„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

пожар

bitola-bolnica

Запалена сува трева во кругот на битолската болница предизвика пожар, навремено е локализиран

Министерството за здравство информира дека синоќа избил пожар во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ во Битола, како резултат на палење сува трева.Според соопштението, веднаш по појавата на огнот биле известени Центарот за управување со кризи и Територијалната противпожарна единица, по што екипите интервенирале навремено и успеале брзо да го локализираат пожарот.„Болницата ги презеде сите потребни мерки за следење на состојбата и заштита. Нема никакви оштетувања на болничките објекти, ниту беше загрозена безбедноста на пациентите и персоналот. Работата во установата се одвива непречено. Интервенцијата беше брза и успешно завршена, без потреба од евакуација или дополнителни мерки“, стои во известувањето од Министерството.Од таму додаваат дека состојбата во сите јавни здравствени установи се следи постојано.

Македонија | пред 5 месеци

pozar-2

Пожар беснее во Чучер- Сандево, општината бара вонредна состојба и меѓународна помош

Критично е во скопската Општина Чучер-Сандево од пожарот кој зафати делови од овој крај.Освен Чучер опасно е и во Глуво, Бразда, Кучевиште, Мирковци и се шири до Бутел и други места.Луѓе кои живеат во овој дел но и во летниот период престојуваат во викендици, за Скопје1 велат дека од вчера има прав и пепел, а денеска од ширењето на огнената стихија неиздржливо е и не се диши од чадот и пепелта. Некои од нив, особено оние со деца, плашејќи се, веќе ги оставиле куќите.Луѓето се организираат заедно со пожарникарите, копаат ровови за да ги одбранат од огнот куќите и црквите.На вонредна седница на Општината Чучер Сандево советниците побараа Владата да прогласи вонредна состојба во општината, но бараат меѓународна помош.Граѓаните се жалат дека опасноста е голема и дека нема соодветна реакција надлежните.Во текот на денешниот ден, на терен интервенирале општински служби, физички и правни лица, екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК, но условите на теренот се исклучително тешки.Утре акциите ќе започнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР.

Скопје | пред 5 месеци

pozar-1-1

Повторно избувна пожар кај фабриката за оружје АТС АММО во Самоков

Околу 13 часот денеска, повторно се активираше пожар во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населбата Самоков, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).Според пријавата од командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонски Брод, пожарот избувнал по ноќна експлозија на буре со хемикалии складирани во веќе зафатениот магацин. Во текот на денот се случила и втора експлозија на друго буре, по што огнот се проширил повторно.Во моментов, гори ниска вегетација и тревна површина, како во, така и надвор од кругот на фабриката. Засега не се зафатени производни хали или други складишта, но постои опасност од ширење на пожарот, поради што се преземаат итни мерки за локализација.На терен интервенираат екипи од ТППЕ Македонски Брод и Прилеп, а се очекува и поддршка од Кичево. Градоначалникот на Општина Македонски Брод побарал и ангажирање на воздухопловни сили преку бројот за итни случаи 112.ЦУК веќе ги процесуира барањата до МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и Генералштабот на Армијата, и најавува редовно информирање на јавноста за развојот на ситуацијата.

Македонија | пред 5 месеци

Pozarnikari

Трагедија во Ѓорче Петров: По пожарот кај Лепенец, пронајдено изгорено човечко тело

Вчерашните пожари ја земаа првата жртва, дознава „Скопје1“. Според наши извори, човечко тело е најдено изгорено во штала која била лоцирана во близина на Железничката станица Ѓорче Петров.Телото на човекот е најдено до изгорените тела на добитокот, а просториите биле целосно пеплосани. Информацијата на потврдија од МВР за „Скопје1“.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

Pozar-Blace

Хеликоптерите Бел и Агуста го ставија под делумна контрола пожарот кај Блаце

Пожарот што попладнето вчера избувна над магистралниот пат Скопје–Блаце, утрово е ставен под делумна контрола. Но борбата со огнените јазици сè уште не е завршена – два крака и натаму се активни, потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Како што информира, рано изутрина, уште од 5 часот, силите на скопската Противпожарна бригада излегле на терен со повеќе возила и екипи, поддржани од воздух со два хеликоптера на МВР, еден армиски хеликоптер, како и специјализирани возила од ДЗС – „пинцгауер“ и „хермелин“ со поголема цистерна.„Пожарот е ставен под делумна контрола, за жал сè уште имаме активни два краци“, изјави Ангелов во утринската видео-изјава. Тој прецизира дека еден од краците бил локализиран по воздушна интервенција со хеликоптери на полицијата.Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека двата нивни хеликоптера, „Бел 412“ и „Агуста Бел 212“, од 5 до 9 часот утрово исфрлиле повеќе од 30 тони вода врз пожарот кај Блаце и дека продолжуваат со активни летови и дејства на терен.Причината за избувнувањето на пожарот сè уште не е официјално утврдена, но според директорот на ДЗС, најверојатно станува збор за човечки фактор – фрлен отпушок од автомобил во движење или намерно предизвикување.Ангелов апелираше до граѓаните да бидат исклучително внимателни и да пријават веднаш на бројот 112 доколку забележат пожар.Инаку, сообраќајот кон граничниот премин Блаце, кој синоќа беше делумно блокиран за автобуси и товарни возила поради проширување на пожарот, е повторно нормализиран, информираа од МВР.фото: ДЗС

Македонија | пред 5 месеци

helikopteri

Хеликоптерска акција против пожарот кај Чучер Сандево – локализиран и огнот во дворот на болницата во Бардовци

Утрово, точно во 5 часот, започнаа воздушните интервенции врз пожарот што ја зафати територијата на општина Чучер Сандево, поточно околината на селата Чучер и Блаце. Во гаснењето се вклучени три хеликоптери – два на Министерството за внатрешни работи и еден на Армијата на Република Македонија.На терен дејствуваат и сили на Противпожарната бригада на Град Скопје со повеќе екипи и возила, екипи од Јавното комунално претпријатие од општината, тимови на Црвениот крст кои поставија базен за полнење вода на хеликоптерите, како и припадници на Дирекцијата за заштита и спасување со противпожарни возила, информира ЦУК.Центарот за управување со кризи соопшти дека е во постојана координација со сите надлежни институции и службите на терен, со цел ситуацијата што побрзо да се стави под контрола.Во меѓувреме, јавноста беше вознемирена и од пожарот кој вчера попладне избувна во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ во Бардовци. Министерството за здравство соопшти дека пожарот зафатил само надворешна тревна површина обрасната со сува трева и дека не постои причина за загриженост.„Ситуацијата е целосно ставена под контрола. Навремената интервенција на надлежните служби спречи проширување на огнот кон болничките објекти. Од безбедносни причини беше спроведена краткотрајна превентивна евакуација на дел од пациентите и персоналот. Нема повредени, ниту е причинета материјална штета врз објектите“, информираат од Министерството.Во болницата останува дежурен медицински и административен персонал кој внимателно ја следи состојбата и е подготвен за натамошна реакција доколку има потреба.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-05-at-13.09.35

(Видео) Голем пожар над скопската обиколница, во Стопански двор - полицијата и пожарникарите на терен

Голем пожар изби над скопската обиколница односно во Стопански двор. Станува збор за населено место, каде има и куќи. Навремената интервенција на Противпожарната бригада односно пожарникарите, спречи тој да се прошири и да има поголеми штети.Гореше сува трева. Засега не е познато дали причината за пожарот е човечки фактор или високите температури. Повикана беше и полиција која е на терен.Повеќе информации се очекуваат подоцна.

Скопје | пред 5 месеци

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Четири активни пожари – ЦУК апелира за внимателност поради високите температури

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот денеска, 5 јули, на територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои четири сè уште се активни, а четири се успешно изгаснати.Моментално активни се следните пожари:Во селото Бешиште, општина Прилеп, каде гори приземен пожар во квалитетна мешана шума.Во с. Црешнево, м.в. Церо Поле, општина Македонски Брод, каде гори деградирана дабова шума и грмушки.Во општина Чашка, под Солунска Глава, помеѓу местата Изворите на Бабуна и Бабина Дупка – каде моментално нема активен пламен, но се забележува чад на карпест терен.Во општина Велес, каде гори ниска вегетација.Во исто време, изгаснати се следните пожари:Во с. Врањовци, општина Врапчиште, каде гореше ниска вегетација и ѓубриште.Во с. Лојане, општина Липково, каде беа зафатени ниска вегетација и стрниште.Во с. Радање, општина Карбинци, каде пожарот опфатил житни насади и ниска вегетација.Во с. Орланци, општина Арачиново, каде гореше ниска вегетација и отпаден материјал.Од ЦУК апелираат до граѓаните за максимална претпазливост и одговорно однесување во природа, особено во услови на високи температури, кои го зголемуваат ризикот од појава и ширење на пожари. Надлежните служби остануваат на терен и ги следат сите потенцијално критични точки низ државата.

Македонија | пред 5 месеци

pozar-1

Грција се бори со огромен пожар на Евија

Пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот на грчкиот остров Евија, кој зафати шуми и принуди две села на евакуација, соопштија пожарникарите во саботата.Повеќе од 160 пожарникари, 46 камиони и пет авиони се распоредени на југот на Евија, источно од Атина, за да го изгаснат пожарот што избувна доцна во петокот, изјави за Ројтерс претставник на противпожарната бригада под услов на анонимност. Евија беше на списокот на неколку грчки региони во состојба на висока подготвеност поради бујните ветрови кои се очекуваа во саботата. Властите во раните утрински часови наредија евакуација на селото Цакехои и крајбрежното сезонско населено место Лимнионас.Јужна Евија е ретко населено подрачје со планини, земјоделско земјиште и популарни одморалишта.Новиот пожар е последен во низата шумски пожари што оваа недела ги поттикнаа силни ветрови и суви услови, додека поголем дел од Европа беше зафатен од топлотен бран на почетокот на летото, кој властите го поврзуваат со најмалку осум смртни случаи на континентот.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-02-at-15.36.40

(Фото) Голем пожар на Ситонија: Туристите од Вурвуру се евакуираат кон Никити

Голем шумски пожар избувна денеска во близина на туристичкото место Вурвуру на вториот крак на Халкидики – Ситонија, во реонот Ливари. Грчките власти издадоа итна наредба за евакуација на туристите и локалното население кон местото Никити, додека пожарот се шири со голема брзина поради ветерот и топлото време.На терен се распоредени 65 пожарникари со 20 возила и два пешадиски тима, а гаснењето се поддржува и од воздух со осум авиони и еден хеликоптер, што сведочи за сериозноста на ситуацијата.Преку системот 112 граѓаните добија порака за итно повлекување од погодената област. Поради опасноста, патот од Ормос Панагиас кон Вурвуру е затворен.Грчките служби апелираат сите кои се во близина да останат смирени, но и будни, и строго да ги следат инструкциите за евакуација. Нема информации за повредени, но пожарот сè уште не е ставен под контрола.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-10.45.06

(Видео) Подметнат е пожарот на плацот во Кочани каде гореа возила, на камерите се гледа лицето кое го подметнало

Пожарот кој избувна на плац во близина на Кочани, бил подметнат. Ова го соопштува Обвинителството за „Скопје1“. Тие посочуваат дека биле прегледани снимки од надзорни камери, на кои е забележано лице кое го предизвикува пожарот во кои изгореа неколку автобуси. Пожарот беше во близина на бензиска пумпа, среде ноќ.„Извршен е увид на лице место, подигнати се материјални траги. Увидот го вршеа полициски екипи и стручни лица. Согласно увидот од видео материјалот, се гледа лице кое го подметнува пожарот. Дадени итни наредби до МВР за идентификација на сторител на евентуално кривично дело. Дополнително ќе има наредба за вештачење“, велат од МВР за „Скопје1“.Според МВР, изгореле три автобуси и комбе.

Македонија | пред 5 месеци

pozar

Пожарот кај Грчиште и денеска не ставен под контрола, изгореа неколку штали

Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско Грчиште и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото, се уште не е ставен под контрола.Според информацијата од градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, нема повредени и изгорени куќи, но во гаснењето се ангажирани голем број пожарникари и технички средства.-Во гаснењето покрај ТППЕ Валандово, екипи испратија и против пожарните друштва од Струмица, Дојран, Гевгелија, Радовиш и Кавадарци, а во гаснењето учествува и еден хеликоптер на МВР. Состојбата е сериозна и ги преземаме сите мерки да го ставиме под контрола големиот пожар и да не дозволиме негово ширење, изјави за МИА Костадинов.Инаку, според видеа објавени од пожарникарите и локалните медиуми може да се види дека станува збор за голема огнена стихија, која во неколку наврати се закануваше да ги зафати првите куќи во Грчиште, а забележливо е и прусуство на амбулантно возило.

Актуелно | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-10.45.06

(Видео) Изгореа три автобуси и комбе во ноќен пожар кај бензинска во Кочани

Ноќеска околу 2:30 часот изби пожар на плац веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол“ во населбата Оризари, на излезот од Кочани, при што целосно изгореа три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.Како што информира МВР, пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица од Штип, а за среќа нема повредени лица.Во текот на денот ќе се изврши увид од екипа на ОВР Кочани за да се утврдат причините за пожарот.

Македонија | пред 5 месеци

pozarna-avtobus-nokje

Едно лице на лекување, стан изгоре до темел во Делчево

Во текот на ноќта, околу 00:20 часот, во станбената зграда „Брод“ на булеварот Македонија во Делчево избувна пожар, при што целосно изгоре еден стан.Во пожарот нема повредени лица, но едно лице било пренесено во Општата болница во Делчево од страна на екипа на Итна медицинска помош за дополнителен преглед.На терен интервенираа три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица Делчево, како и припадници на полицијата. Пожарот бил ставен под контрола и целосно изгаснат околу 01:30 часот по полноќ.Надлежните институции најавија дека дополнителни детали за случајот ќе бидат соопштени во текот на денот.

Македонија | пред 5 месеци

splav.jpg

(Видео) Пожар на сплав на Ада Циганлија - 22 пожарникари на терен

Голем пожар избувна попладнево на сплавот „Оган и вода“ на белградската Ада Циганлија. Како што јавуваат српските медиуми, пожарот бил пријавен во 14:55 часот, по што веднаш на терен интервенирале противпожарните екипи.На местото на настанот се распоредени 22 пожарникари со седум противпожарни возила, кои се обидуваат да го локализираат и изгаснат пожарот. Засега нема информации за тоа што ја предизвикало огнената стихија, ниту дали има повредени лица.Не е познат ниту износот на материјалната штета, а надлежните служби работат на расветлување на случајот. Очевидци сведочат за густ чад и пламени јазици кои се гледале од далечина.Линк од видеото: https://www.instagram.com/p/DLXZUsxI-qk/

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања