Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

РУСИЈА

media-librarymnieuqie5808d1PcXfV

(Видео) Рускиот генерал Сарваров разнесен во Москва: Експлозивот бил под неговиот автомобил, властите разгледуваат украинска трага

Во утринските часови во Москва загинал висок офицер на руските вооружени сили, откако експлозивна направа била детонирана под неговиот автомобил, соопштија надлежните институции.Како што информира Руски истражен комитет, во експлозијата животот го загубил генерал-потполковникот Фанил Сарваров. Според официјалните информации, уредот бил поставен под возилото на офицерот и активиран во момент кога тој се наоѓал во близина.Сарваров ја извршувал функцијата началник на одделот за оперативна обука во рамките на руските вооружени сили, наведуваат властите.Истрагата е во тек, а меѓу верзиите што ги разгледуваат надлежните органи е и можна вмешаност на украинските разузнавачки служби. Од украинска страна засега нема официјален коментар за настанот.

Свет | пред 2 месеци

media-library0j96olh9324mbhRLlbi

Кремљ: Путин е подготвен да разговара со Макрон

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за разговори со францускиот колега Емануел Макрон, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна новинска агенција РИА Новости, а кабинетот на францускиот претседател веднаш ја поздрави оваа изјава.Песков изјави дека Путин смета оти, доколку постои обострана политичка волја, разговорите меѓу нив двајцата можат да се гледаат само позитивно.Макрон го застапува европското вклучување во мировните преговориВо петок, по европскиот самит во Брисел, Макрон изјави дека повторен разговор со Путин би можел да биде корисен за Европа и Украина, за Европа директно да се вклучи во мировните преговори, наместо тие сами да ги водат Соединетите Американски Држави.„Во спротивно, ние преговараме само со преговарачи кои потоа разговараат со Русите, а тоа не е оптимално“, рече францускиот претседател.Минатата недела, во Берлин, Украинците, Американците и Европјаните разговараа за мировно решение за Украина, која Русија ја нападна пред скоро четири години.Разговорите во Мајами влегле во нов круг за време на викендот. Американските преговарачи планираат да ги пренесат резултатите од Берлин на руските претставници.Рускиот преговарач Кирил Дмитриев го оцени првиот круг на преговори како конструктивен.Елизејската палата ја поздравува Путиновата подготвеност за дијалогФранцуското претседателство ја поздрави објавата на рускиот претседател дека е „подготвен“ да разговара со Макрон, додавајќи дека „во наредните денови“ ќе се одлучи за најдобрите начини за реализација.„Добро е што Кремљ јавно ја одобри оваа иницијатива. Затоа, во наредните денови ќе одлучиме за најдобриот начин на кој тоа ќе го спроведеме“, соопшти Елизејската палата.Париз истакна дека сите разговори со Москва ќе се водат „целосно транспарентно“ во однос на украинскиот претседател Володимир Зеленски и другите Европјани, а нивната цел останува постигнување „цврст и траен мир“ за украинскиот народ.„Инвазијата на Украина и тврдоглавоста на претседателот Путин ги прекинаа сите можности за дијалог“ во последните три години, додава Елизејската палата.„Сега, кога изгледите за прекин на огнот и мировните преговори стануваат појасни, повторно е корисно да се разговара со Путин“, се додава во соопштението.Макрон и Путин последен пат разговарале телефонски на 1 јули, првпат по три години, но тогаш можеле само да ги констатираат разликите во ставовите.

Свет | пред 2 месеци

media-library3pv7o5cjomipf0IO0mA

Зошто Русите се заситени од новогодишни сувенири

Предмети што Русите најмалку ги посакуваат како новогодишен подарок се магнети, симболични дребулии, езотерични реквизити и т.н. „собирачи на прашина“, додека подарок-картичките и парфемите се подароци на кои би им се израдувале најмногу.„Русите имаат многу јасен список на работи што не сакаат да ги видат под новогодишната елка. Неспорен лидер на антирангирањето се новогодишните сувенири – дури 74 отсто од испитаниците изјавиле дека не сакаат магнети и симболични дребулии“, се наведува во истражувањето, спроведено врз основа на анкета со речиси 3.000 возрасни испитаници од цела Русија, пренесува агенцијата РИА Новости.Според резултатите, за мнозинството Руси новогодишните сувенири повеќе не претставуваат знак на внимание и наклонетост, туку непотребни предмети за кои треба да се најде место во домот.

Магазин | пред 2 месеци

putin

Руската економија под притисок, но не и доволен за Путин да преговара за крај на војната

Руската економија годинава се соочува со сè поголеми предизвици – од висока инфлација и растечки буџетски дефицит, поттикнат од огромните воени трошоци, до намалени приходи од нафта и гас. Сепак, аналитичарите оценуваат дека економските проблеми засега не се доволни за да го принудат рускиот претседател Владимир Путин да влезе во сериозни преговори за завршување на војната во Украина, анализира Си-Ен-Ен (CNN).Според експертите, Кремљ и понатаму е способен да се справува со западните санкции и да ја продолжи војната со сегашното темпо уште неколку години.„Ако ја гледаме само економијата, тоа нема да биде последната капка што ќе ја прелее чашата. Ситуацијата не е катастрофална – со неа може да се управува“, вели Марија Снеговскаја, виша аналитичарка за Русија и Евроазија во Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS).Според нејзините проценки, Русија би можела да продолжи со војната уште три до пет години, додека подолгорочните ефекти остануваат неизвесни.Сличен став имаат и групи руски економисти во егзил, кои сметаат дека способноста на Кремљ да води војна засега не е сериозно ограничена од економските санкции. Аналитичарот Ричард Коноли од Кралскиот институт за обединети служби (RUSI) оценува дека санкциите не нанеле доволно штета на енергетски ориентираната руска економија за да ги сменат воените калкулации на Москва.„Додека Русија произведува и продава нафта по разумна цена, ќе има доволно средства за да опстане. Тоа не е идеална ситуација, но економијата не е пресуден фактор во одлуките на Путин за војната“, вели Коноли.Првичниот економски поттик од наглото зголемување на воените трошоци, според аналитичарите, веќе е исцрпен. Кремљ сè повеќе го префрла товарот на војната врз граѓаните, преку зголемување на даноците на добивка, личните приходи и ДДВ, со цел финансирање на рекордниот воен буџет.Во исто време, руските потрошувачи се соочуваат со значителен раст на цените, особено кај увезените производи. Сепак, експертите укажуваат дека високата инфлација не предизвикува масовно незадоволство, делумно поради државната пропаганда и репресијата, но и поради фактот што руското општество со децении живее со инфлација.Меѓународниот монетарен фонд прогнозира дека просечната годишна инфлација во Русија оваа година ќе изнесува 7,6 отсто, што е намалување во однос на 9,5 отсто во 2024 година.Русија денес троши речиси 40 проценти од државниот буџет за воени цели, изјави неодамна генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Огромните воени инвестиции создадоа нова класа „победници“ – производители на оружје и работници во одбранбената индустрија, што, парадоксално, доведе до намалување на економската нееднаквост.Некои сиромашни и рурални региони доживеале економски раст, главно поради високите плати што ги добиваат војниците и нивните семејства. Ова е дел од стратегијата на Кремљ да регрутира доброволци и да избегне општа мобилизација.„Денешните руски војници се најплатените во историјата на Русија. Многумина заработуваат повеќе отколку што некогаш би можеле во цивилниот сектор“, вели Коноли.И покрај огромните човечки загуби – кои според проценките се приближуваат до еден милион жртви, од кои околу 250.000 загинати – Кремљ досега успеа да избегне масовни протести, за разлика од војните во Чеченија и Авганистан. Сепак, аналитичарите предупредуваат на потенцијален иден проблем: враќањето на голем број ветерани со здравствени проблеми и без работа.

Свет | пред 2 месеци

media-library4stmlcj6gtfhbpEUx7V

Рубио: САД ништо не наметнуваат, не можеме да ги присилиме ниту Киев ниту Москва на договор

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека во мировните преговори за Украина никому не му се наметнува договор и дека и Киев и Москва мора да сакаат да постигнат спогодба, при што предупреди дека во Газа нема да има мир сè додека Хамас не биде разоружан.„На крајот, на нив е да постигнат договор. Не можеме да ја присилиме Украина да постигне договор. Не можеме да ја присилиме Русија да постигне договор. Тие мора да го сакаат тоа“, инсистираше Рубио на прес-конференција во Вашингтон, додавајќи дека е постигнат напредок, но дека претстои уште многу работа. Тој истакна дека последните преостанати прашања секогаш се најтешките.Украинските мировни преговарачи во петок започнуваат нова рунда разговори со американскиот тим за предлозите за завршување на војната со Русија, изјави шефот на киевската делегација Рустем Умеров. Пратеникот на Белата куќа Стив Виткоф и зетот на претседателот Трамп, Џаред Кушнер, планираат да се сретнат и со руската делегација во Мајами овој викенд, изјави претставник на Белата куќа за Ројтерс.Рубио им изјави на новинарите дека би можел да се приклучи на дел од разговорите за Украина во сабота во Мајами.САД очекуваа реторичка поддршка од Русија за МадуроОдговарајќи на прашања, Рубио порача дека Соединетите Држави, кога станува збор за Венецуела, не се загрижени дека би можело да дојде до ескалација со Русија, додавајќи дека Вашингтон и очекувал Москва да му даде реторичка поддршка на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.Администрацијата на Трамп испрати илјадници војници во регионот, заедно со носач на авиони, воени бродови и борбени авиони.„Отсекогаш очекувавме да му дадат реторичка поддршка на режимот на Мадуро... тоа не е фактор во начинот на кој ја гледаме целата оваа ситуација“, рече Рубио.Руското Министерство за надворешни работи во четврток изрази надеж дека администрацијата на Трамп нема да направи кобна грешка во однос на Венецуела и изрази загриженост поради американските одлуки кои го загрозуваат меѓународниот поморски сообраќај.„Без разоружување на Хамас нема мир во Газа“Рубио исто така предупреди дека во Газа „нема да има мир“ без разоружување на Хамас.„Ако Хамас некогаш се најде во позиција да му се заканува или да го напаѓа Израел, нема да има мир. Никого нема да убедите да вложува пари во Газа ако мислат дека за две или три години ќе избие нова војна. Затоа разоружувањето е толку важно“, нагласи американскиот државен секретар.Покрај тоа, тој е уверен дека повеќе земји ќе сакаат да учествуваат во стабилизациските сили кои треба да го зацврстат кревкото примирје во Газа.„Навистина сум уверен дека земјите кои се прифатливи за сите страни се подготвени да се обврзат и да бидат дел од оваа стабилизациска сила“, изјави тој.Рубио се осврна и на разговорите меѓу претставниците на Израел и Либан одржани во петок и очекува дека тие ќе доведат до силна либанска влада и разоружување на Хезболах.„Се надеваме дека разговорите меѓу либанските власти и Израелците ќе создадат контури и пат напред што ќе спречи понатамошни судири“, изјави американскиот државен секретар.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: ЕУ „пљачка сред бел ден“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема да направи компромис околу условите за завршување на војната во Украина и ја обвини Европската унија за обид за „пљачка сред бел ден“ на замрзнатиот руски имот. Тој порача дека следниот чекор кон мирот е на Украина и на Европа, додека ги пофали напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот.Путин повтори дека Русија е подготвена за преговори и мир, но само под условите што ги изнесе претходно – Украина да се откаже од членство во НАТО и да се повлече од четирите региони кои Москва ги смета за свои. Истовремено, тој предупреди дека секоја закана за блокада на Калининград би можела да доведе до конфликт од големи размери.Изјавите беа дадени на маратонската годишна конференција за медиуми, на која Путин истакна дека Русија не планира напад врз Европа и дека е отворена за соработка со Западот, но под еднакви услови.

Свет | пред 2 месеци

putin-vojna

Русија формира нова воена гранка, Путин зборува за масовни пријави

Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека интересот за приклучување кон руската армија е толку голем, што Министерството за одбрана било принудено да воведе селекција на кандидатите.Во телевизиско обраќање, Путин изјави дека повеќе од 400.000 лица лани доброволно стапиле во воена служба, нагласувајќи дека пријавите „буквално го преплавиле“ одбранбениот систем.Според него, особено голем е интересот за служба во новоформираната гранка на руската армија задолжена за бесpilotни системи, односно за војување со дронови. Поради тоа, како што тврди Путин, Министерството за одбрана спроведува конкурсен и селективен процес за избор на кадар.Рускиот претседател истакна дека меѓу пријавените има значителен број млади луѓе и студенти, од кои дел земале академски одмор за да се приклучат како оператори на дронови.Русија во јуни годинава официјално формираше нова самостојна воена гранка под назив Сили за бесpilotни системи, специјализирана за употреба на дронови и автономни технологии во војната во Украина.Тврдењата на Кремљ за масовна доброволна мобилизација доаѓаат во период кога руските воени активности продолжуваат по целата линија на фронтот, додека независни извори и западни аналитичари редовно ги оспоруваат официјалните податоци од Москва.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин повторно условува мир: Повлекување на Украина и без НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да ја заврши војната во Украина „по мирен пат“, одговарајќи на прашање дали е можно наскоро да се постигне мир или конфликтот ќе продолжи.Путин нагласи дека евентуален мировен договор мора да биде „заснован на принципи“, повикувајќи се на своето обраќање пред врвот на руското Министерство за надворешни работи во јуни 2024 година. Во тој говор, тој побара Украина целосно да ги повлече своите сили од територијата на Доњецката и Луганската област, како и да се откаже од намерите за членство во НАТО.Иако зборуваше за можноста за мирно решение, Путин истовремено изјави дека руските сили „напредуваат долж целата линија на фронтот“. Тој наведе неколку градови и населени места за кои тврди дека се блиску до тоа да бидат преземени од руската војска, меѓу кои и Красни Лиман, во источниот дел на Доњецката област.Сепак, ваквите тврдења од Москва во изминатите месеци често беа оспорувани. Русија во ноември соопшти дека го зазела Купјанск во Харкивската област, но украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела го посети тоа подрачје и изјави дека украинските сили повторно презеле делови од градот.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: Одиме на преговори со Американците, но не го даваме Донбас

Нови преговори меѓу Украина и Соединетите Американски Држави, насочени кон изнаоѓање решение за ставање крај на војната, ќе се одржат утре и задутре во САД, најави украинскиот претседател Володимир Зеленски.„Во петок и сабота нашиот тим ќе биде во САД. Веќе се на пат, а Американците ги очекуваат таму. Не знам дали ќе има и други учесници, можно е да присуствуваат и Европејци“, изјави Зеленски пред новинарите, без да прецизира кој ќе ја сочинува украинската делегација.Овие разговори ќе се одржат во пресрет на најавената средба меѓу руски и американски претставници, која, според функционер од Белата куќа, треба да се одржи за време на викендот на Флорида. Од Белата куќа засега нема официјални информации за составот на руската и американската делегација.Според порталот „Политико“, САД на тие разговори ќе ги претставуваат специјалниот пратеник за Украина Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Од руска страна, пак, се очекува учество на пратеникот на Кремљ за економски прашања Кирил Дмитриев.Зеленски повтори дека позицијата на Москва е јасна и непроменета.„Сите го знаеме ставот на Русија – тие сакаат да го заземат целиот Донбас, а во моментов бараат ние да се повлечеме од тој регион“, изјави украинскиот претседател.Индустрискиот регион Донбас ги опфаќа Луганската област, која е речиси целосно под контрола на Русија, и Доњецката област, од која околу 20 проценти сè уште се под контрола на украинската армија.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryrdqiq5hhgnfi6bz1jEq

Русија оваа година потрошила 5,1% од БДП за војната во Украина

Русија ќе потроши 5,1 процент од БДП за војната во Украина во 2025 година, изјави денес рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов, што претставува прва ваква официјална проценка за оваа година.Врз основа на проценетиот БДП за 2025 година од 217 билиони рубљи (2,7 билиони американски долари), воената потрошувачка ќе изнесува 11 билиони рубљи.Белоусов изјави дека Министерството за одбрана во 2025 година вкупно ќе потроши 7,3 проценти од БДП, вклучително и невоените трошоци.Високи издвојувања за одбрана и безбедностРускиот буџет за оваа година за одбрана издвоил 6,2 проценти од БДП, како и дополнителни 1,8 проценти за национална безбедност. Вкупно, за одбрана и безбедност се наменети 17 билиони рубљи.Белоусов изјави дека Министерството во 2025 година се соочило со големи буџетски ограничувања и дека морало да ги намалува трошоците.„Водењето борбени операции доведе до зголемување на воената потрошувачка. Сето тоа бараше строга оптимизација и утврдување приоритети во буџетот за одбрана“, рече Белоусов на годишниот состанок на Министерството, на кој присуствуваше и претседателот Владимир Путин.Фискални предизвици поради долготрајната војнаРусија двапати го зголеми целниот буџетски дефицит за 2025 година и од 2026 ќе мора да зголеми некои даноци, што укажува дека по четири години војна земјата се соочува со сериозни фискални проблеми.Во 2026 година владата ќе издвојува 5,5 проценти од БДП за одбрана и 1,7 проценти за национална безбедност. Вкупно за одбрана и безбедност ќе бидат наменети 16,8 билиони рубљи, односно 38 проценти од вкупната буџетска потрошувачка.

Свет | пред 2 месеци

Screenshot-2022-02-27-120002

Путин: Руската армија во 2025 година зазела над 300 населени места во Украина

Руската армија во текот на 2025 година зазела повеќе од 300 населени места, меѓу кои и поголеми градови што Украина ги претворила во силно утврдени упоришта, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.Говорејќи на проширената седница на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија, Путин истакна дека руските сили, според тврдењата на Москва, ја освоиле и цврсто ја држат стратешката иницијатива долж целата линија на фронтот.„Руската армија има можност дополнително да го зголеми темпото на офанзивните дејствија на стратешките правци во зоната на специјалната воена операција“, нагласи Путин, пренесува агенцијата Спутник.Изјавата доаѓа во услови на продолжени жестоки борби и спротивставени тврдења од Москва и Киев околу реалната состојба на теренот и текот на воените операции.

Свет | пред 2 месеци

tramp-putin

Нов притисок врз Москва: Санкции за нафтата ако нема мир со Украина

Соединетите Американски Држави подготвуваат нов пакет санкции насочени кон рускиот енергетски сектор, со цел да го зголемат притисокот врз Москва доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие мировен договор со Украина, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со плановите.Според овие информации, Вашингтон разгледува повеќе опции, меѓу кои и санкционирање на бродовите од таканаречената руска „флота од сенка“ – нелегални танкери што се користат за транспорт на руска нафта, како и трговците вклучени во тие трансакции. Дел од мерките би можеле да бидат објавени уште оваа недела.Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, веќе разговарал за овие планови со група европски амбасадори, во рамки на координација со сојузниците. Целта на санкциите е дополнително да се ограничат приходите на Русија од извоз на енергенси, кои се клучни за финансирање на војната во Украина.Овие најави доаѓаат во момент кога американско-европскиот мировен план предвидува зајакнување на украинската армија, распоредување европски сили во земјата и зголемена разузнавачка поддршка од САД. Планот треба да послужи како основа за прекин на огнот, но и да ја убеди Украина на територијални отстапки и откажување од формално членство во НАТО.Иако во Берлин е постигнат одреден напредок во разговорите меѓу САД, Европа и Украина, Русија останува клучната пречка. Москва бара дополнителни отстапки и одбива присуство на сили поврзани со НАТО во Украина, додека западните земји најавуваат дека ќе го зголемат притисокот доколку не дојде до договор.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryoa5erbmlc0f318TAU6m

Американско-европски мировен план: Гаранции за Украина, но Русија останува клучна пречка

Американско-европскиот мировен план има за цел да ги одврати идните руски напади врз Украина преку јакнење на украинската армија, распоредување европски сили во земјата и засилено користење американски разузнавачки податоци, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Планот треба да биде основа за поширок договор за прекин на огнот, но и да ја убеди Украина на територијални отстапки и откажување од формално членство во НАТО.Во изминатите денови, американски и европски дипломати во Берлин одржаа состаноци со украинското раководство и во најголем дел усогласија два документа што ги дефинираат безбедносните гаранции. Во разговорите учествуваа високи претставници од повеќе европски земји, а Европската комисија оцени дека е постигнат реален и конкретен напредок благодарение на усогласеноста меѓу Украина, Европа и САД.Сепак, сеопфатен прекин на огнот засега изгледа тешко остварлив, бидејќи Русија не е вклучена во преговорите и не покажува подготвеност за компромис. Москва инсистира Украина да се откаже од делови од Донбас и категорично се спротивставува на присуство странски сили поврзани со НАТО на украинска територија.Според планот, украинската армија би се стабилизирала на околу 800.000 војници, со модернизирана обука и опрема. Европските сили би биле распоредени во западниот дел од Украина, далеку од линиите на потенцијален прекин на огнот, додека САД не планираат испраќање свои трупи, туку би обезбедувале разузнавачка и техничка поддршка за надзор на договорот и следење на евентуални руски активности.Документите се очекува да бидат финализирани во наредните денови, по што ќе бидат доставени до Русија, а потоа се најавуваат нови рунди разговори со украинската страна.

Свет | пред 2 месеци

media-librarycc0gi9u8j4ue5U9p2ON

Зеленски очекува санкции и повеќе оружје ако Москва ги одбие мировните услови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува Соединетите Американски Држави, предводени од претседателот Доналд Трамп, да извршат силен притисок врз Русија доколку Москва одбие да ги прифати мировните услови договорени меѓу Украина, САД и Европа. Изјавата ја даде за време на летот од Берлин кон Украина, по вчерашните разговори, пренесува „Украинска правда“.Одговарајќи на новинарско прашање што би се случило ако Кремљ ги отфрли договорите кои се финализираат со Вашингтон и европските партнери, Зеленски со доза хумор ја спореди ситуацијата со турбуленциите во авионот. Тој рече дека, ако Путин одбие сè, ќе се соочиме со „турбуленции“, додавајќи дека токму во тој момент авионот навистина минувал низ такви услови, но дека тоа е ништо во споредба со војната и со последиците од евентуално уништување на сите дипломатски можности од страна на Русија.Зеленски оцени дека во таков случај би било логично САД да го засилат притисокот врз Москва преку санкции и зголемена воена помош за Украина. Според него, доколку Америка е подготвена да даде безбедносни гаранции и да реагира доколку тие бидат прекршени, тогаш нема суштинска разлика меѓу ситуација во која Путин ги прекршува договорите и ситуација во која одбива да ја запре војната. Тој нагласи дека би било фер барање Украина и дел од европските лидери да добијат барем дел од тие гаранции, особено во форма на засилена противвоздушна одбрана и оружје со долг дострел, за да можат ефикасно да се бранат.Украинскиот претседател информираше и дека по разговорите ќе бидат формализирани пет документи поврзани со безбедносните гаранции и обновата на земјата, истакнувајќи дека е постигнат сериозен напредок на ова поле. Тој повтори дека Украина нема да прифати ниту де јуре ниту де факто признавање на окупираниот Донбас како руска територија. Во меѓувреме, американски медиуми, повикувајќи се на свои извори, наведуваат дека Вашингтон смета оти околу 90 проценти од несогласувањата меѓу Украина и Русија веќе се надминати.

Свет | пред 2 месеци

rusija-pozar

Украински дронови погодиле станбена зграда во Русија, има жртви

Две лица го загубија животот во текот на ноќта во напад со украински дронови врз рускиот град Саратов, соопшти регионалниот гувернер Роман Бусаргин.Во објава на Телеграм, Бусаргин информираше дека во нападот била погодена станбена зграда, при што, покрај двете жртви, има и неутврден број повредени лица.Саратов се наоѓа на реката Волга, на околу 625 километри од украинската граница, и во изминатите години повеќепати беше цел на напади со дронови. Нападите најчесто беа насочени кон локалната нафтена рафинерија и големата воена воздухопловна база во близина на градот.Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени вкупно 41 дрон, од кои 28 над територијата на Саратовската област.Информациите за нападот и за евентуалната материјална штета сè уште се дополнуваат, додека надлежните служби работат на утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања