Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

media-library685grc73v322a5sCNBW

Тошковски: МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница, при што се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен.„Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир.“, потенцираше министерот Тошковски.При посетата на Полициското одделение Ростуше беше разгледана можноста за обука на полициски службеници за вршење увиди на сообраќајни незгоди, што ќе овозможи побрзо и поефикасно завршување на постапките на лице место. Оваа мерка ќе придонесе за намалување на времето на чекање, избегнување подолготрајни блокади на сообраќајниците и зголемување на функционалноста на системот, имајќи предвид дека досега овие увиди ги вршеа екипи од Гостивар.Во Полициската станица за граничен надзор Жировница беше отворено и прашањето за можност дел од просторот во рамки на станицата да биде отстапен на општината, со цел обезбедување паркинг простор за жителите, како практично и рационално решение во интерес на локалната заедница.

Македонија | пред 1 месец

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

МВР со детали за апсењето на убиецот на Тучинот во скопската чаршија

Полициски службеници од  Единица за насилен криминал, Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, врз основа на наредби од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје презедоа повеќе дејствија за обезбедување докази со кои целосно беше расчистен настанот кој се случи за време на новогодишната ноќ пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при кој со остар предмет беше лишен од живот А.М.Д.(22) од Турција, а Ч.Е.(23) од Турција беше повреден.Врз основа на обезбедените докази, Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава против М.Т. (25) од Република Турција со престојувалиште во Тетово бидејќи постои основано сомнение дека е извршител на кривично дело – Убиство од член 123, како и едно кривично дело Убиство во обид односно согласно член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Во рамките на преземените дејствија јавен обвинител нареди обдукција на починатиот, беа подигнати траги за вештачење, беа извршени разговори со повеќе лица, а беа обезбедени и снимки од видео надзор преку кои беше извршена идентификација на осомничениот.Имено, М.Т. на критичната ноќ во кафе бар во чаршијата започнал расправија со А.М.Д. и Ч.Е., по што двајцата оштетени заедно со други лица заминале кон плоштадот. Меѓутоа бидејќи не успеале да најдат такси повторно се вратиле кон чаршијата и поминале во близина на истиот кафе бар. При повторна средба со осомничениот, расправијата продолжила, а М.Т. извадил нож со кој му нанел четири удари во градниот кош и срцето на оштетениот А.М.Д., кој починал на лице место. Со еден удар му нанел телесна повреда – убодна рана во грбот и на Ч.Е., со намера и него да го лиши од живот, по што побегнал од местото на настанот.По преземени оперативно-тактички мерки од страна на органите на прогонот добиени се сознанија дека осомничениот М.Т. се наоѓа во Косово, каде е лишен од слобода од страна на косовските органи.

Скопје | пред 1 месец

toskovski

Рекордна заплена на кокаин: „Ова е количина колку за цел мандат на претходната власт“, вели Тошковски

Околу 10 килограми кокаин, со улична вредност од приближно еден милион евра, наменети за македонскиот пазар и за младите, се тргнати од улица во координирана полициска акција, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Според Тошковски, станува збор за исклучително значајна заплена, која, како што нагласи, по обем е еднаква на количината дрога што претходната влада ја запленила за целиот свој седумгодишен мандат.„Оваа акција е јасен показател за променетиот пристап и за зголемената оперативна ефикасност на институциите“, изјави Тошковски, потенцирајќи дека дрогата била директно наменета за домашниот пазар.Тој додаде дека борбата против организираниот нарко-криминал ќе продолжи континуирано, системски и без отстапки, со цел трајна заштита на безбедноста и здравјето на граѓаните, со посебен фокус на заштитата на младите од штетните последици на дрогата.

Македонија | пред 1 месец

pozarna-avtobus-nokje

МВР со биланс: Напади, агресивно однесување и пожар во новогодишната ноќ

Во текот на последниот ден од 2025 година и првите часови од 2026 година, на подрачјето на Скопје биле регистрирани повеќе инциденти поврзани со физички напади, нарушување на јавниот ред и мир и еден пожар, информира Министерството за внатрешни работи.На 31 декември во 10:40 часот, во СВР Скопје била пријавена физичка пресметка во парк во населбата Влае, при што, според пријавата на 42-годишна жена од село Волково, нејзината 16-годишна ќерка била нападната од двајца малолетници кои ги познавала. Настанот се случил претходната вечер околу 22:30 часот, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Истото попладне, во 17:10 часот, полициски службеници го привеле 42-годишниот С.Т. од Радовиш, кој на подрачјето на Општина Аеродром се однесувал агресивно и предизвикал нарушување на јавниот ред и мир во конфликт со три лица од Скопје. Кратко потоа, во 17:45 часот, во катна гаража во централното градско подрачје, по претходна расправија, избила физичка пресметка меѓу четири лица, од кои едно е државјанин на Сојузна Република Германија.Во 19:30 часот, по расправија за паркинг-место во центарот на градот, полициски службеници привеле тројца скопјани кои учествувале во меѓусебна физичка пресметка. Нешто подоцна, во 20:20 часот, 30-годишна жена пријавила дека била физички нападната од друго женско лице пред угостителски објект во централното подрачје на Скопје.Во првите часови од Новата година, во 04:15 часот, по завршување на забава во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, полицијата го привела 34-годишниот Д.М. од Валандово поради агресивно однесување кон полициски службеници за време на извршување на службени дејствија.Покрај нарушувањата на јавниот ред и мир, на 31 декември во 22:20 часот, во СВР Скопје било пријавено и дека во населбата Гази Баба избувнал пожар во штала во сопственост на 41-годишен скопјанец. Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Извршен бил увид од надлежните служби.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 месец

media-library39pj8tati59m4wEXqqz

Тешко повреден 12-годишник од петарда во парк во Скопје

Дванаесетгодишно дете од Скопје било тешко повредено од петарда во последните минути од 2025 година и е хоспитализирано на Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 31 декември 2025 година во 23:26 часот, во СВР Скопје од Ургентниот центар било пријавено дека кај нив е донесен малолетник со тешки телесни повреди. Според пријавеното, повредата настанала околу 23:00 часот во парк на подрачјето на Општина Аеродром.Првичните информации укажуваат дека петарда, фрлена од негов соученик, пукнала во раката на детето откако тој се обидел да ја тргне за да не му падне на главата. Повредениот малолетник бил итно пренесен на лекување, каде му била укажана медицинска помош.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Маж без документи пронајден мртов во првите минути од Новата година

Починато машко лице било пронајдено во првите минути од Новата година на автобуска постојка во централното градско подрачје на Скопје.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 јануари 2026 година во 00:05 часот, од Итна медицинска помош Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Општина Центар е пронајдено починато машко лице без лични документи. Според првичните информации, постои сомнеж дека станува збор за бездомно лице.Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот. По насоки на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, со цел утврдување на причините за смртта.Од МВР информираат дека се преземаат дополнителни активности за идентификација на лицето и целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

ubistvo-noz

МВР со детали за убиството во Старата чаршија: Жртвата починала на лице место

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во крвав инцидент што се случи во првите часови од Новата година во Старата скопска чаршија.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 јануари 2026 година во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при што биле употребени остри предмети.Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, каде што со повреди од остар предмет биле пронајдени две лица – А.М.Д. (22) и Ч.Е. (23), двајцата државјани на Турција. Кај А.М.Д., во 01:30 часот, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, додека второто повредено лице било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување медицинска помош.За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а од МВР информираат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со убиството.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhv2eabhl41837NKYkKm

Десет лица приведени во Скопје за поседување и трговија со дрога

Полициски службеници од СВР Скопје, во периодот од 31 декември 2025 до 1 јануари 2026 година, на повеќе локации низ главниот град лишиле од слобода десет лица поради сомнение за недозволена трговија и поседување наркотични средства.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, приведени се О.Р. (42), Б.М. (45), А.Т. (36), К.Г. (28) и С.С. (25), сите од Скопје, како и К.Г. (19) од селото Катланово, скопско, А.П. (37) од Кавадарци, Р.П. (31) и К.С. (27) од Куманово, како и Г.С.Ф. (23), државјанин на Турција.При полициските контроли кај приведените биле пронајдени и одземени различни видови наркотични материи, меѓу кои бела и розева прашкаста материја, марихуана, дробилка, како и други предмети поврзани со извршување на кривични дела.Од МВР информираат дека по целосно документирање на настаните ќе следуваат соодветни поднесоци до надлежните обвинителства.

Македонија | пред 1 месец

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

(Видео) Убиство во Старата чаршија за време на новогодишната ноќ: Турски државјанин загина, убиецот во бегство

Едно лице e убиено, а друго се здоби со тешки телесни повреди при инцидент што се случил во скопската Стара чаршија, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според неговите изјави, жртвата е турски државјанин, а кривичното дело било извршено со остар предмет.„Имаме едно лице кое е починато и едно лице со тешки телесни повреди. И убиството и тешката телесна повреда се извршени со остар нож. Постојат осомничени лица, но во овој момент не можам да изнесам повеќе детали, бидејќи едно од нив е во бегство“, изјави Тошковски.Министерот посочи дека во настанот учествувале повеќе лица и дека сите инволвирани биле странски државјани. Истрагата е во тек, а Министерството за внатрешни работи презема мерки за пронаоѓање на осомниченото лице.Покрај убиството, во текот на новогодишната ноќ во Скопје биле регистрирани и седум лица повредени при употреба на пиротехнички средства.Тошковски информираше дека во истиот период на територијата на главниот град се случиле вкупно 23 сообраќајни несреќи, од кои две завршиле со тешки телесни повреди.

Настани | пред 1 месец

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Инцидент во скопско Глуво: по вербален конфликт следела физичка пресметка

Во селото Глуво, во скопскиот регион, утрово бил нарушен јавниот ред и мир по претходна расправија која прераснала во физичка пресметка меѓу четири лица, при што бил употребен и тврд предмет.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 30 декември 2025 година во 08:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека по вербален конфликт дошло до тепачка помеѓу М.М.Б. (52) и М.Б. (28), двајцата од селото Глуво, од една страна, и С.Ч. (66) и Б.Ч. (44), двајцата од селото Мирковци, од друга страна.Според пријавеното, во текот на физичката пресметка бил употребен и тврд предмет, по што случајот бил пријавен во полиција. Засега не се соопштуваат детали за евентуални повреди кај учесниците во инцидентот.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните институции.

Скопје | пред 1 месец

pari

Се претставил дека работи во Кувајт и измамил скопјанец за 5.000 евра

Осумдесет и петгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен и останал без 5.000 евра, откако бил доведен во заблуда од две лица кои му оставиле лажни дијамантски алки како наводна гаранција.Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 30 декември 2025 година околу 16 часот во СВР Скопје, оштетениот пријавил дека измамата се случила неколку часа претходно, околу 11 часот, на подрачјето на општина Центар. Според неговото сведоштво, бил пресретнат од две непознати лица, при што едниот од нив се претставил како лице од Хрватска кое работи во Кувајт.Тие му побарале да им покаже евра за да ги споредат со парите кои наводно ги поседувале. Оштетениот, верувајќи во нивната приказна, заминал во својот дом, ги земал парите и им ги предал. За возврат, како „гаранција“, му оставиле три алки за кои тврделе дека се дијамантски, со објаснување дека ќе се вратат и ќе му ги вратат парите.Откако лицата не се појавиле повторно, скопјанецот сфатил дека бил измамен и дека алките се без реална вредност, по што случајот го пријавил во полиција.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.

Скопје | пред 1 месец

arheolozi-strumica

Кривична пријава во Кочани: Во приватен објект чувани археолошки артефакти од Османлискиот период

Основното одделение за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава против В.П. (56) од Кочани, сопственик и управител на правно лице од истиот град, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при извршени проверки во просториите на правното лице, кај пријавениот биле пронајдени три мермерни плочи. По извршена стручна идентификација од страна на Комисија формирана во Националната установа Археолошки музеј на Република Северна Македонија, било утврдено дека плочите претставуваат оригинални археолошки наоди кои потекнуваат од Османлискиот период и дека се дел од културното наследство на државата.Според наводите во пријавата, осомничениот неовластено ги чувал артефактите, а истовремено вршел и неовластени истражувања, со намера преку нивно јавно презентирање да одржува предавања и активности поврзани со таканаречен „македонизам“, при што се сомничи дека сакал да оствари имотна и друга корист.Од МВР наведуваат дека со ваквите дејствија биле повредени законските одредби за заштита на културното наследство, а случајот е доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 месец

IMG_6897

Возач на трактор загина во несреќа во гостиварско

Трагичен настан се случи вчера попладне во гостиварското село Долна Бањица, каде што едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа со трактор.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 30 декември 2025 година околу 15:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека М.К. (69) од селото Долна Бањица, управувајќи трактор „ИМТ“ со приколка, изгубил контрола над возилото, по што тракторот се превртел.Од здобиените повреди, лицето починало на самото место на настанот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Гостивар.По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, со цел утврдување на точните причини за смртта, додека увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.Околностите под кои дошло до трагичната несреќа се предмет на натамошна истрага.

Македонија | пред 1 месец

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Тешка сообраќајна несреќа кај Желино: Едно лице тешко повредено, меѓу повредените и две деца

На регионалниот пат меѓу селото Желино и Тетово, вчера наутро се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице се здоби со тешки телесни повреди, а повеќе лица, меѓу кои и две деца, се повредени.Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Тетово на 30 декември 2025 година во 10:35 часот. Во судирот учествувале патничко возило „БМВ“ со италијански национални ознаки, управувано од Љ.П. (44) од селото Голема Лешница, тетовско, и патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Љ. (40) од селото Добарце, тетовско.По меѓусебниот судир, возилата удриле и во паркирано патничко возило „Јагуар“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на А.З. (31) од селото Требош, тетовско.Во сообраќајната несреќа, возачот на „БМВ“-то, Љ.П., се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобиле и неговиот сопатник Ј.Е. (20), возачот на „Голф“-от, како и неговите сопатници Г.Ј. (41), Л.С. (43) и две деца на возраст од пет и шест години.Сите повредени биле пренесени и згрижени во Клиничката болница во Тетово, каде им биле констатирани повредите.На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Тетово, а причините и околностите под кои дошло до судирот се предмет на натамошна истрага.

Македонија | пред 1 месец

kompjuter

Кривична пријава за злоупотреба на софтверска лиценца: Истата користена во 16 клубови

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против едно правно лице со седиште во селото Кадино, општина Илинден, како и против В.А. (53) од селото Мирковци, скопско, во својство на управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“.Како што информира Министерството за внатрешни работи, кривичната пријава произлегува од акциска контрола спроведена на 29 јануари 2025 година во подружница на пријавеното правно лице во Тетово. При контролата било утврдено дека лиценцата која ја поседува правниот субјект била инсталирана и користена на 16 клубови на територијата на државата, иако според законските и договорните услови, истата може легално да биде инсталирана само на еден уред и не смее да биде пренесувана или мултиплицирана на други уреди.Со ваквото постапување, според МВР, пријавените го повредиле правото на користење на заштитен технолошки пронајдок, со што е нанесена штета на носителот на правото, а воедно е нарушен и правниот поредок во областа на заштитата на интелектуалната сопственост.По целосното документирање на случајот, кривичната пријава е доставена до надлежното јавно обвинителство, кое ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања