МИЦКОСКИ

21082024-Mickoski-1

Мицкоски: Донесовме одлука да ја зголемиме двојно субвенцијата за хектар јачмен од 6.000 денари на 12.000 денари

„Во текот на вчерашната владина седница донесовме одлука за зголемување на субвенцијата и доделување на дополнителни 3 денари по килограм за производителите на пченица имајќи предвид регионалната конкуренција. Ние сакаме да ги задржиме бидејќи ова ни е стратешка култура и мораме да се грижиме за луѓето коишто се занимаваат со производство на пченица истовремено ќе додадам тука се и производителите на јачмен“, изјави премиерот на Владата на новинарското прашање во врска со проблемот на производителите на пченица со откупот и додаде:„Ако досега субвенцијата за хектар беше околу 6.000 денари, на вчерашната седница донесевме одлука да ја зголемиме двојно, односно да биде 12.000 денари, имајќи ја предвид ниската цена на откуп на јачменот од 9 денари по килограм, така што продолжуваме да ги поддржуваме сите оние коишто допринесуваат во насока на подобрување на условите за живот во Македонија. Тоа е она што е наш интерес и политика на оваа Влада.“, вели премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6408

Мицкоски: Инвестиција од 65 милиони евра и 700 нови вработувања

„Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти. Еве вчера поранешниот потпретседател на Владата и одговорен за економски прашања, Фатмир Битиќи кажа тој е тој којшто ја донел, па еве јас од мое име да му се заблагодарам затоа што процесот го водел до каде што го водел, жалам што не успеал да го заврши до крај.Претпоставувам не успеал да ги убеди граѓаните како што еве ги убедувал неговите сопартијци на осми мај, па доживеа дебакл каков што доживеа, па оваа Влада мораше сега заедно со инвеститорот го заврши овој процес. Очекувам уште многу вакви инвестиции во периодот којшто следи.Во тек се преговори за проширување на две веќе постоечки инвестиции од странските инвеститори но и една нова којашто ја преговараме и сме во завршна фаза со уште една многу голема и моќна европска држава, членка на ЕУ.Се надевам и сум сигурен дека и таа ќе се заврши до крајот на годината со што мислам дека озбилно ќе биде исцрпен човечкиот потенцијалот за ваков тип на инвестиции кај нас и мислам дека на тој начин ќе додадеме вредност во процесот на зголемување на БДП нешто коешто ние е многу важно. Така што уште еднаш, не може човек да не биде среќен и радосен кога се отвара инвестиција во вредност од 65 милиони евра каде што ќе има во максимален обем од 700 и повеќе вработени кога ќе го достигне врвот самата инвестиција.Од разговорот можам да кажам дека во првите години ќе имаме до кај 35, 40 милиони евра максимум 60 милиони во првите три години извоз, понатаму може тој извоз да достигне и до 130 па и повеќе милиони евра, нешто што позитивно ќе влијае за нашата македонска економија.Уште еднаш честитки и да се множат ваков тип на инвестиции.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-1

Мицкоски: Владата донесе одлука за ограничување на највисоката трговска маржа на училишниот прибор, со ова ќе се намалат трошоците на илјадници семејства

,,Помалку трошоци повеќе за тебе - е мерката која денес ја донесовме на Владата. Поточно Владата донесе одлука за помош на сите семејства што имаат ученици со цел да се намалат трошоците за набавка на училишен прибор.Оваа мерка е директно насочена кон подобрување на животниот стандард и економската состојба на илјадници македонски семејства.Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани.На големо, маржата ќе биде ограничена на 5%, додека на мало до 10%.Ова е само уште еден пример на посветеноста на Владата за создавање подобри услови за сите наши граѓани.За разлика од минатите години кога се соочувавме со протести и кога учениците немаа учебници, оваа учебна година започна без проблеми, а Владата со решителни мерки го поддржува образовниот систем. Одлуките кои ги носиме се во директна спротивност со политиките на претходната влада која дозволи големи трошоци за семејствата и недостаток на потребните учебници и материјали.Нашата цел е јасна: да создадеме стабилна и просперитетна иднина за сите граѓани. Владата ќе продолжи да работи посветено за подобрување на условите за живот, секојдневно демонстрирајќи дека сме различни и многу поодговорни од нашите претходници.Благодариме на досегашната поддршка и бидете уверени дека ќе продолжиме да работиме во интерес на апсолутно сите граѓани.Пред да се заблагодарам на вниманието, би сакал неколку симулации.Да речеме анализиравме увозни царински декларации на дел од производите и оние кои што се цени во малопродажбата и заклучивме дека многу производи денеска се предмет на монопол или дуопол. И монополот и дуополот си се договараат, ако се дуопол и монопол си прави што сака и практично цените некогаш се двојно поголеми од тие коишто се увозни.Имаме да речеме увозна цена, пример еден, за маркери којашто е 60,1 денар, во малопродажба е 130 денари. Потоа, имаме цена, да речеме, јаглен за цртање од 300 пакувања, увозната цена е 68,6 денари, а во малопродажба е 200 денари.Боиците, ако увозната цена е 69,5 се продаваат од 120 до 150. Кај моливите имаме цена која што е увозна од 54,1 денар, се продаваат по 120 денари. Тетратки А4, увозна цена 40,1 денар, малопродажна цена 85 денари.Значи минимум два пати, а во некои моменти и повеќе од увозните декларации, така што цениме дека со ова драматично на пола, би рекле, би се намалил трошокот.Но тука нема да застанеме, продолжуваме и понатаму. И понатаму ќе има ваков тип на ограничувања на, би рекол, маржите и профитот на поединци коишто на ваков начин генерираат високи профити, а со тоа стимулираат инфлација и работат спротивно на интересите на граѓаните.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-1

Мицкоски најави нова германска инвестиција за производство на литиумски батерии, во вредност од 65 милиони евра и 700 нови вработувања

„Да, веќе утре после напорна двомесечна работа и отстранување на сите оние недостатоци, коишто се акумулирале во месеците наназад, ќе имаме поставување на нов камен темелник на компанија којашто доаѓа од Германија“, најави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Тој информираше дека инвестицијата е отприлика 60 до 65 милиони евра, некаде околу 700 нови вработувања и дека ќе се произведуваат литиумски батерии и додаде:„Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот, ќе биде намалена разликата односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува бруто домашниот производ“.„Така што еве да почекаме до утре па македонската јавност ќе биде сведок утре“, соопшти премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6408

Мицкоски: Со доградбата на детска градинка во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден нема повеќе листи за чекање за упис

„Добар ден од Општина Илинден,За нас како претставници од Владата, од Парламентот, градоначалници, претставува посебна чест и задоволство што објектот којшто го почнавме да го градиме со симболично би рекол поставување камен темелник пред неколку месеци, денеска го гледате завршен.Јас му честитам на градоначалникот за исклучително брзата реализација на ова изборно ветување, ветување со коешто практично во Општина Илинден ќе нема повеќе листи за чекање за упис во градинка, односно сите дечиња коишто ќе имаат потреба од сместување во објектите овдека во градинките во Општина Илинден ќе бидат сместени.Овој објект е со капацитет од шеесетина дечиња, инвестицијата е обезбедена комплетно од средства со коишто располага општината, а опремена со средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи еден заеднички проект и навистина мислам дека ваквите проекти ја враќаат довербата дека не се сите исти и дека можело поразлично, секој ден нов проект, секој ден ново изборно ветување, секој ден ново очекување на граѓаните коишто е испорачано.Така продолжуваме понатаму за нешто повеќе од два месеци оваа Влада направи навистина работи коишто изминатите години претходната Влада не можеше ниту пак да ги замисли.Така да уште еднаш му честитам на Александар, на советниците, на администрацијата, на луѓето од градинката за успешно, брзо, експресно завршен проект и им посакувам на дечињата да поминуваат навистина прекрасни мигови, бидејќи од тука ќе почнат да го чекорат својот животен пат и да се образуваат“., вели премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-1

Мицкоски: Нередот во процесот на издавање на патните исправи и личните документи е целосно ставен под контрола, оваа Влада се грижи за интересите на граѓаните

„Можам, исто така, со задоволство да кажам дека нередот кој што беше пракса за минатата влада на СДСМ и ДУИ во процесот на издавање на патните исправи и личните документи е целосно ставен под контрола и сега во рамките на законските 15 дена граѓаните можат да ги добијат патните исправи и другите лични документи“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.„Од информациите коишто ги добивам од Министерството за внатрешни работи, некаде околу 1.740.000 патни исправи се издадени и некаде околу 1.440.000 лични карти и некаде околу 750.000 возачки дозволи“, информираше Мицкоски.Тој, исто така, предупреди дека рокот за возачките дозволи е до крајот на годината и додаде:„Така што нема повеќе турканици, нема повеќе неред, нема повеќе понижување на македонските граѓани и сега веќе сé е во рамките на оние законски предвидени 15 дена. Тоа е уште еден доказ дека не се сите исти и дека принципот на раководење како до сега е во минатото и дека оваа Влада се грижи за интересите на граѓаните“.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-15

Мицкоски: Обезбеден е К-15 за 84 илјади вработени во вредност од една милијарда денари

„Во ребалансот на Буџетот, иако тоа во основниот Буџет не беше предвидено, во ребалансот на Буџетот се предвидени околу милијарда денари за исплата на К-15 која е законска обврска на сите работодавачи и оваа законска обврска, Владата како работодавач најголем има намера да ја заврши кон крајот на ноември месец, почеток на декември месец“, одговори претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање и додаде:„Затоа што знаете согласно законот е потребно минимум шест месеци стаж да имате да го исполните правото да бидете примател на К-15 така што ќе овозможиме на голем број на наши сограѓани коишто во меѓувреме ќе се стекнат со работно место да може да добијат К-15.“Премиерот Мицкоски подвлече дека Владата преку ребаланс на Буџетот обезбеди К-15 за 84 илјади вработени чиј работодавач е Владата.„Така што околу милијарда денари коишто не беа предвидени во основниот Буџет со ребалансот се предвидени, некаде 83 до 84 илјади вработени чијшто работодавач е Владата ќе добијат К-15 крајот на ноември почеток на декември месец“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6398

Мицкоски: Среќен почеток на сите ученици во новата учебна година

„Добар ден од овде од Гази Баба, од ООУ Стив Наумов. За мене претставува навистина прекрасен ден затоа што некако денот на својот почеток започнува со одбележувањето на учебната година, иако симболично тоа би требало да биде на први септември, но бидејќи таков е календарот започнуваме од втори септември.На мое огромно задоволство можам да кажам дека оваа енергија којашто денеска ја почувствував овдека е прекрасна, дека дечињата желни за наука и желни за образование започнуваат да го чекорат својот образовен пат, зборувам за прво одделенчињата, за сите оние останатите тоа е веќе дополнително искуство, возбудени родители со многу убава позитивна емоција, нашата порака денеска е да имаат успешен прв учебен час, школски час и она коешто треба да го знаат е дека во животот ништо не доаѓа веднаш и ништо не доаѓа лесно, за се треба многу напор, за се треба многу труд да се вложи за да дојдеме до целта којашто сакаме да ја постигнеме.Од мене јас можам да им посакам многу убави школски денови, многу нови другарчиња и нормално се што сакаат во животот да им се исполни и да работат за тоа да им се исполни, бидејќи тоа е смислата и убавината на животот.Исто така дозволете ми да ја информирам македонската јавност дека разговаравме и со министерката за образование и наука, со директорката, со градоначалникот, со многу директори ширум Македонија а тоа е фактот дека за разлика од претходните години оваа година учебниците се или овие ден два ќе бидат пред учениците, нема да го имаме тој проблем којшто го имавме минатото.Се сеќавате од пред десет, петнаесет години кога зборувавме за компјутер за секое дете, денеска се радувам на максимата учебник за секое дете, но тоа е пак подобро од тоа што беше, што би рекол еден поранешен политичар во власта, како до сега принципот, сега не е како до сега во минатото, сега имаме нова ситуација тоа е добра ситуација за учениците, бидејќи ќе имаат учебници од коишто ќе можат да учат и да

Македонија | пред 1 година

IMG_6293

Владата ќе ја ограничи цената на училишните производи

Премиерот, Христијан Мицкоски изјави дека се прават анализи за намалување на трошоците на родителите на почетокот на учебната година.Се планира да се лимитираат цените на производите кои најмногу им се потребни на родителите.„Правиме анализа на сите трошоци и мислам дека во текот на денов ќе биде готова и утре на седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите кои се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6395

Мицкоски и Стефковски го пречекаа првачињата во Автокоманда

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, пратениците Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски и Дијана Илиевска присуствуваа на пречекот на првачињата во ООУ Стив Наумов во Автокоманда.По завршување на пречекот на првачињата, градоначалникот Стефковски, премиерот Мицкоски и министерката Јаневска ги доделија бесплатните училишни униформи кои општина Гази Баба ги обезбедува за сите 6800 ученици, проект вреден 14.000.000 денари.За посетата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:,,Среќно првачиња!На сите ученици и наставници да Ви го честитам почетокот на новата учебна година и Ви посакувам успех во учењето и работата.Утрово заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, пратениците, советниците и голем број родители бевме во општинското основно училиште Стив Наумов.Мојата порака до учениците е: образованието е едно долго патување. Другарувајте со книгите, бидејќи тие ќе Ви помогнат да стекнете нови знаења.На ова долго патување не заборавајте да другарувате помеѓу себе, бидејќи зад училишните клупи ќе го поминете најубавиот период од својот живот.Мојата порака до наставниците е: бидете креативни во работата бидејќи вие сте клучот за квалитетното образование на нашите деца.Бидете поддршка, инспирација и поттик на учениците за заедно да создадеме силни индивидуи кои утре ќе бидат движечка сила на општината и државата.Мојата порака до родителите е: бидете без грижа, Вашите најмили ги оставате во рацете на искусни просветни работници кои зад себе имаат создадено генерации на луѓе кои денес имаат различни одговорности во општеството.Нека е со среќа почетокот на учебната година.Нека е со среќа почетокот на процесот на образованието на новите првачиња.”, напиша Стефковски.

Скопје | пред 1 година

21082024-Mickoski-1

Филипче: Ако Мицкоски не ги сподели со ОЈО информациите за понуденото мито, тој е соучесник

Претседателот на СДСМ денес одговараше на новинарски прашања на поврзани со изјавата на Мицкоски дека му било понудено мито за Коридорот 8. Претседателот Филипче изјави дека е крајно несериозно различни функционери да даваат различни изјави по однос на овој проект кој е НАТО коридор и од стратешко значење на за државата. Тој рече дека зачудува што за наводното мито понудено на премиерот, ниедна друга институција која треба да спроведе истрага нема информација.„Тоа што го изјавува премиерот е многу сериозно. Но, зачудува што ниту една друга институција нема информација. ОЈО да отвори постапка и премиерот во таа постапка да ги каже сите информации. Ако тоа не се случи тоа е соучество на Мицкоски“ - рече претседателот Филипче.Тој го осуди однесувањето на Мицкоски кој од говорница и преку прес конференции води партиски ПР наместо да ги докажува своите сериозни обвинувања преку институциите.„Го осудувам тој пристап на употреба на говорница и ПР пораки за сериозни работи и обвинувања. Со ова Мицкоски докажува дека единствено што прави е политизирање и манипулација, неместо сериозна истрага и докази“ - рече претседателот Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_6307

Мицкоски: Благодарност до Хрватска и Пленковиќ за поддршката на Македонија кон ЕУ, во иднина продолжува соработката меѓу двете држави

„За мене претставува голема чест и задоволство што еве денеска можам од овде од Загреб да се обратам како премиер на мојата прва билатерална посета и со големо задоволство можам да кажам дека на оваа прва билатерална посета помеѓу министерствата за образование и наука и Министерството за здравје беа потпишани билатерални договори со кои што значително ќе се подобрат односите на двете земји коишто се и онака би рекол братски.Сакам да се заблагодарам на мојот драг пријател премиерот на хрватската Влада, господинот Андреј Пленковиќ, за гостопримството, за убавиот разговор, за прекрасната атмосфера којашто ја имаме овде во Загреб. И убеден сум дека братските односи помеѓу македонските и хрватските граѓани и во иднина ќе бидат на едно исклучително високо ниво, а ние како две влади ќе продолжиме да работиме за зголемување на соработката помеѓу граѓаните на двете држави.Благодарен сум за поддршката којашто ја добиваме од премиерот Пленковиќ, од министрите во хрватската Влада за евроинтегративните процеси, иако фрустрацијата и неправдата, којашто ни е нанесена како македонски граѓани, како држава е голема, бидејќи повеќе од две и пол децении се позади нас откако го почнавме овој пат, но за жал се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема. Но, се надевам дека како нова влада, со реформите коишто планираме да ги направиме најпрвин на домашен план, а потоа и во соработка со нашите пријатели, хрватската Влада, но и останатите пријатели коишто доаѓаат од земјите членки на Европската Унија, конечно таа неправда после повеќе од или би рекол скоро две и пол децении од денеска ќе биде исправена и македонските граѓани ќе можат да бидат заедно со европските граѓани како дел од големото европско семејство.Убеден сум дека вредностите коишто пред многу децении Шуман, Аденауер и Де Гаспери ги имаат дефинирано како европски вредности, европските граѓани и политичари ќе ги споделуваат во иднина и дека нема да бидеме жртви на билатерални спорови во нашиот пат кон целосна интеграција во рамките на Европската Унија.И сосема на крај би сакал да напоменам дека се осврнавме уште на неколку заеднички теми, коишто се од огромно значење за двете држави, меѓу кои и економската соработка којашто во овој момент изнесува нешто повеќе од три стотини милиони долари на годишно ниво. Има простор за напредок, голем број македонски, голем број хрватски фирми се присутни на заедничките пазари, а зошто да не во иднина заедно настапуваат на трети пазари. Тоа е суштината на пријателските односи, кога покрај политичките и граѓанските релации ќе имаме и бизнис релации кога заедно ќе настапуваме во конзорциум на трети пазари и на тој начин ќе можеме да додадеме вредност во економиите на двете земји.Јас апсолутно верувам дека заедно со мојот драг пријател Андреј ќе направиме многу за нашите две братски нации и дека тоа што до сега е ниво постигнато во нашите меѓусебни односи само ќе биде еден почеток на уште подобро градење на заедничките односи.Во таа насока се заблагодарувам многу за поддршката којашто ја дава тој лично, но и хрватската Влада, во евроинтегративниот процес на нас како држава, како народ, како граѓани, но истовремено сигурен сум дека и на другите полиња меѓу кои и реформите во правосудството, реформите коишто се во другите области, исто така, ќе можеме заеднички да соработуваме и да ги црпиме хрватските искуства.Уште еднаш претседателе Пленковиќ ви благодарам на прекрасниот пречек овде во Загреб“.

Македонија | пред 1 година

IMG_6293

Мицкоски: Нема место за криминалци во политиката, граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на поединци без разлика дали е на локално или државно ниво

„Гледам поедини центри на влијание како се вознемирени, а вознемирени се затоа што ова е стартен ден, јавна набавка којашто ја водела претходната Влада на СДСМ и ДУИ. Јас одлучив со јавност да се борам против криминалот и корупцијата и затоа ја дадов таа изјава и тоа е порака дека времето на криминалците во политиката заврши, дека е време е на чесни политичари, луѓе коишто си го сакаат својот народ, својата татковина и ќе работат за интересите на своите сограѓани и својата татковина, и така ќе продолжам и во иднина“, одговори претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање.Премиерот Мицкоски објасни дека во рамките на Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе се отвори линија каде што граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на административци и политичари.„Ако се сеќавате пред неколку дена исто така на едно мое телевизиско интервју дадов уште една изјава во која што кажав специјален тим во рамките на мојот кабинет ќе има отворена линија и ќе разговара со граѓаните, а тие таму ќе пријавуваат девијантно однесување на административци, политичари без разлика дали се тоа на локално или на државно ниво политичари и административци, коишто можеби бараат некаков тип на против услуга да завршат некоја работа којашто на граѓаните им припаѓа под Закон и Устав и таа отворена линија ќе има за цел граѓаните тоа девијантно однесување да го пријават“, соопшти премиерот.Претседателот на Владата Мицкоски констатираше дека се додека е премиер, место за криминалците во политиката ќе нема и дека мораме силно да се бориме против криминалот и корупцијата.„Мораме да се бориме против криминалот и корупцијата, тие се од пандемиски размери кај нас и тоа е основната цел на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Додека јас сум премиер, место за криминалците во политиката ќе нема и затоа на секој еден именуван и избран функционер од редот на ВМРО-ДПМНЕ му испраќам една порака, а тоа е да го чуваш твојот образ, така ќе го чуваш и мојот и на организацијата и така работиме до сега и така ќе продолжиме во иднина, а секој оној којшто ќе се заборави и којшто мисли дека во политиката треба да ужива а не да биде слуга на граѓаните, без разлика од која структура доаѓа ќе биде казнет, а доколку биде тоа злоупотребено, да има криминал, тогаш ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-1

Мицкоски: Ветивме дека во првата година пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари, тоа ќе го направиме многу побрзо, односно во првите 9 месеци

„Измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување поминаа на вчерашната седница на Владата, така што усогласувањето на пензиите ќе биде линеарно нема да биде процентуално како и до сега. Така што најпрвин од овој септември ќе имаме 2.500 денари зголемување, а потоа и од следниот март уште 2.500 денари“, одговори претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање.Премиерот Мицкоски посочи дека ветување за покачување на пензиите ќе биде реализано побрзо од ветеното.„Ние ветивме дека во првата година пензиите ќе бидат линеарно зголемени за 5.000 денари тоа ќе го направиме многу побрзо, односно во првите 9 месеци“, кажа Мицкоски.Во однос на кога ќе поминат измените во законот за Законот за пензиско и инвалидско осигурување премиерот кажа дека првото зголемување треба да пристигне со септемвриската пензија.„Ќе видиме понатаму какви ќе бидат состојбите со Буџетот, па и понатаму може да имаме пријатни изненадувања за пензионерите, за работниците итн, итн. Така што очекувам најскоро од кога ќе почне да функционира парламентот да помине овој Закон и веќе септемвриската пензија да легне на сметката на пензионерите, зголемена за 2.500 денари“, рече премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6293

Мицкоски од Македонска Каменица: Доста беа порази, во периодот кој што следи не очекува многу работа и победи

„Добар ден, благодарам на еве што овдека денеска со нас, благодарам на честаДозволете ми најпрво да го честитам овој голем христијански православен празник, голем ден за православните христијани, а тоа е Успение на Пресвета Богородица, да посакам хармонија, здравје, многу љубов, разбирање за сите наши сограѓани без разлика од нивната вероисповед.Овој е ден кога православните христијани се меѓу своите најблиски во кругот на своето семејство и тоа е момент кога можеме да си кажеме она коешто сме го пропуштиле да си кажеме во изминатиот период, истовремено сакам и на рударите коишто се во рударските окна да им го честитам денот бидејќи ова е и нивен ден.Денот го започнавме во Пробиштип го продолжуваме овдека во Македонска Каменица, традиционално продолжуваме во Берово, така што навистина очекувам денеска да имаме убав ден полн со позитивна енергија и убави мисли.Од овде од Македонска Каменица сакам да испратам една порака, а тоа е дека периодот којшто следи ќе имаме многу предизвици, во периодот којшто следи ќе работиме многу, ќе се бориме и на крај ќе победиме. Македонија ќе победи, граѓаните ќе победат. Доста беа порази 7 години. Конечно почнавме и ќе продолжиме да победуваме колку и да сакаат оние ретроградни сили коишто изминативе 7 години ја влечеа државата назад, но да ја оставиме политиката на овој голем ден, да се фокусираме на духовното и во таа насока уште еднашка дозволете ми да им посакам на сите наши сограѓани мир, хармонија и здравје во нивните домови.“

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања