Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

николоски

Нема фотографија

Николоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ за 4 години ќе инвестира 10 милиони евра во општина Неготино за инфраструктурни проекти

,,Прво сакам да му честитам на градоначалникот, на општинската организација на советот, навистина се прави една огромна работа, доволно е само да погледнете околу нас и да видите дека навистина се решава огромен проблем за голем број на жители кои што живеат тука во ова населено место, целосна инфраструктура како што кажа и градоначалникот одвод, довод.Понатаму, асфалтирање на улиците, тротоарско решение, нешто што ќе го подобри значајно квалитетот на живот на сите овие луѓе тука.Тука има и доста млади брачни парови со деца кои ќе можат да имаат едно пристојно место за живеење. Јас морам да признам дека е исклучително убава оваа населба и дека ќе е најубавото место за живеење во општина Неготино.Тоа што ние сме договорени со градоначалникот е дека после парламентарните избори и формирањето на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сериозни големи средства ќе влегуваат во општина Неготино. Планираме децентрализација на средствата од буџетот, на државно ниво планираме околу 250 милиони евра годишно да слегуваат во општините.За општина Неготино најмалку повторувам најмалку ќе слегуваат од 2 до 2.5 милиони евра што значи дека ќе имаме еден циклус четиригодишен од 10 милиони евра кој што треба да ги затворат сите отворени прашања во општината, поврзани со инфраструктурни прашања, како што се канализациони и водоводни системи, пречистителна станица доколку е потребно, асфалтирање на сите улици кои што не се асфалтирани.Понатаму решавање на сите пешачки патеки, понатаму состојбата со градинките и училиштата, како би можеле после четири години овие прашања да ги затвориме еднаш засекогаш, да има квалитетен живот за секој граѓанин на општина Неготино и на сите останати општини во државата, како би можеле после тоа да решаваме поголеми проблеми.Така што ќе имаме еден силен инвестициски циклус кој што да најавам ќе почне уште од летото затоа што нашиот план е во текот на месец јуни да ја формираме Владата, веќе јули да има ребаланс на Буџет и онаму каде има готови проекти веќе од август да почнат да се работат тие проекти. Така што сум убеден дека ќе доаѓаме на отворање на многу, многу проекти како што е навистина овој убав проект еве каде што сме денеска.Исто така денес ќе имаме средба и со земјоделците со претставниците на земјоделскиот сектор каде ќе поразговараме за актуелните состојби во земјоделието. Тие се лоши, тие се катастрофални, пред се од негрижата на Владата за земјоделците да се промени начинот на субвенционирање, тоа доведе до преполовување на земјоделското производство.Овој начин на субвенционирање на земјоделието не само што не дава резултати, туку ги брка земјоделците од нивите и ги тера да си ја бараат среќата по Германија, Швајцарија, Австрија, да ја напуштаат Македонија тоа е жално и затоа ќе работиме на сериозна промена на системот на субвенционирање, враќање на добрите пракси од минатото и воведување на нови пракси кои ги носи новото време со цел подобрување на состојбата на земјоделците, зголемување на површините кои се под обработка и многу повеќе луѓе да си ја наоѓаат среќата во земјоделието.", вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

nikoloski28012022.jpg

Николоски: Планираме сериозна реформа во здравството

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање од Прилеп во однос на состојбата во здравството и случувањата во Битолската и Прилепската болница истакна дека состојбата во здравството е катастрофална, постои криминал и незаинтересираност поради што пропаѓаат болниците но ВМРО-ДПМНЕ планира сериозна реформа во здравството, прво крај на криминалот и корупцијата и втор чекор регионализација и стимулирање на здравствените работници.„Во однос на состојбата со здравството таа е катастрофална, гледам дека еден поранешен министер за здравство почна јако да се рекламира последните денови веројатно мисли дека граѓаните заборавија што се случуваше во неговиот мандат, кога Македонија за жал уриваше црни рекорди по смртност во делот на пандемијата со корона и кога освен гол пи ар не се правеше ништо друго гледам дека со исти гол пи-ар се продолжува и сега, наместо да се лечат пациенти и да се спасуваат животи со камери им се влегува на операција што е дно, нема збор да се употреби и една работа која што е прашање на етика и морал. Така што во такви услови состојбата во здравството е катастрофална поделена е на личен пи ар на огромен криминал и на незаинтересираност и затоа пропаѓаат и Битолската и Прилепската болница. Не е тука прашањето дали некој е виновен во Битолската или во Прилепската болница, во двете болници нема соодветни услови за да можат соодветно луѓето да се лечат во Пелагонискиот регион иако тука планираме една сериозна реформа која што почнува со првиот и едноставен чекор а тоа е да запре криминалот и корупцијата во здравството, второ е веќе да се оди кон регионализација и јасно утврдување на тоа што е потребно за секој регион за да има квалитетна здравствена заштита и секако стимулирање на здравствените работници затоа што сметаме дека е основно да се подобрат условите на здравствените работници како би можело да даваат подобри услуги на граѓаните“, нагласи Николоски.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Власта расипнички троши 250 милиони евра за транспортни хеликоптери на компанија поврзана со огромен корупциски скандал во Македонија

За хеликоптерите сакам неколку аспекти за искоментирам, првата работа е дали Македонија во моментов воопшто има потреба од транспортни хеликоптери, бидејќи за да знае јавноста се работи за хеликоптери кои ќе бидат за транспорт на персонал и војници, а за борбени хеликоптери, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при посетата на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање поврзано со набавката на хеликоптери од министерство за одбрана.Николоски посочи дека со ваква набавка одбранбената готовност на Македонија и армијата со ова не се подобрува, а исто така 250 милиони да се потрошат на ова е расипништво.Во исто време кажуваме дека 250 милиони евра ќе впуштиме во сите општини во Македонија. Ако само за ова не ги трошат парите, за една година сите општини во Македонија ќе можат веќе да почнат со препород и со решавање на децениските проблеми на граѓаните. Министерката за одбрана на јавноста и должи одговор како е возможно во веќе почнат изборен период, распишани се избори да врши толку голема јавна набавка која треба да ја плаќа следната влада, рече Николоски.Николоски исто така вели дека мора да се одговори зошто и како баш оваа компанија Леонардо од Италија е избрана а не се избрани другите компании, конкурирале француско-германски огромен конзорциум, шведски и американски производител.Зошто е избран токму Леонардо, и дали причината за изборот е огромниот корупциски скандал кој беше прв на владата на Зоран Заев, а тоа е набавката на радарски систем од страна на компанијата Леонардо, кој според разговорите кои ги слушнавме во јавност чинел 1 милион евра повеќе од проценетата вредност за што тогашниот генерален секретар на владата Драги Рашковски заврши во затвор. Се дава набавка на компанија која е веќе поврзана со огромен скандал во Македонија. Ова покажува расипничко трошење и за ова ќе има одговорност, ако е прекршен законот, истакна Николоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николоски: Во Прилеп се случува инфраструктурна трансформација, но со Владата на ВМРО-ДПМНЕ таа ќе продолжи уште посилно

,,Прво, да честитам на градоначалникот, на претседателот на Совет, на пратениците, на советниците, затоа што во Прилеп навистина се реализираат бројни проекти. И ми е драго што еве после две години се случува една инфраструктурна трансформација на градот.Она што можам да го ветам за следниот период, е дека веднаш после парламентарните избори планираме да направиме ребаланс на Буџет со цел ветувањето коешто го дадовме, а тоа е некаде 250.000.000 евра од капиталните расходи да се спуштат во општините и да бидат дел од пакетот за децентрализација и да се случи уште оваа година, што значи дека Прилеп може да очекува уште оваа година некаде во втората половина на годината да има дополнителни околу 4.000.000 евра кои што би биле за инфраструктурни проекти кои што ќе ги понуди Општината.Што значи на сето она што го имаме досега како реализација и што ќе секако се реализира во следниов период дополнителни средства би дошле од Буџетот уште оваа година во вредност од 4.000.000 евра што значи дека во еден четиригодишен инвестициски циклус тоа би требало да е најмалце 16-тина милиони евра, а со овие проекти може да оди и до 20.000.000 евра, со што конечно би сакале да ги затвориме основните инфраструктурни проблеми на граѓаните. Пред се тука мислам во делот на патна инфраструктура, водоводни и канализациони системи, исто така во делот на претшколска возраст односно градинки, изградба или обновување, и во делот на образование, односно во делот на училишта и спортски сали. како би можеле после четири години да зборуваме за далеку покрупни проекти.Нашата идеја е со овој процес на децентрализација да се спуштата средствата помеѓу граѓаните.Градоначалникот спомена, еве денеска ќе направиме увид на неколку проекти кои што се работат, тоа е кружниот тек кој што е еве тука пред нас, тоа е секако почеток на изградба на спортска сала. Скоро сме во финале на реконструкција и рехабилитација на 60 улици во Прилеп, што е невидено во историјата на градот во еден во еден вака кус временски период да се направи.Исто така е при крај еден голем проект во селото Канатларци, кој што треба да реши децениски проблем за сите жители таму, кој што очекувам за две до три недели, исто така да е готов.Имаме бројни други проекти кои што следуваат во следниот период.Она што исто така, сакам да го споменам оттука и да го потврдам е дека е при крај изработката на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните парламентарни избори. Еден од приоритетите ќе биде подобро надворешно инфраструктурно поврзување на Прилеп, тука пред се мислам на конечна изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп. Гледате дека откако се промени власта, овие седум години камен немаат ставено и скоро и ништо да не се случува таму, освен што се блокира сообраќајот по постојниот пат кој што се користи.Така што, во план ни е во максимално брз рок тоа да се заврши. Исто така, едно автопатско решение од Прилеп кон Битола, а она што можам да го најавам за највозрасната категорија на граѓани, во делот на пензиите е дека уште во првата година од мандат на ВМРО-ДПМНЕ планираме линеарно зголемување на пензиите за пет илјади денари. Што значи дека, на пример, оние кои што земаат најниска пензија од 12 илјади денари, веќе ќе земаат 17 илјади денари и така прогресивно да продолжиме во следниот период.Во следната недела очекувам да ја имаме комплетно програмата, да ја презентираме. Ќе има доста работи кои што ќе ја опфатат целокупната популација, но ќе има и доста интересни работи за Пелагонискиот регион и јас како носител во четворката ќе бидам почесто со вас, така што ќе можеме ги да коментираме.", вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Nikoloski17082021

Николоски: Расипничката влада ги уништува граѓаните

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при денешната посета на Василево одговарајќи на новинарско прашање во однос на коментар за набавката на 45 возила на службата за општи и заеднички работи истакна дека се работи за масовна пљачка и криминал на владата во заминување но и предупреди да внимаваат сите оние кои потпишуваат и се вплеткани во коруптивните шеми бидејќи ќе сносат одговорност.„Се работи за една масовна од една страна пљачка од друга страна расипништво, мислам дека последно што им треба во моментот на институциите во Македонија се нови возила за луѓе кои што и онака ќе си заминат од власт за два месеци а после тоа ќе користат друг тип на возила кои што се генерално насочени кон казнено поправни установи во државава а не службени возила. Така што се работи за едно расипништво се работи за криминал не се само овие 45 возила кои што ги набавува владата исто така да ја потсетам јавноста дека електрани на Македонија, ЕЛЕМ во услови кога во Македонија струјата е екстремно скапа набави возила во вредност од милион и пол евра така што од една страна да им ги кревате сметките за струја на граѓаните за два пати некаде и до три пати а од друга страна за милион и пол евра да набавувате возила само говори за какви бандити се работи. Сакам да ги предупредам и оние таканаречени економски оператори или фирми кои што ги добиваат овие тендери пет пати да отворат очи пред да ги потпишат и десет пати да отворат очи пред да го дадат процентот кој што им го бараат раководителите од државните институции конкретно во случајот од ЕЛЕМ или од владата затоа што за се имаме сознанија и за се ќе има одговорност и нема да одговараат само носителите на јавни функции туку ќе одговараат и управителите и сопствениците на фирми кои што влегуваат во вакви коруптивни шеми“, нагласи Николоски.

Македонија | пред 1 година

Nikoloski

Николоски: Состојбата во земјоделието е катастрофална

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на посетата на општина Василево истакна дека имајќи предвид дека станува збор во земјоделски крај очигледна е исклучително лошата состојбата во земјоделието во изминатиов период, а политиките на владата демотивираат се повеќе земјоделци.Гледаме една катастрофа и само за 5 до 6 години се преполови обработливото земјиште во државата. Тоа е пред се резултат на лошите политики во делот на субвенционирање, се промени целосно начинот што демотивираше голем број земјоделци да работат. За жал голем дел од нив видов во Швајцарија при мојата посета кај нашата дијаспора, изјави Николоски.Николоски додаде дека тие земјоделци кои се од овие краиште наместо да си гледаат среќата во својот дом, иселени се во странство.Состојбата е катастрофална, иселувањето е масовно и тоа е нешто на кое интензивно ќе работиме после парламентарните избори, нагласи Николоски.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-22.06.2022

Николоски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ во Василево во наредните 4 години ќе донира над 4 милиони евра за општината да се развива

,,Благодарам на присуството, еве навистина присуствуваме на еден убав настан и би сакал да честитам на градоначалникот, на советниците исто така, на членовите на Советот, на сите вработени во Општината за тоа што општината континуирано во изминативе две години се развива.Општината е во исклучително тешка ситуација, градоначалникот ја затекна Општината со огромен долг, во моментот долгот е некаде над 100 милиони денари, што за вака една мала општина е навистина голем товар.Но, самото тоа што и со огромен долг кој што е наследен од неговите претходници успева да менаџира и да изработува проекти, говори за посветеноста и за напорната работа.Така ќе биде и после следните парламентарни избори. Ние предвидуваме огромни средства да се слеваат директно во општините.Имено, планираме околу 250 милиони евра од капиталните расходи од Буџетот.Секоја година да доаѓаат во општините и тие да бидат распоредувани рамномерно според бројот жители во секоја општина и според економскиот перформанс.Тоа значи дека во рок од 4 години некаде над 4 милиони евра ќе влезат тука во општината само од Буџетот директно како дотација со којашто ќе може општината да се развива и да работи на нови проекти кои што ќе бидат од корист на граѓаните.Сето она што им е потребно на граѓаните во делот на инфраструктурата да се заврши, да се изработи и конечно после четири години темата локална инфраструктура да ја затвориме со цел да имаат сите жители на сите населени места во Македонија едно поубаво место за живеење", изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ седи на главната маса со партнерите од Европската Народна партија, додека СДСМ на врата не го пуштаат да влезе

„Ова е предизборен конгрес на најголемото политичко семејство во Европа, Европската Народна партија од која полноправен и горд член е ВМРО-ДПМНЕ. Горд сум што ВМРО-ДПМНЕ е член на најмоќната политичка сила во Европа од која доаѓаат најголем број на претседатели и премиери на земји од Европската Унија и Европа како и целото раководство на Европската Унија. Најдобар доказ за тоа е што претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен е од Европската Народна партија и истата беше избрана за водач на листата на Европската Народна партија и доколку Европската Народна партија ги освои јунските европски избори повторно ќе биде претседател на Европската комисија што е исклучително значајно за нас како политичка партија и за Македонија“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вклучување во вестите на телевизија Алфа.Потпретседателот Николоски продолжи и додаде дека Македонија ќе има пријател претседател на Европската комисија.„Имајќи предвид дека ќе имаме пријател претседател на Европската комисија а од 8 Мај ВМРО-ДПМНЕ ја формира Владата а исто така и претседателот ќе е од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе соработуваме да се тргнат стегите кои ги чувствува Македонија, оној притисок пред се што го имаме од Бугарија да се олабави, Македонија да си ги заврши домашните задачи и да може да напредува кон Европската Унија. За тоа требаат резултати дома, но требаат и пријатели надвор“, кажа Николоски.Потпретседателот Николоски посочи дека оствариле бројни средби со други видни личности и додаде:„Имавме бројни други средби со видни личности. Тука можам да го издвојам канцеларот на Австрија Нехамер, понатака премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, лидерот на најголемата политичка партија во Словенија Јанез Јанша, претседателот на комисијата за надворешна политика на европскиот парламент Дејвид Мекалистер, Јоханес Вадефул кој е еден од првите луѓе на Христијанско демократската унија во Германија, тука е комесарот Јоханес Хан, претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, претседателката на жените на Европската Народна партија, бројни европратеници, министри за надворешни работи, уште неколку премиери со кои се разговараше. Така што навистина една плодна, плодна дводневна посета тука во Букурешт каде се одржува конгресот на Европската Народна партија“, вели Николоски.Потпретседателот Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е ценет партнер.„ВМРО-ДПМНЕ е ценет партнер, ВМРО-ДПМНЕ е на главната маса и разговара за разлика од СДСМ кој гледаме на врата не ги пуштаат да влезат на конгресите на Социјалистите и од врата ги враќаат назад“,  кажа Николоски.Потпретседателот Николоски додаде дека СДСМ и нивниот претседател на врата не го пуштаат на прием кај Социјалистите.„Ние седиме на главната маса за разлика од водството на СДСМ почнувајќи со претседателот на СДСМ кој на врата не го пуштија да влезе на прием кај Социјалистите во Рим па тоа го имаше и како скандал во престижниот весник Политико“. истакна Николоски.Потпретседателот Николоски истакна дека исто така во Виена ќе имаат средби и додаде:„Во Виена ќе имаме средби со министерката за Европа и за уставни прашања Ештадлер, понатака со министерот за надворешни работи Александар Шаленберг, со претседателот на стопанската комора на Австрија што за мене е исклучително битно бидејќи има Австриски инвестиции во Македонија и тие треба да продолжат во следниот период и секако тука е средбата со Македонците кои живеат во Австрија со нашата дијаспора, а ќе имаме средба и со еден потенцијален инвеститор кој би дошол да инвестира во Македонија уште во првите 100 дена од новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ“, дециден е Николоски.

Македонија | пред 1 година

Nikoloski-23.06

Бугарија сака да кажеме дека не ја окупирале Македонија и не ги депортирале Македонските Евреи во Треблинка, вели Николоски

Би сакал да го поддржам извештајот што беше презентиран денеска и мислам дека овие предизвици се, се уште пред нас. Како што можеби знаете, имаше голема еврејска заедница во Скопје, како и во Македонија во целост, но за жал за време на Втората светска војна, главно, повеќето од луѓето што живееја во Скопје всушност над 90% беа депортирани во Треблинка во тоа време, во логорите на смртта, а сега има мала заедница. Но, изградивме Музеј на Холокаустот, еден од ретките што ги има во Европа, во самиот центар на градот каде што сакаме да им оддадеме комеморација на жртвите, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ„Една друга работа која сакам да ја поврзам со тоа, но и со сегашните времиња.Сите знаеме дека Македонија има огромен проблем со Бугарија околу започнувањето на пристапните преговори со Европската унија. Едно од клучните прашања со кои се соочуваме е поврзано со историјата, но и со негирањето за бугарската држава за време на Втората светска војна, тие беа тие што го окупираа денешна Македонија. Тие беа оние кои за жал го организираа ова протерување на еврејската заедница и тие беа оние кои ги испратија во Треблинка.Она што бараме од нив е да го одбележат и да признаат дека тоа се случило. За жал, она што го гледаме е целосно негирање и со употреба на силата на членството во Европската унија не присилува да ја смениме историјата на таков начин за да ги отвориме пристапните преговори. Верувале или не, она што од нас се бара е да ја смениме историјата, да го смениме идентитетот на земјата, на нацијата, дури и да преговараме за јазикот, само да ги започнеме пристапните преговори со Европската унија, користејќи го нивното членство во Европската унија да ја препишат историјата повеќе, би рекол учтиво за нив, но начин на кој е целосно лажен, кој не е вистина и е против историјата и е против она што се случи за време на Втората светска војна.Би сакал да побарам овде од Стразбур, овие практики да се сменат, оваа недела се одржува Европскиот совет во Брисел каде ќе има средба и со лидерите на Западен Балкан, а барам и Бугарија да го промени своето однесување и да дозволи отворање на пристапните преговори, и да се соочат со реалноста, да се соочат со нивниот историски проблем, но и да се соочат со историјата каква што е и да се соочат дека постои нација која постои до нивната граница што се нарекува македонска нација и држава што е македонска. Само со прифаќање на заедничките вредности можеме да одиме понатаму и чекорот кој што може да го направи бугарскиот премиер за да дојде во музејот на холокаустот во Скопје и да побара една голема прошка од жртвите“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-07-at-16.34.15

(ВИДЕО) Арогантно однесување на министерот Љупчо Николовски: „Срамота, срамота…!“

„Срамота, срамота…!“Ова е реакцијата на Министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој видно се вознемири од прашањата на Алсат. Побаравме одговор, дали ќе биде оправдано најавеното зголемување на цената на маслото за јадење? Но, Николовски инсистираше како одговор на прашањето да кажува какви мерки дава Владата за подобрување на земјоделството.–Ама, министер трет пат ми го кажувате ова. Кога ќе влезат луѓето во продавница да купат зејтин ќе биде за 30 отсто поскап зејтинот. Вие три пати ми кажувате иста работа. Јас Ве прашувам како владин министер, дали имаат право трговците, компаниите да ја зголемат сега цената на маслото за јадење?„Тоа ќе ги прашате надлежните“, рече Николовски.–Кои надлежни? Вие сте министер во Владата.„Не е точно, не е точно, прочитајте ги законите“, возврати Николовски.-Ама вие сте во владата втор, трет човек…“Цената на зејтинот последниве неколку дена повторно урива рекорди. Еден литар во дел од маркетите се продава и по 140 денари, а според информациите, во следниот период се очекува да се продава по уште повисока цена. Маслото за јадење е во групата на основни прехранбени производи, а Владата има за задача секогаш да ги гарантира цените на тие производи. Потврда за раст на цените на месечно ниво даде денеска и Државниот завод за статистика кој објави дека има зголемување од 1,7 отсто на цените на маслото за јадење.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања