МИЦКОСКИ

21082024-Mickoski-1

Новинарот Салиу пријави кај Мицкоски дека не е безбеден, премиерот му најави дека ќе го викнат во станица да достави докази

Фејсбук статусот на Петар Богојески во кои Албанците ги нарекува „шиптари“, за премиерот Христијан Мицкоски е непримерен. Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кажа дека граѓаните треба да се чувствуваат безбедно, но новинарот Фуркан Салиу кажа дека неговото чувство не е така, особено откако ги прочитал коментарите под објавата.„Јас не сум прочитал таков тип на статуси. Но и да има, тоа се статуси кои се непримерни. Јас се чувствувам безбедно, граѓаните се безбедни. Пријавете во институциите“, рече Мицкоски, на што новинарот Фуркан Салиу посочи: „Пријавувам кај премиерот“.На ова Мицкоски одговори: „Еве јас ќе му пријавам на министерот за внатрешни работи, за да му дадете докази, и ќе го замолам, одговорните лица да ве повикаат на информативен разговор. Врз основа на тие докази, да можат институциите да постапуваат. Заврши време на шерифи, кога белобради момци купуваат трговци, дојде време кога правдата е за сите – и за мене и за вас. И ве охрабрувам секојпат кога ќе се чувствувате небезбеден да пријавувате“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_2106ll

Ќе и ги изгласаме програмите и нема да се смени ништо - Арсовска е единица мерка на личност која создава непријатели, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да ги замоли Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје да ги изгласаат програмите кои Данела Арсовска ги бара, но тврди дека состојбата во Скопје ќе остане иста.„За Арсовска премногу се кажа периодов. Би кажал дека е единица мерка на личност која создава непријатели, наместо пријатели. Тоа не е добро, доколку и значи мојот совет“, рече Мицкоски.Тој додаде дека ќе ги замоли советниците да ги изгласаат до програмите, но не е до нив.„Тие програми кои не и се гласаат, да и ги изгласаме, но да видите дека нема ништо да и се смени. Да не биде тоа повторно причина дека ВМРО-ДПМНЕ кочи“, додаде Мицкоски.

Скопје | пред 1 година

15082024_MICKOSKI

Мицкоски: Останувам на ставот дека се потребни реформи во судството, до сега нема некој конкретен предлог од стручната фела и експертите

„Сѐ уште останувам на ставот дека се потребни реформи во судството, во нашиот правосуден систем и тоа на сите анкети на јавното мислење е прва тема, дека е потребно да имаме реформи, бидејќи довербата е катастрофална, катаклизмична. Да ние имаме програма и да во нашата програма стои дека треба да биде распуштен Судскиот совет ваков каков што е, партизиран, но и Советот за јавни обвинители бидејќи гледате веќе таму што се случува, бидејќи луѓе што се од дел од таа институција полека но сигурно имаат признанија за сторени кривични дела итн.“, кажа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета и додаде:„Но, бидејќи се отвори дебатата во јавноста ние сме подготвени како транспарентна Влада, Влада која што сака да се грижи за иднината, а не за минатото да ги сослушаме сите и ако е потребно да направиме еден мозаик од сето тоа, да направиме јасен гантограм на активности, чекори, реформи кои што ќе ја зголемат довербата во правосудниот систем, бидејќи ако немам правна државата, тоа го кажав и вчера на прес конференцијата, како што многумина политичари во светот, светски, многу поискусни од мене велат ние имаме безбедносна закана кон државата, а ние како Влада не смееме да дозволиме да немаме правна држава, да имаме криминални политичари, криминалци, корупција итн. Тоа е безбедносна закана и како таква мораме да одговориме соодветно и така и ќе одговараме соодветно на тоа, односно ќе правиме реформи за да ја поразиме оваа безбедносна закана.“Премиерот Мицкоски објасни дека безбедносна закана кон една држава не се прави само со оружје во рака, туку се прави и со тешки криминални дела.„Не значи безбедносна закана ако некој земе оружје во рака и дека го загрозува територијалниот интегритет и суверенитет, тоа е еден начин, но доколку имаме и пандемија состојба како што беше во минатото со криминалот и корупцијата, ако имаме криминализирани поединци во правосудството, не велам сите, поединци тоа е исто како и да имате вие во буре со најубавата, најбистрата вода и земете неколку лажици фекалија да ставите тогаш за бадијала ви е, ако имате вие мнозинство луѓето од таму што се прекрасни, перфектни кога неколкумина злоупотребуваат и го рушат угледот и дигнитетот на сите луѓе во фелата“, истакна премиерот.Претседателот на Владата посочи дека консултациите ќе продолжат додека не се најде најдоброто решение за да се врати довербата во правосудниот систем кај граѓаните.„Така што сега за сега јас навистина покреативна и поконстрантна политика од онаа која што ја имаме не сум слушнал од сите оние кои што сме ги сретнале. Уште ќе продолжиме со консултации рековме до крајот на август ако е потребно и понатаму, мораме да дојдеме до формула до која што граѓаните ќе веруваат дека правдата важи за сите“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-15

Мицкоски: 2.000 вработени во Национални шуми ќе ги добијат своите заостанати плати

„Од тие информации со кои што располагаме е дека четири месеци таму плата не е поделена. Со ребалансот на Буџетот се обезбедија средства да биде поделена плата. Во текот на вчерашната седницата на Владата средствата од сметката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа префрлени на сметката на Национални шуми и во текот на денешниот ден, заедно со сопствените средства од производство на компанијата како што бев информиран од новиот директор проф. Здравко Трајанов, добив информација дека целосно ќе бидат сите заостанати плати, но и дел од побарувањата кон коминтентите“, одговори премиерот Мицкоски на новинарско прашање.Претседателот на Владата Мицкоски истакна дека на следната редовна владина седница ќе бидат распределени средства за да се исплатат и платите на вработените од А.Д. Водостопанство.„Така што направивме навистина еден голем исчекор повеќе од 350 милиони денари ќе бидат исплатени, 250 милиони од ребалансот и останатото од сопственото производство. Истото ќе се случи и со вработените во А.Д. Водостопанство веќе после следната седница на Владата, редовната е следниот вторник на 27 август“, истакна премиерот.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-1

Пајазити има многу пресуди кои што се дискутабилни, оставам на Судскиот совет да одлучи за неговата кариера, вели Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за улогата на Блерим Рамадани во Македонија и дали судијата Пајазити треба да одговора, рече дека тој е омилен судија на СДСМ и ДУИ.„Па тој е омилен судија на СДСМ и ДУИ и тој се има покажано со своите одлуки во минатото. Пајазит Пајазити е судија кој што во минатото има направено многу ваков тип на пресуди кои што се дискутабилни. И јас еве оставам на Судскиот совет да одлучи што понатаму со судската кариера на судијата Пајазит Пајазити“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski18072024

Мицкоски: Во Неготино започна изградбата на нов градски пазар, инвестиција вредна над 24 милиони денари

,,Денеска е убав ден овде во Неготино почнува изградбата на градскиот пазар, едно преубаво издание, инвестиција вредна повеќе од 24 милиони денари пари кои што се финансирани од буџетот на општина Неготино.Набрзо од денеска преку Министерството за локална самоуправа ќе објавиме повик до општините, да поднесат проекти кои што ќе бидат финансирани од централниот буџет.Тоа што го добив како информација од градоначалникот веќе имаме некои такви проекти кои што се во фаза на одобрение за градба, значи веднаш може да се отпочне со процес на тендерирање и процес на реализација на тие проекти. И тоа е добро.Добро е кога се гради, добро е да си ја развиваме државата затоа што тоа го очекуваат граѓаните од нас, тоа го ветувавме, за тоа и се залагавме дека ние чуда не можеме да ветуваме, ниту да се обврземе, чуда се невозможни ,тие кои ветуваа чуда се лажговци.Ние ветувавме многу работа, чесна работа, посветена работа, напорна работа и тоа го правиме во овие први 50тина дена од оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, така и ќе продолжиме понатаму.Важно е дека полека но сигурно надежта се враќа, оптимизмот се враќа и тоа е она кое што е наша задача и наша цел како Влада.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-1

„Најдобро е да не се гледаме“, вели Мицкоски по средбата со Дамева од Судски, додавајќи дека тие барале да се сретнат

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да дозволи да се прават реформи во правосудството каде што судиите кои ги бирале Бихачќа и Речица, сега да ги бира оваа Влада. Тој посочува дека тие не сакаат да влијаат на било кој сегмент од бирањето на судии, па спремен е да се обезбеди автономен буџет, каде независно тело ќе ја прави контролата како тој се троши.„Им кажав на двете госпоѓи дека можеби емитуваат убава енергија. Но, тоа што политичари и судии се гледаат, испраќа друга порака. Не треба да се гледаме. Најдобро е да не се отвора дискусија“, рече Мицкоски.Тој кажа дека се што е во негова моќ ќе направи за да има правда, бидејќи ниската доверба во правосудните органи е безбедносна закана.„Довербата која граѓаните ја имаат е катастрофална ниска. Ако немате обвинители и судии кои обвинуваат по закон и Устав тогаш ќе немате ниту економска безбедност, ќе немате ни економска активност, а кога нема тоа, тогаш буџетот ќе нема приходи кои се потребни за развој. Тоа е суштината на системот. Ние се ќе направиме за да ја донесеме правдата. Нема граѓани од прв и втор ред. Тоа беше средба на нивно барање“, објасни Мицкоски.Тој кажа дека Владата стои зад своите ставови, но ако има подобри предлози, ќе ги применат.Според него, несериозно е да се каже како ќе се стигне до реформи по 40 минути. Сепак, посочи дека предлозите на Дамева ќе бидат разгледани.„Тоа беше повеќе нарација... Како би требало да функционира сето ова во најдобра околина, ќе треба денови и денови да се разговара и да се создаде концепт кој ќе биде идеален“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

c37b07c0-f540-4074-b8dc-97e013c28f16

Вртикапа: На Данела, не ѝ чинеше Мицкоски - па сега и е посакуван соговорник

Со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, седна во престижната градоначалничка фотелја во Скопје. Од голема љубов и фалби, многу бргу пукна тиквата. Иницијална каписла беше проектот за изградба на пречистителната станица, тежок 160 милиони евра. Проектот не виде бел ден, но на површина изби нервозата и обвинувањата.Данела Арсовска од говорницата обвинуваше дека ги фатила „неговите директорчиња со рачињата во мед“, го повикуваше Мицкоски да не се крие, го нарекуваше шпицен градоначалник кој нема да излезе од тендер матрицата.Невидено до сега „успеа” во само во едно нешто и тоа многу, смени сѐ што можеше и не можеше од четириесетина директори до општински секретари.Арсовска ветуваше дека ќе се реализира целата програма „За модерно Скопје“ и истовремено жестоко се караше со нејзините соработници. Сметаше дека не ѝ треба ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски... Но!Сега, кога се испокара и со последните соработници, меѓу кои беше Драган Митковски-Книга, реши да бара спас кај истиот Мицкоски кој го прогласи за нејзин главен непријател.Данела го повикува Христијан Мицкоски, замислете, на средба. Преку статус на социјалните мрежи, Арсовска вели раководството на Град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со премиерот.„Го повикуваме премиерот Мицкоски да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот. Теми кои градот Скопје ќе ги предложи, а за кои сметаме дека треба да се изнајде решение е надминување на активната блокада во Советот од страна на советниците од владејачкото мнозинство, блокадата на претпријатијата од страна на Управните одбори и изгласувањето на програмите за работа на Јавните претпријатија. Воедно очекуваме и потврда за предлогот за формирање на заедничко работно тело помеѓу Владата и градот Скопје. Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата, во корист на граѓаните на градот Скопје“, пишува Арсовска.На овој лупинг и вртење, Мицковски одговори дека е подготвен за секое решение за проблемите во главниот град, но доколку нема прогрес, рече, „тогаш ќе мора да одиме радикално и инвазивно“.Прашан за коментар во врска со вчерашниот предлог од Град Скопје кој понуди да учествува и формира посебно работно и координативно тело со Владата за решавање на проблемите во Скопје, Мицкоски одговори дека прифаќа сѐ што е во интерес на скопјани. Затоа што, како што рече, „градот мора да функционира нормално“.Колку ова ќе се реализира и колку понудата на Арсовска е искрена скопјани ќе видат скоро. А заслужуваат да живеат во чист, уреден и изграден град.Веќе е познато дека Данела Арсовска смени 40-на директори. Ова го отвора прашањето дали воопшто градоначалничката може да се договори со било кого, или дали може некој да се договори со неа.

Скопје | пред 1 година

mickoski-arsovska

„Ако нема прогрес, мораме да одиме радикално“, ѝ најави Мицкоски на Арсовска

Премиерот Христијан Мицкоски е спремен за разговори, договори, преговори - но само Град Скопје да не биде руина. Ова го соопшти пред новинарите и посочи дека ако и ова не успее, ако и тоа координативно тело кое го бара градоначалничката Данела Арсовска не вроди со плод, ќе се оди радикално.„Сите гледате што се случува. Се давиме во смет, дупки во улиците, расипани автобуси. Да лоша е состојбата, никој нема поинаква е состојбата. Граѓаните ни велат дека ве биравме да ја решавате работава. Се што е потребно ќе направам, ќе се сретнам ќе формираме. Не може вака, фунцкионираме во ненормални услови, услови кои не личат на главен град“, рече Мицкоски.Тој додаде: „За секое решение сум подготвен, доколку нема прогрес, мораме да одиме радикално. Да се изразам во докторски речник, да не влегуваме инвазивно во приказната, па и во здравото да влеземе. Да пробаме да го санираме тоа што може со разговор, ако нема прогрес одиме не инвазивно“

Македонија | пред 1 година

Mickoski11072024

Мицкоски: Имаме рекордно највисока откупна цена за вранец и смедеревка во однос на минатата година

„Можам да кажам дека навистина лозарите и луѓето кои што се занимаваат со оваа работа се задоволни од ова што можам да го добијам како информација од терен, секако може секогаш подобро. Но откупната цена за вранецот, откупната цена за смедеревката 19, 20 денари, 22, 23 денари е цена што е рекордна, историска, 25 проценти повисока од минатогодишната“, објасни претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа како се одвива процесот годинава, бидејќи во тек е откупот на грозјето.Премиерот ги охрабри винарските визби, производителите на вино, како и оние коишто го откупуваат грозјето уште повеќе, ако можат и дозволуваат нивните бизнис планови, да ја зголемат цената, бидејќи вообичаен род е некаде меѓу 100 до 120 милиони килограми.„И јас би ги охрабрил винарските визби производителите на вино коишто го откупуваат грозјето уште повеќе ако може ако дозволуваат нивните бизнис планови да ја зголемат цената бидејќи знаете вообичаен род е некаде меѓу 100 до 120 милиони килограми. Оваа година поради временските предизвици негде меѓу 65 до 70 милиони килограми. Секако нема доволно род на пазарот, така што ги охрабрувам уште повеќе да ги стимулираме земјоделците, лозарите да се вратат на нивите и повторно би рекол да ги возобновиме лозовите насади и повторно да можеме да произведуваме од 100 до 120 милиони килограми во текот на годината“ рече премиерот.

Македонија | пред 1 година

IMG_5204

Мицкоски: Ако има корумпирани судии во Врховниот суд тогаш можете да замислете како е во другите

„Што се однесува до лицето Блерим Рамадани можам да го кажам следново: ова не е прв случај, првиот случај се случил во 2016 година, а вториот случај во 2019 година. Ова е трет случај за кој што јас сум запознаен. Ме прашавте дали имам информација каде е? Знам каде е, а каде не е, не е во домашен притвор. Е сега прашањето е зошто е одлучено да биде во домашен притвор? Затоа што одлуката во 2019 година на Врховниот суд е многу јасна. Кога тогашното лице кое што било во екстрадициски притвор е ослободено. Повторувам, е ослободено. Зошто овој судија кој што во минатото е познат по многу контроверзни судски одлуки меѓу кои и онаа за насилниците и тепачите од „М-НАВ“ носи одлука која што го суспендира судското, како тоа е наречено, судската пракса и ја над синхронизира одлуката на повисок суд, а тоа е Врховниот суд. Тоа е прашање кое што треба многу озбилно да се разгледува“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање и додаде:„Зошто ова прерасна во политичка тема е исто така прашање кое што треба да се разгледува и многу озбилно да се анализира и уште една потврда дека правосудниот систем во Македонија не за бадијала ужива 2 проценти доверба кај граѓаните. И се додека вакви судии се дел од правосудниот систем ние не можеме да имаме правна држава, а ако немаме правна држава, нема да имаме силна економија, ако немаме силна економија ќе нема пари во Буџетот за вакви проекти. Ова не требаше да биде тема“, изјави премиерот.Премиерот Мицкоски упати и апел до сите граѓани да не дозволиме нашите соседи да ја користат нашата држава како прокси во покажување меѓусебни мускули.„Јасна е судската пракса. Дали нас ни се допаѓа или не тоа е друга тема. Но Врховниот суд во 2019 година има донесено одлука со која што тогашното лице кое што е заробено како резултат на меѓународна потерница од Србија во екстрадиционен притвор е ослободено. Зошто овој судија прави ваква судска гимнастика и инженеринг тоа е веќе друга анализа јас нема да ја коментирам. Има институција која сѐ уште е важечка се вика Судски Совет , а за кој знаете со какви контроверзии беше пропратен изминативе години, нека се занимаваат тие. Јас сум политичар иако сум и научен работник, професор на универзитетот, но сега сум политичар и немам право да коментирам судски одлуки. Ве молам да не дозволиме, повторно апелирам, нашите соседи да покажуваат мускули кај нас. Инаку јас пред никого не поднесувам објаснување. Можеби еден ден пред еден кој што никој не го гледа“ објасни тој.Во однос на прашањето дали постои задоволство од казните за спогодба на Иџет Мехмети и Наќе Георгиев. Премиерот Мискоски изрази задоволство што тогаш во техничката Влада, Министерството за внатрешни работи спроведе перфектна акција кога за првпат на дело покажаа дека имаме корумпирани судии во највисокото тело, тоа е Врховниот суд.„И ако вие имате корумпирани судии коишто се во највисокото тело, а тоа е Врховниот суд, тогаш можете да си замислите што се случува надоле. Понатаму, во истрагата се потврди дека не бил сам врховниот судија туку и лицето за кое исто така постои спогодба со обвинителството а тоа е Иџет Мехмети, ако не се лажам како претседател на Советот на јавни обвинители, ако не се лажам. Така што тука е јасна спрегата меѓу судско-обвинителскиот систем кај нас и затоа довербата ни е 2 проценти. Затоа што едни тефтерчиња од едно минато се заменија од други тефтерчиња само овие се од Струмица, Бихаќка и од Речица. И се додека имаме тефтерчиња и се додека не се распуштат овие луѓе нема да имаме правна држава. Ќе повторам, ако нема правна држава нема пари во Буџетот, ако нема пари во Буџет нема вакви проекти“ дециден е премиерот.

Македонија | пред 1 година

mickoski

Мицкоски: Како Влада остануваме фокусирани на подобрување на здравствениот систем и здравствената заштита и услуги на пациентите

,,На покана на министерот, на покана на директорот овде во Дигестивната клиника сведочиме на навистина едно импозантно дело коешто можеби за државното јавно здравство и не е вообичаено, но како што кажа и министерот многу конкурентно и условите се би рекол подобри доколку се споредат со некои од приватните клиники.Во периодот којшто следи ќе има уште многу вакви убави работи за македонското здравство.Мандатот го започнавме со една посета на клиничката болница во Штип каде што кажавме дека продолжува проектот за завршување на клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, едни два споменика условно кажано од едно време во минатото кој што оваа Влада има амбиција да го заврши и доколку тоа ќе биде успешно тогаш очекуваме таква една реплика да се направи на еден голем клинички центар коишто долго се ветува, но никако да се случи.Така што како Влада остануваме фокусирани на ваков тип на проекти, полека но сигурно почнуваме да го планираме Буџетот за следната година, здравството и услугите коишто ги нуди јавното здравство, државно здравство се наш приоритет и така ќе продолжиме и во иднина да се однесуваме.Времето на кланови, времето на семејни бизниси во здравството кои што го црпеа пациентот и македонското здравство завршува, набргу денеска ќе има одговорност за сето она што е направено во минатото и не им е тоа доволно ги гледаме како истите тие со баслосовни каматни стапки ги оптоваруваат клиниките и болниците и мислат дека на тој начин ќе профитираат на грбот на пациентите, тоа нема да се случи, јас ви ветувам.Уште еднашка честитам и на министерот и на директорот, посакувам уште многу вакви проекти во иднина да ни се случуваат бидејќи нашите пациенти тоа го заслужуваат.", изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

15082024_MICKOSKI

Мицкоски: Позитивната листа на лекови ќе биде проширена со осум нови лекови, набавките нема да се преку привилегирани семејни веледрогерии

„Првото прашање поврзано со позитивната листа на лекови коишто Фондот за здравствено осигурување ја објавува можам да кажам со задоволство дека бев информиран од страна на директорот дека таа ќе биде проширена со осум нови лекови, коишто досега не беа на пазарот и со која ќе им се заштеди на осигурениците до два милиона евра.Лекови коишто тие ги плаќаа, ценам дека ова е после долго време освежување на онаа листа по насока на додадена вредност на здравствените осигуреници“, објасни претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе има надополнување на позитивната листа на лекови.Премиерот Мицкоски очекува дека во иднина уште повеќе ќе се проширува позитивната листа на лекови и дека истите нема да се набавуваат преку привилегирани семејни веледрогерии.„Ја поздравувам, честитам и очекувам и во иднина уште повеќе да се проширува, со што ќе се стави фокус на објективноста, а не на привилегирани семејни веледрогерии коишто изминативе децении го исцицаа здравствениот систем и практично го доведоа здравствениот систем ваков како што е триплирани вредности на медицински апарати, лекови итн. И сега сакаат огромни суми на камати на грбот на граѓаните да спечалат па блокираат здравствени установи итн.“, изјави премиерот.Владата како што рече премиерот нема друг интерес освен интересот на граѓаните и пациентите.„Сѐ ќе испитаме, сѐ ќе истражиме но, ја поздравувам одлуката на директорот на Фондот, само така треба да се продолжи да се работи за еден интерес е тоа, интересот на граѓаните и пациентите, немаме друг интерес.“, подвлече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

13082024-Mickoski-ZELS-10

Претседателот на Владата Мицкоски потпиша меморандум за соработка и разбирање со ЗЕЛС

Денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски потпиша меморандум за соработка и разбирање со ЗЕЛС (Здружение на општини Заедница на едниците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија). Овој меморандум за соработка се склучува како израз на соработка, претставува дефиниција на формите и начините на идната соработка, ги утврдува приоритетите и идните проекции на развојот на системот на локалната самоуправа во Републиката.Владата и ЗЕЛС заеднички декларираат дека се согласни да спроведат поголем обем на децентрализација на власта како политички процес кој правно ќе заврши со пренесување на голем опфат на надлежности од државните органи на управата во надлежност на единиците на локалната самоуправа. Заради остварување на целите на соработката, двете страни се согласни да изготвуваат годишна програма на приоритетни активности кои ќе бидат цел за реализација во тековната година.Реализацијата на целите и заложбите утврдени со овој меморандум ќе се спроведува преку формирање на работни тела или мешовити Комисии во кои покрај избрани претставници и функционери учество ќе земат и претставници од стручната администрација и надворешни експерти.Двете страни ќе го применат моделот на анализа и имплементирање на меѓународни позитивни пракси на докажано успешно функционирање на системот на локална самоуправа во дадената област. Двете страни се согласни дека процесот на децентрализација треба да биде приоритетно проследен со обезбедување на зголемен обем на директни дотации и изворни приходи на секоја единица на локалната самоуправа. Моделот на обезбедување на финансиски средства како приход за општините преку утврдениот процент од прибраните средства по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) и персоналниот данок на доход ќе биде предмет на взаемно усогласување во постојан нагорен тренд на утврдениот процент наменет за локалната самоуправа. Двете страни се согласуваат дека секоја година треба да се организираат буџетски преговори, помеѓу ЗЕЛС и министерство за финансии, каде ќе се усогласат ставовите, потребите и можностите на централната и локалната власт.Двете страни се согласни дека средствата наменети за капитални инвестиции треба да бидат изворни трансфери на средства со соодветна намена. И Владата и ЗЕЛС се согласни дека нити еден од прописите од областа на урбанистичкото планирање, градење или градежното земјиште нема да биде изменет и дополнет или изготвување на нов текст на предлог – закон или друг пропис без претходна консултација со ЗЕЛС.Двете страни го афирмираат ставот дека донесувањето на урбанистички планови и урбанистичко – планска документација е услов за остварување на проектираниот развој, заради што двете страни ќе го стават ова прашање како највисок приоритет. И Владата и ЗЕЛС се согласни да воспостават пракса на одржување на заеднички седници на Владата и Управниот одбор на ЗЕЛС на која ќе се изврши консултација за прогресот, тековните приоритетни прашања и анализа на проблемите со кои се соочуваат општините во Републиката.

Македонија | пред 1 година

13082024-12

Мицкоски: Единствен начин да се стави крај на овој дуопол е да се промовира трет мобилен оператор, мораме да го заштитиме стандардот на граѓаните и услугите коишто ги добиваат

„Тоа е актуелно деновиве во јавноста и знаеме дека таа битка ќе биде многу жестока бидејќи дуо полот кој што во моментот е на пазарот кај нас грчевито ќе се обиде да ја задржи оваа ситуација на дуопол и тоа ни е јасно. Но наш интерес е стандардот на граѓаните и свесни сме дека услугите кои што ги плаќаат граѓаните како резултат на овој дуопол кој што функционира можеби се едни од највисоките во регионот па и во Европа.Единствен начин да се стави крај на овој дуопол е да се промовира трет мобилен оператор. Па ќе се измислуваат преку разно разни приказни таа компанија била во соработка со кинески или не знам какви компании. Нашиот став како Влада е јасен. Мора да го заштитиме стандардот на граѓаните не можеме да дозволиме граѓаните да бидат жртва на овој дуопол којшто денеска функционира“, објасни претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа која е причината за барањето на трет мобилен оператор.Премиерот Мицкоски нагласи дека е јасен ставот на Владата, која било компанија што ќе има интерес да стане трет мобилен оператор и дел од пазарот, потребно е да ги исполнува условите и критериумите во согласност со определбите од државата. Потенцираше и дека мора да се заштити стандардот на граѓаните и да се има предвид услугите коишто ги добиваат.„Истовремено е јасен нашиот став дека било која компанија да сака да биде дел од пазарот да биде трет мобилен оператор мора да ги исполни условите и критериумите во согласност со определбите од државата, во согласност со стратешката ориентација и од тие земји да биде потеклото на опремата којашто евентуално би била вградена доколку се случи да имаме трета компанија којашто е заинтересирана. Сега е само на интерес и информација, немаме никаков конкретен чекор доколку има некаков конкретен чекор јавноста ќе биде благовремено информирана. Но мораме да го почнеме овој процес за да го заштитиме граѓанинот од овој дуопол којшто во моментот, настрана што е целосно партизиран и опструиран во раководството од страна на некои минати влади коишто во минатите седум години жестоко влијаеа во кадровската политика кај овој дуопол.Истовремено ние мораме да работиме на тоа да го заштитиме стандардот на граѓаните и услугите коишто ги добиваат и нема да се откажеме како Влада ниту јас како претседател на Влада од тоа да го заштитам стандардот на граѓаните и да добиваат вистинска услуга онаква каква што заслужуваат во 21 век“, дециден е премиерот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања