Промени тема
Контакт

ПУЛС

IMG_5515

„Баравме тишина кога боли“ – писмото на родителите од Кочани

Родителите на децата кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани упатија јавно обраќање до македонската јавност, откако нивната интервенција на синоќешниот Петровденски хепенинг предизвика поделени реакции.Во писмото тие нагласуваат дека нивното појавување пред сцената во Паркот на слободата не било чин на омраза или инает, туку очаен обид да спречат веселба изградена врз незарасната болка.„Синоќа, кога излеговме пред бината во Паркот на слободата, тоа не беше про

Македонија | пред 1 година

mickoski-puls-roditel

Последниот критичен пациент од Кочани е надвор од опасност; Мицкоски: Му простувам на родителот што ме навредуваше

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за телевизија „Сител“ изјави дека сочувствува со семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани и дека му простува на родителот кој, под влијание на болката, го навредувал пред камери.„Сочувствувам со нивната болка. Трагедијата беше страшна и не задеси по само осум месеци од преземањето на власта. Она што го направивме досега, ретко кој го направил – денес добив информација дека и последниот пациент кој беше во критична состојба е надвор

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-07-06-at-17.46.04

Потресен апел од Кочани: Ивона не беше само жртва на пожарот – таа беше оставена сама, претепана, без помош. Снимила сè“

Семејството на 21-годишната Ивона Антова, една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати потресен јавен апел на социјалните мрежи, обвинувајќи дека нивната ќерка не загинала веднаш од пожарот, туку била оставена беспомошна и без медицинска грижа во најтешките мигови.„Ивона не беше само жртва на пожарот – таа беше оставена сама, претепана, без помош. Снимила сè – како ја буткаат, како паѓа, како моли за рака, а никој не ѝ помогнал“, напишаа нејзините родит

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2025-07-05-at-19.34.58

(Видео) „Џабе стоиме, тие се во апартманите во Грција“, рече родителот на загинатиот син единец од пред кочанскиот суд

Молчејќи и исврикувајќи ги институциите, родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“, како и граѓаните кои бараа правда, маршираа низ Кочани за да упатат порака дека трагедијата не треба да биде заборавена, но и дека чекаат одговорност. На речиси +40 степени, со фотографиите од нивните деца, поминаа низ центарот на градот. Застанаа пред полицијата и пред Основниот суд односно Обвинителството.„Нема да зборуваме, само ќе молчиме“, рече родител на загинато дете, а потоа беа исвиркани судот и Обви

Македонија | пред 1 година

puls-davidovic

(Видео) За првпат адвокатот Давидовиќ проговори за доказите за трагедијата во „Пулс“: Родителите нема да ги добијат сите одговори

Во разговор во „Претрес со Ландов“, Звонко Давидовиќ, адвокат на еден од обвинетите во случајот со трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани, првпат проговори за содржината на доказите што се дел од предметот – фрлајќи ново светло врз досегашната истрага и поставувајќи сериозни прашања за одговорноста на институциите.„Ова е криминал кој траел со години. Не може одговорноста да се ограничи само на обезбедувањето. Надлежност имаат и МВР и Обвинителството. Ако клубот работел уште од 2013 година – каде

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-16-at-11.16.03

Коцевски бара повеќе пари од буџетот, многу пари се потрошени за вештачењата за Онкологија и Пулс

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски пред Комисијата за финансирање и буџет упати апел за зголемување на буџетските средства на Јавното обвинителство. Сегашниот износ смета дека е недоволен за исполнување на основните функции и на реформските обврски.Тој посочи дека поради зголемените трошоци за вештачења, како и поради недостиг на стручни кадри, Обвинителството се соочува со сериозни предизвици, особено во сложени предмети, како „Онкологија“ и трагедијата во Пулс во Кочани.„Сите сте свесни

Македонија | пред 1 година

IMG_5572

Судскиот процес за „Пулс“ преселен во Скопје, ќе го суди Кривичен суд

Предметот за одговорноста за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 млади лица, денеска официјално беше префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, по одлука на Врховниот суд на Република Македонија.Како што информираат од Кривичниот суд, префрлањето е направено согласно решението на Врховниот суд, кој постапувал по предлог на Апелациониот суд Штип. Главната причина за промената на месната и стварната надлежност е недостатокот на доволен број с

Македонија | пред 1 година

IMG_5572

(Видео) „Ќе има сериозни проблеми со обвинението за трагедијата во Пулс, oчекуван е проблем и со докажувањето“

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, во гостување во емисијата „Претрес“, изјави дека обвинителниот акт за трагедијата во Кочани е поставен на правно проблематичен начин.„Ако мисли јавниот обвинител дека завршил работа со тоа што поднел обвинение, за кратко време ќе сфати дека е во голема заблуда. Затоа што овде се работи за исклучително сложен предмет со многу правни замки, кои влијаат, значи, и на успехот, односно основаноста на поднесеното обвинение“, рече тој.Туфегџиќ укажа и на пропусти во пристапо

Македонија | пред 1 година

IMG_5515

Нов марш во Кочани: „Видете ми ги рацете, со нив работев за моето дете да стане човек, вие ми го одзедовте тоа право“

И оваа сабота, улиците на Кочани беа местото каде семејствата на трагично загинатите и повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ маршираа во тишина, со фотографии од своите најмили и солзи во очите. Единаесетти пат по ред, маршот е силна порака до институциите – дека правдата сè уште не е задоволена и дека вистинските виновници мора да одговараат.Учесниците повторно ги повикаа судиите да судат праведно и без одложување, а одговорните институции – конечно да дадат одговори на прашањата што веќ

Македонија | пред 1 година

IMG_5572

Во Кривичниот суд во Скопје ќе се суди предметот за пожарот во „Пулс“, одлучи Врховен суд

Во Кривичниот суд во Скопје ќе им се суди на 34-та обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ова е одлуката на Врховниот суд откако кочанскиот суд се иззема.„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“, го определи

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-24-at-21.27.16

(Видео) Бели балони за 62 изгубени животи: „Ова е опрост што не можевме да ве спасиме“

Дарко Златев, вујко на Надица – една од жртвите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, објави видео посветено на 62-та млади што ги загубија животите. Во видеото, преживеаните и роднините пуштаат бели балони во небото како симбол на простување и вечна почит. Снимката е објавена по повод 100 дена од трагедијата.„Денес не стоите тука како жртви, туку како сведоци на една болка и љубов која никогаш нема да згасне. Вашите имиња се врежани во нашите срца, вашите насмевки се нашето светло“, се вели во

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-24-at-12.27.08

„Те сакам, мајкино око. Многу, многу ми фалиш...“, мајката на загинатата Моника во „Пулс“, скршена од тага

„Те убија, мајкино…“ – со овие зборови започнува потресната објава на Верица Трифуновска, мајката на Моника Спасова, која трагично го загуби животот во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“. Нејзиниот статус, објавен 100 дена по трагедијата, е крик од дното на една уништена мајчинска душа, но и обвинение со адреса – кон системот, алчноста и бесчувствителноста.„Ја убија твојата убавина, твојата светлина што зрачеше како дијамант… Твојот живот насилно ти го одзедоа алчните и заслепени по материјалните до

Коментари | пред 1 година

monika-spasova-brlog

„Ја изгоревте мојата внука – и очекувате да молчам?“: порака од Благојчо Ѓоргиев по трагедијата во Кочани

„Вашиот распаднат и корумпиран систем ми ја изгоре внуката, а ми велите да не барам правда? Грешка сте. Не само што ќе се борам, туку ќе им направам пат. Ако треба – нека ми биде последното нешто во животот.“Ова е дел од потресната објава на кочанчанецот Благојчо Ѓоргиев – Брлог од здружението „Хендикеп“, чија внука Моника Спасова, млада мајка, беше една од жртвите во трагедијата во дискотеката во Кочани.„Ми ја одзедовте внуката што со срце и душа се запиша на факултет за безбедност. Сонуваше за

Коментари | пред 1 година

tatko-sin-edinec

(Видео) „Излезете на следниот марш, ние сме тука за вие да не одите по гробишта како нас“, рече таткото кој изгуби син единец

Таткото, кој изгуби 21-годишен син единец во пожарот во „Пулс“, упати порака до жителите на Кочани, но и сите граѓани на државата, да излезат со нив и да ги преплават улиците на следниот марш кој ќе се одржи следната недела.Тој посочи дека се бори за другите деца, за да трагедијата не се повтори, бидејќи тој останал без ништо.„Немојте да се плашете, не се плашете од смртта, страшен е животот, овој кој го живееме. Како ќе живееме ние сега? 62 деца отидоа, моето дете отиде. Прашајте како живееме н

Македонија | пред 1 година

kocani-mars

(Видео) Нов марш во Кочани – болката веќе не е тивка...

Во Кочани повторно маршираа родителите, роднините и пријателите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“. За разлика од претходните маршеви, одбележани со молк и тишина, денешниот доби поинаков тон – се слушаа исвиркувања.Од почетната до крајната точка на маршот, граѓаните ја пренесоа пораката дека трпението е при крај, а одговорноста за загубените животи – сè уште ја нема. Маршот почнува подоцна, како симбол на задоцнетата реакција на институциите.Маршот, достоинствен, јасно покажа де

Македонија | пред 1 година

puls-38

Обезбедени средства за спомен-обележје во чест на младите жртви од „Пулс“

Со амандман поднесен и усвоен денес во Собранието, обезбедени се 2 милиони денари како почетни средства за изработка на идејно решение и отпочнување на активности за подигнување на спомен-обележје во Кочани, во чест на младите кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“.Спомен-обележјето ќе биде поставено во централното градско подрачје на Кочани и ќе претставува тивок, но моќен симбол – сведоштво за загубата, потсетник за солидарноста и опомена дека ваква трагедија не сме

Македонија | пред 1 година

saport

Пристигна првата пратка компресивни костуми за повредените од „Пулс“, неопходи за лицата со длабоки изгореници и транспалтирана кожа

Организацијата „Сапорт Кочани“ денеска ја прими првата пратка со компресивна медицинска облека за повредените во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Овие специјализирани костуми се наменети за жртвите кои претрпеа тешки изгореници и се од клучно значење за нивната долготрајна рехабилитација.Пратката пристигна од „Хелт2000“ – компанија од Бугарија, а облеката е од брендот „Јузо“ – водечки германски производител со долгогодишно искуство во компресивна терапија. Заедно со донацијата во Кочани п

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-14-at-19.36.19

Потресен јавен апел од Кочани: „Клекнувам на колена – помогнете ми да ја одбранам смртта на мојот ангел!“

Со потресен јавен апел, Верица Трифунова – мајка на трагично загинатата Моника Спасова – повика на вклучување на Коалицијата за правично судење и и други невладини организации во борбата за, како што вели, правдата за нејзината ќерка и другите 62 загинати лица, кои не починале од болест, туку биле „убиени од корупцијата и криминалот“.Во нејзиниот апел, мајката директно ги повикува професорката Биљана Ивановска, професорот Злате Димовски и поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева да бидат дел

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-14-at-19.21.55

„Монструмот Деко се криел, а нашите деца умирале“ – сведоштво на мајка на жртва од „Пулс“

Васка Стојанова, мајка на загинатиот Томче, обвини дека Деко (газдата на „Пулс“ н.з.) ги оставил децата на милост и немилост при пожарот, а тој отишол во некаква скривница во објектот. Таа посочи дека вратата била затворена, а тоа одзело повеќе животи.„Јас не знам зошто партиите преку медиумите кажуваат кој што и колку дал. Господ рекол кога левата рака дава, десната не треба да знае. И обратно. На нашите деца никој и ништо не им помогна, само помогнаа со тоа што им ја затворија вратата и што мн

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-06-14-at-19.07.56

Родителите на загинатите со барање до Обвинителството

Родителите, роднините, пријателите на загинатите деца, како и нивните поддржувачи за да се изборат за правда, излегоа на уште еден марш во Кочани, а по трагедијата каде загинаа 62 лица. Упатија јавен апел од Обвинителството, да ги викне и да им објасни кои лица се обвинети, а за кои е запрена постапката. Сметаат дека за тоа треба да дознаат директно од обвинителите, а не од медиумите.„Ние не сме правници, соопштението ни е дадено по членови и закони... и реално ништо не сфативме. Претпоставувам

Македонија | пред 1 година

bekik-kuki

Кои се министрите кои се спасија од обвинение за пожарот во „Пулс“

Запрена е постапката за одговорност кај Беким Незири кој беше министер за економија од 2014 до 2016 година и Дритон Куќи, кој беше министер за економија од 2016 до 2018 година, во случајот за пожарот во „Пулс“. Ваква одлука донеле обвинителите, а Љупчо Коцевски рече дека не биле најдени докази против нив и затоа постапката се запира.Незири беше во куќен притвор што значи дека сега може да бара државата да го обештети. Куќи беше амбасадор во Норвешка кој откако стана осомничен веднаш се врати во

Македонија | пред 1 година

97A0C6C3-4D24-424B-AD62-EDE4A95437D5_1_105_c

„Задоцнија институциите“, па со задоцнување ќе почне и маршот во Кочани

Семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“ продолжуваат со организирањето на „Маршот за ангелите“ и в сабота, 14 јуни, ќе се одржи деветтиот по ред.За разлика од досегашните, овој протестен марш ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите.Организаторите на маршот истакнуваат дека тој истовремено е и за поддршка на повредените лица во трагедијата, поради што ги повикуваат и нивните блиски, роднини и пријатели да се придружат. Протестот е со единствена цел да

Македонија | пред 1 година

puls-1

Сите детали за обвинетите за пожарот во „Пулс“: Се гонат 34 лица, запрена е постапката за 11 лица, меѓу кои ексминистри и ексдиректори

Обвинителството поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, меѓу нив и шест деца. Според обвинителниот акт, со години наназад се кршеле закони, се прикривале неправилности и се дозволувало објектот да функционира, иако не ги исполнувал ниту минималните услови за безбедност. Обвинети се сопственици на дискотеката, членови на нивните семејства, архитектка, ексградоначалници, инспектори, обезбедувачи и др

Македонија | пред 1 година

puls-kocevski

„Дозволиле активирање на пиротехниката“, осомничените 13 полицајци се однесени во суд

За 13 осомничени полицајци од Штип и Кочани, се бараат мерки за обезбедување на присуство. Тие се гонат оти при акциската контрола, не спречиле да биде активирана пиротехниката. Но, истовремено, постапиле и спротивно на прописите за заштита и одобриле акциска контрола во дискотеката.„На 16 март, на место каде биле собрани поголем број на луѓе, не спречиле активирање на пиротехника на сцената каде настапила музичката група ДНК. Палењето не било пријавено во ПС Кочани, а од која пиротехника настан

Македонија | пред 1 година

97A0C6C3-4D24-424B-AD62-EDE4A95437D5_1_105_c

Денот „Д“ за одговорноста за трагедијата во Кочани: трагедија со „потпис“, ќе се обзнани кај кого е лоцирана вина

Обвинителите денеска ќе соопштат дали истрагата утврдила вина кај сите 47 осомничени лица против кои се собираа докази за трагедијата во „Пулс“ каде имаше 62 жртви. Завршени се вештачењата, анализите на одземените уреди, испитувањата на сведоци и оштетени. На прес-конференција каде ќе бидат сите кои постапувале, Обвинителството најави споделување на сите детали по однос на поднесеното обвинение. Со ова, топката се префрла во судот, кој ќе треба да го оцени обвинението и да започнат судењата.Изве

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања