Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Малолетник од Скопје уапсен по судир со „ауди“: управувал возило и ја загрозил безбедноста во сообраќајот

Лишен од слобода малолетник од Скопје, управувајќи возило ја загрозил безбедноста во сообраќајот, следува пријава.На 22.12.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и сервисна улица која ја поврзува со ул.„Вашингтонска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А(21) од Скопје.Во незгодата со телесни повреди се здобил Р.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, додека по извршениот увид, поради сомнение дека ја загрозил безбедноста во сообраќајот и сторил кривично дело по член 297 од Кривичниот законик, по наредба на јавен обвинител, од слобода е лишен малолетникот. Во присуство на родител и адвокат, со него е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 1 месец

DSC_0052

Насилна ноќ и ден во главниот град: тепачки, семејно насилство и боксови поради кавги во сообраќај

Во текот на 21 и 22 декември 2025 година, на подрачјето на Скопје се евидентирани повеќе одделни случаи на нарушување на јавниот ред и мир, физички напади и семејно насилство, за кои постапуваат полициските служби на Министерство за внатрешни работи.Како што информира МВР, на 21 декември околу 21:20 часот, на подрачјето на општина Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 52-годишниот Д.А. од Скопје. Тој претходно во спортска обложувалница го нарушил јавниот ред и мир, влегувајќи во физичка пресметка со А.К.(59) од село Сарај, по што агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои постапувале на местото на настанот. По целосно документирање на случајот, најавено е поднесување соодветен поднесок.Истиот ден, во СВР Скопје, 51-годишна жена пријавила дека во нивниот семеен дом на подрачјето на Центар, нејзиниот 66-годишен сопруг З.А. ѝ се заканувал со остар предмет, а потоа физички го турнал нивниот 22-годишен син и упатувал закани. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.На 21 декември во 10:40 часот, С.М.(47) од Скопје пријавил дека додека се движел со патничко возило од село Јурумлери кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот. Од нив излегле М.С. и уште неколку лица кои физички го нападнале, употребувајќи и тврди предмети, при што му било оштетено и возилото. И во овој случај, од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.Дополнително, на 21 декември во 16:15 часот, Х.Т.(31) од Скопје пријавил дека околу 12:40 часот, на подрачјето на Средно Водно, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Полицијата работи на утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.Денеска, 22 декември 2025 година, во 09:50 часот, во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Б.К.(41) од Скопје, по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Драчево физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга. И за овој случај, по целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.Од МВР наведуваат дека сите случаи се предмет на натамошна постапка и дека се преземаат законски мерки за нивно целосно расчистување.

Скопје | пред 1 месец

media-librarykpp5e36ae7oleYt7oKI

(Видео) Пет лица повредени во сообраќајката близу патарината кај Петровец

На автопатот Скопје-Велес, во близина на наплатната станица Петровец вчера попладне околу 16.30 часот се случила сообраќајна несреќа во која пет лица се здобиле со телесни повреди, а учествувале две патнички возила, информираат од Министерството за внатрешни работи.Повредените биле пренесени со возила на Итната медицинска помош во здравствени установи во Скопје, каде им била укажана соодветна медицинска помош.На местото на несреќата веднаш извршил увид Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, кој истражува причините за судирот.На овој патен правец и денеска има густа магла и намалена видливост поради што АМСМ апелира на внимателно возење.

Македонија | пред 1 месец

rabotnik-gradezen-

Работник почина откако врз него паднала машина за бетон

Работник од Република Албанија го загуби животот при тешка несреќа на работно место во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, информираат од Министерството за внатрешни работи.Како што соопштува МВР, на 19 декември 2025 година во 16:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека при изведување работни активности на трафостаница, врз Х.И. (44) од Либражд, Албанија, паднала работна машина – пумпа за бетон.Повредениот се здобил со тешки телесни повреди и со патничко возило бил пренесен во близина на аеродромот Охрид, каде што бил предаден на екипа на Итната медицинска помош. Лекарите констатирале смрт.Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител, полициски службеници, како и претставници на Државниот инспекторат за труд. Се преземаат мерки за утврдување на причините за несреќата и евентуална одговорност.

Охрид | пред 2 месеци

pozarna

Три пожари во Скопје за една ноќ: Горел дел од обложувалница и две возила

Во текот на 19 декември 2025 година, во СВР Скопје биле пријавени три одделни случаи на пожари на различни локации во главниот град, информираат од Министерството за внатрешни работи.Првиот случај бил пријавен во СВР Скопје, при што било утврдено дека на 16 декември, во периодот од 18:00 до 19:00 часот, била опожарена тенда на обложувалница на подрачјето на Карпош. Во инцидентот нема повредени лица, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.Истата ноќ, на 19 декември во 00:40 часот, 53-годишниот А.А. од Скопје пријавил дека додека управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода, настанал пожар во возилото. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен бил увид.Неколку часа подоцна, во 06:49 часот, 52-годишниот Г.Ј. од Скопје пријавил пожар во неговото патничко возило „опел“, исто така на улицата „Христо Татарчев“. И во овој случај нема повредени, пожарот бил навремено изгаснат од противпожарните служби, а извршен бил увид од надлежните служби.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарите и за целосно расчистување на сите случаи.

Скопје | пред 2 месеци

tepacka

Напади во ЈСП автобуси, дворови и локали: кој сѐ се тепал низ Скопје

Во текот на 19 и 20 декември 2025 година, во СВР Скопје биле пријавени повеќе случаи на физички напади на различни локации низ главниот град, информираат од Министерството за внатрешни работи.На 19 декември во 18:45 часот, 64-годишната М.М. од Скопје пријавила дека околу 15:20 часот била физички нападната од К.Б. во двор од семејна куќа на подрачјето на Бит Пазар.Истот ден, во 15:00 часот, 46-годишната А.С. пријавила дека додека се возела во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од И.С. (39), исто така од Скопје.Во вечерните часови, во 21:05 часот, 55-годишната С.Ј. пријавила дека околу 17:20 часот, при влегување во автобус на ЈСП Скопје во Драчево, била физички нападната од засега непознато женско лице.Претходно истиот ден, во 12:55 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во Скопје, 32-годишната И.Ј. физички ја нападнала 30-годишната М.Н.Д. Неколку минути подоцна, во 13:00 часот, било пријавено дека пред истиот угостителски објект, И.Ј. била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Ј. (29).Во раните утрински часови на 20 декември, во 04:30 часот, 40-годишната С.В. пријавила дека околу 00:45 часот била физички нападната од М.Л. пред угостителски објект на подрачјето на Центар. Според пријавеното, претходно бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу неа и друго женско лице, С.К.Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци и дека се преземаат мерки за нивно целосно расчистување.

Скопје | пред 2 месеци

telefon-1

Лажно се претставил како доктор и ѝ зел 150.000 денари: скопјанка наседна на измама

Седумдесет и седумгодишна жена од Скопје била жртва на телефонска измама, при што била оштетена за 150.000 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.Како што соопштуваат од МВР, на 19 декември 2025 година во 13:40 часот во СВР Скопје, оштетената пријавила дека истиот ден била измамена од машко лице кое телефонски ја контактирало, претставувајќи се како доктор.Според пријавеното, лицето ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно паднала и се повредила додека ги шетала кучињата и дека итно било потребно да се изврши операција, за што требало да се обезбедат пари. Измамникот ја убедил жената да ги остави парите на договорено место.Откако подоцна се слушнала со својата ќерка и утврдила дека таа е добро и дека не била повредена, жената сфатила дека станува збор за измама и го пријавила случајот во полиција.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и апелираат граѓаните, особено повозрасните лица, да бидат внимателни и да не наседнуваат на ваков тип измами.

Македонија | пред 2 месеци

policija-2457

Напад врз докторка, жена и полицајци – серија инциденти каде интервенирала полицијата

Во текот на 19 декември 2025 година, во повеќе градови во источниот дел од земјава се регистрирани три одделни инциденти поврзани со физичко насилство, информираат од Министерството за внатрешни работи.Најпрво, во 06:40 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во Итната медицинска помош во Кочани, жена од селото Спанчево, општина Чешиново–Облешево, физички нападнала 33-годишна докторка. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Истиот ден, во 18:00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле А.Д. (21) од Штип, по претходна пријава дека околу 17:45 часот, пред семејна куќа во градот, физички нападнал 32-годишна жена од Виница. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Третиот инцидент бил пријавен во 23:45 часот во Македонска Каменица, каде полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го привеле М.С. (43) од Македонска Каменица, поради агресивно однесување кон полициски службеници за време на вршење службени дејствија. И во овој случај, по целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 месеци

pozarna-avtobus-nokje

Млад скопјанец со тешки изгореници по пожар во импровизиран шатор во Карпош

Дваесет и двегодишен скопјанец е хоспитализиран со тешки телесни повреди откако бил повреден во пожар што избувнал во импровизиран шатор на подрачјето на Карпош, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 20 декември 2025 година во 03:41 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив е донесен Р.М. (22) од Скопје, со тешки изгореници по телото.Како што е пријавено, младиот скопјанец се здобил со повредите во пожар кој настанал во импровизиран шатор во кој живеел.На местото на настанот бил извршен увид, а се работи на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

Скопје | пред 2 месеци

WhatsApp-Image-2023-12-13-at-17.04.38

Судир меѓу автомобил и велосипед: Велосипедистка со тешки повреди

Велосипедистка од Прилеп се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера претпладне на кружен тек во градот, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 19 декември 2025 година, околу 11:20 часот, на кружниот тек меѓу улицата „Димо Наредникот“ и булеварот „Гоце Делчев“, дошло до судир меѓу патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Џ. (73) од Прилеп, и велосипед управуван од 46-годишната А.Ј., исто така од Прилеп.Во несреќата тешко била повредена велосипедистката, а повредите ѝ биле констатирани во Општата болница Прилеп.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а се работи на целосно расчистување на причините за сообраќајната несреќа.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5mat1j9e5tg648eq87S

Малолетник загина во сообраќајна несреќа

Седумнаесетгодишно момче од неготинското село Тимјаник го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата во ОВР Неготино, несреќата се случила на 20 декември 2025 година, околу 00:50 часот. Малолетникот управувал мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, кога од засега неутврдени причини изгубил контрола и удрил во бетонски столб.Од здобиените повреди, возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Неготино.Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот малолетник е предадено на обдукција.

Македонија | пред 2 месеци

media-library6mll1unr09r5a8l84Ry

Кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“, МВР со засилени превентивни и репресивни мерки против употребата на пиротехнички средства – годинава запленети трипати повеќе пиротехнички средства

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Георгиевска-Павловска и генералниот секретар на Црвениот крст, д-р Саит Саити, денеска на Плоштад „Македонија“ присуствуваа на показна вежба на децата од средното скопско училиште „Владо Тасевски“, во рамки на превентивната кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“.Кампањата се реализира во организација на СВР Скопје – Одделение за превенција и Црвениот крст на Град Скопје, со поддршка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, а нејзиниот фокус е ставен на подигање на јавната свест за сериозните ризици и последици од неовластената употреба на петарди и други пиротехнички средства, особено кај децата и младите.Министерот Тошковски упати благодарност до сите институции и учесници вклучени во кампањата, нагласувајќи дека заштитата на животот и здравјето на најмладите е врвен приоритет.„Овие превентивни активности имаат огромно значење. Ниту една прослава не вреди колку здравјето и животот на нашите деца. Благодарност до Црвениот крст, до Клиниката за пластична хирургија, до Средното училиште ‘Владо Тасевски’ и до учениците кои со своето учество испратија силна порака до јавноста“, изјави министерот Тошковски.Во своето обраќање, министерот посочи дека Министерството за внатрешни работи годинава бележи значително зголемена откривачка активност во делот на нелегалната пиротехника.„Заклучно со месец ноември 2025 година, откриени се околу 155.000 парчиња пиротехнички средства, што е речиси трипати повеќе во споредба со 2024 година, кога беа откриени околу 52.000 парчиња. Само во текот на овој месец, во рамки на посебна оперативна акција, запленети се дополнителни над 30.000 парчиња пиротехника“, истакна Тошковски.Тој нагласи дека овие бројки се доказ за интензивната работа и посветеноста на полициските службеници, но воедно и аларм за големиот обем на пиротехнички средства што циркулираат во државата.„Ќе продолжиме со решителни репресивни мерки, но превенцијата е суштинска. Мораме заеднички да ја подигнеме свеста дека пиротехниката не е неопходна за убави празници. Оваа порака ќе ја пренесуваме не само во Скопје, туку и низ целата држава“, порача министерот за внатрешни работи.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се воздржат од користење на пиротехнички средства и заеднички да придонесат кон безбедни и мирни празници за сите.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

Голема акција за организиран криминал: 33 осомничени за местење јавна набавка во ЕСМ, штета над 7,6 милиони евра

Во координирана акција спроведена во ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал извршија претреси на повеќе локации во Скопје и околината, Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани.Во рамки на акцијата приведени се 11 лица, а МВР поднесе кривична пријава против 33 физички лица и две правни лица од Скопје и Куманово.Осомничените се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на постапка за јавна набавка, злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело.Според истрагата, во текот на 2023 година, дел од осомничените формирале организирана група со цел изигрување на постапка за јавна набавка за набавка на „СКАД ормари – мониторинг ормари со ГСМ контролор за топлински станици“ за потребите на ЕСМ Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје.По претходен договор, била изготвена техничка спецификација прилагодена за однапред одбран економски оператор. На јавниот оглас се пријавиле две правни лица – едно од Скопје и едно од Куманово.Правното лице од Куманово поднело непотполна документација и понуда со повисока цена, додека фирмата од Скопје доставила понуда речиси идентична со проценетата вредност на набавката, иако таа не била јавно објавена.Со ваквото постапување, осомничените овозможиле фирмата од Скопје да го добие договорот, со што се стекнала со противправна имотна корист од 400.400.000 денари без ДДВ, односно 472.470.407 денари со ДДВ (7.682.445 евра), на штета на буџетот на ЕСМ Дистрибуција.По реализацијата на договорот, дел од осомничените, во периодот од 2023 до 2025 година, вршеле перење пари со цел да го прикријат потеклото и движењето на незаконски стекнатите средства.Според МВР, во оптек биле пуштени, примени и пренесени 125.556.930 денари, односно 2.041.576 евра, со што било сторено кривичното дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Патничка тешко повредена при нагло кочење на автобус во Скопје

61-годишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во автобус од јавниот превоз во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 18 декември 2025 година, во СВР Скопје, З.А. (61) од Скопје пријавила дека на 25 ноември 2025 година, околу 08:45 часот, додека се превезувала како патник во автобус, при нагло кочење на возилото паднала и се повредила.Тешките телесни повреди ѝ биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

pari

Банкар од Прилеп осомничен за злоупотреба: си ги зголемувал кредитните лимити и стекнал над пола милион денари

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.С. (35) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според наводите во пријавата, пријавениот, во својство на службено лице вработено во банка во Битола, во повеќе наврати неовластено ги зголемувал лимитите на сопствената кредитна картичка и специјален лимит, како и лимитот на кредитната картичка на неговата сопруга.Покрај тоа, осомничениот незаконски го зголемил својот имот, како и имотот на сопругата и мајката, овозможувајќи за себе и за нив да се стекнат со вкупна противправна материјална корист во износ од 657.400 денари.Случајот е целосно документиран и доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања