Промени тема
Контакт

МИЦКОСКИ

media-libraryftq54kb7bh87apRpWRO

Мицкоски: Македонија е дом на различности кои не разделуваат, туку ја збогатуваат нашата заедничка национална приказна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод одбележувањето на Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја историската важност на овој датум и неговата улога во градењето на заедничкото општество во Македонија.Во својата порака, Мицкоски потсети дека 22 ноември е ден со длабока културна и историска симболика, поврзан со Битола и со Конгресот од 1908 година, кога албанската интелигенција го утврдила единствениот стандарден албански алфабет.„Тоа беше чин со длабоко европско значење

Македонија | пред 11 месец

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

Шут карта: Мицкоски планира промени во Владата, двајца министри под прашалник

На почетокот на следната година се очекува мала реконструкција на Владата, во која, според неофицијални информации, ќе бидат сменети најмалку двајца министри од актуелниот состав. Промените се очекуваат во Министерството за правда и Министерството за култура, каде премиерот Христијан Мицкоски е најнезадоволен од работата на министрите Игор Филков и Зоран Љутков.Информациите за можни смени кружат со месеци, но засега Владата официјално не потврдува дека се водат разговори или дека постои конечна

Македонија | пред 11 месец

media-librarya07pll4q1t4lcBjJDD4

„Реформите треба да тежат повеќе од билатералните спорови“, Мицкоски со порака од самитот во Тирана

Премиерот Христијан Мицкоски, кој учествува на самитот во Тирана посветен на Планот за раст и европската интеграција на Западен Балкан, изјави дека Северна Македонија очекува оценувањето од страна на ЕУ да се темели исклучиво на реализирани реформи, а не на билатерални блокади.На новинарско прашање за неговата порака до европските партнери дека земјата треба да се вреднува според „мерит-системот“, Мицкоски потсети дека државата е повеќе од 25 години во процесот, од кои 20 како земја-кандидат, и

Македонија | пред 11 месец

media-libraryjsk9oiu2h4622ZVKQxB

Жерновски: Допрва ќе се видат врските меѓу Груевски и Мицкоски

Немам лошто мислење за ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа ако имате раководство како Груевски и Мицкоски, како да бидам мирен, погледнете го извештајот, се враќаме назад, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Жерновски, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.-Видете ја изјавата на претседателката на државата дека не е време за реформи, бидејќи се случуваат војни, идентичниот став претходно кажан од Груевски, тоа не може да биде случајно, рече Жерновски.Тој додаде дека тоа е вадење на демиџ контрол од

Македонија | пред 11 месец

media-libraryh3pun4umjdhsa2wgvn2

Мицкоски во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“

Денеска во Тирана во присуство на голем број Македонци од Албанија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, на покана на Македонско здружение  "ВМРО-ДПМНЕ Албанија" присуствуваа на отворање на новата канцеларија на ова здружение.Мицкоски во обраќањето пред присутните ја нагласи и можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб,

Македонија | пред 11 месец

media-libraryjssqmceucoj54J1LpFC

Мицкоски не го прифаќа ултиматумот на Села

Владината коалиција се уште има проблеми со обезбедувањето двојно или Бадентерово мнозинство за носење на системски закони и прописи од области каде Бадентер е потребен.Претседателот на Владата Христијан Мицкоски не ги прифаќа ултиматумите на Зијадин Села, лидерот на крилото на Алијанса за Албанците.Села ја напушти изборната коалиција НАИ предводена од ДУИ, но за влез во Владата побара:уставни измени за откочување на евроинтегративниот процес, замена на терминот „20 проценти“ со „албански јазик“

Македонија | пред 11 месец

kocevski-1

Мицкоски најави можност за смена на државниот обвинител: Јавноста не е задоволна од неговата работа

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма изјави дека е незадоволен од работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, нагласувајќи дека истото чувство го дели и јавноста. Тој рече дека, поради тоа, логичен след на настаните би бил неговата смена.„Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е негова смена, многу јасно“, изјави

Македонија | пред 11 месец

media-libraryjssqmceucoj54J1LpFC

ССМ сака минимална плата од 600-700 евра, Владата чека одлука меѓу синдикатот и работодавачите

Работниците, според спроведената анкета бараат зголемување на минималната плата од 600 до 700 евра и ова да се спроведе веднаш.Анкетата е нарачана од ССМ и тоа на репрезентативен примерок од 1.613 испитаници.,,87,2 проценти од работниците во Македонија одговорија дека минималната плата треба да се зголеми задолжително на 600 до 700 евра. 52,8 проценти од испитаниците потврдиле дека се подготвени да протестираат, а 47,2 проценти од нив потврдиле дека се подготвени да штрајкуваат за да го остварат

Македонија | пред 11 месец

media-library56bogp0u6l7d1zHjPRm

Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека лично побарал да се запрат исплатите од ИПАРД програмата, е најдобар доказ за целосно непознавање на системот на дистрибуција и управување со европските фондови, оцени претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ и поранашен министер, Трајан Димковски.-Да укажеме дека Македонија е една од неколкуте земји кои користат вакви европски кохезиони фондови за развој и тие си имаат свои процедури за трошење на своите пари и

Македонија | пред 11 месец

media-librarye5rr6edbo4dpaGGM1tK

Нема договор со ВЛЕН за наследникот на Филипче да го замени Меџити во Владата, тврди Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека лично го познава Беким Сали, но дека нема никаков договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВРЕДИ за кадровски промени во Владата.„Јас кажав дека го познавам Беким Сали и дека имам мислење како личност. За структурни промени во Владата не сме збореле. Подготвен сум да зборувам. Но дека имаат нешто договорено со ВМРО-ДПМНЕ – нема такво нешто,“ изјави Мицкоски.Изјавата на премиерот следи откако на прес-конференција портпаролот на коалицијата „ВРЕДИ“, Дритон Сул

Македонија | пред 1 година

media-libraryv0a7b6hcplp80LH24GQ

Мицкоски: Во 21 век зборуваме за елементарни работи, тоа е комично – но мора да се направат

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека состојбата со јавната чистота во Скопје е апсурдна и дека е неверојатно во 21 век да се зборува за теми кои би требало одамна да бидат решени.„Се доведовме во ситуација во 21 век да зборуваме за елементарни работи, тоа делува и комично. Но работи кои мора да се направат, мора да се направат,“ рече Мицкоски, коментирајќи ја акцијата за чистење на градот што ја спроведува Град Скопје.Тој додаде дека е свесен колку чудно звучи кога јавноста слуша изјави за „

Скопје | пред 1 година

media-librarys80ub7ej27glaHIc48F

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски од Брисел соопшти дека имал, како што ја опиша, „пријателска и продуктивна средба“ со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, нагласувајќи дека разговорот бил во духот на заемна доверба и поддршка за европскиот пат на Македонија.„Добар ден од Брисел. Само што завршивме со средбата со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта. Првата средба ја имавме точно пред една година кога тој беше избран на оваа функција и од тогаш негуваме пријателск

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.28.42

Мицкоски не ја исклучува можноста за нова парламентарна реалност

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва изјави дека се надева на прегрупирање на политичките сили во Парламентот, без притоа директно да потврди дали се подготвува за нови парламентарни избори.„Се надевам дека дел од силите и во Парламентот ќе се прегрупираат во периодот што следи“, изјави Мицкоски, одговарајќи на прашање дали постои можност за распишување предвремени парламентарни избори.Со оваа изјава, премиерот индиректно потврди дека се можни нови политички коалиции или

Македонија | пред 1 година

media-library12hlra29flp64S5gGIm

Мицкоски: Нашиот глас е нашата сила – да ја искористиме достоинствено

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на социјалните мрежи упати порака до граѓаните во рамки на изборниот ден, повикувајќи на масовна и достоинствена излезност.„Денеска го исполнивме нашето демократско право – правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од оваа татковина. Гласот е тивок, но моќен инструмент, и токму затоа ве повикувам сите искрено и масовно да излезете, да застанете зад она во што верувате и да го направите вистинскиот избор,“ порача Мицко

Македонија | пред 1 година

media-library6cjc5a7usjmb0uXWeD5

Мицкоски со порака до поддржувачите на СДСМ: Во недела гласајте за број 9 за катарзата и реформите во СДСМ да почнат

Митко Костадиновски е човек којшто си ја сака и се бори за проект повеќе за Виница, човек голем патриот и кој длабоко во себе ја сака својата татковина Македонија. Како претседател на Владата ќе ја има мојата недвосмислена поддршка да реализира проекти за општина Виница и убеден сум дека заедно со Владата сите проекти кои се дел од програмата ќе бидат реализирани, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот мини митинг во Виница во рамки на изборната кампања под слоган „Вис

Македонија | пред 1 година

media-libraryudi6sostfgeodWCtxte

Мицкоски: Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно и чесно, Орце Ѓорѓиевски е човекот кој ќе воведе ред, чистота, култура

Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно, вреден борец, посветен, човечен, личност која ќе направи да се гордееме сите, но и кој е свесен дека резултатите и испорачаните проекти се обврска, исто како и довербата, и дека погледите во него по изборите се вперени со двоен диоптер и многу цилиндри и ќе му се прати секој чекор и ќе се очекуваат брзи дејствија и резултати од него. Драги скопјани, токму овој човек, вашиот човек за главниот град, Орце Ѓорѓиевски, е доказ дека можат да се напра

Македонија | пред 1 година

media-librarytsp7eooo6lp17jhAV5s

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, Кичево да биде симбол на соживот, а не на поделби

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг од пред платото на Филхармонија, се осврна и на Кичево, и кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, Кичево се наоѓа пред историска можност да избере градоначалник кој ќе ја промовира инклузивноста и соживотот меѓу сите.  Мицкоски рече дека овој избор не е прашање на етничка припадност, туку на вредности и посветеност на сите жители на Кичево со цел градот да стане симбол на единство, прогрес и историска

Македонија | пред 1 година

media-library96a8okdefqe1bwu7fdx

Мицкоски: Следи период на реализација на 70 нови проекти во различни области, нова развојна фаза на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’’ од пред платото на Филхармонија каде што истакна дека  следува период на реализација на 70 нови проекти во различни области како образование, здравство, земјоделие, култура, проекти кои ќе значат нова развојна фаза на Македонија.„Нашата задача не е едноставна. Не само заради ситуацијата која ја наследивме, туку таа е многу поголема. Нашата цел не е само политичка победа,

Македонија | пред 1 година

media-librarynl5fcil6p00qbXzItp9

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево за вредностите кои ги застапува Александар

После вториот круг очекувам 59 градоначалници да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што ќе ја заокружиме највисоката бројка во историјата на демократската Македонија, по бројот на градоначалници, којашто некогаш се случила. И ако на тоа се додаде и извесната победа на Орце Ѓорѓиевски за град Скопје, којшто води 3:1 после првиот круг во однос на неговиот противкандидат, тогаш заокружуваме бројка од 60 градоначалници коишто ќе дојдат од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и

Македонија | пред 1 година

media-library7fdfscc4711sfst3TV9

Мицкоски: Во недела масовно да излеземе на избори, да го заокружиме бројот 9 за Тони Тоневски и за развој на Пробиштип, седењето дома е најлошата опција

Во првиот круг коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници. Двајца во меѓу време, помеѓу првиот и вториот круг, против кандидати на нашите кандидати се откажаа, што значи дека сега веќе се 35 градоначалници и во уште 24 општини сме во вториот круг. Во недела ќе се одлучува кој ќе биде градоначалник во тие 24 општини. Во 6 од тие 26 општини сме второпласирани, со тенденција и со голема шанса, бидејќи разликата е премногу мала, да бидеме првопласирани, рече претседателот на

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-38-6720PM

За Мицкоски локацијата на болницата „8-ми Септември“ е идеална за нов Клинички центар

Повторно се актуелизира прашањето за нов клиничкк центар. Локацијата на ГОБ „8 Септември“ на премиерот Христијан Мицкоски му изгледа како одлична за нов клинички центар бидејќи има три булевари, гасна поврзаност, сепак последниот збор ги остава да го кажат експертите.Премиерот чека да завршат локалните избори за да распише повик за финансиски институции што ќе понудат кредити за болниците во Штип, Тетово и во Кичево, а веднаш потоа како следен чекор најави дека со партнерите од Обединетото Кралс

Македонија | пред 1 година

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко, изјави:„Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат таа вест, вадат во јавноста комплетна невистина. Многу пати во минатото н

Македонија | пред 1 година

media-librarylt6g86b08qpp650qm0h

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес се обрати од маалската средба која се одржа во општина Карпош. Мицкоски зборуваше за акутелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, навраќајќи се неколку години назад и раскажа што се случувало.„Никогаш не сум зборувал порано каде ни се разотидоа патиштата со Стевче Јакимовски кој беше дел од нашата коалиција, но мислам дека денес е добра можност да кажам некоја реченица за тоа. Ќе се вратам на таа 2021 година, пред 4 години,

Македонија | пред 1 година

media-library0g0nlu9615ph9USSMi3

Мицкоски : На 2 ноевмри гласајте за број 9 за крај на бетонизацијата и за вистински развој

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на мини митингот во Карпош, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски од Карпош зборуваше како човек кој го поминал својот живот низ улиците во Карпош со карпошани и повика граѓаните на 2 ноември да гласаат за број 9 за крај на бетонизацијата, за развој и напредок.„Денес сум овде како човек кој го поминал својот

Македонија | пред 1 година

media-librarym4fg7d7bg45tcKxE2pG

Мицкоски: Секој кој ја добил довербата на граѓаните, и кој работи напорно, чесно, трудољубиво, е денешниот современ патриот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во општина Дојран, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември годинава. Мицкоски зборуваше за случувањата за време на изборната кампања и за тоа што следува во наредниот период. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ  е партија која легитимитетот го црпи од граѓаните, а како што вели, секој оној кој ја добил довербата од народот и работи чесно и трудољубиво е денешниот современ патриот, или

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања