МИЦКОСКИ

mickoski-1

Мицкоски: Трошоците за овој заем се од 12 до 20 пати помали од заемите коишто ги земала претходната Влада на СДСМ и ДУИ

„Видете цената којашто ја плаќаме за оваа половина милијарда е некаде отприлика, вчера кажав на прес-конференција е 0,1 процент. Но таа е 0,04 проценти тоа е за адвокатски услуги итн. Процес кој е стандарден за ваков тип на заеми. Направив анализа колкава провизија плаќала владата на СДСМ и ДУИ во периодот во која таа се задолжувала преку емисија на државни обврзници на меѓународниот пазар. И таа провизија тие што ја плаќале се движи од 12 до 20 пати повеќе од тоа што ние сега како адвокатски услуги го плаќаме за овие 500 милиони. Ќе повторам од 12 до 20 пати“, подвлече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за темата којашто се отвори за провизијата која ќе се земе за унгарските пари и дали станува збор тоа е висока сума.Владата има задача да го зачува достоинството на институцијата и да обезбеди средства за развој за компаниите и за општините и покрај претпоставките како што оцени премиерот од опозиција би следеле опструкции на работата на Комисијата за финансирање и буџет на недемократски начин. Според информациите кои ги обелодени, рече дека денеска претседателот на Комисијата нема да ја стави на дневен ред на Комисијата.„Добив информација дека денеска нема претседателот на Комисијата за финансирање и буџет оваа точка да ја стави на дневен ред на Комисија, тоа е Сања Лукаревска, таков став заземале во СДСМ. Деловникот е јасен и има таму период кога треба таму да се стави оваа точка, доколку не се стави што се прави итн. И тоа ќе се прави. Опозицијата претпоставувам Левица, ДУИ и СДСМ ќе се обидат дури мислам дека и на недемократски начин да ја опструираат работата на Комисијата. Но, нашата задача е да го зачуваме достоинството на институцијата и да обезбедиме средства за развој за компаниите и за општините. Вистинската намера на опозицијата е стравот, бидејќи ако овие ако овие средства се вложат на начин кој планираме да ги вложиме ние ќе добиеме политички бенефит од сето ова и на тој начин преку реализација на проектите во општините и поддршка на бизнисот конечно после долго време застој и уназадување државата ќе почне да чекори напред. Тоа е вистинската суштина. Инаку трошоците за овој заем се од 12 до 20 пати помали од заемите коишто ги земала претходната Влада на СДСМ и ДУИ“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-1

Мицкоски: Исклучително сум задоволен, 66 општини поднесоа 215 проекти заклучно вчерашниот ден

„Јас сум исклучително многу задоволен и навистина им честитам на општините и на администрацијата во општините, бидејќи веќе 66 општини поднесоа околу 215 проекти заклучно со вчерашниот ден, што значи не се само од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, таму има општини од СДСМ и од ДУИ и други општини од коалицијата ВРЕДИ, ВЛЕН или пак политичката партија ЗНАМ, независни кандидати коишто се градоначалници сега и така натаму и така натаму“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на последниот ден од повикот на проектот за капитални проекти за општините и додаде:„Јас сум исклучително задоволен, очекувам денеска да пристигнат и други предлози, да дојдеме до 250 проекти. 250 проекти значи подобри услови за живот на стотици семејства и тоа е суштината на овој проект, да направиме нешто коешто ќе биде соодветен одговор на реалните потреби на граѓаните, а со тоа да реализираме што е можно поголем број капитални инвестиции и да ја придвижиме економијата. И затоа е потребен и овој кредит, затоа што не само овие 250 милиони евра за општините, туку и 250 милиони евра за бизнисот којшто ќе предизвика, ќе имплицира дополнителни 250 сопствени средства милиони од страна на бизнисот, значи ние ќе имаме инвестициска активност од половина милијарда евра плус 250 милиони евра од општините. Тоа до сега не се случило. Тоа до сега не се случило, и тоа е оној ветер во грб којшто треба да го даде Владата за бизнисот. Ние немаме намера да се занимаваме со ниски страсти, ние немаме намера да го понижуваме народот како што тоа го правеше претходната Влада, немаме намера да го ограбуваме, сите оние коишто беа навикнати на таков тип на работа, денеска исчезнаа од периметарот на владините институции, бидејќи знаат како функционира оваа Влада. Но, да имаме намера да се грижиме за интересот на граѓаните и да го помагаме бизнисот, бидејќи помагајќи го бизнисот ќе имаме посилна држава. А колку ни е државата посилна, колку е Македонија појака, толку и нашиот имот во Македонија е посилен и повреден.“

Македонија | пред 1 година

IMG_6293

Мицкоски: Нов спортско рекреативен центар „Бранители“ во Бутел

,,Благодарност до градоначалникот на поканата да бидам дел од еве и официјалното отворање на овој преубав спортски комплекс овде во Општина Бутел. Да истакнам дека Општина Бутел е прилично активна кога станува збор за капитални инвестиции и во таа насока, како што кажа градоначалникот, во текот на вчерашниот ден Општина Бутел заедно со уште други 65 општини поднесоа повеќе од 215 проекти, коишто се дел од онаа иницијатива за реалокација на средства од централниот буџет кон општините за решавање реалните потреби на граѓаните.Повеќе од стотици илјади наши сограѓани ќе имаат решени реални проблеми коишто се напластувале изминативе децении.Воедно, да изразам благодарност и до пратеничката којашто доаѓа од овде до Општина Бутел, до министерот за спорт, до администрацијата, до советот, до граѓаните на Општина Бутел што цело време даваат поддршка за реализација на овие капитални инвестиции.Јас сум убеден дека реализацијата на овие капитални инвестиции ќе продолжи и во иднина и во следната година, во 2025 година. Слушнавте дека на почеток е реализација на една огромна и капитална инвестиција во делот на здравството, односно во делот на грижата за здравјето на граѓаните, тоа е поликлиника овде во Општина Бутел.Како Влада сето тоа ќе го поддржиме и мислам дека со реализацијата на сите овие проекти ќе бидат решени многу проблеми на бутелчани, но и не само на бутелчани туку и насекаде низ цела Македонија на граѓаните коишто изминативе децении се соочуваа со такви предизвици.Уште еднашка честитам на градоначалникот, на сите коишто учествуваат во реализацијата на ваквите проекти и посакувам уште многу вакви проекти низ целата државата затоа што ова го очекуваат граѓаните, а тоа се проекти, развој и подобрување на квалитетот на живеење.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

image_123650291-1

Мицкоски: Јас не сум од оние политичари кој ќе рече ќе стави бројчаник, а после од него да нема ни “Б”

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Претрес со Ландов“ говорејќи за работата на Владата во овие изминати 80 дена истакна досега има покачено пензии, исплата на заостанати плати, како и нови инвестиции, воедно говорејќи за одговорноста потенцираше дека додека е премиер нема да има недопирливи.„На 24 јуни сметката беше минус 12 милијарди денари или отприлика околу минус 200 милиони евра, нешто што досега се нема случено. Ја реструктуиравме самата влада, односно ги оптимиравме секторите во кои цениме дека треба да се развиваме како држава, и мислам дека направивме добар потег за идните генерации“, рече премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски посочи дека се донесе ребалансот на буџетот, а со него се предвидоа многу работи кои што беа изоставени од претходната влада.„Ќе споменам неколку. Во буџетот пред да биде донесен ребалансот недостасуваа без тековното законско покачување на пензиите, не зборувам за линеарното, околу 5 милијарди денари, односно повеќе од 80 милиони евра не беа предвидени. Ги вративме платите кои не им беа исплаќани со месеци на вработените во Национални шуми и АД Водостопанство, некаде околу 350 милиони денари, околу 6 милиони евра. За земјоделците предвидовме една милијарда денари средства кои претходно не биле предвидени, стари долгови, а долгот е околу 3,2 милијарди денари. Предвидовме една милијарда денари која недостасуваше за исплата на К15 во вработените во јавна администрација. Повеќе од 83.000 вработени ќе добијат по 11.000 денари кон крајот на годината“, изјави Мицкоски.Премиерот Мицкоски додаде дека со ребалансот се предвидоа 6 милијарди денари за капитални инвестиции во општините, но и пари за покачување на пензиите.„Денеска можам со задоволство да кажам дека ден пред истекот на рокот на јавниот повик 66 општини пријавија 215 проекти, и тие не се само ВМРО-ДПМНЕ и очекуваме утре да стигнат и други. Тоа се 215 проекти кои ќе го променат животот на граѓаните. Предвидовме средства за зголемување на пензиите оваа година 2.500 денари линеарно по пензионер, од март уште 2.500 денари, со тоа нашето клучно ветување за првата година, ние во првите 9 месеци ќе го испорачаме кај граѓаните“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски исто така нагласи дека се донесе огромна странска инвестиција од половина милијарда долари во делот на енергетиката која треба да креира повеќе од 600 работни места, да произведува 1 терават час електрична енергија што е отприлика 25-30% од вкупното наше годишно производство и тоа е чекор кон енергетска сувереност и независност, огромен потег кој досега регионално не можеше да се замисли.„Заокруживме три други странски инвестиции како она Епсотек, Вабтек и компанијата која практично започна пред два дена во ТИРЗ Скопје 2. Тоа се нови три инвестиции кои ќе имаат повеќе од 1.000 вработувања и отприлика 200 до 220 милиони евра извоз и додадена вредност врз домашниот производ. Работиме уште на три такви инвестиции, од кои две се проширување на производниот капацитет на веќе постојни инвестиции и една нова од 150 милиони евра каде сме во потесна конкуренција со голема држава членка на ЕУ“, рече Мицкоски.Говорејќи за ветената одговорност, премиерот Мицкоски истакна дека додека е премиер нема да има недопирливи.„Пред граѓаните мора да сме отчетни и поднесеме отчет што сме правеле. Секој што се огрешил пред закон ќе одговара. Јас не сум од оние политичари кој ќе рече ќе стави бројчаник, а после од него да нема ни Б. Нема да најавувам спектакли, да ангажирам полициски специјални единици да растревожувам семејства, естрада од оваа Влада нема да има“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5036

Мицкоски: Над 10 општини аплицирале за капитални проекти како дел од проектот 250 милиони евра за општините, бројката расте

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање изјави дека јавниот повик за аплицирање на проекти од страна на општините завршува утре, потенцирајќи дека до сега се пристигнати проекти од прилика од 10 до 12 општини.„Во текот на вчерашниот ден имаше некаде од 10 до 12 општини кои ги поднеле своите апликации очекувам тој процес да забрза и утре да заврши успешно, потоа следи евалуација на истите. Да видиме со што располагаме и потоа започнуваме со реализација на ветеното“, објасни претседателот на Владата на Мицкоски.Станува збор за капитален проект со кој на општините им се става на располагање над 250 милиони евра за инфраструктурни проекти и нивен развој. Во тек е јавниот оглас каде општините може да аплицираат со свои проекти.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-15

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, ова е дел од фолклорот за сеење на етничка и верска нетрпеливост

„Јас цело време предупредувам дека не треба да се игра на етничка и верска карта, бидејќи тоа е картата на којашто овие криминалци коишто изминатите години печалеа на грбот на народот ќе се обидат да предизвикаат нестабилност и така натаму и ова се такви изолирани инциденти коишто ќе следат. Вие ја слушнавте изјавата и на Владиката, слушнавте и ја прочитавте прес конференцијата којшто се оградува од ваквите инциденти, жителите на село Галате коишто исто така се оградуваат од ваквите инциденти. Но, она што е интересно е што на социјалните медиуми на едно од лицата, излегоа некои слики коишто го гледаат во друштво на политички активни ликови, ако се земе предвид и политичката провениенција и поддршката на градоначалникот во општина Врапчиште, но и сеуште полициската структура којашто е во ОВР Гостивар, тогаш многу лесно може да се дојде до заклучокот дека ова е дел од оној фолклор којшто се подготвува за сеење етничка, верска нетрпеливост и обид за дестабилизација, вели Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар во однос настаните во црквата во селото Галате.Тој додаде дека инциденти од овој тип ќе има во периодот којшто следи.„И ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи. Зошто? Затоа што не можеме, како Влада, имајќи ги предвид последните измени во Законот за полиција и Законот за работа на Министерството за внатрешни работи, да се случат промените во раководните структури, бидејќи тие се лимитирани на пет години искуство на висока позиција, вие знаете седум години кои беа кај нас во Влада во Македонија, така што ќе мора за следните два-три месеца да се случи измена на тој Закон за да настане измена во тие раководни структури за да можеме реално да ја контролираме ситуацијата. Инаку во периодот немојте да имате дилема дека овие корумпирани политички елити од минатото, ќе се обидат преку своите центри сеуште на влијание во секакви институции да создаваат етнички конфликти и тензии, но ние ја контролираме ситуацијата“, рече тој и додаде дека брзо се реагира и нема поддршка од страна на жителите.„Брзо се реши и оваа ситуација, гледате, не наидува на поддршка кај населението, самите жители на село Галате, би рекол го отфрлија сето ова, самиот Владика на Гостиварско-полошката епархија го отфрли сето ова, така што јас апелирам, сега во моменти кога тргна да расте индустриското производство, преработувачката индустрија, кога се намали инфлацијата, кога се прават реформи, кога се носат навистина добри мерки и странски инвестиции, конечно забележуваме раст во вториот квартал, да не дозволиме вакви корумпирани сеништа од минатото да нѐ влечат назад. Мора да одиме напред и мора да се бориме да одиме напред“, дециден е Претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

MICKOSKI-SREDBA-05082024-3

Премиерот Мицкоски најави три нови странски инвестиции

„Да, работиме на три такви во овој период иако веќе неколку се случија, повеќе од 1.500-1.600 нови вработувања се во процес, четири нови инвестиции во изминативе два и половина месеци веќе се објавени, проширување на една постојна, две сосема нови и една во енергетиката со којашто ќе бидеме чекор напред кон реализирање на комплетна енергетска сувереност како држава“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали има најава за нова инвестиција.Тој најави дека во периодот којшто следи се работи на три нови инвестиции, од кои две се веќе постојни инвестиции и една огромна инвестиција во вредност од 150 милиони евра со земја којашто е членка на Европската Унија.„Во периодот којшто следи работиме на три нови такви инвестиции. Две се веќе на постојни инвестиции коишто веќе работат кај нас, коишто ќе направат проширување на своето производно портфолио и очекувам веќе ноември месец полека но сигурно да ги објавуваме овие позитивни вести за граѓаните и една огромна инвестиција во вредност од 150 милиони евра, сме во последна фаза со една голема европска земја, којашто е членка на Европската Унија“, додаде премиерот Мицкоски.Според него, доколку тоа се случи навистина ќе биде еден голем чекор напред и за нас како држава и за нас како Влада.„Се натпреваруваме за оваа инвестиција, дневно комуницираме со потенцијалните инвеститори и доколку тоа се случи навистина ќе биде еден голем чекор напред и за нас како држава и за нас како Влада“, истакна претседателот на Владата Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-1

Мицкоски: Целта на Владата е подобрување на здравствената заштита на секој граѓанин, се прошири позитивна листа на лекови по пауза од повеќе од десет години

,,Ми претставува особена чест и задоволство да Ве поздравам на денешниот политички дијалог, кој што е од особена важност, затоа што допира едно значајна тема, која што го засега секој од нас: обезбедување пристап до основните лекови за сите наши граѓани.Овој собир ја одразува непоколебливата заложба на Владата за заштита на здравјето и благосостојбата на секој граѓанин, заложба што лежи во сржта на на нашата мисија.Пристапот до безбедни, ефективни, висококвалитетни и достапни лекови не е само приоритет на здравствената заштита - тоа е основно право што силно влијае на нашата колективна благосостојба и нашите заложби да го подобриме квалитетот на животот на секој еден поединец.Оваа Влада, постигна значајна пресвртница со проширувањето на Позитивна листа на лекови по пауза од повеќе десет години. Ова е доказ за нашата посветеност и проактивен пристап и желба за континуитет во справувањето со еден од најитните предизвици во нашиот здравствен систем. Сепак, иако овој преземен чекор означува напредок, нашите заложби не завршуваат тука. Предизвиците со кои се соочуваме бараат континуирана работа, секојдневна посветеност и решителност.Приоритет е да се обезбеди секој граѓанин да има пристап до лековите што му се потребни без да се соочи со финансиски потешкотии. Наша должност да ги заштитиме граѓаните и да му служиме на нашиот народ.За да ги надминеме постоечките предизвици и да ја постигнеме посакуваната мисија, мораме неуморно да работиме. Мораме да ја зајакнеме соработката на сите институции од Владата и да ги вклучиме сите релевантни партнери. Негуваме подлабока соработка помеѓу Министерството за здравство, Министерството за финансии, Министерството за дигитализација, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови и медицински помагала, дирекцијата за е-здравство и другите клучни чинители.Овој заеднички пристап ќе ни овозможи поефикасно да се справиме со постоечките предизвици и да спроведеме одржливи решенија.Нашата заедничка цел е да изградиме здравствен систем кој вистински ја одразува нашата посветеност за подобрување на здравјето и благосостојбата на секој граѓанин.Работејќи заедно со посветеност, решителност и јасност, можеме да ги надминеме предизвиците пред нас и да создадеме иднина во која пристапот до основните лекови не е само стремеж, туку реалност за сите.Изразувам лична благодарност до сите национални институции и поединци за посветеноста и соработката во овој витален потфат, како и до Светската здравствена организација за континуираната поддршка во развојот на здравствениот систем на нашата земја.Заедно, го кроиме патот кон поздрава иднина за секој наш граѓанин. Државата да создава за секој еден граѓанин.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-1

Мицкоски честита: Тогаш се градеа темелите на Републиката и создаваа институции, но и денес имаме битки кои мора да ги победиме

“Денес се одбележува најголемиот светилник на постоењето на македонската држава, финалниот чин по повеќестолетната борба за слобода и независност или што би се рекло денот над деновите- 8 септември, празникот на нашата независност”, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:На овој ден за прв пат се слушнаа зборовите "Да ви ја честитам суверена и слободна Република Македонија" на плоштадот Македонија каде се прославуваше независноста. Воедно да не заборавиме дека 8 септември е стремежот на илјадници претходно борци за слободна и своја држава.Тогаш се градеа темелите на Републиката и создаваа институции, но и денес имаме битки кои мора да ги победиме, заеднички, поинакви, иако поинакви сепак подеднакво важни.Мора да се победи разочарувањето кое ни го оставија и криминалот и корупцијата кои денес се најважните проблеми против кои се бориме. Секој атом од силите да го вложиме во градба на иднина каква заслужува секој еден човек. Овој пат државата е на потег и нејзе ја враќаме на народот.Да создадеме земја на среќни граѓани и силна економија. Општество кое ќе одговара на реалните потреби и ќе нуди реални решенија. Да си ги зачуваме луѓето овде во нашата татковина.Оваа генерација има обврска да ги исправи грешките и да создаде иднина за сите наредни. Ова е нашата заедничка битка и заедно се бориме и заедно ќе успееме!Нека е честит и вековит денот на независноста.Бог да ја благослови Македонија!

Македонија | пред 1 година

IMG_6443

(Фото) Мицкоски објави цени на училишни прибори од маркети: Намалени се

,,Најновите мерки на Владата ги даваат своите резултати, набавката на училишниот прибор сега е поекономична за македонските семејства.Цените на училишниот прибор се значително намалени, што го олеснува товарот на родителите и овозможува секое дете да тргне подготвено на училиште.Семејствата, пак, ги чувствуваат позитивните ефекти бидејќи со намалените цени се овозможува повеќе средства да останат за други важни животни потреби.Еве само неколку примери од продавниците каде цените веќе се прилагодени за да одговорат на новите правила. Со ова, илјадници семејства ќе можат полесно да го подготват училишниот прибор без да се грижaт за високите трошоци.Заедно градиме подобра иднина за сите.”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-mickoski

Одлука на Уставен за Законот за јазици нема да дестабилизира ништо, не ми се свиѓа ни мене “северна” во Уставот ама морам да почитувам, вели Мицкоски

Нема да има дестабилизација со било каква одлука на Уставниот суд, а поврзана со Законот за јазици. Ова го посочува премиерот Христијан Мицкоски, според кого, изјавите на ДУИ, дека со укинување на законот, се погрешни.“Не верувам дека ќе има можности за било каква дестабилизација. Јас сум човек кој почитува закони и Устав. И не очекувам било кој што тука зема плата, да не ги почитува. Можеби и мене ми е проблем нешто што е направено со Уставот, како придавката, ама стојам пред тој знак за да не го навредам и повредам Уставот. Тоа е суровоста на оваа работа. Ова не е шведска маса - па да земеме што сакаме, а што не.. Тука е почитување на законот”, рече Мицкоски.Тој замоли да не се прават јавни притисоци врз како што рече, партизираните судови. Посочува дека инциднети може да предизвика само тој што сака да си го заштити криминално стекнатиот имот.

Македонија | пред 1 година

mickoski-1

Мицкоски: Започна проектот за 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, објавен е јавен повик за аплицирање

,,Целта на денешната прес конференција е почетокот на реализација на проектот од кој Владата ќе одвои 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините и подобрување на животот на граѓаните.За таа цел е објавен јавниот повик за аплицирање на општините за инфраструктурни проекти врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури на Министерството за транспорт, за животна средина и просторно планирање, образование и наука, социјална политика, демографија и млади, спорт и Министерството за култура и туризам.Целта на овој отворен јавен повик е да се доделат средства на општините за проекти со чија реализација ќе се придонесе за унапредување на инфраструктурата на локално ниво со директен импакт врз зголемување на економскиот раст, развој во општините и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните.Право да поднесуваат апликации и предлог - проекти имаат општините, општините во градот Скопје и градот Скопје. Испраќам на апел што е можно повеќе општини, независно од политичката провиниенција на градоначалниците да учествуваат во овој повик.Ние сме Влада на сите граѓани, и нашата цел е да се подобри животот на сите граѓани. Овие пари значат повеќе проекти и решенија за граѓаните за нови улици, булевари, училишта, градинки, водоводи, канализации, сѐ она што в суштина им е потребно на граѓаните. Ова е прв ваков проект од толку обемен карактер за инфраструктурен развој на општините во историјата. 250 милиони евра од централниот буџет за вистинските потреби на граѓаните.Во минатото се правеле инфраструктурни проекти во главниот град, но никогаш секаде и за сите општини во толку голем обем како што е замислата со овие 250 милиони евра и свесен сум дека голем дел од општините се соочуваат со вистински потреби за развој на инфраструктурни проекти и капитални инвестиции.До крајот на оваа година со овој јавен повик на располагање за општините се ставаат 6 милијарди денари, и ова е првата фаза од вкупно 15 милијарди денари или 250 милиони евра за капитални проекти. Одблиску ќе ја следам реализацијата на проектите, а процесот ќе биде целосно транспарентен и достапен на увид на целата јавност.Со ова покажуваме дека се гради за народот. И дека помагаме и се грижиме за секој еден граѓанин. ”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6293

Мицкоски за Арсовска: Не се карам, решавањето на проблемот со превозот е во раце на Градот и ЈСП, ако се купат автобуси ќе стигнат догодина

“Јас не се карам со никого”, рече премиерот Христијан Мицкоски, на констатација од новинар дека тој и скопската градоначалничка Данела Арсовска се расправаат наместо да се набават автобуси за жителите.“Ги повикуваме да аплицираат на повикот. Набавката на автобуси можеби не претставува проблем. На состанокот со Арсовска очекувавме да чуеме план. Рековме дека ќе ги поддржиме програмите, ги подддржавме. Иако не веруваме дека ќе допринесат нешто позитивно. Денеска да почнеме процес на набавка на автобуси за Скопје, ќе бидат испорачани следната година”, рече Мицкоски.Според него, тие биле конструктивни како партија.“Ние стоиме на располагање да чуеме план, а ако е планот: гладајте за кредит, за да ги добиеме за догодина”, тоа не го решава проблемот бидејќи ќе стигнат догодина”, рече Мицкоски.Според него, со наменско трошење на средствста кои ЈСП ги добива од Град Скопје, се решава проблемот.“Тоа е во рацете на менаџментот на ЈСП и Градот Скопје”, додаде тој.На констатацијата дека набавка на 250 автобуси, тој рече дека: “Да размислуваме како Влада за да направиме пакет за сите општини кои имаат потреба од јавен градски превоз. Ако на Скопје му требаат 250 автобуси, тогаш на другите им требаат уште 250. Овие прашања ќе бидат решени”.

Скопје | пред 1 година

15082024_MICKOSKI

Мицкоски: Обезбедени се 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца и дополнителни 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека вчера на владина седница се донесени повеќе одлуки, меѓу која и одлука за изградба на колекторот Трпејца во вредност од 68 милиони денари, како и 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини, потенцирајќи дека Владата се грижи за реалните потреби на граѓаните.„Неколку инфраструктурни проекти коишто ќе бидат финансирани од Министерството за транспорт поминаа на вчерашната владина седница, конечно еден многу значаен проект после неколку децении ветувања ќе биде завршен, а тоа е завршување на колекторскиот систем во Охрид, изградба на фекална канализација во село Трпејца, коешто е значајно за туристичкиот потенцијал, не само во Охрид, туку и за цела држава, од прилика 68-69 милиони денари со вклучен ДДВ се одвоени тука и дополнителни 53 милиони денари ќе бидат инвестирани за изградба на водоводни системи, фекална и атмосферска канализација во општините Радовиш, Битола и Прилеп. И во периодот што следи ќе има уште вакви проекти, така што тоа што го ветивме, тоа и го испорачуваме, дека проектите коишто се направени, коишто долги годни чекаат на финансирање ќе бидат финансирани од страна на оваа Влада, бидејќи тоа се потребите на граѓаните, тоа се реалните потреби на граѓаните, приказни нема да кажуваме, тоа што го зборуваме тоа го испорачуваме“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-15

Мицкоски: Порастот на индустриското производство за 3,8 проценти во јули е првичен индикатор дека со стабилна Влада конечно се враќа довербата на бизнис заедницата

„Индустриското производство после подолго време пад, има пораст во јули но, тоа е веќе третиот квартал, денеска го очекуваме вториот квартал. Тоа нé охрабрува што 3,8 проценти имаме пораст на индустриското производство после неколку месеци пад“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Тој истакна дека во јули конечно има пораст на индустриското производство после неколку месеци пад.„Падот во мај месец беше и двоцифрен, мислам дека беше 11-12 проценти, така што после неколку месеци пад, конечно во јули имаме пораст. Како тоа можеме како првичен индикатор да го толкуваме дека конечно се враќа довербата во бизнис заедницата. Имаме стабилна Влада, имаме стабилна клима, така што ќе нема големи политички, да речеме, несигурности коишто често пати знаат инвеститорите и странски и домашни да ги одвратат од инвестицијата“, нагласи Мицкоски.Премиерот очекува овој тренд да продолжи и во третиот и во четвртиот квартал, имајќи предвид дека на вчерашната седница на Владата беа поминати 500 милиони евра заем од Унгарија и дека тие ќе бидат солиден драјвер за бруто домашниот производ и ќе имаат позитивно влијание и во четвртиот квартал, но и во првиот квартал во 2025 година.„Тие многу скоро ќе се најдат пред пратениците во Парламентот и очекувам до крајот на месец да се заокружи тој процес. Овие се со развојна компонента, 250 милиони евра ќе бидат заем за бизнис заедницата, под услови коишто ги земаме, а тоа се 3,25 проценти каматна стапка, три години грејс период и 12 години рок на отплата, нешто што во моментов на пазарот за ваков тип на кредити го нема. И останатите 250 милиони евра се повторно со развојна компонента, односно за финансирање на капитални инвестиции во општините.Очекувам и овие да бидат солиден драјвер за бруто домашниот производ и да имаат позитивно влијание и во четвртиот квартал, ни и во првиот квартал во 2025 година“, подвлече премиерот Мицкоски и додаде:„Така што еве да ги следиме процесите, нормално и климата којашто ја создаваме како Влада, нема фудбалчиња по кабинети, нема рекетирање, нема братучеди и браќа коишто го олеснуваат водењето бизнис во Македонија, туку мислам дека сега веќе сé е поинаку. Бизнисмените се слободни да инвестираат, нема посредници коишто нудат услуги за брз поврат на ДДВ или не знам какви тие други услуги по министерствата. Мислам дека е сега околината многу послободна и сето тоа влијае позитивно во насока на подобрување на економскиот потенцијал“.„Но, денеска, еве да поентирам да завршам на крај, очекувам, да го почекаме, очекувам да го видиме како ќе биде вториот квартал имајќи предвид дека изборите завршија на 5 мај, а мај и јуни се дел од вториот квартал, очекувам и тука да имаме позитивни ветришта. Но, ајде да почекаме да не коментираме пред време“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања