Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

Ohridski-Biseri16062023001

Започна 22. издание на Интернационалниот музички фестивал „Охридски бисери“

Во голема сала на Општина Охрид, синоќа, со пригодна музичка програма започна 22. издание на Интернационалниот музички фестивал „Охридски бисери“. Покровител на музичкиот фестивал е Општина Охрид.Во име на општината фестивалот за отворен го прогласи заменик градоначалникот Перчо Божиноски.– Огромна е честа да се биде дел од свеченото отворање на еден од најпрестижните Интернационални натпревари на млади музичари во сфера на класичната музика „Охридски бисери“. За овој натпревар најдобро говори фактот има 22 години непрекината традиција, традиција достојна за висока почит и признание. Несомнено, Охрид како град со најголем број културни случувања е најсоодветниот за одржување на овој величествен настан. Па затоа поддршката на Локалната самоуправа не изостана и не смее да изостане и во иднина, бидејќи токму овој настан како бисер го надополнува бисеровиот ѓердан на градот. Нам, охриѓаните особено горди не прави тоа што градот продолжува да биде културен центар, а потврда за тоа е и денешното учество на младите уметници од целиот свет. Велат музиката нема географски граници, нема јазични бариери и нема расни поделби. Тука јас би додал дека музиката ги надминува и јазичните бариери. Таа е универзална, а интерпретаторите припаѓаат на целиот Свет. Деновиве, нека одекнуваат звуците на квалитетната музика и изведба и нека будат во нас чувство на среќа, рече во своето обраќање Божиноски.Финалната вечер на Интернационалниот музички фестивал „Охридски бисери“ е во сабота, кога ќе бидат прогласени најдобрите изведувачи.

Охрид | пред 2 години

IMG-87ce472c922e678b173e02f732a48afd-V

Богата музичка програма на винскиот фестивал во Охрид

Уште само неколку дена не делат од почетокот на второто издание на винскиот фестивал во Охрид кој ќе се одржи на 22, 23, 24 јуни.Богата музичка програма со македонски музички артисти е тоа што ќе го дополни уживањето во дегустацијата на македонските вина и вкусната храна.На отворањето на фестивалот во Четврток на сцената ќе ги видиме Баклава, Миле Кузмановски и Куку Леле. Во Петок Брас Брадрс, охридските рокери Бекдор Бенд и Лугер, како и легендарните Нокаут, а на последниот ден во Сабота Александар Јосифовски, Фиц енд д инвизиблс (студени нозе грејтест хитс) и Фанк Шуи. Сите денови настанот ќе го отвара диџеј РУТБОЈ СЕЛЕКТОР од 18:00 часот, а бендовите ќе ги забавуваат гостите до 01:00 часот.Се надеваме дека имаме програма со која ќе ги задоволиме различните вкусови на сите посетители и во позитивна атмосфера ќе се дегустира убаво вино.Целта на фестивалот е да постане традиционален и да ја дополни богатата културна програма на Охрид.

Охрид | пред 2 години

IMG-b0d70deea3359faac8f79b41bfcad905-V

Започнаа 35. републички спортски игри на лица со телесен индалидидтет

Денеска во СРЦ „Билјанини извори“ започнаа 35. Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет. Учесниците и организаторите во име на Општина Охрид ги поздрави советникот Наум Јамандиев и им посака успешно натпреварување.На спортските игри учествуваат 110 спортисти во атлетика, пинг понг и стрелаштво. Овие спортски игри се и со меѓународно учество и има 15 учесници од Црна Гора, Србија и Хрватска.

Охрид | пред 2 години

neparkiraj

Времено се затвора за сообраќај улицата „Марко Цепенков“ во Охрид

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека на ден 17.06.2023 година (Сабота) ќе се врши асфалтирање и ќе биде затворена за сообраќај улицата „Марко Цепенков“ – потег од кружна крстосница со ул. „Момчило Јорданоски“, до кружна крстосница со ул. „Питу Гули“.

Охрид | пред 2 години

Ambasador_13062023002

Амбасадорот на Република Црна Гора во посета на Охрид

Н.Е. Марија Петровиќ, Амбасадор на Република Црна Гора, при денешната посета на Охрид оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. Во срдечна атмосфера разговараа на повеќе теми. На средбата беа потврдени добрите односи што Општина Охрид ги негува со збратимените и пријателски градови од Црна Гора, Будва и Котор.Соговорниците се осврнаа и на темите за развој на туризмот и промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација. Беше разговарано и за зачувување на животната средина, заштита на Студенчишкото Блато и состојбата со Колекторскиот систем на Охридското Езеро. Градоначалникот и амбасадорката разговараа и за можностите за соработка во делот на подготвување на проекти, како и за економска соработка со организирање на регионални економски форуми помеѓу малите бизниси од Македонија и Црна гора.Исто така, градоначалникот и амбасадорката разговараа и за соработката што Охрид ја има со црногорската општина Котор и за размената на искуства со УНЕСКО. Заеднички се сложија дека Организацијата на градови со светско културно наследство (OWHC) треба да продолжи со своите активности и да се организира средба во Охрид помеѓу градоначалниците од градовите кои се дел од оваа организација.

Охрид | пред 2 години

Ambasador_14062023003

Пецаков на средба со амбасадорот на Австрија Георг Вуцас

Денеска, градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со амбасадорот во заминување на Австрија во Македонија, Н.Е. Георг Вуцас. На средбата беше потенцирано дека Охрид негува добри односи со Австрија и амбасадата.Се разговараше за размена на искуства поврзани со УНЕСКО, остварување соработки во повеќе области преку кои би се продлабочиле веќе добрите меѓусебни односи.Градоначалникот го запозна амбасадорот со приоритетните проекти за градот од областа на заштитата на животната средина и дека веќе за нив се изработени проекти со кои може да се аплицира пред меѓународните фондови. Амбасадорот изрази поддршка на напорите за изнаоѓање финансиски средства за реализација на проектите.На средбата соговорниците разговараа и за актуелните политички случувања и за предизвиците на Република Македонија и Европската унија во целина.

Охрид | пред 2 години

Press_soobrakaj_12062023003

Се одржа состанок за новиот сообраќаен режим на влезот од Охрид

На иницијатива на градоначалникот Кирил Пецаков, денес, во просториите на Општина Охрид се одржа состанок поврзан со новиот сообраќаен режим на влезот од Охрид кај Подмоље. На состанокот присутни беа претставници на Хотам, угостителскиот еснаф, туроператори, туристички агенции, СВР Охрид и стручните служби при Општина Охрид.Градоначалникот во своето излагање пред присутните ги посочи реакции на граѓаните и воопшто на сите засегнати од оваа одлука. Дополнително истакна дека е добро едногласно да испратат барање, односно замолница до Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт и врски за одложување на градежните работи на оваа делница и тие да продолжат од септември или октомври, имајќи предвид дека не се работи за последните километри од автопатот, па така градежните активности може да се пренасочат на други точки.Ваквиот став на градоначалникот наиде на одобрување кај присутните и сите учесници освен претставниците на СВР Охрид, го потпишаа барањето кое ќе биде испратено до Владата и Министерството.Во Барањето стои:„ ДО:Влада на Република МакедонијаМинистерство за транспорт и врскиБ А Р А Њ ЕПочитувани,Согласно одржаниот состанок на ден 12.06.2023 година кој беше наменет за последиците кои што Охрид и регионот ќе ги трпат од новиот режим на сообраќај на влезот од Охрид кај Подмоље, односно пренасочувањето на сообраќајот по стариот локален пат Охрид – Струга едногласно произлезе заклучок дека ваквата состојба е погубна за Охрид и Охридскиот регион, бидејќи во моментов и периодот што следи Охрид ќе биде центар во Република Македонија. Во очи на почеток на летната туристичка сезона да се затвори главниот приод кон Охрид е погубна одлука бидејќи со тоа значајно ќе се намали бројот на гости кои што ќе престојуваат во Охрид, имајќи предвид дека тој пат води и до Охридскиот аеродром. Со ваквата одлука голем број на семејства чија главна егзистенција е туризмот, ќе останат без приходи. Тука исто така се создава проблем и кај хотелиерите бидејќи постои веројатност веќе закажаните резервации да ги откажат и тие да останат без приход. Имајќи предвид дека изминатите неколку години беа тешки години за туризмот и туристичките работници, ова би значело крах на туристичкиот сектор во Охрид, а воедно и во Република Македонија.Покрај горенаведените причини, со пренасочувањето произлегува и дополнителен проблем кој е од хуман и здравствен аспект. Преоптоварувањето на стариот локален пат Охрид – Струга, создава проблем и за возилата за специјална намена брза помош, полиција и противпожарни возила.Знаејќи дека токму на тој пат е лоцирана Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ која што е регионална, понатака создава проблем кај родителите кои своите деца мора да ги носат за терапија или итни прегледи на Детското одделение во Општата болница во Струга. Исто така се создава проблем и за ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид, каде за успешно лекување на пациентите потребна е брза реакција.Од сето горенаведено заеднички испраќаме БАРАЊЕ до Владата на Република Македонија и до Министерството за транспорт и врски, градежните зафати на овој потег да ги одложат за септември. До ова барање се дојде имајќи предвид дека не станува збор за последни километри за изградба од автопатската делница, па така градежните активности може да се насочат на друга точка, а од септември да продолжат на оваа.Со надеж дека ќе излезете во пресрет на нашето барање.Наведените точки се повеќе од доволни за Министерството за транспорт и врски да ги одложи градежните активности и тие да продолжат од септември, а сега да се врати нормалното функционирање на влезот во Охрид.

Охрид | пред 2 години

ohrid-turisticka-42

Улицата „Кеј Македонија“ во Охрид се затвора за моторен сообраќај

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од ден 01.06.2023 година (Четврток) се затвора за моторен сообраќај улицата „ Кеј Македонија“ – потег од кружната крстосница со ул. „Македонски Просветители“ , до крстосницата со ул. „Ванчо Николески“.

Охрид | пред 2 години

Memoransum_kineski_jazik_01062023005

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Институтот „Конфуциј“

Во просториите на Општина Охрид, денеска, беше потпишан меморандумот за соработка помеѓу Општина Охрид и Институтот „Конфуциј“ кој работи во склоп на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Потписниците на договрот, градоначалникот Кирил Пецаков, и двата директори на Институтот македонскиот проф. Д-р Влатко Стоилков и кинескиот проф. Д-р Дијао Веј, изразија подготвеност за целосно спроведување на обврските од меморандумот.Со меморандумот е опфатено изучување на кинескиот јазик, литература и култура. Предвидено е изучувањето да се спроведува преку едукативни активности кои ќе бидат спроведени за ученици и вработени во општинските училишта. Понатака, организирање на културни настани, семинари и работилници.Исто така опфатено е вршење размена на информации со училиштата за членување во домашни и меѓународни здруженија, учество и заеднички настап.Потписниците взаемно се согласија дека потпишувањето на меморандумот е само почеток кон продлабочување на соработката помеѓу Охрид и Народна Република Кина, преку организирање на настани и промоции, како и презентации пред потенцијалните гости во Охрид.

Охрид | пред 2 години

cveten-Ohrid2-1

Општина Охрид со проект „ Цветни балкони – Цветен Охрид “

ЦВЕТНИ БАЛКОНИ – ЦВЕТЕН ОХРИДјуни 1, 2023 0Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „ Цветни балкони – Цветен Охрид “.Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:улица: “АСНОМ“,улица: “Јане Сандански“,улица: „Никола Карев“улица: “Сирма Војвода“,улица: “Карпош Војвода“,улица: “Галичица“,улица: “Ванчо Питошески“,улица: “8-ми Септември“,улица: “Мирче Ацев“,улица: “Лазо Трпоски“.Акцијата ќе се реализира на 05(понеделник) и 06 јуни(вторник) 2023 год.Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид на 05 јуни (понеделник) и 06 јуни (вторник) 2023 година, од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

Охрид | пред 2 години

IMG_2467-scaled-e1685623688953

Верифицирани мандатите на новите делегати во Локалното собрание на млади

Денеска во големата сала на Општина Охрид се одржа седница на Локалното собрание на млади. На седницата се изврши верификација на мандатот на пријавените делегати и заменици делегати во Локалното младинско собрание по претходно објавен јавен повик.Согласно дневниот ред, членовите на собранието донесоа и одлука за распишување на Јавен повик за избор на членови во Локалниот совет на млади.

Охрид | пред 2 години

ohrid

Свикана дваесет и осмата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ дваесет и осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 08.06.2023 година ( четврток ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н Р Е ДУсвојување на Записникот од 25-та седница и Записникот од 26-та седницаПредлог-Програма за измени на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година.Предлог-Програма за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2023 година.Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за финасиските потреби на ТППЕ Охрид за 2023 година.Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за заштита на животната средина и природата за 2023 година.Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2023 година.Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за спорт и рекреација за 2023 година.Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2023 година.Предлог-Програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2023-2025 година (НА).Предлог-Програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година (НБ).Предлог-Програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2023 година (Т1).Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за енергетска ефикасност за 2023 година.Предлог-Програма за измени и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште за 2023 година.Предлог-Програма за измени на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2023 – 2025 година.Предлог-Програма за дополнување на програмата за урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година.Предлог-одлука за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2023 година.Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2023 година.СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИДПретседателСашо Донев

Охрид | пред 2 години

Kraguevac_05062023001

Реализиран проектот „Мала ноќна музика“

Општина Охрид беше вклучена од реализацијата на проектот ,,Мала ноќна музика” чиј носител е збратимениот град Крагуевац од Србија. Покрај Охрид, партнери на проектот беа и градовите Бар, Црна Гора и Фоча, Босна и Херцеговина.Како дел од активностите на проектот, во периодот од 2-ри до 5-ти јуни 2023 година, во Крагуевац, се одржаа работилници за Менаџмент во културата и двe концертни вечери, на кои настапија млади музичари од градовите учесници.Во името на Охрид, во рамки на втората концертна вечер настапија младите охридски флејтисти м-р Даниела Петкоска, Светлана Богданоска Ристоски, Моника Стојкоска и Ана Матеска.Целта на проектот е продлабочување на пријателството помеѓу збратимените градови. Проектот е финансиран од Фондот за Западен Балкан, Општина Охрид, Општина Крагуевац и музичкиот центар од Крагуевац. Во проектот беа вклучени и Младинскиот центар од Охрид, Културолошката иницијатива „5 до 12“ и здружението „Ахрид“ од Охрид.

Охрид | пред 2 години

Нема фотографија

Во вторник ќе се изведуваат градежни активности на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека на ден 06.06.2023 година (вторник) на улицата „Марко Цепенков“, ќе се изведуваат градежни активности.Со цел непречено и безбедно одвивање на активностите се молат сите учесници во сообраќајот да ја избегнуваат оваа улица и да не се паркираaт на истата.

Охрид | пред 2 години

Sertifikati_05062023001

Сертификати за основците кои изучуваа италијански јазик во две охридски училишта

Денес во општинските основни училишта „Св. Климент Охридски“ и „Христо Узунов“ беа доделени дипломи на околу 100 ученици кои беа опфатени со проектот на Општина Охрид за факултативно изучување на италијански јазик.Учениците од петто и шесто одделение од овие училишта за првпат годинава изучуваа италијански јазик два пати во неделата.Предавач по овој предмет беше професор Маја Мијаиловиќ, а на настанот меѓу другите присуствуваа и универзитетските професорки д-р Радица Никодиноска и професорките Бранка Гривческа како претставници на Здружението на наставници по италијански јазик.

Охрид | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања