Мицкоски: Реформската агенда за периодот 2024-2027 година е резултат на нашите посветени напори да го унапредиме економскиот раст и стабилноста на државата
„Владата е целосно посветена на реализација на нашата стратешка цел за интеграција во Европската Унија.Во овој процес, не само што ја гледаме иднината на нашата држава како полноправна членка на Унијата, туку и како модерна, економски стабилна и просперитетна држава која ги исполнува највисоките европски стандарди.Нашата визија за модерна и Македонија е повторно твоја, е заснована на принципите на инклузивност, владеење на правото и економски развој, што ќе ни овозможи да бидеме рамноправен партнер во европското семејство.Денес ви ја претставуваме Нацрт-Реформската агенда за периодот 2024-2027 година која е резултат на нашите посветени напори да го унапредиме економскиот раст и стабилност на нашата земја во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан.Овој план, инициран од Европската комисија има за цел да ги намали економските диспаритети на државата и Европската Унија, нудејќи им на граѓаните пристап до придобивките од Унијата уште пред официјалното членство.Нашата Реформска агенда се темели на четири основни столбови:• Зајакнување на економската интеграција со единствениот пазар на Европската Унија - Овој процес ќе го зголеми нашиот пристап до пазарите, ќе ја подобри трговијата и ќе ја поттикне регионалната стабилност.• Продлабочување на регионалната економска интеграција - Преку зголемена соработка со нашите соседи во рамки на Заедничкиот регионален пазар, ќе создадеме посилна и поотпорна економија.• Забрзување на фундаменталните реформи - Овие реформи се клучни за нашето усогласување со законодавството и стандардите на Европската Унија, овозможувајќи брз економски развој и значителни придобивки за сите наши граѓани.• Зголемување на финансиската помош за реформите - Со финансиски пакет од 6 милијарди евра, од кои 2 милијарди се грантови, економијата ќе добие значителна поддршка за спроведување на реформите и постигнување на нашите цели.Според формулата, за нас треба да припаднат 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027. Реформската агенда за периодот 2024-2027 треба да биде усвоена од Европската комисија, со што ќе се отвори можноста за потпишување на Договор за механизмот за реформи и раст и Договор за заем. По ратификацијата на договорите, пак, ќе биде поднесено барање за повлекување на првата транша во висина од 7% од алокација на средствата, односно околу 52,5 милиони евра.Реформската агенда е подготвена во тесна соработка со Европската комисија и ќе опфати приоритетни области како што се реформите на јавната администрација, енергетската транзиција, сајбер безбедноста, дигитализацијата, развојот на човечкиот капитал и подобрување на деловното опкружување.Овие приоритети се клучни за подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и за обезбедување на долгорочна стабилност и напредок.Наша одговорност е да осигураме дека сите мерки и чекори предвидени во Реформската агенда ќе бидат успешно спроведени и дека ние ќе ја искористиме оваа историска можност за забрзан економски развој и интеграција во рамките на Европската Унија.Секој чекор што го преземаме, секоја реформа што ја спроведуваме е во насока на натамошно имплементирање на европските стандарди.Оваа Влада нема да застане пред ниту еден предизвик.Ќе продолжиме да работиме со целосна посветеност и решителност за подобра иднина на нашите граѓани, затоа што знаеме дека нашата иднина е во Европа.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Македонија | пред 1 година