„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

пожар

pozar-helikopter-

Десет пожари низ Македонија – шест сè уште активни, меѓу кои и тој во „Јасен“ кој и натаму не е под контрола

Денеска до 12:00 часот, на територијата на Република Македонија се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активни пожари (6)Македонски Брод – Повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума)Долнени – помеѓу селата Лажани и Кошино (ниска вегетација)Лозово – с. Бекирлија (шумски пожар, смрека)Куманово – с. Романовце (ниска вегетација и стрниште)Липково 1 – с. Слупчане (ниска вегетација и борова шума)Липково 2 – с. Лојане, кон с. Миратовце (ниска вегетација и стрниште)Под контрола (1)Јегуновце – помеѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орашје (пасишта и мешана шума)Изгаснати (3)Штип – ул. Вељко Влаховиќ бр. 1 (ниска вегетација)Бутел – с. Лубанци (ниска вегетација)Куманово – с. Табановце и с. Лојане, место викано „Сланишта“ (ниска вегетација и стрниште)

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-10.18.58

(Видео) „Благодарение на четата на Цветко, изгасивме цела линија пожар кај Јажинце“, вели Ангелов посочувајќи дека огнот можел да направи големи проблеми

Пожарот кој синоќа повторно се реактивираше во атарот на селото Јажинце, општина Јегуновце, зафати висока трева, грмушки и смреки, а поради засилениот ветер огнената линија се прошири на должина од над еден километар, во насока на магистралниот пат Тетово – Јажинце.За спречување на неговото ширење беа ангажирани десет противпожарни цистерни, осум пинцгауери и еден воден топ на МВР.Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој цела ноќ бил на терен заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, изјави дека лично со својот возач и седум жители на Рогачево учествувал во гаснењето на левата огнена линија.„Околу три часот по полноќ ја совладавме целата лева линија во должина од повеќе од еден километар. Таа беше изгасната и контролирана, но се појавуваат жешки точки поради кои утрово дејствува и полициски хеликоптер со прецизно фрлање вода“, рече Ангелов.Според него, десната огнена линија сè уште е активна и тешко пристапна поради густата вегетација и теренот обраснат со трње. Еден крак од пожарот се движи во насока на селото Дворце, кон скопската страна.На терен се пожарникари од ТППЕ Тетово, Гостивар, Велес и Кавадарци, како и локалното население.„Голема благодарност до сите кои помагаат, особено до седумчлената група од Рогачево, која со голем ризик успеа да спаси неколку хектари трева, грмушки и шума“, додаде Ангелов.

Македонија | пред 4 месеци

POZAR-JAZINCE2

Голем пожар во Јажинце – патот кон граничниот премин затворен

Директорот на ЦУК Мухамед Али и командантот на бригадата од лице место ги координираат напорите за спречување на понатамошното ширење на пожарот кој избувна во Јажинце. Поради густиот чад, моментално е невозможна воздушната интервенција.Сите противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита се на терен и работат на заштита на имотите од огнот.На пат кон интервенција се и авион „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР.Патот кон граничниот премин Јажинце (со Косово) е затворен до понатамошно известување.Граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа и да ги ослободат патиштата за возилата на службите за итна интервенција.

Македонија | пред 4 месеци

IMG_4224

Изгореа пасат и џип во Гевгелија, истрагата во тек

Два автомобили изгореа рано утрово во Гевгелија во пожар кој избувнал пред куќа на жител од градот, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.-Денеска (14.08.2025) во 03:03 часот во ОВР Гевгелија e пријавено дека на ул.„Апостол Петков“ во Гевгелија, настанал пожар на патничко моторно возило „пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко моторно возило „џип“ со велешки регистарски ознаки, паркирани пред куќата на М.К.(58). Известен бил јавен обвинител, а увид на местото бил извршен од увидна екипа од ОВР Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.фото: архива/Скопје1

Македонија | пред 4 месеци

Grcija-pozar-manastir

(Видео) Разорни пожари во Грција: Евакуирани цели села и болници, уништени се целосно големи природни области

Манастири, болници, села и големи природни области се меѓу најпогодените од разорните шумски пожари кои од Ахаја се протегаат сè до Закинтос. Огнената стихија принуди на итни евакуации во бројни заедници, а некои здравствени установи, меѓу кои и детската болница „Караманданио“ во Патра, беа испразнети како мерка на претпазливост.Најкритични точки во моментот се регионите Превеза, Хиос и Закинтос, каде пожарникарите и волонтерите водат непрекината борба со повеќе фронтови истовремено. Во околината на Патра, евакуирани се уште четири зони, а екипите работат да го спречат приближувањето на пламените јазици кон густо населените делови од градот.Во Превеза, жителите на Старата и Новата Филипијада мораа да ги напуштат своите домови, а на Закинтос беа испразнети четири населени области. Системот 112 испрати предупредувања со наредби за итна евакуација.Силните ветрови, екстремните температури и сушата дополнително го влошуваат гаснењето на пожарите, додека густиот чад и портокаловата светлина на хоризонтот ја откриваат сериозноста на катастрофата.Во Патра, пламенот го зафати манастирот „Агиос Николаос“, каде што се запали покривот. Пожарникари, калуѓерки и волонтери вложуваат огромни напори да го спасат објектот, додека дел од населението на градот веќе е евакуирано.Нов пожар се појави и во населбата Гори, како и во прифатниот центар за мигранти во Филипијада, кој, според министерот за имиграција и азил Танос Плеврис, бил евакуиран уште во вторник вечерта. Ситуацијата во Филипијада и селата во општина Зирос останува критична.И покрај воздушната поддршка, пламените јазици повторно се разгоруваат и зафаќаат делови од населбите. Локалните жители, волонтери и пожарникари успеале да спасат голем број домови во последен момент. Човечки фактори – без разлика дали од невнимание или намерно палење – често се меѓу причините за избувнување на ваквите пожари, кои покрај материјалната штета претставуваат и сериозна закана за човечки животи.

Свет | пред 4 месеци

pozar-3

Голем пожар кај Октиси, во опасност имотот на жителите – побарана итна воздушна интервенција

Голем пожар избувна кај селото Октиси, на локацијата Октишка Краста, се шири на непристапен терен и претставува закана за имотот на населението. Пожарникарите од Струга и мештани се на терен, но поради тежок релјеф е побарана итна воздушна интервенција.-Во близина на село Октиси, на место викано Октишка Краста, е избувнат пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението. На терен се присутни екипите на ТППЕ Струга и дел од месното население, но според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се простира на специфичен и непристапен релјеф, што го оневозможува гаснењето од копно. Поради тоа, итно е потребно ангажирање на воздухоплови.По барање на градоначалникот на Струга е испратено официјално барање за ангажирање на воздухоплов, а по насока и барање на Центарот за управување со кризи се вршат подготовки за испраќање на воздухоплов за гаснење на пожарот, информира ЦУК.

Македонија | пред 4 месеци

pozarnikari-oglas

Изгаснати пожарите во Сарај, екипите остануваат во готовност

Пожарите во општина Сарај, кои зафатија ниска вегетација кај Горно Свилари и од Радуша кон селото Дворце, се целосно изгаснати во раните утрински часови, а на терен останува надзор за спречување повторно разгорување.-Пожарите во општина Сарај, едниот кон Горно Свилари (ниска вегетација) и вториот од Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација), се изгаснати во раните утрински часови од страна на БППЗ на Град Скопје.На терен интервенираа 5 екипи со 5 противпожарни возила, како и 2 специјализирани возила на ДЗС за гаснење на пожар на отворен простор. Во моментот нема активен отворен оган, а се забележуваат само точкасти чадења во внатрешниот согорен дел, кои не претставуваат опасност од ширење на пожарот.Состојбата се следи активно од страна на Главниот штаб, и доколку дојде до ново разгорување, интервенирањето ќе биде правовремено и целосно, информира ЦУК.

Скопје | пред 4 месеци

pozar-crna-gora1

(Видео) Пожарите ја пеплосаа и Црна Гора, загина војник кој гаснел!

Војник на Армијата на Црна Гора загина, а друг е тешко повреден при гаснење пожар во регионот Куча, соопшти Министерството за одбрана. Станува збор за помладиот водник Дејан Божовиќ (42) од Даниловград, кој загинал во несреќен случај, и водникот Марко Иковиќ (43), кој е повреден. Несреќата се случила во услови на намалена видливост поради густ чад. Владата го прогласи 14 август за Ден на жалост во чест на загинатиот војник.Пожарите во Црна Гора и понатаму предизвикуваат големи проблеми. Иако жариштата во Пипери и Куч беа ставени под контрола, пламенот повторно се разгоре синоќа. На терен се пожарникари и војници, а помош пристигнува и од регионот и Европската Унија – со хрватски и италијански канадери, хеликоптери од Србија и најавена поддршка од Австрија и Унгарија. Српскиот хеликоптер „Камов“, кој вчера слета во Подгорица, од рано утро интервенира над Ѓурковиќи – Рогами и досега испуштил 248 тони вода.Градоначалникот на Подгорица, Саша Мујовиќ, изјави дека ситуацијата е под контрола, но поради сериозноста на пожарите мора да се внимава со прогнозите, бидејќи состојбата се менува од час во час. Моментално најголемите жаришта се во Куч – Убли, Бејово, Фундина и Купушци.Полицијата во Бар вчера уапси 38-годишен косовски државјанин, осомничен за подметнување пожар кај Заљево, кој зафатил ниска вегетација. Премиерот Милојко Спајиќ изјави дека постојат индиции дека дел од пожарите биле намерно предизвикани, додека во Буљарица причината била несреќен случај. Тој порача дека казните за палење пожари треба да се заострат и ги повика граѓаните да пријават доколку забележат палење.фото: YouTube/Print Screen

Свет | пред 4 месеци

Pozarnikari-DZS

Огнена стихија го блокира патот од Брезница кон Македонски Брод

Поради пожар, целосно е затворен за сообраќај патниот правец од селото Брезница, преку Националниот парк „Јасен“, до Македонски Брод, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Возачите се упатуваат да користат алтернативни патишта и да ги следат насоките на надлежните служби.Во меѓувреме, Центарот за управување со кризи информира дека пожарот во Општина Теарце е целосно изгаснат во доцните вечерни часови. Локализиран е и пожарот над селото Челопеци во Општина Кичево, каде што во моментот има внатрешно согорување и чадење кон шумскиот појас. Екипи на ТППЕ Тетово и припадници на Армијата на РСМ остануваат на терен за да спречат евентуално реактивирање.Во гаснењето на пожарите вчера биле вклучени три специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување, два хеликоптери на МВР, еден хеликоптер на Армијата на РСМ и два авиона „Ер трактор“ на ДЗС.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-10-at-12.01.05

Глисер изгоре и потона кај Елешец – оштетени уште два пловни објекти

Денеска (10 август 2025) во 11:22 часот, во СВР Охрид и Езерската полиција било пријавено дека на околу 30 метри од брегот, меѓу населбата и автокампот Елешец, настанал пожар во укотвен глисер.Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид и Езерската полиција.Според МВР, глисерот бил регистриран и во сопственост на 64-годишен жител на Тетово (З.Д.). Поради големите оштетувања на коритото, пловилото потонало на длабочина од околу три метри. Од пожарот биле оштетени и уште два соседни глисери.Причините за пожарот се утврдуваат.

Македонија | пред 4 месеци

0-02-05-6667cd14698966e7040049fceb0af3312c6eefada2fbba7292999b000599424a_222a4d00f47

(Видео) Пожар во ловиштето „Јасен“: вчеравечер бил изгаснат, ама се реактивирал

Вчера попладне изби шумски пожар во ловиштето „Јасен“, неколку километри по влезната капија „Кула“ од скопската страна.Екипите на „Јасен“ први интервенираа на тешко пристапниот терен, а на помош им пристигнаа два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и два полициски хеликоптери. Пред стемнување пожарот беше ставен под целосна контрола и изгаснат, а извршена е и проверка на линијата без забележани жаришта.Сепак, во текот на ноќта пожарот се реактивирал. Утринава повторно интервенираа екипите на „Јасен“ со поддршка од два полициски хеликоптери и два ер трактори на ДЗС.Иако теренот е непристапен и не дозволува користење на специјалните возила на ДЗС, се очекува пожарот да биде ставен под контрола во текот на денот.

Македонија | пред 4 месеци

pozar-Veles

Гром удрил во погонот на BioCosmos и предизвикал пожар – компанијата се огласи со официјално соопштение

По синоќешниот пожар во фабриката BioCosmos, компанијата се огласи со објава на својата официјална Фејсбук страница. Според соопштението, пожарот избувнал како резултат на удар од гром, а иако дел од просториите се оштетени, среќна околност, како што велат, е што нема повредени. Производствениот процес во соседната фабрика Mirana продолжува непречено, а компанијата најавува редовно информирање и апелира против ширење на шпекулации.Во продолжение го пренесуваме целосното соопштение:Почитувани пријатели, партнери и потрошувачи,Ве информираме дека денес избувна пожар во производствениот погон на BioCosmos како резултат на удар од гром. За среќа, пожарот е во тек и под контрола но нема повредени. Дел од просториите на BioCosmos се оштетени и ќе бидат привремено надвор од употреба.Сакаме јасно да нагласиме дека фабриката Mirana, која се наоѓа во истиот комплекс, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално.Во координација со надлежните служби работиме на проценка и санација на штетата за што побрзо враќање на BioCosmos во функција. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.Ве молиме да се воздржите од шпекулации и дезинформации – сите точни и навремени информации ќе ги објавуваме преку нашите официјални канали.Со почит,Тимот на BioCosmos & Mirana

Македонија | пред 4 месеци

pozar-Veles

Изгореа магацин и канцеларии во фабриката „Мирана“ во Велес – пожарот го гаснеле шест часа

Голем пожар избувна синоќа околу 22 часот во велешката фабрика за прехранбени производи „Мирана“, при што беа зафатени магацинскиот дел и канцелариски простории. Пожарникарите интервенираа веднаш по дојавата, а целосното локализирање на огнената стихија беше постигнато дури шест часа подоцна – околу 4 часот утрово.Според податоците од Центарот за управување со кризи, магацинот во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друга опрема, како и административниот дел со документација и други материјали, биле целосно зафатени од пламените јазици.Иако пожарот е ставен под контрола, на одредени локации во објектот сѐ уште има појава на чад, поради што екипите остануваат на терен за да се спречи евентуално повторно разгорување.Во гаснењето учествуваа:три противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица Велес,едно возило на ЈКП „Дервен“,две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување,како и шест полициски службеници од СВР Велес.Надлежните служби ќе вршат дополнителна истрага за причините за избувнувањето на пожарот.

Македонија | пред 4 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Лишени од слобода две лица во Струга, на градската депонија предизвикале пожар

На 02.08.2025 во 20:30 часот, на градската депонија во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ф.Н.(61) од Струга и Е.В.(38) од Прилеп, кои претходно, од страна на вработени во Територијалната противпожарна единица Струга биле затекнати на депонијата како горат душеци и топат бакарни жици, при што предизвикале пожар.Против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 4 месеци

pozarna-5

Фатен на дело: маж од скопско подметнувал оган покрај автопатот Скопје – Тетово

Маж на возраст од 59 години од скопското село Арнакија утрово бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово, веднаш по наплатната станица Глумово. Благодарение на брзата реакција на полицијата и противпожарната служба, пожарот бил локализиран, а лицето е приведено.Денеска (30.07.2025) околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје - Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток.Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања