Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПОЖАР

Screenshot-2025-09-13-at-15.46.16

(Видео) Пожар во Трубарево: ангажирани пожарникари, хеликоптери и Ер Трактор

Голем пожар денеска избувна во населбата Трубарево, општина Гази Баба, при што густ црн чад за кратко време се прошири и зафати неколку околни објекти.„Во 13:38 часот, преку бројот за итни повици 112 беше пријавен пожар во штала наменета за складирање на отпадни електрични материјали. Веднаш воспоставив координација со Центарот за управување со кризи и ги информирав надлежните служби за состојбата на терен,“ изјави директорот на ЦУК, Мухамед Али. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Од ЕВН било побарано итно исклучување на електричната енергија за да се овозможи безбедно гаснење на пожарот, вклучително и со употреба на воздухопловни средства.На терен се ангажирани шест возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје со повеќе од десет пожарникари, како и специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување. Во интервенцијата учествуваат еден хеликоптер на МВР, еден хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија и еден Ер Трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Дополнително, испратени се и екипи на итната медицинска помош.Али нагласи дека состојбата внимателно се следи и дека координацијата на сите служби продолжува додека пожарот целосно не биде ставен под контрола.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-13.56.09-1

(Видео) Ужасни снимки од објектот кој гори на влез од Скопје

Гори објект лоциран во Илинден, кај клучката за влез во Скопје, дознава „Скопје1“. Според првичните информации зафатени се повеќе простории од истиот, а непознато е како е опожарен. Неофицијално, станува збор за место каде се складирала пластика. Овие информации засега не успеавме да ги потврдиме.Од снимките на „Скопје1“ може да се види дека околу него има и отпад како што се расфрлани гуми. Засега не е забележано присуство на Противпожарни екипи.Повеќе информации се очекуваат од институциите. Чадот се гледа од повеќе делови на Скопје. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 5 месеци

pozar-ilidenn-54325

(Видео) Во Илинден гори пластика, поплаки дека се слушаат звуци налик на екскплозии - први официјални информации

Пожарот во Илинден избувнал во „Ф Групација“, складиште за отпад, меѓу кое има и пластика. Ова го соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Истовремено, директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али посочува дека горат пластични работи. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Преку бројот за итни повици Е-112 добиена е пријава за голем пожар во Општина Гази Баба, поточно во с. Трубарево, каде што гори фабрика за пластични работи БППЗ на Град Скопје. Пожарникарите се на лице место каде што интервенираат во гаснењето на пожарот, состојбата се следи“, додава Али. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Граѓани посочуваат дека се слушаат звуци налик на експлозии.Како избувнал пожарот засега не е познато.

Скопје | пред 5 месеци

STOJANCE-ANGELOV-POZAR

(Видео) Тежок за гаснење е пожарот во складиштето за отпад, упатени хермелини кон локацијата

Повеќе часа гори складиштето на „Ф Групација“ во Трубарево, каде меѓу другото, се складирале и електронски уреди.Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, посочи дека пожарот е сериозен и тежок за гаснење. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-13.43.37

(Видео) Нов голем пожар: црн облак од чад над Скопје, се гледа од секој дел на градот

Нов голем пожар избувна во Скопје, неофицијално, во близина на Илинден.Облакот од црн чад се гледа од сите делови на градот. Засега не е познато што е запалено, односно што гори.Повеќе информации се очекуваат од Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 5 месеци

Vizbegovo-pozar

(Видео) Повторно гори депонија, овој пат во Шутка!

Скопје1 објави видео на кое се гледа дека синоќа гореше депонијата во Шутка. Утринава имаше само чад, но сега како што информира ЦУК, повторно е активен пожарот. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 5 месеци

drisla1

„Дрисла“ тврди: „Од 2022 година не согоруваме отпад“

Јавното претпријатие „Дрисла“ во соопштение нагласи дека е единствената санитарна лиценцирана депонија во државата и дека од 2022 година таму не се согорува отпад, туку истиот се обработува во автоклав – уред кој со пареа под висок притисок го стерилизира отпадот и потоа го компримира.На тој начин, велат од претпријатието, нема никаква можност за загадување. Од „Дрисла“ посочуваат дека сите тековни активности се изведуваат во согласност со техничко–технолошкиот проектиран процес, имајќи ја предвид заштитата на животната средина, здравјето на луѓето и природата, како и усогласеност со постојните законски прописи.„Апелираме до Министерството за внатрешни работи да спроведе истрага за изнаоѓање и санкционирање на потпалувачите на пожарите, за кои се сомневаме дека се политички мотивирани и со цел дефокусирање од реалните проблеми. Депонија ‘Дрисла’ без вакви намерни инциденти нема никаков потенцијал за загадување и работи според највисоки стандарди“, се наведува во соопштението.

Скопје | пред 5 месеци

kocani-puls-protest-4

Во сабота помен наместо „Марш на ангелите“ во Кочани

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“ соопшти дека оваа сабота, 13 септември 2025 година, нема да се одржи редовниот „Марш на ангелите“.На негово место ќе биде извршен црковен помен на гробните места, во спомен на децата кои трагично ги загубија животите пред шест месеци во несреќата што ја потресе целата земја.Од здружението упатија благодарност за разбирањето и повикаа граѓаните со достоинство да се приклучат на молитвениот чин.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-10-095539

Ниту дождот не помогна - Дрисла и понатаму чади!

Ниту дождот што утринава заврна во скопската котлина не помогна да се изгасне пожарот на депонијата „Дрисла“. Чадењето продолжува, и покрај тоа што претходните денови, како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, биле исфрлени големи количини вода на депонијата. Тој најави и дополнителни мерки за конечно да се сопре горењето, кое веќе неколку дена го влошува квалитетот на воздухот во главниот град.Последниве денови граѓаните алармираат дека мирисот на изгорена пластика и густ чад се чувствуваат во повеќе скопски населби – од Аеродром и Ново Лисиче, до Кисела Вода, Пинтија и Драчево. На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии и видеа, со пораки дека „Скопје е отруено“ и дека „секоја вечер Дрисла гори“. Дел од жителите побараа постојано полициско обезбедување и камери на депониите, а некои дури ја споредија ситуацијата со „Чернобил“.фото: ЦУК

Скопје | пред 5 месеци

galetanovski

Галетановски нуди 2-3 илјади евра награда за тој што ќе открие кој му го запали автомобилот, односно кој нарачал

Поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје и актуелен претседател на Градската организација на СДСМ, Ѓорги Галетановски, се огласи по неодамнешниот инцидент, благодарејќи им на пријателите и колегите за поддршката.„За жал, некогаш треба да ни се деси лоша работа за да видиме кој е до нас. Фала ви другари за поддршката и за сите пораки и повици и извинете што стварно не беше можно на сите да вратам и кренам. Не ви го заборавам ова и на сите ви должам. Ме знаете добро, никогаш не се сменив и нема да се сменам. Помагав и ќе помагам на кој можам без да се фалам, така и ќе продолжам“, напиша Галетановски на својот профил.Тој најави дека од денес ќе преземе активности за да помогне органите во спречување на криминални дејствија што, како што вели, го нарушуваат мирот на граѓаните.„Од денес натаму ќе направам се да дознаам и помогнам органите да спречат криминални дејствија да го зимаат мирот на граѓаните. А ќе се дознае тоа сум сигурен“, додаде Галетановски.Притоа, тој повика сите граѓани кои имаат веродостојни информации за извршителот или нарачателот на случката да го контактираат, најавувајќи симболична награда од 2.000 до 3.000 евра.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-09-10-095539

Повторно гори депонијата Дрисла! Не е можна интервенција од воздух

Во депонијата Дрисла кај селото Батинци утрово избувна пожар кој сè уште е активен. Оганот се шири од внатрешноста на депонијата, а како што соопштија од Центарот за управување со кризи, во моментов во гаснењето учествуваат само противпожарни екипи со возила. Проценето е дека интервенција од воздух може да ја влоши состојбата и да предизвика појава на нови жаришта.Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, изјави дека станува збор за пожар со поголем интензитет. Гаснењето се врши од земја со цел да се намали ризикот огнот да се прошири кон околните објекти и населените места.Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, нагласи дека пожарникарите работат на локализирање на пожарот во Дрисла и дека се формирани противпожарни појаси за да се спречи негово ширење. „Постојат сомнежи дека пожарот е намерно предизвикан. Во текот на летото имавме екстремно високи температури, но Дрисла ниту еднаш не се самозапали,“ рече Ангелов.ЦУК дополнително испратил ер-трактор како помош за да се спречи евентуално прелевање на огнот кон боровата шума и викенд-населбата. „Пилотот на ер-тракторот констатираше дека гори централниот дел на депонијата и дека фрлање вода од височина би можело да ја разгори уште повеќе и да создаде нови жаришта. Тој утврдил дека нема непосредна опасност за ширење на пожарот кон шумата и е пренасочен кон интервенција во Скопска Црна Гора,“ соопштија од ЦУК.Во меѓувреме, активни се и други пожари низ земјата. Во Општина Липково гори во селото Никуштак, а во Општина Гази Баба во селото Булачани е зафатена нискостеблеста деградирана шума и дабова шума. Во Општина Струга има два пожари – во селото Татеши и населбата Еленкамен. Пожарите во Берово и Струмица се ставени под контрола, а во изминатиот период изгаснати се вкупно 23 пожари.фото: ЦУК

Скопје | пред 5 месеци

Pozarnikari-DZS

Пожар на влезна врата од стан во Аеродром, нема повредени

Во раните утрински часови на улица „Владимир Комаров“ во Скопје бил запален влез на стан, при што огнот ја зафатил само вратата, а повредени лица нема.Денеска (09.09.2025) во 03:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје настанал пожар на влезна врата од стан во зграда, сопственост на З.Т.(57) од Скопје. Во пожарот била опожарена само влезната врата, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициска станица Аеродром излегле на местото и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 месеци

vozilo-pozar

(Видео) МВР со детали за палењето на автомобилот на Галетановски во Кисела Вода

Запалено возило во скопската населба Аеродром предизвикало пожар во кој биле зафатени уште два автомобили, соопшти СВР Скопје.-Денеска (09.09.2025) во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Иван Козаров“ во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓ.Г.(43) од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Е.К.(30) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(47) од Скопје. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението.

Скопје | пред 5 месеци

Pozarnikari

Голема штета од пожар во скопско: Изгореа помошни простории од викенд куќа и објекти за живин

Изгорела помошна просторија од викенд-куќа, пет објекти за живина, разновиден алат и нискостеблеста шума во пожар што вчера попладне избувнал кај селата Раштак и Страчинци во скопско. За среќа, повредени лица нема, а огнот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита.На 07.09.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај с.Раштак и кај с.Страчинци, скопско, настанал пожар и горела сува трева и нискостеблеста шума. Пожарот зафатил помошна просторија од викенд куќа, пет помошни простории за чување живина, разновиден алат и др., сопственост на Н.М.(51) од Скопје. Повредени лица нема. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, соопшти МВР.

Скопје | пред 5 месеци

Pozarnikari-DZS

Опожарен трансформатор на ЕВН, пожарникарите реагирале навреме

Синоќа во штипското село Криви Дол се запалил трансформатор во сопственост на ЕВН Македонија. Пожарот избувнал околу 21:50 часот, а благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Штип, огнот бил изгаснат. Повредени лица нема.-На 07.09.2025 во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во с.Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија,. Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот, соопшти МВР.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања