Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

kompjuter

Кривична пријава за злоупотреба на софтверска лиценца: Истата користена во 16 клубови

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против едно правно лице со седиште во селото Кадино, општина Илинден, како и против В.А. (53) од селото Мирковци, скопско, во својство на управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“.Како што информира Министерството за внатрешни работи, кривичната пријава произлегува од акциска контрола спроведена на 29 јануари 2025 година во подружница на пријавеното правно лице во Тетово. При контролата било утврдено дека лиценцата која ја поседува правниот субјект била инсталирана и користена на 16 клубови на територијата на државата, иако според законските и договорните услови, истата може легално да биде инсталирана само на еден уред и не смее да биде пренесувана или мултиплицирана на други уреди.Со ваквото постапување, според МВР, пријавените го повредиле правото на користење на заштитен технолошки пронајдок, со што е нанесена штета на носителот на правото, а воедно е нарушен и правниот поредок во областа на заштитата на интелектуалната сопственост.По целосното документирање на случајот, кривичната пријава е доставена до надлежното јавно обвинителство, кое ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.

Македонија | пред 1 месец

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Возило во движење било погодено од заталкан куршум

На 29.12.2025 во 19:40 часот во СВР Скопје, И.Д.(64) од с.Рашче, скопско, пријави дека во с.Рашче, додека се превезувале со возило управувано од неговиот син кој бил заедно со неговото семејство, на кровот од возилото паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило.Полициски службеници од СВР Скопје зрното било подигнато за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Серија тепачки пред скопски локали: полицијата евидентира повеќе инциденти во една ноќ

На 29.12.2025 во 01:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода, Д.К.(35) физички го нападнал Н.С.(20), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 29.12.2025 во 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу С.С.(29) од с.Батинци, скопско и Е.С.(31) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.На 28.12.2025 во 11:10 часот во СВР Скопје, Д.А.(46) од Скопје пријави дека околу 01:30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 28.12.2025 во 18:20 часот во СВР Скопје, Т.Л.(19) од Скопје пријави дека околу 02:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од едно лице кое работело како обезбедување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 28.12.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Т.(23), А.И.(25) и П.З.(21) од една страна и С.П.(37) и Д.П.(32) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 месец

brza-pomos-nokje-3

Повредени шест лица во тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола

На 28.12.2025 во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и неговите сопатници Н.У.(24), М.Ѓ.(38), Б.Б.(38) и уште еден малолетен сопатник, сите од Охрид, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 1 месец

media-library6k3cinq1n3bbe9agEOL

Застрашувачка статистика во декември: 18.318 прекршоци, 123 уапсени возачи

Во периодот од 01.12.2025-28.12.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 18.318 издадени платни налози, 4.019 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 123 лица, од кои 100 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, седум за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, три за возење во забранет правец.Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец декември евидентирани се 5.018 прекршоци за неправилно паркирање, 1.843 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 679 санкции за возење под дејство на алкохол.Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 18 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 415 пешаци. Исто така санкционирани се 1.046 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 322 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 172 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 101 возач поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydkjegu14u0hh079sDN0

Полицијата се „поднови“ со 120 нови возила, моќните „Peugeot 408“ ќе бидат опремени со најсовремени системи

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваа на промоција на 120 нови службени возила, наменети за потребите на македонската полиција, како дел од континуираните напори за унапредување на материјално-техничките капацитети на Министерството за внатрешни работи.Новите возила ќе бидат распределени во полициските организациски единици низ државата и ќе придонесат за поефикасно извршување на секојдневните полициски задачи, побрза интервенција на терен и зголемено присуство на полицијата таму каде што граѓаните имаат најголема потреба од безбедност.Министерот Тошковски истакна дека ваква набавка за полициски возила е прва после 15 години, се работи за модерни и моќни возила со кои полициските службеници многу поефикасно ќе ги извршуваат своите работни задачи. Тошковски додаде дека оваа набавка претставува јасен показател за заложбата на МВР да создава подобри услови за работа на полициските службеници.„Возилата во рамки на својата техничка опрема ги имаат сите современи технолошки карактеристики да одговорат на сите предизвици како и секојa друга полиција во светот. Во сите возила ќе бидат инсталирани оние најсовремени „Тетра“ системи со потребни информации за полициските службеници на лице место ги извршат сите оние потребни проверки на евиденција, сите оние анализи на податоци  коишто ги имаме во министерството, анализи на прекршочни евиденции и сето останато кое што е потребно за истите бидат ефикасни во рамки на своето работење и, конечно, одговорат на сите оние предизвици со опрема, информација и технологија, каква што има секој една друга европска држава. “, изјави министерот Тошковски.Министерот Тошковски потенцираше дека вредноста на набавката е  202.600.000 со заштедени над 30 милиони денари кои ќе бидат искористени во набавка на друга опрема за полициските службеници и информираше дека возилата имаат обезбедена гаранција од пет години редовен сервис што дополнително ги намалува трошоците за нивното одржување.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryetkql8gv3nllehxYle1

(Видео) Запленета над 25 тони пиротехника, најдена во возило кое го возеле скопјани

Над 25 тони пиротехнички средства се пронајдени и одземени во акција на Министерството за внатрешни работи, спроведена на повеќе локации, при што од слобода се лишени две лица, од кои едното е полициски службеник.Како што соопшти МВР, на 24 декември 2025 година во 08:35 часот на наплатната станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци, во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишиле од слобода Н.Р. (41) и И.Р. (41), двајцата од Скопје.При контрола на товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Р., во кое како сопатник бил И.Р. – полициски службеник вработен во Полициската станица Бит Пазар, била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства. Лицата не поседувале никаква документација за средствата, а изјавиле дека истите му припаѓаат на правно лице од Скопје.Во рамки на понатамошните мерки и активности, пред магацин на истото правно лице било пронајдено уште едно товарно возило натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено.Денеска, пак, по судска наредба бил извршен претрес во магацините на правното лице, при што биле пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства.Од МВР информираат дека Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, во координација со ОВР Кавадарци, продолжува со преземање мерки и активности за утврдување на сите инволвирани лица. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик.

Настани | пред 1 месец

fotografii-ucena

Осомничен 32-годишник од Албанија: неовластено влегол на е-маил и добил пристап до приватни фотографии на прилепчанец

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека ОВР Прилеп поднело кривична пријава против Д.Ц. (32) од Република Албанија, со престој во селото Долнени, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Според пријавата, осомничениот без согласност на едно лице ги искористил неговите лични податоци, така што неовластено ја користел неговата електронска пошта. Преку електронската адреса, пријавениот добил пристап до приватни фотографии на оштетениот и на неговата сопруга.По целосно документирање на настанот, кривичната пријава е доставена до надлежното јавно обвинителство, кое ќе постапува понатаму по предметот.

Македонија | пред 1 месец

dokumenti

Лажно уверение за обука: СВР Тетово гони две лица за фалсификување и несовесно работење

Секторот за внатрешни работи Тетово, во рамки на Министерство за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против П.Т. (62) и А.Г. (56), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување службена исправа“ и „несовесно работење во службата“.Според информациите од СВР Тетово, првопријавениот изготвил уверение за извршена обука за безбедност и здравје при работа на лице кое, според официјалните списоци за присутност, воопшто не учествувало на обуката. Обуката била спроведена истиот ден за вработени во Јавното претпријатие за државни патишта, каде што било вработено лицето за кое било издадено спорното уверение.Второпријавениот, кој бил во својство на управител на Центарот за безбедност и здравје при работа Тетово, пропуштил должен надзор и несовесно постапил при извршување на службените обврски. Тој го потпишал уверението и овозможил истото да стане употребливо, иако лицето за кое било издадено не присуствувало на обуката.По целосно документирање на случајот, против двајцата осомничени е поднесена соодветна кривична пријава, а предметот е доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 месец

policija-2457

Обид за лажна сообраќајна незгода во Тетово: тројца кривично пријавени за измама

Секторот за внатрешни работи Тетово, во рамки на Министерство за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против А.Б. (44), М.А. (39) и Г.Ш. (25), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „измама“.Според информациите од СВР Тетово, на 16 декември 2024 година пријавените се обиделе со лажно прикажување факти да измамат полициски службеници од сообраќајната полиција. Тие претходно се договориле и во кругот на автоперална на улицата „Маршал Тито“ во Тетово фиктивно предизвикале судир меѓу две патнички возила од марката „БМВ“, од кои едното било со швајцарски национални ознаки, а другото со тетовски регистарски таблички.Целта на договорениот и инсцениран судир, како што наведуваат од полицијата, била да се прикаже лажна сообраќајна незгода и на тој начин да се наплати осигурително обештетување од осигурително друштво. Благодарение на навремената реакција и проверките од страна на полициските службеници, обидот за измама бил откриен и спречен.Против тројцата осомничени е поднесена соодветна кривична пријава, а предметот е доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошно постапување.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryt1b5t40oe14b7hCbf00

Уапсен 24-годишник по напад на полицаец за време на блокадата на „Пластичарска“

Дваесет и четиригодишен учесник на вчерашната блокада на улицата „Пластичарска“ е уапсен откако физички нападнал полициски службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според МВР, инцидентот се случил додека полицаецот извршувал службени дејствија, односно го регулирал сообраќајот за време на одржувањето на протестот. Повредениот полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани телесни повреди.Од полицијата информираат дека по целосно документирање на настанот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Инаку, жителите на населбата Серава во општина Чаир веќе трет ден се без електрична енергија поради дефект кој, според нив, не бил саниран од страна на ЕВН. Во знак на револт, тие вчера го блокираа сообраќајот на улицата „Пластичарска“.Граѓаните кои учествуваа во блокадата за телевизијата „21“ изјавија дека нема да се повлечат сè додека дефектот не биде отстранет, обвинувајќи дека проблемот намерно се остава нерешен, поради што тие се без струја во студените ноќи пред празниците.Од ЕВН, пак, велат дека без пристап на екипите за реализација на проектот за реконструкција на нисконапонската мрежа, невозможно е трајно да се санираат дефектите. Според компанијата, проблемите се последица на пренатрупаност на мрежата од диви приклучоци, при што во овој регион загубите на електрична енергија надминуваат 70 проценти, а наплатата изнесува околу 60 проценти од потрошувачката.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Државјанин на Косово направил судар во Скопје со автобус на ЈСП, па избегал, полицијата го уапси на Блаце

На 22.12.2025 во 15:30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Л.С.(65) од Косово.Тој се сомничи дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје учествувал во сообраќајна незгода со автобус на ЈСП, по што со неговото возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, го напуштил местото на настанот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 месец

policija-2457

Двајца велешани краделе бакар и месинг, полицијата ги уапси

На 22.12.2025 полициски службеници од СВР Велес и Полициската станица Градско ги лишија од слобода Е.З.(19) и С.М.(47), двајцата од Велес.Тие се сомничат дека во периодот од октомври до декември 2025 година, во три наврати на место викано „Винце“, велешко, од плац на правно лице одзеле различни бакарни и предмети од месинг. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. Е.З. и С.М. се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 1 месец

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Малолетник од Скопје уапсен по судир со „ауди“: управувал возило и ја загрозил безбедноста во сообраќајот

Лишен од слобода малолетник од Скопје, управувајќи возило ја загрозил безбедноста во сообраќајот, следува пријава.На 22.12.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и сервисна улица која ја поврзува со ул.„Вашингтонска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А(21) од Скопје.Во незгодата со телесни повреди се здобил Р.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, додека по извршениот увид, поради сомнение дека ја загрозил безбедноста во сообраќајот и сторил кривично дело по член 297 од Кривичниот законик, по наредба на јавен обвинител, од слобода е лишен малолетникот. Во присуство на родител и адвокат, со него е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 1 месец

DSC_0052

Насилна ноќ и ден во главниот град: тепачки, семејно насилство и боксови поради кавги во сообраќај

Во текот на 21 и 22 декември 2025 година, на подрачјето на Скопје се евидентирани повеќе одделни случаи на нарушување на јавниот ред и мир, физички напади и семејно насилство, за кои постапуваат полициските служби на Министерство за внатрешни работи.Како што информира МВР, на 21 декември околу 21:20 часот, на подрачјето на општина Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 52-годишниот Д.А. од Скопје. Тој претходно во спортска обложувалница го нарушил јавниот ред и мир, влегувајќи во физичка пресметка со А.К.(59) од село Сарај, по што агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои постапувале на местото на настанот. По целосно документирање на случајот, најавено е поднесување соодветен поднесок.Истиот ден, во СВР Скопје, 51-годишна жена пријавила дека во нивниот семеен дом на подрачјето на Центар, нејзиниот 66-годишен сопруг З.А. ѝ се заканувал со остар предмет, а потоа физички го турнал нивниот 22-годишен син и упатувал закани. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.На 21 декември во 10:40 часот, С.М.(47) од Скопје пријавил дека додека се движел со патничко возило од село Јурумлери кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот. Од нив излегле М.С. и уште неколку лица кои физички го нападнале, употребувајќи и тврди предмети, при што му било оштетено и возилото. И во овој случај, од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.Дополнително, на 21 декември во 16:15 часот, Х.Т.(31) од Скопје пријавил дека околу 12:40 часот, на подрачјето на Средно Водно, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Полицијата работи на утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.Денеска, 22 декември 2025 година, во 09:50 часот, во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Б.К.(41) од Скопје, по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Драчево физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга. И за овој случај, по целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.Од МВР наведуваат дека сите случаи се предмет на натамошна постапка и дека се преземаат законски мерки за нивно целосно расчистување.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања