Герасимовски: Нови кабинети, подобри услови и инклузивен пристап во ООУ „Кочо Рацин“
Во присуство на градоначалникот Горан Герасимовски, во ООУ „Кочо Рацин“ беа пуштени во употреба целосно реновираните кабинети за физика, хемија, германски јазик, музичко и ликовно образование. Овој проект, финансиран од Министерството за образование и наука, вклучува целосна реконструкција на најстариот дел од училиштето. Обновени се подовите, електричните и водоводните инсталации, како и плафоните и ѕидовите.Поставени се смарт табли, реновирани се тоалетите, а наставниците добија нови простории
Скопје | пред 1 година