„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

поплави

Screenshot-2024-10-04-185225

Страшни детали за катастрофата во Јабланица: Меѓу загинатите има и трудница, настрадаа речиси цели семејства

Во страшните поплави кои завчера зафатија делови од Босна и Херцеговина, „Аваз“ дознава дека една од жртвите е 29-годишна трудница од Јабланица.Таа е меѓу првите жртви во поплавата што ја погоди оваа област. Исто така, според информациите на „Аваз“ животот го загубиле речиси цели семејства.Брачна двојка е пронајдена гушната во одроните во Долна Јабланица. Настрада и уште една брачна двојка од овие простори, пренесува „Аваз“.Вкупниот број на загинати се уште не е познат, а се трага по десетина луѓе.„Најмалку 16 лица од областа на северна Херцеговина во моментов се водат како исчезнати, откако беше потврдено дека исто толку луѓе загинале само во областа Јабланица“, изјави премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ и додаде:„Според информациите што ги имам, во Јабланица загинале 16 лица, а 12 се водат за исчезнати. Едно лице загинало во Бутуровиќ Поле, а по четворица се трага. Проблем се местата до кои не е стигнато“.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-05-085426

(Видео) Снимките од воздух ги откриваат размерите на катастрофата во Јабланица

Репортерите на босански „Аваз“ утрово се на лице место и во Долна Јабланица. Снимките од воздух го покажуваат степенот на катастрофата што ја остави зад себе поплавата.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-174918

(Видео) Исповед на спасувач од Јабланица: Извлековме момче, беше под ѕид, родителите загинаа на лице место

Аднан Ѓелмо кој во најтешките моменти спаси животи во Јабланица го сподели со Дневни аваз најтешкото искуство во денешниот катастрофален ден во Босна и Херцеговина.„Еден од најтешките моменти беше кога го извлекувавме тоа момче каде што неговите родители загинаа, за жал, на лице место. Го најдовме детето под тој ѕид, тој момент беше најтежок, низ што тоа дете... Како што слушнавме понатаму, тоа момче се бори за живот, пренесено е во болница, момчето имало седум-осум години“, изјави Ѓелмо за Аваз.Да потсетиме, според последните информации во Јабланица животот го загубија најмалку 16 лица.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-185155

(Видео/фото) Вака од воздух изгледа уништената Јабланица

Обилни врнежи од дожд кои во текот на ноќта зафатија поголем дел од Босна и Херцеговина предизвикаа смртоносни поплави во повеќе градови. Поплавени се улици и станбени згради во Јабланица, Кисељак, Крешево, Бусовача и Фојница, јавува Анадолија.Најтешка е ситуацијата во Јабланица и Долна Јабланица. Потврдено е дека загинале најмалку 16, а министерот за одбрана на Босна и Херцеговина изјави дека на тоа место се водат десетици лица за исчезнати. $bp("TargetVideo_28053046", {"id":"26456","width":"762","height":"429","video":"1776578","autoplay":0,"shared":true});Според информациите на Аваз, татко и син храбро се бореле и успеале да спасат 10 лица од поплавите во Јабланица. И тогаш поројот го повлекол синот и, за жал, го однел. Се сомнева дека загинале и голем број граѓани на Јабланица за кои претходно се мислеше дека се повредени.Спасувачките екипи успеале да евакуираат бремена жена од Јабланица, која потоа била донесена во болница. На трудницата и е извршена операција, но го изгубила бебето.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-184726

(Видео) Исповед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, одеднаш го однесе триметарски бран

Мухамед Беговиќ од Јабланица го загуби синот во поплавите што рано утринава го зафатија овој град во Босна и Херцеговина.Тој за порталот „Аваз“ изјави дека се се случило во рок од 15 минути.„Во куќата беа син, невеста, сопруга, внук и внука. Почнавме да излегуваме од дома. Синот одеше зад мене, малку се сврте и дојде голем бран. Веројатно беше три метри, синот само исчезна. Каде да одам сега? Освен синот, останатите успеале да преживеат. Ни помогнаа социјалните работници, сите сме згрижени, имаме каде да спиеме“, рече Беговиќ.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-115302

Поплави во БиХ: жена во 8-ми месец од бременоста евакуирана од Јабланица, таа го изгуби бебето во болница

Од болница во Мостар за босански „Дневни аваз“ потврдиле дека екипите успеале да евакуираат жена во осмиот месец од бременоста, која потоа била хоспитализирана.Бремената жена е оперирана и моментално е стабилна, но го изгубила бебето.Голем број екипи на Итна медицинска помош од Мостар се испратени во Јабланица. На теренот има бројни тимови кои се обидуваат да стигнат до жртвите за да можат потоа да ги преземат екипите за итни случаи.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-114138

Најмалку 10 загинати во поплавите во БиХ

Според неофицијални информации до кои дојде порталот Кликс.ба, бројот на загинати во поплавите и одроните во Јабланица е зголемен на над 10 лица.Оваа информација се уште не е официјално потврдена од босанската полиција.Како што дознава Кликс, покрај војниците на вооружените сили на БиХ, во операцијата за пребарување и спасување се вклучиле и британските специјалци кои биле на обука во БиХ. Денеска ќе се одржи итна седница на Советот на министри на БиХ.Јабланица се уште е целосно отсечена од остатокот на БиХ.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-112032

(Фото) Исчезна пат кај Јабланица во БиХ, пруга виси во воздух

Како што јавува босански Кликс, во близина на изворот Комадино, недалеку од Јабланица, патот целосно исчезнал поради пороите и одроните што го зафатија теренот.На фотографијата објавена од Индекс може да се види и како железничката пруга виси во воздухот бидејќи водата ја однела почвата под неа.Со ова се потврдуваат претходните информации дека Јабланица е отсечена од остатокот на Босна и Херцеговина и од југ, односно од правец на Мостар.

Свет | пред 1 година

poplavi-nepal

Катастрофа во Непал: Бројот на загинати во поплавите се искачи на 193

Бројот на жртвите од поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови во Непал изминатиот викенд достигна 193, соопштија денеска локалните власти.Полицијата навела дека 31 лице се уште се водат како исчезнати, а дека 96 лица се повредени, пренесува АП.Голем број луѓе загинаа во главниот град Катманду, каде беа забележани обилни врнежи, а голем дел од градот беше под вода.Најмалку три автобуси се затрупани во лизгање на земјиштето кое однесе околу триесетина човечки животи на дел од автопатот, на околу 16 километри од Катманду.Работниците успеаја привремено да го отворат клучниот пат до Притви, отстранувајќи ги камењата, калта и дрвјата спуштени од планините поради надојдените води.Во неделата и понеделникот времето се подобри, што овозможи интензивирање на работите за поправка на штетите и спасувачките операции, јавува АП.

Свет | пред 1 година

italija-poplavi

(Видео) Најмалку четири лица загинаа во поплавите во Индија: Затворени училишта и факултети, се очекуваат нови врнежи

Најмалку четири лица загинаа во поплавите во индискиот град Мумбаи, откако некои делови од тој град синоќа беа погодени од рекордни врнежи, а во сила е црвен метеоролошки аларм.Во некои делови на Мумбај е забележана рекордна количина на врнежи од околу 275 милиметри на метар квадратен, што предизвика прекин во патниот и железничкиот сообраќај, пренесе Ројтерс.Училиштата и колеџите денеска се затворени во градот, а се очекуваат нови врнежи од дожд, додека властите ги повикаа жителите на Мумбаи да останат внатре.Снимките од дрон објавени на социјалните мрежи покажуваат заглавени автопати со автомобили.Сезоната на монсуните генерално започнува во јуни и завршува до 17 септември, но дождовите продолжија и по тој датум оваа година.

Свет | пред 1 година

poplavi-ungarija2

(Фото/Видео) Дунав го достигна својот врв: Предупредувањата се уште се на сила

Нивото на Дунав во Унгарија го достигна својот врв во Унгарија и нивото на водата сега опаѓа, но предупредувањата за поплави ќе останат на сила до сабота попладне, изјави денеска претставник на унгарското Министерство за внатрешни работи. „Нивото на водата се намалува долж целиот водотек, но операциите за одбрана од поплави сè уште се спроведуваат на 29 локации под надзор на државата, како и на уште 41 локација под надзор на локалните власти“, изјави државниот секретар во парламентот Бенс Ретвари на прес-конференција по состанокот на оперативното тело задолжено за заштита од поплави, пренесува агенцијата МТИ.Тој додаде дека по поплавите се врши дезинфекција на сите локации според деталните упатства испратени до локалните власти од Националниот центар за јавно здравје.Циклонот Борис во последните денови донесе обилни дождови и поплави во Централна Европа, во кои загинаа 24 лица.

Свет | пред 1 година

poplavi-cheska

Научниците тврдат: Циклонот Борис донесе повеќе врнежи во Европа од кога било досега

Климатските промени направија обилните дождови како оние што предизвикаа разорни поплави во централна Европа двапати поверојатно овој месец, според извештајот во кој авторите ги повикуваат политичарите да дејствуваат за да се запре глобалното затоплување.Во најголемата поплава што ја погоди Централна Европа во последните две децении, загинаа 24 лица, оштетени се згради, се урнаа мостови, а штетата се проценува на милијарди долари.Извештајот на World Weather Attribution, меѓународна група научници кои ги проучуваат ефектите од климатските промени врз екстремните временски услови, покажа дека четирите дена врнежи од дожд што ги донесе бурата Борис биле најобилните досега забележани во централна Европа.„Овие поплави ги истакнуваат разорните резултати од затоплувањето предизвикано од фосилните горива. Сè додека нафтата, гасот и јагленот не се заменат со обновливи извори на енергија, бурите како Борис ќе предизвикаат уште пообилни врнежи, предизвикувајќи поплави кои ја загрозуваат економијата“, рече Џојс Кимутаи, коавтор на студијата и истражувач во Институтот Грантам на Империал колеџ во Лондон.", пренесува Index.hr.Иако комбинацијата на временските шеми на бурата Борис - студениот воздух на Алпите и многу топол воздух над Медитеранот и Црното Море - е невообичаена, извештајот покажува дека климатските промени ги направија таквите бури поинтензивни и поверојатни.

Свет | пред 1 година

italija-poplavi3

Драма во Италија: Баба и бебе исчезнаа во поплавите, родителите се спасиле излегувајќи на покрив, потрагата по нив е во тек

Баба и петмесечно бебе се водат како исчезнати во поплавите откако во текот на ноќта невреме ја погоди областа Пиза во Италија.Потрагата по бебето и неговата баба во Монтекатини Вал ди Чесина е во тек од синоќа, јавува Раи њуз.Таткото, мајката и дедото на бебето, странски туристи, се спасени од покривот на куќата. Семејството се засолнило на покривот од својата куќа поради зголеменото ниво на водата.Пожарникарите се вклучени во операцијата со нуркачи, спасувачи на реки, ракувачи со кучиња, оператори со дронови и редовни екипи. Во меѓувреме продолжуваат спасувачките операции во областа Пиза поради штетите предизвикани од вчерашното лошо време.Засега не се знае каде биле бабата и бебето кога поплавата влегла во куќата.Според медиумите, поради невремето некои патишта се затворени или блокирани, а без струја останале околу 700 корисници.Надлежните апелираат граѓаните да не излегуваат од домовите, бидејќи сообраќајот е во целосен колапс.Во понеделникот, широко распространети, па дури и обилни врнежи ги погодија долината По, Тоскана, Умбрија, Лацио и Кампанија. И додека во вторник лошото време ќе се движи кон исток, сепак ќе го зафати североисточниот, а во раните часови Ломбардија.Африканскиот антициклон ќе продолжи да се засилува од среда, со што ќе донесе стабилно, сончево, па дури и многу топло време во многу централни и јужни региони.„Во Рим, Анкона, Терни и Пескара ќе се вратиме на 28-29°C, додека на југ дури 33-35°C, особено на Сицилија“, велат метеоролозите.

Свет | пред 1 година

poplavi-japonija

(Видео) Драматични снимки од поплавите во Јапонија: Шест лица загинаа, има исчезнати, улиците под вода

Шест лица загинаа, а 10 се водат како исчезнати откако рекордните врнежи предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во делови од јапонската префектура Ишикава.Градовите Ваџима и Сузу, кои сè уште се опоравуваат од разорниот земјотрес што ја погоди областа на 1 јануари, беа меѓу најтешко погодените од поплавите. Во неделата и двата града забележаа двојно повеќе врнежи од вообичаеното за септември, објавија локалните медиуми, пренесува Би-би-си.Десетици реки се излеаја од коритата, отсекувајќи ги патиштата и изолирајќи повеќе од 100 заедници низ префектурата, се вели во извештаите. Околу 4.000 домаќинства останаа без струја во понеделникот, според „Хокурику електрик пауер“. Две мртви лица се пронајдени во близина на тунелот погоден од одронот во Ваџима.Меѓу другите жртви се двајца постари мажи и една постара жена, објави The Japan Times, повикувајќи се на локалните власти.Јапонската метеоролошка агенција издаде највисоко ниво на предупредување опасно по живот за Ишикава во саботата и го намали на нормално предупредување во недела. Сепак, властите повикаа на дополнителна претпазливост. Поплавите ги преплавија привремените населби изградени за луѓето кои ги загубија своите домови во земјотресот на Нова година. Снимките што ги објави локалната телевизија ја прикажуваат целата улица во Ваздима под вода.Регионот сè уште се опоравува од силниот земјотрес со јачина од 7,5 степени во јануари, во кој загинаа најмалку 236 луѓе, се урнаа згради и предизвика огромен пожар.

Свет | пред 1 година

italija-poplavi3

(Фото) Најмалку 1000 луѓе евакуирани од „драматичните“ поплави во Италија, две лица исчезнати

Во италијанската провинција Емилија Ромања, која беше погодена од поплави предизвикани од обилните дождови, продолжува потрагата по две лица кои беа пријавени за исчезнати во близина на градот Равена.Речиси 1.500 жители се евакуирани од градот Бањакавал, а на сила е црвено предупредување за екстремни временски услови кои најверојатно ќе траат до вечерва, соопштија локалните власти, а пренесува Анса.Болоња, Чезена, Форли, Равена и Римини беа најтешко погодени од поплавите, а имаше и бројни одрони.Училиштата сè уште се затворени во областа Равена и во неколку области околу Форли-Чезена.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања