на текот на вчерашната владина седница“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

image_123650291-1-1

Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, вети премиерот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со реконструкцијата на државниот студентскиот дом „Стив Наумов“ изјави:„Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, но не само во Скопје туку и во другите градови, каде што имаме универзитетски кампуси и центри. 18 милиони евра ќе бидат вложени за двата студентски дома во Скопје, тоа се „Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“.Премиерот информираше дека ќе следи реконструкција и на другите студентски домови во државата како еден од главните приоритети на Владата. Реконструкцијата на државните студентски домови „Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“ е во тек, истата се очекува да биде завршена следниот период.„Тие два студентски дома ќе бидат реконструирани и таму е почната реконструкцијата. Во периодот кој што следи очекуваме таа да биде завршена. Мислам дека во моментов се изведуваат електричните инсталации, но исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата. Така што, тоа е и едно од оние ветувања кое што го ветивме за студентите и за младите“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

ursula-micko

Фрустрацијата на граѓаните ќе ја прнесеме во Брисел, бидејќи вештачки ни наметнуваат пречки, рече Мицкоски за средбата со Урсула

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека во Брисел на средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе ги брани македонските интереси.„Доколку стане збор за евроинтегративниот процес, јас сум тој што треба да ги брани и одбрани македонските национални интереси. Како што беше во минатото, кога бевме опозиција, а дури и сега како Влада кога имаме повеќе аргументи, сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани да ја пренесеме таму“, рече Мицкоски.Тој кажа дека по една деценија од првиот позитивен извештај кој Македонија го доби од ЕУ, не можеме да почнеме оти има вештачки пречки.„По една деценија ние не можеме да почнеме со преговори, но не затоа што не ги почитуваме критериумите, туку бидејќи има вештачко наметнатни пречки, кои ги немал ниту еден народ, ниту една држава. Нека бидат сигурни граѓаните дека ќе се бориме и ќе се избориме за македонските интереси“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

15082024_MICKOSKI

Мицкоски: После деценија имаме проширување на позитивната листа за 9 генерички лекови, така ќе продолжиме и во иднина

„Да после многу години, после деценија имаме 9 генерички лекови коишто се присутни во аптеките и се на товар на Фондот, и проширена е таа позитивна листа. На последната средба со Светската здравствена организација, министерот Таравари најави дека во периодот што следи ќе гледаме на секој квартал по еден-два до три лека да ги ставаме на таа позитивна листа и тоа да биде пријатно изненадување за граѓаните. Со овие 9 генерички лека, мислам дека драматично ќе се подобри понудата и ќе се заштедат средства коишто досега ги плаќаа на приватна сметка граѓаните, а сега ќе бидат на товар на Фондот“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во однос на денешното новинарско прашање дали ќе продолжи праксата со проширување на позитивна листа на лекови во аптеките.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-1

Мицкоски: Очекувам уште три странски инвестиции до крајот на годината

„Да веќе претседателката на Комората најави почеток на две инвестиции кои што изминатиов период заедно присуствувавме и ги отпочнавме. Очекувам во период кој што следи покрај оние четири договорени од почетокот на функционирањето на оваа Влада уште дополнителни три до крајот на годината. Со што драматично ќе се зголеми економската активност и ќе влијаат позитивно на растот на домашниот бруто производ за следната 2025 година, но и за годините коишто следат потоа“, информираше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има нови странски инвестиции во земјава.Претседателот Мицкоски посочи дека носењето на нови странски инвестиции значи и отворање на нови работни места и поквалитетен и подобар животен стандард за граѓаните, укажувајќи дека Владата ќе продолжи да работи и во иднина за силен економски развој на државата.„Воедно носењето на нови странски инвестиции, значи и отворање на нови работни места, подобар и поквалитетен животен стандард за граѓаните на што Владата и во иднина ќе работи, со цел да се постигне силен економски развој на државата, што впрочем е и еден од најважните приоритети на Владата“, дециден е тој.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Европа и светот видоа која е вистинската намера на Софија

Премиерот Христијан Мицкоски, го коментираше неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата на Сиљановска-Давкова во Софија при средбата со бугарскиот колега Румен Радев.„Во минатото кога се понижуваше македонското достоинство, се виткаше кичма не се реагираше. Сега се решаваат работите на овој начин, дипломатски, се испраќаат протестни ноти, и нема да имаме дипломатска политика со свиткана кичма. Кога ќе се помине црвената линија, треба да се реагира. Она што е поважно за мене Европа и светот можеа да видат кои се вистинските намери на водството на Софија. Не се вистинските намери Бугари во Устав. Таму многу поголема е потребата да покажат мускули. Ние сме подготвени секогаш на добрососедски односи со добрина да возвратиме, но тогаш кога се поминат црвените линии, мора да интервенираме како што е тоа случај сега кога ќе му биде врачена протестна нота на амбасадорот на нашиот источен сосед“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski

Мицкоски: Трговската размена со Германија надминува над 5 милијарди евра, наш приоритет е економско стабилизирање на државата и соработка со бизнис заедницата

„Почитувана претседателка на Германско-Македонската стопанска комора,Мислам дека до сега покажавме во многу наврати дека како нова Влада се обидуваме да градиме исклучително квалитетни односи со бизнис заедницата.Наш приоритет е економско стабилизирање на државата нешто што на Македонија и е насушно потребно.Наш приоритет е да бидеме пријатели со бизнис заедницата, огромна е трговската размена помеѓу двете држави, таа надминува 5 милијарди евра.Од статистиката и информациите со коишто јас располагам повеќе од 25 илјади македонски граѓани се вработени во компании коишто доаѓаат од Сојузна Република Германија, и очекувам тој број да расте.Веќе неколку инвестиции како Влада ги отпочнавме за нив зборуваше и почитуваната претседателка на комората, очекуваме многу скоро денеска уште еден камен темелник на уште една белгиско-германска компанија, но и во периодот којшто следи очекуваме почеток на нови инвестиции на компании коишто се веќе присутни и ќе има проширување, би рекол продлабочување на производното портфолио на тие компании.Ние како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да помогнеме, затоа што нема поголемо задоволство ниту за мене, ниту за членовите во Владата од тоа кога ќе отворите ново работно место, кога ќе можете да помогнете да уште некој македонски граѓанин да остане тука дома, наместо да се сели надвор, новоотворено, добро платено работно место ќе значи и подобар стандард.Мене ме охрабруваат првите индикатори во економијата во месеците јули и август, тековен е сега септември, како ќе одминува месецот ќе ги следиме параметрите и во овој месец, но во јули и август можам да кажам дека оние податоци коишто се појавија тоа е поголемото индустриско производство со големо учество на преработувачката индустрија охрабрува, 3,8%, 4% после неколку месечниот пад којшто беше посебно жесток во месеците април, мај, јуни, сега конечно имаме позитива и очекувам и во месец август и понатаму во следните месеци до крајот на годината да имаме позитивни резултати за индустриското производство и за преработувачката индустрија, исто така БДП во вториот квартал е 2,3% над очекувањата коишто беа поставени од страна на многу меѓународни финансиски институции.Очекувам во следните месеци тоа да биде уште поголемо, исто така можам да кажам дека инфлацијата постепено во август месец конвергира кон оној оптимум којшто го посакуваме, тој е 2,2% во негатива од тоа што го очекувавме, значи позитивни се и таму индикаторите, споредено со август месец минатата година.Така што ако се анализираат сите овие параметри можеме да дојдеме до заклучок дека имаме раздвижување во делот на економијата и очекувам тоа така и да продолжи во периодот којшто следи.Со ова денешно присуство сакаме да испратиме порака дека Владата и бизнис заедницата се партнери и така треба да продолжат да функционираат во иднина.Честопати ќе ме сретнете на состаноци во стопанските комори, тоа е главен приоритет на работењето на оваа Влада, владеење на правото, чесно работење и поддршка за бизнисот, бидејќи на тој начин си помагаме и самите себе, така ќе имаме повеќе пари во буџетот, со повеќе пари во буџетот ќе можеме да реализираме повеќе капитални инвестиции.“

Македонија | пред 1 година

policija-policaec-35

Крмзов без пасош, ќе се тресат институции, Мицкоски најави „тресење“ и во наредните месеци за украдени државни пари

Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов останал без патна исправа и треба да се јавува повремено во суд, откако против него УЈП поднесе пријава до МВР, а потоа полицијата до Обвинителството. Предистрагата води и кон проверка на работата на три институции како Централен регистар, УЈП и Царина. Сомневањата се дека е направен финансиски криминал со ДДВ, увоз на стоки, формирани фирми каде сопственици се странци.Според премиерот Христијан Мицкоски, во оваа истрага ќе се открие епски голем криминал, според информациите кои ги добил од институциите кои се под владини ингеренции. Ова нема да биде единствената, ќе следуваат и други проверки.„Истрагата ќе биде епски голема. Со епски голем криминал. Ова е една од истрагите, други ќе следува во октомври, ноември“, рече Мицкоски.Познато е дека истрагата води кон повеќе стручки компании. Нема одговор на прашањето, дали во овие фирми легнувале и пари од Еуростандард банка, како што споменуваат повеќе медиуми, кои пак средства завршувале во странство.Во тек се проверки, а од компаниите се одземени куп документација.

Македонија | пред 1 година

w_56736105

Универзитетите може да добијат и клуч на врата - Мицкоски е спремен да го реформира високото образование

Не е исклучено затворање на универзитети кои работеле спротивно на законите, како дел од реформата во високото образование. Ваков е ставот на премиерот Христијан Мицкоски, кој потенцираше дека компаниите сакаат компентени кадри. Според него, не е важно дали се државни или приватни универзтите, туку ќе бидат опфатени сите кои не работат согласно законите.„Сакам да зборувам за озбилни реформи во високото образование, кога некои универзитети кои работеле спротивно на законот, да одговараат тие личности како што се ректорите кои ги злоупотребуваат средствата на граѓаните. И се поставува прашањето дали ни се потребни реформи во високото образование, со тоа што тие универзитети кои не ги исполнуваат критериумите, треба да се затворат“, вели Мицкоски.Тој додаде: „Ни требаат стручни кадри, компентентни. Таму нема Албанци или Македонци, туку дали зборуваш македонски, шпански.. Ако не те бива, ене ти ја вратата, ајде, 'раус'“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

prislusuvanje-kabli-35wp78d14y6aljmbcsszr4

(Видео) Ги нема снимените разговори од прислушувани обвинители и судии, не се ниту во МВР, ниту во другите институции, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски во „Претрес со Ландов“ откри дека ги нема прислушуваните разговори од обвинители, за кои експремиерот Зоран Заев обзнани дека постојат во 2016 година. Мицкоски кажа дека не се во депото на МВР.Овие разговори се открија пред шест години, кога Зоран Заев обзнани дека биле прислушувани судии и обвинители. Тогаш беше кажано дека систем е поставен во централата за внатрешната комуникација на Обвинителството, а исти таков имало во Скопскиот суд.?t=7368

Македонија | пред 1 година

IMG_5036

Мицкоски: Во првите два месеца обезбедивме 1 милијарда денари за исплата на заостанатите субвенции на земјоделците

„Со ребаланс на Буџетот една милијарда, од оние 3,2 милијарди денари заостанати долгови кон земјоделците веќе е предвидена во ребалансот, а голем дел од оние стари долгови ќе бидат предвидени со Буџетот за следната година покрај тековната исплата на субвенциите“ рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Приоритет на Владата се граѓаните истакна премиерот, затоа целта е да добијат поддршка и земјоделците да бидат исплатени за нивната макотрпна работа на полињата.„Сето она кое им се должи ќе биде исплатено и тука нема само Македонци или Албанци, тука има и Македонци и Албанци и Срби и Турци и Власи, Роми, Бошњаци и сите буквално земјоделци без разлика на етничката, верската, политичката припадност ќе добијат она што го заработиле со макотрпна работа на полињата и тоа ќе биде наш приоритет, граѓанинот, дециден е тој.Нема да биде приоритет задоволување на страстите на оние корумпирани политички елити коишто сакаат да испровоцираат нестабилност и инциденти. Наш приоритет ќе бидат граѓаните“, изјави премиерот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања