Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПУТИН

media-libraryltqlv31qvt8g4kFoTUi

Аналитичар за можен напад на САД врз Иран: Трамп има трпение само кон Путин

Надворешнополитичкиот аналитичар Денис Авдагиќ во изјава за N1 Televizija оцени дека евентуален напад на Соединетите Американски Држави врз Иран денес не е невозможно сценарио, иако пред неколку години би било тешко замисливо.Тој потсети дека минатата година веќе бил изведен ограничен напад врз ирански нуклеарни постројки, што, според него, покажува дека постои подготвеност за таков чекор. „Ако се оди кон уништување на нуклеарниот и ракетниот потенцијал, тоа веројатно би траело со недели и би предизвикало голем хаос низ Блискиот Исток“, изјави Авдагиќ.Осврнувајќи се на улогата на американскиот претседател Доналд Трамп, тој нагласи дека доколку Трамп ги оствари поставените цели, прашањето може брзо да биде тргнато од дневен ред. Како пример ја посочи Панама, која, според него, престанала да биде тема откако биле постигнати посакуваните резултати. Во случајот со Иран, клучно прашање е запирањето на нуклеарната програма, а доколку на преговарачката маса не се отвори прашањето за опстанокот на режимот, можно е да се постигне договор.Авдагиќ оцени дека Иран има интерес за преговори, пред сè поради ослабената меѓународна и внатрешна позиција. Тој додаде дека Трамп нема многу трпение, „освен во случајот со Русија и Владимир Путин“, и дека кон останатите земји настапува поинаку. Како показател за зголемените тензии ја наведе и присутноста на американски воени бродови во близина на Иран.Во анализата се осврна и на испраќањето на медитеранската комесарка Дубравка Шуица на првиот формален состанок на Одборот за мир во Вашингтон, потег што наиде на критики, особено од Франција. Според него, најгласни ќе бидат земјите што не учествуваат на состанокот. Хрватска и Италија ќе имаат статус на набљудувачи, што, како што посочи, не е спорно и не претставува исто што и полноправно членство.

Свет | пред 5 дена

merc

Мерц: Војната ќе заврши дури кога едната од двете страни ќе биде исцрпена, воено или економски

Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека шансите за брз крај на војната во Украина преку преговори се мали.Тој за германските весници НБР и „Рајнфалц“ изјави дека според неговата проценка војната ќе заврши дури кога едната од двете страни ќе биде исцрпена, „било воено или економски“.„Разумот и хуманитарните аргументи нема да го убедат рускиот претседател Владимир Путин. Тоа е горчлива вистина“, рече Мерк.Според неговите зборови, целта на европските напори е „да се спречи руската држава да ја продолжи воената акција и неговото финансирање“, пренесува Шпигел. Мерц истакна дека смета за практично невозможно нормалните односи со Путин некогаш да се вратат.„Кога ќе го погледнам овој режим и овој слеп, лут терор, имам малку надеж“, наведе германскиот канцелар.Според Мерк, руската „владејачка елита“ не може без војна во блиска иднина и мора да ја одржува воената машинерија во функција затоа што немаат план што друго да прават со стотици илјади војници, од кои некои се тешко трауматизирани, кога се враќаат од фронтот.

Свет | пред 5 дена

media-libraryg8tf4rvi3utldkAVnRX

Зеленски: Никој не може да гарантира дека Путин нема повторно да нападне

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека никој не може да гарантира дека лидерот на Русија, Владимир Путин, нема да започне нов напад врз Украина.„Значи, денес никој не може да ни даде, знаете, цврст збор – со сето почитување кон моќниот американски претседател и кон Америка во целина. Мислам, Америка е силна земја, со должно почитување, и ни се потребни нивните безбедносни гаранции. Но дури и со сето тоа, никој не може да ни каже ниту да ни даде збор дека Путин нема повторно да се врати“, рече Зеленски во големото интервју за Пирс Морган.Зеленски нагласи дека на Украина ѝ се потребни силни безбедносни гаранции.„Кога зборуваме за безбедносни гаранции, мислиме на тоа дека ни се потребни силни безбедносни гаранции, односно дека остатокот од светот или некои земји ќе бидат подготвени да одговорат на Путин ако се врати со својата агресија“, наведе претседателот на Украина.Тој исто така наведе дека САД ѝ нудат на Украина безбедносни гаранции на 15 години, но дека Киев бара обврска за период подолг од 20 години.

Свет | пред 5 дена

media-libraryr1ctvgropaf506sEbsK

Францускиот министер: Путин е подготвен да употреби хемиско оружје против својот народ

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека рускиот претседател Владимир Путин бил подготвен да употреби хемиско оружје против сопствениот народ, повикувајќи се на најновите заклучоци на западните земји во врска со смртта на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални.Според заедничката изјава на владите на Обединето Кралство, Франција, Германија, Шведска и Холандија, Навални пред две години бил отруен во казнена колонија со смртоносен нервен агенс. Властите во Москва ги отфрлија обвинувањата и негираа каква било одговорност за неговата смрт.„Пред две години Алексеј Навални почина од труење со еден од најсмртоносните нервни агенси. Сега знаеме дека Владимир Путин е подготвен да употреби хемиско оружје против сопствениот народ за да остане на власт“, напиша Баро во објава на социјалната мрежа Икс, пренесува Reuters.

Свет | пред 1 седмица

zelenski-putin

Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски можна само во Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека контакт меѓу претседателот Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин е можен само во Москва, пренесе руската агенција Интерфакс.Песков на прес-конференција беше запрашан дали Кремљ ја разгледува можноста за организирање средба меѓу Зеленски и Путин „на неутрална територија“.„Зеленски предлага контакт, Путин рече дека тоа е можно во Москва. Овој став останува наш став.“Песков го опиша ставот на Москва како „прилично доследен“.„Остануваме отворени за преговори. Работата се спроведува преку работни групи. Го поздравуваме тоа и сме подготвени да продолжиме со оваа работа во интерес на решавање на состојбата во Украина.“Зеленски претходно повеќепати повтори дека ниту Русија ниту Белорусија не доаѓаат предвид како можна локација за средба.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Европски процени: Руските загуби нагло растат, мобилизацијата станува неизбежна опција

Бројот на руски војници загинати во борбите против Украина во последните неколку недели бележи нагло зголемување, а доколку ваквиот тренд продолжи, Кремљ би можел да се соочи со сериозни тешкотии во надоместувањето на загубите без нов бран мобилизација, покажуваат процени на повеќе европски влади, објави „Блумберг“.Украинскиот министер за одбрана Михајло Федоров изјави дека украинските сили во декември убиле околу 35.000 руски војници. Тој наведе дека целта на Киев е до лето тој број да се зголеми на 50.000 месечно, што би значело речиси двојно зголемување на месечниот просек што НАТО го пресметал за 2025 година.Според европските процени, зголемената ефикасност на украинската армија е резултат пред сè на интензивната и прецизна употреба на дронови. Во последниот период, односот меѓу загинати и ранети значително се поместил во корист на смртните исходи, што дополнително ја усложнува можноста за надоместување на загубите. Извори запознаени со процените наведуваат дека бројот на загинати достигнал рамниште со тековната регрутација, што би можело да го принуди Кремљ на нов мобилизациски потег.Сепак, ваквата одлука се смета за политички исклучително чувствителна. Рускиот претседател Владимир Путин досега избегнуваше повторување на мобилизацијата од септември 2022 година, кога беа повикани околу 300.000 резервисти, потег што предизвика масовно напуштање на земјата и зголемено незадоволство во руското општество.Европските анализи ја проблематизираат и нарацијата што Москва ја пласира во јавноста, а која повремено ја повторува и американскиот претседател Доналд Трамп, според која руската предност на теренот ја прави победата неизбежна. Напротив, растечките загуби би можеле да ја ослабнат преговарачката позиција на Путин во наредните месеци.Прашањето за територијата останува централно во мировните разговори што ги посредуваат САД. Русија инсистира Украина да го отстапи целиот Донбас, вклучувајќи ги регионите Доњецк и Луганск, дури и деловите кои руската армија не успеала да ги заземе. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли оваа можност, но посочи дека безбедносните гаранции од САД би можеле да бидат клучни за спречување нов напад по евентуален прекин на огнот.Иако руските сили продолжуваат со масовни ракетни и дронски напади врз украинската енергетска инфраструктура, оставајќи големи делови од земјата без струја и греење во зима, напредокот на боиштето останува минимален. На фронтот долг околу 1.000 километри нема значајни стратешки пробиви, а борбите главно се сведуваат на тактички судири.Клучен фактор во новата динамика на војната станува токму технологијата на дронови. Според извештај на латвиските безбедносни служби, дроновите моментално се одговорни за 70 до 80 проценти од сите загинати и ранети во руската и украинската армија. Оваа технологија овозможува постојано извидување, корекција на артилериски оган и прецизни напади, со што драстично се менува односот на силите на теренот.

Свет | пред 3 седмици

media-librarylopl44v484te8WiA11z

Кина директно го поттикнува најсмртоносното оружје на Путин

Кина испраќа клучна технолошка опрема што ѝ помага на Русија во развојот и производството на хиперсонични ракети со нуклеарни способности, оружје кое може да погоди цели во Европа за помалку од 20 минути. Станува збор за специјализирани CNC машини и други компоненти неопходни за изработка на боеви глави и прецизно наведувано оружје.Според „Телеграф“, Русија неодамна го употребила проектилот „Орешник“, кој достигнува брзина од околу 12.875 километри на час и може да носи шест боеви глави со различни цели. Украинските власти и безбедносни аналитичари предупредуваат дека станува збор за сериозна закана за Западот, додека Москва тврди дека ракетата е невозможно да се собори.Клучна улога во зголемувањето на производството има кинеска карусел-струг машина, идентификувана во руската фабрика во Воткинск, главен погон за производство на ракети, кој е под западни санкции. Таму, покрај „Орешник“, се произведуваат и „Искандер-М“ и интерконтиненталните ракети „Топол-М“.Анализите покажуваат дека Кина ѝ испорачала на Русија технологија и опрема во вредност од околу 10,3 милијарди долари, вклучувајќи микрочипови, мемориски плочки, куглични лежишта и компоненти за радари и електронско војување. Дел од овие производи се на списокот на високоприоритетни стоки чиј извоз во Русија е забранет од повеќе западни земји, но Кина не ги прифати тие санкции.Експертите оценуваат дека без пристап до кинеската технологија и пазар, Русија би имала сериозни тешкотии да го одржи темпото на военото производство и модернизацијата на одбранбената индустрија. Пекинг, пак, ги отфрла обвинувањата, наведувајќи дека не придонесува за ескалација на војната и не профитира од конфликтот во Украина.

Свет | пред 3 седмици

media-librarydnnqm6i9k13tck8SYt4

Орбан: Постигнав договор со Трамп, Путин и Ердоган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека без интервенција на владата сметките на домаќинствата би се зголемиле за околу 30 отсто поради екстремно студеното време, нагласувајќи дека државните мерки се клучни за заштита на граѓаните. Во редовното утринско интервју на радиото „Кошут“, Орбан рече дека постигнал договор со американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за натамошно снабдување на Унгарија со евтин гас.Според Орбан, претстојните избори во април ќе бидат одлучувачки за опстанокот на намалените цени на енергенсите, за кои тврди дека Брисел сака да ги укине. Тој истакна дека рускиот гас е неопходен за одржување на сегашното ниво на цени и дека Унгарија има рок од околу година и пол за да најде начин да ја заобиколи забраната на Европската унија.Европската унија оваа недела усвои регулатива со која постепено се укинува увозот на природен гас од руски гасоводи и течен природен гас. Целосната забрана за увоз на течен гас треба да стапи на сила на почетокот на 2027 година, додека забраната за увоз преку гасоводи е предвидена за есента истата година. Орбан оцени дека доколку Унгарија не најде решение во предвидениот рок, домаќинствата ќе се соочат со сериозен хаос, додавајќи дека со оваа одлука Брисел, според него, настојува да ѝ помогне на Украина.Тој посочи дека Европската унија не би требало да се меша во трговските прашања, освен кога станува збор за санкции, за кои, како што нагласи, е потребна согласност од сите земји членки. Истовремено додаде дека за трговските одлуки не е потребна едногласност.Осврнувајќи се на Украина, Орбан потсети на планот за нејзино обновување, со кој од Европа се бараат стотици милијарди евра. Според него, целта е во Унгарија да дојде на власт проукраинска влада, што, како што тврди, би го уништило унгарското стопанство, а поради географската близина со Украина, најмногу би страдале токму унгарските граѓани.Орбан оцени дека Украина не ја зајакнува, туку ја ослабува Европа и дека таа треба да се задржи во, како што рече, преодна состојба. Тој порача дека во Брисел се води битка која мора да се добие, наведувајќи дека како што Унгарија, според него, ја добила битката околу миграциите, така може да ја добие и битката околу членството на Украина во Европската унија. Премиерот изрази уверување дека и западноевропските земји ќе се спротивстават и ќе ги принудат своите лидери да не ги поддржуваат, како што ги нарече, погрешните политики, нагласувајќи дека за тоа најпрво е потребна победа на домашен терен, а потоа и во Брисел.

Свет | пред 3 седмици

putin-094091

Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп лично го замолил Путин да се воздржи од напади врз Киев една недела со цел да се создадат поволни услови за преговори.На прашањето дали Путин се согласува со предлогот, Песков одговори: „Да, секако. Тоа беше лично барање од претседателот Трамп“.Претседателот на САД вчера изјави дека неговиот руски колега се согласил со неговото барање да не се напаѓа Киев и другите украински градови и места една недела.„Јас лично го замолив претседателот Путин да не го напаѓа Киев и другите градови и места една недела“, рече Трамп на брифинг за медиумите, нагласувајќи дека Украина се соочува со екстремно ниски температури. „И тој се согласи. Морам да ви кажам, тоа беше многу убаво. Многу луѓе ми рекоа – не губете време на тој повик. Но, јас го направив тоа“, додаде тој.Претседателот на САД не разјасни кога или на кој начин го упатил тоа барање до Путин, ниту на кој датум треба да стапи на сила наводното прекин на огнот. Коментарите на Трамп, исто така, следеа по шпекулациите дека Киев и Москва се согласиле на пауза во нападите врз енергетската инфраструктура на другата страна, иако ниту една страна не ги потврди тврдењата ниту ја коментираше изјавата на Трамп.По објавата на Трамп, се огласи украинскиот претседател Володимир Зеленски.„Важна изјава од американскиот претседател за можноста за обезбедување безбедносна заштита на Киев и другите украински градови во текот на овој екстремен зимски период. Снабдувањето со електрична енергија е основа на животот. Ги цениме напорите на нашите партнери кои ни помагаат да ги заштитиме животите. Ви благодариме, претседателе Трамп! Нашите тимови разговараа за ова во Обединетите Арапски Емирати. Очекуваме спроведување на постигнатите договори. Чекорите кон деескалација придонесуваат за вистински напредок кон завршување на војната“, напиша Зеленски

Свет | пред 3 седмици

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

„Путин не го повикал Зеленски и не му понудил никакви средби“, вели Песков

Рускиот претседател Владимир Путин не го повикал украинскиот претседател Володимир Зеленски никаде, ниту му понудил средби, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.„Путин не го повикал Зеленски проактивно никаде и не му понудил никакви средби. Ги гледавме и слушнавме и овие изјави. Многу изјави имаше изминатите денови, всушност, изминатите часови“, рече Песков на новинарите, одговарајќи на прашањето каква е реакцијата на Кремљ на повикот што Зеленски во видео-изјава му го упати на Путин за непосредна средба на мировни преговори во Киев, пренесува агенцијата РИА Новости.Зеленски претходно денес во видео-изјава објави дека е подготвен за средба со Путин во Киев, на што помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков рече дека Путин повеќепати претходно изјавил дека Зеленски може да дојде во Москва, ако е отворен за дијалог.Украинскиот претседател денес изјави дека е подготвен за средба со рускиот претседател Владимир Путин во рамки на мировните преговори, но ја исклучи можноста таквата средба да се одржи во Москва или Белорусија, повикувајќи го Путин да дојде во Киев „ако смее“.„Апсолутно е невозможно да се сретнам со Путин во Москва. Тоа би било исто како средба со Путин во Киев. Може исто така да го повикам во Киев – нека дојде. Јавно го повикувам, ако смее, секако“, рече Зеленски, пренесе Униан.

Свет | пред 3 седмици

zelenski-putin

Зеленски ја одби Москва: Нека дојде Путин, ако смее!

Украинскиот претседател изјави дека не било склучено директно договор со Русија за енергетските удари.„Ако престанат да ја напаѓаат нашата инфраструктура, ние нема да ја нападнеме нивната“, рече тој.Исто така, тој ја одби руската покана да отпатува во Москва, исклучувајќи ја и Белорусија како можно место за средба со Путин.Наместо тоа, Зеленски го повика рускиот лидер во Киев, додавајќи „Aко смее, секако“.

Свет | пред 3 седмици

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Трамп: Путин се согласи да престане со напади врз Киев и другите градови

„Особено го замолив претседателот Путин да не го гаѓа Киев и другите градови и населби. И тој се согласи. Морам да кажам, тоа беше многу убаво“, рече Трамп на брифинг за новинари, посочувајќи дека Украина се соочува со екстремно ниски температури.Сепак, американскиот претседател не даде детали за тоа кога и на кој начин му го упатил барањето на Путин, ниту од кој датум би требало примирјето да стапи на сила. Неговите коментари следуваа по шпекулации дека Киев и Москва се договориле за привремена станка во нападите на енергетската инфраструктура, иако ниту една страна официјално не потврдила такво нешто.Меѓутоа, украинското воено воздухопловство соопшти дека руските сили во ноќта лансирале над 100 дронови врз Украина, со 18 потврдени удари во различни региони.Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека Русија смета за неприфатливо примирје по барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Постојат и непотврдени информации дека и руските и украинските сили добиле усна наредба за привремена обустава на напади на енергетската инфраструктура.Според про-кремљански блогер, руските војници добиле забрана за гаѓање на инфраструктурни објекти низ Украина, вклучувајќи ги Киев, термоцентрали, хидроелектрани и складишта за гас, нафта и гориво, со забрана која би траела до 3 февруари. Слична усна наредба, според украински медиуми, наводно била упатена и до украинските сили да не напаѓаат руска енергетска инфраструктура.Тие шпекулации се поврзуваат со трилатералните преговори одржани на 23 и 24 јануари во Абу Даби, на кои учествувале и САД. Financial Times пишува дека станувало збор за можно запирање на руските напади врз украински енергетски објекти во замена за воздржување на Киев од удари врз руските нафтени постројки и танкери, но некои украински извори предупредуваат дека конечен договор нема и дека евентуалната пауза би била краткотрајна.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryjf6epn3bng7r3MkNoeO

Кремљ е подготвен за средба Зеленски-Путин, но со еден услов

Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе мора да отпатува во Москва ако сака директна средба со рускиот претседател Владимир Путин. Ушаков додаде дека Москва е подготвена да му гарантира безбедност и сите потребни услови за работа на Зеленски.Изјавата следува по подготвеноста на Зеленски да разговара со Путин за два клучни прашања во мирниот процес: територијално решение и иднината на нуклеарната централа Запорижја, која е под руска окупација.Следниот круг дипломатски разговори, во кој учествуваат Украина, Русија и САД, се очекува да се одржи на 1 февруари. Висок американски претставник посочи дека директна средба меѓу Зеленски и Путин, евентуално со учество на Доналд Трамп, „не е невозможна“.Историјата покажува дека досега биле направени повеќе обиди за директни разговори, но Москва често наоѓала причини за одложување. Последната лична средба меѓу Зеленски и Путин се случила во Париз во декември 2019 година, во рамките на Нормандискиот формат, а откако Русија ја започна целосната инвазија во февруари 2022, директни разговори не се воделе.

Свет | пред 3 седмици

media-libraryflk78kl44c1g0BvleKZ

Руте: Путин би бил задоволен од европска војска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли повиците на дел од европските лидери за формирање посебна европска војска, оценувајќи дека таквата идеја би го ослабнала трансатлантскиот сојуз и би му одела во прилог на рускиот претседател Владимир Путин. Обраќајќи се во Европскиот парламент во Брисел, Руте порача дека заговорниците на европски сили одвоени од НАТО „можат да продолжат да сонуваат“, нагласувајќи дека безбедноста на Европа треба да се зајакнува во рамки на алијансата предводена од САД.Руте истакна дека европските земји треба да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност, како што бара американскиот претседател Доналд Трамп, но предупреди дека создавањето паралелни воени структури би довело до преклопувања, недостиг од кадар и дополнителна компликација на одбранбениот систем. Според него, токму таквото сценарио би било „воодушевување за Путин“.Во изминатите недели, шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес и еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус јавно говореа за можноста од европска војска, но Руте, иако без директно именување, јасно ја отфрли таа идеја.Тој оцени дека доколку Европа навистина сака целосна воена самостојност, трошоците би биле значително поголеми од пет проценти од бруто-домашниот производ, колку што земјите членки на НАТО се обврзаа да издвојуваат за одбрана. Руте предупреди дека тоа би значело и изградба на сопствени нуклеарни капацитети, со трошоци од милијарди евра, како и губење на американскиот нуклеарен чадор, кој го нарече краен гарант на слободата.Покрај тоа, генералниот секретар на НАТО информираше дека со американскиот претседател договорил два „работни правци“ за намалување на тензиите меѓу Европа и Вашингтон, особено во контекст на Гренланд. Првиот се однесува на тоа НАТО колективно да преземе поголема одговорност за одбраната на Арктикот и да спречи зголемено влијание на Русија и Кина во регионот. Вториот правец, според Руте, ќе се одвива надвор од НАТО и ќе опфати продолжување на разговорите меѓу САД, Данска и Гренланд.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп по разговорите со Зеленски испрати порака до Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата порака до рускиот претседател Владимир Путин е јасна – војната во Украина мора да заврши, по, како што рече, „добри“ разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски одржани во Давос во четвртокот.Американски и украински претставници веќе со недели водат интензивни дипломатски активности меѓу различни престолнини, во период кога Киев се соочува со засилен притисок од администрацијата на Трамп да обезбеди мировен исход на речиси четиригодишниот конфликт, и покрај ограничените сигнали дека Москва е подготвена да ги прекине борбите.По средбата со Зеленски, која траела околу еден час, Трамп изјави дека разговорот бил „добар“, без да навлезе во детали за содржината. Еден ден претходно тој оцени дека можен договор е „разумно близу“.„Мислам дека средбата со претседателот Зеленски беше добра. Ова е процес што трае“, изјави Трамп пред новинарите, додавајќи дека американските пратеници денеска патуваат во Москва на разговори. На прашањето каква порака му испраќа на Путин, Трамп одговори: „Војната мора да заврши.“Зеленски претходно оваа недела најави дека ќе отпатува во Давос само доколку постои можност за потпишување договори со Трамп за американски безбедносни гаранции и финансирање на повоената обнова на Украина, но по средбата немаше индикации дека е постигнат конкретен напредок.Двајцата лидери се сретнале лице в лице приближно шест пати откако Трамп минатата година се врати во Белата куќа и ја смени американската политика кон Украина, отворајќи простор за дипломатија со Русија.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања