Промени тема
Контакт

ПУЛС

Screenshot-2025-06-13-at-08.54.32

Сопругата на загинатиот Андреј од ДНК испрати отворена порака

Сопругата на Андреј од ДНК, Наталија Ѓоргиевска, преку објава на социјалните мрежи, порача дека го следи процесот за утврдување одговорност кај сите инволвирани лица. Таа пишува дека ќе зборува гласно, ако има селективна правда.- Бараме неселективна правда. Без калкулации, без привилегирани и без заборавени. Ако не ја добиеме - ќе зборуваме погласно. И ќе не' има се повеќе. Ако институциите не покажат дека можат и сакаат да ја спроведат правдата подеднакво за сите – тогаш допрва ќе бараме одгово

Коментари | пред 1 година

puls-11

Нова тура апсења во Кочани за „Пулс“, над десет полицајци се приведени

Над десет полициски службеници од Кочани и Штип, добиваат статус на осомничени во предметот за пожарот во „Пулс“. Според информации на „Скопје1“ имало повеќе апсења, а меѓу нив се и ексначалници, кои ја имале оваа функција кобната вечер. Истрагата за пропустите на полицијата на води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Полицајците ќе бидат спроведени на распит.Овие апсења се нова „тура“. Претходно, МВР за „Скопје1“ извести дека поднеле три кривични пријави за различни врем

Македонија | пред 1 година

puls

Заблуда или системски пропуст: Пациентите од „Пулс“ плаќаат партиципација, Министерството бара решение

Повредените од дискотеката „Пулс“, но и посетителите кои мораат да прават редовни контроли, и натаму плаќаат партиципации за лекување, односно услуги по болниците во Македонија. До редакцијата на „Скопје1“ се обрати лице кое правело испитување во болницата „8 септември“ на одделот за Пулмологија. По прегледот, требало да се плати. Посочува дека не е проблемот во 400 денари, но стравува дека можеби на таква контрола ќе отиде некој што нема или не испланирал, бидејќи во неколку наврати претходно,

Македонија | пред 1 година

dzoko-tapanar-dnk

Споменик во чест на тапанарот Џоко и жртвите од „Пулс“ ќе се прави во Струмица

Димитар Ѓоргиев, братот на трагично починатиот тапанар од групата „ДНК“, Џоко Ѓоргиев, покрена хуманитарна кампања за прибирање 30.000 еврa. Средствата се наменети за изградба на споменик во центарот на Струмица – во знак на сеќавање на Џоко и на сите жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кој се смета за најголемата несреќа во поновата македонска историја.Според информации на „Слободен печат“, споменикот ќе биде поставен на струмичкиот плоштад, а за неговата изработка е ангажиран акад

Македонија | пред 1 година

igor-kocani

Повредениот Игор од Кочани до политичарите: Одлепете се од камери, ние имаме потреба од медицинска помош, секој ден ни е нов предизвик

Триесетгодишниот Игор Стоименов од Кочани, кој беше меѓу повредените во дискотеката „Пулс“, посочува дека додека власта и опозициските партии се препукуваат за трагедијата во Кочани, на нив им е потребна помош. Тој алармира дека тие имаат потреба од медицинска помош 24/7, па додава: „со еден доктор е невозможно“.„Додека власта и опозицијата се препукуват кој е виновен за трагедијата, на нас повредените секој ден ни е нов предизвик. Боле, боцка, пече, чеша, отекува и така у круг... ние имаме потр

Коментари | пред 1 година

Aleksandar-Nacev-GLAVNA-SLIKA-PRESS-18JAN2018

Газдата на обезбедувањето, Нацев, зад решетки: одреден му е притвор од 30 дена во предметот за пожарот во „Пулс“

Александар Нацев, реален сопственик на фирмата „Рубикон“, која без договор ја обезбедувала дискотеката „Пулс“, доби 30 дневен притвор. Тој е осомничен со проширување на истрагата за трагедијата во Кочани за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Притворот го изрече Судот во Кочани, потврдуваат оттаму за „Скопје1“.Според информациите од Обвинителството, Нацев заедно со управителот и одговорното лице на подружницата, незаконски вршел обезбедување без склучен договор, без безбедносна

Македонија | пред 1 година

Kocan-protest-24.05-4

Support Кocani не се препозна во коментарот на Мицкоски: Политичка реторика е рецепт за убивање на ентузијазмот

По силните обвинувања и навреди кон претседателката, премиерот и министерот за внатрешни работи од родител на трагично загинатиот тапанар на ДНК и барањето за нивни оставки, Мицкоски одговори:„Гледаме како едно граѓанско движење прераснува во политичко и зборува за катни гаражи, водоводи, канализации, исполнети и неисполнети ветувања.”Скопје1 ја праша невладината Supportkocani дали се пррпозна во коментарот на премиерот.Еве го нивниот одговор за Скопје1:„Supportkocani не се препознава во комента

Македонија | пред 1 година

gadf

Пред три месеци негираше вина: Нацев, ексдиректор од ВМРО-ДПМНЕ е новиот осомничен за пожарот во „Пулс“

Александар Нацев е новиот осомничен во случајот за пожарот во дискотеката „Пулс“. Обвинителството го сомничи дека е „реален сопственик“ на фирмата која го обезбедувала објектот кобната вечер, а која дозволила внесување на приотехника од страна на членовите на музичката група „ДНК“. Нацев е родум од Пробиштип, каде вчера биле извршени претреси со судска наредба. Претресувани биле негови простории и во Скопје, а одземена е обемна документација поврзана со фирмата.„Лицето е лишено од слобода и со о

Македонија | пред 1 година

IMG_5572

И газдата на фирмата за обезбедување е осомничен за пожарот во „Пулс“: нови детали од истрагата

Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.„Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази согласно кои за сега осомничениот се утврди дека е одговорно лице – реален сопственик на осомниченото правно лице – агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје.Согласно доказите, тој раководел со деловниот потфат и целокупното

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-08-at-17.20.37

(Видео) „Личните навреди на протестот во Кочани кон политичари се од политички структури со традиција на некрофили“, вели владината портпаролка

Родителите и роднините на трагично загинатите во дискотеката ,, Пулс” во Кочани, секоја сабота на ,,Марш на ангелите“ го идкажуваат својот револт од истрагата и бараат правда.Тие застануваат и протестираат пред општината, судот, полицијата и обвинителството. Вчера, родителот на загинатиот тапанар на групата ДНК, револтирано ги навредуваше и побара оставки од премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.,,Можам да кажам

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-07-at-20.16.25

(Видео) „Ни ја убивте последната надеж, кој ја внесе пиротехниката? “ – мајка на жртва во „Пулс“ со прашања до истражните институции

Клекнати на коленици пред зградата на судот и Обвинителството, родителите на загинатите и повредените деца, посочија дека дале и повеќе од доволно време за истрагата. Според нив, органите на прогонот имале доволно време за детална и неселективна истрага.„Овие институции ни ја потрошија и последната тронка надеж дека оваа држава може да нѐ заштити. Овие институции одново ги убија нашите деца, одново ја убија надеж во нас дека оваа трагедија, ако ништо друго, ќе биде лекција за во иднина и никогаш

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-07-at-19.45.46

(Видео) Таткото на загинатиот тапанар од ДНК до Сиљановска, Мицкоски и Тошковски: Немате срца, бирајте месец но на 16-ти дајте оставки

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК Георги Георгиев, на денешниот протестен марш во Кочани упати остри пораки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, до премиерот Христијан Мицкоски и до министерот за внатрешни работи Тошковски.,,Ни вети дека ќе биде претседателка на сите граѓани, дека ќе биде мајка за сите граѓани. Тоа што го вети не излезе така. Само се фати за столот и ја снема. Сега едно ќе те прашам тебе, мајко моја, званична маќео, ми пушти писмо, за три дена ме најде мене по кое м

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-20-at-08.50.11

„Барем за тие што ни останаа...“ – потресен повик на мајка која изгуби ќерка во „Пулс“, пред маршот за правда

Верица Трифунова, мајка на загинатата Моника Спасова, упати апел до граѓаните пред утрешниот (сабота 7 јуни) нов марш во Кочани.„Кој има душа, со разум и развиени мозочни ќелии и застане рамо до рамо, со нас родителите и ќе се бори за правда на убиените ангели, со тоа ќе покаже дека е совесен родител и размислува за иднината на сопствените деца. Да застанеме и да кажеме стоп на криминалот, корупцијата, насилството, дилерите кои ни ја уништуваат иднината на нашите деца, барем тие што ни останаа,

Македонија | пред 1 година

IMG_5572

Еден од повредените во „Пулс“ е во тешка состојба, вкупно 12 се уште во болница

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски рече дека уште 12 повредени во „Пулс“ и натаму се лекуваат во болница, а седум од нив се во странство. Од повредените кои се во болници, еден е во тешка состојба.„На преврски и слични третмани имаме 38 повредени, четворица во '8 септември', 26 се во 'св. Наум Охридски'. Пет се во Кочани и тројца се во Систина. На физичална терапија се 46 лица, од кои, сите се во Кочани, можно е едно лице да е во '8 септември'. Третманот со ПРТ (плазма со тромбоцити или без тром

Македонија | пред 1 година

adgasgd

„Ни крема за рани не ни дадоа“ – преживеан од пожарот во „Пулс“ со јавен апел за незаинтересираноста на државата

Дарко Златев, повреден во „Пулс“ кобната вечер, кога животот го загуби неговата внука, со јавен апел се обрати до јавноста. Тој тврди дека тие немаат добиено никаква помош од државата, а ниту биле посетени. Се жали дека немаат поддршка ниту грижа, особено потенцира, во Кочани нема ниту најосновни средства.„Со голема болка и тешко срце ја споделувам трагедијата што не' снајде. Во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, животот го загуби мојата внука од сестра, заедно со уште 61 млад човек.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2025-05-20-at-16.49.15

(Видео) Условите се на минимум, нема каде да се мијат раните, тоа се прави во умивалник, вели повредениот Дарко за кочанската Болница

Кочанчанецот Дарко Златев е еден од повредените во дискотеката „Пулс“, кој се лекуваше во Белград и има тешки изгореници на двете раце. Нему му била извршена и трансплатација на кожа. Сега, грижа и нега добива во Болницата во Кочани. Посочува дека условите таму се на минимално ниво, а пожртвуваноста на персоналот е максимална.„Условите не се толку добри, докторите се добри. А условите се на минимум. На се имаме приговор, нема како прво лепенки кои ни ги препишуваат докторите, немаме ластици, одн

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-04-at-13.30.56

(Фото) Иселеници и сограѓани помагаат на повредените во Кочани, им испраќаат лепенки и медикаменти за раните

Иницијативата „Support Kocani“ речиси три месеци макотрпно собира средства, но и медикаменти за повредените во трагедијата во „Пулс“. Пожртвуваноста на младите кои се здружија со цел да помогнат на секој еден кој има последици од кобниот 16 март, продолжува. Контактираат со компании, иселеници, странци кои им испраќаат по цели куфери со потребни работи за преврски.„Денес стигна уште една донација од сограѓани во Чикаго, лепенки за лечење на лузни, кои моментално се најпотребни. Проследени се одм

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-31-at-20.58.50

(Видео) Семејствата на жртвите од „Пулс“ во Кочани: „Не бараме милост, не ги штитете полицијата и виновниците“

На осмиот „Марш за ангелите“, семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно упатија остри пораки до институциите, барајќи правда и одговорност.„Не ја штитете полицијата, не ги штитете виновниците. Не сме слепи, ни глуви. Не бараме милост – бараме правда. За секое дете што нема да се врати, за секоја мајка што навечер гушка воздух“, порачаа родителите.Тие упатија прашања: зошто дискотеката – импровизирана и без лиценца – не била затворена навреме, и кој сè дозволил

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-31-at-16.25.32

(Видео) Родителите од Кочани со порака до вас: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“

Молчејќи, со фотографиите од загинатите чеда во рацете, родителите, семејството, пријателите и јавноста излезе на осмиот по ред марш преку кој се упатува порака дека се чека правда. Зад родителите, транспаренти. Овојпат со порака до јавноста: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“. На протестот освен жители на Кочани, дојдоа и од другите градови.Ова е осми по ред марш кој го организираат. Тие не ја кријат болката, а очекуваат јавноста да ја почувствува и да застане рамо до рамо со н

Македонија | пред 1 година

FA7F9C6D-5D57-4B53-91C1-D1C262968A1D_1_105_c

Болката одново ќе се излие на кочанските улици, родителите на загинатите и денеска на улиците

Денеска во 16 часот и 5 минути, семејствата на загинатите во трагичниот пожар во кочанската дискотека ќе го одржат осмиот по ред „Марш за ангелите“. Toj ќе започне од Паркот на револуцијата и ќе се движи низ централните улици – преку Трговскиот центар, пред зградата на Општина Кочани, Полициската станица, Основниот суд и Јавното обвинителство.Организаторите упатија јавна покана до сите граѓани кои сакаат да ја поддржат нивната борба за вистина и правда, да им се придружат на маршот. Мајките на з

Македонија | пред 1 година

IMG_5583

Кој е одговорен за трагедијата во „Пулс“? Заврши истрагата, испрашани 400 сведоци, 46 се осомничени, следува обвинение

Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја заврши истражната постапка во врска со пожарот во клубот „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.„Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.Во истражната постапка постапуваа вкупно 13 обвинители од основните јавни обвинител

Македонија | пред 1 година

majki-naunova-taseva

Нова сабота, истата болка: мајките на загинатите Стефан и Надица со емотивно обраќање до другите мајки

Нов марш на родителите на загинатите деца е најавен за утре, а мајките јавно ги повикуваат другите мајки да им се приклучат. Истиот ќе се одржи во Кочани, како и секоја сабота, од 16:05 минути.„Ајде мајки, без разлика на вера, нација, припадност, партија, придружете нѐ нас мајките, за нашите ангели и ангелите во иднина што треба да го живеат животот, иднината е во ваши раце, нашите деца веќе ги нема“, напиша мита Тасева, мајка на загинатиот Стефан Тасевски.Габриела Наунова, мајка на загинатата Н

Македонија | пред 1 година

panco

Против Панчо засега нема да има судска постапка за прскалките, оти е во лоша здравствена состојба, обзнани Коцевски

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, синоќа во интервју за ТВ „24“, изјави дека поради сериозната здравствена состојба на Владимир Блажев – Панчо, член на музичката група ДНК, во моментов не може да се води кривична постапка против него.„Има одредени лица кои што се во тешка здравствена состојба и со консултација со лекарите за нив во моментов е одлучено дека не се во состојба за нив да се води постапка ниту да дадат изјава, за жал“, рече државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва во

Македонија | пред 1 година

IMG_5583

Заминувањето на докторката Кате отвора нова рана кај повредените од пожарот во Кочани

По трагичниот пожар што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, неколкумина повредени граѓани се соочуваат со долготраен процес на физичко и психолошко закрепнување. Токму во тие најтешки моменти, здравствената поддршка што ја добиваа во ЈЗУ Општата болница – Кочани беше од суштинско значење. Меѓу медицинскиот персонал, клучна улога одигра докторката Катерина Паниќ – препознатлива по својот професионален, но и човечки пристап. Сепак, од понеделник, 1 јуни 2025 година, док

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-14-at-15.19.41

Има и полоши болници од кочанската, ниту еден пациент нема да остане незгрижен или нетретиран, рече Мицкоски по забелешките од пациенти

По забелешките на дел од повредените од дискотеката „Пулс“, дека во кочанската болница нема ниту услови да се третираат отворените рани, како и дека им ги мијат во обични мијалници - премиерот Христијан Мицкоски вели дека ниту еден пациент нема да остане нетретиран. Најави дека планираат проект насловен како „Кочани 2030“ кои би го спровеле со Европската комисија, а преку кој ќе се инвестира во објекти како што е кочанската болница и другите инфраструктури.„Ќе вложиме многу пари, подготвуваме ог

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања