Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

МВР

IMG_4867

Mлад тетовец нападнал пешак, па го удрил со автомобил, објави МВР

Според информацијата објавена од МВР, на 13 април 2026 година во 23:00 часот во селото Јажинце, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Б. (18) од истото село.Претходно, според пријавата од М.С. (22), по меѓусебна расправија пред угостителски објект во селото, Б.Б. физички го нападнал, а потоа, додека М.С. пеш се движел, бил удрен од патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот.Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 2 дена

IMG_4867

Драма во Штип: Се претставил како полицаец, одзел возило, удрил во паркиран автомобил и нападнал полицаец

Полицијата уапси 46-годишен маж од Штип кој лажно се претставил како полициски службеник, одзел возило, предизвикал сообраќајна незгода и при апсењето нападнал полицаец.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска околу 09:00 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Х.Ј. (46) во угостителски објект на улицата „Сутјеска“ во Штип.Според информациите, околу 08:00 часот пред влезот на средно училиште во Штип тој го сопрел М.А. од Штип и, претставувајќи се лажно како полицаец, извршил лажен претрес на службено возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, по што му го одзел возилото и се упатил кон населбата Ново Село.Додека се движел со возилото, Б.Х.Ј. предизвикал сообраќајна незгода на улицата „Маршал Тито“, удирајќи во паркиран автомобил, а потоа продолжил кон центарот на градот.Околу 08:45 часот на улицата „Сутјеска“ пресретнал жена од Штип која шетала куче и насилно ѝ го одзел кучето, по што се оддалечил од местото.По преземени мерки од страна на полициските службеници, возилото било лоцирано, а осомничениот уапсен. При лишувањето од слобода, полициски службеник се здобил со телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.Од МВР додаваат дека во текот на ноќта истото лице било пријавено и за уште два инциденти – расправија и упатување навреди, како и за оштетување банкомат во објект на улицата „Сутјеска“.По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 седмица

policija-policaec

Во еден ден се приведени 23 возачи, меѓу нив малолетник – фатени без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана, велат од МВР

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден на целата територија на државата лишиле од слобода вкупно 23 возачи, поради сериозни прекршоци во сообраќајот, соопшти МВР.Како што информираат од Министерството, 11 возачи биле приведени затоа што управувале возило без возачка дозвола, при што е евидентиран и еден малолетник. Девет лица биле лишени од слобода поради управување возило под дејство на алкохол, а едно лице било приведено затоа што возело и покрај изречена активна забрана за управување.Најголем број лишувања од слобода се реализирани на подрачјето на СВР Тетово (седум) и СВР Куманово (пет). По три возачи биле лишени од слобода на подрачјата на СВР Скопје и СВР Штип, по два во СВР Велес и СВР Битола, а еден на подрачјето на СВР Струмица.Од МВР наведуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Воедно, Министерството упати апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да не управуваат возило без положен возачки испит, да не возат доколку им е изречена забрана за управување и да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе за побезбеден сообраќај.

Македонија | пред 1 седмица

media-library7kala6s7poqa80pAKOC

За две недели: 21 кривична пријава за семејно насилство, пет за родово базирано насилство и пет мерки притвор

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на последните две недели поднело 21 кривична пријава за вкупно 25 кривични дела поврзани со семејно насилство, при што шест пријави биле поднесени по брза постапка.На подрачјето на СВР Скопје, според соопштението, поднесени се и пет кривични пријави за родово базирано насилство. Од нив, три се однесуваат на делото „загрозување на сигурноста“, а две на кривичното дело „демнење“.Во истиот период се определени пет мерки „притвор“, како и една мерка „претпазливост“ на подрачјето на СВР Скопје.Како најзастапени кривични дела во делот на семејното насилство МВР ги наведува „загрозување на сигурноста“ (11 случаи) и „телесна повреда“ (10 случаи). Дополнително, регистрирани се по еден случај за „тешка телесна повреда“, „неизвршување судска одлука“, „противправно лишување од слобода“, „обид за убиство“ и „полов напад и силување“.За случајот „обид за убиство“ во Скопје од пред неколку дена, МВР посочува дека сторителот е лишен од слобода и дека се преземаат интензивни мерки за целосно документирање на настанот и за поднесување соодветна кривична пријава.По сектори за внатрешни работи, распределбата на поднесените пријави за семејно насилство е следна:СВР Скопје – 5 кривични пријавиСВР Куманово – 2СВР Штип – 3СВР Охрид – 4СВР Струмица – 5СВР Тетово – 1СВР Велес – 1МВР додава дека во наведениот двонеделен период на територијата на целата држава биле пријавени 39 настани поврзани со кривични дела со семејно насилство, како и 63 поплаки во врска со семејно насилство.Во контекст на споредбите со изминатите години, од МВР нагласуваат дека во 2025 година е забележан тренд на зголемување на бројот на изречени мерки „притвор“ во рамки на кривичните пријави по брза постапка, а тој тренд продолжува и во 2026 година, особено по законските измени.

Македонија | пред 1 седмица

264426592_460370035476926_783367394729159426_n

МВР: Забраната за управување возило веќе не се впишува во возачката дозвола – стартува по втората СМС-порака

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја информира јавноста дека стапуваат во примена законски измени поврзани со управната постапка за возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди.Според новите одредби, извршувањето на забраната повеќе нема да се спроведува со физичко впишување во самата возачка дозвола. Со тоа, се укинува потребата граѓаните дополнително да плаќаат за издавање нова возачка дозвола само поради впишана забрана, со ист рок на важност.Наместо физичко евидентирање, МВР воведува дигитален начин на известување преку две текстуални пораки (СМС) и електронска пошта. Во рамки на новиот процес, граѓаните прво ќе добијат порака приближно седум дена по пополнувањето на изјавата со контакт-податоци, во која ќе бидат наведени видот и времетраењето на изречената забрана.Осум дена по приемот на првата порака, следува и втора СМС-порака. Токму од моментот на приемот на втората порака, забраната официјално започнува да тече. Од Министерството нагласуваат дека забраната не започнува од денот на пополнување на изјавата во одделенијата за управни работи, туку исклучиво по приемот на втората текстуална порака.МВР најавува дека во следна фаза ќе овозможи извршувањето на забраната да започнува веднаш по ажурирањето на податоците, со што постапката дополнително би се скратила. Како што информира Министерството, досега по новиот начин се реализирани над 3000 забрани за управување со моторно возило, изречени со правосилни судски пресуди.Воедно, МВР упатува апел до граѓаните за кои има донесено правосилни пресуди со ваков вид санкција, а до кои е испратена покана, да се јават во надлежните организациони единици за управни работи за доставување и ажурирање на контакт-податоците (мобилен број и е-пошта). Ова, како што посочуваат, е предуслов за правилно и навремено извршување на санкцијата и за избегнување недоразбирања.Дополнително, од МВР порачуваат дека и за граѓаните кои имаат намера да го избегнат извршувањето на забраната, а за кои Министерството веќе располага со контакт-податоци, санкцијата ќе биде реализирана и тие ќе бидат известени по ист пат – преку СМС и е-пошта.Министерството наведува и дека, покрај забраните од правосилни судски пресуди, паралелно и целосно автоматизирано се спроведуваат и забраните констатирани преку системот „Безбеден град“, при што известувањето е исто – преку СМС и електронска пошта – за прекршоци за кои законот предвидува ваква санкција и за кои граѓаните ја прифатиле одговорноста и ја платиле предвидената глоба.Со овие измени, според МВР, постапката станува побрза и поефикасна, а административните обврски за граѓаните значително се намалуваат.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryt13osopq3vmaaaCkIaG

Со туѓ Голф удрил во маркет и избегал, вработена со телесни повреди

На 26.02.2026 во 22:40 часот во СВР Тетово, Ќ.И.(78) од с.Стримница пријави дека одземено е патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го користел со дозвола од сопственикот и било оставено паркирано со клуч на бравата.Лицето кое го одзело возилото, се движело кон с.Палатица кога предизвикало сообраќајна незгода и удрило во објект на маркет, по што го напуштило местото. Во несреќата, со телесни повреди се здобила Л.К.(23) од Палатица, вработена во маркетот, а предизвикана е и материјална штета на објектот.Возилото е одземено и сместено во кругот на СВР Тетово по наредба на јавен обвинител, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi74sgg7bee2a9a5IPKE

11 возачи пијани зад волан во Велешко, две лица лишени од слобода

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на ноќта меѓу 20 и 21 февруари 2026 година, во периодот од 21.00 до 03.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спровела акциска контрола на подрачјето на СВР Велес, односно ОВР Кавадарци.Во рамки на контролата изречени се вкупно 20 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив, 11 возачи биле санкционирани и исклучени од сообраќај поради управување моторно возило под дејство на алкохол. Две лица се лишени од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, а согласно член 300 од Кривичниот законик одземени се две моторни возила. Дополнително, санкционирани се девет возачи за други сообраќајни прекршоци.Во истиот период, на целата територија на државата, полициски службеници лишиле од слобода 11 лица, од кои девет поради управување возило без возачка дозвола, а две поради управување под дејство на алкохол.Без возачка дозвола биле затекнати возачи од Тетово, Кавадарци, Скопје, Дојран, Гевгелија и Струга, при што возач од Гевгелија управувал и возило со истечена регистрација. Двајца возачи од Кочани биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол, со измерени 1,83 и 2,91 промили алкохол во крвта.Сите лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, нагласувајќи дека управувањето возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола претставува сериозна закана за безбедноста на граѓаните.

Македонија | пред 3 седмици

policiska-lenta

Постојат сомнежи дека 25-годишник извршил повеќе убиства: се продлабочува истрагата по убиството на жената во Челопек

Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишно лице осомничено за кривично дело убиство по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.Според наводите, во периодот од 27 јануари до 12 февруари 2026 година, во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, осомничениот со умисла на свиреп и подмолен начин лишил од живот жена родена во 1947 година. Тој ја искористил околноста што жртвата живеела сама, била стара и немоќна. Кога влегол во куќата, таа спиела, по што физички ја нападнал и ѝ нанел повеќе тешки телесни повреди, од кои починала.Со координирани дејствија на обвинителството, Министерството за внатрешни работи и екипи од Институт за судска медицина обезбедени се докази што укажуваат на можна поврзаност на овој настан со неколку други слични случаи во кумановскиот регион.„Заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува дали и во тие случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител. За една од потенцијалните жртви вчера беше наредена ексхумација и обдукција, од телото на починатата жена се подигнати траги и ДНК кои се вештачат. Истражните органи работат на сложени вештачења и анализи, како и други дејствија за обезбедување докази, кои во моментов не можат да бидат споделени со јавноста поради тајноста на постапката“, велат од Обвинителството.Осомничениот е лишен од слобода и му е определена мерка притвор. Наредено е и психијатриско вештачење од тим форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје. Истрагата е во тек, а дел од доказните дејствија засега не се соопштуваат поради тајноста на постапката.

Македонија | пред 3 седмици

zabava-2

Малолетници послужени со алкохол во Велес, ќе следуваат пријави

Во акциска контрола спроведена во Велес, полициски службеници затекнале малолетници во угостителски објект по полноќ, при што на дел од нив им бил послужен алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.Контролата била извршена во периодот од 23:00 до 01:00 часот, ноќта меѓу 14 и 15 февруари 2026 година, од страна на полициски службеници од СВР Велес, во три угостителски објекти. Акцијата била насочена кон утврдување на присуство на малолетници во објекти по 24:00 часот, како и кон евентуално точење алкохол на лица под законски дозволената возраст.Во еден од контролираните објекти биле затекнати две малолетни лица кои биле послужени со алкохол, додека на уште пет малолетници им било овозможено присуство во објектот по полноќ.Со вработена во угостителскиот објект бил извршен службен разговор, а малолетните лица биле предадени на нивните родители. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 месец

DSC_0402

Вчера се уапсени десет возачи

Десет возачи вчера биле лишени од слобода на територијата на целата држава поради управување возило без возачка дозвола, со активна забрана за управување или под дејство на алкохол, информира Министерството за внатрешни работи.Според податоците, двајца возачи биле приведени во Тетово, а по еден во Куманово, Битола, Свети Николе, Штип и Кочани, затоа што управувале моторни возила без положен возачки испит и без да поседуваат соодветна дозвола.Во Велес и во Свети Николе биле приведени уште двајца возачи кои управувале возила и покрај тоа што имале изречена мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Во гевгелиско, пак, бил лишен од слобода еден возач кој управувал под дејство на алкохол.Сите лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytljvsfk8b6jm7xCIUCF

МВР со нови приводувања за безобѕирно управување возила во Пелагонија

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи лишија од слобода тројца возачи во Крушево, Прилеп и Битола, откако било утврдено дека управувале моторни возила под дејство на алкохол.На 1 февруари 2026 година во 01:05 часот, на улицата „Тодор Проески“ во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го привеле Д.Д. (23) од Прилеп. При сообраќајна контрола било запрено патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што алкотестот покажал 1,58 промили алкохол во крвта.Претходно, на 31 јануари 2026 година во 18:37 часот, на место викано „Стопанство“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Д. (51) од селото Кривогаштани, прилепско. При контрола било запрено патничко возило „фиат“ со прилепски регистарски ознаки, а кај возачот биле измерени 3,37 промили алкохол во крвта.На 1 февруари 2026 година во 02:12 часот, на улицата „4 Ноември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го привеле С.Н. (21) од селото Брусник, битолско. Тој управувал патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, а при алкотестирање било утврдено присуство на 1,54 промили алкохол во крвта.По целосно документирање на настаните, против сите три лица ќе бидат поднесени соодветни пријави за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Македонија | пред 1 месец

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи

На 25.01.2026 во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска Бригада“ и ул. „Интернационални Бригади“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(45) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Судската медицина, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.На 24.01.2026 во 15:43 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на ул. „Маршал Тито“ во Кочани, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(34) од с. Чешиново, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани, по што по укажана лекарска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кочани.Истиот ден, во 15:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Маврово – Дебар, кај Ростушки мост, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки, управувано од И.Т.(40) од Република Албанија, излетало од коловозот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Т.(69) од Република Албанија, констатирани во Медицинскиот центар „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Повеќе кривични пријави и приведувања за дрога во Гостивар, Скопје и Охрид

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.И.(23) од с. Дебреше, гостиварско и Ј.Х.(27) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори‘‘. На 11.08.2025 на паркинг простор пред угостителски објект на магистралниот пат Гостивар- Кичево, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, при што кај пријавените била пронајдена и одземена марихуана.На 13/14.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.М.(22), М.И.(39) и Б.А.(33), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.СВР Охрид до Основното јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против Р.В.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.04.2025 на паркинг простор на хотел во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршиле преглед во патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот, а во кое имало уште три лица, при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryfdvu0vbd3h6l2aFFODu

Обид за грабеж во Кисела Вода, приведени лица за дрога и пријавен физички напад во трговски центар

Во текот на ноќта и денот меѓу 11 и 12 јануари 2026 година, на подрачјето на Скопје биле пријавени повеќе одделни инциденти, за кои Министерството за внатрешни работи информира дека се преземаат мерки за нивно целосно расчистување.Од МВР соопштија дека на 12 јануари 2026 година во 01:26 часот во СВР Скопје било пријавено оти околу 01:05 часот, на бензинска пумпа на подрачјето на Кисела Вода, две лица со закани кон вработениот се обиделе да одземат пари. Според пријавата, обидот за грабеж не бил успешен, а полицијата работи на утврдување на идентитетот на сторителите и на сите околности поврзани со настанот.Во друг случај, во периодот од 11 кон 12 јануари, полициски службеници од СВР Скопје, на различни локации во градот, ги лишиле од слобода А.Д. (20) и М.Б. (28), двајцата од Скопје. Кај нив била пронајдена и одземена марихуана, како и дробилка. Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Дополнително, на 11 јануари 2026 година во 13:10 часот, во СВР Скопје С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот, во трговски центар на подрачјето на Центар, била физички нападната од М.Д. (56), додека машко лице кое било во нејзино друштво ја снимало со мобилен телефон. Истовремено, и М.Д. поднела пријава, тврдејќи дека таа била физички нападната од С.К.П.Од МВР информираат дека и за овој настан се преземаат мерки за утврдување на фактичката состојба и за целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни постапки согласно закон.

Скопје | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-32-9790PM

Две жени се прегазени во Скопје и еден судар во Битола, три сообраќајни несреќи во еден ден

Во текот на 8. јануари 2026 година се случиле три сообраќајни несреќи во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди, информираат од МВР.Во 06:50 часот, во селото Петровец, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишен жител на Петровец, удрило во 61-годишна жена од Скопје. Повредената била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.Во 12:00 часот, на крстосницата меѓу улиците „Московска“ и „Женевска“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 54-годишен жител на Скопје, удрило во 74-годишна жена од Скопје. Таа со тешки телесни повреди била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Во 14:54 часот, на крстосницата од улиците „8 Септември“, „Крсте Нале“ и „Раштанска“ во Битола, се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „сеат ибица“, управувано од 19-годишен жител на Битола, и патничко возило „опел астра“, управувано од 46-годишна жена од селото Кукуречани. Жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола.За сите три сообраќајни несреќи бил извршен увид од надлежни полициски екипи.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања