Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

миле лефков

Нема фотографија

Лефков: Има ли некој кој уште го сфаќа сериозно Пендаровски?

„Пендаровски нема еден став кој го кажал и задржал. Додека власта на СДС и ДУИ зад сцена преговараа со Бугарија, Пендаровски глумеше патриот и ја замајуваше јавноста. Пендаровски тврдеше дека никој од бугарска страна не барал промена на Уставот на Македонија. Тој отиде и чекор понатаму и кажа дека е вон памет да се разговара за било каква промена на устав или анекс на договорот со Бугарија.Не само што Бугарија побара промена на Уставот, а владата и Пендаровски прифатија, туку истите активно се вклучија во кампања да ја убедуваат јавноста зошто треба да се промени Уставот.Пендаровски лично е главен застапник на идејата за промена на Уставот, и лично кажа дека токму тој е човекот кој го преговарал анексот како што сам го нарекува, т.е. бугарскиот диктат.Кога Пендаровски лажеше кога тврдеше дека вон памет е да се менува Уставот или сега кога е главен лобист за промена на Уставот?Има ли Пендаровски став кој не го погазил? Останал ли човекот автентичен во нешто друго освен во лагата?И самиот Стево Пендаровски знае дека лаже, манипулира и нема достоинство. И самиот Пендаровски е свесен дека нема да биде избран повторно, затоа што народот не поддржува политичари кои манипулираат со националните чувства и ги распродаваат.Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, вели Миле Лефков член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Македонија | пред 1 година

mile05032024

Лефков: Пендаровски лажеше кога викаше "Нема правда, нема мир"

„Стево Пендаровски дојде на власт на бранот "Нема правда, нема мир", го промовираше СЈО како институција која ќе ја донесе правдата и излажа.Ниту правда, ниту мир имаше со Пендаровски 5 години. Ниту пак СЈО значеше правда, напротив неправда и криминал.Откако излажа се што можеше да се излаже, на крај Стево Пендаровски си го покажа вистинското лице, а тоа е дека "Нема правда, нема мир" беше манипулација, за да дојде СДС на власт, а СЈО алатка за прогон.Да го погледнеме видеото како Пендаровски ја лажеше јавноста.На крај Пендаровски не само што призна дека се што ветувал било лага, туку и ги потпиша измените во КЗ за застарување на голем број кривични дела, аболирајќи луѓе од власта, но и сите оние кои сега додека е СДС на власт испумпаа милиони.Пендаровски ја урниса правдата, и кумува на криминалот.Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“ вели Лефков.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Лефков: Силјновска Давкова ќе биде претседател кој ќе ги преставува сите граѓани и нема да менува ставови секој ден како што прави Пендаровски

Во денешното гостување во Слободен печат пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков истакна дека потребно е Македонија да има претседател кој е непартиски и натпартиски.„Потребно е да имаме претседател кој е непартиски и натпартиски кој ќе ги претставува сите граѓани, кој нема да менува ставови од ден за ден и кој нема да биде заложник“, рече Лефков.Запрашан за тоа дали Гордана Силјановска Давкова е натпартиска, Лефков истакна дека:„Апсолутно и во тоа се уверени граѓаните затоа што имаа и прилика да го дадат својот глас на претходните избори каде видовме целосна доминација во првиот круг, меѓутоа потоа таа стана наша колешка во Собранието. Таа е еден одличен правник, професор, со брилијантен ум кога станува збор за правото, принципите и држење до принципите. Таа покажа во изминатите години дека таа го поседува се она што недостасува кај сегашниот претседател Пендаровски“, вели Лефков.Лефков е дециден дека победата на ВМРО-ДПМНЕ е извесна.„Од она што го гледаме на терен, победата е извесна но тоа не значи дека ќе застанеме овде. Ако ги погледнете активностите на партијата каде има секојдневни средби, секојдневно сме на терен и во комуникација со граѓаните слушаме она што има да ни го кажат она што има да го дадат како забелешка на власта и на нас“, заклучи Лефков.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Лефков до Груби: Ќе одговарате и ти и Ковачевски, знаете дека Мицкоски пардон со криминалот нема да има

Ниту Груби, ниту Димитар Ковачевски нема да се спасат од одговорност за криминалот кој со години го прават, под превезот на ЕУ интеграцијата, која ја злоупотребуваат за богатење и крадење и ја крадат иднината на граѓаните, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.„Груби многу добро знае дека со Христијан Мицкоски нема да му поминуваат криминалите, знае дека ќе одговара и знае дека нема да избега од правдата, затоа и сите напади од него и од Ковачевски се упатени кон Мицкоски, затоа што знаат дека пардон за криминалот нема да има.Груби ќе одговарате и ти и Ковачевски, тоа да го знаете“ порача Лефков.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2023-02-14-180604

(ВИДЕО) „Парите ги даваме по бензиски и сервиси“, вели пратеник за патните трошоци

Во оваа владина реконструкција се влегува со единствена цел, да се заштити позицијата на власта. За жал имаме една криминална влада која се занимава само со распродавање, без разлика дали се тоа национални интереси или криминални тендери. Гледаме како неизбран премиер предлага реконструкција на влада. Практично хаосот од извршната власт се пренесува во Собрание, ова во интервју за „Макфакс“ го истакнува Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.Имаме министри, оценува Лефков кои се разрешуваат и се именуваат исклучиво на коалициони средби и за задоволување на тесно партиски интереси.„Апсолутно нема да гласаме „ЗА“, имаме катастрофални предлози“, потенцира тој.„Најкатегорично ќе речам дека нема да гласаме за Уставот“, вели Лефков додавајќи дека треба да се стави крај на можноста од купување и пазарење со пратениците.„На цела нечесност да ја додадеме уште и можноста за уценување, купување или пазар со пратениците, мислам дека не ни треба тоа, дури ниту како тема. Ваква промена на Уставот нема да дозволиме. Од оние што ја водат државата да бидеме сериозно сфатени и да престанат со приказните за вршење на одреден притисок на пратеници, затоа што тоа е навистина понижувачко.Во Македонија терминот пратеник асоцира на патни трошоци, нагласува Лефков.„Немаме службени возила, пратениците сами си ги одржуваат возилата, сами менуваат гуми, сами менуваат опрема, сами ги регистрираат. Владата е попривилигирана“, појаснува Лефков, правдајќи ги парите од патните трошоци за пратениците.Дали уште се во „љубов“ со Левица, има ли пазар меѓу пратениците за уставните измени, за можна коалциција со ДС, Беса и Алтернатива, за висината на пратеничката плата, дали има злоупотреба на патните трошоци и слично, во интервју за „Макфакс“ одговара пратеникот Миле Лефков.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања