Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПУТИН

tramp-putin

Историски преседан: Путин за првпат во американска воена база, на средба со Трамп

Американските и руските лидери, Доналд Трамп и Владимир Путин, во петок ќе одржат прв билатерален состанок по повеќе од четири години, а местото на средбата е преседан – активна американска воена база на Алјаска.Како што објави CNN, изминатиот викенд американските организатори биле во трка со времето да најдат локација што ги исполнува безбедносните и техничките услови за ваков високоризичен самит. Поради туристичката сезона, изборот бил ограничен, па конечната одлука паднала на базата Joint Base Elmendorf-Richardson во Анкориџ.Ова ќе биде првпат руски претседател да влезе во американска воена база – дури и во периоди на релативно подобри односи по Студената војна, средбите се одржувале на неутрален терен или во цивилни објекти.Алјаска била избрана поради правните пречки за патување на Путин во Европа – налозите за апсење од Меѓународниот кривичен суд го исклучиле континентот од можните дестинации. Москва предложила Обединети Арапски Емирати, но Белата куќа сакала состанокот да се одржи на американско тло.Трамп јавно изјави дека на средбата оди „да ја испита ситуацијата“ без високи очекувања, додека аналитичарите предупредуваат дека самото прифаќање на состанок на вакво место е симболична дипломатска победа за Путин.Планирано е дел од разговорите да се одвиваат без присуство на советници, само со преведувачи – формат што во минатото предизвикувал политички контроверзии во САД. Самитот доаѓа во време на неизвесност околу можен мировен предлог од страна на Москва, а по неговото завршување Трамп ќе ги информира европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски за исходот.

Свет | пред 6 месеци

zaharova

Москва обвинува: Киев подготвува провокација за да го саботира самитот Трамп–Путин

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Украина планира „криминална провокација“ со цел да го наруши претстојниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, закажан за 15 август на Алјаска.„Криминалните провокации веќе станаа заштитен знак на киевскиот режим“, изјави Захарова, коментирајќи ги наводите на руското Министерство за одбрана.Според овие тврдења, украинските вооружени сили подготвуваат напад во Харковската област со беспилотни летала и ракети врз густо населено станбено подрачје или болница, со цел да има голем број цивилни жртви. Русија тврди дека нападот би бил документиран од западни новинари, а вината потоа би се префрлила врз руската армија.Москва смета дека целта е создавање негативен медиумски амбиент и попречување на евентуалната соработка меѓу САД и Русија околу решавањето на конфликтот во Украина.

Свет | пред 6 месеци

ursula

Трамп планира средба со Путин и Зеленски, ЕУ: „Нас никој не нè повикал“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги информирал дел од европските лидери за планот да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и за можен трилатерален состанок со него и украинскиот лидер Володимир Зеленски.Од Европската комисија потврдија дека претседателката Урсула фон дер Лајен не била во директен контакт со Трамп и не учествувала во координација со западните лидери. Неколку лидери на земји-членки ја информирале за иницијативата, но официјална покана од Вашингтон нема.„Го поддржуваме праведниот и траен мир за Украина. Што се однесува до самитот, допрва треба да се види дали ќе се одржи – прерано е за детали“, изјави портпаролката на ЕК Ариана Подеста, одбивајќи да потврди дали ЕУ ќе биде поканета.Брисел повтори дека не постои решение за Украина без согласност на Киев, и дека за улогата на ЕУ во поствоената реконструкција мора да има консултации.„Никој не сака мир повеќе од Украина и Европската унија. Русија во моментов не е заинтересирана за мир. Поддржуваме секој чекор кон примирје, но во меѓувреме ѝ помагаме на Украина да биде силна – и на бојното поле и на преговарачката маса“, порачаа од ЕК.Иако ЕУ не е вклучена во актуелните американски дипломатски напори, европските држави ќе го понесат најголемиот товар по завршувањето на војната – и финансиски, и со евентуално присуство на теренот. Трамп веќе порача дека САД нема да имаат активна улога, освен во инвестиции за експлоатација на стратешки минерали, а трошоците ќе паднат на ЕУ. Киев, пак, се надева на брзо отворање на првите поглавја во пристапните преговори за членство.

Свет | пред 6 месеци

tramp-putin

Трамп и Путин подготвуваат директна средба – можно и присуство на Зеленски

Вашингтон и Москва постигнаа прелиминарен договор за средба на претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин во следните денови, објавија руските државни медиуми, повикувајќи се на изјава од советникот на Кремљ за надворешна политика, Јури Ушаков.„На предлог на американската страна, постигнат е прелиминарен договор за одржување билатерална средба на највисоко ниво. Работиме со нашите американски колеги за да ги утврдиме деталите и местото на средбата“, изјави Ушаков.Потврда дојде и од Белата куќа, каде портпаролката Керолајн Ливит информираше дека Трамп е отворен за средба не само со Путин, туку и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Се разгледува можноста веднаш по билатералниот состанок со Путин да се одржи и трилатерална средба со учество на Зеленски.Информациите следуваат по вчерашната посета на специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, на Москва. По неговото враќање, Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за директен контакт меѓу Путин и Зеленски, но не прецизираше временска рамка.Средбата би можела да се одржи непосредно пред истекот на ултиматумот што Трамп јавно му го постави на Кремљ – Русија да стави крај на војната во Украина до 8 август. Во спротивно, Трамп се закани со нов бран санкции, вклучително и кон државите што продолжуваат да купуваат руска нафта, како што се Кина и Индија.Ова би била прва директна средба меѓу претседателите на САД и Русија по онаа во Женева во 2021 година, кога тогашниот американски лидер Џо Бајден разговараше со Владимир Путин на неутрален терен.Средбата Трамп–Путин се очекува да предизвика големо внимание во меѓународната јавност, особено во услови на влошени односи меѓу Русија и Западот и неизвесна перспектива за крај на војната во Украина.

Свет | пред 6 месеци

1680805716_putin

Нови регрутациски бонуси ја оптоваруваат руската економија – војната во Украина бара се поголема цена

Големите парични награди што Русија ги нуди за нови војници, со цел да го одржи воениот напор во Украина, стануваат сè поголем товар за руската економија – се наведува во најновиот извештај на Институтот за проучување на војната (ISW). Трошоците значително пораснале поради овие бонуси и вработувањето во воената индустрија.Во јули 2023 година, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој стандардниот бонус за регрутирање се зголеми од 195.000 на 400.000 рубљи (околу 2.000 до 4.000 евра), што е речиси петпати повеќе од просечната месечна плата во Русија. Според „Бизнис инсајдер“, ваквото покачување ја довело војската во директна конкуренција со цивилните сектори за работна сила, што предизвикало пораст на платите и цените – особено во услужните дејности.Аналитичарите на ISW предупредуваат дека Русија не може неограничено да ги пополнува своите воени редови со вакви високи надоместоци, ниту пак може да ги одржува тековните исплати без да го загрози целото стопанство. Масовна мобилизација и натаму не е воведена, но без неа, темпото на надоместување на загубите не е одржливо, оценуваат тие.Според проценките на Центарот за стратешки и меѓународни студии, Русија досега има над 950.000 загинати и ранети војници во војната. Истовремено, Москва ја олеснува монетарната политика за да поттикне економски раст, додека ја зголемува воената потрошувачка – што, според експертите, претставува рецепт за нова економска нестабилност.Анализите укажуваат дека овие превисоки исплати го ослабуваат куповната моќ на граѓаните, ја девалвираат рубљата и водат кон продлабочување на економските проблеми. Во 2023 и 2024 година, руската влада ги надмина своите цели за регрутирање – главно поради овие парични стимулации, кои на моменти биле слични со надоместоците што ги нуди американската армија.Таквата политика краткорочно доведе до раст на економијата, особено на одбранбената индустрија. Според економистите од бриселскиот тинк-тенк „Бругел“, воените трошоци и бонусите беа клучни фактори за растот на БДП на Русија во изминативе две години. Но, веќе во втората половина на 2023 година, економијата почна да се прегрева, по што Централната банка неколку пати ги зголеми каматните стапки.И покрај тоа, најголем дел од кредитите во Русија и натаму се даваат по субвенционирани услови, а воената индустрија е заштитена преку јавни набавки, па најмногу страдаат секторите што немаат врска со војната. Кон крајот на 2024 година, и самиот воено-индустриски сектор покажува знаци на застој, пишува „Бругел“, со заклучок дека економијата веќе се судира со сопствените граници на капацитет.Дополнително, Русија се соочува и со структурни слабости, кои сè уште не се надминати – губење на странски пазари за оружје, зголемени трошоци за заобиколување санкции, и лоши политики за работна сила и миграција.„Овие фактори само ја влошуваат економската нестабилност, без разлика што руската економија до сега покажуваше отпорност, благодарение на воените инвестиции“, заклучуваат експертите.

Скопје | пред 7 месеци

tramp-putin

Путин до Трамп: Русија ќе ја засили офанзивата во источна Украина за 60 дена

Рускиот претседател Владимир Путин му порачал на Доналд Трамп дека Русија планира да ја засили воената офанзива на истокот од Украина во рок од 60 дена, објави „Axios“ на 14 јули, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со содржината на телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери на почетокот од месецов.Разговорот се одржал на 3 јули, а според истите извори, Путин најавил дека руската офанзива ќе продолжи сè додека Москва не воспостави целосна територијална контрола врз окупираните украински региони. „Тој сака сè да преземе“, рекол Трамп на францускиот претседател Емануел Макрон по разговорот со Путин, пренесува „Kyiv Independent“.Овие информации доаѓаат во време кога руските сили го засилуваат притисокот во Доњецката област и се обидуваат да ја пробијат украинската одбрана во правец на Дњепропетровск – регион кој досега беше поштеден од поголеми офанзиви.Во моментов, Москва контролира околу 20 отсто од територијата на Украина, вклучувајќи речиси цела Луганска област, две третини од Доњецка, како и делови од Запорижка и Херсонска област. Руските власти во 2022 година прогласија анексија на овие територии по спроведување лажни референдуми, кои не се признати од меѓународната заедница.Во меѓувреме, на 14 јули, Трамп најави дека ќе испрати дополнителни ракетни системи Patriot за противвоздушна одбрана во Киев – што би бил прв воен пакет за Украина од негова администрација, а не од претходната на Џо Бајден. Со тоа, потенцијално се најавува пресврт во ставот на Трамп, кој досега повикуваше на преговори со Путин, а сега почнува поактивно да ги поддржува украинските одбранбени капацитети.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

(ВИДЕО) „Ќе ги бомбардирам Москва и Пекинг“: Откриена тајна снимка на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на донаторите на приватен настан во 2024 година дека му се заканил на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја „бомбардира Москва“ ако ја нападне Украина, според аудио-снимка објавена од Си-Ен-Ен.„Му реков на Путин: „Ако влезеш во Украина, ќе ја бомбардирам Москва. Немам избор“, се слуша Трамп на снимка од настанот.. „И потоа тој рече: „Не ти верувам.“ Но, тој ми веруваше 10 проценти“, додаде Трамп.Американскиот претседател, исто така, тврдеше дека испратил слична порака до кинескиот претседател Си Џинпинг, предупредувајќи го дека САД ќе го бомбардираат Пекинг доколку Кина го нападне Тајван. „Мислеше дека сум луд“, рече Трамп за Си. „Но, никогаш немавме проблем.“Снимки од повеќе настани за собирање средства зад затворени врати во Њујорк и Флорида во 2024 година, добиени од новинарите Џош Дози, Тајлер Пејџер и Исак Арнсдорф, се објавени во нивната нова книга „2024“. Досега тие не се објавени во јавноста. Админситрацијата на Трамп одби да коментира за нивната содржина.

Свет | пред 7 месеци

Tramp

Трамп воопшто не е задоволен од Путин, одлучи повторно да испраќа оружје на Украина: „Мора да се бранат“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да испрати дополнително одбранбено оружје во Украина, откако неговата администрација привремено ги запре одредени испораки минатата недела.„Ќе испратиме повеќе оружје. Мораме, тие мора да бидат способни да се одбранат“, рече Трамп пред вечерата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Тие се силно нападнати. Ќе мора да им испратиме повеќе оружје“, додаде Трамп. „Претежно дефанзивно, но нападите се навистина тешки“, рече тој.Најновата изјава на Трамп доаѓа откако висок функционер на Белата куќа минатата недела за Си-Ен-Ен изјави дека администрацијата привремено ги запрела испораките на оружје за Украина, вклучително и ракети за воздушна одбрана. Одлуката е донесена по прегледот на воените трошоци и американската странска помош, кој го одобри министерот за одбрана Пит Хегсет. Заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, во тоа време изјави дека одлуката е донесена за да се „стават американските интереси на прво место“.Некои американски претставници сугерираа дека прегледот на помошта за Украина е делумно поврзан со напорите на Пентагон да се фокусира на Кина и да се подготви за можен иден конфликт во Пацификот, прашање што го истакна шефот за одбранбена политика Елбриџ Колби.„Министерството за одбрана продолжува да му нуди на претседателот конкретни опции за продолжување на воената помош за Украина, во согласност со неговата цел да се стави крај на оваа трагична војна. Во исто време, Министерството внимателно го разгледува и прилагодува својот пристап кон таа цел, земајќи ја предвид подготвеноста на американските сили за одбранбените приоритети поставени од администрацијата“, рече Колби во соопштението по привремената суспензија.Русија задоволна од прекинот на снабдувањетоРусија го поздрави прекинот на одредени испораки за Украина, тврдејќи, без никакви докази, дека тоа е затоа што САД повеќе немаат доволно оружје.„По наредба на претседателот Трамп, Министерството за одбрана ќе испрати дополнително одбранбено оружје во Украина за да се осигури дека украинскиот народ може да се одбрани додека работиме на постигнување траен мир“, изјави вчера портпаролот на Пентагон, Шон Парнел. „Нашата рамка за проценка на воените пратки низ целиот свет останува на сила и е клучна за нашата одбранбена политика „Америка на прво место“.САД досега се најголемиот поединечен донатор на воена помош за Украина откако Русија ја започна својата инвазија во 2022 година, снабдувајќи ја со противвоздушни системи, дронови, ракетни лансери, радари, тенкови и противтенковско оружје, што предизвикува загриженост за намалувањето на американските залихи.Трамп претходно во март ги суспендираше сите воени испораки за Украина по жестоката расправија во Овалната соба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Околу една недела подоцна, тој повторно го одобри продолжувањето на помошта.Зголемување на руските нападиОдлуката за испраќање дополнително оружје доаѓа откако Трамп разговараше одделно со рускиот претседател Владимир Путин и Зеленски минатата недела. По разговорот, тој рече дека разговорот со Путин бил разочарувачки и дека „немало напредок“ кон примирје.Во меѓувреме, Зеленски во последните недели постојано бара од западните сојузници да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина по сè поинтензивните руски воздушни напади. Русија лансираше рекорден број беспилотни летала врз Украина во петокот вечерта, само неколку часа по средбата на Трамп со Путин.Трамп изјави дека САД го разгледуваат барањето на Украина за дополнителни системи за воздушна одбрана „Патриот“ по, како што рече, „многу добар“ телефонски разговор со Зеленски. Украинскиот претседател во саботата изјави дека тоа бил неговиот најдобар и „најпродуктивен“ разговор со Трамп досега.Трамп вчера повторно го изрази своето незадоволство од рускиот претседател, велејќи: „Воопшто не сум задоволен од претседателот Путин“.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп: Путин само сака да продолжи да убива – Украина мора да се брани со „Патриот“

Американскиот претсеател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин не покажал никаков интерес за прекин на огнот, туку напротив – сака „да оди до крај и да продолжи да убива луѓе“. Изјавата доаѓа по телефонскиот разговор кој Трамп го имал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој разговарале за засилување на воздушната одбрана на Украина, вклучително и испорака на американски ракети „Патриот“.„Ќе им требаат за одбрана… силно се погодени. Тоа се навистина импресивни ракети,“ рече Трамп, опишувајќи ги системите „Патриот“ како клучни во борбата против руските напади.Иако администрацијата на САД претходно привремено стопираше некои испораки на оружје кон Киев, Трамп посочи дека е оптимист за обновување на поддршката, по „многу добриот разговор“ со Зеленски. Зеленски, пак, преку Телеграм порача дека работат на „зајакнување на капацитетот за одбрана на небото“, како и на заедничко производство и набавка на одбранбени системи.Трамп откри дека разговарал и со германскиот канцелар Фридрих Мерц за можно вклучување на Германија во испорака на „Патриот“, но одлука сè уште не е донесена.Официјален Киев предупредува дека секоја пауза во воената поддршка од Западот значи слабеење на нивната способност да се спротивстават на ескалирачките руски воздушни напади и офанзиви на фронтот.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-02-28-at-19.24.38

Трамп по состанокот со Зеленски: „Можно е Путин да има амбиции надвор од Украина“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно Владимир Путин да има територијални амбиции и надвор од Украина, но додаде дека рускиот лидер сака крај на војната.„Тоа е хаос за него. Мислам дека сака да излезе од сето тоа“, рече Трамп на самитот на НАТО во Хаг, одговарајќи на новинарско прашање.Трамп додаде дека е изненаден од однесувањето на Путин и верува дека „бил заведен“, очекувајќи конфликтот да се реши многу порано. Тој спомена неколку конфликти кои, според него, САД успешно ги решиле, вклучувајќи го и неодамнешниот судир меѓу Индија и Пакистан.На маргините на самитот, Трамп се сретна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. По состанокот, Зеленски објави дека разговорот бил „содржаен“ и посветен на можностите за прекин на огнот и постигнување праведен мир. Двајцата разговарале и за начините на заштита на украинскиот народ.

Свет | пред 7 месеци

putin-52135

Анализа: Американската операција „Полноќен чекан“ ја разоткри слабоста на руската ПВО – Москва во паника?

Додека сè уште се слегнува правот по спектакуларната американска операција „Полноќен чекан“, со која беа погодени клучни ирански нуклеарни објекти, нејзините последици веќе се чувствуваат и далеку од Блискиот Исток – дури до Москва. Тоа го оценува поранешниот британски офицер и експерт за хемиско оружје Хамиш де Бретон-Гордон во анализа за Телеграф, објавена под наслов: „Путина ќе го ужаси колку лесно падна руската противвоздушна одбрана на Иран“.Операцијата, во која учествувале седум американски бомбардери B-2 и 75 крстосувачки ракети, со висока прецизност ги погодила подземните постројки во Фордо, Натанз и Исфахан, покажала не само технолошка супериорност на САД, туку и алармантна ранливост на иранскиот воздушен простор, кој беше заштитен со руски системи С-300.За Русија, ова е аларм – и стратегиски пораз. Ако нивните системи не успеале да го заштитат Иран, што би се случило ако истото сценарио се преслика во Украина, или уште полошо – во самата Русија?Во Украина, иако се води различен вид на воздушна војна, обете страни избегнуваат користење авиони над фронтот, и се потпираат на ракети и дронови, токму поради опасноста од ПВО. Но, американско-израелската демонстрација на сила покажува дека добро опремени армии можат да ги победат руските системи – и тоа лесно.Иако Русија поседува понови системи како С-400 и С-500, многу воени аналитичари ги гледаат како надградени варијанти со преценета ефикасност.За Кремљ, пораката е јасна: нивната одбрана е пробојлива, нивните воени цели следливи, а нивната безбедност и технолошка предност – мит. Украина веќе покажа способност да делува длабоко на руска територија, а напади како оние во операцијата „Пајакова мрежа“, при што беа уништени руски стратегиски бомбардери, само ја засилуваат грижата.Соочени со фактот дека нивната противвоздушна одбрана не е толку непобедлива, руските генерали и политички лидери веќе сигурно ги преиспитуваат сите претпоставки – не само за Украина, туку и за идни воени конфликти со Западот.

Свет | пред 8 месеци

putin

Путин ги осуди американските напади врз Иран

Рускиот претседател, Владимир Путин, на средба со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, излезе со осуда на американските воздушни напади врз Иран.„Тоа е апсолутно неиспровоцирана агресија против Иран. Таа нема никаква основа и никакво оправдување“, рече Путин.

Свет | пред 8 месеци

putin-98132489

Путин: Русија постојано му кажува на Израел дека нема докази дека Иран сака нуклеарно оружје

Русија постојано му кажуваше на Израел дека нема докази дека Иран има намера да развие нуклеарно оружје, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју во саботата, цитирајќи го „Скај њуз Арабија“.„Русија, како и МААЕ (Меѓународната агенција за атомска енергија), никогаш немала никакви докази дека Иран се подготвува да развие нуклеарно оружје, како што постојано го предупредувавме израелското раководство“, изјави Путин, цитиран од „Скај њуз Арабија“.Русија е подготвена да го поддржи Иран во развојот на нуклеарна програма во мирновременски период, рече Путин, додавајќи дека Иран има право на тоа. Зборувајќи на економски форум во Санкт Петербург во петокот, Путин рече дека Русија ги споделува своите идеи за тоа како да се запре крвопролевањето во конфликтот Иран-Израел со двете страни.Тој не ги кажа деталите за тие идеи.

Свет | пред 8 месеци

Нема фотографија

Путин има пет услови за завршување на војната во Украина

Тројца руски неименувани извори тврдат дека Владимир Путин за завршување на војната во Украина бара писмени гаранции од поголемите европски држави дека ќе бидат исполнети неговите пет услови.Ова се барањата на Путин кои ги објави „Киев индепендент“, повикувајќи се на Ројтерс:1.Ветување дека НАТО нема да се шири на исток;2.Украина да биде неутрална држава;3.Укинување на дел од западните санкции;4.Решавање на прашањето за замрзнатите руски имоти;5.Заштита на луѓето кои зборуваат руски јазик во Украина.Условот НАТО да не се шири кон исток значи Украина, Грузија, Молдавија и другите поранешни република на поранешниот Советски Сојуз да не бидат членки на Алијансата.

Македонија | пред 8 месеци

tramp-putin

Трамп за Путин: Што, по ѓаволите, се случи со него, Путин е апсолутно луд

Американскиот претседател Доналд Трамп остро реагираше на најголемиот руски воздушен напад врз Украина, во кој вчера биле лансирани речиси 300 дронови и 69 проектили, а има и жртви и повредени.„Што, по ѓаволите, се случи со него? Тој убива многу луѓе. Путин е апсолутно луд“, рече Трамп, додавајќи: „Го познавам Путин долго време, секогаш добро сме се сложувале, но тој гаѓа градови со ракети и убива луѓе и тоа не ми се допаѓа.Секогаш сум велел дека Путин ја сака цела Украина, не само дел од неа и можеби тоа се покажува како точно, но ако го направи тоа, тоа ќе доведе до пропаст на Русија”, рече Трамп.Трамп не ја отфрли можноста да ги засили санкциите кон Русија.

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања