„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

пожар

pozar-strumica

Во пожар во село Стримница изгоре маж

Регионалниот ЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово дека во период од 23.34 до 02.45 часот после полноќ со 11 пожарникари и четири противпожарни возила гаснеле запалена куќа во село Стримница, општина Желино.Уште во текот на интервенцијата од ПС Групчин, конкретно во 00:19 часот дежурните известиле дека машкото лице на 90-годишна возраст го загубило животот во големиот пожар.Од страна на тетовските пожарникарите починатото лице е извадено од куќата и за настанот беа известени јавен обвинител и лекар по судска медицина за понатамошна постапка, а увид на местото на пожарот извршила екипа од СВР Тетово.РЦУК Скопје ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје дека во изминатото деноноќие имала две помали интервенции на отворен простор.

Македонија | пред 1 година

pozar-strumica

(Видео) Повторно се разгорел пожарот на Беласица кај Смолари, оганот се приближил кон црквата Св.Петар и Павле

Синоќа повторно дојде до разгорување на пожарот на планината Беласица во близина на с.Смолари, при што истиот интензивно се приближи кон црквата Св.Петар и Павле. Веднаш после првите повици од жителите на с.Смолари, ТППЕ Струмица испрати екипа од пожарникари-спасители кои и покрај тешко пристапниот терен успееа да дојдат до фронталната линија на пожарот и да го спречат неговото движење во тој правец, известија струмичките пожарникари.„Ширењето на овој пожар и покрај ниските температури е непредвидливо поради специфичноста на конфигурацијата на теренот и огромната количина на горлив материјал на тлото (висок слој на лисната маса која придонесува да се развиват доста високи температури и пожарот од приземен го развива кон крошните на дрвјата и како таков добива на интензитет)“, велат пожарникарите од Струмица.

Македонија | пред 1 година

pozar-belasica2

Пожарот на Беласица е се уште активен, огнот е сопрен на околу 100 метри од манастирот над село Смолари

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот на планината Беласица помеѓу село Смолари и село Мокрино беше локализиран. Во интервенцијата учествувале ТППЕ Струмица со 7 пожарникари и две противпожарни возила, и 2 од ПШС Беласица Струмица. Но, сношти, во 22.30 часот пожарот се активирал повторно. На лице место извршено е увид од страна на директорот на ЈП ПШС „Беласица“ и од МВР ПС Струмица, по што се побарало ПП возило од ТППЕ Струмица да дежура ноќта поради опасност кон викендица и манастирче.Пожарот бил на околу 200 метри од објект и според проценка на пожарникарите од ТППЕ Струмица немало опасност кон објекти или кон село. На лице место биле првите луѓе од Полицијата од Струмица и од ЈП ПШС „Беласица“ и 4 полицајци кои ке патролираат. Екипа од ТППЕ Струмица, со 1 пп возило и 3 пожарникари и 1 ПП возила и 1 пожарникар од Ново Село дежураа кај манастирот над село Смолари. Направен бил заштитен појас од околу 500 метри. Пожарот е сопрен на околу 100 метри од манастирот. Инаку, синоќа од безбедносни причини беа евакуирани луѓето од манастирот. На терен дежураа и 4 полицајци од ПС Струмица, извести ЦУК.РЦУК Струмица телефонски извести дека пожарот на Беласица е се уште активен и дека на терен се интервенира.

Македонија | пред 1 година

15944769-e6dd-4c0c-bc0c-b89a7045828c

(Фото) Пожар беснее во магацин на Железници

Голем пожар избувна во магацинскиот простор за стари и неисправни вагони во објект на Македонски Железници Транспорт на улицата Трета Македонска Бригада. Црн чад се крева од објектот.Според информациите, пожарот избувнал ноќеска, по 1 часот, а го гасат 20 пожарникари со осум противпожарни возила.На терен има и инспектори од МВР, а ќе се прегледуваат надзорните камери за да се утврди што се случило.Засега нема информација за повредени.

Скопје | пред 1 година

15944769-e6dd-4c0c-bc0c-b89a7045828c

Пожарот во „Македонски железници“ бил локализиран, па повторно се активирал: МВР со детали

Пожарот кој избувна во хангар со стари вагони, сопственост на „Македонски железници“ бил локализиран, па повторно се активирал, извести МВР.„Синоќа во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје настанал пожар во хангар сопственост на „Македонски железници“, соопшти МВР.„Во 03.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал“, додаваат од МВР.На терен се противпожарни екипи кои работата на гаснење на пожарот.

Скопје | пред 1 година

pozar-struga

(Видео) Голем пожар, гори Безистенот во Струга

Гори Безистенот лоциран во центарот на Струга, во старото градско јадро.На терен се четири возила на Територијалната против пожарна единица Струга со десетина пожарникари.Според првичните информации од терен, се работи за голем пожар. Причините не се познати.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-27-at-21.59.09

(Видео) Први снимки по пожарот во хотелот „Манастир“: се започнало од скарата

Командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски за пожарот кој вечерва го зафати хотелот Манастир во Берово, вели дека истиот е локализиран.„Пожарот избувнал, најверојатно од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила. Кога се видело дека има потреба од дополнителна жива сила и возила, побарана е помош од Кочани, Струмица и Пехчево. Истите се на терен. Пожарот е пресечен“, рече Руменовски.Посочи дека не е дозволено да се прошири пожарот на собите.„Има голема материјална штета, но не е дозволено пожарот да се прошири на хотелот“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-06-at-13.22.13

(Видео) Затворен патот Охрид-Ресен: целосно изгоре цистерната која се запали во возење

Патот Охрид-Ресен е затворен, откако камионот за кој претходно објавивме, целосно изгоре по пожарот кој избувнал.„Денеска(06.10) на магистралниот пат Ресен Охрид поради запален камион цистерна со албански регистарски ознаки, сообраќајот на магистралниот пат А3 Ресен - Охрид од 12,30 часот е во целосен прекин. Товарното возило се запалило во движење и истото е целосно изгорено. Во пожарот нема повредени лица“, велат од МВР.Претходно:

Македонија | пред 1 година

pozar-zgrada-cair-1

Крадци маскирани во пожарникари се обиделе да ускрадат злато и пари од опожарените станови

Две лица се приведени поради обид за кражба во зградата во која изби пожар во Чаир, соопштија од МВР.Според информациите, крадците се маскирале како пожарникари и успеале да влезат во некој од опожарените станови и украле злато и пари.Пожарот во зградата беше изгаснат утрото околу 9:30 часот, по цели .Во огнените јазици беа зафатени подрумските простории на објектот, а станарите беа евакуирани преку покривот на зградата со посебни скали на противпожарно возило. Поради вдишување чад, лекарска помош побараа 40-ина лица.

Скопје | пред 1 година

pozar-zgrada-cair-2

ЦУК: Пожарот во зградата во Чаир е се уште активен

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало регистрирано 16 пожари на отворено на територијата на државата, при што гореле стрништа, депонии, ѓубришта, одпад, гуми, сува трева, нискостеблеста вегетација и шума - сите се изгаснати, а паралелно пожарникарите гаснеле пожари во населени места, села и градови.Регионалниот ЦУК Скопје ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје во која се наведува дека од 01.50 часот на ден втори октомври со 20 пожарникари и седум противпожарни возила интервенираат поради запален магацин на улицата „Прохор Пчињски“ бр.136 во подрумски дел на зградата.Пожарот е проширен и на станбена зграда, на приземните дуќани, а имаше многу густ црн чад, поради што евакуирани се повеќе од жителите на зградата, велат од ЦУК.Од Итната медицинска помош во 14.25 часот, известиле дека имаат дадено прва медицинска помош на 10 деца, 21 возрасен, еден пожарникар и една бремена жена. Дополнително како помош на БППЗ на Град Скопје пристигнало специјално противпожарно возило на АРСМ.Во 06.00 денеска е добиена информација дека пожарот се уште е активен и во моментов на терен се три противпожарни возила од БППЗ на Град Скопје (Општина Чаир).

Македонија | пред 1 година

cair-pozar

Детали од МВР за пожарот во зградата во Чаир: избувнал среде ноќ, станари се симнувале преку кров

На 02.10.2024 во 01.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории во зграда на ул. „Серава“ во Скопје. На лице место биле упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и полициски службеници од СВР Скопје.Поради вдишување на чад, во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош се јавиле повеќе лица, од кои еден пожарникар и еден полициски службеник.Во 06.30 часот од кровот на зградата биле симнати повеќе станари и ниту еден нив немал повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

pozar-cair

(Видео) Шест повредени во голем пожар во скопски Чаир

Најмалку шест лица се повредени во голем пожар кој утрово избувнал во станбена зграда во скопската населба Чаир.Огнот според информациите почнал да се шири од подрумските простории на зградата од каде се издига и густ чад.Според информациите, шест лица на скопските клиники побарале помош поради вдишување на чад.

Скопје | пред 1 година

pozar-portugalija1

(Видео) Неконтролиран пожар се шири во Грција: Има жртви

Пожар во областа Коринт, на југот на Грција, поради силниот ветер неконтролирано се шири, а две безживотни тела се пронајдени неколку часа откако две лица беа пријавени за исчезнати, соопшти денеска грчката противпожарна служба.Станува збор за двајца мажи кои тргнале со мотори за да му помогнат на својот познаник, пренесува Катимерини. Жителите на неколку загрозени села добија наредба да се евакуираат, а пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот, пишува порталот.Борбата со пожарот ја отежнува силниот ветер.На терен се околу 350 пожарникари, 110 возила, 5 авиони и 4 хеликоптери.Регионалниот гувернер на Пелопонез, Димитрис Птохос изјави дека пожарот брзо се проширил и излегол од контрола поради многу силните ветришта што вчера дувале во областа.„Изгоре голема површина од шумата, но во моментов не можеме да процениме колку хектари. Исто така, изгореа и некои рурални куќи“, рече Птохос. Тој додаде дека училиштата во општина Ксилокастро-Евростини денеска нема да работат.Пожарот избувна во неделата наутро во шумска област на Коринт.

Свет | пред 1 година

IMG_4224

Пред изгрејсонце гореа три возила во Кисела Вода: две се во сопственост на скопјани, едно на кумановец

Денеска (15.09.2024) во 04.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Кисела Вода, биле опожарени три возила.Гореле патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.С.(32) од с.Биљановце, кумановско, патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, сопственост на М.С.Е.(31) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, сопственост на Љ.М.(62), од Скопје.Огнот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

pozar1

(Видео) Голем пожар во Лос Анџелес: Прогласена вонредна состојба

Повеќе од 35.000 објекти се загрозени од шумски пожар што гори источно од Лос Анџелес, што предизвика наредби за евакуација и вонредна состојба во Јужна Калифорнија, соопштија официјални лица.Пожарот, кој избувна во четвртокот источно од Сан Бернардино, уништил површина од 17.459 хектари до вчераутро, според Калифорниското одделение за шумарство и спречување пожари, пишува ABC News.Официјалните лица почнаа да издаваат задолжителни наредби и предупредувања за евакуација и прогласија локална вонредна состојба откако пожарот изгоре повеќе од 7.000 хектари во саботата.Гувернерот Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во округот Сан Бернардино во саботата.Најмалку тројца пожарникари се повредени додека се обидувале да го изгаснат пожарот.Истрагата за причините за пожарот е во тек, а гаснењето на пожарот беше отежнато поради високата топлина што ја зафати Јужна Калифорнија.Противпожарната служба проценила дека пожарот бил поттикнат од „критично сува“ вегетација во областа и бурните ветрови.Службата во соопштението додаде дека повеќе од 620 пожарникари се борат со пожарот во неделата, вклучително и четири противпожарни хеликоптери.https://twitter.com/upuknews1/status/1832967242906259560

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања