„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

НИКОЛОСКИ

nikoloski-kosovo-1

Николоски: Планираме да направиме отворен систем на патарини

Се обидувам да најдам грант средства за да направиме отворен систем на патарини и да ја зголемиме ефикасноста на патувањето, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на ТВ Телма.„Планираме да направиме отворен систем на патарини. Сега ние имаме систем како во Грција, а отворениот систем е како во Србија. Во однос на автопатската делница од Скопје до Охрид нема потреба од инвестиции за ова бидејќи тие сега се градат, а за делницата од Табановце до Гевгелија потребни се големи средства и верувајте дека континуирано бараме извори на финансирање во вид на грантови”- истакна министерот Николоски.Во однос на модернизација на патарините тој истакна дека тоа е поради воведување на таговите што ги користат и странски граѓани и е дел од обврските на Отворен Балкан.

Македонија | пред 1 година

nikoloski-delnica-Gostivar-Bukojcani_9

Николоски: Имаме три варијанти за брза пруга, набрзо ќе ја избереме најдобрата траса

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма истакна дека за брзо време ќе се избере трасата по која ќе се гради брзата пруга на Коридор 10.„Имаме три варијанти за брзата пруга. Во наредиов месец дена треба да пресечеме која варијатна ќе ја избереме. Едната е по Вардарската долина по постојната пруга, втората е малку источно од Вардарска долина над постојниот автопат, значи се качува над Вардар и третата варијатана е таа од 1978 година, проект од време на претходната држава со проектирана брзина од 250 км на час која оди Табановце, Куманово со триаголник до аеродром и Скопје, потоа до Штип, Струмица, Гевгелија и Солун. Цената за изградба е индикативна бидејќи кога ќе имаме проект ќе имаме и цена, односно за брза пруга со две линии е некаде околу 10 милиони евра по километар, што значи ако Македонија треба да изгради меѓу 210 до 225 километри брза пруга тоа би било некаде околу 2 милијарди евра инвестиција“, истакна министерот НиколоскиТој додаде дека паралелно ќе се работи на реконструкција на постојаната пруга на коридор 10 и изградба на нова. Во однос на финансирањето најави дека проектот ќе се реализира во соработка со компании и средства од земји од НАТО, односно нема да се финансира со заеми од Унгарија, Русија Кина и од арапските земји.Министерот исто така потенцираше дека во моментов се работи на проект за реконструкција на постојната пруга, додека за изградба на брза пруга потребно е време од 5 години откако ќе се изготви проект и ќе се започне со градба на истата.

Македонија | пред 1 година

nikoloski-kosovo-1

Патното и железничкото поврзување во фокус на билатералната средба меѓу заменик претседателот на Владата, Николоски и косовскиот министер за транспорт Алиу

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски заедно со заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шакири, денеска остварија билатерална средба со Либурн Алиу, министерот за транспорт на Косово.Средбата се одржа во рамки на заедничката седница меѓу владите на Македонија и Косово.Во фокусот на средбата беше квалитетно поврзување меѓу двете земји со посебен акцент на патното и железничкото поврзување.Заменик претседателот и министер за транспорт Николоски истакна дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус во изградба на модерна патна и железничка мрежа, притоа потенцира дека не се отстапува од автопатско поврзување меѓу двете земји. На средбата исто така се отвори и темата за повторно воспоставување на железничкиот сообраќај и изградба на заедничка железничка станица.„Имаме добри билатерални односи со Косово и тоа се потврдува со денешната заедничка седница меѓу двете Влади. Косово е наш сосед, економски значаен партнер и мораме заеднички да работиме на регионалниот развој и соработка. Со министерот Алиу разговаравме за заеднички проекти како би го забрзале економскиот развој на регионот и ќе придонесеме за подобра комуникација, олеснување на транспортот и создавање на подобри услови за граѓаните и компаниите“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.На средбата се раговараше и подобрување на условите во патниот транспорт и превозот на патници.Министрите се согласија на интензивирање на соработката и унапредување на политиките што се однесуваат на регионалното поврзување.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Ја реформираме Македонска пошта и очекувам позитивни резултати наскоро, за претходното менаџирање на потег е Обвинитеството

Работиме на реорганизација и реформи во работењето на Македонска пошта. Резултатите на новото раководство ќе бидат забележани после Нова година, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на новинарско прашање во врска со наводите на Државниот завод за ревизија за состојбите во Пошта и зголемување на менаџерските плати на претходното раководство.„Јас кога станав министер, 4400 вработени не земаа плата од Македонскa пошти, Железници Транспорт и Железници Инфраструктура. Почнаа редовоно да земаат плата откако станав министер, некои тоа го протолкуваа дека не е голема работа и се слагам дека не е, но и тоа како е голема ако со месеци вработените не земаа плата. Да направите било каква реформа и организација прво треба да им се плати на луѓето тоа што го сработиле.Бидејќи тој проблем е решен сега одиме на реорганизација на овие три претпријатија и тоа го правиме интензивно и можам да кажам дека ќе ги видите резултатите на Пошта после Нова година и за периодот од август до декември ќе видите една огромна промена, а тоа е период од кога има ново раководство на Пошта“, истакна министерот Николоски.Тој исто така додаде дека на потег сега е Јавното обвинителство да ја испита работата на претходното раководство по наводите од државната ревизија.„Драго ми е што Државниот завод за ревизија тоа го констатираше, сега на потег е Обвинителството затоа што извештите на ДЗР одат во Обвинителство. Исто така го повикувам Обвинителството да влезе и да утврди одговорност за сите кои не работеле одговорно и правеле криминал во Пошта. Но исто би сакал да ги повикам и ДЗР и ЈО да ја испитаат и работата на Агенцијата за пошти кое треба да биде регулаторно тело, а тоа е се освен регулатор и да видат како се издаваат лиценци за работење на приватни пошти кои работат буквално од подрум. Дај боже намерата на претходната власт да била приватизација на Пошта, иако јас не се слагам со тоа. Но ниватата цел не била приватизација туку пропаѓање на Пошти и отворање на неколку привати пошти“, изјави министерот Николоски.

Македонија | пред 1 година

nikoloski-stip-3

Николоски: Браната на Отињa во Штип ќе ја завршиме до 2026 година, определивме дополнителни 2 милиони евра за нејзина доизградба

Браната на река Отиња ќе ја завршиме до 2026 година, нешто што многу влади ветуваа, ние ќе ја изградиме. Определивме дополнителни 2 милиони евра за нејзината доизградба, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при денешната посета на општина Штип.„Вчера се распиша тендер за доизградба на браната на Отиња, што конечно ќе значи завршување на овој долго ветуван проект. Определивме 2 милиони евра дополнително за завршување на браната, очекувам крајот на овој месец да имаме избран изведувач. Вкупната вредност ќе оди некаде 8 милиони евра кои што ќе се инвестираат во изградба на браната и оваа брана ќе има значење не само за Штип туку и за целиот реион бидејќи покрај за наводнување ова езеро ќе биде и за рекреација и ќе значи за сите граѓани од Источна Македонија. Она што е Мавровското Езеро за Западна Македонија, браната на Отињa да стане за Источна Македонија. Ова е проект кој што многу влади го ветувале, еве конечено со тендерот што вчера го распишавме ќе го завршиме. Можам да ветам дека до крај на 2026 година ќе биде завршено езерото, а веќе 2027 година во летната сезона да се користи. Вкупно смо оваа година за Штип инвестираме 12, 5 милион евра“, изјави министерот Александар Николоски.

Македонија | пред 1 година

nikoloski-stip-1

Николоски: Во Штип се гради како никогаш до сега, преку 12, 5 милиони евра инвестираме оваа година во инфраструктурата

Преку 12, 5 милион евра инвестираме само оваа година во Штип и овој обем на инвестиции во инфраструктурата во градот никогаш претходно не се случил, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета на општина Штип.Министерот Николоски и градоначалникот Јорданов денеска извршија увид во реконструкција на локалните улици Христијан Тодоровски Карпош и АСНОМ, проект што се реализира преку Министерството за транспорт во соработка со општината.Министерот истакна дека во Штип се гради како никогаш досега, инфраструктурно се развива забрзано, а за следната година најави дополнителени проекти за сите општини.„Драго ми е што на денот на ослободувањето на Штип сум во градот, духот на Народноослободителната борба веќе 80 години се чуствува и сега продолжуваме во тој дух да ја развиваме и градиме Македонија. Нема ништо подобро од тоа да инвестираме во инфараструктурата. Штип го има еден од најдобрите градоначалници во Македонија бидејќи ваков обем на активности ретко можете да видите во другите општини и тоа е за поздравување. Во таа насока, во тек е реконструкција на улиците Христијан Тодоровски Карпош и АСНОМ каде се наоѓаме, а претходно ја завршивме улицата Широк Дол. Со средства од буџетот, Штип доби околу 2 милиони евра за развој на еден голем проект а тоа е градска магистрала од населба Железничка до м.в. Рибник за што веќе потпишавме и договор со општината.На последната седница на Влада одобривме дополнително 1,5 милиони евра за изградба и реконструкција на водовод и канализации на улиците „Асном“, „Боро Милевски“, „Рудо“, „Христијан Тодоровски Карпош“ за ромската населба „Света Недела“ како и „Три Чешми“ и следната недела тендерот ќе биде распишан. Исто така вчера објавивме и теднер за доизградба на браната Отиње“, изјави министерот Николоски.Градоналаникот Иван Јорданов исткна дека подршката од Владата е огромна за Штип.„Продолжувме и во следниот период со силни инвестиции во Штип. Штип наликува на огромно градилиште не само на постоечката инфраструктура, туку создаваме и нова. Во оваа населба Леваци, прв пат после неколку децении откако е изгрaдена се прави реконструкција и тоа само дава додадена вредност за целиот град“, истакна Иван Јорданов градоначалник на Штип.

Македонија | пред 1 година

nikoloski-bitola-3

Николоски: 10 милиони евра инвестираме само оваа година за инфраструктурен развој на Битола

Инвестираме 10 милиони евра во Битола оваа година за да го развиеме градот, инфраструктурно да го подобриме и да создадеме услови младите да останат во Битола, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета во општина Битола.Министерот Николоски, заедно со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на АД за стопанисувње со станбен и деловен простор од значење на Републиката, Марјан Стефановски, го означија почетокот на изградба на нова станбена зграда што се реализира преку Акционерското друштво.Зградата е со вкупно 65 станови, со 100 паркинг места, инвестиција од 209 милиони денари. Министерот Николоски истакна дека во Битола се случува инвестициски развој преку реализација на проекти во патната, комуналната и урбаната инфраструктура.„Со оваа инвестиција ќе го регулираме пазарот на недвижности и ќе понудиме многу реални цени на становите. Моментално цената на квадратот во Битола, Охрид, Скопје се многу високи. И со ова зграда можам да најавам дека ќе понудиме за најмалку 30 до 40 проценти пониска цена од онаа што е моментално на пазарот. Ќе ставиме крај на уцените на градежниците и ова е само почеток. Во следната година ќе го развиваме и проектот Купи куќа за млади и ушпте многу други проекти од станбената политика“, истакна министерот Николоски.„Завршена е реконструкција на 7 улици во населба Недопирливи, во тек е реконструкција на ул. Индустриска околу 700 илјади евра. Денеска се избира изведувач за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа на 4 улици, ул. „11 Март“, ул. „Панде Николов“, ул. „Козара“ и ул. „Чеде Филиповски во вредност од 200 илјади евра. Сo одлука на Влада на Битола и се доделени 2,7 милиони евра за оваа година, следната ќе бидат двојно. Исто така се реконструира влезот на Битола околу 2 милиони евра, оваа комерцијална зграда која чини околу 3,5 милиони евра. И со сите овие проекти придонесуваме за економски развој на градот, стимулирање на економијата и отворање на нови работни места“, потенцираше министерот Николоски.Директорот на АД за станен и деловен простор истакна дека зградата ќе биде завршена до август 2026 година.За градоначалникот на општина Битола овие проеки се многу значајни за економскиот и урбан развој на општината. Тој потенцираше дека со финаниската подршка од Владата, од вкупно 15 прифатени проекти дури 13 се преку Mинистерството за транспорт.

Македонија | пред 1 година

nikoloski

Прифатени аргументите на министерот Николоски за пругата кон Бугарија, велат од Министерството за транспорт

„Вчера во Софија се одржа состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото поврзување. Имено, трите клучни аргументи на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски беа прифатени. Прво, мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето да се ревидира цената која е превисока како и ревидиирање на самиот проект“, соопшти Министерството за транспорт.„По проценката на ризиците, изградбата на тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија е поефикасно да биде од еден изведувач. Ова беше заклучено на состанокот во Софија помеѓу македонската и бугарската делегација, а во однос на преговорите за железничко поврзување меѓу двете земји со посредство на Европската Унија.На состанокот, од македонската страна предводена од Државниот секретар во Министерството за транспорт, Стефан Волкановски и директорот на Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, беше истакнато дека Македонија не отстапува од железничкото поврзување и на овој проект се гледа како регионален проект со кој се потенцира развојот на европските транспортни мрежи.На состанокот од двете страни беше прифатено целиот проект во делот фаза 3 (делница Крива Паланка - Деве Баир), да биде преиспитан од причина што сегашната цена е превисока и неразумна со интенција истата да се намали.Двете делагции, исто така се согласија да се користи одлуката за технички проект за тунелот поднесен од ЈП Железници Инфраструктура.На состанокот беше договорено двете земји да формираат работни групи со цел да се подготви потребната документација за тунелот.За време на состанокот, страните разменија информации, временски рамка за изградба, а споделија и искуства во однос со техничките прашања за изградбата на коридорот 8, а посебно во делот на процедурите за идното функционирање на прекуграничниот тунел „Деве Баир“.Страните, исто така се договорија постигнатите договори да ги презентираат пред одговорните финансиски институции на ЕУ“, се наведува во соопштението на Министерството за транспорт.

Македонија | пред 1 година

nikoloski-mickoski-1

(Видео) Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Гостивар - Букојчани, после 50 години градиме нов модерен автопат на Коридор 8.

После 50 години зборување и најави започнуваме со реални работи на терен за изградба на автопатот Гостивар-Букојчани, најтешката траса од автoпатскиот коридор 8 на запад, истакана заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увид во градежните работи на изградба на автопатот Гостивар-Букојчани.Заменик претседателот Николоски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицскоски, потпретседателот Изет Меџити, директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, денеска извршија обиколка на градежните активности за изгрaдба на автопатот Гостивар-Букојчани.„Навистина мислам дека имаме историски ден. Се работи за почетокот на автопатска делница од Гостивар до Букојчани и Кичево нешто за што се зборува преку 50 години, практично решавање на најтешкиот дел од она што треба да е автопат Скопје - Кичево - Струга - Охрид, коридорот 8 познатата Стража. Така што, првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на овој автопат којшто ќе значи дека помеѓу главниот град на нашата држава и Охрид и Струга ќе се патува за некаде час и двесет минути, час и половина. Целосно ќе го промени ова функционирање на економијата, но исто така ќе го промени и туризмот, а ќе се забрза и економскиот раст. Ова ќе значи голема поврзаност за сите. Сакам да се заблагодарам за одличната работа на сите кои се вклучени во проектот, за поддршката која премиерот Мицкоски лично ја дава со тоа што го следи проектот на лична основа. Сакам да најавам уште многу добри вести во деновите коишто доаѓаат. Ние решивме да работиме, а не да бараме изговори и во деновите кои доаѓаат ќе има уште добри вести, а во годините пред нас ќе има многу нови реализирани проекти и во делот на автопати, и во делот на експресни патишта и во делот на железница“, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.На новинарско прашање каде ќе поминува трасата, министерот Николоски истакна:„Најсликовито сите што патуваат, значи од третата патарина продолжува до Гостивар или четвртата патарина и тука имаме комплетно ново решение од двете страни по три ленти вкупно шест ленти и плус помошен пат. Од тука го заобиколува градот Гостивар, се движи над река Врадар, оди на три големи мостови кои одат лево од Стража, се заобиколува Стража оди по планината и излегува од другата страна кај местото Букојчани. Од Букојчани над Кичево веќе ЈПДП е во предселекција за избор на изведувач за новиот автопат и понатаму од над Кичево до Охрид веќе е автопатот кој се гради“, изјави министерот Николоски.Во своето обраќање премиерот Мицкоски истакна дека ова е вистинкиот начин како се работи на терен, бидејќи после 2 години ветувања и најави, автопатот сега започнува реално да се гради. Тој потенцираше дека Македонија сака да ја види како главна транспортна, железничка и гасоводна крстосница во регионот.Директорот на ЈП за джавни патишта Коце Трјановски истакна дека е забрзани се сите постапки за изградба и најави дека се очекува до Нова година комплетно да се заврши процесот на експропријација.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Донесовме атрактивни авио дестинации, очекувам цената на билетите да биде доста пристапна, најави Николоски

Првите резултати од владината подршка за нови авиолинии ги дадоа резултатите. Имаме шест нови ексклузивни линии, а особено ми е драго затоа што охридскиот аеродром го отвораме за еден од најголемите аеродроми во Европа, аеродромот во Истанбул кој претставува аеродром со наголем број конекции кон Еворпа и светот, истакна заменик претсдателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.Тој потенцираше дека ова е огромна можност за зголемување на туризмот посебно во охридскиот регион и додаде дека оваа линија кон Истанбул, вклучувајќи ја и новата линија Охрид – Базел Милхаус – Охрид, ќе даде нов инпут за развојот на авиосообраќајот имајќи предвид дека имаме голема дијаспора низ Европа и светот но и можност за граѓаните од Албанија да ги користат новите линии од охридскиот аеродорм.“ Во однос на скопскиот аеродром за мене најзначајна е дестинацијата Скопје - Дубаи бидејќи сметам дека Македонија треба да ја отвораме кон средниот и далечниот Исток, има многу можноста за водење бизнис, македонските компании да продаваат на тој пазар, а и инвеститори да доаѓаат во Македонија. Со оваа директна линија значи отворање на многу точки кон Азија. Исто така интересна е дестинација Барселона која што сум сигурен дека ќе ја користат многу македонски граѓани а исто така многу туристи од Шпанија би ја користеле. Ова линија ќе биде годишна а не сезонска. Тука е и Штутгарт како и целосно нова дестинација Лион каде ја отвораме Јужна Франција и се отвора можноста бројни туристи да доаѓаат во Македонија”- истакна министерот Николоски.Во однос на цената, тој потенцираше дека очекува цените на билетите да бидат достапни за граѓаните меѓу 40 - 60 евра, а дека има интерес за нови дестинации потврди дека веќе во ноември ќе се распише и втор јавен повик за финансиска подршка каде се очекува отворање на уште четири до пет нови дестинации.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-25-085551

До Нова година ќе го пуштиме експресниот пат до границата со Бугарија, вели Николоски

Македонија е природна крстосница на двата коридори и затоа мораме да ги искористиме предностите. Имаме огромна шанса, но мораме да имаме и заложба од другите земји кои се на двата коридори за заеднички да ги унапредиме, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во емисијата Клик Плус на ТВ 21.До границата со Бугарија води експресен пат кој околу Нова година ќе го пуштиме во сообраќај за граѓаните и за околу 1 час и 20 минути ќе се стигнува до границата. Започнавме реконструкција на граничниот премин Деве Баир, но од другата страна на границата ништо не се работи за да може квалитетно да се поврземе, потенцираше министерот Николоски.Тој го посочи примерот и со граничниот премин Клепало кој од македонска страна е изграден пред десетина години, но не е ставен во функција од причина што бугарската страна до сега нема инвестирано во инфраструктурата.“ Ако имаме автопатско поврзување кон Бугарија а тие немаат, тогаш која е поeнтата ние да градиме автопати. Сега ја забрзуваме постапката за Охрид - Кичево, забрзуваме и со Гостивар - Букојчани, што значи дека ќе имаме автопат и нa запад. Добра вест е што Албанија гради, што значи дека ние автопатски ќе се поврземе со две пристаништа Драч и Валона, додека од бугарска страна не се грaди ништо. Истото е и со пругата. Мораме да имаме заедничи проект бидејќи пругата не води никаде. Тие јавно истакнаа дека немаат проект за пругата и дека до 2026 година ќе го направат проектот, а ќе им требаат уште најмалку четири години да ја изградат. Јас не сакам да оставам позади мене незавршен проект па генерациите после мене да решаваат проблеми. Дополнително на Бугарите ќе им треба повеќе време бидејќи тие треба да ја реконструираат и целата пруга од Ѓуешево до Софија ”- истакна министерот Николоски.Тој потенцираше дека потребно е да се ревидира прво проектот за третата фаза, потоа да се прилагоди цената и да се обезбеди договор со Бугарија со кој ќе дадат гаранции дека пругата ќе ја изградат до границата.Во однос на коридор 10, тој исткана дека приоритет за следната година е реконструкција на пругата на Коридор 10 и амбициозниот проект за изградба на брза пруга исто така на Коридор 10.

Македонија | пред 1 година

nikoloski-a

Николоски: Гасниот интерконектор ќе го изградиме за две до три години, Македонија станува транспортна и енергетска крстосница

Гасниот интерконектор со Грција и брзата пруга се проекти приоритет број еден бидејќи Македонија може сериозно да се развива само од наплатата на транзит на гас и транспорт по брза пруга, истакна министерот Николоски во емисијата Клик Плус на ТВ 21.Тој потенцира дека тендерот за изградба на интерконекторот е распишан пред една недела, роковите се кратки и веќе во месец ноември треба да стигнат понудите.„Можеме за две до три години да го изградиме тој интерконектор. Ќе имаме гасно поврзување од Александрополус преку Солун, Гевгелија, Скопје се до Куманово, со што ќе ја намалиме зависноста од рускиот гас бидејќи сега гас стигнува само од Бугарија чиј сопственик е Гаспром. Нудиме и чекор понатаму. Со Србија потпишавме меморандум за разбирање за изградба на интерконектор со Србија. Ние сме стигнати до границата, а тие до Ниш и треба да се спуштат надолу. Тоа значи дека преку Македонија може да стигне најголем дел од гасот кој што ќе се користи во Централна Европа. И затоа треба да бидеме паменти, Македонија може да живее само од транзит на гас и транспорт преку железница“, изјави министерот Николоски.Во однос на проектот за изградба на 400 - киловолтниот далновод Охрид-Елбасан и поврзувањето со Албанија, министерот Николоски истакна дека се разгледуваат две опции со ЕБРД во насока на прекинување или реобјава на овој проект, но во двете опции, Владата е посветена во следните неколку години и тој да биде изграден.

Македонија | пред 1 година

IMG_20241024_112020

Николоски оствари работна средба со романската амбасадорка Моника Аксинте

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.На средбата се разговараше за актуелните политички и економски односи меѓу двете земји, притоа акцент се стави на економската соработка и инвестициите.Министерот Николоски ја запозна амбасадорката со владината агенда во делот на реализација на капиталните проекти, потенцирајќи ги инфраструктурните проекти. Исто така тој додаде дека Владата е посебно фокусирана на квалитетно и брзо поврзување со земјите од Централна Европа.На средбата се разговараше и за воспоставување на директна авиолинија Скопје-Букурешт како и поврзување со аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.Се истaкна и прашањето за процесот на реформи што се спроведуваат како дел од интегративниот пат на земјата во Европската Унија, притоа министерот Николоски потенцира дека Владата е максимално посветена за обезбедување на забрзан економски развој и унапредување на владеење на правото и борбата против корупцијата.На средбата се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји при што двајцата соговорници ја нагласија потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.

Македонија | пред 1 година

IMG-cf378a5f806363d30b660646ab271d47-V

Средба Николоски - Стилинидис во Солун: Регионалниот развој зависи од владите, Македонија подготвена за реализација на крупни инфраструктурни проекти

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета во Солун каде оствари билатерална средба со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка на Грција.На средбата која е прва меѓу двајцата министри се разговараше за економската соработка меѓу двете земји.Министерот Николоски ја истакна силната заложба на Владата за економски развој на регионот преку учество во заеднички проекти, притоа потенцирајќи ја потребата од квалитено инфраструктурно поврзување.Во духот на добрососедските односи а имајќи предвид дека регионалната соработка зависи од двете Влади, министерот Николоски изрази уверување дека Македонија е подготвена да учестува во реализација на проекти со кои ќе се зацврсти конкурентската позиција на европските коридори.На средбата, исто така министерот Николоски истакна дека голем дел од извозно ориентирани компании од Македонија соработуваат со солунското пристаништа со што се отвора потребата за поквалитетно поврзување и побрз транспорт на добрата и услугите.Двајцата министри се согласија дека ова е почетна точка во индната соработка меѓу двете Влади, со што изразија уверување дека постои огромен простор за зголемување на економската соработка во различни дејности.Министерот Николоски во рамки на работната посета на Солун, учествува на Форумот посветен за развојот на инфраструктурата и поврзување со Југоисточна Европа.

Македонија | пред 1 година

nikoloski-solun-1

Економскиот развој на регионот зависи од инфраструктурното поврзување, имаме амбициозна агенда во патната и железничката мрежа, рече Николоски од Солун

Започнавме структурни реформи во сите сектори. Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во патната мрежа каде започнуваме постапки за изградба на неколку автопати. Завршуваме со изградба на неколку брзи патишта. Нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на коридор 10 со што ќе овозможиме брза врска до солунското пристаниште и до Централна Европа. Започнавме и со промена на перцепцијата за инвеститорите, да понудиме услови кој ќе бидат конкуретни за инвеститорите и да бидеме препознати како погодна земја за инвестирање, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на Форумот за поврзување со Југоисточна Европа што се одржува во Солун.Тој истакна дека линкот до солунското пристаниште е Македонија и затоа треба да се размислува меѓу земјите партнери на Коридор 10 како да се олесни транспортот и трговијата и да се упростат постапките за компаниите.„Имаме обврска како Влади да обезедиме брз и сигурен транспорт. Јас си поставив една цел а тоа е да изградам брза пруга и тоа токму во делот на Коридор 10, значи од границата со Србија па се до границата овде во Грција. Оваа пруга што сега ја имаме е бавна и не ја исполнува целта на брзиот транспорт. Коридор 10 е стратешки коридор за сите нас и затоа мора да ги искористиме неговите предности. Овој наш план е амбициозен, истовремено е приоритетен проект на кој многу посветено работиме. Паралелно со ова започнуваме со реконструкција и на постојаната пруга за да може и таа да ја биде во функција за да се користи за домашен и меѓународен транспорт. Дополнително работиме на изградба и на железница на Коридор 8 кон Бугарија. Во делот на патната мрежа силно сме фокусирани на изградба на неколку автопати и брзи патишта на Коридор 8 и 10 со што создаваме нова мрежа на патишта низ земјата“, истакна министерот Николоски.Пред бројните компании тој ги претстави инвестициските услови потенцирајќи дека следи период кога економските индекси значително ќе бидат подобрени.„За следната година очекуваме да имаме најголем раст на БДП-то во регионот. Започнавме да работиме на заедничко поврзување со Грција преку интерконекторот каде ќе се поврземе на гасот од Азербејџан. Очекуваме во следниот период овој гасовод да биде изграден и да ја намалиме зависноста од рускиот гас што значително ќе влијае врз производството. Во овој период имаме силен развој и во сегментот на снабдување со енергија од фотонапонски централи. Работиме на професионализација на администрацијата, на поедноставување на процедурите Нашите планови се сериозни и верувам дека ќе ги реализираме. Ме прашавте за домашните компании. Најголем дел од извозно ориентираните зависат од солунското пристаниште и затоа имаме обврска кон нив да обезбедиме модерни врски, евтини врски за да ја олесниме нивната работа. Тоа и го работиме“, потенцираше министерто Николоски.Во текот на денот министерот Николоски ќе оствари билатерални средби со министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Христос Стакурас, како и со министерот за поморски работи и островска политка, Христос Стилинидис.Форумот за поврзување со Југоисточна Европа, претставува собир на највлијателните компании и организации за транспорт од Грција, стопански комори, логистички центри и различни финансиски институции.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања