„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

НИКОЛОСКИ

nikoloski3-2

Николоски: Падна пропагандата на Софија, се откажаа од изградба на пругата и поврзување на коридор 8

Бугарија за жал испрати јасна политичка порака за непосветеност околу изградбата на пругата и поврзување на коридор 8. Конечно во вода им падна пропагандата која седум месеци ја водеа против мене и против премиерот Мицкоски. Но ние не се откажуваме од изгардбата на пругата, дали со оваа влада или некоја идна бугарска влада ќе преговараме и ќе се стремиме да ја изгардиме пругата и да ги поврземе Скопје и Софија, бидејќи ова е многу значаен коридор за регионот и за НАТО, изјави вицепремиерот и министер за транспoрт Александар Николоски кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоупорава Златко Пeрински, извршијa увид во реконструцкија на локални улици во општина Ѓорче Петров.Во продложение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:“ Ние остануваме силно посветени на железничкиот коридор 8 . Во овој момент активно се работи на втората секција во должина од 34 километри која оди од Бељаковце до Крива Паланка. Во месец јануари ја пуштивме во функција првата секција од Куманово до Бељаковце и остануваме посветени на дијалог со Бугарија со цел изнаоѓање на заедничко прифатливо техничко решение во однос на тунел кој што треба да ги спојува двете држави и изградбата на третата секција затоа што сметаме дека Коридор 8 е исклучително значаен не само за Македонија туку за целиот регион и за цела Европа. Тоа е НАТО коридор, тој е втор најзначен коридор значаен за НАТО и нашата посветеност останува.Со жалење ја примаме информацијата која што вчера пристигна, а која е официјален документ усвоен од бугарската влада, со кој Бугарија одлучи да ги тргне средствата кои претходно беа предвидени за реконструкција на делот од Софија до Ѓуешево, имајќи предвид дека пруга има но таа е во очјана состојба и не може да се користи и не треба само да се изгради тунелот и спојка со Ѓуешево, туку многу поважно е да се напрви реконструкција од Ѓуешево до Софија со цел Скопје и Софија да се поврзат.Имајќи превид дека донесоа одлука средствата за изградба од Софија до Перник и до Радомир да ги пренасочат за изградба за пруга од Софија до Бургас, мислам дека јасно испраќаат политичка порака во однос на нивната посветеност односно непосветеност за изградбата на железничкиот коридор 8 и исто така паѓа во вода целата пропаганда која беше водена во изминативе седум месеци против пртеседателот на Владата, првенствено против премиерот Мицкоски и против мене дека имаме нешто проитв Бугарија, дека не сакаме да се поврзуваме, дека имаме некаква оска Атина Белград и слични глупости кои беа дел од пропагандата. Но, на крај вистината излезе а тоа е дека било залажување и пред јавноста и пред европските институции, а намерите биле сосема различни.Јас сакам да Ве инфомрирам дека утрово испратив писма до Европската делегација, до Европската Транспортна Заедница, но исто така и до двете банки ЕИБ и ЕБРД имајќи предвид дека Македонија има потпишано договори за кредит за коридор 8 во висниа од 350 милиони евра и за истите доколку не се користат треба да плаќа резервации, а во овој случај не би се користеле не поради наша вина, туку по вина на соседната држава и мора да го заштитиме и финансискиот интерес на државата.Ние се надеваме дека дијалотогот ке продолжи, последниот обид го направивме на 7 март кога јас испратив писмо преку МНР до бугарската влада до бугарското министерство за транспорт и до сите одговорни. Од наша страна е формирана работна група на највискоот можно ниво, покрај мене министерот за надворешни работи и трговија, министерката за финансии и директорот на Железница Инфраструктура . Очекуваме иста посветеност и од страна на Република Бугарија со цел да можеме да ја изградиме и да ги поврземе Софија и Скопје и на крај одлуката да е на двете страни. Но влади се менуваат, посветеноста останува, јас се надевам дека со оваа или следна бугарска влада ќе успееме да го изградиме коридор 8 затоа што тој е клучна артерија не само за Македонија туку за целиот регион”-изјави вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-11-24-at-12.48.50

Николоски од Прага: Преговарме за нови инвестиции од Чешка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ја продолжува работната посета на Чешката Република, каде во Прага покрај учеството на Комитетот за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, ќе оствари билатерални средби со високи претстваници на чешката влада.Покрај средбата со директорот на аеродромот во Прага на која се разговарaше за воспоставување на нова линија Скопје –Прага,  како и можноста за нова линија Охрид- Карлови Вари, вицепремиерот ќе оствари и работни средби со министерот за транспорт и министерот за енергетика.Во продолжение Ви ја пренесуваме интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:“Она што ми е особено задоволство е тоа што ќе се остварат бројни билатерални средби меѓу различни ресори. Покрај мојот ресор, тука е и ресорот земјоделие, култура и туризам, економија и финансии, надворешни работи и енергетика. Значи бројни сектори ќе бидат опфатени како можност за сорабокта меѓу двете држави. Веќе се прават посети на различни стопански концепти, исто така имаше и презентација на туристичките потенцијали на Македонија и множноста за привлекување на туристи, а само што завршивме состанок со директорот на аеродормот на Прага. Разговаравме за отворање на директна линија меѓу Скопје и Прага и можам да кажам дека сме многу блиску за отворање на директна линија, а можам да кажам дека разговаравме и за отварање на втора линија од Карлови Вари до Охрид како втора дестинација која би одела од Чешката Република. Денот  го продолжуваме со средба со претставниците на фабриката Шкода, мислам дека не треба многу да се кажува за Шкода, ќе се обидеме да ги привлечеме да инвестираат во Македонија. За утрешниот ден имаме средби со министерот за транспорт и министерот за енергетика, тука е и зедничкиот Комитет меѓу двете делегации и на тој начин очекувам да се зголеми трговската соработка а и туристичката размена меѓу двете земји и на овој начин покажуваме дека се обидуваме да го развиеме туристичкиот потенцијал и да ја подобриме економијата во Македонија.На средбата со директорот на аеродромот на Прага беа разменети идеи дали да се оди со авиопревозник кој што би го имал Скопје како единствена дестинација или тоа би се користело за конектинг летови кои би поврзувале други дестинации. Јас сум повеќе за втората варијатна затоа што тоа отвора друг тип на патници, отвора повеќе патници, а во однос на летната сезона таа е веќе почната така што зборуваме за зимска сезона и другата летна сезона, тоа е најрано кога што можеме да очекуваме други дестинации” -изјави вицепремиерот Александар Николоски.

Македонија | пред 11 месец

aerodrom

„Туркиш ерлајнс“ ќе лета четири пати неделно од Охрид почнувајќи од крајот на март, а може да има и нови линии, најави Николоски

Може да се очекуваат нови авио линии од охридскиот аеродром, посочи министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. Според него, голема вест е што „Туркиш ерлајнс“ ќе почне четири пати неделно да лета за Охрид.„Тоа ќе значи не само голем број патници, туку охридскиот аеродром да биде на листата на светски дестинации. До изборот на оваа Влада и воведувањето на оваа линија која ќе почне на 27 март, охридскиот аеродром немаше статус на меѓународен аеродром што го ограничуваше бројот на летови кои можеа да додаваат“, рече Николоски.Тој посочи дека во лето се очекуваат повеќе летови, но и повеќе летови во текот на цела сезона.

Охрид | пред 1 година

Screenshot-2025-02-24-at-12.41.46

Николоски: Ниту еден ДУП, ни за Карпош ни за Центар, не е потпишан - не прават урбанизација каква што треба

Министерот за траспорт и врски, Александар Николоски рече дека нема да се носат најавениот специјален закон за општините Центар и Карпош, но затоа, нема да им се поптишуваат Деталните урбанистички планови за да не прават урбанизација која според него „не е каква што треба“.„Градоначалниците на двете општини не се сложија, а тоа мора да е соработка на општините и Министерството. Јас тоа што го ветив го почитувам. И си го држам зборот. До денес, од изборот на Владата, ниту еден ДУП, ни за Карпош ни за Центар не е потпишан. Мислам дека локалната администрација не ја врши својата работи и не прават урбанизација каква што треба“, рече Николоски.

Македонија | пред 1 година

nikoloski-pat-3

Николоски: Недостасуваа 13 милиони евра за да се доврши експресниот пат Градско – Дреново

Работниците беа повлечени и активности на терен немаше, не беа решени косините и недостасуваа околу 13 милиони евра за да се доврши реализацијата на овој експресен пат, истакна вицепремиерот Николоски на пуштањето во употреба на експресениот пат Градско - Дреново.Но со посветен работа, со огромна подршка на премиерот успеавме за месец дена да го решиме тоа што претходната влада не успеа за година и половина и денеска да имаме завршен експресен пат, додаде вицепремиерот Николоски.„Изведувачот се спремаше за арбитража, веќе првите чекори беа преземени и работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада која година и половина не сакала да потпише два адендума, Адендум 3 и 4, кој што беа договорени со ДЕУ и не сакала да формира Комисија која што ќе ги спроведува.Новата Влада за само месец дена ја формираше Комисијата, истата се формираше на крајот од јули, во тек на август се работеше на содржината на овие два адемндуми и на 12 септември проблемите се решија. Од 12 септември до буквално Нова година се работеше, се заврши комплетно и сакам да честиттам на сите бидејќи имаме експресен пат.Овие работи треба да се кажат бидејќи народот треба да знае кој работи а кој не работи. Овој пат денеска што го гледате е реален и не е направен со вештачка интелегенција како што го имаше во одредени пропагандни спотови во изборите и ова е најдобра подршка зошто оваа влада треба да биде подржувана од народот за уште поубави проекти“, се обрати пред присутните вицепремиерот Александар Николоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-24-at-12.48.50

Николоски: Изградбата на експресниот пат Куманово - Страцин - Крива Паланка е пример како домаќински треба да се работи

Експресниот пат Куманово-Страцин-Крива Паланка е првиот проект кој се завршил навреме во историјата на Македонија. Патот е од народот и за народот и ќе значи големо економско заживување на источниот дел од државата – истакна во Вечерното шоу на Богдан Илиевски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.“Станува збор за еден прекрасен проект, со четири ленти, две од едната и две од другата страна, каде дозволената брзина е 110км на час. Овој пат ќе значи заживување на источниот дел на државата и е главна артерија за поврзување со Бугарија. Она што е исто значајно е што по овој експресен пат ќе почне да се развива бизнис. Очекувам од левата и од десната страна на патот да почнат да се развиваат стопански субјекти и фабрики, кои што ќе вработуваат нови луѓе, како и трговски центри, магацини, бензиски пумпи и се она што носи развој со изградба на една ваква делница”, истакна Николоски.Министерот потенцираше дека затекнал катастрофална состојба на овој патен правец, каде еден од изведувачите целосно ги напуштил работите, а проблеми имало и со недостатокот на работници и надзорот.“Со судни маки успеавме да ги вратиме работниците назад и да обезбедиме надзор. По најголем дел од трасата косините не беа заштитени, а на најголем дел од трасата немаше ниту капка асфалт или поточно на 17,5 км од 25 км воопшто немаше асфалт. Немаше ограда, немаше банкини, немаше еластична ограда, немаше канали изведени, сигнализација и се она што е дел од уредување на еден пат”- истакна министерот Николоски.Во однос на тоа како работите се завршија во рок од 6 месеци, а притоа имајќи ги во предвид сите недостатоци, Николоски потенцираше дека за прв пат во изградбата на еден патен правец во Македонија се применија нови методи.“За прв пат се примени асфалтирање на ниски температури, со што целосно се промени динаминката на изградба. Прв пат Македонија виде дека може да се работи под рефлектори. Немаше класично работно време од една смена, туку се работеше во три смени. Трето, прв пат Македонија виде дека може да се работи на дожд, секако со заштита на работниците. Четврто, прв пат Македонија дека може паралелно да се работи на повеќе сегменти од патот и петто, за прв пат се мобилизираше толкав број на работници и машини кои работеа во исто време”, потенцираше Николоски, кој најави дека во 2025 година ќе следуваат многу нови проекти и позитивни вести.

Македонија | пред 1 година

nikoloski3-2

Николоски: Со нов Правилник ќе го зголемиме квалитетот и кванитетот на велосипедските патеки, за следната година ќе предвидеме и субвенции за купување на нови велосипеди

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со стручните служби од секторот за урбанизам и патен сообраќај, остварија работна средба со претставници на граѓанското здружение „Биди Зелен“.Тема на средбата беше иницијативата на граѓанското здружение во однос на креирање на нови прописи со кои се уредува планирање и проектирање на велосипедска инфраструктура во населено место и надвор од него. На средбата беше потврден фактот од недостаток на инфраструктура за велосипеди како услов за безбеден сообраќај од една страна, но и како еден од главните фактори за намалување на аерозагадувањето.Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски ја поздрави оваа иницијатива и истакна дека министерството е подготвено со заедничка соработка со граѓанските здруженија да се креираат нови нормативи и стандарди како во иднина квалитетно би се планирала и би се реализирала вело-инфраструктурата.Исто така, министерот Николоски ја истакна подготвеноста на Министерството во следната буџетска година да се предвидат и средства за субвенции за купување на нови велосипеди со цел да се намали користење автомобили и да се влијае врз намалување на аерозагадувањето како мерка за заштита на животната средина.Министерот испрати и апел до сите општини, во рамките на финансиската поддршка за општините од 250 милиони евра планирана за следната година, општините да аплицираат за проекти за изградба на велосипедски патеки со цел да се подигне квалитетот на вело-инфраструктурата на општинско ниво и да се поттикне користење велосипеди во урбаните средини.Во следниот период, стручните служби од министерството и претставници од граѓанското здружение „Биди Зелен“, заеднички ќе работат на креирање на нови прописи за планирање, проектирање, изградба и одржување на велосипедска мрежа.

Македонија | пред 1 година

nikoloski3-2

Николоски: Стојам зад сите рокови што ги спомнав за пуштање во употреба на автопатот

Еден од најголемите проблеми на автопатот Охрид - Кичево се косините на трасата бидејќи навреме не се испитувала геологијата на земјиштето. Но решение има и до март следната година ќе имаме комплетни технички решенија за сите косини по трасата на автопатот, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето во поткастот “Бизнис муабети”.„Не биле направени детални геолошки истражувања. Се однесува на сите претходни влади, кога почнале да работат требало да ги направат истражувањата. И тоа се однесува на секцијата од Врбјани до над Кичево, таа е планинска секција. Таму мислам дека се работело по логика. Секоја планина е најчесто карпа, а таму има комплетно друга геoлогија каде долниот дел е ровка земја, а горниот тврда земја. Затоа се случува косините да се спуштаат, една, две, три години да се стабилни и после три години да се спуштат. Но има и за тоа решение, науката отиде напред. До март месец ќе имаме комплетни проектни решенија за сите косини што се спуштаат по трасата. Најлесно е да го изградиме и да го пуштиме и после две, три години да се спуштат, па потоа пола траса да ја затвориме да чистиме итн. Мораме да имаме решенија кога ќе го пуштиме автопатот да биде целосно функционален. Јас кога станав министер ги собрав сите најголеми умови во Македонија во овој дел, заедно со меѓународни експерти а помогнаа и Синохидро со свои експерти и решенијата се гледаат” изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од потегот од Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година како што ветивме ќе го изградиме целиот автопат, додаде министерот Николоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-24-at-12.48.50

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина поддршка, општините да подготвуваат нови проекти

Од почетокт на следната година општините да започнат да подготвуваат проекти за инфраструктура што ќе се финансираат од новиот пакет од 250 милиони евра, поддршка за општините, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.Тој истакна дека од владината поддршка од 100 милиони евра, голем дел од општините веќе распишале тендери за поднесените проекти и се очекува истите уште од следниот месец да започнат да се реализираат.„Најголем дел од општниите кои што добија средства од Владата и тоа најголем дел преку Министерството за транспорт веќе ги распишаа јавните набавки и тие се активни во овој момент. Очекуваме на почетокот на декември да имаат избрано изведувачи и доколку не послужи времето да почнат и во декември да работат.Гледате дека воведуваме иновативни методи за работа, на пример на автопатот Охрид - Кичево ќе се работи цела зима преку таканаречено зимско асфалтирање. Така што со слични иновативни методи очекувам и општините во текот на зимата да работат и да се гледаат брзо резултатите, а веќе од јануари да се подготват за еден голем пакет од 250 милиони евра за проекти“, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Македонија | пред 1 година

nikoloski-kosovo-1

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции - уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интервјуто во Дневникот на ТВ Сител.Како што нагласи министерот, поважно е Македонија да ги одбрани своите аргументи пред клучните земји од Западна Европа, додека преговорите со Бугарија се невозможни во услови кога во земјата има влада која нема легимитет да преговара, бидејќи не е избрана од народот.„По мене поважен е квалитетот на држави отколку бројката. За мене најзначајна средба е средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Франција Емануел Макрон, од причина што Франција е играч број еден во ЕУ, а Макрон е лидер во ЕУ со најголем легитимитет, чиста победа на претседателските избори и влада со која соработува. Германија допрва влегува во избори и таму ќе има промени, така што ако успееме добро да сработиме со Фрација и со неколку други земји од Западна Европа, мислам дека нашите аргументи лесно ќе бидат примени. Ако ЕУ сака да почне преговори, Македонија ќе почне преговори затоа што ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку со втората најслаба земја во ЕУ“, рече вицепремиерот Николоски и додаде:„За жал Бугарија седум изборни циклуси не може да избере Влада и како што стојат сега работите веројатнo ќе одат и на нови осми избори во март следната година и тоа прави невозможо да се има солидна комуникација. Во моментов таму има техничка влада, тие се луѓе кои што никој не ги избрал на избори. Јас еднаш реков дека се политички маргиналци, па ми се налутија, но тоа е реално бидејќи тие не излегле на избори. Многу е тешко од една стрaна да има влада со буквално двотретинско мнозинство во Парламентот со огромен изборен легитимитет, а од друга страна имате влада што не претставува никого. И во такви услови е многу тешко да се води било каква форма на дијалог бидејќи другата страна не може да превзме обврски. И Радев не може да преземе обврски бидејќи тој е претседател и без разлика колку е тој популарен, не може тие политики да ги испорача. Не е пријатно да имаме сосед кој четврта година по ред не може да избере Влада“, истакна вицепремиерот Николоски во Дневникот на ТВ Сител.

Македонија | пред 1 година

fani-karanfilova

Николоски: СОРОС директно влегува во структурите на СДСМ, ова е невидено и непринципиелно дејствување

Викеднов се случи една феноменологија со влегувањето на фондацијата СОРОС во структурите на СДСМ. Ако во минатото првиот човек на фондацијата СОРОС беше член на централниот одбор на СДСМ, сега доскорешниот прв човек на фондацијата станува втор човек на СДСМ. Ова е едно непринципиелно дејствување, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.Тој потенцираше дека оваа е сериозен проблем во општеството бидејќи СДСМ ги наруши улогите на политичките партии, улогата на медиумите и на невладините организации преку нивно обединување.“Поеклатантно влегување на СОРОС во една политичка партија до сега немам видено, што е феноменологија. Тоа е проблем бидејќи едни јасни поделби кои што постојат во општеството се прескокнуваат. Една е улогата на политичките партии, друга е улогата на медиумите, а трета е на невладините организација, а сега гледам дека СДСМ сака да направи една симбиоза на сите три, што вклучува едно непринципиелно дејствување. Но, ние сме спремни да се натпреваруваме и како што го поразивме историски со најголем резултат од опозиција, а тие имаа најслаб историски резултат со само 18 пратеници, убеден сум дека уште повеќе ќе ги поразиме на локалните избори“ - изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.Тој додаде дека здраво е да се има силна опозиција, но како што рече во моментов не може да се дефинира која е главната опозициона партија, дали СДСМ, ДУИ или Левица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-24-at-12.48.50

Ќе се асфалтира и во зима автопатот до Охрид, а од утре и рехабилитација на превојот Пресека

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, рече дека сите села пред Охрид ќе имаат алтернативен пат за поврзување меѓу селата, експропријациите се завршени, а автопатот ќе се заврши до крајот на 2026 година. Николоски е дециден дека ќе се асфалтира и во зима.„Главната амбиција на оваа Влада е да имаме автопат од главниот град до Охрид. Промовираме асфалтирање и преку зима. Работат околу 300 машини и 600 луѓе. Дел ги гледате на трасата која се гледа, дел не ги гледате на трасата која е надвор од магистралниот пат. Ќе го завршиме автопат. Од утре почнува рехабилитација на превојот Пресека, кој ќе се користи до 2026 година додека не се пушти целото автопатско решение“, рече Николоски.

Македонија | пред 1 година

koridor-deset34

Николоски: До јануари 2025 година ќе ја завршиме целокупната експропријација за изградба на автопатите на коридор 8 и 10

На новинарско прашање во однос на постапките за експропријација за изградба на автопатите на коридор 8 и 10, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски истакна:„Во однос на експропријацијата имаме голем прогрес и можам да Ви кажам дека за изградбата на коридорите 8 и 10, до јануари следната година ќе заврши целокупната експропријација. Само за споредба, откако беше потпишан договорот па се до мојот избор на министер, а тоа е период од 2 години, експропријацијата беше со прогрес од 25 %. За овие вкупно шест месеци ќе се завршат овие 75 % што многу зборува за посветеноста или ако сакате за најтешката делница Гостивар – Букојчани или популарно наречената Стража, до август месец беа завршени околу 400 постапки од вкупно 1290 кои што треба да се завршат.Од тие 400 до тие 1290 ќе ги завршиме за следниве 5-6 месеци така што крај на јануари целокупната експропријација на коридор 8 и 10 д со исклучок на делот кој зафаќа во делот на заштитената зона во Охридското езеро ќе бидат завршена“, изјави министерот Николоски.

Македонија | пред 1 година

nikoloski3-2

Проектот „Купи куќа за млади” стартува од следната година, најави Николоски

После Нова година ќе излеземе со условите и начинот на кој младите брачни двојки ќе можат по поволни услови да учестуваат на проектот „Купи куќа за млади“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.„Сакам да најавам дека од следната година, ќе почнеме да го развиваме проектот “Купи куќа за млади” кој што треба да овозможи на многу млади брачни двојки да се стекнат со сопствен дом по исклучително поволни услови. Затоа ги спремаме плановите и после Нова година ќе излеземе со конкретни предлози во кои општини ќе може тоа да се реализира и на кој начин ќе можат младите брачни двојки да добијат подршка и помош за сопствен дом“, изјави министерот Николоски.Тој денеска се обрати на настанот во организација на Сојузот на стопански комори поврзан со иновативни решенија за паметни домови.„Иновативните предлози значат забрзување на стопанскиот и економскиот раст. Дополнително има уште еден сегмент кој се однесува на дуалното образование и мислам дека тоа е клуч за генерациите што доаѓаат и нешто што треба да даде нова можност за македонската економија. Тука ги вклучуваме и иновативните решенија во однос на начинот на градење и изведба на објекти. Ние како Влада стоиме на располагање со цел да дадеме подршка на вакви иницијативи“, истакна министерот Николоски.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-28-6180PM

Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга

Пруга кон Бугарија е во интерес за Македонија, но со изградба ќе продолжиме откако ќе се ревидираат сите недостатоци со посредство на Европската Унија, истакна вчеравечер во емисијата “Топ Тема” на ТВ Телма, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.Како што рече министерот Николоски, проектот има три главни недостатоци меѓу кои цената, изводливоста и тунелското решение.„Во однос на цената договорена e ревизија помеѓу македонската страна, бугарската страна и Европската Унија. Да видиме како се дошло до овие суми и кој тие суми така ги предвидувал. Многу е добро што во ревизијата ќе учествува и Европската Унија и тие ќе видат многу работи и ќе ги извадиме сите работи во јавноста. Друга работа, кај се видело тунел да се гради до половина? Да,ќе градиме пруга кон Бугарија, но не по овој проект. Македонија е единствена во моментов која има активности на коридорот 8 во железничкиот сообраќај”, истакна министерот Николоски и додаде:„Компанијата која што го има проектирано третиот дел од пругата кон Бугарија е истата компанија која што не ја заврши штипската болница и со која што сега Република Македонија е на арбитража. Затоа е многу добро што од Европската Унија се согласија да се прави ревизија на цената и на проектот”, истакна министерот Николоски.Во однос на прашањето зошто во бугарска страна нема активности на проектот за изградба на пругата, министерот потенцираше дека Бугарија работи на алтернатива на коридорот 10 и поставување на Македонија во незавидна положба.„Бугарија има приоритет да работи на алтернатива на коридорот 10 и тоа е најголемата битка која што се случува позади сцената во моментов бидејќи коридор 10 во Јужна Европа е најисплатлив коридор. Бугарија прави огромни притисоци да изработи алтернатива на коридор 10, односно од Ниш, наместо пругата да се спушта надолу кон Скопје и кон Солун, истата да оди источно кон Босилеград, а потоа по реката Струма да се спушта низ Бугарија и после тоа да се поврзува со Солун. Тоа е битката што позади завесата се случува во моментов. Доколку оваа битка се реализира, Македонија ќе стане слепо црево на Балканот. И затоа се нервозни, затоа што ние им ја разбиваме таа стратегија, со тоа што ставаме фокус на коридор кој што е економски најисплатлив и кој што најприроден, во исто време го градиме и коридор 8”, истакна министерот Николоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања