„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

пожар

Screenshot-2025-06-18-at-17.06.10

(Видео) Пожар на дивата депонија во Визбегово – кабли се палат намерно, повик за контроли

Во текот на денешниот ден избувнал пожар на депонија во скопската населба Визбегово. Според информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш било стапено во контакт со Полициската станица Бутел и со Противпожарната бригада на Град Скопје, кои излегле на терен и интервенирале.Се работело за пожар кој зафатил сува трева, ѓубриште и кабли, а истиот бил успешно изгаснат. Сепак, од ЦУК информираат дека одделни поединци намерно палат кабли на депонијата, што го отежнува гаснењето и создава дополнителен ризик по животната средина и здравјето на граѓаните.Граѓаните апелираат за поинтензивен надзор и санкции за намерното предизвикување пожари и загадување на воздухот, особено во делови како Визбегово, каде проблемот е хроничен.

Скопје | пред 6 месеци

pozar-Vardariste-1

(Фото) Речиси 50 илјади скопјани се без струја

Поради голем пожар во депонијата Вардариште, а по барање на Противпожарната бригада, екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и ги исклучија од напон трафостаниците „Скопје 4 - Аеродром” и „Скопје 4 - Исток”.Во моментов 47.000 корисници се без снабдување со електрична енергија.Напонот ќе биде повторно воспоставен по известување од Противпожарната бригада дека теренот е безбеден и пожарот е изгаснат - информираат од Електродистрибуција.

Скопје | пред 6 месеци

poarr-pozar-513451

(Видео) Нема повредени во пожарот близу Клинички, се запалил „циторен“, зафатил „пунто“ и фасада од зграда

„Денеска (10.04.2025) во 09.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Назор“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „цитроен ксара“ со скопски регистарски ознаки во движење, управувано од М.Г. од Скопје.Од пожарот било зафатено и патничко возило „фиат пунто“ и фасада од зграда. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, велат од МВР.

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2025-04-10-at-10.33.43

(Видео) Автомобил гори на „50-та девизија“ на приклучокот на Водњанска

Возило се запали на улицата „50-та девизија“ на приклучокот на Водњанска.Црн чад се гледа и од центарот на Скопје.Засега нема информација за повредени лица.Местото го обезбедува полицијата.

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2025-04-09-at-15.48.11

(Видео) Плац за стари автомобили се запали во Бардовци, црн чад надвисна над Скопје

Плац со стари возила се запали во скопско Бардовци. Црн чад од пожарот се гледаше и од соседните општини. Изгореле пет автомобили, а нема повредени.Плацот се наоѓа во близина на Психијатриската болница во Бардовци, односно зад неа. Возилата кои изгореле не биле во возна состојба, туку од нив се препродавале докази.

Скопје | пред 8 месеци

pozar1

(Видео) Нова снимка од дискотеката сведочи за евакуацијата, врисоците и повиците да се излегува надвор

Нова снимка која трае 25 секунди покажува каква гужва, која резултирала со стампедо, настанала во моментот кога се запали дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во првите секунди од снимката. дел од присутните се уште стојат и не го напуштаат објектот, а дел од нив (како и креаторот на снимката) снимаат. За тоа време, пожарот се шири.Веќе околу 20-та секунда од снимката, се слушаат и врисоци, но и коментар: „Излавај (излегувај), излавајте (излегувајте)“.Веќе беше посочено дека голем дел од загинатите, но и повредените, биле потиснати од стампедото кое се створило на првата врата за излез од клубот. На последните секунди од снимката, може да се види и тесниот пролаз, низ кои поминувале над 600 лица, за да стигнат надвор.Реконструкцијата на случувањата:

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-06.46.55

Трагедија во Кочани - десетици жртви и повредени во пожар во дискотека

Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03.00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани.Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови.Бројот на жртви засега никој него знае, се спомнуваат десетици. Оваа информација е непотврдена и се чекаат институциите! Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината,како и возила и медицински екипи.Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани, се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК. Повеќе информации во текот на денот. 

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-07.19.24

(Видео) Над 30 жртви, десетици повредени - при бегањето имало стампедо, починале од гушење, дел биле заглавени

Над 30 жртви, претежно млади лица, има од пожарот во дискотеката „Пулс“ Кочани. Ова се неофицијалните информации кои се добиваат од вклучени во истрагата од институциите, по страшната трагедија. Точниот број и натаму се утврдува.  Има и многу повредени лица кои се однесени низ болниците во државата.Ваква трагедија, Македонија не памети. Според првичните информации, пожарот избувнал околу три часот изутрина. По првиот чад, гостите тргнале кон излезот, каде се створило стампедо и хаос.Огнот брзо се ширел. Дел од гостите биле жртви на огнот, а дел се угушиле од чадот. Противпожарните бригади и Брзата помош реагираше брзо. Внатре, според неофицијални бројки, имало стотици гости.Досега се огласија само од Обвинителството.„Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, велат оттаму.На терен е и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со директорот на БЈБ, Александар Јанев и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.Детални и официјални инфорамции очекуваме од институциите.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_2177

(Фото) Има повредени: Голем пожар изби доцна ноќва во зграда во Кисела Вода

“Голем пожар изби доцна ноќва во зграда во Кисела Вода, наспроти општината и за жал, има и повредени, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Еден стан е целосно изгорен, а неколкуте зафатени ги оставија станарите под ведро небо вечерва. Веднаш со мојот тим се упативме на местото на настанот. Жителите на оваа зграда се евакуирани и во моментов се во мојот кабинет, на безбедно и топло и тука ќе останеме заедно.

Скопје | пред 10 месеци

pozar-karpos

(Видео) Пожар пеплоса стан во „Тафталиџе 2“, станарите се спасиле

Пожар избувна доцна синоќа во „Тафталиџе 2“, каде целосно изгоре стан. Брзо било интервенирано од Противпожарната бригада, а жртви и повредени – нема. Станува збор за стан на улицата „Бриселска“. За сериозноста на пожарот говори и чадот кој вчеравечер се гледаше од сите страни на Скопје.„Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски заедно со членови од одделението за Заштита и спасување на општината, беше присутен на лице место и веднаш по гасењето на пожарот, ги задолжи службите на Општина Карпош да дојдат во текот на денешниот ден, штом завршо увидот на полицијата, за да го расчистат станот од изгорената покуќнина“, објави Општина Карпош.Јакимовски исто така кажа дека тој и Општина Карпош ќе помогнат на трочленото семејство како со човечки капацитети, така и финансиски, бидејќи станува збор за самохран родител, татко со двајца синови тинејџери.Градоначалникот Стевчо Јакимовски упатува апел и до сите други граѓани, институции и добри луѓе, да му помогнат на ова семејство, за да им се врати достоинството во нивните животи.

Скопје | пред 10 месеци

pozarna-suma-pozar

Пожар во старски дом во кавадаречко Чемерско, евакуирани сите 30 лица

Пожар го зафатил старскиот дом во кавадаречкото село Чемерско. Навреме се евакуирани сите 30 лица кои биле сместени во домот.Навреме интервенирале пожарникарски тимови, но и полиција и медицински лица.Во пожарох нема жртви или повредени лица.Сите лица се транспортирани во Општата болница во Кавадарци.

Македонија | пред 11 месец

pozar-stan-karpos-2

(Фото) МВР со детали за пожарот во Карпош: Опожарен бутик, фасадата на зградата, две возила, делумно зафатен стан

Денеска во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Разловечко востание“ во Скопје бил опожарен продажен објект – бутик, во сопственост на 54-годишниот И.М. од Скопје, лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, сопственост на М.Т. (36) од Скопје, потоа надворешна едниница на клима уред и дел од прозори на стан во сопственост на М.Ј.(79) од Скопје.Исто така, биле зафатени две патнички возила - „Шкода камик“, паркирано од  М.Т.(48) од Скопје и „Форд фокус“, сопственост на Љ.Р.(55) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 11 месец

IMG_0440

(Видео) Голем пожар во Карпош 4: До темел изгоре дуќан, зафатени стан и автомобили

Дуќан на приземје во Карпош 4 гореше околу три часот по полноќ. Неофицијално, станува збор за бутик, а зафатени биле и два автомобили, како и стан над просторот кој гореше. Овие информации се непотврдени.Според очевидци, пожарот брзо се раширил, иако имало експресна реакција од Противпожарната бригада. Била повикана и Брза помош, но не е познато дали има повредени.Карпошани ноќеска испратија снимки и јавија дека ги разбудиле сирени, од што биле вознемирени.Детали се чекаат од МВР.

Скопје | пред 11 месец

Planinarski-Dom-Karadzica-MKD

Запален планинарскиот дом „Караџица“

На 06.12.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 30.11.2024 до 06.12.2024 непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат влегол во планинарскиот дом „Караџица“ во с.Црвена Вода, скопско, и предизвикал пожар.Известен бил јавен обвинител.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

30F1B845-E118-4E96-8B3F-371E1FF3E9E3

Гореше стан во Аеродром: избил во кујната

На 06.12.2024 околу 11.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, настанал пожар во кујна од стан, сопственост на Б.Б.(39) од Скопје.Од Бригадата за противпожарна единица Скопје пожарот е изгаснат и повредени лица нема.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања