Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

николоски

media-libraryhieg2cm8pmjp1jCACXB

Николоски: Обвинителството да го повика Сотир Ампов и да истражи како е во комуникација со Артан Груби, помагање на бегство од правдата е кривично дело

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4, се обрати на денешниот народен митинг во општина Ново Село, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, чиј слоган е Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Николоски се осврна на актуелниот лидер на СДС, Венко Филипче, при што истакна дека Филипче наоѓа договори, а сумата не ја споменува од причина што истата таа сума Филипче ја троши за 5 дена за неговата јахта. И покрај се ова, според Николоски, Филипче јавно кажува дека е во комуникација со Артан Груби, бегалец од правдата, Зоран Заев, а го изостава Сотир Ампов, човек кој што имал фабрика за долен веш, а потоа наеднаш добива работа за надзор на изградба на автопати.,,Венко Филипче вчера, нашол еден договор во железница на цели 45 илјади евра, внимавајте сумата не ја кажуваат, затоа што 45 илјади евра, Венко за јахтата троши отприлика за 5 дена, ако прави подолга дестинација или побрзо ја вози за 3 отприлика одат само за бензин“, кажа Николоски и додаде:,,И велат еве тоа е доказот, дека тоа што го правеле додека биле на власт било добро, затоа што и ВМРО-ДПМНЕ со истата компанија потпишала договор. И се фатија за железница која што ја оставија минатата година опустошена. Во двете железнички претпријатија преку 3000 луѓе без плата“.Николоски посочи дека Филипче, случајно или не, го изоставил Сотир Ампов, кого го нарече главна фигура во целиот конзорциум. Тој додаде дека и покрај очигледните сомнежи, обвинителството веќе една година избегнува да го истражува Ампов.,,Случајно или не, Венко Филипче вчера заборави да го спомене главниот во целата таа композиција, во целиот тој конзорциум како што го нарекуваа. Оној кој што имаше фабрика за долен веш, ама наеднаш почна да добива работа за надзор на изградба на автопати. И случајно или не, вчера заборави Сотир Ампов да го спомене, неговото семејство и двете нивни фирми коишто случајно или не, обвинителството еве една година одбегнува да ги истражува. Би сакал да ги повикам конечно да почнат тоа да го прават“, истакна Николоски.Според Николоски, обвинителството треба да испита како може Филипче да биде во комуникација со бегалец од правдата. Тој исто така нагласи дека токму поради ваквите случаи на злоупотреби и сомнителни врски, на претстојните локални избори граѓаните треба масовно да излезат и да стават крај на, како што вели тој, криминалната банда на СДС.,,А паралелно истиот тој случајно или не, се фали дека е голем пријател на Зоран Заев и еден од ретките којшто комуницира со Артан Груби. Па ако не истражуваат за начинот на којшто работеле во минатото еве од обвинителството, нека истражат како е тоа тој човек во комуникација со бегалец од правдата и мислам дека час поскоро, минута поскоро после ова што го кажувам треба да го повикаат, барем на разговор во обвинителството , затоа што помагање на бегство е исто така кривично дело“, заклучи Николоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydemm2rrma71o7o9iIMe

Николоски: На Скопје му треба силна трансформација – воз, еколошки автобуси и нова инфраструктура

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека на Скопје му е потребна силна трансформација, при што најави поддршка за капитални проекти како градскиот воз, нови еколошки автобуси и инфраструктурни зафати.„На Скопје му треба силна трансформација, а новиот градоначалник ќе има силен партнер во мене, во премиерот Мицкоски, во Владата и во Министерството за транспорт. Ветуваме градски воз и тоа ќе го реализираме“, истакна Николоски.Тој најави дека е избран изведувач за првата делница – од Зелениково, преку Драчево, Кисела Вода и Аеродром, до новата железничка станица – и дека деновиве ќе биде воведен во работа. Според него, напролет ќе биде пуштена во употреба првата линија. „Следната година, во рамки на финансиските можности, ќе избереме изведувачи и за другите две линии и ќе го заокружиме железничкиот прстен. На тој начин ќе обезбедиме евтин, точен и брз превоз и ќе ја намалиме гужвата во Скопје,“ додаде тој.Николоски најави и дека веднаш по изборите ќе биде распишан нов тендер за 120 еколошки автобуси – 80 за Град Скопје и 40 за другите општини. „ЈСП мора целосно да ја обнови флотата. Сега има околу 250 автобуси и сите тие треба да бидат заменети во годините што следуваат. Тука градот ќе има огромна поддршка,“ рече Николоски.Заедно со кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, тој денеска изврши увид во реконструкција на улици во општина Кисела Вода, каде што најавија и пробивање на улицата „Есенинова“ на потегот од месноста Чешма до Шампионче.

Скопје | пред 3 месеци

aleksandar-nikoloski

Министерот Николоски: Раст на БДП од 3,4% – градежништвото и транспортот главни двигатели на економијата

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, објави дека македонската економија во вториот квартал од годинава бележи раст на бруто домашниот производ од 3,4 проценти.„Особено ми е драго што секторите градежништво, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија,“ напиша Николоски.Податоците покажуваат дека секторот градежништво пораснал за 7,3 проценти, што е посилен раст од првиот квартал кога изнесувал 7,1 проценти. Секторот транспорт и складирање, пак, бележи раст од 6,0 проценти.Министерот најави уште поголема динамика во третиот квартал, поради засилената активност во изградба на патишта, инвестиции во железничка инфраструктура и локални проекти. „Растот ќе биде уште посилен благодарение на вредните работници кои работат во секакви временски услови и јасните политики и стратегија на Владата и Министерството за транспорт. Ја градиме Македонија“, порача Николоски.

Свет | пред 4 месеци

nikoloski-delnica-Gostivar-Bukojcani_9

Николоски: Понудите од врвни светски финансиски институции и банки го потврдуваат кредибилитетот на проектот “брза пруга”

Имаме кредибилен проект за брза пруга и тоа го покажува интересот од 16 врвни финансиски институции и банки кои доставија понуди за финансирање на проектот, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според вицепремиерот, следна фаза е да се направи анализа на понудите, Владата да ја избере најдобрата понуда и да се потпише договор, а Собраните да го усвои таквиот договор.“Се работи за врвни меѓународни финансиски и банкарски институции, најреспектабилните во светот, секако тој процес треба да се обработи во рамки на Министерството за финаниси и да биде информирана Владата, Собранието и секако јавноста.Она што за мене е вонредно значајно е тоа што 16 меѓународни врвни финанисиски институции да се пријават на финансирање за овој проект многу кажува за кредибилитетот на проектот, кажува дека проектот е исклучително исплатлив добар и добро осмислен и според мене го потврдува она што ние цело време го зборуваме дека се работи за најзначајниот и најважен инфраструктурен проект во поновата историја на Македонија, проект кој целосно треба да ја трансформира Македонија.Тука огромна заслуга има министерката за финансии затоа што имаше доста проактивен однос на пристапување кон меѓународните финансиски институции и од 24 на кои им што се пристапи, еве 16 од нив дале понуди што многу значи за кредибилитетот на овој проект.Сега Министерството за финанисии треба да ги обработи овие понуди, да достави информација до Влада, Владата да ја одбере најдобрата понуда и да го информира Собранието, да се потпише договор со таа финансиска институција и Собрание тој договор да го усови.Паралелно со тоа ќе оди процес со избор на Изведувач каде ќе одиме со исто така транспарентен процес на конкуретнен дијалог, каде ќе направиме дијалог со конкурентски градежни компании кои што ги постигнуваат највисоките страндарди.Не забораваме дека имаме можност до 70 % да има македонска компонента што ќе е најголема од сите инфраструктурни проекти. Охрид-Кичево е 49 %, коридорите 8 и 10 д речиси и да нема македонска компонента за жал, така што ова ќе е највисока македонска компонента било кога видена во државата.Во зависност од временски услови очекувам доцна есен, рана пролет да ги видиме машините на терен” – изјави вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 6 месеци

nikoloski-pat-3

Николоски: Го завршивме експресниот пат Градско – Фариш, патот до Прилеп и Битола сега побрз и побезбеден

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, преку видео на својот Фејсбук профил објави дека е завршена изградбата на делницата Дреново – Фариш, како дел од експресниот пат Градско – Прилеп, нагласувајќи дека овој инфраструктурен проект носи конкретни придобивки за граѓаните од Пелагонија и Тиквешијата.„Го изградивме експресниот пат Градско – Дреново – Фариш (Прилеп). Ветивме модерно и безбедно патно решение, и ова е одговорот на тоа ветување,“ напиша Николоски.Според него, новата делница во должина од 25 километри значително ја подобрува безбедноста и го скратува времето на патување од Скопје до Прилеп и Битола.„Продолжуваме да ја градиме Македонија“, заврши тој во објавата, потенцирајќи дека патот ќе има директно влијание врз развојот на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Могила, Новаци, Кривогаштани и целиот регион.

Македонија | пред 6 месеци

1000048773

Николоски на средба со 11 најголеми компании во Франција: Имаме огромни инвестиции во патната и железничката мрежа, отвораме можности за соработка со француски компании и нови инвестиции во Македонија

Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори а локациски има стратешка позиција која има големи компаративни предности пред другите земји во регионот, потенцираше вицепремиерот Николоски на средбата во Париз со најголемите 11 компании во Франција.Во своето излагање пред присутните, тој ги презентираше транспoртните политики на Македонија преку инвестициските планови за изградба и унапредување на железничката мрежа, особено изградбата на брза пруга на коридор 10. Притоа вицепремиерот Николоски потенцира дека унапредување на брзината на овој коридор е особено значајно за певтин и побрз карго транспорт за Централна Европа.Исто така беа презентирани плановите и проектитe за унапредување на патната мрежа на европските коридори како и можностите за развој на авиосообраќајот.Вицепремиерот Николоски на средбата истакана дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во целокупна модернизација на земјата, со што се отвораат големи можности за соработка со компании од Франција. Условите за инвестирање, дополни вицепремиерот Николоски се меѓу најконкуретните во регионот, со што Владата нуди услови и силна подршка за нови странски инвестиции.На средбата беше презентирана и француската политика во делот на развој модернизација, управување и безбедност во железничкиот сообраќај на Франција од каде се пренесоа нови искуства и знаења.Претходно, вицепремиеорт се сретна и со Магали Сезана, шеф при Генералната дирекција за трезор во Министерството за економија и финансии каде се разговараше за подобрување на економската и трговска соработка меѓу двете земји.Работната посета и средбите на вицепремиерот Николоски со владини претставници на Франција, продолжуваат и во текот на утрешниот ден.

Македонија | пред 6 месеци

mijalkov-hotel-

(Видео) Со кои пари Мијалкови го градат хотелот во Охрид и што ќе се прави со него

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, во поткастот „Претрес со Ландов“, рече дека хотелот, сопственот на семејството Мијалкови, бил мета на инспекциски контроли и утврдена е состојбата. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ расчистило со него.Отвори и прашање - како е можно толкави средства да се инвестираат во хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад и хотелот во Охрид.„Направија спогодба, ги легализираа финансиските средства“, рече меѓудругото Николоски.На самиот брег на Охридското Езеро, каде зеленилото од летувалиштето Горица се спушта кон водата, никнува нов хотел на парцела од 15.787 метри квадратни. Не би било ништо необично, доколку локацијата не беше дел од заштитено природно и културно наследство под УНЕСКО.Фирмата Дивелоп Груп, која сега е една третина во сопственост на Јордан Мијалков - синот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, во 2011 година победува на јавно наддавање за продажба на тогаш државното земјиште.Таа година Сашо Мијалков сè уште е директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), а наддавањето за земјиштето го објавува Министерството за транспорт и врски предводено од неговиот сопартиец Миле Јанакиески.ЦЕЛ РАЗГОВОР:

Македонија | пред 7 месеци

nikoloski3-2

Вистината излегува од европските институции, Македонија не е случајна и не е вештачки насадена, вели Николоски

Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент не менува ништо. Ова се историски работи кои остануваат непроменети. Тоа е голем историски чекор, нашата позиција станува афирмирана и призната и тоа е нешто за поздравување иако имаме голем и долг пат пред себе, вели вицепремиерот Александар Николоски во однос на Предлог-извештајот за Македонија кој треба да биде усвоен во Европскиот Парламент.“Од вистината не се бега, прашање на време е само кога ќе излезе, а во европските институции полека излегува. Извешатој е коректен, нема ништо што е надвор од вистината или што не соодејствува на реалноста и само го потврдува она што сите го знаеме, а тоа е дека Македонија и македонските гарѓани не се случајни, не се вештачки насадени на Балканот туку имаат долга и вековна традиција која што на сите ние е позната. Одредени други сакаат да ја негираат и да речат дека тоа не е така, но и оваа вистина излезе. Годините на претходната Влада, тоа беа години на национално понижување, години кој што никој не смее да ги заборави затоа што тие години треба да се потсетник и предупредување за да не ни се случат истите работи за годините пред нас, за да не ни се појават анационални ликови кои би имале клучни позици или би не воделе. Сега има Влада која е патриотски насочена и која ги брани националаните интереси”-истакна вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_20250520_154620_721

Во четврток во Лондон, Николоски ќе го потпише Договорот за стратешко партнерство: Сметам дека се работи за историски момент

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната пресконференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и најави дека истиот Договор веќе во четврток, делегација предводена од вицепремиерот Николоски ќе биде потпишан во Лондон.Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски:“Една од одлуките на седница е Владата на Република Македонија да го прифати Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетето Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, односно Договорот Влада со Влада.Целта нa Договорот е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација и други критични сектори во Република Македонија.Првичната група на проекти се веќе споменати во јавноста во делот на здрaвството и во делот на транспортот. Исто така многу значајно за мене е да се разменуваат знаења и практики користејќи експертиза од Владата на Обединетото Кралство и од британски деловни субјекти за подршка на реализација на проекти но исто така и на трансформација на јавната администрација и приватниот сектор со експертиза од бизнис заедницата од Обединетото Кралство но и од владините агенции.Ќе се разменуваат знаења во здравството, транспортот, технологијата, енергетиката и клучните критични сектори, а за изградба на капацитетите на Владата на Македонија ќе се користи експертиза од Обединетото Кралство. Оваа соработка ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и политиките на секоја од двете земји. Учесниците ќе работат заедно да ги истражат можностите за мобилизирање на средства за финансирање на проекти и што е многу значајно, Владата на Обединетото Кралство го потврдува интересот и капацитетот преку Инструмнтот за финансирање на извозот или УКЕФ, со што става на располагање 5 милијарди фунти или 6 милијарди евра за реализација на проекти во Македонија. Нагласувам ова ќе биде проектно финансирање и финансирање кое ќе оди исклучиво со реализација на проекти. Ова е рамка која не значи дека целосно ќе се искористи но е рамка што е располагање и која што можеме да ја користиме.Она што сум горд е што добивме и официјална покана од Владата на Обединетото Кралство и покана до мене, за да се потпише овој Договор Влада со Влада на 22 мај, тоа е овој четврток и можам да Ве информирам дека Владата ме овласти да го потпишам овој договор. Ќе предводам владина делегација која што покрај мене, ќе бидат и потпретседателот на Владата и министер за животна средина Изет Меџити, понатму министерката за образование Весна Јаневска, директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски и останати соработници и мислам дека ќе имаме два плодни дена за соработка. Утре имаме средби со министерот за внатрешни работи на Обединетото Кралство и министерот за одбрана, имаме и средби со претставници од Инструментот за финансирање. Во четврток е главната церемонија, а исто така во четврток ќе имам средба и со директорот на Рајанер од каде што очекувам да произлезат и нови летови кон Скопје.Сметам дека се работи за историски момент, за датум кој ќе остане во аналите на македонската историја, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува во македонската историја затоа што се работи за досега најобемен дооговр кој Македонија го постигнала со било која држава. Тоа не е било која држава, тоа е втората светска сила, држава со која имаме одлична соработка во рамки на НАТО Алијансата, дел е од западната цивилизација, става на располагање најмногу средства и за мене е наважен политичкиот момент бидејќи влегуваме во партнерство со клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападно ориентирана држава и држава која ги почитува евроатланските вредности. Исто ми е драго што Обединетото Кралство објави дека постигнале договор со ЕУ, што значи дека во еден пакет ги имаме трите клучни сојузници на Македонија, тоа е ЕУ, Обединетото Кралство и САД”- истакна вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 7 месеци

nikoloski-pat-3

Николоски: Соработката со ДУИ би била политичко самоубиство за Таравари, се надевам дека тоа нема да го направи

„Разговараме со коалиционите партнери и имаме јасна визија каде треба да се движи државата. Имаме стабилна Влада и не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ било формална или неформална“, вели вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешното гостување во Тема на денот на телевизија Сител.Николоски истакна дека премиерот Мицкоски има јасна визија во кој правец сака да се движи државата, но она што е клучно во неговата визија е дека мора да постои силна битка со организираниот криминал и корупцијата.,,Премиерот има многу јасна визија каде сака да се движи државата, но она што е клучно во неговата визија е дека мора да имаме силна битка со организираниот криминал и корупција, кои најмногу беа олицетворени во ДУИ. Наше јасно ветување беше дека ДУИ ќе биде во опозиција, и ДУИ е во опозиција, и затоа не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ, на било кој елемент во рамки на Владата и во било која форма на соработка со политичката партија ДУИ, без разлика дали се работи за формална, неформална соработка, соработка само за локални избори и тука е всушност главната забелешка кон Арбен Таравари и кон неговото однесување“, категоричен е Николоски.Николоски истакна дека Владата е многу стабилна и граѓаните ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.,,Владата е многу стабилна, ние сме многу благодарни на поддршката која што ја добивме минатата година, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници, нашиот главен политички опонент освои 18, има пратеници кои што ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, тука е коалицијата со политичката партија ЗНАМ, така што ние во моментов, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, ближиме во моментов некаде околу 66-67 пратеници, што е многу комотно мнозинство“, истакна вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 8 месеци

skopski-aerodrom

Се очекуваат најмалку десет нови авио дестинации, се преговара за линија од Охрид за Будимпешта, вели Николоски

Преговараме со Визер да ја отвори линијата Будимешта -Охрид. Сметаме дека таа е поатрактивна бидејќи има што да понуди охридското крајбрежје за туристите. Во меѓувреме развиваме нов модел на привлекување на нови авиолинии и сметаме дека тој модел ќе донесе најмалку десет, а потенцијaлно и дваесет нови дестинации, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во утринското интервју на Радио Лидер.Тој потенцира дека сегашниот модел на субвенции на патници во доаѓање ги дава резултатите, а тоа се десет нови линии за неколку месеци.“Со луѓето од министерството работам на нов модел, не сакам да ветувам но мислам дека ќе донесе најмалку десет, а потенцијално и до дваесет нови дестинации за краток временски период. Моделот е сакаме да ги зголемиме субвенциите. Во моментов плаќаме по патник во доаѓање за некој што би слетал во Скопје по 9 евра, а некој што би слетал во Охрид плаќаме по 12 евра. Подготвени сме да одиме нагоре под услов компанијата да отвори најмалку 10 дестинации во исто време, но да го довршиме па ќе зборуваме за ова”- рече вицепремиерот Николоски.Во однос на поврзување на Будимпешта со Охрид, тој истакна дека во моментов се преговара со Визер за воспоставување на оваа линија, како поатрактивна во однос на скопскиот аеродром.“Будимпешта – Скопје, беше единствената линија за која Визер добивале субвенции од унгарската влада, субвенциите завршија, за жал бројот на патници е мал и затоа таа линија се укина. Ние разговараме со компанијата Визер, бидејќи најголемата база им се наоѓа во Будимпешта, да отворат линија за Охрид. Мислиме дека ќе биде поатрактивна бидејќи туристичкиот потенцијал е далеку поголем, а во однос на комерцијална смисла, Будимпешта не беше атрактивна за Скопје бидејќи има две поблиски дестинации Виена и Братислава кон кои што се лета од Скопје, а од Македнија нема толку патници да се опслужуваат во радиус од два часа на три аеродроми”-објасни вицепремиерот Николоски.Тој потенцира дека чартер летовите на “Фрибирд” се силен инпут за зголемување на авиосообраќајот, а со тоа и директно за туризмот бидејќи секојдневно на скопскиот аеродром слетуваат по најмалку 180 туристи. Амбицијата, според вицепремиерот Николоски е најмалку два чартери дневно на охридскиот аеродром.“Амбицијата е следната година да слетуваат најмалку два авиони и да слетуваат во Охрид, што значи дека секој ден ќе имаме по двесте нови туристи. Тие остануваат по најамлку 4 дена што значи имате по 800 туристи во охридското крајбрежје во неатрактивни месеци кои ги полнат хотелите, рестораните и чаршијата. Голем инпут е и Туркиш ерлајнс, број еден авиокомпанијата во светот, лета од најголемиот аеродорм во Европа за Охрид. Така што на охридскиот аеродром драстично се гледа разликата”- изјави вицепремиерот Николоски.Тој потенцира дека во моментов има конекции кон 64 дестинации, од кои 56 од скопскиот и 8 од охридскиот аеродром, што е сериозен успех на Владата и концесионерот ТАВ.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-11-24-at-12.48.50

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум. Граѓаните и туристите добиваат безбеден патен правец и поквалитетна туристичка понуда

„Ве информираме дека во завршна фаза е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри.Инвестиционата вредност за рехабилитација на овој патен правец е 11,6 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈП за државни патишта“, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и додава:Со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и обезбедуваме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум. Исто така овој магистрален пат има регионално значење бидејќи претставува патна врска со Република Албанија. До сега, со завршен асфалт комлетно е асфалтиран потегот од граничниот премин на Р. Албанија до Пештани во должина од 19 километри.Заради зголемување на безбедноста во сообраќајот како и прегледност на патот се изврши растеретување на косини од нестабилен карпест материјал, завршено е со монтажа на заштитна челична мрежа на косините, а исто така на дел на патот поставена е заштитна ограда. Согласно договорниот рок, се очекува патот комплетно да биде завршен до крајот на месец јуни пред почетокот на летната сезона. Oстанува да се доасфалтираат уште околу 5 км од излезот на Пештани до хотелот Метропол, да се постави заштитна ограда како и хоризонтална и вертикална сигнализација.Со реализација на овој проект покрај подобрување на патната мрежа во охридскиот регион го подигнуваме квалитетот на туристичкиот потенцијал и го потикнувме економскиот развој на Охрид.

Охрид | пред 8 месеци

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Со обсмислена стратегија успеваме охридскиот аеродром да го развиваме. Денеска ја воспоставуваме новата и најважна линија Охрид-Истанбул со која Охрид преку Истанбул ќе го поврземе со цела Европа и светот, истака вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на воведувањето на новата авиолинија Охрид-Истанбул.Во прилог интегралната изјава на вицепремиерот Николоски“ Ова е комплетно нова димензија за охридскиот аеродром и целосно нов развој на охридскиот аеродром затоа што најголемата светска авиокомпанија Туркиш ерлајнс воведува директна линија, четири пати неделно со најголеиот аеродром во Европа, аеродромот во Истанбул, што многу ќе значи за бројот на патници и не само за туризмот туку и редовното патување, затоа што аеродрмот во Истанбул е со најмногу конектинг летови во Европа. Веќе познавам луѓе кои имаат купено карти од Торонто за Охрид или од Вашингтон за Охрид затоа што преку Истанбул со конектинг летови ќе можат да додјат во Охрид што драстично ќе го зголеми бројот на патници и тоа ќе помогне да се развива тузимот, бизнисот, комуникациите, што е комплетна нова диманзија за охридскиот аеродром.Ова е резултат на обмислена стратегија, стратегија на субвенционирање што ја водиме откако бевме избрани. Го променивме целосно моделот на субвенционирање, за охридскиот аеродром од претходно 4,5 евра зголемивме на 12 евра по патник. И наместо за заминување, плаќаме за доаѓање затоа што целта е да даѓаат луѓето тука, ги променивме и другите услови и тоа го даваат резултатот. Веќе имаме две нови дестинации до Охрид, тоа е Истанбул и Базел, имаме нови осум дестинации од Скопје. Но од сите 10 дестинации за мене најважна е Истанбул бидејќи отвора нова врата за охридскиот аеродром и за целиот регион. Во преговори сме и тие преговори за брзо време треба да завршат со една голема компанија која што очекувам да донесе две до три нови дестинации и на тој начин да расте бројот на дестинации на охридскиот аеродром.Мене ми е целта во рок од две години да имаме најмалку десет нови дестинации од Охрид, што целосно ќе го трансформирам туризмот во Охрид, бизнисот и комуникациите и тоа што е особено важно, оние чартери кои што почнаа на Флајбирд во следната година наместо еден да се два дневно и да слетуваат во Охрид наместо во Скопје. И пуштањето на автопататот на тие 40 -тина километри од Врбјани до Охрид секако многу ќе значи за охридскиот аеродром”, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Македонија | пред 9 месеци

nikoloski3-2

Николоски: Падна пропагандата на Софија, се откажаа од изградба на пругата и поврзување на коридор 8

Бугарија за жал испрати јасна политичка порака за непосветеност околу изградбата на пругата и поврзување на коридор 8. Конечно во вода им падна пропагандата која седум месеци ја водеа против мене и против премиерот Мицкоски. Но ние не се откажуваме од изгардбата на пругата, дали со оваа влада или некоја идна бугарска влада ќе преговараме и ќе се стремиме да ја изгардиме пругата и да ги поврземе Скопје и Софија, бидејќи ова е многу значаен коридор за регионот и за НАТО, изјави вицепремиерот и министер за транспoрт Александар Николоски кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоупорава Златко Пeрински, извршијa увид во реконструцкија на локални улици во општина Ѓорче Петров.Во продложение интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:“ Ние остануваме силно посветени на железничкиот коридор 8 . Во овој момент активно се работи на втората секција во должина од 34 километри која оди од Бељаковце до Крива Паланка. Во месец јануари ја пуштивме во функција првата секција од Куманово до Бељаковце и остануваме посветени на дијалог со Бугарија со цел изнаоѓање на заедничко прифатливо техничко решение во однос на тунел кој што треба да ги спојува двете држави и изградбата на третата секција затоа што сметаме дека Коридор 8 е исклучително значаен не само за Македонија туку за целиот регион и за цела Европа. Тоа е НАТО коридор, тој е втор најзначен коридор значаен за НАТО и нашата посветеност останува.Со жалење ја примаме информацијата која што вчера пристигна, а која е официјален документ усвоен од бугарската влада, со кој Бугарија одлучи да ги тргне средствата кои претходно беа предвидени за реконструкција на делот од Софија до Ѓуешево, имајќи предвид дека пруга има но таа е во очјана состојба и не може да се користи и не треба само да се изгради тунелот и спојка со Ѓуешево, туку многу поважно е да се напрви реконструкција од Ѓуешево до Софија со цел Скопје и Софија да се поврзат.Имајќи превид дека донесоа одлука средствата за изградба од Софија до Перник и до Радомир да ги пренасочат за изградба за пруга од Софија до Бургас, мислам дека јасно испраќаат политичка порака во однос на нивната посветеност односно непосветеност за изградбата на железничкиот коридор 8 и исто така паѓа во вода целата пропаганда која беше водена во изминативе седум месеци против пртеседателот на Владата, првенствено против премиерот Мицкоски и против мене дека имаме нешто проитв Бугарија, дека не сакаме да се поврзуваме, дека имаме некаква оска Атина Белград и слични глупости кои беа дел од пропагандата. Но, на крај вистината излезе а тоа е дека било залажување и пред јавноста и пред европските институции, а намерите биле сосема различни.Јас сакам да Ве инфомрирам дека утрово испратив писма до Европската делегација, до Европската Транспортна Заедница, но исто така и до двете банки ЕИБ и ЕБРД имајќи предвид дека Македонија има потпишано договори за кредит за коридор 8 во висниа од 350 милиони евра и за истите доколку не се користат треба да плаќа резервации, а во овој случај не би се користеле не поради наша вина, туку по вина на соседната држава и мора да го заштитиме и финансискиот интерес на државата.Ние се надеваме дека дијалотогот ке продолжи, последниот обид го направивме на 7 март кога јас испратив писмо преку МНР до бугарската влада до бугарското министерство за транспорт и до сите одговорни. Од наша страна е формирана работна група на највискоот можно ниво, покрај мене министерот за надворешни работи и трговија, министерката за финансии и директорот на Железница Инфраструктура . Очекуваме иста посветеност и од страна на Република Бугарија со цел да можеме да ја изградиме и да ги поврземе Софија и Скопје и на крај одлуката да е на двете страни. Но влади се менуваат, посветеноста останува, јас се надевам дека со оваа или следна бугарска влада ќе успееме да го изградиме коридор 8 затоа што тој е клучна артерија не само за Македонија туку за целиот регион”-изјави вицепремиерот Николоски.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-11-24-at-12.48.50

Николоски од Прага: Преговарме за нови инвестиции од Чешка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ја продолжува работната посета на Чешката Република, каде во Прага покрај учеството на Комитетот за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, ќе оствари билатерални средби со високи претстваници на чешката влада.Покрај средбата со директорот на аеродромот во Прага на која се разговарaше за воспоставување на нова линија Скопје –Прага,  како и можноста за нова линија Охрид- Карлови Вари, вицепремиерот ќе оствари и работни средби со министерот за транспорт и министерот за енергетика.Во продолжение Ви ја пренесуваме интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:“Она што ми е особено задоволство е тоа што ќе се остварат бројни билатерални средби меѓу различни ресори. Покрај мојот ресор, тука е и ресорот земјоделие, култура и туризам, економија и финансии, надворешни работи и енергетика. Значи бројни сектори ќе бидат опфатени како можност за сорабокта меѓу двете држави. Веќе се прават посети на различни стопански концепти, исто така имаше и презентација на туристичките потенцијали на Македонија и множноста за привлекување на туристи, а само што завршивме состанок со директорот на аеродормот на Прага. Разговаравме за отворање на директна линија меѓу Скопје и Прага и можам да кажам дека сме многу блиску за отворање на директна линија, а можам да кажам дека разговаравме и за отварање на втора линија од Карлови Вари до Охрид како втора дестинација која би одела од Чешката Република. Денот  го продолжуваме со средба со претставниците на фабриката Шкода, мислам дека не треба многу да се кажува за Шкода, ќе се обидеме да ги привлечеме да инвестираат во Македонија. За утрешниот ден имаме средби со министерот за транспорт и министерот за енергетика, тука е и зедничкиот Комитет меѓу двете делегации и на тој начин очекувам да се зголеми трговската соработка а и туристичката размена меѓу двете земји и на овој начин покажуваме дека се обидуваме да го развиеме туристичкиот потенцијал и да ја подобриме економијата во Македонија.На средбата со директорот на аеродромот на Прага беа разменети идеи дали да се оди со авиопревозник кој што би го имал Скопје како единствена дестинација или тоа би се користело за конектинг летови кои би поврзувале други дестинации. Јас сум повеќе за втората варијатна затоа што тоа отвора друг тип на патници, отвора повеќе патници, а во однос на летната сезона таа е веќе почната така што зборуваме за зимска сезона и другата летна сезона, тоа е најрано кога што можеме да очекуваме други дестинации” -изјави вицепремиерот Александар Николоски.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања