„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

поплави

banja-luka-poplavi

Нивото на Урал во Русија продолжува да расте: Речиси 8.000 луѓе евакуирани, повеќе од 3.500 домаќинства поплавени

Нивото на реката Урал кај Оренбург во руската област Оренбург во текот на ноќта порасна за 38 сантиметри и утринава достигна 1.060 сантиметри, надминувајќи го нивото на вонредна заштита од поплави за 130 сантиметри, соопшти денеска окружната управа на Оренбург.Од загрозените подрачја се евакуирани околу 7.800 граѓани.Во соопштението на Телеграм, населението е повикано да се евакуира од поплавеното подрачје, пренесе РИА Новости.Повеќе од 3.600 домаќинства се поплавени во Оренбург, изјави утринава градоначалникот Сергеј Салмин.Властите на регионот Оренбург во средата објавија дека нивото на реката Урал во Оренбург достигна највисоко ниво досега забележано.Во реонот на Оренбург од 4 април е во сила вонредна состојба поради влошување на состојбата со поплавите.На 7 април, владината комисија одлучи да ја класифицира поплавата во областа Оренбург како федерална вонредна состојба.Најтешка е ситуацијата во градот Орск, а големи поплави се забележани и во Оренбург.Вкупната штета од поплавите, според првичните проценки на регионалните власти, може да изнесува околу 207 милиони евра.Вонредна состојба е на сила и во регионите Курган и Тјумен во Русија.Властите на Казахстан соопштија дека земјата е погодена од најтешките поплави во последните 80 години, а во некои региони на земјата е прогласена вонредна состојба.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Итна евакуација во Русија

Нивото на водата во реката Урал во рускиот град Оренбург во текот на ноќта порасна за речиси 50 сантиметри, изјави првиот заменик градоначалник Алексеј Кудинов.Во меѓувреме, регионалниот гувернер Денис Паслер ги повика жителите на градот да се евакуираат од поплавените подрачја.„Ноќта беше немирна, нивото на Урал се зголемува и сега преку ноќ порасна за речиси 50 сантиметри“, изјави Кудинов на новинарите, пренесува РИА Новости.Според него, хидролозите предвидуваат дека во следните 24 часа нивото на водата ќе се зголеми за уште 30-70 сантиметри.Во градот во текот на ноќта беа поплавени над 300 домаќинства, а загрозени се над 200 приватни куќи.Кабинетот на градоначалникот на Оренбург во вторникот вечерта објави дека до 22 часот по локално време, нивото на реката Урал се искачило еден сантиметар над нивото на опасност и изнесува 931 сантиметар.Регионите на јужниот дел на Урал годинава се соочија со рекордни поплави, а најлоша е состојбата во регионот Оренбург.Во петокот, на 5 април, таму пукна браната што го штитеше Орск од реката Урал.Властите извршија масовна евакуација на жителите од Стариот град.Поплавени се 6.995 станбени згради со градини, а од поплавените куќи се евакуирани 2.493 лица, меѓу кои 797 деца.Регионалната влада ја проценува штетата од поплавите на 21 милијарда рубљи.Вонредна состојба е на сила и во руските региони Курган и Тјумен.https://twitter.com/ibledgreen/status/1777780136051433958https://twitter.com/LoveWorld_Peopl/status/1777846208813256790

Свет | пред 1 година

nevreme-stajkovci

Шест години од поплавите во Стајковци каде загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат 6 години од катастрофалните поплави коишто ги погодија Стајковци, Смилковци, Синѓелиќ и Арачиново, при што животот го загубија 22 наши сограѓани, а беше предизвикана огромна материјална штета.„Се присетуваме на солидарноста и херојството од страна на граѓаните од целата држава, но не може, а да не се присетиме и на причините кои доведоа до ваквите последици - незаинтересираноста на тогашната власт за современа инфраструктура и безбедност на граѓаните.Можам со задоволство да кажам дека денес сликата е поинаква, вложивме многу, а придобивките се евидентни за овие скопски места - отворена канцеларија за превенција, асфалтирани улици, чисти речни корита, нова водоводна мрежа, нова градинка во селото Стајковци.Рамномерниот регионален развој и инвестирање во локалната инфраструктура се влог за безбедноста на граѓаните!Никогаш да не се заборави и никогаш да не се повтори ваква трагедија!“, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Скопје | пред 3 години

Sequence-03.00_06_18_21.Still002

(ВИДЕО) Oгромни одрони и поплави на Плетвар, сообраќајот во прекин

Утрово на социјалните мрежи беа објавени видеа од Плетвар. Поради одрони и поплава сообраќајот на патот е целосно во прекин.Според објавеното видео, на патот има голема колона од возила, а возачите апелираат да се избегнува овој патен правец.За сега нема информации кога ќе биде расчистен патот и кога ќе се нормализира сообраќајот.„Од 05:55 часот регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај м.в.„Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот“, информираат од АМСМ.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања