Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПУТИН

nafta

„Ројтерс“: Трамп и нареди на Европа да прекине со увоз на руска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на европските лидери дека мора да го прекинат увозот на руска нафта, затоа што на тој начин ѝ помагаат на Москва да го финансира војувањето во Украина, пренесе „Ројтерс“ повикувајќи се на висок претставник на Белата куќа.Републиканскиот претседател се приклучи на состанокот на „коалицијата на подготвени“, предводена од францускиот претседател Емануел Макрон, на кој тема беа безбедносните гаранции во случај на мировен договор со Русија.„Претседателот Макрон и европските лидери го поканија претседателот Трамп на нивниот состанок. Трамп нагласи дека Европа мора да престане да купува руска нафта со која се финансира војната – бидејќи Русија само за една година инкасирала 1,1 милијарда евра од продажба на гориво на ЕУ,“ изјавил претставникот на Белата куќа.Американскиот претседател посочил и дека европските држави треба да создадат економски притисок врз Кина поради нејзината поддршка на Москва. Европската комисија предложи целосен прекин на увозот на руски гас и нафта до 1 јануари 2028 година.Според „Ројтерс“, Трамп е фрустриран поради тоа што не успева да го запре конфликтот во Украина, иако во изборната кампања тврдеше дека ќе го стори тоа за 24 часа по враќањето во Белата куќа.На состанокот на „коалицијата на подготвени“ присуствуваа и украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таму, Трамп ја доведе во прашање „сериозноста на европските држави“ во обидите да се сопре војната, додека истовремено продолжуваат да ја поддржуваат руската економија. „Претседателот јасно стави до знаење дека тоа не е неговата војна и дека Европејците мора повеќе да се докажат,“ изјавил изворот.

Свет | пред 5 месеци

putin-4124

Путин: Ако Зеленски сака – нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин го оцени својот престој во Кина како позитивен и корисен, нагласувајќи дека постигнал клучен договор за проектот гасовод „Силата на Сибир 2“ и дека разговорите со кинеското раководство биле многу продуктивни.„Форматот на овие средби овозможи да разговараме за секоја тема, што е од големо значење“, изјави Путин, додавајќи дека гасоводот ќе создаде конкурентска предност за Кина, бидејќи ќе добива гас по пазарни, а не по вештачки надуени цени.Прашан за мировни гаранции за Украина, Путин рече дека секој треба да има безбедносни гаранции, вклучително и Украина, но нагласи дека тоа не значи размена на територии.„Не се бориме за земја, се бориме за правата на луѓето да зборуваат руски јазик и да живеат по своите традиции“, изјави тој, додавајќи дека се гледа светло на крајот од тунелот. Рускиот претседател повторно го повика украинскиот колега Володимир Зеленски да дојде во Москва, доколку е подготвен за директни разговори.Осврнувајќи се на состојбата на боиштата, Путин изјави дека руските сили напредуваат на сите фронтови, а Украина нема капацитет за офанзиви од поголем обем. „Можеби подготвуваат нешто, но според нашите експерти, украинската војска во моментов нема такви способности“, додаде тој. За западните санкции тврдеше дека настаните во Украина се само изговор за претходно подготвени економски мерки против Русија и други земји. „Тоа нас не нè засега,“ рече кратко.Во врска со неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за наводна завера меѓу Путин, Ким Џонг Ун и Си Џинпинг, рускиот лидер одговори со насмевка: „Трамп има добар смисол за хумор.“ Тој додаде дека никој во Кина за време на посетата не зборувал против Трамп и дека сите ја поддржале средбата во Анкориџ, изразувајќи надеж дека тоа ќе придонесе за крај на војната.

Свет | пред 5 месеци

merc

Мерц го нарече Путин „најтешкиот воен злосторник“, Кремљ вели неговите ставови се „неважни“

Кремљ денеска порача дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировни преговори околу Украина треба да се игнорираат, откако тој изјави дека Владимир Путин е „можеби најтешкиот воен злосторник на нашето време“.„Речиси е невозможно да се земат предвид ставовите на Мерц по неговите последни изјави,“ изјави портпаролот Дмитриј Песков за време на посетата на Кина, реагирајќи на предлогот мировните преговори да се одржат во Женева.Мерц вчера во интервју нагласи дека за луѓе како Путин „нема место за попустливост“. Тој и претходно ја обвинуваше Русија за „сериозни воени злосторства“ и за „терор врз цивилното население“, но ова е првпат директно да го означи рускиот претседател како потенцијално најтежок воен злосторник на денешницата.Изјавите на германскиот канцелар доаѓаат во момент кога меѓународните правни постапки против Путин се уште се во тек. Потсетуваме, во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин под сомнение за незаконска депортација на украински деца.Налот за апсење значително ги усложни дипломатските напори. Австриското министерство за надворешни работи неодамна соопшти дека земјата е подготвена да биде домаќин на мировни преговори меѓу Украина и Русија, но нагласи дека би се консултирала со Меѓународниот кривичен суд за да се избегне ситуација во која Путин би морал да биде уапсен за време на евентуална посета.

Свет | пред 5 месеци

putin-kim1

Севернокорејски војници се бореле во Курската област, Ким Џонг Ун: „Ќе направиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Русија“

Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за учеството на севернокорејските војници во борбите против украинските сили, истакнувајќи ја нивната „храброст и жртва“.„На ваша иницијатива, како што е добро познато, вашите специјални сили учествуваа во ослободувањето на Курската област. Вашите војници се бореа храбро и јуначки“, рече Путин на средбата со Ким во Пекинг, одржана на маргините од одбележувањето на 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна.Според проценките на јужнокорејската разузнавачка служба, околу 2.000 севернокорејски војници загинале во борбите на страната на Русија во западниот дел на земјата. „Сакам да нагласам дека никогаш нема да ја заборавиме жртвата на вашите вооружени сили и семејствата на вашите војници“, додаде Путин, изразувајќи благодарност во име на рускиот народ.Ким Џонг Ун, пак, изјави дека е подготвен да направи „сè што може за да ѝ помогне“ на Русија, нагласувајќи дека соработката меѓу двете земји значително се зголемила по потпишувањето на договорот за партнерство во јуни 2024 година.Состанокот во Пекинг го потврди сè поблиското партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг во услови на продолжен воен конфликт во Украина и зголемени тензии со Западот.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.29.18

Трамп го обвини Си за заговор против САД заедно со Путин и Ким!

Американскиот претседател Доналд Трамп се налути на Си Џинпинг, обвинувајќи го за заговор против САД заедно со рускиот лидер Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.„Пренесете ги моите најтопли поздрави на Владимир Путин и Ким Џонг-ун додека заговорнички делувате против Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на својата мрежа „Трут соушал“.Изјавата на Трамп доаѓа во момент кога Си Џинпинг, пред 26 светски лидери, вклучувајќи ги Путин и Ким, зборуваше за „незапирливата“ Кина, која „никогаш нема да дозволи да биде заплашена од насилници“.На парадата беа прикажани новата генерација оружја, вклучувајќи нуклеарни проектили, ласерски системи и поморски дронови.Кина се обидува да се позиционира како можна противтежа на САД откако царините на Трамп го потресоа глобалниот економски и политички поредок.Иако некои набљудувачи присуството на Путин и Ким го толкуваат како порака до Западот кој ги изолираше, Трамп изјави дека не гледа на парадата како предизвик за САД.Истовремено, Трамп рече дека е „многу разочаран“ од Путин, бидејќи не успеале да постигнат мировен договор за Украина за време на нивната средба во Алјаска минатиот месец. - Ќе преземеме нешто за да им помогнеме на луѓето да живеат во Украина, најави тој, без детали.Кина, иако не ја осуди руската инвазија, е обвинувана од Западот дека ѝ помага на Москва преку набавка на нафта и испорака на материјали со двојна намена. Пекинг ги отфрла овие обвинувања.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-31-at-09.54.04

Путин: Западот ја предизвика оваа криза

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на самитот на Шангајската организација за соработка во кинескиот град Тјанџин, зборувајќи за офанзивата на неговата земја во Украина, повторно го обвини Западот дека е виновен за започнувањето на конфликтот.„Оваа криза не започна со нападот на Русија врз Украина, таа е резултат на државниот удар во Украина кој го поддржа и предизвика Западот,“ изјави Путин, мислејќи на протестите на Мајдан во 2014 година, по кои прорускиот претседател Виктор Јанукович ја напушти власта. Тогаш Москва го анектираше Крим и им даде поддршка на проруските сепаратисти во источна Украина, што доведе до избувнување на граѓанска војна.„Вториот причинител на кризата се постојаните обиди на Западот да ја вовлече Украина во НАТО,“ додаде Путин.Тој зборуваше пред своите главни сојузници, меѓу кои кинескиот претседател Си Џинпинг – домаќин на самитот, индискиот премиер Нарендра Моди и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. „Многу ги цениме напорите и предлозите на Кина, Индија и другите наши стратешки партнери кои сакаат да придонесат за решавање на украинската криза,“ нагласи Путин.Иако американскиот претседател Доналд Трамп постојано повикува на договор меѓу Москва и Киев, разговорите остануваат без резултат. Путин одбива прекин на огнот и бара Украина да отстапи дел од територијата и да се откаже од западната поддршка – услови кои Киев целосно ги отфрла.На маргините на самитот, Путин денеска треба да се сретне со претседателите на Турција и Иран, како и со индискиот премиер, додека утре во Пекинг ќе одржи билатерална средба со Си Џинпинг.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Аxios: Белата куќа ја обвини Европа дека ја продолжува војната во Украина

Според пишувањето на американскиот портал Axios, високи претставници на Белата куќа сметаат дека дел од европските лидери го продолжуваат војната во Украина, убедувајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски да почека подобар договор со Москва.Фрустрацијата во Вашингтон расте поради отсуство на напредок од разговорите меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп што се одржаа пред две недели на Алјаска. Американските претставници веруваат дека некои европски државници ја поттикнуваат Украина да очекува нереални територијални отстапки од Русија.„Европјаните не смеат да го продолжуваат овој војна и да поттикнуваат неразумни очекувања, а истовремено да очекуваат Америка да ја сноси цената,“ изјавил висок претставник на Белата куќа за Axios.Медиумот не прецизира кои земји се на мета на критиките, но наведува дека тоа не се Обединетото Кралство или Франција, кои заедно ја предводат таканаречената „коалиција на подготвените“, лабаво партнерство на западни земји што и ветуваат поддршка на Украина.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-31-at-09.53.56

Путин со клучна дипломатска офанзива во Кина: Пари за војната и демонстрација на сила

Владимир Путин денеска започнува четиридневна посета на Кина, која според руските и западните анализи е од суштинско значење за продолжување на неговата војна во Украина и за зајакнување на меѓународниот легитимитет во услови на западни санкции.Москва се обидува да ја сопре негативната тенденција – трговијата со Кина, која лани достигна рекордни 245 милијарди долари, во првата половина од 2025 година падна за 8,1% во однос на истиот период од претходната година. „Без кинеската технологија ниту една ракета или дрон не би биле направени, а економијата одамна ќе колабираше. Да сакаше Пекинг, оваа војна одамна ќе беше завршена“, изјави за Ројтерс еден руски извор.Освен економските, посетата има и силни дипломатски импликации. Путин добива високопрофилен меѓународен настап и покрај санкциите и налогот за негово апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд. На самитот на Шангајската организација за соработка во Тијанџин ќе се сретне со повеќе од 20 светски лидери, меѓу кои кинескиот претседател Си Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.Во агендата се предвидени разговори со Си во Пекинг, учество на воена парада на плоштадот Тјенанмен, како и потенцијален состанок со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун. Кремљ најави и потпишување на три документи што го вклучуваат „Газпром“, со што Москва ќе ја зацврсти соработката со Пекинг во енергетиката.Путин и Си во февруари 2022 година прогласија „стратешко партнерство без ограничувања“, само неколку недели пред руската инвазија врз Украина. Сега, по повеќе од три години војна, Пекинг останува неговиот најважен сојузник и извор на економска и технолошка поддршка.

Свет | пред 5 месеци

putin

Путин пред посетата на Пекинг: Русија и Кина заедно против „дискриминаторските“ санкции

Рускиот претседател Владимир Путин, во писмено интервју за кинеската новинска агенција „Синхуа“, порача дека Русија и Кина заеднички се спротивставуваат на „дискриминаторските“ санкции во глобалната трговија кои, според него, го попречуваат светскиот социо-економски развој.Тој нагласи дека двете земји ќе продолжат да работат на намалување на меѓусебните трговски бариери и истакна дека постои континуиран напредок во повеќе области на економската, трговската и индустриската соработка. „За време на мојата посета сигурно ќе разговараме за идните перспективи на заемно корисната соработка и за нови чекори кои ќе ја интензивираат во интерес на народите на Русија и Кина“, изјави Путин.Посетата на Пекинг, прва по мај минатата година, доаѓа во момент кога Путин се обидува да ја преобрати тенденцијата на забавување на билатералната трговија, додека војната во Украина сè уште трае и покрај неодамнешниот самит со американскиот претседател Доналд Трамп на Алјаска.Откако западните држави ги прекинаа економските врски со Москва поради руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, Кина стана клучен партнер на Русија, купувајќи руска нафта и пласирајќи широка палета производи – од автомобили до електроника. Тоа ја зголеми билатералната трговија на рекордни 245 милијарди долари во 2024 година.Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг во 2022 година го прогласија своето стратешко партнерство за „без ограничувања“. Двајцата лидери во изминатата деценија се сретнале повеќе од 40 пати.

Свет | пред 5 месеци

putin-rusija-542

„Најголеми загуби од Втората светска војна“ – колку навистина страда руската армија?

Прашањето за бројот на загинати руски војници во Украина останува едно од најконтроверзните војни прашања. Русија официјално само еднаш, во септември 2022 година, објави бројка од нешто помалку од 6.000 загинати. Оттогаш, Кремљ ги третира информациите за загуби како државна тајна, а секое споделување различни податоци се смета за „дезинформација“, со затворски казни до 15 години.И покрај строгата цензура, независни новинари, активисти и истражувачи продолжуваат да собираат податоци. Според заеднички проект на BBC Русија и порталот Медиазона, до 13 август 2025 е потврден идентитетот на најмалку 121.507 загинати војници, а реалната бројка, според нив, се движи меѓу 185.000 и 260.700.Слични процени даваат и независните руски медиуми Медуза и Important Stories, кои преку демографски анализи и јавни податоци заклучија дека од почетокот на инвазијата загинале 160.000–165.000 руски војници.Западните процени се уште повисоки. Британското Министерство за одбрана во јуни годинава оцени дека Русија има околу 250.000 загинати и речиси милион војници убиени или ранети од 2022 година. Американските разузнавачки извори во повеќе наврати објавуваа бројки од 200.000 до 250.000 загинати и околу 700.000–1.000.000 вкупни жртви.Украина, пак, редовно соопштува сопствени процени – според Киев, загинале меѓу 200.000 и 300.000 руски војници, а вкупните загуби на Москва изнесуваат над милион војници до август 2025.И покрај различните методологии, сите извори се согласуваат дека руските загуби се најголеми од Втората светска војна наваму. Воените аналитичари предупредуваат дека Кремљ продолжува да се потпира на масовна мобилизација и жртвување на човечки животи за минимални тактички придобивки.Со над милион жртви (погинати и ранети) и околу 20 отсто освоена територија од Украина, независните експерти оценуваат дека цената што Русија ја плаќа е „огромна за ограничени воени успеси“.

Свет | пред 5 месеци

putin-kina

Путин на четиридневна посета во Кина за средба со Си Џинпинг

Рускиот претседател Владимир Путин оваа недела ќе отпатува на четиридневна посета во Кина каде ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, објавија руските медиуми.Посетата, која ќе биде најдолгото патување на Путин во странство од 2014 година, ќе вклучува и учество на самитот на Шангајската организација за соработка (SCO). Самитот е предвиден за 31 август, а според медиумите се очекуваат „големи разговори“ со пошироката делегација.На 3 септември во Пекинг ќе се одржат комеморации по повод 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна. Путин го прифатил личниот повик од Си да присуствува на настанот, кој следува по неговото учество на Денот на победата во Москва во мај.Посетата предизвика шпекулации дека можно е да се случи нова средба помеѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, овојпат во Кина. Иако и Москва и Вашингтон не ја потврдија можноста, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во јули изјави дека доколку Трамп се најде таму, „не може да се исклучи иницијатива за состанок“. Се појавија и шпекулации за троен состанок Путин–Трамп–Си, но Кремљ порача дека нема информации за такво сценарио.Овој развој доаѓа во период на засилени меѓународни тензии и обиди на Москва да ја зајакне соработката со Кина, додека паралелно се одржуваат и обиди за посредување меѓу Русија, Украина и Западот.

Свет | пред 5 месеци

putin-reakcija

Путин и „коферот со измет“ – мерка за државна безбедност или бизарна практика?

Рускиот претседател Владимир Путин повторно се најде во центарот на медиумско внимание поради извештаите дека неговите телохранители носеле специјални куфери со неговите биолошки отпадоци за време на минатонеделниот самит на Алјаска со американскиот претседател Доналд Трамп.Според написите на Ekonomic Times и други западни медиуми, практиката не е нова – за неа првпат пишувале новинарите Реџис Жанте и Михаил Рубин во францускиот магазин Paris Match. Телохранителите на Федералната служба за заштита (ФСО) имаат задача да ги собираат изметот и урината на претседателот при негови посети во странство, да ги пакуваат во специјални кеси и да ги враќаат во Москва во безбедни актовки.Примери за вакви ситуации се бележат уште од 2017 година, кога Путин бил во Франција, а истата процедура наводно била применета и во 2019 година во Саудиска Арабија. Слично било забележано и во Париз, на самитот за Украина, кога Путин во тоалет бил придружен од шестмина телохранители.Според поранешната новинарка на BBC, Фарида Рустамова, Путин користи и „пренослив тоалет“ на патувања, за да не остави биолошки траги зад себе. Таа наведува дека ваквата мерка постои уште од неговото прво доаѓање на власт во 1999 година.Основната причина, велат извори блиски до Кремљ, е државната безбедност. Биолошките примероци можат да откријат здравствени информации за личноста, вклучувајќи болести или терапија, што за Путин би значело ризик од потенцијална злоупотреба од страна на странски разузнавачки служби.Иако ваквите тврдења често звучат бизарно, повеќе независни новинари и извори ги потврдуваат. Медиумите дури објавија и фотографии на социјалните мрежи, кои наводно го документираат овој необичен безбедносен протокол.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Путин: Со Трамп се гледа „светло на крајот на тунелот“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека гледа „светло на крајот на тунелот“ во односите меѓу Русија и САД, притоа изразувајќи надеж дека лидерските квалитети на американскиот претседател Доналд Трамп ќе помогнат во обновувањето на врските меѓу двете земји.„Со доаѓањето на претседателот Трамп, мислам дека конечно се појави светло на крајот од тунелот. Сега имавме многу добар, значаен и искрен состанок на Алјаска“, рече Путин, одговарајќи на новинарски прашања за време на неговата посета на центар за нуклеарни истражувања.Тој додаде дека следните чекори ќе зависат од американското водство, но нагласи дека е убеден оти лидерските квалитети на Трамп се „добра гаранција“ за обновување на односите.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.29.18

Трамп со нов ултиматум, Путин има две недели рок за мир во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе знае во рок од две недели дали ќе се постигне мир во Украина, предупредувајќи дека ако не, тој ќе „заземе поинаков пристап“. Оваа изјава е последна во низата рокови што Трамп ги постави за завршување на војната, кои досега поминаа без конкретни акции, пишува The Kyiv Independent.„Во рок од две недели ќе знаеме дали ќе има мир во Украина. После тоа, можеби ќе мора да заземе поинаков пристап“, рече Трамп. Неговите коментари следеа по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која се одржа само неколку дена по средбата на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, но без никаков напредок во преговорите.Владимир Путин бара Украина да се откаже од целиот источен регион Донбас, да се откаже од амбициите за членство во НАТО, да остане неутрална и да ги држи западните трупи надвор од земјата, изјавија за Ројтерс извори запознаени со размислувањата на високо ниво на Кремљ.Рускиот претседател кој се сретна со Трамп во Алјаска минатата недела дека се надева дека средбата ќе го отвори патот кон мир во Украина – но ниту еден лидер не даде детали за тоа што разговарале.Во суштина, руските извори велат дека Путин направил компромис во врска со територијалните барања што ги изложи во јуни 2024 година, а кои бараа од Кијив да ги отстапи сите четири провинции што Москва ги смета за дел од Русија: Донецк и Луганск во источна Украина – кои го сочинуваат Донбас – плус Херсон и Запорожје на југ.Путин, исто така, се држи до своите претходни барања Украина да се откаже од своите амбиции за НАТО и за правно обврзувачка обврска од воениот сојуз предводен од САД дека нема да се шири понатаму кон исток, како и за ограничувања на украинската армија и договор дека нема да бидат распоредени западни трупи на теренот во Украина како дел од мировните сили.

Свет | пред 6 месеци

zelenski-putin

CNN: Кремљ ја отфрли можноста за средба Путин–Зеленски

И покрај сигналите од Вашингтон за можен директен состанок меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски, Кремљ засега го отфрла тоа сценарио. Според CNN, рускиот претседател не е подготвен – а можеби никогаш и нема да биде – да седне на иста маса со својот украински колега.По најавите од Белата куќа за идеја за билатерален состанок, Кремљ веднаш ги спушти очекувањата. Советникот на Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека било разговарано за можност за „подигнување на нивото“ на руската и украинската делегација, но не и за средба на самите лидери.Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, додаде дека Москва „не одбива ниту еден формат на работа“, но предупреди дека состаноци на највисоко ниво мора да се подготват „со исклучителна внимателност“.За Путин, Украина не е независна држава, туку дел од „руската историја и култура“. Затоа, за аналитичарите, средбата со Зеленски би претставувала признание на неговата легитимност – нешто што Кремљ систематски го негира.„Тоа би било пораз за Путин, затоа што би морал да седне со претседател кој, според неговата реторика, е само ‘шегобиец’ од земја што тој не ја признава“, вели Ориша Луцевич од тинк-тенкот Chatham House.Аналитичарката Татјана Становаја од Carnegie Russia Eurasia Center вели дека Путин гледа кон Доналд Трамп како главен посредник. Според неа, Москва очекува САД да го притиснат Киев да попушти во однос на териториите.Зеленски досега ги отфрли таквите сценарија. Сепак, Русија би можела да предложи нови преговори во Истанбул, но со делегации на повисоко ниво, наместо со самите претседатели.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „иницирал подготовки“ за средба Путин–Зеленски, но потоа призна дека конечната одлука е кај самите лидери.Во меѓувреме, Москва нема причина за брзање: Путин веќе доби самит со Трамп на Алјаска, американската страна се повлече од условот за примирје пред преговори, а санкциите стивнаа. На терен, Русија ја интензивира офанзивата – само во понеделник лансирајќи 270 дронови и 10 ракети кон украински градови.Како што заклучува CNN, единствената непозната сега е – кого Трамп ќе обвини ако иницијативата пропадне.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања