МИЦКОСКИ

13082024-2

Мицкоски: Не сум се откажал, нити ќе се откажам се додека правосудството кај граѓаните ужива доверба од 2 проценти, се ќе направам

„Не сум се откажал, нити ќе се откажам се додека правосудството кај граѓаните ужива доверба од 2 проценти, се ќе направам, буквално се ќе направам што е во моја моќ да тие 2 проценти бидат барем во една година 12. Се ќе направам. Но тоа што е наш одговор во тој документ којшто вие го кажувате е одговор врз основа на важечките закони и Устав. Ние како Влада не можеме да излеземе надвор од важечкото законодавство и Устав“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Премиерот Мицкоски апелираше до експертската јавност да достават предлог за да се врати довербата на граѓаните во правосудството.„Дали сум се откажал? Ако добиеме подобар предлог за којшто, апелирам, молам еве ја користам оваа прилика, сите тие што беа против и од ЕУ и од експертската јавност, еве ве молам доставете, поминаа месеци ако не доставите тогаш доаѓаме до заклучокот дека вие намерно штитите институции коишто не се способни да обезбедат поддршка кај граѓаните поголема од 2 проценти, институции коишто не гарантираат владеење на правото, бидејќи 2 проценти кај граѓаните не е владеење на правото и институции коишто му служат некому, а не граѓаните. Како премиер, како претседател на Владата којшто добил, излегувајќи напред на чело на коалицијата, 450.000 граѓани на избори на оваа програма, ако не добијам подобар предлог не ми преостанува ништо друго освен тоа да тој предлог што погласно го промовирам и да ја вратиме довербата кај граѓаните“, подвлече премиерот.Претседателот на Владата Мицкоски објасни дека доколку нема доверба во правосудството нема да има странски инвестиции, што ќе има големо влијание врз Буџетот на државата и животниот стандард на граѓаните.„Основа на функционирање на оваа Влада е владеење на правото, тоа значи судии и обвинители коишто судат и обвинуваат согласно Закон и Устав, а не согласно партиски нарачки, од партиски штабови или други центри на моќ. Судии и обвинители коишто ќе гарантираат владеење на право и доверба кај граѓаните. Зашто? Затоа што ако немаме правна држава, нема да имаме ниту инвестиции, никој нема да сака да инвестира, ако немаме инвестиции ќе немаме пари во Буџетот, ако немаме пари во Буџет, многу едноставно, ќе нема пари ниту за реформи во образованието, ниту за реформи во здравството, ниту за повисоки плати, ниту за субвенции, ниту за оброк за младите, ниту за стипендии, ниту за нови студентски домови, ниту за медиумите, ниту за никого“, рече премиерот.„Нема да штитам никого, немам концесија кон никого, треба тоа да го разберат сите и не се откажувам од ништо, само во случај ако добиеме подобар предлог“, соопшти премиерот и додаде:„Ги повикувам нека не се кријат, позади комфорот на позициите коишто ги имаат, без разлика од каде доаѓаат, без разлика дали се претставници на меѓународна заедница, дали се домашни експерти. Дојдете подготвен сум да разговарам со сите вас, дајте предлог вака не иде, 2 проценти доверба кај граѓаните. А тезата еве му ја свиткаа раката на Мицкоски па сега попушти е глупава теза. Ми ја виткаат раката 6 години, не сме имале ваков капацитет, таков капацитет па гледате дека се што кажаа ништо не излезе така. Доста од политиканство, народот од нас очекува дејства, да го направиме животот подобар, да правиме вакви објекти, да нема деца на листа на чекање, да има подобар стандард, да живеат подобро тоа го очекуваат. Сега дали ми ја свиткале, не ми ја свиткале, никој не може да ми ја свитка раката, голем сум фала му на Бога.“

Македонија | пред 1 година

13082024_AERODROM-1

Мицкоски од Аеродром: Наша задача како Влада е повеќе да нема листа на чекање за упис на дечињата во детските градинки, тоа што го ветивме го реализираме

„Добар ден и од мене. Денеска заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со членовите на владата на Муцунски, Лимани, граѓаните на Општина Аеродром, советниците, пратениците, луѓето коишто од минатото, пратениците сега сме на едно место, на коешто набргу од денеска, според информациите што ги добив, максимум за една година од денеска, ќе може дечињата да го поминуваат оној дел од својот живот, од таа предшколска возраст, каде што ќе можат да научат многу работи кои потоа ќе им бидат потребни во животот за совладување со животните предизвици.Како што кажа и градоначалникот, наша заедничка задача и цел е да многу скоро од денеска да нема повеќе листи за чекање, за упис во градинките во Општина Аеродром. Ова не е само задача на општината, туку и на владата, на политичките партии, и на коалицијата. Ветивме уште за време на кампањата дека секое дете заслужува свое место во градинките, доколку родителите одлучат да го запишат, и да нема повеќе листи на чекање, привилегии, итн.Се бориме за подобра демографија, се бориме младите да ги задржиме тука, да немаме емиграција, да немаме иселување, и мораме како Влада, заедно со општините, заедно со ресорното министерство, со Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и со останатите колеги во владата, да работиме на тоа да ги обезбедиме сите потребни услови, за младите брачни парови да останат тука, и со самото тоа, и дечињата да растат тука, да другаруваат, што за нас претставува особена важност.Како политика, ова е приоритет на новата Влада. Проектот сам по себе, со 2 милиони евра, можеби не значи многу како инвестиција, но функцијата на новиот проект значи многу. Бидете уверени, ќе се намалат листите за чекање за упис во градинките. Како што има уште многу вакви проекти, така ќе има уште многу функционални проекти кои ќе значат подобар живот за граѓаните насекаде во Македонија, па и овде.Ова беше наша цел, ова беше наша програма и така ќе продолжиме и во иднина да се однесуваме. Нека е со среќа, ова е почетокот на изградбата на овој објект, па за година дена од денеска, заедно да присуствуваме и на отворањето и приемот на првите дечиња коишто овде ќе го минуваат делот од своето детство.“ , вели Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

13082024-4

Мицкоски: Тоа што сме различни по етничката или верска припадност нѐ не прави различни по потребите и приоритетите

Ќе ми дозволите сега јас кратко да се обратам и да кажам неколку работи којшто мислам дека е многу важно да ги потенцираме за иднината но исто така ова се исклучително важни моменти кога после дена дистанца од 23 години од склучувањето на Рамковниот договор можеме да ги погледнеме работите со доза на објективност и да зборуваме за аспектите и придонесот на овој договор, но и предизвиците кои стојат пред нас.Треба да се биде реален и да се каже дека донесувањето на овој договор во тоа време никоја од страните потписнички не ги направи до крај среќни и задоволни, но сепак Рамковниот договор го донесе тоа што во тој момент беше најпотребно и најбарано, а тоа е мирот. Од овој аспект мора да се разбере дека ова е заедничка татковина за сите, и дека заедничкиот патриотизам единствено значи градење на живот под еден ист кров, на права но и обврски и борба за подобар живот под исто небо. Тоа што сме различни по етничката можеби и по верска припадност нѐ не прави различни по потребите и приоритетите, а главна потреба на сите нас е подобриот живот. Имаме исти заеднички проблеми и затоа треба заеднички да нудиме решенија и да ги и да ги решаваме тие проблеми. Не можам да кажам дека сите придонесуваат можеби подеднакво во овој процес.Но вистинското прашање е зошто тоа е така и кои се мотивите? Многу долго одредени политички елити Рамковниот договор, но и етничките права воопшто како такви ги користат како прекривка за прикривање на своите лични и најчесто лукративни интереси, но и фактот дека предолго и преинтензивно етничките теми се злоупотребуваат, се градат кариери во тоа име додека реалниот живот, животот на оние кои подеднакво го делат секојдневието како и сите останати граѓани е се потежок и се понесреќен. За одредени политички партии Рамковниот договор е најдобар и се спроведува само под услов кога истите тие се на власт, веднаш потоа откако ќе бидат опозициска смислуваат критики и креативни решенија на негово надополнување но и различно читање во правата и обврските кои произлегуваат од него. Притоа заборавајќи колку е скапа цената на тој договор и дека тој договор меѓу другото е напишан и со многу страдања и жртви од сите страни и во извесна мера тоа е и непочит кон тие жртви кои ги има, ќе повторам од сите страни.Кон темата меѓуетнички односи се однесуваат неодговорно затоа што најмалку внимание посветуваат на ова, колку што беа предани и фокусирани кон личните интереси, бизниси, тендери. Ова го користат како платформа за себе промоција, градење на кариери и бизнис коалиции. Тие наместо градители на меѓуетничките односи стануваат профитери од истите тие прашања. И кога зборат за европски вредности, знаете дека тогаш ги кршат највеќе. Колку пати овие луѓе сте ги забележале на терен кај реалниот човек да помогнат и да се запознаат со вистинскиот живот?Вистинското прашање колку е денес задоволен обичниот Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак, и сите останати граѓани. Одбивам да навлегувам во етничките перипетии на поединци, ајде заедно да се мериме по тоа колку ќе го подобриме животот на граѓаните, и колку ќе понудиме решенија на тие проблеми. Денес патриотизмот не се мери по тоа колку знамиња ќе развиориме, колку статуси на социјални медиуми ќе напишеме или колку често ќе зборите за етнички теми или дилеми ќе наметнете, туку колку проблеми ќе решиме на терен и како ќе го подобриме животот.Охридскиот рамковен договор е дел од македонските закони и Устав, но она што не е завршено и што мораме да се работиме тоа се реалните проблеми на нашите сограѓани. Јавноста не треба да паѓа во замката на нови и нови бесконечни етнички барања на партите кои сега се опозиција. Тие ја имаа својата шанса и времето го потрошија на лично богатење, и наместо да бидат посветени на борбата да победуваат за подобар живот на граѓаните, посилно образование, економија, повеќе пари за граѓаните, тие одлучија да градат за себе дворци, хациенди, да купуваат трговски центри, да злоупотребуваат сѐ што може да се злоупотреби.Често пати ме прашуваат што е Христијан, за тебе патриотизам.Патриотизам е кога ќе донесеме за еден месец три нови инвестиции, повеќе од половина милијарда евра за нашите сограѓани и тука нема етничка припадност ниту верска, ниту политичка. Патриотизам е кога ќе исплатиме повеќе од една милијарда денари од Буџетот заробени субвенции за нашите земјоделци. Патриотизам е кога ќе обезбедиме 350 милиони денари за оние вработени Национални шуми, во Водостопанство на Македонија пари за плати коишто изминативе четири месеци па и повеќе тие претходните коишто се денеска во опозиција заборавиле да им ги исплатат на овие луѓе. Патриотизам е кога ќе издвоите од Буџетот годишно 15 милијарди денари за инвестиции во инфраструктура во општините, и во сите општини.И тука нема само општини ВМРО-ДПМНЕ, нема општини коишто се дел од Коалицијата Влен, туку тука има и општини каде што има градоначалници и од другите политички партии или пак има градоначалници кои што се независни, односно се избрани од група на граѓани. И кога ќе направите нов водовод ќе, ќе направите нова канализација, кога ќе асфалтирате улица, кога ќе реновирате, училиште, градинка, кога ќе ги намалите листите за чекање во тие општини.Зошто е ова важно, тоа е важно затоа што болката на семејствата кога си одат нивите најблиски е голема и тука подеднакво боли солзата и на мајката Македонка, Албанка и на Ромка и на Турчинка и на Србинка и на Влаинка и на Босанка и на сите останати кои што се збогуваат од своите чеда. Таа солза и таа болка е подеднаква кај сите. Зошто? Затоа што тие тука едноставно не гледаат перспектива и не гледаат иднина и таа е нашата задача и таа е нашата цел. И тоа се современите и модерни патриоти кои што оваа болка и солза ќе ја намалат, односно таа нема да постои.Изминативе 20 години некои од експертите добивам информации дека повеќе од 100 илјади Албанци се иселени од државата. Зошто ова го споменувам? Затоа што ако на тие 100 илјади Албанци додадете и стотици илјади други наши сограѓани тогаш ќе дојдете до дефиницијата што се случуваше изминативе 20 и повеќе години.Од оној оптимизам којшто го имавме во раните деведесетти ние денеска за жал полека но сигурно се претворивме во земја каде што граѓаните се разочарани од политичките елити. Оваа наша генерација, оваа наша Влада има ја има таа можност да тоа чувство го исправи да покажеме дека сме подготвени да одговориме на тој предизвик сите заедно и дека ќе одговориме позитивно, односно сета онаа фрустрација, сета онаа болка којашто е насобрана кај македонските граѓани без разлика на нивната политичка, етничка или верска припадност ќе исчезне после нашата жртва и работа во оваа наша заедничка Влада во којашто се составен дел Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ , Коалицијата Вреди или Влен и политичката партија ЗНАМ.Да се обединиме околу темите и прашањата кои се заеднички и кои обединуваат. Гордоста и среќата е заедничка категорија за сите.Пред некој ден излезе податок дека Македонија има најбрз Интернет во регионот и меѓу најдобрите во Европа, и тоа е заедничка придобивка на сите нас без разлика на етничката, партиската и верска припадност. Успесите на поединци се успеси на сите. Сите го паметиме и се радувавме на оној прекрасен гол од корнер на Шакири, на прекрасните игри на Енис Барди и на останатите репрезентативци, без разлика од која етничка и верска припадност се тие. Тие се борат да победи македонската репрезентација без разлика во кој спорт, во која дисциплина тие се натпреваруваат.Ова е наша заедничка татковина, на сите нас и дом кој заедно треба да го градиме. Да работиме на довербата едни кон други и сигурен сум дека ќе успееме да направиме повеќе за секој еден човек.Меѓуетничките односи се столб на нашето заедничко општество. Тие не се само правни обврски или политички договори; тие се жив процес кој постојано бара наша посветеност и ангажираност. Влогот во добрите меѓуетнички односи никогаш нема крај. Тоа е како возење велосипед – ако престанеме велосипедот ќе застане и патникот ќе падне. За да продолжиме напред, мораме да продолжиме да ги градиме и зајакнуваме тие односи, секој ден, без прекин. Ова е задача за сите нас.Како што рече Мартин Лутер Кинг: „Неправдата на кое било место е закана за правдата насекаде.“ Ова ни напоменува дека правдата и мирот не можат да бидат остварени само со договори на хартија, туку преку нашата постојана работа за правата и достоинството на сите луѓе. Ќе повторам нашата постојана работа за правата и достоинството на сите луѓе.Бог да ја благослови Македонија.Ви благодарам.“

Македонија | пред 1 година

mickoski

Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме, пари завршувале во приватни џебови

Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме како што граѓаните тоа го заслужуваат“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:„Има разлика.Кога ќе се затворат сите дупки каде што претходно се крадел народот со години, кога институциите ќе функционираат и кога криминалот ќе стане неисплатлив тогаш приходите во буџетот ќе пораснат.Директорот Boban Nikolovski - Бобан Николовски ме извести дека Месец јули, Царинската управа бележи рекорд и најдобар резултат од нејзиното постоење со наплатени речиси 12 милијарди денари приходи.За истиот месец, Управата за јавни приходи со која раководи Elena Petrova наплати 13.4 милијарди денари што исто така е своевиден рекорд. Овие пари значат повеќе инвестиции за градинки, училишта, пристојно здравство.Лесно може да се извлече заклучокот дека овие пари завршувале во нечии приватни џебови изминатите години. За брзо ќе дојде време да се даде одговор и на ова прашање.Со домаќинско и одговорно работење за повисок стандард и подобар живот“.

пред 1 година

MICKOSKI-SREDBA-05082024-3

Мицкоски: Нашата цел е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи, на принципот на двонасочна улица, економската соработка со Косово продолжува и во иднина

„Со претседателот на Владата на Република Косово имавме конструктивна средба во пријателска атмосфера. Ги отворивме сите прашања коишто се важни за односите на двете држави, на двете влади, народите.Тоа е нешто кое е од суштинско значење за нас. Како нова влада, нашата цел е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи, на принципот на двонасочна улица. Исто така, ја истакнавме потребата од зголемување на економската соработка помеѓу двете земји, нешто кое што е многу важно. Во овој момент, според последните податоци од Државниот завод за статистика, е дека размената за 2023 година е на ниво на половина милијарда евра.И не гледам причина зошто со напорите на двете влади таа размена да не е уште поголема. Со изградбата на инфраструктурните проекти, автопатот кој што ќе го поврзе граничниот премин со нашиот главен град, потенцијалниот патен правец кој што ќе ги поврзе Тетово и Призрен, и така натаму, приоритети кои што се многу важни.Истовремено, ги отворивме и темите коишто за двете држави на политичко ниво се важни. Последното случување коешто се случи на 2 Август со претседателката на Косово и исто така од страна на присутните беше истакнато дека според информациите кои што го добивме од официјалните лица на аеродромот ТАВ е дека се следат јасни, прецизни меѓународни стандарди и процедури кога се користат комерцијални летови, и дека на ваков тип на процедури сум подложен и јас како македонски премиер, македонската претседателка и сите официјални лица коишто го поминуваат ВИП делот, иако морам да кажам дека јас не го користам туку го користам делот како и сите граѓани.Но, тоа за нас навистина предизвика едно чувство со кое што жалиме и не сакаме тоа да се повтори. Јас лично истакнав дека претседателката на Косово е добредојдена како и сите граѓани на Косово; и лично следниот пат доколку ја добијам навремено информацијата ќе ми биде задоволство да ја пречекам како домаќин на аеродромот, и заедно со мене, додека не отпатува од Скопје ја придружувам во времето во кое што таа ќе го помине на скопскиот аеродром, за да избегнеме ваков тип на инциденти. А посебно однесување на поединци, што е наш домашен проблем, кој што ние ќе си го решаваме.Така што уште еднаш би сакал да потенцирам дека добрососедските односи се двонасочна улица, сакаме со Косово да имаме дека имаме исклучително плодни и искрени добрососедски односи.Како Влада ќе стоиме позади овој принцип и не гледаме причина зошто тоа да не се случува во иднина.

Македонија | пред 1 година

mickoski-osmani

Мицкоски спремен да ја придружува Вјоса Османи кога ќе лета преку скопскиот аеродром: Црвенееа ДУИ минатата година кога имало исти случаи?

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека се понудил следниот пат кога косовската претседателка Вјоса Османи ќе лета преку скопскиот аеродром, да ја придружува додека да го напушти. Тој ги праша ДУИ, дали се црвенееле и во 2023 година кога биле власт, а имало вакви инциденти, исто така со претседателката на Косово.„Тие се црвенеат од 2023 година, бидејќи два вакви случаи имало и тогаш, кога тие биле дел од Владата. Разликата е што тогаш немаше јавност, сега има јавност. Оваа Влада е демократска. И затоа јас лично, кажав на состанокот и тука, а поврзано со соопштението на МНР, жалиме што се случил овој настан“, рече Мицкоски.Прашан какви инциденти имало со Османи минатата година, Мицкоски рече: „Тие ќе бидат дел од истрагата и нема да можам да давам детални информации за тие случувања. Кога ќе биде завршниот извештај, претпоставувам МВР и официјално ќе се обрати до јавноста“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-05-at-13.21.11

„Ако се потврди ова ќе има одговорност“, рече Мицкоски на прашање дали ќе одговара обезбедувачот на Гаши за вперувањето пиштол во глава

Премиерот Христијан Мицкоски посочува дека инцидентот на косовската претседателка Вјолца Османи се расветлува, а посочи дека доколку има пречекорување на овластувањата од обезбедувањето на Африм Гаши – ќе има и одговорност. На прашање „дали ќе бара одговорност бидејќи обезбедувачот ставил репетиран пиштол на главата“, Мицкоски рече: „Ако ова што вие го тврдите се потврди, ќе има одговорност“.„Има надлежни институции кои ќе го расветлат случајот во два дела: првиот момент е додека не доаѓа лицето за кое зборувате и вториот е кога доаѓа лицето за кое зборувате. Доколку институциите увидат дека има сторување на кривично дело, лицето ќе биде изведено пред лицето на правдата. Нема луѓе над законот додека јас сум премиер. Ако ова што вие го тврдите се потврди, ќе има одговорност“, рече Мицкоски.Инцидентот со Вјоса Османи се случи на 2-ри август. Тогаш, според ТАВ, не дозволувала да се извршат контроли според прописите на аеродромот и меѓународните правила. По ова, се вмешало и обезбедувањето на Гаши, кое дошло да ја спасува Османи.

Македонија | пред 1 година

mickoski

Судството и обвинителството мора да се исчистат од корумпирани судии и обвинители, нашиот модел кој го нудиме е самите да го сторат тоа, без да се мешаме, вели Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во интервју за „Фокус“ вели дека и покрај тоа што постојат многу основани сомненија за криминали кои треба да се испитаат по допрен глас од страна на обвинителството, во овој момент гледаме дека има нула дејство и истраги, затоа потенцираше дека се потребни итни реформи во правосудните органи.„Јас секогаш сум заговорник на идејата дека секој заслужува шанса. Ние нема да се однесуваме како СДСМ и нема да ги злоупотребуваме пратениците, да беседиме во парламентот за да го смениме. Секој заслужува шанса, така и овој (Љупчо Коцевски) заслужува шанса, па да видиме дали таа шанса ќе ја искористи. Ако не ја користи таа шанса, јавно ќе зборувам. За жал, почетокот не му е добар“, рече премиерот Мицкоски.Говорејќи Советот на јавни обвинители и Судски совет, премиерот Мицкоски нагласи дека, досега нема никој понудено друг модел, затоа, тоа што го нуди владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е судиите и обвинителите сами да изберат кој ќе биде во овие две институции, како и да добијат поголема независност преку автономен буџет процентуално врзан со вкупниот буџет.„Излегуваат вечни експерти, го критикуваат моделот и наеднаш потоа гледаме слични или исти презимиња стануваат членови на Судски совет. Нека ми дадат модел. Убаво е вака од страна да набљудуваме и да кажуваме како не треба. Нека кажат како треба“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски додаде дека иако не се сите судии и обвинители роднински поврзани или корумпирани, или држеле предмети во фиока, тие се малцинство, но за жал се на клучни позиции и мнозинството е потчинето на истите.„Има такви судии и обвинители кои се роднински поврзани, но не се сите, туку се малцинство. Има и такви кои се корумпирани, но не се сите, туку се малцинство. Има и такви кои држеле предмети во фиока и не ги процесуирале, но и тие се малцинство. Мнозинството не може да биде потчинето на малцинството. Малцинството самото ќе се катализира и исфилтрира и ќе биде безгласно. За жал, малцинството сега се на клучни позиции и затоа ни треба ова мнозинство да го победи малцинството, со тоа што самите тие ќе си изберат тоа што мислат дека им треба. Еве ние нема да се мешаме, ќе седиме настрана и ќе оставиме тие самите да ја направат таа катарза, да се исфилтрираат и тоа што е лошо да го отфрлат од системот. Доброто да го победи лошото“, рече премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски додаде дека воедно преку комисија за надзор над работењето на овие институции може да се врши надзор во парламентот.„Таа комисија ќе биде составена од пратеници и од власта и од опозицијата. И тие ќе имаат можност да прават редовни и вонредни контроли и да видат дали има злоупотреби. Ако има, планираме законски интервенции, па и кривично гонење, не само разрешување“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-mickoski

Мицкоски: Неодговорното однесување на ДУИ преставува закана за мирот и стабилноста, а суштината е да се заштити капиталот стекнат во 20 години власт

„Со ова неодговорно однесување, ДУИ ја загрозува интеретничката слика во државата и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија како држава. И, ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки како Влада, за да го заштитиме суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија како држава. Но, во суштина, овие пораки се обид грчевито да се брани богатството стекнато изминативе 20 години на власт. И тоа е факт, затоа што демократијата подразбира тој што има мнозинство во парламент да има и влада“, вака претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во интервју за Фокус ги коментираше иницијативите на ДУИ за принципот „победник со победник“ да влезе во правниот систем и за територијална реорганизација според белгиски модел.Мицкоски додаде дека суштината на ваквите потези е да се одбрани капиталот стекнат во изминативе 20 години на власт, но не се исклучува и можноста некои групи да бидат несвесно изманипулирани и да го предизвикаат територијалниот интегритет и суверенитет.„Па видете, суштината е да се одбрани капиталот стекнат во овие 22 години на политичка сцена и 20 години власт. Но, не ја исклучувам можноста одредени групи и структури да бидат изманипулирани, несвесно. И сега тие групи и структури може да го предизвикаат територијалниот интегритет и суверенитет, да создадат криза. Ние имаме задача како Влада тоа да го браниме и да се одбраниме“, подвлече Мицкоски.На прашање за тоа дали се очекуваат протести за овие прашања Мицкоски одговори дека има такви информации, но ако истите се мирни и демократски, тие се легитимни.„Се уште ги имам тие информации. Јас говорам за протести. Се додека се демократски и мирни, тие се легитимни. Ако преминат во насилни, тогаш, повторно ќе кажам, како Влада имаме право да го браниме територијалниот интегритет и суверенитет на државата“, потенцираше Мицкоски.Запрашан за тоа што мисли за принципот „победник со победник“, Мицкоски истакна дека демократијата не оди заедно со овој принцип бидејќи коалиционите партнери од минатата власт беа делегитимирани на избори и во име на парламентарната демократија поразените треба да одат во опозиција.„Начинот на кој функционира демократијата не оди заедно со „победник со победник“, зашто во политиката не може малку со едните, малку со другите. Ние имаме дијаметрално различни платформи. Не може 7 години да бидете во влада со СДСМ и да речете – тоа веќе не важи и сега ќе одам со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа така не може! Вие сте го избрале вашиот коалициски партнер и врз основа на програма сте функционирале, без разлика каква била таа. Таа била владина програма, таа влада е поразена, делегитимирана и тука завршува целокупниот процес. ДУИ со коалицијата и СДСМ заедно освоија помалку од 300 илјади гласови. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија близу 450 илјади гласови, а заедно со ВЛЕН и ЗНАМ повеќе од 600 илјади, рече тој и додаде:„Јасна е волјата на народот. Во таква нова политичка реалност, во име на парламентарната демократија поразените треба да одат во опозиција, а победникот ја создава структурата на идната влада“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-06-at-12.39.17

Мицкоски: Борбата не е завршена! Илинден е историска вистина, Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес

„Честит Илинден! Македонија денес го одбележува Денот на Републиката, празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани, Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес. Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата култура, за нашата слобода. Забележете ги внимателно зборовите од Крушевскиот манифест кој освен тоа што ја слави слободарската идеја, неговата најголема порака е повикот за единство. Врз тоа единство се градеше Крушевската република, и во име на тоа единство сите го кренаа бајракот на слободата. Вистинското прашање и дилема денес е дали тоа единство постои во состојба кога борбата мора да трае, за да имаме победа.Борбата трае - потсетувајќи нѐ дека борбата за слобода, правда и за подобра иднина бара истрајност, храброст и единство. Од нив треба да научиме како се добиваат големите победи, бидејќи битка може да изгубите, но важно е да победите во својата конечна цел. Истрајност, внимателност и пред се добар план да се дојде до вистинската цел. Тоа е стратегијата што треба и ние да ја користиме, да бидеме гласни во нашите ставови, да имаме план и да бидеме истрајни. Борбата не е завршена! Борбата продолжува! Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Борбата за иднина, борбата за Македонија во рацете на народот е нашата обврска. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. Нека е честит и вековит Илинден.

Македонија | пред 1 година

mickoski18072024

Мицкоски: Приватните инвестиции придонесуваат за развој на економијата

,,Ми претставува голема чест и задоволство што бев денеска дел од овој настан. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на инвеститорот, Трајче е навистина пример кој што треба да го следат сите Македонци насекаде низ светото, да не си ја забораваат својата татковина. Знам дека тоа се макотрпно и тешко заработени средства кои што таму некаде далеку после Атлантикот, Трајче ги има заработено.Но, не ги заборава своите корења, не ја заборава својата татковина и инвестира во својот град Кавадарци.Ефектите се огромни за економијата. Прво, да се има еден ваков водечки светски бренд, водечки светски бренд како што е Холидеј Ин, навистина е чест овдека во Кавадарци, благодарение на инвеститорот тоа ќе се случи набргу од денеска. Од презентацијата можев да видам дека станува збор за импозантна градба, градба која што нема како, а да не го развие целиот регион сега и Кавадарци ќе биде на многу пожестоко место на туристичката мапа, голем број на туристите кои што го посетуваат регионот поради, според мене најубавото вино во Европа, но и највкусното грозје во Европа, сега ќе имаат уште еден поголем репрезентативен со светски квалитет сместувачки капацитет.Самата градба вработува луѓе и допринесува во локалната економија.Благодарност и до градоначалникот Јанчев што цело време го следи административно овој проект, благодарност и до сите луѓе кои се вклучени во овој проект. Како Влада имаме цел во Македонија да донесеме што е можно повеќе вакви инвестиции, да поддржиме да бидеме лидери во регионот и убеден сум дека можеме тоа да го направиме.Набргу од денеска сите ние ќе сведочиме на една прекрасна градба овде во Кавадарци, каде што ќе работата не само кавадарчани, туку луѓе од регионот и цела држава. Сакам што побрзо тоа да се случи ние сме сите нестрпливи. Знам дека секоја една работа има природен тек, не можете да одите спротивно на природата, но сигурен сум дека ова репрезентативно здание ќе биде нешто кое што сите ние ќе се гордееме и ќе имаме со што да се гордееме.Така што еве посакувам следниот пат кога ќе се видиме овде да присуствуваме на отворањето набрзо од денеска, и посакувам успешно да работи и да придонесува не само во локалната, туку и во националната економија.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Mickoski11072024

Мицкоски: Подготвен сум да разговарам доколку некој има предлог, но не се откажувам од реформите во правосудството

„Јас не се откажувам и од распуштање на Судскиот совет како реформа и од распуштањето на Советот на јавни обвинители, чекам предлози, очајно молам за предлози за да не биде довербата кај граѓаните 2 проценти во правосудството, да не бидат криминалци чесни граѓани, а чесните граѓани да бидат криминалци, зашто имаме исклучоци на корумпирани обвинители и судии, тоа не е генералната слика да се разбереме, имаме такви исклучоци“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање и додаде:„Немам ниту братучеди, ниту браќа, ниту сестри еве јавно кажувам на македонската јавност, на овој народ му е преку глава да се чувствува како граѓанин од втор ред во својата држава, затоа што неколкумина криминалци мислат дека се над законот, а тоа им го овозможуваат овие институции, затоа што се таму благодарение на тие неколкумина политички криминалци и вистински криминалци“.Премиерот Мицкоски потенцираше дека е избран од граѓаните и дека е обврзан да го достави тоа што го понудил како решение и нагласи дека е подготвен да разговара со секој кој има некаква идеја.„Јас толку знам како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сум излегол на избори, сум понудил решение, гласале 450.000 граѓани и тоа мене ме обврзува. Ако некој знае подобро нека каже, јас сум подготвен да разговараме. Секој којшто знае експерт подобро нека дојде нека каже, само очајно молам овие 2 проценти да направиме нешто барем да бидат 12, јас знам дека не можат да бидат 22, 52, 82, но барем да бидат 12. Зошто ни е ова битно? Ако нема доверба во правосудството, нема ни инвестиции како оваа, ако нема инвестиции како оваа, нема бизнис нема пари во Буџетот, ако нема пари во Буџетот нема за здравство, нема за образование, нема за плати, нема за земјоделци, нема за пензии, нема за инфраструктура.Ова е систем. Системот почнува од тие неколкумина, сите ги знаеме кои се, сите знаеме во државава кои се тие во правосудството коишто се корумпирани и сега ние ако се правиме при очи, слепи, при уши, глуви во ред, но не е во ред ради децата и заради идните генерации коишто доаѓаат. Јас толку знам и ќе се борам за тоа што го знам, подготвен сум да разговарам со секого, секој оној којшто има некаква идеја нека дојде, подготвен сум да го сослушам, само да не ми се појавуваат експерти вечни чиишто потоа презимија случајно се појавуваат како нови членови на судскиот совет. Такви експерти вечни ги знам нивните методи, тие не доведоа до овие 2 проценти.“, дециден е премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5204

Мицкоски: Владата формираше тело кое треба да воспостави ред во високо образовните установи во земјава

„Во текот на вчерашниот ден на владина седница формиравме тело, ја задолживме министерката за образование и наука заедно со ова тело, да излезе на терен да направи анализа на сите универзитети и факултети и државни и приватни. Онаму каде што ќе се констатираат недостатоци да им се даде разумен рок да истите, тие недостатоци да бидат отстранети. Доколку тоа не го направат ќе бидат затворени“, подвлече претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање притоа објаснувајќи дека Владата планира реформи во високото образование и воспоставување на ред во установите.Премиерот е дециден дека високо образовните установи во државата кои што имаат недостатоци ќе имаат разумен рок истите да ги отстранат. Доколку не ги отстранат недостатоците ваквите установи ќе се останат без акредитација и ќе немаат дозвола за работа.„Ова јас го кажувам, најотворено. Зошто? Затоа што се срамам на две места каде што бев и во Вашингтон и во Лондон каде што имав можност со мои колеги од соседството да разговарам, едните и другите и третите, ми кажаа- од кај вас преку ден се добиваат дипломи. И ни прават проблем во нашите држави. Тоа не може да се случува повеќе. Тоа не може да се случува, посебно што јас доаѓам од високото образование. Не може дипломи преку ноќ да се добиваат. Тоа мора да се смени, ќе имаат разумен рок да ги отстранат недостатоците. Тие што нема да ги отстранат ќе мора да затворат. Да ја изгубат дозволата за работа, да ја изгубат лиценцата, акредитацијата.“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5254

Мицкоски: Нема да ги коментирам некрофилските изјави на СДСМ, наследивме катастрофална состојба

„Многу е важно да се зборува со факти. Во политиката фактите се многу важни, тие ја креираат перцепцијата и тоа е она што е важно за граѓаните. Владата која што јас ја предводам имаше прв работен ден 24ти Јуни. Првиот посериозен пожар на планината Серта беше на 10 јули. Од прилика до 17 денови, како беше мојот прв работен ден. Каква беше тогаш фактичката состојба? Фактичката состојба беше следна. Хеликоптерите, кои што се користат при вакви кризни состојби, беа на сервис. Воздухопловите, авионите, беа приземени поради дефект. А пилотите кои што треба да ги управуваат, беа во пензија, вели Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став за обвинувањата од СДСМ за пожарите.“Премиерот Мицкоски истакна дека наследил катастрофална состојба, односно од ниту еден хеликоптер за гаснење на пожарите, без човечки ресурси веднаш направиле три оперативни воздухоплови и три оперативни хеликоптери кои интервенирале во гаснење на пожарите.„И практично, благодарение на единиците на локалната самоуправа, на општините, и нешто малку луѓе кои што во тој момент беа спремни, почна борбата со огнената стихија. Полека, еден по еден, хеликоптерите се вратија и беа ставени во употреба. Технички, беше интервенирано на воздухопловите. Истите стана оперативни, трите. Луѓето кои што ги управуваат, кои што беа во пензија, ги вративме со договор на дело, да може да ги управуваат, бидејќи немавме кој да ги управува. И во еден момент, од ништо, имавме три оперативни воздухоплови и три оперативни хеликоптери. И стотици пожарникари, припадници на Министерството за внатрешни работи, одбрани граѓани, доброволци, при што ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за пожртвуваноста која што ја прават.“, додаде тој.Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата прогласила кризна состојба, и веднаш го активирала европскиот механизам за помош при кризни состојби.„Во меѓувреме, во тој прв бран, прогласивме кризна состојба, поради борбата со огнената стихија, но истовремено и го активиравме европскиот механизам за помош при кризни состојби. Кога го активиравме тој механизам, помош ни дојде од соседна Србија, помош дојде од Црна Гора, од Словенија, од Турција, од Романија. И во тој прв бран ја совладавме огнената стихија. Понатаму, продолжи борбата со огнената стихија, но не само кај нас, секаде и во Европа тоа се случува. И во овој момент, во текот на вчерашниот ден, имавме историски, незапаметен број на пожари на отворено, 66. Успеавме 40 да ги совладаме. Останатите се под контрола. Благодарение на пожртвуваноста на пожарникарите, доброволците, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана. И повторно ќе кажам, ја користам оваа прилика да изразам огромна благодарност за свето тоа што го прават. И ќе продолжиме да се бориме, имајќи предвид, температурата која што следи и во месец Август, не очекувам да има големи промени, ниту врнежи. Вакви предизвици ќе има.“, рече Мицкоски.Премиерот Мицкоски упати загриженост од информациите кои ги добива од МВР дека причина за ваквата состојба се невнимателност, но и намера истите тие да предизвикаат.„Но она што ме загрижува, се индициите кои што ги добивам, како информација од Министерството за внатрешни работи, дека постои основано сомневање. Дека причина за овие пожари во голема мера е невнимателност, а во голема мера и намера да истите тие се предизвикаат. Ние кај се бориме. Повторно го активиравме европскиот механизам за барање поддршка во ваква кризна состојба.“, изјави премиерот и додаде дека помош пристига од Чешка, Унгарија, Србија, Словенија и Германија.„Република Чешка одговори со еден хеликоптер кој што треба денеска да пристигне, соседна Србија со уште еден хеликоптер, Унгарија испраќа во текот на утрешниот ден четири теренци кој што се многу потребни за оние предели, кој што се непристапни и тешко се пристапува дури и од воздух, кој што се себе носат еден кубик вода и кој што можат многу брзо да превенираат, да не се прошири овој пожар. Истовремено, Словенија позитивно одговори, Германија, два авиона, и тоа е капацитетот кој што ние во моментот можеме да го прифатиме и состојбата можам да кажам дека целосно или делумно е или ќе биде ставена под контрола. Апелирам до граѓаните. Има луѓе доволно кои што се грижат, да нема самоорганизирање, затоа што не дај Боже, не дај Боже, необучен цивил кој што има најдобра, најискрена желба да се вклучи да помогне, не дај Боже, да западне во тешка состојба и не дај Боже да го загуби својот живот. Нема цена тоа. Ве молам, јас ве разбирам, дека сите сакате да помогнете, ве разбирам дека сите сакате кога е потребно да излезете во пресрет, ние сме хуман народ, ние сакаме да помогнеме, сакаме да помогнеме на тој кому таа помош е потребна, но има доволен број пожарникари, има доволен број припадници на Министерството за внатрешни работи и за одбрана и сето тоа е сосема доволно во овој период за да се справиме, иако ќе повторам станува збор за огнена стихија, која што е на својот историски пик. 66 имавме само вчера. 66 активни пожари на отворено, што не се случило. 40 успеавме успешно да ги изгаснеме. Тоа е поврзано со пожарите, а политичари и политички партии кои што имаат некрофилски намери, јас немам намера да коментирам.“, дециден е премиерот на Владата Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

20072024_MICKOSKI

Мицкоски: Во нашата програма беше најавен проектот ниски даноци, прв ќе биде данокот на добивка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска на средба со претставниците на Стопанска комора на Северо-Западна Македонија најави намалување на даноците.„Апсолутно во периодот кој што следи ќе ја анализираме и таа појава ние кажавме и тоа е дел од нашата програма дека ќе се стремиме кон намалување на даноците, но, да го видиме приходот оваа година каков ќе биде во Буџетот.Прво намалување премиерот Мицкоски најави на данок на добивка којшто се плаќа сега и сите мултинационални компании кои што планирааат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас, а таа добивка изнесува 50 милиони евра.Прв чекор кон намалуваме на даноците, ќе биде оној данок на добивка којшто се плаќа сега и сите мултинационални компании кои што планирааат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас, а таа добивка изнесува 50 милиони евра. Плус, ќе добијат би рекол субвенција и начинот на пресметка на таа добивка ќе биде до 5 проценти. До сега беше до 10 проценти фиксна, во овој случај ќе биде до 5 проценти“, истакна премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски ги повика сите македонски компании коишто соработуваат со светски мултинационални компании да инвестираат во државата.„Затоа ги повикувам, ја користам оваа прилика сите македонски компании коишто соработуваат со светски мултинационални компании да ги повикаат во Македонија и веднаш откако ова ќе биде изгласано да може да го консолидираат бизнисот и тука тоа ќе значи и повеќе ликвидност за македонската економија и повеќе пари по основ данокот на добивка во Буџетот“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања