Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПУТИН

Screenshot-2025-02-28-at-19.24.38

(Видео) Различен третман: Путин доби топло добредојде, Зеленски – остра критика

Рускиот претседател Владимир Путин доби сосема поинаква добредојде од американскиот претседател Доналд Трамп во споредба со украинскиот лидер Володимир Зеленски, кој годинава во февруари беше гостин во Белата куќа.Додека Зеленски беше изложен на остра и непријатна вербална офанзива од Трамп, Путин денеска се насмевнуваше додека седеше со него во претседателското возило „The Beast“.Самото патување со американскиот претседател во неговото оклопно возило се толкува како дипломатска победа за Путин, уште пред да биде изговорен и еден збор. Иако Трамп формално не постигна ништо само со доведувањето на Путин во САД, за рускиот лидер тоа е значајно – по слетувањето, прошетката по црвениот килим и симболичното седење во „The Beast“, тој веќе постигна дел од своите цели.Путин, денеска испрати порака на враќање на дипломатската сцена.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.29.18

Руски медиуми воодушевени од гестот на Трамп, што го поканил Путин да се возат во неговиот автомобил

Руски државни медиуми со воодушевување известуваат за потегот на американскиот претседател Доналд Трамп на Алјаска, каде рускиот лидер Владимир Путин, наместо да се вози со својата претседателска лимузина „Aurus“, се приклучил во оклопното возило на Трамп.Според агенцијата РИА Новости, поканата дошла директно од Трамп, а Путин без двоумење прифатил. Државната телевизија Russia 24 го протолкува потегот како јасен знак на пријателство и како „ран почеток на разговорите“ пред официјалниот дел од самитот.„Американскиот претседател беше исклучително пријателски настроен кон Путин“, оцени водител на Russia 24, додавајќи дека „историското ракување“ на пистата било уште еден силен симбол на новата етапа во односите меѓу двете земји.CNN потсетува дека ова е прв пат двајцата лидери да се сретнат лице в лице откако Трамп ја започна својата втора претседателска функција.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.42.26

(Видео) Први фотографии од средбата Трамп–Путин: делегации, прашања и возвратен одговор од Путин

На самитот во Алјаска, каде што треба да се разговара за можен крај на војната во Украина, Доналд Трамп и Владимир Путин беа фотографирани како седат еден до друг, со јасно истакната порака „Pursuing Peace“ (Обид за мир) и „Alaska 2025“ во позадината.Двајцата лидери беа придружувани од своите најблиски соработници и членови на делегациите, додека новинарите упатуваа низа прашања кон нив. Во еден момент, рускиот претседател Путин изгледаше како да возвраќа со гласен одговор на дел од прашањата.Ова е прва официјална размена лице-в-лице меѓу двајцата лидери откако Трамп се врати во Белата куќа на втор мандат, а средбата е под будно око на светската јавност.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-21.55.57

ВО ЖИВО: Следете го самитот Путин-Трамп, двајцата слетаа во Алјаска

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретнат вечерва во Алјаска.Трамп веќе слета во Алјаска, придружуван од своите најблиски соработници. Во меѓувреме, на пистата се спушти и руски владин авион.Состанокот, кој се смета за еден од најважните во обидите за завршување на војната во Украина, ќе може да се следи во живо.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.54.20

Самит во Анкореџ: Тимови за безбедност спречуваат закани и шпионажа

Кратко пред американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин да седнат на преговарачка маса, двајцата лидери се опкружени со строг безбедносен протокол кој има цел да ги заштити не само од физички закани, туку и од меѓусебна шпионажа, пренесува CNN.Поради итната организација на самитот, оваа недела во Анкореџ пристигнаа бројни федерални агенти и воен персонал задолжен за обезбедување на вакви настани со висок ризик. Главниот товар на осигурувањето го носи американската Тајна служба, но таа тесно соработува со безбедносниот тим на Владимир Путин.Дополнителното ниво на заштита го потврдуваат и податоците од интернет-услугите за следење летови, кои забележале дека утрово од локалниот аеродром полетал воен извидувачки авион Boeing E-3C, препознатлив по големата радарска купола, способен да открие воздушни закани, вклучително и авиони и проектили.Иако американските и руските тимови соработуваат во физичкото обезбедување на лидерите, зад кулисите се води „паралелна битка“ – заштита од техничко прислушување и компромитација.„Нема ни грам доверба меѓу разузнавачките служби“, изјавил висок безбедносен извор кој учествувал во обезбедување на слични состаноци. Според него, руската делегација веројатно користи „burner“ телефони и еднократни лаптопи за да избегне американско прислушување, а членовите добиваат детални инструкции за мерките на претпазливост.„Но, на Путин не му треба таква обука“, додал изворот, потсетувајќи дека рускиот претседател е поранешен офицер на КГБ.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.31

(Видео) Трамп пред средбата со Путин: „Влогот е голем“

Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша денешниот состанок со рускиот лидер Владимир Путин како средба со „високи влогови“, додека патуваше од Вашингтон кон Алјаска на седумчасовен лет.Трамп проценува дека шансите за неуспех се околу 25%, но не е јасно дали истата доза оптимизам ја дели и Путин, особено со оглед на тоа што нема многу индикации дека Москва е подготвена да се согласи на прекин на огнот, а уште помалку на поширок мировен договор.Кремљ соопшти дека очекува разговорите да траат шест до седум часа – нешто што не се совпаѓа со моменталниот распоред на Белата куќа.Трамп веќе гледа кон можен втор состанок, овојпат со вклучување на Украина и некои европски држави, но прво треба да се помине денешната голема пречка пред да се дојде до такво сценарио.

Свет | пред 6 месеци

thumbs_b_c_f218f15555346570cc9780f320fca65b

Украинци пред самитот Трамп–Путин: помеѓу надежта за мир и стравот од празни ветувања

Во пресрет на клучниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, граѓаните на Киев имаат поделени очекувања – од голема надеж за мир до длабок скептицизам, јавува CNN.ОптимиститеМеѓу оние што гледаат со оптимизам е Олесандра, која се надева на позитивен исход: „Се надевам на најдоброто. Сакам да се вратам во мирен Киев и да продолжам да живеам безбедно. Искрено верувам дека светските лидери ќе обрнат внимание на Украина, па имам големи надежи,“ вели таа.Гласови на скепсаМарја, пак, со тага зборува за состојбата на фронтот: „Сакам мир и тишина – тоа е најважно. Но гранатираат цели сиромашни области на првата линија. Толку луѓе умираат за ништо, за ништо.“Слично размислува и Оксана, која од самитот очекува само „празни ветувања“: „По неколку дена, нападите ќе продолжат како и обично. Искрено, ништо не очекувам.“Услови за мирКатерина нагласува дека приоритет е запирање на убивањата, „но под услови што се прифатливи за Украина и украинскиот народ“.ПесимиститеКостјантин изразува целосен песимизам:„Ништо не очекувам. Прво, затоа што ставот на Трамп се менува побрзо од тоа што тој може да го изговори. Второ, Путин треба да им покаже на своите граѓани дека може сè, дека знае сè и дека може да го надмудри секого. И секако, не мислам дека ќе се откажеме од нашите територии.“

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-11.11.20

(Видео) Од украински знамиња до молитви – Алјаска го пречекува самитот Трамп–Путин со поделени емоции

Додека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин се подготвуваат да слетаат во заедничката база Елмендорф–Ричардсон, 30 минути од Анкориџ, улиците во близина се исполнети со демонстранти и поддржувачи.„Путин треба да биде во затвор, а тој само така доаѓа на Алјаска,“ вели Хана Кореа, 40-годишна Украинка која се преселила во САД во 2019 година. Држејќи украинско знаме, таа признава дека се расплакала кога видела колку Американци даваат поддршка. „Тажно е што Зеленски не е поканет,“ додава таа.Во редовите на демонстрантите е и Кристофер Келихер, 53-годишен воен ветеран и жител на Алјаска: „Одвратно е… Путин не треба да е во нашата држава, а имаме идиот во Белата куќа кој ќе му се додворува.“Историјата на регионот со Москва додава тежина на средбата. Алјаска била купена од Русија во 1867 година за 7,2 милиони долари, а денес, руското културно наследство е видливо низ православните цркви. Во црквата „Свети Тихон“ во Анкориџ се одржуваат тридневни молитви, а свештеникот Николас Крегл вели: „Надеваме се оваа средба да донесе крај на конфликтот.“Меѓу поддржувачите е и рибарот Дон Кресли од градот Норт Пол: „Мислам дека е добра идеја. Би сакал да е и Зеленски тука… Трамп прави фантастична работа.“ Тој сака крај на војната „заради уништувањето на градовите и затоа што луѓето остануваат без домови, храна и средства за живот.“Сепак, напнатоста меѓу САД и Русија останува. Руски воени авиони често се пресретнувани во близина на алјасканскиот брег, а некои жители се чувствуваат изложени на ризик. „Живееме поблиску до Русија отколку до Вашингтон,“ вели Расел Вилсон од Анкориџ. „Ако претседателот не удри со тупаница по маса, би можеле да бидеме следната Украина.“

Свет | пред 6 месеци

FcbveISA2D-kako-amerikanskiot-kongres-mu-namigna-na-putin-a-mu-vrza-vrela-slakanica-na-tramp

Путин пристигна во Магадан, па продолжува кон Алјаска! Светот во очекување на историскиот самит меѓу рускиот лидер и Доналд Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во рускиот град Магадан на Далечниот Исток, пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, јавува дописникот на РИА Новости.Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претседателот ќе изврши увид во јавните работи и индустриските објекти во регионот, а ќе разговара и со гувернерот Сергеј Носов.„Потоа ќе оди во Алјаска и ќе започне руско-американската агенда“, рече тој.Растојанието меѓу Магадан и Анкориџ е околу три илјади километри, а времето на летот помеѓу градовите е околу четири часа.Според портпаролот на Кремљ, Јуриј Ушаков, Путин и Трамп ќе се сретнат во Анкориџ во петок во 22:30 часот по московско време (23:30 часот по македонско време). Самитот ќе се одржи во воената база Елмендорф-Ричардсон. Политичарите прво ќе разговараат лице в лице, потоа со учество на делегации, а разговорите ќе продолжат на работен појадок.Централната тема на средбата ќе биде решавањето на украинската криза, а страните ќе разменат мислења и за соработката меѓу Москва и Вашингтон. Лидерите ќе разговараат за задачите за обезбедување мир и безбедност, како и за прашања од меѓународната и регионалната агенда.Не се очекува потпишување документи за време на состанокот. Лидерите ќе зборуваат за постигнатите договори на заедничка прес-конференција.Објавен е распоредот на ТрампБелата куќа го објави распоредот на патувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, за средба со рускиот претседател Владимир Путин.Шефот на Белата куќа наводно пристигнува во Анкориџ во 06:45 часот (12:45 часот по македонско време).„Во 11:00 часот по локално време (21:00 часот по македонско време), Трамп ќе учествува во билатерална програма со претседателот на Руската Федерација во Анкориџ“, се наведува во документот.Според распоредот, Трамп ќе го напушти градот во 21:45 часот (03:45 часот по македонско време).Според портпаролот на Кремљ, Јуриј Ушаков, лидерите ќе ги започнат своите разговори во 21:30 часот по московско време (22:30 часот по македонско време).Руската делегација ги вклучува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, министерот за одбрана Андреј Белошов, министерот за финансии Антон Силуанов и специјалниот претседателски претставник за инвестиции и надворешно-економска соработка Кирил Дмитриев.Централна тема на самитот Путин–Трамп ќе биде решавањето на украинската криза, но ќе се дискутираат и други теми. „Секако, ќе бидат опфатени пошироки задачи за обезбедување мир и безбедност, како и актуелни и најакутни меѓународни и регионални прашања“, нагласи Ушаков.Лидерите ќе разговараат и за билатералната соработка во економската сфера: „Забележувам дека оваа соработка има огромен, и за жал, досега неискористен потенцијал“.Сè уште не е јасно дали ќе се одржи заедничка прес-конференција, но сигурно е дека лидерите на двете земји ќе се обратат на печатот.Историска средба во Алјаска – Русите слетааПрвиот руски владин авион Ил-96, кој полета од московскиот аеродром Внуково, слета во Анкориџ, според податоците на Flightradar. Според руските медиуми, можно е во него да се наоѓа група што се подготвува за самитот меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.Втор авион со 52 руски новинари полета од Москва синоќа во 17:30 часот. Новинарите на аеродромот ги пречека Ил-96, во кој се наоѓаше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Меѓу патниците е и рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, кој тивко спомена дека се вратил од одмор.Новинарите ќе бидат сместени на стадионот „Сали“ во Анкориџ.Средбата меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп во Алјаска ќе започне во 21:30 часот по московско време (22:30 часот по македонско време) со средба еден на еден, на која, освен лидерите, ќе учествуваат само преведувачи, изјави на брифинг помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков. Двајцата претседатели ќе ги продолжат разговорите на работен појадок.

Свет | пред 6 месеци

putin-2

Трамп и Путин во Алјаска – различни цели, заедничка сцена

Денешниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Анкориџ, Алјаска, ќе ги седне двајцата на маса со спротивставени приоритети, но и со заедничка желба за меѓународно внимание.За Путин, самото одржување на средбата е победа – признавање дека обидите на Западот да го изолираат не успеале. Алјаска е внимателно избрана локација: без прелетување над „непријателски“ земји, далеку од Украина и Европа, со историска симболика за менување граници. Рускиот лидер инсистира на задржување на сите освоени територии во четири украински региони, иако Киев тоа го смета за неприфатливо.За Трамп, кој уште во кампањата ветуваше дека „ќе го заврши војната за неколку дена“, средбата е шанса да ја игра улогата на глобален миротворец – и можеби да се доближи до Нобелова награда за мир. Сепак, неговите изјави се колебливи: од нарекување на разговорите „слушателна сесија“ до оптимистички најави дека и Путин и Зеленски сакаат мир.Украина и европските сојузници стравуваат од можен „land-swap“ договор – територијални концесии во замена за прекин на огнот. За Путин, тоа би значело дипломатска победа; за Трамп – историски момент за кој ќе може да тврди дека донел мир. Но дали Киев би прифатил такво нешто останува неизвесно.„Мислев дека ова ќе биде најлесната војна за решавање“, призна Трамп во Овалната соба ден пред патувањето. „Излезе дека е најтешката.“

Свет | пред 6 месеци

putin

Кремљ: Нема да има усвојување на конечен документ по средбата Путин–Трамп

Кремљ денеска соопшти дека од утрешниот состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, што ќе се одржи во Алјаска, не се очекува усвојување на конечен документ.Портпаролот Дмитриј Песков, за државната агенција ТАСС и други руски медиуми, изјави дека „ништо не е подготвено“ и дека е малку веројатно да биде потпишан било каков договор. Сепак, најави заедничка прес-конференција по завршувањето на самитот, на која Путин ќе ги изнесе „неколкуте спогодби и договори што ќе бидат постигнати“.Песков посочи дека подготовките за средбата се одвивале во ограничено време, а разговорите за војната во Украина засега се водат на билатерално ниво, со тоа што ставот на Киев ќе се разгледува на подоцнежна фаза. Тој го оцени како „продуктивен“ претходниот состанок на Путин со специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, во Москва, наведувајќи дека токму тој го отворил патот кон утрешниот самит.Портпаролот предупреди дека би било „голема грешка“ да се брза со прогнози за исходот на разговорите и повика да се почека и да се види како ќе тече средбата. Во коментар за рускиот новинар Павел Зарубин, објавен на „Телеграм“, Песков откри дека Путин ќе посети една руска област пред патувањето за Алјаска.Состанокот меѓу Путин и Трамп ќе се одржи во базата Елмендорф–Ричардсон, во Анкориџ, најголемиот град на Алјаска.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-19-at-18.12.15

Загриженост во Украина пред средбата Трамп–Путин: „Стравуваме од договор на наша сметка“

Претстојниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, закажан за 15 август на Алјаска, предизвикува силни реакции и загриженост во Украина. Претседателот Володимир Зеленски во видео-обраќање порача дека „секоја одлука донесена без Украина е одлука против мирот“ и нагласи дека таквите договори нема да донесат трајно решение.Анкета на Киевскиот меѓународен институт за социологија покажува дека 76% од Украинците одлучно го одбиваат рускиот „мировен план“ и сите отстапки кон агресорот, додека 49% се против американска верзија на планот која би значела признавање на Крим како дел од Русија, задржување на окупираните територии под руска контрола и укинување на санкциите.Аналитичарите предупредуваат дека разговорите без учество на Киев и европски претставници би можеле фактички да значат капитулација на Украина. Политикологот Володимир Горбач вели дека Москва нема да ја смени својата преговарачка позиција без сериозни воени и политички порази, а преговори без притисок врз Русија се „осудени на пропаст“.Дмитро Левус од Центарот „Украински меридијан“ потсетува дека Трамп и порано се обидувал да наметне брз мир преку капитулација на Украина, но дека санкциите против Русија не можат едноставно да се укинат, бидејќи поголемиот дел од нив се воведени од Европа.Опозициската пратеничка Ирина Херашченко предупредува дека прифаќање на руска окупација би било „црвена линија“ и сигнал за неказнивост на агресијата, што би отворило пат за нови конфликти.Од владејачката партија „Слуга на народот“, пак, дел од пратениците гледаат позитивна страна – можност конечно да се види вистинската позиција на Москва, а во случај на неуспех, потенцијално воведување построги американски санкции.Експертите, сепак, сметаат дека средбата на Алјаска најверојатно ќе заврши со „разговори заради разговори“ и евентуална заедничка изјава за продолжување на дијалогот, без суштински пробив во војната меѓу Украина и Русија.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-28-at-19.24.38

WSJ: Трамп не сакал Зеленски на самитот со Путин за да не се нарушат преговорите

Американскиот претседател Доналд Трамп изразил загриженост дека присуството на украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот во Алјаска би можело да ги наруши преговорите со рускиот лидер Владимир Путин, објави Wall Street Journal повикувајќи се на извори запознаени со неговиот разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц.Според весникот, европските претставници првично барале на средбата во Алјаска да присуствува и директен претставник на Европа или генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, заедно со Зеленски. Барањето било повлечено по разговорот меѓу Мерц и Трамп, иако европските лидери јавно го охрабруваа Зеленски да учествува во какви било преговори со Путин.Извор на WSJ тврди дека Трамп сметал оти присуството на Зеленски би можело да создаде тензии уште на почетокот на преговорите. Германските организатори на конференцијата велат дека Трамп се согласил по средбата со Путин најпрво да го извести Зеленски, а потоа и европските лидери кои учествувале на состанокот во средата.„Во моментов, Трамп навистина држи сè во свои раце. Тој е тој што преговара со Путин и сака да постигне договор“, изјавила Фиона Хил, поранешна советничка за Русија во првиот мандат на Трамп, која учествувала и на неговата последна средба со Путин во 2019 година. Таа додала дека Трамп често нагласува дека сака да го запре убивањето на фронтот и дека тоа го мотивира.„Она што Трамп не го разбира е дека Путин нема иста емпатија како него – Путин сака да ги постигне своите максимални цели за да ја осигура својата оставштина како ‘Владимир Велики’ и е подготвен да нареди и спроведува масовни убиства, додека Трамп сака да го запре војувањето и да ја освои Нобеловата награда за мир“, рекла Хил.Според медиумските извештаи, Трамп им порачал на Зеленски и на европските лидери дека целта на средбата со Путин е постигнување прекин на огнот и подобро разбирање на можностите за склучување сеопфатен мировен договор. Зеленски потврдил дека Трамп ќе го повика по средбата со рускиот претседател.Трамп исто така изјавил дека, доколку разговорите во Алјаска бидат успешни, ќе организира втора средба на која ќе биде поканет и Зеленски.

Свет | пред 6 месеци

putin-x-epa

Што навистина сака Путин од Трамп на Алјаска? Не станува збор за мир во Украина

Малкумина очекуваа дека Алјаска ќе стане сцена за клучен самит на американскиот и рускиот лидер. Но токму таму, во најголемата и најоддалечената американска држава, утре ќе се сретнат претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин на еден од потенцијално најважните состаноци во нивните мандати.Во Москва, каде провладините пропагандисти веќе ја слават користа што ќе ја донесе овој самит, владее чувство на големо исчекување, пишува CNN.За Кремљ, самото одржување на самитот со американскиот претседател е огромна победа.„Никој повеќе не зборува за меѓународната изолација на Русија, ниту за нашиот стратешки пораз“, напиша влијателниот провладин воен блогер Александар Коц, додавајќи дека средбата на Алјаска има „сите шанси да стане историска“.Средбата му овозможува на Путин да се врати на главната маса на меѓународната дипломатија, пркосејќи на оние што сакаат да го бојкотираат или уапсат под обвиненија за воени злосторства во Украина.Изборот на Алјаска како локација е вистински мамец за руските националисти кои и денес тврдат дека таа територија е „историски нивна“. Алјаска, некогашен посед на Руското Царство, била продадена на САД во 1867 година за тогашни 7,2 милиони долари – цена што во Москва и денес ја сметаат за понижувачка.Дополнителен оган запалија изјавите на Трамп воочи самитот, кога по грешка рече дека патува во „Русија“ на средба со Путин – што руските медиуми го протолкуваа како признавање дека Алјаска е „наша“.За остатокот од светот, фокусот на овој самит е исклучиво војната во Украина и прашањето дали Русија е подготвена за вистински отстапки. Белата куќа порача дека Трамп ќе се концентрира на завршување на конфликтот.Вчера, по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери, Трамп вети „многу тешки последици“ доколку Путин одбие да ја прекине војната. Но Кремљ, кој се чувствува доминантно на украинското бојно поле, досега не покажал знаци на компромис.Поверојатно е дека Путин има друга агенда. Се појавија детали за наводна руска мировна понуда според која Киев би се откажал од делови на Донбас во замена за прекин на огнот – предлог што украинското раководство категорично го одби.„Немам право да ја предадам својата земја“, порача Зеленски, кој не е поканет на самитот. „Ако денес го напуштиме Донбас, нашите утврди и позициите што ги контролираме, ќе им го отвориме патот на Русите за нова офанзива.“Сепак, Трамп изгледа отворен за идејата „територија за мир“, дури и ако е неповолна за Украина – што му отвора можност на Путин да ги прикаже Киев и Европа како главна пречка за мир, поткопувајќи ја американската поддршка за Украина.Белата куќа се обиде да ги намали очекувањата, опишувајќи ја средбата како „испитување на теренот“. Тоа на Путин совршено му одговара – бидејќи токму Кремљ ја побара средбата, веројатно за да одложи нови американски царини и санкции.Разговорите со Трамп може да му послужат да го одвлече прашањето за Украина во втор план и да отвори простор за поширок „рестарт“ на односите со Вашингтон, што би ги поделило западните сојузници.Фактот дека во руската делегација ќе биде и главниот економски пратеник на Кремљ, Кирил Дмитриев, укажува дека на маса ќе бидат и теми за економска соработка. Ако Путин успее, „украинското прашање“ би можело да стане само една од темите – и тоа не најитната, заклучува CNN.

Свет | пред 6 месеци

putin-dimitrov

Пратеник на Путин: За мир во светот мора да се исправат грешките на Бајден

Кирил Дмитриев, економски пратеник на рускиот претседател Владимир Путин и клучна фигура во преговорите за Украина, изјави дека одлуките на поранешниот американски претседател Џо Бајден мора да се исправат за да се постигне мир во светот, пренесува RT.Дмитриев, кој е и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF), на социјалната мрежа X коментираше објава на Белата куќа во која Доналд Трамп се нарекува „Претседател на МИРОТ“. Во истата објава се наведуваат и неколку светски лидери кои побарале Трамп да добие Нобелова награда за мир.Рускиот функционер ја поддржа пораката, напишувајќи: „На светот му се потребни мир и безбедност. Грешките на Бајден треба да се исправат.“ Трамп повеќепати го опиша војната во Украина како „Бајденова војна“, нагласувајќи дека планира да ја заврши и тврдејќи дека таа никогаш немало да започне доколку тој бил претседател во 2022 година.Дмитриев има значајна улога во мировниот процес за Украина и минатата недела беше домаќин на специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, за време на неговата посета на Москва. Потоа Виткоф одржа тричасовни разговори со Путин, кои Кремљ ги оцени како „реални и конструктивни“, додавајќи дека САД изнеле „прифатлива“ понуда за можен договор за Украина.По тие разговори, Путин и Трамп се договорија да одржат самит во Анкориџ, Алјаска, на 15 август. Американскиот претседател го опиша настанот како „пробна средба“, сугерирајќи дека разговорите би можеле да бидат насочени кон потенцијален договор за размена на територии меѓу Русија и Украина.Сепак, во саботата Дмитриев предупреди дека одредени земји, заинтересирани за продолжување на конфликтот во Украина, би можеле да се обидат да го саботираат самитот преку „провокации и дезинформации“.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања