Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

media-library5ite69jturg27Ci5fFS

Жена приведена во Аеродром поради агресивно однесување кон полицајци

На 18 декември 2025 година околу 14:20 часот, во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Д.Ц. (49) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според МВР, таа се однесувала агресивно кон полициските службеници кои во моментот вршеле службени дејствија.По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, наведуваат од полицијата.

Скопје | пред 2 месеци

zena-pocinata

Починат маж пронајден во двор од семејна куќа, наредена обдукција

На 18 декември 2025 година околу 11:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево е пронајден починат А.Б. (64) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.Лекар од Итната медицинска помош излегол на местото на настанот и ја констатирал смртта.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел утврдување на точните причини за смртта.Од МВР наведуваат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 месеци

seks-skandal-albanija

Објавувал интимни фотографии и видеа без дозвола – пријава против 26-годишник

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.А. (26) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, на 28 октомври 2025 година, пријавениот преку свој профил на социјална мрежа објавувал експлицитни фотографии и видеа од женско лице, без нејзина согласност.Со ваквото постапување, осомничениот неовластено ги злоупотребил личните податоци и приватноста на оштетеното лице, поради што против него е поднесена соодветна кривична пријава.Од МВР најавуваат дека постапката продолжува, а случајот ќе биде процесуиран до надлежното јавно обвинителство.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynp03bqetidavfckLSpG

(Видео) Шест години Интервентна полиција во Скопје: Намалени разбојништва за 40 отсто

Со свечена манифестација денеска беше одбележан Денот на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по повод шест години од нејзиното формирање. На настанот беше истакната улогата на единицата во одржувањето на јавниот ред и мир и во заштитата на безбедноста на граѓаните во главниот град.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во своето обраќање оцени дека Интервентната полиција се изградила во еден од клучните сегменти на безбедносниот систем, со висока оперативна подготвеност и брза реакција на терен.„Интервентната полиција често беше прва на местото на настанот и даде значаен придонес во заштитата на граѓаните. Намалувањето на разбојништвата во Скопје за околу 40 проценти е конкретен и мерлив резултат на вашата работа“, изјави Тошковски.Тој најави дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со инвестиции во опрема, обука и човечки ресурси, со цел понатамошна модернизација и зголемување на капацитетите на Единицата.Командантот на Единицата за интервентна полиција, Милош Столевски, истакна дека за шест години постоење, единицата се етаблирала како неопходна алатка во борбата против криминалот и нарушувањето на јавниот ред.„Членството во Интервентната полиција носи чест, но и сериозна одговорност. Со професионалност и дисциплина изградивме доверба кај граѓаните и придонесовме Скопје да биде побезбедно место за живеење“, изјави Столевски.На настанот беше потенцирана и важноста на меѓуединичната координација и соработката со останатите служби во рамките на МВР, особено при спроведување на комплексни оперативни акции.Од МВР порачуваат дека Интервентната полиција ќе продолжи да се развива како модерна, професионална и ефикасна единица, насочена кон заштита на граѓаните и одржување на стабилен јавен ред и мир.

Македонија | пред 2 месеци

krazba

Битолчанец украл пари и со остар предмет го нападнал сопственикот на станот

Маж од Битола е приведен по напад и обид за бегство при кражба во семеен дом. Судија му одреди 30-дневен притвор.На 17.12.2025 полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.Ќ.(36) од Битола, постапувајќи по претходна пријава, дека на 15.12.2025 во семејниот дом на 34- годишен маж од Битола одзел пари. При обид да избега, бил затекнат од сопственикот, кого физички го нападнал и употребил остар предмет. Од судија на претходна постапка на Е.Ќ. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Битола за издржување на мерката.

Македонија | пред 2 месеци

nasilstvo-vrz-deca

Скопјанка брутално го нападнала сопственото дете кое има здравствени проблеми

Рано утрово, мајка го истепала сопствениот малолетен син, случајот го пријавил таткото.На 18.12.2025 во 04:30 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско, пријави дека на 17.12.2025 околу 23:30 часот во семејниот дом, неговата 42-годишна сопруга физички го нападнала нивниот малолетен син, кој е со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Скопје | пред 2 месеци

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Две тешки сообраќајќи: Жена прегазена во Скопје, форд излетал од патот кај Градско

МВР вчера регистрираше две тешки сообраќајни несреќи, при што со сериозни повреди се здобиле пешак удрен од „порше“ во Скопје и возач кој управуваќи со „форд“, излетал од патот кај Градско.На 17.12.2025 околу 20:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ со ул.„Андон Кецкаров“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К.(52) од Скопје, удрило во 56-годишната Ц.Ц. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.Ц., констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.На 17.12.2025 околу 07:45 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат од Градско кон Неготино, во близина на мостот на Црна Река, патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.Б.(44) од Градско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycpkqik9doup57lZORsb

Нова кривична пријава против ексградоначалникот Костадин Костадинов за штета од над 668 илјади денари

Кривична пријава за „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ е поднесена против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, како и против двајца вработени во општинската администрација, соопшти Министерството за внатрешни работи.СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против К.К. (35) и Б.Ш. (64), двајцата од Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, како и против И.Г. (54) од Струмица, поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“.Според МВР, И.Г., во својство на раководител на Одделението за администратирање на приходи при Општина Струмица, постапувала спротивно на Законот за даноците на имот. Таа, во четири наврати, ги пречекорила своите овластувања со изготвување решенија за даночно ослободување од данок на промет на недвижен имот при продажба на станови од станбена куќа со наменска класификација А1.Ослободувањата биле одобрени со повикување на член 25 од Законот за даноците на имот, иако таа законска одредба се однесува исклучиво на станбени згради и станови со номенклатура А2.1, а не на станбени куќи со класификација А1.1, какви што биле предметните недвижности.Дополнително, во три од четирите случаи, И.Г. се потпишала и во полето „потврдил/контролирал“, иако за тоа бил надлежен второпријавениот Б.Ш., кој во тие моменти бил отсутен.Б.Ш., како раководител на Секторот за финансиски прашања, и Костадин Костадинов, како тогашен градоначалник на Струмица, според пријавата, постапиле несовесно и пропуштиле должен надзор над предметите. И покрај неправилностите, тие ги потпишале решенијата за даночно ослободување изготвени од И.Г.Со ваквото постапување, како што наведува МВР, на буџетот на Општина Струмица му била нанесена штета во износ од 668.388 денари.Ова е втора кривична пријава против поранешниот градоначалник Костадин Костадинов. Пред околу две недели, против него и уште пет лица беше поднесена кривична пријава за злоупотреба во постапка за јавна набавка поврзана со набавка на електрични автобуси за Општина Струмица.

Македонија | пред 2 месеци

DSC02115

Жена попречувала полицаец во Гостивар, a во Желино уапсени пет лица за насилство

Министерството за внатрешни работи информира за две одделни кривични пријави поднесени од полициските служби во Гостивар и Тетово.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против З.Р. (55) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Според пријавата, на 15 септември 2025 година во Гостивар, пријавената попречувала полициски службеник додека извршувал службени дејствија.Во друг случај, СВР Тетово поднело кривична пријава против пет лица – П.А. (28), С.А. (30), Е.А. (23), Г.А. (44) и А.А. (19), сите од селото Желино, тетовско. Тие се осомничени за сторено кривично дело „насилство“.Како што информира МВР, на 26 септември 2025 година, по претходна расправија во селото Желино, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.По целосно документирање на случаите, поднесени се соодветни кривични пријави до надлежното јавно обвинителство.

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Апсења на Аеродромот Скопје: Турски државјанин баран од Интерпол, а со лисици завршија и уште две лица

На Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“ во текот на 16 декември 2025 година полициските службеници лишиле од слобода три лица поради меѓународна потерница и фалсификувани патни исправи, информира Министерството за внатрешни работи.Според МВР, во 15:20 часот, при влез во државата, бил лишен од слобода О.А. (46) од Република Турција. При извршената гранична контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека лицето е евидентирано со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.Претходно, во 01:50 часот, исто така на влез во државата на скопскиот аеродром, полициски службеници ги лишиле од слобода М.Х. (26) од Италија и Ч.Л. (27) од Кина. Кај нив, при граничните проверки, било утврдено дека приложиле фалсификувани документи. Двете лица биле задржани во Полициската станица Гази Баба.Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0

Физички пресметки, напад врз малолетник и закани со огнено оружје – низа пријави до МВР

Министерството за внатрешни работи информира за повеќе одделни инциденти пријавени во текот на 16 декември 2025 година на подрачјето на Скопје, кои опфаќаат физички напади, закани со оружје и тешка повреда на работно место.Според МВР, во 20:35 часот во СВР Скопје, Б.М. (36) од Скопје пријавил дека околу 20:00 часот бил физички нападнат од С.Ж. и О.Ж. во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром.Претходно, во 15:50 часот, М.К. (39) од Скопје пријавила дека на 15 декември околу 15:00 часот, во спортска сала на основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Б.П., татко на негов соученик.Истиот ден во 08:40 часот, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен Р.Ј. (44) од селото Никиштане, скопско. Според пријавеното, повредите ги здобил додека извршувал работни задачи пред објектот на Македонската филхармонија во Скопје. За случајот е известен трудов инспектор.Дополнително, И.К. (41) од селото Петровец пријавил дека околу 18:00 часот, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, лицето Д.Д. се обидело физички да го нападне, а потоа му упатило закани со огнено оружје.Од МВР информираат дека за сите пријавени случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и утврдување на одговорност.

Македонија | пред 2 месеци

soobrakajka-634

Тешка сообраќајна несреќа кај Кочани: загина возач од Виница

Возач го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кочани – Виница, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според полицијата, на 16 декември 2025 година во 17:35 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ. (48) од Виница, излетало надвор од коловозот.Од здобиените повреди, возачот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кочани.Причините за несреќата се утврдуваат.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

МВР отвора посебен шалтер за „Безбеден град“: Граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од утре, 17 декември 2025 година, ќе биде отворен посебен шалтер за системот „Безбеден град“ во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ во Скопје (приземје).Шалтерот ќе работи секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот, а граѓаните ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците доставени при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или доколку имаат добиено известување со неточни податоци.Ажурирањето на податоците ќе може да се врши и во станиците за технички преглед на возила низ државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР.Дополнително, граѓаните ќе имаат можност по електронска пошта на адресата bezbedengrad@moi.gov.mk да достават писмени забелешки, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“. Од МВР информираат дека сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7kala6s7poqa80pAKOC

Бран физички напади во Скопје: тепачки во хотел, пред училишта и семејно насилство

Во текот на 15 декември 2025 година во СВР Скопје биле пријавени повеќе одделни случаи на физичко насилство, кои опфаќаат напади врз вработени, малолетни деца и жени, информираат од Министерството за внатрешни работи.Првиот случај бил пријавен во 15:30 часот, кога И.В. (45) од селото Идризово пријавил дека околу 03:00 часот, додека бил на работно место во хотел на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од Е.Ј.Ч. (40) од Република Турција, гостин во хотелот. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Истото утро, во 11:30 часот, А.Џ. (37) од Скопје пријавила дека ден претходно, околу 12:00 часот, пред основно училиште на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од тројца негови соученици. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Во 16:30 часот, 19-годишна жена пријавила дека на 14 декември околу 19:10 часот, на автобуска постојка во Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер М.Ј. (29). И во овој случај се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.Дополнителна пријава е евидентирана околу 15:30 часот, кога И.Н. (40) од селото Мршевци пријавила дека околу 10:30 часот во основно училиште во селото Миладиновци, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца соученици кои употребиле тврд предмет.Последниот случај за истиот ден бил регистриран во 23:30 часот на подрачјето на Центар, каде полициски службеници го лишиле од слобода П.К. (38) од Скопје, поради физички напад врз неговата 46-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот, и за овој настан ќе следува соодветен поднесок.Од МВР информираат дека сите случаи се предмет на понатамошна постапка и дека ќе бидат преземени законски мерки против сторителите.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Полицајци менувале службени документи за да прикријат бесправна градба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение, против пет полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово.Кривичната пријава е поднесена против Б.И., командир на Полициското одделение Чегране, како и против полициските службеници К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е., поради основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“, казниво по член 368 став 8 од Кривичниот законик.Според МВР, пријавените полициски службеници во повеќе наврати во текот на 2025 година, постапувајќи по поплака за бесправно градење, изготвиле и измениле службен материјал со кој ја промениле фактичката состојба. Со ваквото постапување, тие го спречиле, прикриле и го отежнале докажувањето за утврдување на бесправното градење во постапка што се води пред суд или друг надлежен орган.Дополнително, полициските службеници ја преквалификувале поднесената поплака за бесправно градење во прекршок за лажно пријавување против подносителот на поплаката. Притоа, без да ја утврдат фактичката состојба на терен, изготвиле записник за констатиран прекршок и поднеле барање за поведување прекршочна постапка против лицето кое ја пријавило бесправната градба.Од Одделот за внатрешна контрола информираат дека, по добиена согласност од ОЈО за ГОКК, против пријавените полициски службеници ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина. Воедно, ќе бидат изречени задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муницијата, како и нивно упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања