Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

media-libraryovtf8fehm0ru0vta4q4

МВР отвори постапка по фотографиите со попот и осветувањето на полициските возила

Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности за целосно утврдување на околностите поврзани со фотографиите на кои се гледа верски обред врз службени полициски возила во кругот на Министерството.„Во однос на објавените фотографии за кои прашувате, Министерството за внатрешни работи ве известува дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема соодветни мерки и активности за целосно утврдување на околностите, по што јавноста ќе биде соодветно информирана“, наведуваат од МВР за „Скопје1“Фотографиите, кои во изминатите денови се проширија на социјалните мрежи, предизвикаа бурни реакции во јавноста. На нив се забележува свештеник како врши верски обред и осветување на службени возила во дворот на МВР, при што се присутни и полициски службеници.Дел од граѓаните го оправдуваат ваквиот чин, посочувајќи дека во православната традиција постои молитва за осветување на возила и дека станува збор за симболичен гест со цел заштита и безбедност. Наспроти тоа, друг дел од јавноста остро реагира, оценувајќи дека ваквата практика е спротивна на уставното начело на секуларност и дека државните институции мора да бидат верски неутрални.Новинарот Фуркан Салиу од „ПорталХ“ јавно реагираше, оценувајќи дека не станува збор за традиција, туку за сериозно прашање на уставност.„Полицијата во Македонија е мултиетничка, мултирелигиска и мора да им служи на сите еднакво. Таа не припаѓа на ниту една вера. Кога една вера добива официјален простор во полицијата, пораката до другите е јасна – оваа институција има доминантна вера. Ова не е симболика, туку институционализација на религијата и кршење на Уставот, кој ја дефинира државата како секуларна“, напиша Салиу.Дебатата повторно го отвори прашањето за границата меѓу верските обичаи и функционирањето на секуларните државни институции, како и за потребата од јасни правила и одговорност во јавниот простор. Слични реакции во јавноста имаше и пред една година, кога беше извршен верски обред во Собранието.Од МВР најавуваат дека по завршување на постапката за утврдување на фактите, јавноста ќе биде дополнително информирана.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryu9q1bfj5h0s4cwWbyan

(Фото) Среќа што немало пешак: возач излета со возилото во приватен двор во Волково

Автомобил излетал од коловозот, се искачил на тротоар и удрил во ограда на приватен имот во Волково, во близина на местото викано „Шкорпион“ во Ѓорче Петров. Инцидентот се случи во вечерва, а според сведоштво на очевидец, за среќа во моментот на несреќата на тротоарот немало пешаци ниту други возила.Од фотографиите и пораките што ги испрати очевидецот, може да се види дека дека невниманието на возачот можело да доведе до голема катастрофа. Повикана беше полиција која правеше увид, а возачот ќе биде тестиран за алкохол.„Излета на тротоар и удри кај комшијата во ограда. Лом им направи. Среќа што немаше возила и луѓе на тротоар. Овде е страшно да се живее веќе. Хаос“, стои во сведочењето за „Скопје1“.Жителите реагираат дека ваквите сообраќајни инциденти се зачестени и апелираат до институциите за зголемени контроли, особено во вечерните и ноќните часови, како и за подобра сообраќајна сигнализација и физички мерки за заштита на пешаците.Повеќе информации се очекуваат од МВР во текот на утрешниот ден.ПРЕТХОДНО во близина на истава локација:

Скопје | пред 1 месец

media-library1mf4i5o2oikv8Ad7wr4

По расправија во домот, 33-годишна жена пријавена за напад врз сопругот

Полициски службеници од СВР Скопје на 5 јануари 2026 година извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава за семејно насилство, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, 37-годишен маж пријавил дека на 1 јануари 2026 година, во семејниот дом во скопско, по претходна расправија бил физички нападнат од неговата 33-годишна сопруга.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, согласно законските прописи.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryd8btfq8b9h6tbQApj07

Украдени неколку парчиња оружје од „Паркови и зеленило“

Во СВР Скопје е пријавена тешка кражба во објект во сопственост на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 5 јануари 2026 година околу 9 часот, од јавното претпријатие било пријавено дека во периодот од 2 до 5 јануари 2026 година, во барака на подрачјето на општина Карпош, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба.При провалата, од сеф биле одземени неколку парчиња огнено оружје, кое било користено од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.

Скопје | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-46-0730PM

Прегазен пешак во Гостивар, повредени тинејџери во Скопско – две тешки сообраќајни несреќи за еден ден

Во текот на 5 јануари се случиле две сериозни сообраќајни несреќи во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди, меѓу кои и малолетници.Во село Бојане, скопско, 47-годишен возач од тетовското село Рогле управувајќи возило „Ауди“ со италијански регистарски таблички изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид. Во несреќата тешко бил повреден 17-годишен сопатник од Тетово, а 14-годишна сопатничка се здобила со телесни повреди. Повредените се пренесени во Клиничката болница во Тетово и на Клиниките „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од екипа на СВР Скопје.На регионалниот пат Гостивар – село Градец, во населба Млаки, возач на „Мерцедес“ од Врапчиште удрил во 69-годишен пешак од Гостивар, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен е увид од екипа на ОВР Гостивар.Полицијата работи на утврдување на причините за двете несреќи.

Македонија | пред 1 месец

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје поради „Бадниковите поворки“

По повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје денеска ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, велат од МВР.

Скопје | пред 1 месец

media-library2sm50ffghiag8nQGECp

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради Бадниковите поворки

Утре, 6 јануари 2026 година, по повод големиот христијански празник Бадник, на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во рамки на традиционалните „Бадникови поворки“.Според најавата, поворката ќе се движи по траса што започнува пред општинската зграда на Општина Кисела Вода, по улицата „Борис Трајковски“, потоа лево по булеварот „Македонија“, во продолжение по улицата „Св. Кирил и Методиј“ до Музејот на Град Скопје. Од таму, поворката ќе продолжи по улицата „Македонија“ сè до плоштадот „Македонија“, каде ќе се одржи централната манифестација.Поради настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот и воведување посебен режим на сообраќај на улиците по кои ќе се движат Бадниковите поворки, како и во близина на верските објекти.Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на манифестацијата.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Две лица уапсени во Кичево — осомничени за напад со нож!

На 04.01.2026 во 14:45 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода А.А.(45) и Ј.Д.(36), двајцата од Кичево. Тие се сомничат дека околу 13:30 часот во близина на с.Трапчин дол, кичевско, на место викано „Сеферов бунар“, по претходна расправија, со нож го нападнале и му нанеле убодни рани на Б.А.(38) од Кичево, кој по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.При претреси во нивните домови, извршени по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција пронајдоа ножеви, додека кај Ј.Д. се пронајдени шприц исполнет со течна кафеава материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-40-8410PM

Почина 83-годишен возач на мопед по сообраќајка кај Крива Паланка

На 04.01.2026 во 11:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на локалниот пат во с.Дурачка Река, кривопаланечко, кај место викано „Мушкаричина бавча“, 83-годишниот К.М. од с.Кошари, кривопаланечко, управувајќи мопед „томос“, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на Судска медицина за обдукција, а увид извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка.

Македонија | пред 1 месец

DSC_4068

Возеле со 168 и 188 километри на час, а и пијани: МВР приведе шест возачи во Штип, Струмица и Охрид

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во текот на 4 и 5 јануари 2026 година полициските службеници лишиле од слобода повеќе лица поради управување возила под дејство на алкохол и поради екстремно пречекорување на дозволената брзина.На 5 јануари 2026 година, во 01:51 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З. (59) од Штип. При контрола во патниот сообраќај било сопрено патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски таблички, кое го управувал осомничениот. По преземените мерки било утврдено дека тој возел под дејство на алкохол, со 1,66 промили алкохол во крвта, по што бил веднаш исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.Ден претходно, на 4 јануари 2026 година во 04:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода П.Т. (27) од селото Добрејци, струмичко. Тој управувал патничко возило „киа“, а при контролата било констатирано дека има 1,70 промили алкохол во крвта. И во овој случај возачот бил веднаш исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.Истиот ден, во 01:45 часот во Струмица, бил лишен од слобода и К.Р. (56) од селото Нова Маала, општина Василево. Тој управувал патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки и кај него биле измерени 1,61 промили алкохол во крвта.Полицијата привела и лица поради екстремно пречекорување на дозволената брзина. На 4 јануари 2026 година во 14:28 часот во Струмица бил лишен од слобода С.Б. (27) од Италија, кој управувал патничко возило „ренџ ровер“ со италијански регистарски ознаки со брзина од 124 километри на час во населено место каде дозволената брзина е 50 километри на час.Неколку часа претходно, во 13:13 часот на магистралниот пат А-4, на паркингот кај Дукатино, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода В.М. (43) од селото Дабиле, струмичко. Тој управувал патничко возило „фолксваген артеон“ со италијански регистарски таблички со брзина од 168 километри на час на делница каде сообраќајниот знак ограничува брзина од 80 километри на час.На магистралниот пат Кичево–Охрид, кај селото Ново Село, на 4 јануари 2026 година во 16:20 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Л. (29) од селото Мешеишта, општина Дебарца, со престој во Германија. Тој управувал патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки со брзина од 188 километри на час на делница каде максимално дозволената брзина е 100 километри на час.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на настаните, против сите приведени лица ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryek957su51n7sdI3RENY

Двајца кавадарчани приведени за кражба на клупа од јавен простор

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци синоќа лишиле од слобода две лица осомничени за кражба на општинска клупа од јавен простор во градот.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 3 јануари 2026 година околу 22 часот биле приведени Е.М. (23) и А.М. (26), двајцата од Кавадарци, по претходна пријава дека на улицата „Видое Смилевски Бато“ одзеле клупа во сопственост на Општина Кавадарци.По пријавата, полициските службеници извршиле преглед на патничко возило марка „форд“ со кавадаречки регистарски таблички, управувано од А.М., при што во возилото била пронајдена и одземена клупата.Двете лица биле спроведени во полициска станица, а одземениот предмет ќе биде вратен на сопственикот. По целосно документирање на настанот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Македонија | пред 1 месец

media-library0c1d10tn5lbl6PRHVK6

Приведен жител на Стримница по закани со нож кон градоначалникот на Желино

Полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода Ф.Б. (34) од тетовското село Стримница, по пријава дека се заканувал со остар предмет на градоначалникот на Општина Желино, соопшти Министерството за внатрешни работи.Како што информира МВР, на 2 јануари 2026 година во 17:45 часот, полицијата постапила по претходна пријава според која околу 10:00 часот истиот ден, во просториите на Општина Желино, осомничениот со остар предмет упатувал закани кон Б.С. (40) од селото Копачин Дол, кој ја извршува функцијата градоначалник на општината.По преземените мерки, Ф.Б. бил приведен и задржан во полициска станица. Од МВР наведуваат дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

Пукале од оружје на семејна веселба во Лажани, две лица приведени

Две лица од селото Лажани, општина Долнени, беа лишени од слобода откако за време на семејна веселба пукале од огнено оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи.Настанот се случил на 2 јануари 2026 година околу 09:30 часот, кога полициски службеници од Полициското одделение Ропотово интервенирале во селото Лажани. Според официјалните информации, М.С. (36) управувал патничко возило „фиат хрома“ со прилепски регистарски ознаки, а С.Б. (29) управувал „мерцедес“ со германски национални ознаки. Двајцата биле дел од колона возила организирана по повод семејна прослава, при што од нивните возила биле испукани повеќе куршуми.При полициската интервенција, од М.С. бил одземен гасен пиштол марка „Reaty Eagle“ со 40 куршуми калибар 9 милиметри, додека од С.Б. бил одземен гасен пиштол марка „Walther“ со 12 куршуми од ист калибар.За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против двете лица ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 1 месец

media-library685grc73v322a5sCNBW

Тошковски: МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница, при што се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен.„Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир.“, потенцираше министерот Тошковски.При посетата на Полициското одделение Ростуше беше разгледана можноста за обука на полициски службеници за вршење увиди на сообраќајни незгоди, што ќе овозможи побрзо и поефикасно завршување на постапките на лице место. Оваа мерка ќе придонесе за намалување на времето на чекање, избегнување подолготрајни блокади на сообраќајниците и зголемување на функционалноста на системот, имајќи предвид дека досега овие увиди ги вршеа екипи од Гостивар.Во Полициската станица за граничен надзор Жировница беше отворено и прашањето за можност дел од просторот во рамки на станицата да биде отстапен на општината, со цел обезбедување паркинг простор за жителите, како практично и рационално решение во интерес на локалната заедница.

Македонија | пред 1 месец

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

МВР со детали за апсењето на убиецот на Тучинот во скопската чаршија

Полициски службеници од  Единица за насилен криминал, Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, врз основа на наредби од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје презедоа повеќе дејствија за обезбедување докази со кои целосно беше расчистен настанот кој се случи за време на новогодишната ноќ пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при кој со остар предмет беше лишен од живот А.М.Д.(22) од Турција, а Ч.Е.(23) од Турција беше повреден.Врз основа на обезбедените докази, Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава против М.Т. (25) од Република Турција со престојувалиште во Тетово бидејќи постои основано сомнение дека е извршител на кривично дело – Убиство од член 123, како и едно кривично дело Убиство во обид односно согласно член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Во рамките на преземените дејствија јавен обвинител нареди обдукција на починатиот, беа подигнати траги за вештачење, беа извршени разговори со повеќе лица, а беа обезбедени и снимки од видео надзор преку кои беше извршена идентификација на осомничениот.Имено, М.Т. на критичната ноќ во кафе бар во чаршијата започнал расправија со А.М.Д. и Ч.Е., по што двајцата оштетени заедно со други лица заминале кон плоштадот. Меѓутоа бидејќи не успеале да најдат такси повторно се вратиле кон чаршијата и поминале во близина на истиот кафе бар. При повторна средба со осомничениот, расправијата продолжила, а М.Т. извадил нож со кој му нанел четири удари во градниот кош и срцето на оштетениот А.М.Д., кој починал на лице место. Со еден удар му нанел телесна повреда – убодна рана во грбот и на Ч.Е., со намера и него да го лиши од живот, по што побегнал од местото на настанот.По преземени оперативно-тактички мерки од страна на органите на прогонот добиени се сознанија дека осомничениот М.Т. се наоѓа во Косово, каде е лишен од слобода од страна на косовските органи.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања