„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

НИКОЛОСКИ

nikoloski-2

Николоски и Зеколи-Шаќири: Ја подржуваме професионализацијата во системот на воздушна навигација

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик минстерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, денеска се обратија на конференцијата во организација на Меѓународната федерација на здруженија на контролори на летање.Во своите обраќања тие ја потенцираа важноста за професионализација на оваа дејност, суштинска за давање на услуги во делот на воздухопловната навигација.Министерот Николоски исткна дека Владата и министерството дава подршка на овој сектор преку обезбување на висока професионалност и унапредување на авиосообраќајот во земјава.„Како потпретседател на Владата и како министер давам подршка за професионализација на оваа дејност. Овде мора да се употребат највисоките стандарди бидејќи нема простор за грешки и волунтеризам. Работиме на тоа да го зголемиме обемот на ависообраќајот во земјава притоа имаме јавен повик за субвенционирање нови линии преку патници во доаѓање. Во моментов тече евалуцација на понудите и наскоро ќе објавиме нови линии од аеродромите во Скопје и Охрид. Имаме идеја која сакам да ја споделам со вас, а тоа е да воведеме и прекуокеански летови од скопскиот аеродром. Имаме голема дијаспора, ова е голема амбиција но ќе повторам ова е само идеја на која треба да работиме но веруваме дека ќе имаме голем бенефит ние и цел регион”- истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.Заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири во совето обраќање истакна дека дека Меѓународната федерација на асоцијации на контролори на летање има мисија да ја подобри безбедноста на воздушниот сообраќај, да ја промовира професијата и да ја обликува иднината во управувањето со воздушниот сообраќај.„Оваа мисија, заснована на професионализам и најдобри интереси на воздухопловството, е целосно неполитичка. За нас во Македонија ова претставува предизвик. Да се ​​чува политичкото влијание подалеку од воздухопловниот сектор и да се осигури дека одлуките се носат исклучиво врз основа на ефикасноста и безбедноста е задача на која нашето Министерство за транспорт е целосно посветено да ја реализира” истакна заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири.Настанот беше коорганизиран од Македонското здружение на контролори на летање.

Македонија | пред 1 година

nikoloski-veles-3

Николоски: Инвестираме во подобрување на инфраструктрурата во сите општини, Велес има огромна подршка од Владата

Инвестираме значајни средства директно во општините за развој и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Оваа година ќе се инвестираат 100 милиони евра преку програмата на Владата, следната уште 250 милиони евра за бројни проекти во инфаструктурата. Поднесените проекти преку Министерството за транспорт веќе се одобрени и очекувам многу скоро почеток на нивна реализација, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешнта работна посета на општина Велес.Министерот Николоски заедно со градоначалникот Марко Колев и пратениците од Велес како и директорот на АД за стопаснување со станбен и деловен простор, извршија увид во реконструкција на улицата Луј Пастер, како и во изградената социјална зграда која во моментов е во постапка на распределување.При посетата на социјалната зграда истакна дена ова е мерка со која ќе се обезбеди пристоен дом за 29 ранливи семејства од Велес.„Инвестицијата во оваа зграда е 54,2 милиони денари и во овој момент тече постапка за распределување на становите. Очекувам 29 ранливи семејства од Велес да добијат свој дом и ги мотивирам сите кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да видиме среќни семејства кои живеат тука. Уверувам дека процесот ќе биде транспарентен и јас лично ќе го надгледувам и нема да дозволам да има било какви манипулации. Паралелно со овој процес во тек е и распределба на зградата и во Кочани, а веќе во завршна фаза со изградба се зградите и во Бутел и Дебар”- изјави министерот Николоски.Тој истакна дека за општина Велес распеделени се 1,1 милион евра за поодбрување на локалната патна мрежа кои во најголем дел се потрошени за реконструкција на улици низ градот.“Улицата “8 март” се заврши, улицата “Љубљанска” ја завршиваме со реконструкција, следи поставување на сообраќајна сигнализација, a активно работиме и на улицата “Луј Патсер” во должина од околу 1 км која деновиве се асфалтира. Сакам тука да го пофалам и градоначалникот кој прв ги искористи измените на Законот за урбанистичко планирање и аплицираше за изградба на катна гаража токму преку проектот на Владата и уврувам дека за брзо време ќе се изгради катна гаража”- истакна министерот Николоски.Во однос на брзата пруга на Коридор 10, министерот најави дека со изградбата на брзата пруга граѓаните за двесетина минути ќе патуваат од Велес до Скопје со 200 кm на час.Градоналаникот Марко Колев ја потенцираше силната подршка на Владата и министерството во реализација на капиталните проектит за општина Велес.„Ги повикувам сите што ги исполнуваат условите да се јават на повикот за распределба на становите. За да ја ставиме во функција оваа згрaда општина Велес вложи сериозни финансиски средства за снабдување со вода на зградата. Во изминатиот период се реконструираа многу улици низ Велес со подршка на министерството и сакам да додадам дека токму на оваа улица Луј Пастер, општината преку свои средства изврши проширување”- изјави Марко Колев градоначалник на општина Велес.

Македонија | пред 1 година

Nikoloski-a-1

Николоски: Паралелно ќе работиме на реконструкција и изградба на брза пруга на Коридор 10

Пругата на Коридор 10 е приоритет и затоа ќе ги вложиме сите напори оваа пруга да биде извор на приходи за државата и целата економија. За да нема застој во железничкиот транспорт, паралелно ќе ја реконструираме пругата од Табановце до Гевгелија, а во исто време ќе работиме и на изградба на нова пруга на Коридор 10. Ова го истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за поткастот „Каде се парите“.Проект за реконструкција има, истакна министерот Николоски и додаде дека проектот предвидува брзина на возовите од 80 km за карго превоз и 120 km за патнички превоз. Дополнително истакна дека проценетата вредност би изнесувала околу 250 милиони евра и ќе се изврши комплетна реконструкција на потегот Табановце-Гевгелија.„За 2 до 3 години ќе ја реконструираме целата делница од Табановце до Гевгелија. Проект имаме, ЕУ дава позитивни сигнали да финансира преку ИПА 3 компонентата од каде би можеле да добиеме околу стотина милиони евра, а околу 150 милиони евра треба да ги обезбедиме од домашниот буџет. Реконструкцијата подразбира целосна смена на пругата, реконструкција на седум моста, добро е што има постојана електрификација и ќе се постави ИТС систем. И ова е реално и вака мораме да правиме паралелен процес додека градиме нова пруга за да не ни се случи примерот со Србија кога карго превозот запре додека вршеа реконструкција на пругата Белград – Ниш“, истакна Николоски.Во однос на изградбата на брза пруга тој потенцираше дека потребата од брза пруга е огромна за Македонија, за целиот регион и Европа, која пак ја препознала оваа идеја и е подготвена да ја финансира. Исто така министерот во поткастот објави дека за брза пруга постоел проект од 1978 година со 4 линии.„Треба допрва да има физибилити и предфизибилити студија. Мое лично мислење е дека треба да одиме со пруга над 200 km на час. И мислам треба да одиме по наједноставниот терен, а тој би бил од Табановце па да се спушти под Куманово до Свети Николе, потоа Штип, Радовиш, Струмица и да се врзе на Миравци, Гевгелија и Солун. Секако треба да се направи триаголник кој ќе го поврзе Скопје со брзата пруга. Дали тоа ќе го покаже предфизибилити и физибилити студијата не знам, но мислам дека ова е најлогичното решение.Во однос на цените, со овие цени сега брза пруга би чинела околу 2,3 до 2,5 милијарди евра, а за оперативна да биде од почеток на градба до прва операција на воз, би ни требало околу 5 години. Во однос на финансирањето знам дека нема да бараме пари од Кина, Русија и Саудиска Арабија. Ако ЕУ сака да ја финансира е добродојдена, но прво мора да го обезбедиме финансирањето пред да почнеме да ја градиме“, истакна министерот Николоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6802

Николоски на билатерална средба со Јанош Лазар министер за градежништво и иневестиции на Унгарија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во Охрид оствари билатерална средба со министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија, Јанош Лазар.Средбата е дел од работната посета на Македонија од страна на делегацијата на Владата на Унгарија која ја предводи премиерот Виктор Орбан.Во фокусот на средбата беше изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза пруга со пристаништата во Грција и со земјите од Централна Европа.“Ова е проект што ќе донесе големи придобивки за сите земји од регионот, ќе го зајакне економскиот развој и соработка меѓу земјите и ќе овозможи сигурен и брз транспорт на патници и производи. Го фаќаме последен чекор Македонија да се приклучи на напредните технолошки достигнувања во железницата во регионот и затоа овој проект е приоритетен, не само за нас туку за сите земји долж Коридор 10”- истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.Министерот Николоски ја потенцира важноста на поддршката на земјите од Европската Унија за реализација на еден ваков проект бидејќи како што нагласи, брзата пруга е услов за економски развој и подобра комуникација за сите земји од регионот.На средбата се разговараше и за искустава и практики што се применуваат во двете земји во различни сегменти на транспортот, градежништвото и инвестициите.Министерот исто така информираше и за забрзаните активности за реализација на крупните капитални проекти во Македонија. Тој изрази благодарност за економската поддршка од Унгарија кон нашата земја, потенцирајќи дека средствата од заемот веќе се насочени кон општините за реализација на инфраструктурни проекти.“Билатералните односи со Унгарија ни се на одлично ниво. Унгарија како дел од Европската Унија е стратешки партнер на Македонија и голем подржувач во реализација на стратешките цели на земјата и во делот на политичките и во делот на економските развојни политики” - истакна Николоски по средбата.Двајцата министри се согласија на интензивирање на соработката и унапредување на политиките кои се однесуваат на регионалното поврзување.

Македонија | пред 1 година

IMG_6763

Средба на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Николоски со амбасадорката на Германија Петра Дрекслер

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер.Покрај актуелните економски и политички прашања во земјава и регионот, на средбата се разговараше и за инвестиционата програма на Владата во делот на реализацијата на инфраструктурните проекти.Министерот Николоски ја запозна амбасадорката за плановите на Владата за инфраструктурен развој на земјата и идејата за квалитетно и брзо поврзување на Македонија и регионот со земјите од Централна Европа.На средбата беа потврдени добрите билатерални односи со Германија, при што министерот Николоски ја нагласи важноста на пријателскиот и партнерски однос меѓу двете земји.Гаерманија е силен поддржувач на Македонија во нејзиниот развој, рече министерот Николоски, потенцирајќи дека Владата е силно фокусирана на европските интеграции и спроведување на реформите.Министерот изрази благодарност за досегашната соработка при што беше искажана согласност за интензивирање на таквата соработка во различни области од заеднички интерес.

Македонија | пред 1 година

IMG_6634

Министерот Николоски на бројни средби со министрите за транспорт од ЕУ, ќе го претстави планот за изградба на брза пруга на Коридор 10

,,Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски учествува на состанокот на министри за транспорт на земјите членки на Европската Унија.Министерот Николоски вчеравечер оствари работна вечера со министрите за транспорт на Белгија, Малта, Грција, Германија и Кипар.На средбата мнистрите разговара за развој на транспортниот сектор во регионот. Министерот Николоски ги претстави приоритетите на Македонија, со посебен фокус на изградба на брза пруга на Коридор 10 како и олеснување на транспорот и трговијата меѓу земјите од Западен Балкан. Нагласена беше важноста и од изградба на Коридор 8.Во рамки на денешниот министерски собир, министерот Николоски ќе оствари работни средби и со министрот за транспорт на Италија, потоа со министерот на Унгарија и Австрија, како и со претставници на ЕУ каде ќе ги претстави проритетите на Македонија.Состанокот на министри во Будимпешта е организиран од Унгарија во рамки на нејзиното претседателство со Европската Унија. Покрај министрите за транспорт од Унијата, на неформалниот состанок учествуваат и министрите за транспорт од земјите од Западен Балкан, од земјите од ЕФТА, Украина, Молдавија и Грузија, како и претставници на институциите на Европската Унија и транспортни организации.На собирот на министри и денеска ќе се разговара за предизвиците на транспортниот сектор на ЕУ, подобрувањето на конкурентноста и поврзаноста меѓу ЕУ и соседните земји меѓу кои и земјите од Западен Блакан. Посебен фокус ќе биде железничкиот сектор, мерки и стратегии потребни за воспоставување на брза железничка мрежа.”, информираат од Министерството за транспорт.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: Корумпирани политичари од Бугарија сакаат да ги уништат односите, ја користат Македонија како предизборна тема

,,Би сакал да реагирам во однос на последната хистерија која што ја создаваат дел од неуспешните бугарски политичари.Имено, непотребно Македонија ја внесуваат во предизборната тематика во Бугарија и најмалце мислам дека Македонија може да е одговор на седмите неуспешни избори со кои се соочува Бугарија.Кризата во бугарското општество е создадена од токму овие политичари кои што, наместо да дадат одговор на домашната јавност за високиот степен на корупција и криминал кој што го има во Бугарија, за лошата економија поради која многу заминуваат, тие сакаат да се занимаваат со Македонија.Нивното занимавање со Македонија, всушност покажува дека ниту сакаат добрососедство, ниту сакаат Македонија да стане член на Европската Унија, уште по малце да напредува кон Европската Унија. Тие сакаат да ја блокираат Македонија и да ја користат Македонија како своја предизборна тема.Секако ние нема да го дозволиме тоа и јас нема да дозволам да било кој бара изговори во мои изјави или било што друго што се случува во Македонија. Всушност, самото тоа што се бидат изјави од контекст и што лошо се разбираат во Бугарија, покажува дека македонскиот и бугарскиот јазик се различни. Затоа што, она што има еден контекст на македонски јазик, очигледно има друг контекст на бугарски јазик.Но, јас останувам позади се што сум кажал, а тоа е дека е некултурно, непристојно и нецивилизирано да ви дојде на гости претседател на држава а вие да не го удостоите со ставање на знамето на државата која што ја претставува.Нема оправдание за Румен Радев затоа што не го стави македонското знаме при посетата на Гордана Силјановска Давкова како претседател на Македонија.Дали сакаше да испрати порака дека тие во суштина и не ја признаваат Македонија, што е можеби нивни долгогодишен сон. Ние сме јасни кој сме, ние сме засебна нација, македонска нација, засебен народ, македонски народ. Ние зборуваме свој македонски јазик различен од сите останати јазици, ние имаме своја историја, своја култура. Ние знаеме кои сме и не треба на никого да се докажуваме. А, оние кои што сакаат поинаку да ја читаат историјата, се политичари од деветнаесетиот, а не политичари од дваесет и првиот век.И би сакал нешто да кажам и на оние политичари кои што бараат оставка од мене. Од мене бараат оставка политичари кои што се обвинети за криминал и корупција, политичари кои што ги видовме на слики како спијат на кревет покрај пачки со злато и стотици илјади евра во девизии. Такви ли политичари ќе бараат оставка од мене?Извинете господа, ама вие не сте достојни да побарате оставка од мене. Жал мие е што добрите односи помеѓу двата блиски народи, македонскиот и бугарскиот народ, ги уништуваат корумпирани политичари кои што не можат ништо да направат за сопствената држава, освен да внесуваат гнев и омраза.И таков е овој кој што го споменав со пачките злато, таков еден друг кој што важи за голем олигарх во Бугарија и такви се една редица други политичари кои што се корумпирани, а таков е и оној кој што е претседател на Бугарија и кој што немаше минимум пристојност и минимум цивилизациско однесување да стави македонско знаме при посетата на македонскиот Претседател.И затоа е ваква мојата реакција и затоа ќе продолжиме и јас и ВМРО-ДПМНЕ да ги браниме македонските национални интереси. Наша цел е Македонија да напредува, да стане членка на Европската Унија, да го изоди патот кон Европската Унија, но тоа да биде гордо и достоинствено, а не понижени. Ние секогаш ќе ги браниме македонските национални интереси. Ние ништо туѓо не бараме, ама сакаме да го заштитиме нашето.”, вели Александар Николоски.

Македонија | пред 1 година

nikoloski08042024

Николоски на средба со министрите од ЕУ за транспорт

,,Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска и утре е во работна посета на Унгарија, Будимпешта, каде присуствува на состанокот на министри за транспорт на земјите членки на Европската Унија.На состанокот ќе се разговара за приоритетите во транспортниот сектор како клучен фактор во економската интеграција на ЕУ и конкурентноста. Покрај министрите за транспорт од Унијата, на неформалниот состанок учествуваат и министрите за транспорт од земјите од Западен Балкан, од земјите од ЕФТА, понатаму Украина, Молдавија и Грузија, како и претставници на институциите на Европската Унија и транспортни организации.Собирот на министри е предвиден да трае во две сесии. На првата сесија ќе се зборува за подобрувањето на конкурентноста на транспортниот сектор на ЕУ, преку дебата за подобрување на поврзаноста меѓу ЕУ и соседните земји, предизвиците и можностите кои произлегуваат од залениот транспорт како и дигитализацијата во транспортот.Посебенн фокус во втората сесија ќе биде железничкиот сектор, мерки и стратегии потребни за воспоставување на брза железничка мрежа, подобрување на врските помеѓу руралните и урбаните места и мобилизирање на ресурсите неопходни за подобрување на конкурентноста на секторот.Состанокот на министри е организиран од Унгарија во рамки на нејзиното претседателство со Европската Унија.”, соопштија од Министерството за транспорт.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023-1

Николоски: Опозицијата преку нивните медиуми и невладини организации шират хистерија меѓу граѓаните-дното го достигнаа

Во интервјуто за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски говори за хистеријата што ја создава опозицијата меѓу граѓаните. Во продолжение интегралното обраќање на заменик претседателот Николоски:“Сите ќе се согласат дека е огромна работа е што конечно ДУИ ги испративме во опозиција. ДУИ беше на власт во континуитет од 2002 година до 2024 година, со една пауза од 2006 до 2008 година. Тоа што многумина пред нас го ветуваа, ние го реализиравме и ДУИ е во опозиција.Тоа е првата фаза, а втората фаза ќе биде да одговараат тоа што го правеле додека беа на власт.Но она што сакам да го искоментирам е дека ние сме веројатно првата влада во историја на државата, а веројатно и во пошироко во регионот која не доби 100 дена да може да се организира и да може да испорачува проекти.Ние сме два и половина месеци на власт, далеку сме уште од 100 дена, а односот на опозицијата и хистеријата која што ја создава опозицијата и нивни блиски медиуми, невладини организации итн, е како ние да сме десетта година на власт, што мислам дека е лошо за нив затоа што создава контра ефект кај народот.Изборите беа на 8 мај оваа година, не беа пред десет години и луѓето многу добро знаат зошто гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и многу добро знаат зошто го подржаа ВМРО-ДПМНЕ. И кога истите ја распродаваа државава на Бугарија и прифатија француски предлог со кој што се понижи Македонија, сега раскажуваат приказни за патриотизам и изгледаат смешни во очите на народот и тие истите што ја искрадоа државата сега зборуваат за криминал и корупција.Единствено покажаа само колку ситни луѓе се и ситни души и не ни дадоа 100 дена за да можеме да покажеме кој сме и што сме. Од прв ден бевме критикувани како изборите нула-нула да завршија и ние со сила да направивме влада, а не да имаме дво- третинско мнозинство што е најголемо мнозинство што која било власт го имало во Македонија”- истакна Николоски.

Македонија | пред 1 година

nikoloski

Средба Николоски-Ле Риголер: Започнавме со реформските процеси, Македонија останува силно посветена на евроинтеграциите

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер.На средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји.Министерот Николоски ја истакна добрата соработка со Франција нагласувајќи ја поддршката што ја овозможува Франција во реализација на стратешките цели на земјава.На средбата министерот Николоски го запозна амбасадорот со владината програма и инвестициите во инфраструктурата, особено во делот на железничките и патните коридори.Двајцата разговараа и за реформите што се спроведуваат како дел од евро интегративниот процес на државата.Министерот на новименуваниот амбасадаор Ле Риголер му посака успешна дипломатска работа во земјава, притоа изрази благодарност за сегашната соработка нагласувајќи ја потребата од интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји.

Македонија | пред 1 година

IMG_6532

Средба Николоски-Рокас: Силно сме посветени на евроинтеграциите и на изградба на квалитетна патна и железничка инфраструктура

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири и директорот на ЈП Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски, вчера остварија работна средба со новоименуваниот амбасадор на ЕУ, Михаилис Рокас.На средбата министерот Николоски го запозна евроамбасадорот Рокас со владината програма во делот на инфраструктурните проекти, потенцирајќи ја важноста за развој на патната и железничката инфраструктура со посебен фокус на изградба на брза пруга на Коридор10.Министерот Николоски истакна дека планот за брза пруга на Коридор 10 е реален и е од стратешко значење за Македонија, за земјите од регионот и за Европската Унија.На средбата, министерот ја истакна силната посветеност на Владата во однос на просецот на евроинтеграција на земјата, додавајќи дека министерството за транспорт активно работи на усогласување на транспортната политика со регулативите на Европската унија."Очекуваме добра и кооперативна соработка со Делегацијата на ЕУ како и досега. Му посакувам добредојде на новиот амбасадор Рокас и се надевам дека во континуитет заеднички ќе ги реализираме зацртаните политики и проекти. Унијата е наш долгогодишен стратешки партнер и силен поддржувач како во пристапниот процес, така и во делот на финансиска поддршка на капитални проекти за што полагаме огромна благодарност" -истакна Николоски.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023

Николоски: До крајот на 2026 година граѓаните ќе возат по новиот автопат Кичево- Охрид

Во интервју за неделникот Фокус, Александар Николоски вицепремиер и министер за транспорт истакна дека до крајот на 2026 година граѓаните ќе возат по новиот автопат Кичево-Охрид.„Има бројни проблеми, но реков дека нема да ја заморувам јавноста со проблеми, зашто јавноста е уморна од изговори, но она што може да го кажам дека зборот ќе го држиме и до крај на 2026 година ќе имате функционален автопат Охрид-Кичево“ кажа Николоски а во однос на техничкото решение за проблемот со т.н. косини истакна:„Во однос на косините, се соочуваме со неколку проблеми. Се работи за исклучитечно тежок планински терен. Ние сакаме да ја претставуваме Македонија како земјоделска држава, но 80 проценти се планини кога ќе ја видите мапата. И се работи за земјиште што не одговара на она што се класични геолошки стандарди за изградба на автопат“ кажа Николоски.Николоски во однос на тоа зошто не се направени геолошки истражувања кога се проектирала трасата рече:„Е тоа е вториот проблем. Направени се многу грешки во проектирањето, но направени се грешки и во изведбата. Јас сега ги барам решенијата и ќе го решиме проблемот. Тоа што го кажав на охридски сега ќе го кажам литературно – што ќе правиме ќе правиме, но до крај на 2026 година ќе имаме функционален автопат“ потенцира Николоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6437

Средба на Николоски и Стоилковиќ со потпретседателот на Владата и министер за финансии Синиша Мали

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ во рамки на официјалната посета на Белград, Република Србија, денеска остварија работна средба со потпретседателот на Владата и министер за финансии, Синиша Мали.Зајакнување на економските и трговските врски меѓу двете земји беа фокус во разговорите, при што акцент се стави на унапредување на условите за пристап на пазарите, создавање на подобри услови за компаниите како и можностите за содавање на единствен пазар меѓу земјите од Западен Балкан.Македонија е целосно фокусирана на олеснување на трговијата и транспортот меѓу земјите од Западен Блакан, потенцираа од македонската делегација притоа нагласувајќи ја потребата од преземање на нови заеднички политики за подобрување на регионалната трговија.На средбата се разговараше и за иницијативите и мерките во рамки на Отворен Блакан каде и двете страни се согласија дека е потребно да се унапредат политиките со цел ослеснување на движењата на добра и услуги.Заменик претседателот и министер за транспорт Николоски истакна дека Владата има силна заложба за зацврстување на регионалната економија преку содавање на нова модерна и квалитетна инфраструктура која ќе ја засили конкурентската позиција на транспортните кроидори во регионот.Тој потенцираше дека Македонија е силно фокусирана на изградба на брза пруга и приклучување на брзата пруга на европскиот коридор 10, како предуслов за брз транспорт на стока и патници меѓу земјите во регионот. Во тој контекст се нагласи потребата од заеднички активности за доизградба на брза пруга на потег Белград-Ниш – Табановце - Скопје.Економската соработка меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, заклучија и двете страни притоа согласувјаќи се дека и во наредниот период двете влади преку заеднички мерки и политики ќе работат на создавање на подобри услови за граѓаните и компаниите од двете земји.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023-1

Николоски: Со нов Закон ќе ја довршиме изградбата на автопатот Кичево Охрид. Очекувам напролет да се вози по одредени делници од автопатот

Владата донесе нов Закон за измена и дополнување на Законот за реализација на автопатот Кичево – Охрид, кој што се надевам дека следната недела ќе го усвои македонското собрание и со тој Закон ќе биде решен еден од основните проблеми за реализција на автопатот Охрид – Кичево, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.Законските измени се во делот на техничките каректеристики на асфалтот што се користи за финализирање на завршните слоеви на автопатската делница, прилагодени на домашните геолошки услови.“Сите проблеми што ги видовме се настанати како резултат на неодговорното работење на претходната влада. Законските измени се во делот на техничките картектеристики на асфалтот што ќе се користи. Правимe прилагодување на македонските услови. Асфалт не може да се носи повеќе од 100 км од местото каде што е произведен што значи дека мора да се користи локална оператива и се прилагодуваме на геологијата односно на наоѓалиштата што се користат во изработката на асфалт. Со гласање на овој Закон веднаш започнуваме со асфалтирање на финалните делови на одредени делници и да бидам пококнретен веќе следната пролет да имаме делови од автопатот кои што ќе бидат целосно ставени во функција. Очекувам до рокот до крај на 2026 година да имаме конечно завршен автопат” - изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.Министерот истакана и дека се решаваат наследените проблеми со експропријацијата, објектите што се на траса како и со свлечиштата.

Македонија | пред 1 година

IMG_6318

Николоски од Гевгелија: Започнуваме со изградба на Западен Булевар - Климент Охридски во Гевеглија. Обезбедивме 100 милиони евра за проекти во општините за оваа година

Обезбедив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар во Гевгелија и очекувам набрзо да започне неговата изградба. Претходно со околу 10 милиони денари се реконструираше улица во населеното место Мрзенци и ова начинот како оваа Влада дава силна поддршка за развој на општините, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија.Тој потенцираше дека се обезбедени 100 милиони евра за оваа година за инфраструктурни проекти за општините, а за следната година планирани се 250 милиони евра директна поддршка исто така за проекти во општините.Министерот заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов го посетија и населеното место Миравци каде пуштија во употреба новоизграден пазар.“Претходно со премиерот Мицковски бевме во посета и еве за рекордно време до 3 месеци се изгради пазарот што верувам дека ќе помогне на целиот регион. Министерството за транспорт дава силен фокус и поддршка за Гевгелија. Оваа година од средства од земот за Светска банка одобривме 10 милиони денари кои што се реализирани за селото Мрзенци, а пред неколку дена само што ги одобрив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар - Климет Охридски, што практично треба да отвори цел еден нов дел во градот, нешто што е заложба на градоналачникот од првиот ден. Тука секако се и средства што ги определи Владата во висина од 100 милиони евра за оваа година за општинте. Најголем дел од средствата ќе одат преку Министерството за транспорт а во соработка со Гевегелија ќе работиме на реализација на проекти од овие средства”-изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.Министерот Николоски најави дека во соработка со ЈП за државни патишта ќе се реконструира автопатската делница од Гевгелија до ГП Богородица и од Гевгелија до Неготино, додека во делот на општина Богданци се работи на изградба на обиколница во општината. Тој најави дека следи период на силна градежна офанзива во сите општини во државата.Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов истакна дека Владата обезбедува силна поддршка за локалниот развој на Гевгелија. Пазарот во н.м. Миравци е проект на општината инвестиција од 4 милиони денари.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања