Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПУТИН

zelenski-putin

Кремљ „ладен“ кон идејата за самит Путин–Зеленски, додека веќе се договара средбата

Кремљ се обиде да ги ублажи очекувањата околу можен директен состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски, иако американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира двете страни да седнат на маса и да разговараат за прекин на војната во Украина, јавува Би-би-си.Повикот на Трамп следува по неговата средба со Путин минатата недела на Алјаска, како и по понеделничките консултации во Белата куќа со Зеленски и лидерите на седум европски држави.Трамп призна дека конфликтот е „тежок за решавање“ и предупреди дека Путин можеби нема намера да постигне договор. „Можно е да не сака да направи договор,“ рече тој, додавајќи дека во таков случај Русија би се нашла во „тешка ситуација“.Иако Путин наводно изразил подготвеност за идејата за директни преговори, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека секоја средба мора внимателно да се подготви „чекор по чекор“.Во меѓувреме, НАТО генералите денеска одржуваат виртуелен состанок, а британскиот воен командант, адмирал Тони Радакин, отпатува во Вашингтон за разговори околу можноста за распоредување на „сила за уверување“ во Украина.Според медиумските извештаи, Путин дури му предложил на Трамп Зеленски да отпатува во Москва – нешто што Киев речиси сигурно нема да го прифати.Иако Трамп првично зборуваше за примирје, сега инсистира на траен мировен договор. Европските лидери и Зеленски во разговорите нагласиле дека за Украина се неопходни силни безбедносни гаранции. Трамп најави дека САД би можеле да обезбедат воздушна поддршка доколку Европа испрати војници на терен, но исклучи испраќање американски трупи.Европските сојузници, сепак, се многу поскептични. Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече Путин „предатор“ и изрази „огромно сомневање“ во неговата волја за мир, додека финскиот претседател Александар Стуб порача дека Путин „ретко може да се смета за доверлив“.Последниот директен состанок меѓу Зеленски и Путин се одржа во 2019 година.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.13.40

Axios: Трамп бил на чекор да ги прекине преговорите со Путин на Алјаска

Американскиот претседател Доналд Трамп бил блиску до прекин на преговорите со рускиот лидер Владимир Путин на средбата на Алјаска, јавува Axios. Причината, според порталот, била инсистирањето на Путин за анексија на целата Доњецка област.Путин на преговорите поставил услов Русија да добие целосна контрола врз Доњецката област, од која моментално контролира околу 75% територија. Тој бил толку цврст во ставовите што, според извори на Axios, Трамп во еден момент бил подготвен да ја напушти средбата.Неименуван извор го цитира Трамп кој му рекол на Путин:„Ако е Доњецк тука клучен и ако нема попуштање, тогаш нема смисла да го продолжуваме ова.“По таа изјава, Путин наводно се откажал од својот максималистички услов.Проценките во САД се поделени: едни предвидуваат дека Русија може целосно да ја заземе Доњецката област до октомври, додека други предупредуваат дека таквата операција би била тешка и неизвесна.Според Reuters, во нацрт-условите на Москва за прекин на војната се барало и повлекување на украинските сили од Доњецката и Луганската област.Во меѓувреме, државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Вашингтон нема да врши притисок врз Украина да отстапи територија на Русија како дел од евентуален мировен договор.Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот порача дека преговорите мора да ја земат предвид актуелната линија на фронтот. Тој нагласи дека Уставот на Украина не дозволува никакво отстапување или размена на територија.

Свет | пред 6 месеци

makron

Макрон предлага мировен самит меѓу Зеленски и Путин во Швајцарија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се залага за организирање мировен самит помеѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин на „неутрално тло“. Како идеална локација ја посочи Швајцарија, а особено градот Женева, пренесуваат странските медиуми.Макрон смета дека на масата за преговори, покрај Зеленски и Путин, треба да седат и клучни европски лидери.Во интервју за француската телевизија LCI, Макрон потврди дека веќе денес ќе започне подготовка на конкретен предлог за сигурносни гаранции за Украина.„Ќе создадеме коалиција на подготвени заедно со британскиот премиер Кир Стармер за да ја информираме јавноста. Паралелно, ќе работиме со Американците за да видиме кој е подготвен и на кој начин да придонесе“, најави францускиот претседател.Тој нагласи дека мирот не смее да биде капитулација на Киев:„Украина ќе направи отстапки кои ги смета за фер и корисни. Но, овој мир не може да биде капитулација – тоа би било трагично и за Украина и за Европејците.“

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-18-at-19.53.36

Трамп ќе зборува со Путин по средбата со Зеленски, можен е нов состанок

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски пред новинарите заврши по нешто помалку од половина час.На последното новинарско прашање – дали очекува нешто повеќе од неодамнешниот самит со Владимир Путин – Трамп изјави:„Токму разговарав со претседателот... Всушност, неформално веќе разговарав со претседателот Путин, а ќе имаме телефонски разговор веднаш по овие средби денес.Можно е да имаме трилатерален состанок – а можно и да не. Ако го нема, борбите продолжуваат. Но ако го има, мислам дека шансите се добри, дека можеби токму со таков состанок може да се стави крај на војната. Тој очекува мој повик веднаш штом ја завршиме оваа средба,“ рече Трамп.Претходно во разговорот, претседателот Зеленски изјави дека е подготвен за трилатерален состанок меѓу него, Путин и Трамп.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-17.59.16

Зеленски ѝ се заблагодари на Меланија Трамп за писмото до Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешниот самит во Вашингтон се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп, но упати и посебна благодарност до првата дама, Меланија Трамп.Зеленски откри дека Меланија потпишала писмо упатено до рускиот претседател Владимир Путин, кое ѝ било предадено минатиот петок.„Ви благодарам многу, господине претседателе. Пред сè, благодарам за поканата и за вашите напори да се прекинат убиствата и да се стави крај на овој војна. Сакам да ја искористам оваа прилика да ѝ се заблагодарам и на вашата сопруга, првата дама на САД. Таа потпиша писмо до Путин во врска со нашите киднапирани деца,“ изјави Зеленски седејќи до Трамп во Овалната соба.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-19-at-18.12.15

Можно е трилатерална средба меѓу Трамп, Зеленски и Путин до крајот на неделава

Според информации на „Скај њуз“, европските дипломати добиле насоки од своите американски колеги да бидат подготвени за можноста од трилатерална средба меѓу Доналд Трамп, Володимир Зеленски и Владимир Путин. Состанокот би можел да се одржи подоцна оваа недела, зависно од резултатот на денешните разговори.Според договорот меѓу Соединетите Држави и европските партнери, средбата треба да се случи на европско тло, освен ако не се појават непредвидени промени во последен момент.За време на видео-конференцијата на т.н. „коалиција на добронамерните“ што се одржа минатиот викенд, италијанската премиерка Џорџија Мелони го предложи Рим како место на одржување, додека францускиот претседател Емануел Макрон ја истакна Женева како опција.Неофицијално се наведува дека украинскиот претседател Зеленски и американскиот лидер Трамп имаат наклонетост кон Рим, додека рускиот претседател Путин повеќе би ја прифатил Женева.Министерствата за надворешни работи на Италија и на Швајцарија веќе изразија подготвеност да го организираат овој можен состанок.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-09.21.21

Европските лидери за NY Times потврдија: Трамп ја поддржал идејата на Путин за крај на војната

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поддржува иницијативата на Владимир Путин за постигнување мировен договор со Украина, кој предвидува предавање на делови од Донбас под руска контрола, објави New York Times, повикувајќи се на двајца високи европски функционери.Трамп им рекол на европските лидери дека верува оти мировен договор е можен ако украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи да се повлече од регионот Донбас, кој Русија не успеа целосно да го заземе и покрај повеќе од три години жестоки борби.Според изворите, на самитот на Алјаска Путин директно побарал Украина да се повлече од Донецк и Луганск како услов за запирање на војната. За возврат, Москва би се согласила да ја „замрзне“ бојната линија во јужните региони Херсон и Запорожје.Иако Луганск е речиси целосно под руска контрола, Украина сè уште ги држи главните делови од Донецк – вклучително и градовите Краматорск и Славјанск, како и силно утврдените позиции кои ја чинеле земјата десетици илјади жртви во одбрана.Поддршката на Трамп за предавање на Донбас – регион богат со јаглен и железна руда – доаѓа во момент кога тој јавно бара директно склучување мировен договор, а не само прекин на огнот, кој, според него, „често не трае долго“.

Свет | пред 6 месеци

617382be-b3db-49dc-8996-7c022ea902f6

Ова е писмото што Меланија му го испрати на Путин – Трамп лично му го предаде

FOX News објави дека првата дама на САД, Меланија Трамп, испратила писмо до рускиот претседател Владимир Путин, кое американскиот претседател Доналд Трамп лично му го предал за време на самитот на Алјаска.Што пишува во писмото?Во писмото, кое е објавено во целост, Меланија се обраќа на емотивен начин:„Секое дете во своето срце носи исти тивки соништа, било да е родено во скромна рурална средина или во величествен град. Тие сонуваат за љубов, можности и заштита од опасности... Господине Путин, вие можете да им го вратите нивниот насмеан глас.Штитејќи ја невиноста на тие деца, ќе служите не само на Русија, туку и на целото човештво. Вие сте човек способен да ја оствари таа визија со еден потег на перото – веќе денес. Време е.“Reuters потврди дека Трамп на состанокот лично го предал писмото од својата сопруга. Меланија, родена во Словенија, не отпатувала со него на Алјаска.Проблемот со одземање на украински деца е една од најтешките точки во војната:Украина обвинува дека десетици илјади деца биле одведени во Русија или на окупираните територии без согласност на семејствата, што го квалификува како геноцид според Конвенцијата на ОН.Москва, пак, тврди дека само „штити ранливи деца од војната“, што Киев и Западот го нарекуваат пропаганда.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.13.40

Reuters откри детали: Ова е „мировната понуда“ на Путин

Русија би се откажала од помали делови окупирана Украина, а Киев би морал да препушти големи делови од источната територија кои Москва никогаш не успеа да ги освои – тоа е рамката на мировниот предлог за кој, според извори на Reuters, разговарале Владимир Путин и Доналд Трамп на самитот во Алјаска.Ова е првиот директен состанок меѓу двајцата лидери од почетокот на војната во февруари 2022 година.Зеленски патува во ВашингтонУкраинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе отпатува во Вашингтон, каде ќе разговара со Трамп за можен крај на војната. Трамп призна дека на самитот не бил постигнат прекин на огнот, но во интервју за Fox News потврди дека со Путин разговарал за трансфер на територии и безбедносни гаранции за Украина, додавајќи: „Мислам дека сме многу блиску до договор. Украина мора да се согласи. Можеби ќе каже ’не’.“Територија за мирСпоред изворите, предлогот на Путин не предвидува примирје пред конечен договор. Москва бара Украина целосно да се повлече од Донецк и Луганск, додека Русија би ја замрзнала линијата на фронтот во Херсон и Запорожје.Киев веќе одби слични идеи, со образложение дека Донецк е клучна одбранбена бариера и дека предавањето би било „црвена линија“.Што нуди Москва?Враќање на мали делови од Харкoв и Суми – околу 440 км².Задржување на Донбас (6600 км²) – Донецк и Луганск, кои Русија ги смета за свои.Признавање на анексираниот Крим – најмалку од САД, а можно и од цел Запад.Делумно укинување на санкциите – без прецизирање дали станува збор за американски или европски мерки.Блокада за НАТО членство на Украина, но отворање простор за „гаранции за безбедност“ – Трамп наводно зборувал за модел сличен на членот 5 од НАТО, „надвор од Алијансата“.Руски јазик и црква – Москва бара официјален статус на рускиот јазик и целосна слобода за Руската православна црква.Спорни условиУкраина во уставот има впишано стратегиска цел за членство во НАТО, а парламентот донесе и закон за ограничување на руските верски организации, поради обвиненија дека служат како алатка за шпионажа и пропаганда. Законот сè уште не е стапен во сила.Во Киев, дипломатските кругови веќе предупредуваат дека ваквата „понуда“ повеќе личи на план за капитуалација отколку на праведен мировен договор.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Ова е понудата на Путин за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин, на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп на Алјаска, побара Украина да се повлече од регионот Донецк како услов за завршување на војната, пишува Financial Times, повикувајќи се на повеќе извори.Според истите информации, Путин изјавил дека во замена за Донецк е подготвен да ја „замрзне“ линијата на фронтот на југ – во Херсонската и Запорожката област – и да се воздржи од нови офанзиви за освојување дополнителни територии.Трамп ја пренел оваа порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на европските лидери во телефонски разговор, при што ги повикал да не инсистираат на класичен прекин на огнот со Москва.Financial Times наведува дека Путин јасно ставил до знаење дека не се откажува од своите клучни барања за „решавање на корените на конфликтот“, што фактички би значело редефинирање на украинската државност и стопирање на натамошното проширување на НАТО кон исток.Русија моментално контролира околу 70% од Донецката област, додека западниот дел – со повеќе градови – останува под украинска контрола и претставува клучна точка за одбраната на источниот фронт.Извори блиски до Зеленски за британскиот весник изјавиле дека Украина нема да се согласи на предавање на Донецк, но Зеленски е подготвен за разговори со Трамп во Вашингтон во понеделник, а отворен е и за евентуален трилатерален состанок со Путин.Ниту Белата куќа, ниту портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков засега не ги коментираа наводите на Financial Times.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-18.24.23

Трамп му предаде писмо од Меланија на Путин – темата, украдените деца од Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на самитот на Алјаска, лично му предал писмо од сопругата Меланија Трамп на рускиот претседател Владимир Путин, соопштија за агенцијата Ројтерс високи функционери од Белата куќа.Првата дама, која е родена во Словенија, не патуваше со Трамп во Алјаска, но во писмото, според изворите, таа го отвора прашањето за судбината на децата погодени од војната – особено за оние кои биле киднапирани и однесени во Русија или на територии под руска окупација.Според податоците на Киев, од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година, најмалку 19.500 украински деца се депортирани или насилно оддалечени од своите домови. Украинските власти инсистираат дека никаков мировен договор не смее да се потпише без гаранции за нивно враќање.Прашањето е крајно чувствително и на меѓународна сцена: во 2023 година Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење за Путин и неговата комесарка за права на деца, Марија Лвова-Белова, токму поради незаконската депортација на украински деца – дело што Киев го смета за воен злостор и чин на геноцид.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-09.17.29

Самитот во Алјаска заврши без договор – Трамп и Путин разговараа три часа

Пет часа по завршувањето на самитот во Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ја напуштија средбата без да постигнат договор за прекин на војната во Украина.Двајцата лидери слетаа во Анкоридж нешто по 11:00 часот по локално време, каде што беа пречекани со црвен килим и долго ракување. Путин, видливо расположен, заедно со Трамп беше возен во американското претседателско возило „The Beast“ – потег што руските државни медиуми го претставија како симбол на блискост.Средбата траела околу три часа, а на масата со лидерите присуствувале и двајца блиски советници од двете страни. Слоганот на самитот беше „Pursuing Peace“ („Во потрага по мир“), но претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој веќе предупреди дека иднината на земјата не може да се одлучува без Киев, повторно не беше вклучен во разговорите.По средбата, новинарите беа собрани на она што беше најавено како заедничка прес-конференција, но и Трамп и Путин дадоа само кратки изјави без да одговараат на прашања. Путин одржа подолго обраќање, но минимално ја спомна Украина, нагласувајќи дека е „искрено заинтересиран“ да се стави крај на конфликтот.„Сè уште има точки на несогласување. Нема договор додека не се постигне вистински договор“, изјави Трамп, додавајќи дека „не стигнавме таму иако имаше напредок“.Еден час по завршувањето на разговорите, двајцата претседатели повторно се качија во своите авиони и ја напуштија Алјаска. Во интервју за Fox News, Трамп го повика Зеленски да „направи договор“.Од Киев и европските сојузници сè уште се чека официјална реакција.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Кој преговара за Украина без Украина: Трамп, Путин и „тројка на тројка“

Зад затворени врати во Алјаска, преговорите меѓу американската и руската делегација се одвиваат во формат „тројца на тројца“ – секој од претседателите има уште двајца клучни советници на масата.Од руската страна присутни се:Сергеј Лавров, министер за надворешни работи веќе повеќе од две децении, санкциониран заедно со Путин по почетокот на инвазијата врз Украина во 2022 година.Јури Ушаков, надворешнополитички советник на Путин повеќе од десет години и поранешен амбасадор во САД.Кремљ претходно најави дека во „проширениот формат“ ќе се приклучи и рускиот министер за одбрана, но не е познато кога.Од американската страна се:Марко Рубио, државен секретар и познат надворешнополитички „јастреб“ од кабинетот на Трамп.Стив Виткоф, специјален пратеник и личен пријател на Трамп, првично назначен за Блискиот Исток, но често вклучен во разговори за Украина.Истите четворица советници се сретнаа и во февруари во Саудиска Арабија на мировните преговори за Украина – тогаш без Трамп и Путин.И овојпат, на масата нема претставник од Украина, иако иднината на земјата е главна тема на преговорите. Забележителен е и отсуството на специјалниот пратеник на САД за Украина, Кит Келог.

Свет | пред 6 месеци

putin-reakcija

(Видео) „Ќе престанете ли да убивате цивили?“ – молкот на Путин стана вирален

Рускиот претседател Владимир Путин двапати беше директно прашан од новинари дали ќе престане со убивање цивили – и двапати одлучи да молчи.Првото прашање беше поставено кога тој и американскиот претседател Доналд Трамп се фотографираа по излегувањето од авионите и официјалното ракување. Второто – на почетокот на состанокот, додека двајцата лидери позираа за фотографиите пред медиумите. Во двата случаи, Путин не даде никаков одговор. Снимките од неговата реакција брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина коментари и дебати околу неговото однесување и политичката порака што ја испраќа со молкот.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-22.11.22

Од Кабул до Алјаска: Дежаву од мировната дипломатија на Трамп

На црвениот тепих во Алјаска, американскиот претседател Доналд Трамп му приреди топол пречек на Владимир Путин – гест што остро контрастира со односот на западните лидери кон рускиот претседател од почетокот на целосната инвазија врз Украина.Слоганот на самитот, „Pursuing Peace“ („Во потрага по мир“), на многумина им звучи познато. За време на првиот мандат на Трамп, во февруари 2020 година, неговата „високоризична“ дипломатија доведе до договор со Талибанците, познат како „Bringing Peace to Afghanistan“ – преговори во кои тогашната авганистанска влада беше целосно исклучена.Денес, повторно сведочиме на состанок на кој засегнатата страна – овојпат Украина – не е присутна на масата, иако се дискутира за нејзината иднина.Симболиката е дополнително нагласена од фактот што денот на средбата меѓу Трамп и Путин се поклопува со четвртата годишнина од враќањето на Талибанците на власт. За многумина, ова предизвикува непријатна паралела: тогаш, кога талибанското раководство постигна договор со САД, нивната победа беше само прашање на време. Некои аналитичари предупредуваат дека Владимир Путин денес може да размислува на ист начин.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања